ИЗБОРИ25

media-libraryodhuqv3pnksa85Wyh7A

„По 20 години, во општината која беше пример за прогрес, СДСМ ќе биде опозиција“, Костадинов ја честиташе победата во Струмица

Костадин Костадинов, досегашниот градоначалник на Струмица во објава на ФБ вели дека по 20 години, СДСМ во таа општина ќе биде опозиција. Тој исто така ја честиташе победата.Уште еднаш сакам да честитам на резултатот и за градоначалничкиот мандат, и за мнозинството во Советот на Општината. Тоа е гласот на струмичанки и струмичани, избор што произлегува од политичката понуда создадена од одлуките на раководството на СДСМ.Од резултатите на Државната изборна комисија е јасно дека изборното цунами се разлеа низ речиси сите општини во државата. Ова не е обичен пораз, туку тешка брука и срам политички, но и морален. Состојбата во која е запален црвен аларм не е доволен сигнал за раководството на, до вчера, најголемата опозициска партија. Ова е сигнал за политичко заминување на поголем број членови од раководството.Тука станува збор за политичка одговорност и политички срам. Недозволиво е самоволието да продолжи да владее и со тоа секој еден член на СДСМ да биде понижен.Немојте да зборувате дека сте среќни со резултатот. Поголем пораз од ова нема.Час поскоро, секој кој носел одлуки треба да се погледне во огледало и да признае дека не го бива. И да си оди. Тоа е доблест, чекор со кој ќе се овозможи вистинските луѓе да се интегрираат во партијата и искрено да почнат со работа. Веднаш, уште денес.Mора да се седне на маса.За консолидација, но суштинска, а не декларативна на прес конференции. Вистинска, лице в лице.Повикувам, со ладни глави, кон реформа, реконструкција, ремонт и ребрендирање, кои можат да ја излечат СДСМ.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryc2usfast950u9sU3TCc

Прво обраќање на Каја Шукова откако не влезе во втор кург за Скопје

Кандидатката на СДСМ за градоначалник на Скопје, Каја Шукова, се огласи по завршувањето на првиот круг од локалните избори, на кои не успеа да влезе во вториот круг.„Им благодарам на сите граѓани кои излегоа и го искористија своето демократско право на глас. Учеството на граѓаните во изборниот процес е темел на здраво општество што се стреми кон напредок и одговорност“, напиша Шукова.Таа додаде дека, иако резултатот не бил оној што го очекувале, е горда на кампањата што ја водела — „чесно, транспарентно и со јасна визија за развој и подобар живот за сите жители на Скопје“.„Му благодарам на мојот тим и на сите поддржувачи за посветеноста и професионализмот. Покажавме дека може да се гради политичка култура заснована на почит, дијалог и идеи,“ порача кандидатката на СДСМ.Шукова нагласи дека, без разлика на изборниот резултат, ќе продолжи да работи за јавниот интерес и вредностите во кои верува, „со иста одговорност и посветеност“.На крајот, им упати порака на кандидатите кои продолжуваат во вториот круг:„Им посакувам фер, достоинствен и демократски натпревар.“

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryb313ksprs4pq1pbSr47

Независниот кандидат Умејр Мухамеди по изборите: „Ги нудиш решенијата, а луѓето повторно бираат истите“

По завршувањето на локалните избори, независниот кандидат за советник во Град Скопје, Умејр Мухамеди, се огласи со реакција на социјалните мрежи, изразувајќи разочараност од изборот на граѓаните.„Ги објавуваш сите недостатоци во Град Скопје, нудиш конкретни и изводливи решенија, укажуваш на спорни зделки и сериозни злоупотреби, предлагаш мерки за одговорност – и пак, наместо поддршка за нов лик кој ја разбира состојбата на градот подобро од било кој друг, одлучуваат повторно да гласаат за старите“, напиша Мухамеди.Тој се осврна и на имињата кои, според него, не нудат вистинска промена:„Наместо тоа, му даваат шанса повторно на Ристо Пенов, на полковникот од ЗНАМ и на неколку други анонимуси.“Сепак, Мухамеди им се заблагодари на сите кои му го дале својот глас.„Благодарам на сите кои го дадоа гласот за Независни Заедно – 5.241 на број. Благодарност и до сите останати, и Господ нека ви е на помош“, порача тој.

Скопје | пред 3 месеци

media-library36lrv6gi6moo27Cr4KF

ВМРО-ДПМНЕ: Историска победа – по 20 години освоена Струмица и 33 општини во прв круг

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека постигнала историски резултат на локалните избори, освојувајќи градоначалнички мандати во 33 општини уште во првиот круг, меѓу кои и Струмица — град што две децении важеше за бастион на СДСМ.„По 20 години, ВМРО-ДПМНЕ победи во бастионот на СДС – Струмица. Кандидатот Петар Јанков забележа историска победа со разлика од над 5.000 гласови“, соопштија од партијата.Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека освен во Струмица, успеале да ги освојат и повеќе општини кои претходно биле под раководство на СДСМ – меѓу нив Берово, Делчево и Маврово-Ростуше, а водат и во неколку општини каде ќе следува втор круг, како Пробиштип, Демир Капија, Старо Нагоричане и Валандово.„Овие локални избори потврдија дека граѓаните сакаат промени и резултати. ВМРО-ДПМНЕ во прв круг освои градоначалници во 33 општини, додека СДСМ само во три помали општини,“ велат од партијата.Меѓу општините каде што ВМРО-ДПМНЕ победи уште во првиот круг се: Берово, Битола, Велес, Охрид, Прилеп, Штип, Струмица, Гази Баба, Бутел, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Радовиш, Ресен, Свети Николе, Ново Село и други.Според партијата, ВМРО-ДПМНЕ со голема предност влегува и во вториот круг во Аеродром, Карпош и Град Скопје, каде кандидатот Орце Ѓорѓиевски ќе се соочи со кандидатот на Левица.„Овие резултати се доказ дека граѓаните избраа промена, напредок и одговорност. Македонија тргнува по нова патека – на развој и стабилност,“ стои во реакцијата.

Македонија | пред 3 месеци

filipce34

Стигна првото барање за оставка од Филипче

Од ВМРО-ДПМНЕ со реакција по резултатите од локалните избори, оценувајќи дека опозициската СДСМ доживеала, како што велат, „историски дебакл“.„Филипче е целосно декласиран и треба да си поднесе оставка. Го изгуби бастионот Струмица, а во Скопје не успеа ниту да влезе во втор круг,“ стои во реакцијата.Од партијата посочуваат дека СДСМ во главниот град завршила на четвртото место, зад ВМРО-ДПМНЕ, Левица и ВЛЕН, а дека Струмица, која со години важеше за бастион на социјалдемократите, овој пат била освоена од нивниот кандидат уште во првиот круг.„СДСМ предводена од Венко Филипче ја направи партијата трета сила на локално ниво, а во некои општини дури и четврта,“ наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ, спомнувајќи општини како Битола, Карпош, Кисела Вода, Куманово и Кочани.Во реакцијата се додава дека резултатите се доказ за, како што велат, „целосната безидејност и немањето конкретни проекти“, поради што, според нив, „единствениот чесен потег што Филипче може да го направи е да си поднесе оставка“.

Македонија | пред 3 месеци

maksim-dimitrievski-91234

Максим Димитриевски влегува во втор круг во Куманово, има огромна предност пред независниот Горан Стојковски

Во Куманово ќе има втор круг од локалните избори, откако актуелниот градоначалник и кандидат на ЗНАМ, Максим Димитриевски, не успеа да освои доволен број гласови за победа уште во првиот круг.Според податоците објавени на веб-страницата на Државната изборна комисија, Димитриевски добил 37,89 отсто од гласовите, односно 16.183 гласа. На второ место е независниот кандидат Горан Стојковски со 13,92 проценти или 5.946 гласа.Трет по број на освоени гласови е Селвер Ајдини од ДУИ со 5.905 гласа, а веднаш зад него е кандидатот на СДСМ, Мартин Костовски, со 5.793 гласа. Според досега обработените 98,80 проценти од гласачките ливчиња, овие резултати се сметаат за речиси конечни.Димитриевски синоќа изјави дека води убедливо во однос на сите останати шест кандидати и дека ЗНАМ, со поддршка од ВМРО-ДПМНЕ, има добиено најголем број гласови. Тој додаде дека во вториот круг очекува конечна победа, бидејќи, како што рече, граѓаните го препознаваат континуитетот и сакаат Куманово да продолжи да се развива во истиот правец.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarylb4grqvav3s821jfNql

СДСМ со прва реакција по првите резултати: ВМРО-ДПМНЕ загуби фантастични 140.000, разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ значително намалена

„По преброени 99% од гласовите, се потврдува он што СДСМ го говореше, а тоа дека оваа власт на чело со ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ на овие избори ќе изгуби огромен број на гласови“, велат од СДСМ и додаваат:Споредбените анализи со изборните резултати од минатата година покажуваат дека ВМРО–ДПМНЕ и ЗНАМ имаат изгубено по речиси една третина од гласовите. Падот на ВМРО-ДПМНЕ е фантастични 135.000 или 30,8% од гласовите, а ЗНАМ паѓа од 56.200 на 38.034 гласови, односно е најголем губитник и има изгубено 33% од гласовите.За разлика од нив СДСМ има изгубено само 18% од гласовите што, ако се земе предвид пониската излезеност речиси да нема загуба. Левица, која вчера триумфалистички излажа дека станувала лидер на опозицијата има изгубено ист процент на гласови како СДСМ, со мало подобрување на резултатот на на ниво на градот Скопје. Левица сумарно има 2,2 пати помалку гласови од СДСМ со што е јасно дека ваквите еуфорични лаги на Апасиев немаат допирна точка со реалноста.СДСМ се надеваше на подобар резултат, но фактот што е значително намалена разликата помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, фактот што ЗНАМ, нивниот привезок партија, има драматичен пад, укажува на тоа дека довербата во власта значително опаѓа. СДСМ останува втора најсилна партија.Според анализите, СДСМ има стабилизација и раст на процентот на освоени гласови во најголем дел од општините што е позитивен тренд, но и помал број општини каде има благ пад, за што ќе се направи соодветна анализа и преземат чекори за подобрување на резултат.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryrs12m9qmv8uq8rnDJdr

Мицкоски слави: „20 години чекавме на оваа победа во Струмица“

„Убедливо победивме во првиот круг во Струмица. 20 години чекавме за овој дел“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по објавувањето на првичните резултати од локалните избори.Според целосно обработените 100 проценти од избирачките места, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Јанков, доби 15.071 глас, додека кандидатот на СДСМ, Даскаловски, освои 9.732 гласа. Останатите кандидати имаат троцифрен број гласови.Мицкоски ја оцени победата во Струмица како „историска “, потсетувајќи дека ова е прва победа на неговата партија во овој град по две децении.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryagcbg1mln2q92BJzG24

Скопјани избраа градоначалници во 6 општини, втор круг ќе има во Аеродром, Центар, Карпош и Шуто Оризари

Според податоците што ги објави ДИК на својата веб-страница, во речиси сите скопски општини обработени се 100 отсто од избирачките места, а кај четири општини недостасуваат податоците уште од неколку места.Скопјани избараа градоначалници во првиот круг во шест општини:Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Сарај, Чаир, додека втор круг на 2.ноември ќе има во Аеродром, Центар, Карпош и Шуто Оризари.После првиот круг во Општина Аеродром, каде се обработени 99,90 отсто од избирачките места, води канидатот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен в.д. градоначалник Дејан Митески со 49,09 отсто од гласовите на скопјани или 16 225 гласа. Зад него е д-р Александар Трајановски од СДСМ кој има 20,79 отсто или 6 872 гласа, во Карпош актуелниот градоначалник Стевчо Јакимовски заостанува зад кандидатот на ВМРО, Сотир Лукровски за околу 1.500 гласови.Во Центар води актуелниот градоначалник од СДСМ, Горан Герасимовски пред Лабудовиќ од ЗНАМ со околу 3.000 гласови.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryovofe5aeqjj29IPP8ti

Втор круг во четири скопски општини и за градоначалник на Град Скопје

По првиот круг од локалните избори, граѓаните во повеќе општини избраа градоначалници уште во првиот круг, додека во дел од општините трката продолжува на 2 ноември, кога ќе се одржи вториот круг од изборите.Според податоците на Државната изборна комисија, во шест скопски општини веќе се избрани градоначалници — Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Сарај и Чаир. Во останатите четири – Аеродром, Центар, Карпош и Шуто Оризари, граѓаните повторно ќе треба да излеат на гласање.Во Аеродром, најмногу гласови во првиот круг освои актуелниот в.д. градоначалник Дејан Митески со 49,09%, пред Александар Трајановски со 20,79%. Двајцата одат во втор круг.Во Центар, актуелниот градоначалник Горан Герасимовски освои 38,21% од гласовите, додека Мирослав Лабудовиќ доби 25,53%. И тие двајца ќе се соочат повторно во вториот круг.Во Карпош, во водство е Сотир Лукровски со 34,51% пред Стевчо Јакимовски, кој има 29,40%.Во Шуто Оризари, вториот круг ќе го одлучи победникот меѓу актуелниот градоначалник Курто Дудуш (36,57%) и Ерџан Демир (20,69%).Втор круг ќе има и за градоначалник на Град Скопје, каде што ќе се натпреваруваат Орце Ѓорѓиевски и Амар Мециновиќ. Ѓорѓиевски освои 39,43% од гласовите или 91.582 гласа, а Мециновиќ 13,20% или 30.659 гласа.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryqeid4t3bga6v2AWGw9l

Мицкоски со порака до ДУИ веднаш по првиот круг од изборите

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по убедливата победа на партијата на локалните избори, на кои неговите кандидати освоија градоначалнички места во 32 општини уште во првиот круг, изјави дека исходот бил очекуван и дека тој претставува пораз на старите политички модели.„Темата за предвремени парламентарни избори веќе сум ја одговарал неколку пати. Кога ги давав тие одговори, знаев дека ќе се случи ова што се случи – знаев дека политиката од пред четири или пет децении ќе биде поразена, и бев во право,“ рече Мицкоски.Тој додаде дека резултатите се „јасна порака“ за ДУИ и нејзиниот лидер Али Ахмети, кои, според него, доживеале сериозно разочарување.„Многупати кажував дека ДУИ и Али Ахмети ќе бидат непријатно изненадени денеска – и очигледно се непријатно изненадени. Кога Ахмети се удираше во гради дека менувал премиери, реков: полека, почекај, ќе бидеш непријатно изненаден од резултатот. Ова е тој ден,“ изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.Мицкоски оцени дека овие избори означуваат пораз на политиките на етноцентризам, национализам и вештачки теми, кои, како што рече, „немаат никаква врска со секојдневните проблеми на граѓаните“.„На овие избори победи разумот, победи политиката што се занимава со реални проблеми, а не со орли и зајци. Сега се отвора прашањето за реформи во опозицијата. Јас не посакувам послушна опозиција, но очекувам далеку поконцентрирана и покапацитетна од оваа која зборува за небитни теми,“ додаде Мицкоски.

Македонија | пред 3 месеци

media-library98pbgi59mkafcwfu1kz

Познати резултатите по првиот круг: градоначалници избрани во 44 општини, три без доволен одѕив

На локалните избори одржани вчера, градоначалници се избрани уште во првиот круг во 44 општини, покажуваат првичните неофицијални резултати на Државната изборна комисија (ДИК). Најголем дел од нив се кандидати на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, која освои градоначалнички места во 32 општини.Според обработени 99,94 проценти од гласовите од 3.472 избирачки места, партијата ќе има градоначалници во Берово, Битола, Босилово, Бутел, Василево, Вевчани, Велес, Гази Баба, Гевгелија, Ѓорче Петров, Градско, Делчево, Демир Хисар, Зелениково, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Кисела Вода, Кратово, Новаци, Ново Село, Охрид, Петровец, Пехчево, Прилеп, Радовиш, Ресен, Свети Николе, Сопиште, Струмица и Штип.Во Старо Нагоричане, кандидатот на истата партија има точно 50 проценти од гласовите, што е граничен резултат за победа во првиот круг.Од останатите политички субјекти, СДСМ победи во три општини – Богданци, Крива Паланка и Кривогаштани, додека коалицијата ВЛЕН освои пет градоначалнички места – во Арачиново, Желино, Сарај, Чаир и Теарце.Коалицијата „Национална алијанса за интеграција“ (НАИ), предводена од ДУИ, според податоците на ДИК, доби четири општини – Гостивар, Липково, Пласница и Чашка.Изборите не успеаја во три општини – Центар Жупа, Врапчиште и Маврово Ростуше, бидејќи не излегла најмалку една третина од запишаните избирачи, што е законскиот минимум за да се смета дека изборите се валидни.

Македонија | пред 3 месеци

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев: Левица влегува во 10 нови совети – станавме втора партија во Скопје и повеќе општини

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, по првиот изборен круг изјави дека партијата постигнала историски резултат на локално ниво, освојувајќи над 70 советнички места низ државата.„Од 48 советници, според нашата аналитика, сега имаме над 70 советници на ниво на држава. За првпат влегуваме во советите на општините Тетово, Виница, Берово, Лозово, Пробиштип, Ранковце, Струмица, Радовиш, Кривогаштани и Ресен,“ рече Апасиев.Тој додаде дека Левица, покрај главниот град, станала втора најсилна политичка сила во повеќе скопски општини.„Покрај главниот град Скопје, втора партија сме во Аеродром, Карпош, Кисела Вода, Гази Баба, Бутел, Чаир и Велес. Тоа значи дека нашата визија за пасокизација на СДС се оствари – од вечерва Левица е вистински лидер на опозицијата,“ изјави Апасиев.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryajftn38v04kk9nQhZvl

И во Кочани ќе има втор круг, граѓаните ќе гласаат за д-р Грозданов и Венко Крстевски

Граѓаните на Кочани не избраа градоначалник во прв круг. На 2.ноември ќе гласаат за независниот кандидат Венко Крстевски или за д-р Владко Грозданов, исто така независен кандидат, поддржан од од ВМРО-ДПМНЕ.Според 80, 47 отсто од преброените гласови, Крстевски има 23.67 отсто или 2.704 гласови, а Грозданов со 39.95 отсто или 4.564 гласови.Вториот круг од Локалните избори ќе се одржи на втори ноември.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryf16ogmthvl4ceoFRbeS

Ѓорѓиевски и Мециновиќ во втор круг за Скопје – Шукова надвор од трката

Кандидатот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, и пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ, ќе се соочат во вториот круг од изборите за градоначалник на Град Скопје, кој ќе се одржи на 2 ноември.Кандидатката на владејачката партија Каја Шукова не успеа да влезе во трката за вториот круг и, според првичните официјални податоци, заврши четврта меѓу 16 кандидати кои се натпреваруваа за првиот човек на главниот град.Според 100 проценти обработени избирачки места, објавени од Државната изборна комисија (ДИК) утрово во 7 часот, Ѓорѓиевски освои 39,43 проценти од гласовите или 91.582 гласа, додека Мециновиќ има 13,20 проценти, односно 30.659 гласа.На трето место е кандидатот на коалицијата ВЛЕН, Башким Бакиу, со освоени 12 проценти или 27.864 гласа, а Шукова е четврта со 26.714 гласа или 11,50 проценти.Со 652 гласа помалку, односно 26.062 гласа, Скендер Реџепи од коалицијата „Национална алијанса за интеграција“ (НАИ), предводена од ДУИ, го зазеде петтото место, што претставува 11,22 проценти од гласовите.Во изборот за Совет на Град Скопје, најмногу гласови освои коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со 35,15 проценти, следат Левица со 11,83 проценти, ВЛЕН со 11,77 проценти, коалицијата предводена од ДУИ со 11,64 проценти, додека СДСМ и коалицијата освоија 10,56 проценти.Податоците се конечни на ниво на обработка, но неофицијални до потврда од ДИК.

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања