Се „крои“ списокот со нови министри, утре треба да биде доставен до Собранието
До крајот на неделава премиерот Заев ќе го состави својот нов кабинет. Владиниот портпарол најави дека пратениците ќе бидат првите кои ќе ги видат имињата во новиот владин состав. Во меѓувреме се уште течат консултациите на Заев со лидерите на помалите политички партии во коалицијата. Премиерот денеска остварил средба со лидерот на ДПА, Мендух Тачи. Заев денеска имал средба и со првиот човек на Алтернатива, Африм Гаши, а се стретнал и со останатите лидери.Премиерот Заев треба да ги пополни и двете празни министерски фотелји: во култура, по оставката на Асаф Адеми и во земјоделство, откако Љупчо Николовски најави дека професионално ќе се занимава со партиски прашања.Неофицијално министерството за култура повторно ќе го води кадар на Алтернатива. Но, не е познато дали министерот на Тачи, Бардуљ Даути ќе го задржи министерското место без ресор задолжен за странски инвестиции. Исто така се зборува дека Горан Милевски, лидерот на ДПА, ќе биде нов министер за локална самоуправа. А неговиот сопартиецот, Зоран Шапуриќ ќе се повлече од позицијата министер без ресор, а на негово место неофицијално ќе седне кадар на НДП, партијата на Весел Мемеди. Насер Нуредини треба да го преземе Министерството за животна средина, и покрај тоа што по професија е банкар од ДУИ очекуваат добро да се снајде и во екологијата.Најмногу осум министри ќе заминат од Владата или ќе сменат ресор. Четирите дами нема да бидат реконструирани.Реконструкцијата ќе биде на дневен ред во Собранието во понеделник или во вторник. За нејзино изгласување, доволни се 61 глас.Се очекува веќе утре Заев да го состави списокот и да го достави до Собранието. Седницата пак на која што пратениците ќе одлучуваат за новата влада најверојатно ќе се одржи во вторник.
Македонија | пред 6 години