Секој четврти двокатен автобус скапува во гаражите на ЈСП
ЈСП со шокатни податоци за Tелма – од 380 автобуси возен парк, 100 се дефект во депоата за автобуси во Ѓорче Петров и Автокоманда. 30 црвени „кинези“ се претворени во отпад, и 13 од вкупно 80 украински од марката ЛАЗ, набавени само пред 7 години.„Некои од овие возила стојат расипани од 2015 година. Се работи за сериозни дефекти на мотори и менувачи, порaди што сервисирањето е скапо, комплицирано и економски неисплативо, бидејќи во меѓувреме од тие возила се извадени и други делови“, велат од ЈСП
Скопје | пред 7 години