„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

toni-mihajlovski

Михајловски на ФБ: За какво помирување би требало уште да се разговара?

Сите што требаа, сакаа, се помирија. Разликите исчезнаа. Нема разлика. Секоја “риба” си отиде во своето “јато”. Да си ја плати киријата, концесијата. Да си го обезбеди сопствениот мир. Многу себично. И дрско, напиша на својот ФБ профил Тони Михајловски.Во продожение пост на Михајловски во целост:„Дрско и безобразно затоа што, токму, креаторите и инспираторите на омразата кон Зоран Заев, првиот ешалон од едно не толку далечно време кои смислуваа и аминуваа “кампањи” во кои ќе се прикаже дека Зоран Заев е предавник, криминалец, аболиран, сега велат дека треба да го послушаме и поддржиме самоубиствениот план на Ел Дуче.Уште поголема перверзија е што Зоран Заев во изминативе 4 години борба за превласт, токму овие ликови ги прозиваше како есенција на злото и криминалот во ВМРО-ДПМНЕ, па велеше дека ќе ги апси, ќе ги вратат парите, ќе си лежеле и дека живи ќе ги изеде.И сега, тие и Тој, се заедно. Тоа кажува само едно. И тие и тој биле и во право. Има криминал, и тој е можеби нивниот најмал заеднички содржател.За вистински да се помириме, сите, треба да има правда, а не одмазда. И да се спроведе таа правда. И да важи за сите. Оти, ако нема правда, точно така, нема мир“. Заврши Михајловски.

Скопје | пред 7 години

dimitrov

Грција барала Македонија да биде преименувана во „Централно Балканска Република“, Димитров со детали

Министерот за надворешни работи, на денешната собраниска седница, истакна дека Грците ни понудиле да се викаме „Централно Балканска Република“ со тоа што ако ја прифатиме оваа промена името Македонија би можело да остане за внатрешна употреба, пренесе Фактор.Димитров на денешната собраниска расправа за утврдување на нацрт амандманите, реплицирајќи им на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ објави дека актуелната власт не би морала да „се расправа“ денес со уставни измени доколку прифатела назив „Централно Балканска Република“ за надворешна употреба.-Можевме да не навлегуваме во домашна употреба, да има помал опфат, ако имаше име „Централно Балканаска Република“. Но тоа не е добро, името постои и за другите како нас ќе ни се обраќаат. Од една страна имаме продолжување на предизвиците на тоа кои сме. Не случајно немаме ниту еден документ со ЕУ потпишан на македонски јазик или документ каде се спомнува јазикот. Од другата страна имаме отворање на врата, членство во НАТО, почеток на преговори со ЕУ и не само тоа. Предизвикот дали сме македонски народ не постои врз основа на овој договор. Ова е крај на истата илинденска борба која ја споменувате, да си ја зацврстиме државата. – рече Димитров. 

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Кратка средба Путин – Трамп

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп вчера имале кратка средба на маргините на Самитот на Г-20 во Аргентина, изјави денеска советник во Кремљ, Јуриј Ушаков.Ушаков потенцираше дека тој се сретнал со советникот на Трамп за национална безбедност Џон Болтон.– Русија и САД се подготвени да ги продолжат контактите, наведе Ушаков.Но, тој посочи дека „не е сигурен кога би можело да биде одржан нов состанок меѓу Путин и Трамп“.Извесен период пред одржување на самитот на Г-20 во Аргентина двајцата лидери најавија дека ќе одржат состанок на маргините на самитот. Но по инцидентот во теснецот Керч, кога Русија заплени три украински брода и неколку морнари, Трамп ја откажа средбата.Во исто време, официјален претставник на Белата куќа, кој побарал да остане анонимен, го негира извештајот дека Трамп планирал краток состанок со Путин по откажувањето на плановите за подолга билатерална средба.

Свет | пред 7 години

vlada-slika

Неофицијално: Хазби Лика и Кресник Бектеши ја напуштаат Владата

Според се уште не потврдени инфопмации Министерот за економија Кресник Бектеши и вицепремиерот за спроведување на Охридскиот рамковен договор Хазби Лика ќе бидат заменети на своите функции, откако било договорено кои ќе бидат нивни заменици , објави Канал 5. Бектеши ќе биде заменет од Ардит Салиу, додека на местото на Лика ќе дојде Азил Реџепи. Од овие двајца министри премиерот Заев бил најнезадоволен, но чекал од коалициониот партнер ДУИ први да повлечат потег и да најадат нивни заменици.Очекуваме набрзо и потврда за оваа инфомрација.Извор: Канал 5

Скопје | пред 7 години

protest

„Македонија блокира“ од денеска со шатори пред Собранието

Демонстрации за целосно запирање на процесот на уставни измени. „Македонија блокира“со знамиња демонстрира пред Собранието на Република Македонија. Протестот се одржува во исто времено со одржувањето на пленарната седница за уставните измени. Страшо Ончев од здружението „Македониум” рече дека агендата која ја работат во Собранието не е македонска и дека имаат неколку барања кои денеска ќе ги порачаат од протестот.Организаторите информираа дека утринава додека се подготвувале за протестот им била исклучена струјата при што биле принудени да купат агрегат. Пред Собранието на булеварот има поставено двојни барикади, а видно е и бројно полициско обезбедување околу Парламентот. Демонстрантите поставија шатори на улицата пред Собранието и велат дека тука ќе ја чекаат Нова Година.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Два партиски огранока , борба за името ВМРО ДПМНЕ

Дебатата за прашањето за името на денешната собраниска седница се претвори во дебата за името на парламентарната група на исклучените пратеници од ВМРО-ДПМНЕ. Од опозицијата побара од спикерот на парламентот, Талат Џафери, групата да не го употребува името на нивната поранешна партија и коалиција. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски се обрати до претседателот на Собранието, Талат Џафери и информираше дека до Собранието бил исптаренен допис, потпишан од генералниот секретар на партијата Игор Јанушев, во кој се бара од Џафери да ги преземе сите потребни мерки и активности за истите да не го користат името и симболот на ВМРО-ДПМНЕ.„Ве замолуваме господине Џафери колегите да ги ословувате како Независна пратеничка група, затоа што власта не може да си нарача опозиција и да дебатира со нив. Би ве замолил да се држите до тоа колегите да се ословуваат како независни пратеници без некоја задна намера.“ рече Мицевски.Џафери на барањето на пратениците од најголемата опозициска партија одговори дека расправата за името на ВМРО ДПМНЕ пратениците можат да ја продолжат пред надлежните судови.„Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ не е пратеник, а неговото писмо нема дејство врз мене. Пратеници според Деловникот имаат право да формираат пратенички групи. А за името не е надлежно Собранието, ќе одите на суд и ќе го решавате проблемот“,рече Џафери.

Скопје | пред 7 години

vulkan-nogac

Ногачески ја посети фабриката Вулкан во Хановер

Градоначалникот Ногачески имаше можност да оствари неколкучасовна посета на фирмата Hess Gmbh-Vulkan, која се наоѓа во селото Schwenningen, 23 км од Хановер и да се сретнесо Извршниот директор, Г-динот Ралф Лидке, Ralf Liedke.Вулкан е фирма со стогодишна традиција ( основана во 1898 година ) и е еден од најстарите брендови во индустријата за осветлување .Вулкан нуди на градови, општини и снабдувачи со енергија технички софистицирани производи кои обезбедуваат осветлување на патиштата,улици, опасните точки, пешачките зони и јавните објекти во согласност со стандардите.Вулканските светилки се дизајнирани за висока техничка функционалност и максимална енергетска ефикасност, со употреба на високософистицирана LED технологија и високо ниво на експертиза во областа на техничката имплементација.Компанијата е дел од компаниите NORDEON GROUP, со седиште во Ајндховен, Холандија, кои нудат производи за осветлување со ултра ефикасна LED технологија и произведени по највисоки стандарди за квалитет – “Made in Europe”.Она што посебно за нас е значајно е тоа што од месец Февруари 2019 година фирмата дел од производниот процес ќе го пренесе и ќе започне да работи во производни погони во Охрид и Струга, со тенденција во блиска иднина целото производство да го пренесе во Македонија, а зошто да не и во Дебрца.Извршниот директор, Г-динот Ралф Лидке го запознав со можностите за инвестирање во Дебрца (урбанизираните локации за отворање на производен погон, ослободувањето од комунални и други давачки и др.) и поканив да ја посети нашата општина, а кое со задоволство го прифати.

Македонија | пред 7 години

grigor-prlicev

Македонија и Бугарија заедно ќе ги слават Григор Прличев и Св.Кирил и Методиј

Заедничката мултидисциплинарна комисија составена од експерти од Македонија и Бугарија предводена од професорите Ангел Димитров и Драги Георгиев постигнале согласност за заедничко чествување на Григор Прличев и светите браќа Кирил и Методиј. Ова било договорено на дводневните разговори во Софија меѓу македонската и бугарската експертска комисија.Предлозите ќе им ги достават до Владите за разгледување и усвојување. Според договореното делегации од двете земји секоја година на 24 мај во Рим на денот на Кирил и Методиј заеднички ќе положуваат венец, а за Григор Прличев ќе се слават само позначајните јубилеи, како наградата во Атина за поемата Сердарот, датум на раѓање и слично, но не секоја година.Експертите од двете држави договориле да се направи цела реконструкција на ликот и делото на Цар Самуил, а на наредната средба ќе дебатираат и за изготвените забелешки во однос на учебниците по историја во основното образование.

Македонија | пред 7 години

zerar

Жерар Депардје обвинет за силување и злоставување на колешка

69 годишниот францускиот актер Жерар Депардје е сослушан во полициска станица во рамки на истрга која се води по обвинувања на актерка дека била силувана и сексуално вознемирувана од него, соопштиле полициски извори.Депардје е осомничен дека на 19 август годинава, силувал млада актерка во нејзиниот дом во Париз.Актерот бил сослушан во полиција, но не му бил одреден притвор.„Жерар Депардје апсолутно негира било каков напад или силување, изјавил за Франс прес неговиот адвокат Ерве Темим и додал дека е уверен оти ќе се потврди невиноста на неговиот клиент“.Обвинувањето против Депардје е едно во низа такви обвинувања кои ја погодиле филмската индустрија ширум светот посебно после сексуалниот скандал со американскито продуцент Харви Вајнштајн.

Магазин | пред 7 години

zemjotres

Силен земјотрес во близина на индонезиските острови Танимбар

Земјотрес со интензитет од 6,5 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во близина на брегот на индонезиските острови Танимбар, соопшти Американскиот геофизички институт. Епицентарот на земјотресот бил на 279 километри западно од градот Саумлаки, на островите Танимбар.Засега нема информации за евентуални човечки жртви и причинета материјална штета.

Свет | пред 7 години

kiracovski

Мери Николова до Кирацовски: Новинарите кои ги поткупуваш нека кажат дали партијата ти плаќа кирија во Скопје

Мери Николова, член на СДСМ и учесник во Шарената Револуција, преку Фејсбук му се обрати на Александар Кирацовски да престане со поткупување на новинари, и истите тие да кажат дали партијата му плаќа кирија во Скопје.„Кирац доста поткупуваше новинари на портали, доста вработуваше нивни ближни за да те штитат и убаво да пишуват за тебе, доста им плаќаше да уживат за викенди во Охрид. Ајде сега тие истите нека кажат дали партијата ти плаќа кирија во Скопје? И доколку ти плаќа, тогаш треба да ги вратиш патните трошоци во собрание до денар. И ако се утврди дека е така, треба и кривично да бидеш гонет за измама! Иако ме имаш блокирано на фејс сепак има кодоши и улижувачи кои ќе ти ги пренесат овие критики“, напиша Николова на Фејсбук.https://www.facebook.com/100002393121475/posts/1970819573007794/

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Во Албанија стапува во сила забраната за увоз на автомобили постари од десет години

Во Албанија од вечерва на полноќ стапува во сила забраната за увоз на автомобили постари од десет години, всушност ќе биде дозволен увоз на возила кои исполнуваат стандард „Евро четири“.За камиони и автобуси, дозволената старост на производство ќе изнесува 15 години. Постои простор за возила од историски интерес и колекционерство, за кои е дозволен увоз, доколку се произведени пред 1970 година.Денис Шабани, Директор на Царинската испостава во пристанишниот град Драч, од каде во најголем број влегуваат увезените возила, изјави дека по донесувањето на владината одлука многу е зголемен увозот на стари возила.– Забележан е голем увоз на возила, пред се автомобили, бидејќи фирмите кои се занимаваат со трговија на користени автомобили беа заинтересирани да увезат што поголем број автомобли,за да може да ги продаваат по стапувањето во сила на одлуката, истакна Шабани.Тоа пак, според него, е поради фактот дека возилата кои во Албанија влегле пред втори декември 2018 година и кои се царинети, може да се регистрираат до први март следната година.Веќе регистрираните возила и понатаму ќе сообрајќаат по патиштата низ Албанија, а ќе може и да се продаваат.Просечната старост на возилата во земјата е 20 години и Владата преку оваа одлука сака да придонесе за намалување на загадувањето на воздухот.Во Албанија, има над 600.000 возила при што 80 отсто од нив произведени се пред 2007 година. Во просек годишно се увезуваат од 30.000 до 40.000 возила.МИА

Свет | пред 7 години

plta-333

Платите во Македонија растат, цената на трудот сѐ уште ниска

Нерамномерната распределба на трудот и капиталот во Македонија е клучниот проблем за лошата социјална слика на работниците. Дури 70% од работниците добиваат плата која не е ни близу просечната, објави DW.com.Платите во Македонија се зголемуваат, но цената на трудот квалитативно не се менува. Просечната плата надмина 24 илјади денари, податок кој сам по себе охрабрува. Но од друга страна, она што депримира е фактот дека сѐ уште многу малку од работниците имаат „привилегија“ истата да ја добиваат. И тоа главно оние кои работат во државната администрација и делумно во приватниот сектор. Но не и во стопанството, каде платите и натаму се далеку од статистичкиот просек. Или во превод, дури 70% од работниците во Македонија на крајот од месецот на трансакциската сметка добиваат сума која не е ниту приближна со онаа што значи просек на ниво на држава. Ваквите податоци, според синдикатот, се загрижувачки:„Платите можеби некаде растат, но генерално тие се ниски, дури и најниски во регионот, со исклучок на Косово за кое и не знам дали постои официјален релевантен податок. Ваквите состојби се должат пред сѐ на фактот што најголем дел од работодавачите не се спремни адекватно да го вреднуваат трудот на работникот. Односно, во прв план им е профитот. За овој период од две и пол децении транзиција платите се зголемени за 100%, но капиталот во Република Македонија е зголемен за трипати повеќе. Можеби е и повеќе, но помалку од ова сигурно не е. Тоа се должи на фактот дека нема рамномерна распределба на трудот и капиталот, секој да си го земе својот дел за да има нормален живот во Македонија“, реагира Пеце Ристескин претседател на Синдикатот за енергетика, индустрија и рударство.Потврда за ова, според Ристески, се и ефектите што ги предизвика владиниот концепт за зголемување на минимална плата, кој од една страна даде резултати, но донесе и проблеми:„Минималната плата порасна на 12.000 денари, но сега имаме контраефект. Минималецот се зголеми, но другите плати останаа на исто ниво и работодавачите не покажаа храброст да ги зголемат. Па така дојде до еден вид 'урамниловка' кај две до три категории за сложеност на работни места, па така сега имаме компресија. Во еден мал простор се сместени оние што земаат плата со високо образование и оние кои имаат ниско образование. Имаме состојби каде високо образовано лице почетник, зема 14.000 денари бидејќи нема стаж и сѐ уште нема смени и слични основи за додатоци. Од друга страна, категорија на работници кои се без образование и се соодветно распределени, а кои освен стартниот минималец, поради стажот или ноќниот труд, заработуваат идентична сума. А замислете каде се другите, кога меѓу високата и најниската плата фактички немате разлика. И тоа демотивира“, предупредува Ристески.Делење плати од „ѓутуре“Работодавачите се свесни за проблемите, но велат дека генерално тие се одраз на реалните состојби во државата. Проблемите се системски, но делумно и кај нив самите:„На приватниот сектор секогаш му пречат неданочните и парафискалните трошоци кои индиректно влијаат и на платите. Дополнително и чувството на несигурност, што влијае врз бизнисот, но и слабата доминација на бизнисмените, без оглед што се удираат во гради стопанските комори, кои за жал ниту се моќни ниту се влијателни. Да беа влијателни ќе направеа промени во размислувањето на оние што ги креираат политиките, сеедно дали трудови, даночни, фискални, економски... Де факто и самите работодавачи многу малку полагаат внимание на намалување на трошоците на работење, од типот штедење на енергија, штедење на ресурси, перформанси. Еден куп процеси се случуваат во процесот на производството и услугите каде што се повторуваат трошоци наместо тоа да се оптимизира. И во тој случај каде се крати, се знае - најмногу на платите“, предупредува Миле Бошков, претседател на Конфедерацијата на работодавачи.Дополнителен проблем, според него, е што голем дел од малите и средни компании недоволно или воопшто не инвестираат во своите вработени:„Многу малку од малите и средни компании имаат доволен капацитет да дознаат што значи вложување во луѓето. Дури немаат ни еден систем на мерење на исполнителност на вработените, па така делат плати што се вели од 'ѓутуре' која сметаат дека е во рамки на нормала и на ниво во целата земја“, укажува Бошков.Она што дополнително загрижува се политиките кон јавниот сектор, но и социјалните мерки кои дополнително го оптоваруваат буџетот:„Состојбата е сериозна, но од друга страна се зголемуваат платите во јавна администрација, ама не знам на чив трошок. Дојде и до социјална пензија на ниво на минимална плата со која само се мотивираат тие што не сакаат да работат и натаму да не сакаат да работат и да примаат социјална помош. Таа социјална пензија не е на товар на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, туку на буџетот. А него го полнат граѓаните и деловниот сектор. Затоа мора да се креираат мерки со кои приватниот сектор ќе стане поконкурентен од јавната администрација која генерално има повисоки плати и го качува просекот. Тоа треба да запре со можности за создавање бизниси и услови за да се водат тие бизниси“, смета Бошков.Странските инвеститори не се подобриСиндикатите апелираат на сериозен дијалог со бизнис заедницата и владата. Инсистираат на сериозни мерки кои ќе поттикнат развој на претприемништвото, но и намалување на сериозниот проблем со одливот на млади и квалификувани кадри:„Државата мора да го цени фактот дека заради ваквите состојби со платите 30% од младите кои се висококвалификувани се заминати надвор. И не е точно дека тие заминуваат бидејќи немаат работа. Заминуваат и оние кои се вработени и кои за македонски услови земаат солидни плати, но бегаат бидејќи надвор се уште поплатени. Затоа мораме да седнеме и освен ова со минималната плата да најдеме решенија за услови платите да се зголемуваат. Во спротивно, вака нема да оди. Младите и натаму ќе бегаат и тогаш не знам за кого ќе градиме капацитети и странски инвестиции кои, чест на исклучоци, не се однесуваат ништо подобро кога е во прашање платата“, реагира Ристески.Повеќе: Работниците во Македонија се оставени на милост и немилостМерки сега, ефекти допрваРастот на платите и намалување на социјалните разлики се една од клучните владини политики. Пред да дојде на власт, СДСМ најави дека до крајот на мандатот просечната плата ќе изнесува 30 илјади денари. Клучните фактори кои треба да поттикнат зголемување на платите генерално во стопанството се базираат на Планот за економски раст, кој предвидува низа поволности и директна финансиска поддршка за сите оние компании кои ќе инвестираат и ќе обезбедат вработување и плати поголеми од просечната во државата. Од Владата велат дека интерес има, а ефектите допрва ќе се почувствуваат.Дополнително, во соработка со експерти од Германија ќе се создаваат и услови за подобрување на перформансите на образовниот систем, кој во соработка со стопанствениците, домашни и странски, ќе работат на создавање висококвалификуван кадар согласно потребите на индустријата. Паралелно се подготвува и сериозна реформа во јавната администрација. Со низа мерки ќе се стимулира нејзина поголема ефикасност, а со буџетски средства дел од вработените ќе се преквалификуваат за да станат конкуретни за потребите на приватниот сектор.Извор: DW.COM

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Пронајдено куче „ротвајлер“ повредено во пределот на градите со прострелна рана од пиштол

Вчера во СВР Скопје Д.А. пријавил дека претходното утро во дворот на куќата, на улица Скупи, неговото куче од расата „ротвајлер“ било повредено во пределот на градите од куршуми од пиштол, по што било однесено во ветеринарна ординација во населба Аеродром.Кучето е однесено во ветеринарна ординација во населба Аеродром. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

пред 7 години

Нема фотографија

„Жолтите елеци“ - по Париз и во Брисел, по Фрнција и во Белгија

Десетици демонстранти загрижени поради високите даноци и трошоците за живот, предизвикаа хаос во сообраќајот во главниот град на Белгија, каде што исто така се зајакнува т.н. движење „Жолти елеци“.Движењето „Жолти елеци“ во изминативе две недели стана доста актуелно во медиумите откако властите на Франција решија да ги зголемат цените на бензините.Демонстрантите, облечени во жолти елеци, токму како што се нарекува и движењето, ги блокираа градските улици, но на некои возила повремено им дозволуваа да поминат.Како што јавија белгиските медиуми, до инцидентот дошло кога дел од учесниците на протестот почнале да фрлаат со камења и петарди кон полицајците, што го обебзедуваале собирот. На агресивното однесување на дел од демонстрантите, полицијата одговорила со водени топови и солзавец.Претсавник на брислеската полицијата соопшти дека белгискиот премиер Шарл Мишел најавил дека е подготвен да разговара со претставници на демонстрантите, но подоцна Владата го негираше тоа.Покрај во Брисел, протест на „жолтите елеци“ се одржа и во близина на Шарлоа, кој се наоѓа 60 километри јужно од белгискиот главен град.

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања