Промени тема
Контакт

МВР

media-library8p1l5u9oighe78qAFuD

Трагедија во Кисела Вода: Му се слошило на работно место и починал

На 24.03.2026 во 14:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во магацин во круг на фабрика на подрачјето на Кисела Вода, на Д.Д.(40) од Скопје, додека бил на работно место, му се слошило и починал.Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по насоки од јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.

Скопје | пред 6 месеци

media-library7kb44v98v31c6sXa7uE

Кумановец возел со 3,67 промили алкохол, полицијата го уапси

На 24.03.2026 во 12:02 часот на бул.„Октомвриска револуција“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода И.Ц.(49) од с.Режановце, кумановско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фиат“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 3,67 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.По це

Македонија | пред 6 месеци

media-librarygghgbk7k3rvt1EnJ0Qh

ДУИ алармира: Систематизацијата во МВР ја загрозува етничката рамнотежа

Демократската унија за интеграција изразува сериозна загриженост во врска со најавите за реорганизација на раководната структура во Министерството за внатрешни работи, која вклучува укинување на значителен број раководни позиции. Намалувањето на повеќе од една третина од раководната структура, во една од најчувствителните институции на државата, не е само организациско прашање. Тоа има директни последици врз правичната застапеност и врз меѓуетничката рамнотежа во безбедносните институции, велат

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryrhpb65f5dknm194Hqau

Тешко повреден 11-годишен пешак во Тетово, откако во него удри автомобил

На 24.03.2026 во 13:10 часот во СВР Тетово е пријавено дека на бул.„Маршал Тито“ во Тетово, патничко возило „рено“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(56) од Тетово, удрило во 11-годишен пешак од Тетово.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничка болница Тетово.Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово.

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryb0f5a0ljor1o44ogxb8

Раководители во ЈП „Национални Шуми“ го оштетиле буџетот на претпријатието за околу 1,5 милиони денари

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против В.К.(41) од село Сушево, струмичко и Г.Ц.(52) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в од Кривичниот законик.Пријавениот В.К., во својство на раководител во Јавно претпријатие „Национални шуми“ Подружница шумско стопанство „Беласица“ Струмица, во 2024 година склучил два договори со правно лице од село Иловица, струмичко, без прит

Македонија | пред 6 месеци

dokumenti

Со фалсификувани документи присвоил имот, па го продал

На 24.03.2026 во ОВР Гостивар, А.И.(58) од с.Врапчиште пријавила кривично дело „фалсификување исправа“.Според пријавеното, лицето Т.А. во текот на 2018 година со фалсификувана документација присвоил и префрлил на свое име имот од 1.500 метри квадратни во сопственост на нејзината починатата мајка, кој подоцна го препродал на трети лица.Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Македонија | пред 6 месеци

tepa-dete

Приведен кумановец кој го тепал малолетниот син

МВР информира дека 38-годишен кумановец е приведен завчера по пријава дека физички го нападнал својот малолетен син.– На 23.03.2026 во 18:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Б.А.(38) од кумановско село затоа што физички го нападнал неговиот малолетен син – информираат од Секторот за внатрешни работи.Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 6 месеци

media-library80jm06gsmfnt9KWKW6v

Стружанец со камион удрил пешак во Србија и избегал

Стружанецот Н.К.(33) е уапсен по налог на Основното јавно обвинителство во Лесковац по сомнение дека синоќа со камион го прегази пешакот Г.П.(57) од Грделица, кој почина на самото место.Несреќата, како што пишуваат дел од српските медиуми, се случи ноќеска на автопатот Врање – Лесковац, кај исклучувањето за Грделица.Како што се сомнева, Н.К. управувал камион „Volvo“ кон Лесковац кога удрил во пешакот и му нанел повреди од кои човекот починал на самото место.Според информациите, осомничениот не с

Македонија | пред 6 месеци

media-library9ebihmiembn0c4JcH1p

Уапсен возачот кој ноќеска прегази пешак во Марино

На 24.03.2026 во 23:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„500“ во с.Марино, општина Илинден, патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(21), удрило во пешакот О.М.(52), двајцата од с.Марино.Во несреќата, од здобиените повреди на местото починал О.М., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција, возилото е одземено за вештачење, а возачот А.А. е лишен од слобода и задржан во Поли

Скопје | пред 6 месеци

media-libraryqqqj6jrpg4kvcO37G8e

1177 сообраќајни прекршоци за два дена: 11 возила одземени, 324 казни за неправилно паркирање

Во текот на изминатите два дена (23/24.03.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1177 издадени платни налози, од кои 217 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 25 лица, од кои две за возење под дејство на алкохол, 10 за возење без возачка дозвола, две поради претходн

Македонија | пред 6 месеци

media-library6k3cinq1n3bbe9agEOL

Четворица возеле без возачка дозвола, еден малолетник меѓу нив: Уапсени седум возачи

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило. Од нив четири управувале возило без возачка дозвола, од кои еден малолетник, по еден со активна забрана и под дејство на алкохол, а еден под дејство на алкохол и со активна забрана. По едно лице во Гостивар, Кавадарци, Прилеп и Тетово (малолетник) воеле без возачка дозвола. Еден возач во Тетово возал под дејстов на алкохол, еден возач во Гостив

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryj94lg76ne2446vgQSul

Тошковски за случајот со Анакиев: Нема недопирливи, секој којшто ќе се огреши со рекетирање и корупција ќе одговара

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека апсењето на директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев, кој беше фатен со 50 илјади евра поткуп, е јасен доказ за неселективната борба против корупцијата. Тој нагласи дека осомничениот бил фатен на лице место со претходно обележани пари, во координирана акција со Јавното обвинителство.„Ова е еден од случаевите коишто ја потврдува неселективната борба на Министерството за внатрешни работи посебно против оние коишто

Македонија | пред 6 месеци

media-library3b651hlbrs9u6sf7rRv

Петмина приведени за семејно насилство – 10 пријави за едно деноноќие

На 23.03.2026 во 16:30 часот во охридско село, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода А.П.(54) од селото, постапувајќи по претходна пријава дека на 21.03.2026 во семејниот дом физички ја нападнал неговата 76-годишна мајка, при што употребил и тврд предмет.На 23.03.2026 во СВР Охрид, полициски службеници извршија службен разговор со А.Т.(29) од Битола, со престој во охридско село, постапувајќи по претходна пријава дека околу 13:30 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговат

Македонија | пред 6 месеци

taksi

Разбојништво во Прилеп: Нападнат таксист, му ги одзеле парите од прометот

На 24.03.2026 во 03>25 часот во СВР Битола, П.К.(62) – такси возач од Прилеп, пријавил дека на ул.„Тризла“ во Прилеп бил физички нападнат од три лица, кои му ги одзеле  парите од  прометот.Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Македонија | пред 6 месеци

media-library8p1l5u9oighe78qAFuD

Уапсен 48-годишник од Долнени за сексуално вознемирување на прилепчанка

На 23.03.2026 во 16:20 часот во село во општина Долнени, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиja од слобода Џ.Р.(48) од селото, постапувајќи по претходна пријава од 27-годишна прилепчанка дека истиот ден полово ја вознемирувал.По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 6 месеци

toskovski-sednica

Ромите кои протестираа за да возат без возачки добија кривични: Му се заканувале на Тошковски и блокирале сообраќај

СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Ф.(59), М.Р.(48), Д.Ф.(45) и Ј.Ф.(41), сите од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна верска и друга дискриминаторска основа“ и „поттикнување“.На 03.02.2026 на пат во близина на Битола и во Битола, пријавените организирале ненајавен собир, каде со поголема група на граѓани го блокирале сообраќајот и упатувале закани кон припадници на Министерството за вн

Македонија | пред 6 месеци

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

58-годишен маж нападнал дете со тврд предмет

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против У.Б.(58) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“.На 10.03.2026 во Дебар, пријавениот физички нападнал малолетник од Дебар, при што употребил и тврд предмет.

Македонија | пред 6 месеци

uapsen

Кумановец крадел делови од возило, полицијата го уапси

На 23.03.2026 во 17:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.Д.(34) од Куманово затоа што на бул.„Трета македонска ударна бригада“ се обидел да одземе делови од паркирано патничко возило.Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryfvs3ko4ojui4eDcDRAJ

Уапсени шест лица за организирање борба на кучиња во Куманово

На 23.03.2026 во 23:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода С.Р.(34) , А.М.(31), А.М.(27), Ј.К.(38), сите од тетовско, С.А.(40) од с.Черкезе, кумановско и Н.М.(62) од Гостивар затоа што на подрачјето на Куманово организирале борба на кучиња.Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryu95mndbpf2uacNbhhC4

23-годишник со повреди од нож донесен во ГОБ „8 Септември“

На 23.03.2026 во 23:00 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „8 Септември“ е пријавено дека кај нив бил донесен Ф.Љ.(23) од с.Кондово, скопско, со повреди нанесени од остар предмет.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 месеци

vozach

Малолетник возел БМВ без возачка, полицијата го одзема возилото

На 23.03.2026 во 19:00 часот на бул.„Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово сопреле патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 17-годишен малолетник од с.Стримница, тетовско.Поради управување на возилото пред да се стекне со право на управување моторно возило и согласно член 297-а од Кривичниот законик, возилото е привремено одземено.По целосно документирање на случајот, против него ќе следува

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryi914btvksrf37f9PU2g

Пронајден украден автомобил во гостиварско, уапсен 31-годишен маж

На 23.03.2026 во 21:00 часот во с.Чегране, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Е.Ш.(31) од истото село поради сомнение за сторено кривично дело „противправно одземање патничко возило“ по член 242 од Кривичниот законик.Притоа, кај него во дворот е пронајдено патничко возило „опел корса“ со гостиварски регистарски ознаки, кое беше пријавено за одземено на 16.03.2026.Возилото е вратено на сопственикот, а тој е задржан во полициска станица и по целосно документирањ

Македонија | пред 6 месеци

media-librarycnknba9drcl66ylKZAu

45-годишен маж следел и се заканувал на жена и нејзината малолетна ќерка

На 23.03.2026 во 22:00 часот во гостиварско село, полициски службеници од Полициското одделение Галате го лишија од слобода Г.А.(45) од селото, постапувајќи по претходна пријава од 36-годишна жена дека неа и нејзината малолетна ќерка ги следел, вознемирувал им упатувал закани и им барал пари.Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 месеци

dzamija

Обид за насилно отворање на донациска каса во џамија во Бродец

На 23.03.2026 во 20:13 часот во СВР Тетово било пријавено дека во периодот од 15:30 до 19:45 часот со употреба на физичка сила било влезено во џамијата во с.Бродец, тетовско, и бил направен обид насилно да се отвори металната каса за донации, но не била отворена.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 месеци

zeni-1

Злоупотребени лични податоци на новинар од Тетово

На 23.03.2026 во 23:30 часот на електронска адреса на Секторот за компјутерски криминал при МВР, новинарот А.З. од Тетово, пријави злоупотреба на неговите лични податоци на социјална мрежа.Имено, според пријавеното, од профил под име А.А. се објавувале клевети и лажни информации со цел нарушување на неговиот углед.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања