„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

zaev-ohrid

Заев го демантира Милошовски: Прв пат слушам за тоа дека седум земји биле против

Премиерот Зоран Заев денеска го демантираше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, кој на Твитер објави дека министри за надворешни работи на седум земји-членки на ЕУ биле против доделувањето на Датум за преговори за Македонија од страна на унијата на вчерашниот состанок на Надворешниот совет во Луксембург.- Прв пат слушам за тоа дека седум земји биле против отпочнување на преговорите. До сега немам таков податок - рече Заев.Инаку  Милошовски на Твитер вчера објави дека 7 земји членки биле против датум за преговори со Македонија и  АЛбанија.  Тој во својот статус ги наброја:  Франција, Холандија, Германија, Данска, Луксембург, Белгија и Шпанија.12 членки биле за преговори: Полска, Унгарија, Словачка, Чешка, ИТ, СЛО, ХР, БГ, РО, ЕСТ, Латвија, Литванија.Грција и другите воздржани!

Македонија | пред 6 години

ojo

Поранешен градоначалник и поранешен претседател на Советот на општина Велес обвинети за злоупотреба на службената положба

Основното јавно обвинителство Велес до Основниот суд во Велес поднесе Обвинителен предлог против поранешен градоначалник и против поранешен претседател на Советот на општина Велес кои се товарат за сторено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Имено, првиот обвинет, како службено лице – градоначалник на општината, со искористување на својата службена положба и овластување, за вториот обвинет прибавил имотна корист од поголема вредност. Спротивно на одредбите од Правилникот за користење и одржување на службените моторни возила и на Наредбата за користење и одржување на службените моторни возила, тој со усно одобрение допуштил тогашниот претседател на Советот во периодот од 23.02.2014 година до 09.08.2016 година, во повеќе наврати, да користи две службени моторни возила за лични приватни потреби, без реверс за нивно користење и без притоа да достави пополнет евидентен лист за патувањето.Вториот обвинет, пак, како одговорно лице – претседател на општинскиот Совет, без поднесено писмено барање, возилата ги управувал самостојно и со искористување на својата службена положба и овластување за себе прибавил имотна корист од поголема вредност. Тој во повеќе наврати вршел и набавка на гориво за двете возила во количина од 2.880 литри и во вредност од 170.598,00 денари, за кои била извршена исплата од сметката на оштетената општина Велес по доставени фактури изготвени врз основа на испратници своерачно потпишани од обвинетиот. 

пред 6 години

zemjodelstvo

МЗШВ: Со нов систем за авионско засејување на облаците, до заштита на земјоделското производство од град

Владата на вчерашната седница ги усвои измените на Уредбата за доделување на техничката поддршка во земјоделството и руралниот развој, со коишто се додаде нова подмерка „Услуги за авионско засејување на облаците за превенција од природни непогоди и неповолни климатски настани врз земјоделски посеви“. Станува збор за нов систем за заштита од временски непогоди којшто предвидува контрола на климатските услови преку таканаречено засејување. Тоа подразбира надлетување на небото на територија на Република Северна Македонија со специјално опремени авиони кои ќе испуштаат раствор за спречување на формирање на мраз во облаците.Со овој вид на заштита од природни климатски непогоди како што е градот се постигнува најефикасен систем за превенција и неколку кратно поекономичен систем од старите ракетни системи.Во текот на изминатиот период МЗШВ направи повеќе истражување на различните типови на заштита и консултации со релевантни страни, при што се дојде до заклучок дека ваквиот тип на заштита е најпрецизен и економски исплатлив затоа што не бара сериозни инвестиции во комплексни системи какви што се денешните за кои никој не може да гарантира висок процент на заштита, односно досегашните алтернативните системи за справување со природни непогоди (град) предвидуваат испукување на ракети од земја кон облаците и во повеќе случаеви се имаат докажано како неефикасни.Овој период беа одржани неколку консултативни работни состаноци со УХМР за спроведување на целата постапка. Откако Владата ја усвои одлуката, сега УХМР ќе спроведе јавна набавка за избор на компанија за услуги за авионско засејување на облаците за превенција од природни непогоди и неповолни климатски настани врз земјоделски посеви.Проценетата вредност за набавка на услугите е 90 милиони денари, што е неколкукратно поекономично од инвестициите во ракетен систем чија проценета вредност за инсталација и одржување е еднократна инвестиција од 1 милијарда и 200 милиони денари и дополнителни трошоци за одржување и набавка на материјали од 300 милиони денари на годишно ниво.Поради сѐ позачестените негативни последици од климатските промени и појава на град, Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, интензивно работи на мерки со кои што ќе се заштити земјоделското производство од штети од временските непогоди, конкретно од град, и овој нов систем е само дел од мерките за заштита од временски нпогоди. Инаку, и натаму на земјоделците на располагање им стои мерката од Програмата за водостопанство нафинансиска поддршка во земјоделството за 2019 година за кофинансирање на трошоците за премијата за осигурување за надоместок на штета врз земјоделското производство во висина од 60 отсто. Вкупната сума во Програмата за оваа намена е 70 милиони денари. Дополнително, МЗШВ работи и на нов модел за зголемување на осигурувањето на земјоделското производство.

Македонија | пред 6 години

milososki-antonijo

Милошоски: Седум членки биле против датумот за преговори

На ЕУ Советот вчера  седум членки биле против датум за преговори со Македонија и Албанија: Франција, Холандија, Германија, Данска, Луксембург, Белгија и Шпанија. Дванаесет членки биле за преговори: Полска, Унгарија, Словачка, Чешка, Италија, Словенија, Хрватска, Белгија, Романија Естонија, Латвија, Литванија. Грција и другите воздржани! – напиша поранешниот министер за надворешни работи и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на Твитер.Земјите членки на ЕУ ќе се навратат најдоцна во октомври 2019 година на отворањето преговори со Северна Македонија и Албанија, се договорија министрите за надворешни работи на ЕУ, попладнево во Луксембург.https://twitter.com/AMiloshoski/status/1141107817769775104?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1141107817769775104&ref_url=https%3A%2F%2F24info.mk%2F%25d0%25bc%25d0%25b8%25d0%25bb%25d0%25be%25d1%2588%25d0%25be%25d1%2581%25d0%25ba%25d0%25b8-%25d1%2581%25d0%25b5%25d0%25b4%25d1%2583%25d0%25bc-%25d1%2587%25d0%25bb%25d0%25b5%25d0%25bd%25d0%25ba%25d0%25b8-%25d0%25b1%25d0%25b8%25d0%25bb%25d0%25b5-%25d0%25bf%25d1%2580%25d0%25be%25d1%2582%25d0%25b8%25d0%25b2-%25d0%25b3%25d1%2580%2F

Македонија | пред 6 години

lajcek

Мирослав Лајчак во посета на земјава, вели ЕУ мора да го исполни ветеното и да отвори ново поглавје во односите со Северна Македонија

Претседавачот на ОБСЕ и министер за надворешни работи и европски прашања на Словачка, Мирослав Лајчак денеска и утре е во посета на Скопје.„Лајчак ќе се сретне со претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, заменик премиерот Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров. Тој ќе оствари средба и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Претседавачот на ОБСЕ ќе се сретне со претставници на граѓанскиот сектор од Северна Македонија и ќе го посети Заводот за рехабилитација на деца и младинци- Скопје, каде што ќе има прилика да разговара со децата кои учествуваа во проектот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, „Градиме мостови““, информираат од ОБСЕ.Инаку министерот Лајчaк, изјави дека ЕУ мора да го исполни ветеното и оваа година да отвори ново поглавје во односите со Северна Македонија. Тој во интервју за МИА рече дека Северна Македонија стигнала подалеку отколку што можело да се претпостави пред неколку години и сега е време да се наградат напорите на државата. 

Македонија | пред 6 години

kiracoski

Кирацовски ќе тужи медиуми кои шират лажни информации за неговиот имот

Пратеникот од СДСМ Александар Кирацовски на својот фејсбук профил најави тужба против неколку медиуми за како што вели ширење клевети против него.Како што пишува Кирацовски на Фејсбук, тужба ќе биде покрената против vecer.mk; netpress.com.mk; kurir.mk; republika.mk; denesen.mk, за кои вели дека се  пример за ширење лажни информации, груби измислици и инсинуации – тренд кој како канцер во демократскиот свет нагло се шири.„Ова е еклатантен пример за лиферување на лажни информации, груби измислици и инсинуации - тренд кој како канцер во демократскиот свет нагло се шири.Сериозни медиуми ова не би си го дозволиле, а несериозните, како гореспоменатите, мора да сносат одговорност.Наводите за споменатото возило се груба лага и клевета која лесно се докажува, во или вон судска постапка и е беспредметна за дискусија.Од друга страна, фамозната "хациенда" е семејна куќа изградена од 2013\ 2015 год. (а НЕ кога јас сум на општествена функција) на локација која е еден век во сопственост на мојата фамилија, од секој аспект основана и пријавена во Антикорупциска комисија.Ваквата зла практика на ширење на груби ЛАГИ на дрзок и безобразен начин дополнително ме мотивира, како пратеник во републичкото Собрание, да покренам сериозна иницијатива за законско решение со кое ќе се стави крај на создавањето на лажна претстава за реалноста.Секоја информација ќе мора да се провери пред да се објави, а доколку се стори спротивното, одговорноста ќе биде повеќекратна.Таквото законско решение е од интерес на граѓаните, затоа што тие одлучуваат и никогаш не смее да бидат доведени во заблуда од било какви "центри на моќ" чии што цели се спротивни од граѓанските.И запомнете: 100 пати повторена лага станува вистина, но не посилна од 100 пати повторена вистина“, напиша Кирацовски на ФБ. 

Македонија | пред 6 години

Angela-loso

(Видео) Меркел почна неконтролирано да се тресе за време на церемонија во Берлин

Германската канцеларка Ангела Меркел за време на церемонијата во Берлин за пречек на новиот украински претседател Володимир Зеленскиј, доживеа непријатност. На германската канцеларка и се слоши и почна да се тресе, но не сакаше да го прекине интонирањето на химните.По церемонијата , таа изјави дека била дехидрирана , поради силното сонце и високите температури. Меркел , чие тело видливо се тресеше , се обиде да се контролира , ги стисна усните , но безуспешно. Мораше да стои со Зеленски додека се интонираа химните на Германија и на Украина.

Свет | пред 6 години

devojce

Истрага против две лица за Трговија со дете

Постапувајќи по кривичната пријава поднесена од страна на Министерството за внатрешни работи, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица од Тетово. Лицата се сомничат дека сториле по едно кривично дело – Трговија со дете предвидено и казниво по чл.418-г став 1 од Кривичниот законик.Имено, осомничената, искористувајќи ги сознанијата од ќерка си дека нејзината петнаесетгодишна другарка е со починат татко и болна мајка и живее во тешки семејни и материјални услови, го земала девојчето во својот дом. Таа, од користољубие преку интернет комуникација договарала средби и сексуално го експлоатирала детето – жртва. Осомничената го терала девојчето лажно да се претставува како полнолетно и го испраќала или го носела со свое возило по хотели во Тетово, каде по претходен договор за одреден паричен надомест, им овозможила на други лица да користат сексуални услуги од детето.Второосомничениот, како сосед на осомничената, иако знаел дека детето е малолетно и знаел за сексуалнатa злоупотреба, наместо да го пријави кривичното дело, истиот го искористил девојчето за остварување на парична заработка. Тој го однел детето во хотел во Тетово и од клиент наплатил за сексуалните услуги. Девојчето искористувајќи погоден момент и прилика ги пријавило осомничените.Ценејќи дека се исполнети законските услови, обвинителот до судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје достави предлог за определување мерка притвор. Ваквиот предлог Судот го прифати, па со решение на двајца осомничени им определи притвор во траење од 30 денa

пред 6 години

znaminja-777x437

Нема датум за преговори за земјава, Северна Македонија сега ќе го чека октомври

Нема датум за преговори за земјава.  Попладнево, министрите за надворешни работи го усвоија заклучокот – дека прашањето за датумот повторно ќе го отворат во октомври, и за Македонија и за Албанија, без воопшто да испратат јасен сигнал каков епилог би можеле да очекуваме тогаш.На прес конференцијата по состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на унијата, еврокомесарот за проширување Јоханес Хан и романскиот министер за европски работи, Џорџ Чиамба во својство на земјата претстадавач со ЕУ неколкупати изразија жалење за одлуката и неколкупати го споменаа во позитивно светло Договорот од Преспа.Жалам што земјите членки на Европската унија денеска не ја потврдија препораката на Европската комисија да отвори преговори со Северна Македонија и со Албанија, рече Хан.Иако се уште неофицијално, најнаскептични за македонските преговори биле Франција и Холандија. Нејасно е дали предупредувањето на Кипар, кој се закани со вето на какво било идно проширување, доколку Брисел не ја заостри реториката околку турското ископување нафта во Медитеранот, влијаело на одлуката на министрите. 

Македонија | пред 6 години

123-1

Мајката на Пино објави комуникација од осомничената Ангела и нејзиниот син

Маја Трпковска, мајката на Пино Секондо, момчето кое беше ѕверски убиено, вели дека ќе бара правда за она што се случило на нејзиното дете. Таа на Фејсбук објави комуникација за која тврди дека е на Пино со осомничената девојка Ангела.Во пораката која мајката тврди дека е помеѓу нејзиниот убиен син и осомничената Ангела која прва ја почнува комуникацијата Пино ја прашува од каде се знаат и зошто ја интересира девојката каде живее Пино.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=2828732987200655&set=a.551765748230735&type=3&theater

пред 6 години

Нема фотографија

Сведок за „Таргет-Тврдина“:Ги гледавме Мијалков и Горан Грујевски како се логираат за да прислушуваат

Актуелниот помошник-директор на Петтата управа во МВР, Сашо Трајковски, денеска сведочи на рочиштето за случајот „Таргет-Тврдина“, за масовното нелегално прислушување.Трајковски, кој за време на аферата во МВР работел како главен инженер во УБК, откри дека со неговите колеги гледале како ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков и поранешниот началник на петтата управа во УБК, Горан Грујевски од нивните компјутери се логирале на системот за следење на комуникациите.До системот за прислушување во УБК, „Најс“, можело да се пристспува од неколку локации надвор од кругот на МВР, раскажа инженерот Сашо Трајковски. Тој рече дека за стариот систем „Веринт“ може да тврди дека пристап надвор од МВР немало, освен еднаш во 2007 година кога се пристапило за време на конференција на НАТО во Охрид.– За „Најс“ системот знам дека имаше посебно одделение во некогашниот Аеро клуб спроти гимназијата Јосип Броз Тито во Центар каде по насоки на началникот Горан Грујевски беа инсталирани работни станици. Тоа е единствен случај за кој знам дека се пристспувсло надвор од кругот на Министерството. Дури во текот на 2016 година кога бев префрлен со канцеларија кај аеродромот во Петровец разбрав од колега дека имало стан кај железничка станица од каде се пристапувало и наводно кога колеги од МВР кои доаѓале таму го зафаќале паркингот па станарите се бунеле – раскажа Трајковски.Откако „пукна“ аферата за масовното прислушкување во 2015 – та, началникот на Петтата управа во УБК од тоа време, Горан Грујевски им кажал на подредените дека опремата за следење, заедно со документите треба да се уништи и тоа во два наврати. 

пред 6 години

zelino-3

(Фото) Се преврте шлепер кај рампата Желино

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево на автопатот Скопје-Тетово во близина на село Желине. Камион изгубил контрола и се превртел.Очевидци на настанот инфомираат дека возачот на камионот е повреден. Увид извршила екипа од СВР-Тетово.Очевидци на настанот инфомираат дека на местото на сообраќајката се упатиле и возила на тетовската противпожарна единица и брзата помош.

Македонија | пред 6 години

fatime-fetai

Фетаи: Главната задача за која граѓаните ни дадоа верба успешно ја завршуваме

Специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи во вечерашното гостување на 1ТВ зборуваше за падот на довербата во СЈО.-Воспостувавањето на правна држава, тоа беше концепт кој постоеше при основањето. Тој концепт постои и денес. Имавме нагло растење на довербата и да не речам глорифицирање на трите обвинителки, уште по првата прес конференција. Потоа имавме пад во довербата и поддршка која се долшеше на разни субјективни и објективни околнисти. Сега се враќаме на едно разочарувачко чаршиско муабетење „и овие не ги бива“. Верувам дека СЈО ќе ја врати довербата. Институциите каде ние се обраќаме се уште не се на тој степен за да можеме да кажеме дека граѓаните целосно би имале верба. Морам да призанам дека СЈО како институција не е безгрешна, но она што беше главна задача за која граѓаните ни дадоа верба, јас сметам дека се уште успешно ја завршуваме. Можеби најголем дефект е што немаме правосилни пресуди, но таа околност не зависи од СЈО, вели Фетаи.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Градоначалникот на Аеродром, склучил договор со маркетинг агенција вреден 73.000 евра, така ќе ги информира аеродромци што ќе сработи

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин склучи договор со маркетинг агенција вреден 73.000 евра за да ги информира аеродромци што ќе сработи за нив. Но и да ги едуцира за одговорно граѓанско однесување, објави 24.mk.Имиџот на градоначалникот и општината ќе го гради агенцијата „МККАН“. Иако на веб страницата на Аеродром стои дека за односи со јавност се задолжени 7 лица, од Аеродром велат дека имаат тројца. Тие нема да добијат отказ, туку им бил потребен како што велат „дополнител стручен сервис оти општината продолжува да работи со голем интензитет и има обемна програма.“Од Аеродром велат дека маркетинг агенцијата не ги презема соопштенијата, целосното информирање, организација, протокол и слично, туку се јавува само како поддшка и тоа само таму каде што е потребно. Тврдат - ќе ја ангажираат по потреба, и можеби нема да ги потрошат сите пари, објави 24.mk.Текстот во целост на: 24.mk

Скопје | пред 6 години

zaev-avion

Заев и Пендаровски летале со редовни линии, затоа што владиниот авион бил на сервис

Претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев летаа со редовни авионски линии бидејќи владиниот авион е на сервис, потврдиле од Службата за општи и заеднички работи на Владата за СДК.мк од каде рекле дека авионот „лирџет 60“ е на редовен сервис во Нирнберг, Германија.– Не станува збор за никаков дефект, туку редовен сервис. Авионот треба да биде сервисиран и вратен во земјава другата недела – изјавил директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата Пеце Мирчески за СДК.мк.Само за потсетување на социјлните мрежи се појавија фотографии како претседателот и премиерот се пофалија дека наместо со владиниот авион се возат со комерцијални летови. Пендаровски на 11 јуни замина во Брисел а Заев во саботата од Виена се врати со комерцијален лет. 

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања