„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

soobrakjajka_polic

(ВИДЕО) TEШKA COOБPAЌAJНА НЕСРЕЌА: Камион yдpил во „БМВ“ и пoлициcko „Шкода Јети“ – неoфициjaлно двајца зaгинaти?

Во cooбpaќајката, нeoфициjaлно, зaгинaти се двајца – еден пoлицaeц и едно лицe кое се пpeвезyвало во „БМВ“-то, објави infomax.mk.Според oчeвидци cyдиpoт бил вepижен, а најверојатно kaмиoнот yдpил во „Јетито“ и „БМВ“-то кое ekcплoдиpaло.Подетални информации во текот на денот.Извор: infomax.mk https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/2218519681793181/

Македонија | пред 6 години

30657188_10212962092820045_8603535688274542592_n

Сите сме за лечење, велат активистите откако се обзнани дека медицинар ќе биде министер за култура

По информацијата дека Хисни Исмаили ќе биде нов министер за култура ќе биде професор од Факултетот за медицина, на социјалните мрежи има бура од реакции.„Сите сме за лечење. ,Логиката во одлучувањето за министрите за културата е сериозно болна.  Болна е штетата што се прави со тоа што културата е постојана колатерална штета на коалициски математики. Болно е инсистирањето Министерството за култура да биде раководено од партија што очигледно нема соодветен кадар за тој ресор па градежници и доктори мораат да ускочат во овој фаличен надреализам. Болно е што наместо да се прегледаат политичарите што прават боранија од културата, доктор им се праќа на културните работници“, напиша активистката Ирена Штеријовска.

Коментари | пред 6 години

zaev-ohrid

Познато е кого ќе фати „метлата“, одлуките се донесени

Премиерот Зоран Заев попладнево изјави дека во недела попладне до Собранието ќе го достави предлогот за реконструкција на Владата. Тогаш, како што рече, ќе ги соопшти деталите околу имињата и ресорите.– Одлуките се донесени и во недела попладне ќе ги доставам до Собранието материјалите за сите промени што ќе се случат во Владата, изјави Заев.Паралелно со ова, како што истакна, се работи и на вториот бран со кој треба да бидат опфатени директори и членови на управни и надзорни одбори во јавните претпријатија.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Шилегов побара да не го осудуваат Бени Шаќири

„Сме станале народ кој предвреме суди за сѐ и секого“, одговори скопскиот градоначалник Петре Шилегов, на новинарско прашање дали ќе го земе во предвид писмото кои вчера го испратија 250 културни работници до премиерот Зоран Заев, во кое бараат да спречи менување на сегашниот в. д. директор на Младинскиот културен центар (МКЦ) Русе Арсов и поставување на пејачот Бени Шеќири на директорската функција.Во отвореното писмо до премиерот се вели дека ако Шаќири биде назначен за директор ќе дојде до нарушување на континуитетот на работа на МКЦ.Изборот на директор на МКЦ го врши градоначалникот Петре Шилегов бидејќи оваа културна институција е под надлежност на Градот. За избор на директор Град Скопје во февруари распиша конкурс, но рекоа дека изборот ќе биде направен по завршување на претседателските избори.„Не можам да коментирам писмо кое не е испратено до мене. Барате да коментирам одлука која не е донесена. Комисијата си работи и наскоро ќе информираме кој ќе раководи со оваа институција. И сакам да кажам, сме станеле народ кој предвреме суди за сѐ“, рече денес Шилегов.Повеќе прочитајте на СДК.МК

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

ЕКСКЛУЗИВНО: Во село во Дебар во штала за крави пронајдени се бомби и муниција

Во село на територијата на општина Дебар во пограничниот појас со Р Албанија во штала за крави пронајдени се бомби и муниција. Акцијата се спроведува во моментов, дознава Скопје1 од извори во МВР.Повеќе информации во текот на денов.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Костадинов: Заканувачките пораки не ги пратило партиско обезбедување, доколку е член на СДСМ соодветно ќе реагираме

Утрово дојде господин Геровски, имавме конструктивен разговор во однос на заканите кои што беа упатени до него, вчера вечер.Секако, како одговорна партија, ние од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија се оградуваме и најостро осудуваме каков било обид за навреда или за спречување на изразување на слободна мисла на говор. Тоа не е наша вредност.Наша програмска определба, наш принцип и наша вредност е да имаме овозможување на слободно изразување на волјата на говор, тоа и го правиме. За тоа доказ се и извештаите на “Репортери без граници” каде што Република Северна Македонија има раст од 15 места во истите тие извештаи.Во разговор со господин Геровски, му дадовме информација дека не станува збор за партиско обезбедување. Во текот на денот, ќе видиме од базата на членовите дали станува збор за член на Социјалдемократскиот сојуз. Секако, доколку станува, согласно нашиот Статут во партијата соодветно ќе реагираме, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ . 

Македонија | пред 6 години

65220338_167493447619592_7246869791368019968_o

Нова револуционери протести во Скопје од понеделник

Поради неконтролираното труење на бездомните кучиња во целата држава, здружението „Шепасти ентузијасти“ од следниот понеделник до петок, ќе организира протести во Скопје. Протестите го носат слоганот „Шепаста револуција“.„Бидејќи нема никаква реакција од надлежните, повикуваме на револуција, која нема да вклучува насилство, туку силно ќе покаже дека навистина ни е преку глава да ја гледаме агонијата на бездомните животни! Рута: Собрание, Рекорд, ЈП „Комунална хигиена“, секој работен ден од 17 до 20 часот. Сите облечени во црно и со црвена боја во раката. Можеме ли заедно да го направиме ова?“, пишуваат организаторите.Тие велат дека нивна должност е да се борат за судбината на бездомните животни. Реакција за убиствата на животните имаа и од здружението за заштита на животните „Анима мунди“.„Ова е секојдневната реалност со која се соочуваме, слика што не може да се избегне околу нас на секој чекор - живи животни што се тетерават, паѓаат, повраќаат и се борат за последен здив; умираат пред очите на граѓаните, пред очите на децата. Бараме итно најстрога законска забрана за слободна продажба на високотоксични материи кои секојдневно се купуваат и злоупотребуваат, а кои може да бидат погубни за секого. Бараме контроли во сите земјоделски аптеки, на сите пазари, каде што смртоносни супстанции се продаваат евтино и под рака. Бараме да се фати трујач и да одговара. Посочуваме - отровите се поставуваат во близина на маркети, детски игралишта и паркови, влезови, кафулиња и ресторани, повеќето со безбедносни камери што би послужиле како доказен материјал за пронаоѓање на сторителот, но секако ако сакаме тој да биде пронајден“, велат од „Анима мунди“.

Скопје | пред 6 години

marjan-cvetkovski

Финансиска полиција поднесе кривична пријава за директорот на МРТВ - Директорот земал кредит без дозвола

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против директорот на МРТВ, Маријан Ц. поради сомнеж за злоупотреба на службената положба.Како што беше посочено на денешната прес конференција, пријавата е поднесена до Основното обвинителство.-Осомничениот М.Ц. во 2015 година е осомничен дека ја злоупотребил службената положба. Земал кредит од 140 милиони денари, а заложил имот во вредност од 294 милиони денари, односно го заложил целокупниот движен и недвижен имот на МРТВ без да побара согласност од Собранието, истакна Даниела Велковска, од Управата за финансиска полиција.Кривична пријава е поднесена и за нотарката З.П. која ги заверила спорните договори.-Дел од добиениот кредит во износ од 30,3 милиони денари М.Ц. веднаш го искористил за подмирување на достасани обврски кон Банката давател на кредитот и доверител, по основ на претходен откуп на побарувања од правниот субјек БЕГ-Снабдување центар ДООЕЛ Скопје, истакна Велковска. 

Македонија | пред 6 години

stevo-770x437

Пендаровски: Неспорно е дека Гоце Делчев се изјаснувал како Бугарин

Неспорна историска вистина е дека Гоце Делчев се изјаснувал како Бугарин, во тој историски контекст, како што е неспорна историска вистина и факт дека се борел за македонска држава, изјави претседателот Стево Пендаровски во вчерашното интервју за „360 степени“ на Алсат М.Зборувајќи за дискусиите кои се водат во Бугарија и Македонија за националноста на Гоце Делчев, Пендаровски рече дека изминатиов период имал интензивни консултации со луѓе кои се разбираат од проблематиката.-Сигурен сум дека постепено ќе станува политички проблем. Тврдам дека допрва ќе станува политички проблем ако пристапот од бугарска страна продолжи да биде ваков. Неспорна историска вистина е, за сите што имаат малку сознанија од тој историски период, дека Гоце Делчев се изјаснувал како Бугарин. Но дали не е историска вистина стопроцентна дека Гоце Делчев се борел за македонска држава, автономија, независна држава, па дури и на крајот оставил аманет неговите коски да почиваат во независна Македонија. Не постои ниеден документ кој вели дека Гоце Делчев се борел за голема Бугарија или изјави или став дека се борел за припојување на тогашната провинција во Османлиското царство Македонија, кон Бугарија – рече Пендаровски.

Македонија | пред 6 години

pistol-vperen

Поднесено обвинение за пукањето во Маџари

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) и во врска со член 22 (соизвршителство), како и за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.Обвинетиот на 24.01.2019 година, во скопската населба Маџари, по претходен договор со негов близок роднина кој во моментов е недостапен на органите на прогонот, со умисла се обиделе да лишат од живот едно лице. Имено, на критичниот ден оштетениот се возел во автомобил Фолксваген голф 5 заедно со неговиот малолетен син и со уште две лица со кои бил во роднинска врска. Заради претходно нарушени меѓусебни односи на двете семејства, обвинетиот, управувајќи со патничко моторно возило Фолксваген голф 3 удрил во нив, а зад нив застанал и неговиот роднина со автомобил Алфа Ромео 156 Караван. Во двата автомобили имало и други засега непознати лица, кои излегле и со шипки ги искршиле стаклата на голфот во кој се превезувал оштетениот. Во тој момент детето на оштетениот излегло од автомобилот, а обвинетиот го удрил со тупаница, нанесувајќи му телесни повреди.Обвинетите и засега неидентификуваните лица кои биле со нив, потоа отвориле оган од четири огнени оружја – пиштоли кон патниците во автомобилот голф 5 и директно кон оштетениот, со умисла обидувајќи се да го лишат од живот и нанесувајќи му тешки телесни повреди во вид на огнострелни рани на двата скочни зглоба на нозете и скршеници на левиот талус и на десната потколеница.Во тој момент, оштетениот паднал на земја, но еден од неговите роднини, со својот пиштол „Ekol Special 99“, преправен како огнено оружје што го поседувал без дозвола, возвратил на пукањето. Со ова дејствие и тој предизвикал значителна опасност за телото на луѓето, па и против ова лице надлежниот обвинител покрена обвинение за кривично дело – Предизвикување општа опасност, предвидено и казниво според член 288 став 1, како и за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и трговија со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.    

пред 6 години

Branko-Geroski-696x478

Претседателот Пендаровски го прими новинарот Бранко Героски

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска го прими новинарот Бранко Героски, по заканувачката порака која ја добил.Претседателот Пендаровски осудувајќи секаков вид на закани упатени до медиумите, порача дека новинарите треба да ги уживаат сите права и слободи за да можат професионално и без притисоци да работат.Претседателот истакна дека како и досега, ќе се залага за заштита на достоинството и интегритетот на новинарската професија и професионалните медиуми секогаш ќе ја имаат неговата поддршка. 

Македонија | пред 6 години

36616394_1823206931056471_7722326244448010240_n

21-ви јуни - Ден на Охридското Езеро, се грижиме ли доволно за тоа што се гордееме?

21-ви јуни - Ден на Охридското Езеро.  Овој датум веќе 19 години,  се одбележува со манифестации  кои се одржуваат наизменично во трите општини Охрид, Струга и Поградец. Целта на овие дружби е обединување на граѓаните и општините од двете земји, но и детектирање на заедничките проблеми поврзани со Езерото од стручните тимови и расправа за  истите со цел навремена заштита на езерото што го делат.  На овој начин се покажува и важноста на Езерото, но и подготвеноста на македонската и албанската страна да направат се заедно за заштитата на езерото, институционално и легислативно преку транспонирање на програмите и директивите на Европската унија во законодавството на двете земји.„И покрај високиот квалитет на водите во Охридско Езеро (освен притоките Черава и дел од Сатеска) над Езерото висат многу опасности околу неговата идна заштита. Ја детектирам како најголема опасност амортизацијата на колекторскиот систем чија рехабилитација треба да почне буквално-вчера! Институционалната рашомонијада околу надлежностите за заштита и управување со Езерото е исто така негативен момент. И третиот не помалку битен момент е неопходноста од итна де-урбанизација и де-узурпација на крајбрежието. Планот за управување со сливот со програмата на мерки која ќе ја изработиме до крајот на годинава, се предиспозиции за квалитетна заштита. Во спротивно без почитување на стручните препораки ќе ни следи критичен период за заштита и управување на Езерото што ќе се одрази и на квалитетот на водите, а со тоа и на економската иднина, напиша Дејан Пановски координатор на ГЕФ Дримскиот Проект на социјалната мрежа Фејсбук.Од оваа перспектива гледано може да се каже дека важно е колку е старо Охридското Езеро, но уште поважно е колку ние ќе го заштитиме.

Македонија | пред 6 години

Branko-Geroski-696x478

Новинарот Героски објави заканувачки пораки, денеска во СДСМ сака да се соочи со заканувачите

Новинарот Бранко Героски подолг период пишува дека добива заканувачки пораки поради текстовите кои ги објавува. Една таква објави синоќа и напиша: Утрово точно во 9.15 часот ќе дојдам во седиштето на СДСМ. Ве молам да го обезбедите присуството на овој господин и на сите што се неопходни за моето најавено "бањање во Вардар".Еве ја објавата од Героски, но и пораката која ја добил:Претседателе на СДСМ, Зоран Заев, вечерва во 22.14 часот ја добив оваа заканувачка порака од извесен Борче Гиноски, кој за себе вели дека работи во обезбедувањето на СДСМ.Дали Вашата партија, премиере, почна да се служи со вакви методи? Дали ја одобрувате оваа отворена закана? Дали ќе преземете нешто?Утре изутрина точно во 9.15 часот ќе дојдам во седиштето на СДСМ. Ве молам да го обезбедите присуството на овој господин и на сите што се неопходни за моето најавено "бањање во Вардар".Колеги новинари, претставници на ЗНМ и на другите новинарски здруженија, ве поканувам во ова време да бидете присутни на настанот во седиштето на СДСМ на улица Бихаќка.ПС. Ако не барам премногу од вас, драги пријатели, ве молам споделувајте го овој пост.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=2239172859537730&set=a.444632805658420&type=3&theater

Македонија | пред 6 години

bager-3

(ФОТО) SOS: Со багер се корнат растенија, дел од ѓубрето се турка в езеро, се кршат трски

„Помеѓу камп Елешец и плажата Атлантик, денеска се корнеа  растенија со багер  и дел од растенијата до оградата на плажата поточно ѓубрето го туркаа во езерото. При тоа без воопшто да се внимава се искршија и трски“, реагираат денеска од  Охрид SOS.Тие прстот го упатуваат директно кон Општина Охрид и прашуват кој дал одобрение за ова? Дали споменатата плажа има концесионер? Дали се ова подготовки за утрешниот ДЕН НА ЕЗЕРОТО?Во продолжение од SOS уште додаваат:Зоран Заев, се надеваме дека македонската делегација во Баку ќе ги понесе и овие фотографии, како посветено работите на зачувување на статусот природно светско наследство.https://www.facebook.com/OhridSOS/photos/pcb.2365308427081134/2365323710412939/?type=3&theater

Македонија | пред 6 години

timonie

Тимоние и Герберих со пофалби, но немаат гаранции за датум во октомври

Германскиот и францускиот амбасадор во земјава со пофалби за досега стореното, но без гаранции дека земјава ќе го обезбеди долго посакуваниот датум за преговори на есен.-Северна Македонија испиша успешна приказна на Западен Балкан. Лично сум убеден дека уште оваа година ќе може да има само една одлука, а тоа е да се започнат пристапните преговори со Северна Македонија согласно препораките на ЕК. Прашањето не гласи повеќе дали, туку кога тоа ќе се случи, истакна германскиот амбасадор во земјава Томас Герберих на денешната седница на Националниот совет за евроинтеграции во Парламентот.Францускиот амбасадор Тимоние повтори и дека за официјален Париз приоритет е реформа на унијата, а на земјава и порача да продолжи со реформската агенда.Следната шанса за земјава да го обезбеди посакуваниот датум за почеток на преговори со Унијата е на 17 и 18 октомври во Брисел за кога е закажана седницата на Европскиот совет, на кој се очекува да доминираат темите за конечниот излез на Британија од Унијата и новиот состав на Европската комисија.   

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања