Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

МВР

lefkada-brza-pomos

Тешко повреден работник на градилиште во скопско училиште

Во текот на изведување градежни работи во основно училиште во скопската општина Гази Баба, 35-годишниот И.И. од село Ореше, тетовско, се здобил со тешки телесни повреди.Несреќата се случила вчера околу 13:30 часот, а повредениот е пренесен со Итната медицинска помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Полицијата извршила увид, а случајот е пријавен и до трудов инспектор.

Скопје | пред 1 година

lisici

Лекар од Струшката болница обвинет за несовесна работа и незаконско примање плата

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 42-годишниот К.С. од Струга, вработен како доктор во Општата болница, под сомнение за кривично дело „несовесно работење во службата“.Според полицијата, тој од 1 јули 2019 година до 29 ноември 2024 година не се појавувал на работното место, ниту ги известил надлежните за прекин на специјалистичкиот стаж.Дополнително, од 15 јули 2020 година немал важечка лиценца за работа како доктор по медицина. И покрај тоа, во целиот период земал плата и додатоци, со ш

Македонија | пред 1 година

batinci

Муса Џавит кој го уби армискиот офицер и понатаму е недостапен за правдата – се бара со меѓународна потерница за две убиства

Бегалецот Муса Џавит, кој е осомничен дека минатата недела го застрела и усмрти армискиот офицер пред селото Батинци, се уште не е пронајден и, според сознанијата на истражните органи, најверојатно ја напуштил земјата.Од Министерството за внатрешни работи за ТВ 24 потврдуваат дека Џавит веќе подолго време се бара со меѓународна потерница за претходно извршено убиство, а откако е осомничен за ново кривично дело, по него се трага со засилена меѓународна акција.„Нашите служби се во континуирана сор

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-07-13-at-12.45.27

Детали за двојното убиство и самоубиство во Прилеп: Петар веќе бил пријавуван за пукање, пиштолот го наследил од татко му

Петар Ѓ. (62) од Прилеп, кој завчера ги уби својот внук од сестра и неговиот малолетен син, а потоа се самоуби по престрелка со полицијата, и во минатото бил пријавуван за инцидент со огнено оружје, но делото тогаш застарело, информираат од ОВР Прилеп за „Скопје1“.Според полицијата, оружјето со кое го извршил двојното убиство и самоубиството било во негова сопственост легално – стекнато по наследство од негов родител, за што поседувал дозвола од 2012 година, обновена во 2022 година.Во јавноста с

Македонија | пред 1 година

pozarna-avtobus-nokje

Пожар во гаражен простор во зграда во Хиподром – оштетени мерцедес и БМВ, а едно лице вдишало чад

Во раните утрински часови денеска, во скопската населба Хиподром избувнал пожар во гаражен простор под зграда, во кој биле зафатени патнички возила „мерцедес“, „бмв“ и мотор „беверли“.Возилата се сопственост на А.С. (32) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипа на ППЗ Скопје, а едно женско лице добило медицинска помош поради вдишување чад.

Скопје | пред 1 година

kompjuter

Кривична пријава за ширење расистички и ксенофобичен материјал

СВР Штип поднесе кривична пријава против А.А. (31) од Македонска Каменица, поради сомнение дека сторил кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.Како што се наведува во соопштението, на 23 април 2025 година, пријавениот преку социјална мрежа објавил содржини што поттикнувале омраза, нетрпеливост и насилство.

Македонија | пред 1 година

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Сообраќајна несреќа во битолско – возач починал на лице место

На регионалниот пат Битола – Демир Хисар, во близина на селото Драгарино, на 13 јули 2025 година, патничко возило „Фолксваген Поло“ управувано од А.Ѓ. (45) од с. Загориче излетало од коловозот.Како што соопшти МВР, возачот починал на самото место, а смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид извршиле јавен обвинител и полициска екипа од СВР Битола.

Македонија | пред 1 година

policija-policaec

Сообраќајна полиција отстрани од сообраќај возач кој возел со 114 кмлометри на час во населено место

Сообраќајна полиција го отстранила од сообраќај 44-годишниот Ќ.Т. од селото Боговиње, гостиварско, кој управувал возило со двојно поголема брзина од дозволената на магистралниот пат Кичево–Охрид.Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 13 јули 2025 година, во 18.05 часот, на делницата кај кичевското село Другово, при контрола во патниот сообраќај, полициските службеници од СВР Охрид утврдиле дека лицето управувало патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки с

Македонија | пред 1 година

policija

За викендот изречени над 1700 сообраќајни казни – најмногу за брзо возење

Во текот на изминатиот викенд (12 и 13 јули), полициските службеници низ државата спроведоа засилени сообраќајни контроли, при што се изречени вкупно 1711 платни налози за различни прекршоци, информира Министерството за внатрешни работи.Најголем дел од казните – дури 828 – се однесуваат на возачи кои ја пречекориле дозволената брзина. Дополнително, санкционирани се 148 лица кои управувале возило без возачка дозвола, а 80 возачи се исклучени од сообраќај поради возење под дејство на алкохол.Контр

Македонија | пред 1 година

droga-zaplena-2

Претреси во Пробиштип и пробиштипско, пронајдена дрога и други предмети

На 12/13.07.2025 во период од 23.20 до 04.50 часот, полициски службеници од НККР Пробиштип, ПСОН Штип, СВР Штип и Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност во содејство со Државен пазарен инспекторат, Државен инспекторат за труд, Управа за јавни приходи и Државен градежен инспекторат за урбанизам, во рамки на активности за откривање на кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ (член 215 од КЗ), и

Македонија | пред 1 година

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Лишени од слобода возачи во Тетово и Гостивар затоа што управувале возила под дејство на алкохол

На 12.07.2025 во 14.00 часот на улица „Браќа Миладинови" во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Љ.Т.(64) од Тетово.При вршење на увид на претходно случена сообраќајна несреќа, полициските службеници утврдиле дека Љ.Т. управувал патничко возило „фиат пунто“ со тетовски регистерски таблици, а било видливо дека е под дејство на алкохол и побарале да го алкотестират, но Љ.Т. одбил. Поради тоа Љ.Т., е однесен во Клиничката

Македонија | пред 1 година

posumuvanje-Kuckovo-1

Осум лица казнети во струмичко поради непочитување на забраната за движење во шуми

Осум лица се санкционирани вчера во шумски подрачја во Струмичко поради непочитување на одлуката за забрана за движење во шуми, информираат од Министерството за внатрешни работи.На 12 јули, полициски службеници од СВР Струмица спровеле теренска контрола во шумски предели со цел да проверат дали граѓаните ја почитуваат мерката што е на сила од 1 јули до 31 август 2025 година.„При контролата беа затекнати осум лица кои се движеле низ шума без да поседуваат соодветно одобрение за движење, издадено

Македонија | пред 1 година

policiska-lenta

Уби двајца меѓу кои и дете, објави на Фејсбук, па се самоуби: монструмот од Прилеп фрлил и бомба кон полицијата

Крвава трагедија го потресе Прилеп доцна синоќа, каде во семејна куќа во центарот на градот беа пронајдени три безживотни тела – на 63-годишен маж, 43-годишен татко и неговиот 13-годишен син.Според официјалните информации од МВР, трагедијата започнала на 12 јули околу 21:20 часот, кога К.Ч. (43) пријавила дека од нивниот дом се оддалечиле нејзиниот сопруг П.Ч. (43) и нивниот син. Таа изјавила дека се сомнева оти двајцата се упатиле во домот на нивниот роднина П.Ѓ. (62).Полициски службеници ведна

Македонија | пред 1 година

najnova

Крвава семејна веселба во Прилеп: Двојно убиство и самоубиство!

Двојно убиство и самоубиство вечерва се случило во Прилеп, дознава “Скопје1”. Според неофицијални информации од наши извори, драмата се одвивала за време на семејна веселба.“Скопје1” дознава дека вујко, убил внук и таткото на внукот, по што извршил самоубиство. Засега овие информации се непотврдени од институциите.На терен во месноста каде се случил ужасниот настан, има силно полициско присуство.“Скопје1” побара информации од МВР, а одговор се очекува во текот на утрото.

Македонија | пред 1 година

batinci

Мотивот зад убиството во Батинци – маж пукал во татко на девојка која одбивала брак

МВР ја откри причината за убиството на влезот од скопското село Батинци кое се случи вчера, а каде што 50-годишниот А.М. им подлегна на прострелни рани откако во него пукал Џ.М., осомничен дека делото го сторил од одмазда поради одбиван предлог за брак.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот е пријавен во 10:15 часот, а жртвата била веднаш пренесена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде што околу 11:00 часот починал.Потресни детали открива ќерката на

Скопје | пред 1 година

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Лишен од слобода скопјанец, кај него пронајдени запалени кабли

На 11.07.2025 во 16.10 часот на ул.„Лазар Личеновски“ во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.К.(44) од Скопје, откако при преглед кај него биле пронајдени запалка, најлонска вреќа во која имало запалени кабли, метални и бакарни предмети.Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок.

Скопје | пред 1 година

arsovska1111

На Арсовска и одобрија 24-часовно полициско обезбедување, на нејзе е дали ќе го прифати

По вчерашниот инцидент во скопската Општина Чаир, Министерството за внатрешни работи донесе одлука за одобрување 24-часовно полициско обезбедување на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Одлуката е донесена врз основа на безбедносна проценка подготвена од Агенцијата за национална безбедност (АНБ).„Во текот на денешниот ден, градоначалничката ќе биде контактирана од надлежните служби за да се координираат активностите поврзани со личната заштита“, соопштија од МВР.Министерството нагласув

Скопје | пред 1 година

policija-policaec

Алкохолизиран возел „мерцедес“ низ Кавадарци, па се пресметувал со полицијата

На 11 јули, околу 23:50 часот, на улицата „7-ми Септември“ во Кавадарци, полициски службеници привеле 49-годишен маж од градот со иницијали Г.Т., откако бил затекнат како управува возило во алкохолизирана состојба.При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „Мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, а кај возачот биле измерени 1.74 промили алкохол во крвта. Освен тоа, според полицијата, тој физички се спротивставил на службено лице, туркајќи му ја раката со цел да го спречи во презе

Македонија | пред 1 година

policija-policaec

Лишен од слобода возач во Кавадарци, возел под дејство на алкохол и спречувал полициски службеник при преземање службени дејства

На 11.07.2025 во 23.50 часот, на улица „7-ми Септември“ во Кавадарци, полициски службеници го лишија од слобода Г.Т.(49) од Кавадарци.При сообраќајна контрола, сопрено е патничко возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, што го управувал Г.Т. и по преземени мерки, констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1.74 промили алкохол во крвта.Исто така, тој му ја туркал раката на полициски службеник, со цел да го спречи да преземе службени дејства. Г.Т. е задржан во

Македонија | пред 1 година

pozar-1-1

МВР: Лишен од слобода 74-годишен маж од тетовско поради палење оган во нива

Министерството за внатрешни работи информира дека во четвртокот (10 јули 2025) во 21:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.С. (74) од село Мала Речица, тетовско.Според пријавата, околу 20 часот С.С. на негова нива во Тетово вршел земјоделски работи и на три различни места запалил сува трева и отпадоци.Веднаш по добиената пријава, полициски службеници се упатиле на местото на настанот и го привеле лицето, а пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единиц

Македонија | пред 1 година

armija

Фатени на дело: Палеле кабли на дива депонија меѓу Кадино и Миладиновци

На 10 јули околу 15:30 часот, интервентна патрола на СВР Скопје спречила сериозен пожар на потегот меѓу Кадино и Миладиновци. Според информациите од МВР, полициски службеници забележале густ црн чад и на лице место затекнале две лица како палат кабли во близина на сува трева и отпад, на дива депонија.Со брза интервенција огнот бил изгаснат пред да се прошири, а двајцата осомничени – И.Б. (39) од Куманово и А.Б. (31) – се приведени и задржани во Полициска станица Гази Баба. За случајот е известен

Македонија | пред 1 година

shumska-policija

Тешки сообраќајки, пожари, починати и повредени лица - МВР билтен

Во текот на вчерашниот и денеска, полицијата евидентирала низа сериозни настани поврзани со сообраќајни несреќи, пожари, повреди и нарушувања на јавниот ред и мир.Сообраќајки со тешки последициВо неколку одвоени сообраќајни инциденти низ државата има еден загинат и повеќе повредени лица. На магистралниот пат Охрид–Кичево, кај селото Оровник, животот го загубил 83-годишниот В.Б. од Охрид, откако во неговото возило „цитроен“ удрило возило „ауди“ со албански ознаки. Двајца други се здобиле со телес

Македонија | пред 1 година

policija-policaec-35-450x270-1

Не носеле кациги, возеле без дозвола, правеле бучава - МВР за шест часа казни 232 мотоциклисти

Во рамки на засилените контроли за поголема безбедност во сообраќајот, Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола насочена кон возачите на мотоцикли. Контролата е реализирана на 9 јули 2025 година, во периодот од 16 до 22 часот, на територија на цела држава. Притоа, санкционирани се вкупно 232 возачи на мотоцикли.Како што информираат од МВР, кај 97 од нив е утврдено дека не носеле заштитна кацига, 77 управувале мотоцикл без возачка дозвола, а осум мотоцикли се одземени поради и

Македонија | пред 1 година

disko

Акциска контрола во ноќни клубови во тетовско и гостиварско, приведени седум странски државјанки поради злоупотреба на туристичкиот престој

На 09/10.07.2025 во времето од 22 часот до 02 часот, врз основа на претходно изготвен план од страна на СВР Тетово и ОВР Гостивар, била извршена акциска контрола во угостителски објект- ноќен бар во с.Желино, сопственост на J.Ф.(47) од с.Желино, за откривање на странски државјани, илегален престој и злоупотреба на туристичкиот престој.При контролата во објектот, затекнати се пет државјанки на Р.Албанија, на возраст од 24 до 50 години. Исто така, во угостителски објект- ноќен клуб во с.Зубовце, г

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-07-09-at-18.03.05

Пуштена за сообраќај е скопската обиколница, сообраќајот кон ГП Блаце пуштен само за патнички возила

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека целосно пуштена за сообраќај е скопската обиколница.„Исто така, ја информираме јавноста дека од 17.20 часот е пуштен сообраќајот кон ГП Блаце само за патнички возила, но останува во важност забраната за движење на товарните возила“, велат од МВР.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања