ИЗБОРИ25

media-libraryo4eqadf4g83o7jIRlIz

Орце Ѓорѓиевски и Аамар Мециновиќ одат во втор круг, Каја Шукова е на четвртата позиција по освоени гласови

Според 99 отсто oд обработени гласови од Државната изборна комисија, во вториот круг на локалните избори, за градоначалник на Скопје, влегуваат Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ и Амар Мециновиќ од Левица.Ѓорѓиевски со 99 отсто обработени гласови имаше освоено  39,43 отсто или 91.582 од гласовите на скопјани, додека Мециновиќ – 13,20 отсто или 30.659 гласа.Третото место го освои кандидатот на коалицијата Вреди, Башким Бакиу за кого гласаа 27.864 избирачи, додека кандидатката на СДСМ, Каја Шукова го освои четвртото место во градоначалничката трка за Скопје, со само 26.714 гласа.Според обработените податоци, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата што ја предводи се во убедливо водство во 54 општини низ државата, додека коалицијата Вреди води во девет, СДСМ во седум, а коалицијата НАИ предводена од ДУИ во пет општини. Демократската партија на Турците има предност во една општина.Вториот круг на локалните избори ќе се одржи на 2 ноември.

Скопје | пред 3 месеци

media-librarydb7tk13bjf8faIJ7S0P

Филипче: СДСМ победи во 3 општини во прв круг, води во десетина и влегуваме во втор круг во дваесетина општини

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче на вчерашната прес-конференција изјаи дека СДСМ во првиот круг од локалните избори победи во 3 општини, води во десетина и во вториот круг влегува во дваесетина општини.Во продолжение е интегралната изјава на претседателот Филипче:„Најпрво, сакам да упатам честитки за добро организираниот изборен ден. Денот помина мирно. Имаме некои одредени забелешки за изборниот процес. Тие забелешки се дадени до соодветните институции — ОБСЕ и Државната изборна комисија, односно ќе бидат поднесени во текот на утрешниот ден. Им честитам на сите градоначалници кои што победија во првиот круг. Од досега пристигнатите резултати, СДСМ во првиот круг победи во три општини, тоа се Крива Паланка, Кривогаштани и Богданци. Понатаму, од преброените близу 70% од гласовите, водиме во уште 9 општини, тоа се Центар, Пробиштип, Чучер Сандево, Чешиново, Валандово, Конче, Крушево, Лозово и Росоман. И таму ќе има втор изборен круг. Дополнително, во уште неколку општини каде што сме на второ место , а тоа се Неготино, Македонска Каменица, Ранковце, Дојран, Демир Капија, Зрновци, и очекуваме податоци уште од неколку места. Апелирам до граѓаните да излезат масовно на гласање во вториот круг. Важно избраните градоначалници да имаат легитимитет од што поголем број на граѓани.Овој резултат мислам дека не е тој којшто го посакувавме сите, меѓутоа би рекол дека, имајќи ги предвид околностите, не е лош резултат, посебно што, не насекаде, меѓутоа во еден добар дел од општините, навистина имаме зголемување на бројот на гласови кога ги споредуваме со ланската година.И тоа е еден доказ на таа консолидација којашто започна изминатите месеци, изминатата година во партијата, процес којшто, секако, зема време и процес на којшто интензивно ќе работиме во следниот период“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryskj3vhcuu55m0Oc7AUk

(Во живо) „Претрес“ со Ландов - Изборно студио

Вечерва граѓаните се собираат пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, откако лидерот на партијата Христијан Мицкоски прогласи победа на градоначалниците од нивните редови во повеќе од 30 општини и тоа уште во првиот круг.Атмосферата ја пренесуваме во живо.Владее еуфорија, поставена е и бина, а доѓаат граѓаните од повеќе скопски општини.Ќе присуствуваат и градоначалниците кои веќе победија

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryju6u5pnj5o2m7JynWVi

„ВМРО-ДПМНЕ има градночалници во повеќе од 30 општини уште во првиот круг, во Струмица победивме по цели 20 години“, рече Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва прогласи победа на партијата во повеќе од 30 општини уште во првиот круг. Истовремено, тој најави и победа на Орце Ѓорѓиевски во Скопје, бидејќи, како што рече има убедливо водство.„Ветивме победа, имаме победа! Македонија избра луѓе кои веруваат во работа, а не во зборови. Оваа убедлива победа не е крајот, туку ова е почеток на новата македонска енергија. Во овие недели покжавме дека политиката може да има поинакво лице, без навереди, без омраза, со достоинство. Граѓаните го препознаа тоа, и вечерва со убедливо мнозинство ја потврдија својата доверба не поради нас, туку поради себе. Поради своите семејства, поради својата иднина, поради Македонија. Секој човек кој излезе и гласаше за продолжување на промените, гласаше дека може подобро, тоа е нашата обврска и довербата не е награда, туку задача која почнува утре наутро. Затоа оваа победа не е само наша, туку во сите кои веруваат дека општините мора да одат напред. Да бидам искрен, патот не е лесен, но Македонија има сила и волја. Пред нас се уште две недели на одлука, на која треба да ја заокружиме промената. Тезата дека имало нерегуларности е плитка, а сето тоа е алиби да се оправда слабиот резултат на опозицијата.Имаме победа во над 30 општини уште во првиот круг. Имаме победи и во општини каде што СДСМ имаше свои градоначалници, како што е Струмица. Дваесет години чекавме на овој ден. Имаме победа во Делчево, Берово, убедлива победа имаме во Битола, во Прилеп, во Штип, Кавадарци, Гевгелија, Свети Николе, Охрид, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Велес, Радовиш и така натаму.Орце има огромно водство во Скопје, и таму извесен победник е Орце во вториот круг“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 3 месеци

media-library5stgsih1rtbedllZtkN

Ана Чупевска од СДСМ ги смета локалните избори за успех: Во „Претрес“ вели дека СДСМ оди во нагорен тренд

По досегашните пребројани гласови, кои според податоците на ДИК, покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ убедливо води во 55 општини, Ана Чупевска од СДСМ вечерва во „Претрес“ вели дека СДСМ има нагорен тренд и ги смета локалните избори за успех.Очекува влегување на партијата во втор круг во Скопје, иако во моментов нивната кандидатка Каја Шукова е на третата позиција, зад кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски и зад кандидатот на Левица, Мециновиќ.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryvuau7koqba196dWKZPh

(Видео) Огномет во Чаир, Меџити слави победа во Чаир, убедливо води пред Бујар Османи на ДУИ

Кандидатот за градоначалник за Чаир од ВЛЕН, Изет Меџити, вечерва слави победа. Според неофицијалните резултати, Меџити убедливо води пред кандидатот од ДУИ, Бујар Османи, и најавува победа уште во првиот изборен круг.-На ДУИ и Ахмети, кои се залагаа за легитимитет, им честитам за победата во Пласница, додека во другите општини убедливо води Вреди. Во Чаир сме тука да ја прославиме победата на Вреди уште во првиот круг. Тие посакуваа да се мериме во Чаир и Тетово, и таму убедлива победа ќе издвојува Вреди. Очекувам уште во првиот круг ќе имаме 4-5 општини и ќе водиме во повеќето албански општини на нивото на државата. Сакам да напоменам дека нема цензус во Врапчиште, додека во Гостивар е на граница да нема цензус. Денес, со срце полно со гордост и благодарност, сакам гласно и јасно да кажам — вечерва Албанците победија, а една политичка класа се пензионира. Честитки за победата, честитки за пензионирањето на политичките противници. Вечерва му се обраќам на мојот политички противник, Али Ахмети, со целосно почитување и јасност — ова е моментот кога мора да поднесете оставка. Гласот на Албанците ве испрати во политичка пензија – порача Меџити.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryirtpknbeeulodgic0aK

Јанчев во Кавадарци прогласи победа

Митко Јанчев победи со 7:1 во однос на кандидатот на СДСМ, соопшти неговиот изборен штаб. Велат дека со убедливо водство од утре го продолжува неговиот успешен градоначалнички мандат.-Изборниот штаб на Митко Јанчев прогласи победа во Кавадарци со резултат три наспроти еден. Вечерва победата ќе ја прослават на градскиот плоштад.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarytjjocjhjp5nm1GLIGoi

Мисајловски: Орце Ѓорѓиевски води со шест пати повеќе гласови за Скопје, Каја Шукова е трета

Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека очекува владејачката партија да издвојува голема победа во првиот круг локални избори.Тој потенцираше дека на праг на победа е и Орце Ѓорѓиевски во Скопје.„ВМРО-ДПМНЕ е на прагот на огромна победа, разликата е 3:1, има општини каде разликата е 6:1, 7:1, 10:1, а во некои општини СДСМ е трета партија.-Се одбраа градоначалници во Кисела Вода, Охрид, Радовиш, Берово, Ѓорче Петров, Гази Баба, Пехчево, Делчево, Прилеп, Битола, Гевгелија, Сопиште, Штип, Велес, Бутел, Аеродром, Јегуновце, Вевчани и на многу други места. Гласовите се пребројуваат, а резултатите укажуваат на водство. На прагот сме на убедлива победа во Струмица. Орце води убедливо во Скопје, 5:1, во некои општини и 6:1. Имаме водство и во Центар“, вели Мисајловски.

Скопје | пред 3 месеци

jakimovski-stevco

Стевчо Јакимовски оди во втор круг за Карпош

Стевчо Јакимовски, лидерот на партијата Граѓанска опција за Македонија-ГРОМ, вечерва објави дека продолжува во вториот круг на локалните избори.Рече дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски, води за 266 гласа, од 40 отсто од преброените гласови.

Скопје | пред 3 месеци

media-librarymvq1f8go3u4r5mbPVGQ

СДСМ: Водиме во седум општини, но имаше бројни изборни нерегуларности

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, на прес-конференција оцени дека изборниот ден поминал генерално мирно, но биле констатирани сериозни прекршувања на изборниот процес во повеќе општини низ државата.„Имаме злоупотреба на избирачкиот список, обиди за изборен поткуп, директни закани и уцени, како и кршење на изборниот молк преку агитација и нерегуларности при самото гласање“, рече Димитријевиќ.Тој наведе конкретни случаи — во Лозово бил спречен обид за поткуп документиран од МВР, а слични обиди се регистрирани и во други места. Во Куманово и Ѓорче Петров имало случаи каде еден гласач добил повеќе ливчиња, а во Ѓорче пет ливчиња му биле дадени од претседателка на избирачко место на нејзиниот сопруг. Во Студеничани членови на избирачки одбори истовремено биле и кандидати на советнички листи на ВМРО-ДПМНЕ.СДСМ пријавил и притисоци и закани кон активисти во Прилеп и Крива Паланка, како и користење на општински објекти за партиски цели во Неготино. Во Богданци, според Димитријевиќ, раководител на ОВР Гевгелија со службено возило на ЈП „Национални шуми“ агитирал за ДПМНЕ.Покрај тоа, биле забележани случаи на починати лица во избирачкиот список, злоупотреби на полициски службеници во изборни активности, како и поставување роднини на кандидати во општински изборни комисии. Агитација во време на изборен молк, според него, била забележана и во Охрид, Крива Паланка и Прилеп, а во Градско кандидат на ВМРО-ДПМНЕ упатувал закани кон членови на одбори.Димитријевиќ додаде дека имало и случаи на попречување на работа на новинарски екипи во Карпош, Охрид и Тетово и побара итна реакција од ДИК, Јавното обвинителство и МВР за да се обезбеди одговорност и фер изборен процес.„Правниот тим на СДСМ подготвува пријави до надлежните институции“, рече тој.Според досегашните резултати, СДСМ води и очекува победа во седум општини: Центар, Крива Паланка, Пробиштип, Чучер Сандево, Чешиново-Облешево, Кривогаштани и Богданци. Тесна трка се води во Неготино, Валандово, Македонска Каменица и Ранковце, а во Дојран и Лозово се очекува втор круг.„Во секоја општинска организација имаме подобар резултат од лани и подобри резултати од минатите парламентарни избори“, истакна генералниот секретар на СДСМ.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryuomhfgi3qo2j4E99SVb

Кирил Пецаков прогласи победа во Охрид уште во првиот круг

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Охрид, Кирил Пецаков, веќе прогласи победа во првиот круг.Историска победа!!!Ви благодарам Охриде!!Од утре уште појако одиме!, напиша Пецаков на ФБ

Охрид | пред 3 месеци

media-library20sa5e8o5mlhfXNMsTD

Во четири општини веќе се избрани градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ: Стефан Андоновски во „Претрес“ со Ландов

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, кој гостува во „Претрес“ на Ландов, соопшти дека во четири општини веќе се избрани градоначалници, а тоа се Радовиш, Ресен, Свети Николе и Сопиште.Освен тоа, тој рече дека во три општини, каде што досега градоначалници беа од редовите на СДСМ, сега владејачката партија е на чекот до победа и тоа во Струмица, Берово и во Делчево.Во Аеродром разликата е 1 спрема 5 во корист на ВМРО-ДПМНЕ, а во Охрид Кирил Пецаков има 11.000 гласа наспроти 4.000 колку што има неговиот протибкандидат. Во Прилеп, во огромна предност е Дејан Проданоски, исто така кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 3 месеци

ojo-gokk

ОЈО: Бројот на сторени кривични дела е мал во целата држава поврзано со изборите

Јавните обвинителства во текот на целиот ден интензивно го следеа изборниот процес и сите известувања со евентуални индиции за сторено кривично дело поврзано со изборите.Генерално, бројот на такви информации кои упатуваат на сомненија за сторени кривични дела е мал во целата држава, а обвинителствата веќе преземаат дејствија за нивно целосно испитување.На подрачјето на Вишото јавно обвинителство Скопје се евидентирани следните настани:– ОЈО Велес презема дејствија за испитување на наводи за поткуп при избори и гласање, против две лица во селото Согле, Општина Чашка– ОЈО Крива Паланка исто така испитува наводи за поткуп на гласачи.– ОЈО Куманово постапува за проверка на два издвоени случаи за телефонски влијанија врз гласачи во Куманово и Кратово.– ОЈО Скопје е известено од МВР за две задржани лица на гласачко место во Општина Чаир кои одбивале да се легитимираат, како и за 2 фотографирања на гласачко ливче во Гази Баба што во суштина е прекршок.На подрачјето на ВЈО Битола, по наводи за поткуп при избори постапува ОЈО Прилеп за настан во Крушево и ОЈО Охрид за настан во Охрид, каде три лица во возило, по оперативни сознанија на МВР биле запрени и во возилото биле пронајдени банкноти од по 2.000 денари и наводни списоци на гласачи. По наредба на јавен обвинител се испитуваат сите околности на случаите.На подрачјето на ВЈО Штип, не се примени писмени известувања за кривични дела поврзани со изборите. По усно известување за наводен поткуп на гласачи постапува ОЈО Свети Николе, додека ОЈО Штип и ОЈО Кочани постапувале по индиции за поткуп и притисок врз гласачи но наводите се веќе проверени и не се потврдиле.На подрачјето на ВЈО Гостивар, ОЈО Тетово и ОЈО Кичево, по објавени информации на медиуми оформија предмети по допрен глас и испитуваат евентуални прекршувања на изборниот молк во Кичево и во Желино. Исто така, ОЈО Кичево постапува и по информација за нерегуларности при гласањето на едно болно и изнемоштено лице во Македонски Брод. Во ОЈО Тетово е заведен предмет и против непознат сторител на кривично дело повреда на тајноста на гласањето, бидејќи фотографија на гласачко ливче се појавила на социјални мрежи.Станува збор за изолирани настани, а обвинителствата даваат приоритет на нивно итно расчистување.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryk8odp3o9scjg7wVQu9k

Излезноста до 18.30 e 46,65 отсто - ДИК соопшти нови информации

Државната изборна комисија ја соопшти излезноста до 18:30 часот на првиот круг на локалните избори низ Македонија.„Последниот одзив е до 18:30 часот, одзивот на ниво на државата изнесува 46,65%, односно излегле да гласаат 803.091 граѓанин, од 94,62% од обработените избирачки места“, рече Борис Кондарко.„Во споредба на локалните избори во 2021 година, вкупниот одѕив изнесувал 49,98%“, додаде Кондарко.Претседателот на ДИК потенцираше дека наскоро ќе соопштат и првични резултати од некои од општините

Скопје | пред 3 месеци

media-librarynnob8k75nld4bRRC1nb

„Ќе победиме во најголем дел од општините“! Тимчо Муцунски не го крие оптимизмот

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕм Тимчо Муцунски изјави дека очекуваат голема победа на овие локални избори.„На прагот сме на голема победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Ќе победиме во најголем дел во општините. Денеска Македонија имаше мирни и успешни избори, кои ги исполнуваат сите критериуми за успешен демократски процес. Најмирни избори, и заслугата е на граѓаните. Им благодариме на граѓаните. Очекуваме одличен изборен резултат и огромна победа која ќе биде прослава на вољата на граѓаните, и порака на сите оние кои ја влечат Македонија кон дното, без концепт и без визија. Македонија одлучи на тоа да стави крај.

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања