Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

НАТО

misajlovski-1

Мисајловски на состанок на министри за одбрана на НАТО во Брисел

Министерот за одбрана Владо Мисајловски, денеска ќе учествува на состанокот на ниво на министри за одбрана на Северноатлантскиот совет на НАТО во седиштето на Алијансата во Брисел.- Министерот Мисајловски заедно со колегите-министри за одбрана на сојузничките земји, за време на состанокот ќе дискутираат на повеќе теми меѓу кои и инвестициите во одбраната согласно последните одлуки од Самитот во Хаг, исполнување на целите на способност, зацврстувањето на одбраната, придонесот во операциите предво

Македонија | пред 5 месеци

nato-zastava

Русија тврди: НАТО се подготвува за војна

Северноатлантскиот сојуз се подготвува за конфликт со Русија, изјави во интервју за TASS Владислав Маслеников, директор на Одделот за европски прашања при Министерството за надворешни работи на Русија.„Русија моментално е дефинирана како ‘најзначајна и најдиректна безбедносна закана’ во сите доктрински документи на НАТО, бидејќи блокот нагласува дека таквата закана ќе остане долгорочно, дури и ако конфликтот во Украина се реши“, рече висок руски дипломат, одговарајќи на прашањето дали Русија и Н

Свет | пред 6 месеци

media-libraryflk78kl44c1g0BvleKZ

Руте: Путин би бил задоволен од европска војска

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги отфрли повиците на дел од европските лидери за формирање посебна европска војска, оценувајќи дека таквата идеја би го ослабнала трансатлантскиот сојуз и би му одела во прилог на рускиот претседател Владимир Путин. Обраќајќи се во Европскиот парламент во Брисел, Руте порача дека заговорниците на европски сили одвоени од НАТО „можат да продолжат да сонуваат“, нагласувајќи дека безбедноста на Европа треба да се зајакнува во рамки на алијансата предводена

Свет | пред 6 месеци

kina

Пекинг: „Кинеската закана“ за Гренланд е целосно неоснована

Пекинг соопшти дека идејата оти Кина претставува закана за Гренланд е „целосно неоснована“, реагирајќи на извештаите дека НАТО и американскиот претседател Доналд Трамп разговарале за спречување на Кина и Русија да стекнат влијание на арктичката територија.„Таканаречената ‘кинеска закана’ е целосно неоснована и Кина се спротивставува на практиката да се користи Кина како изговор за остварување себични интереси“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гуо Ѓиакун, на ред

Свет | пред 6 месеци

media-librarylk9kgmbun1p98ygMpxX

Поранешниот висок функционер на НАТО бара европска „црвена линија“ поради изјавите на Трамп

Европа мора да заземе значително поцврст став кон, како што ги оцени, „непријателските испади“ на американскиот претседател Доналд Трамп поврзани со Гренланд, истовремено нудејќи рамка за соработка што ќе вклучува економски и безбедносни договори. Ова го порача поранешниот дански премиер и поранешен генерален секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, во авторски текст објавен во „Економист“.Расмусен потсети на долгогодишната воена поддршка што Данска ѝ ја давала на Америка, нагласувајќи дека дански

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2022-02-26-at-23.58.02

Трамп: Да не се појавев јас, денес немаше да постои НАТО

Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи со нова контроверзна порака на својата социјална мрежа Truth Social, во која тврди дека без неговото појавување денеска немало да постои НАТО.Трамп напиша дека ниту една личност, ниту еден претседател во историјата, не направил повеќе за Алијансата од него, нагласувајќи дека НАТО, според неговите зборови, би завршил „на сметилиштето на историјата“ доколку тој не се вмешал.„Да не се појавев јас, денес немаше да има НАТО. Ќе завршеше на сметилиштето

Свет | пред 6 месеци

media-library1j76j1tsa7va7KsvfO3

Трамп објави приватни пораки од Макрон и шефот на НАТО

Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа Truth Social објави приватни пораки за кои тврди дека му биле испратени од генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, како и од францускиот претседател Емануел Макрон.Во пораката што Трамп ја припишува на Руте, генералниот секретар на НАТО му честита за, како што наведува, постигнатото во Сирија и изразува намера на Светскиот економски форум во Давос јавно да го истакне ангажманот на американскиот претседател во Сирија, Газа и Украи

Свет | пред 6 месеци

media-libraryuh3kggafh3aj9PQiTmj

Данска и Гренланд разговараат за можно распоредување на НАТО на Арктикот

Данска и Гренланд разговарале за можноста за распоредување на НАТО на Гренланд и поширокиот арктички регион, изјави денеска данскиот министер за одбрана Тролс Лунд Поулсен по средбата со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, и министерката за надворешни работи на Гренланд, Вивијан Моцфелд, во Брисел.Поулсен нагласи дека иницијативата била предложена од данска страна и дека генералниот секретар на НАТО ја примил на знаење. Според него, постои надеж дека во наредниот период ќе може да се воспос

Свет | пред 6 месеци

media-library11b3gk4h51qq1Vws45J

Поранешниот шеф на НАТО предупредува: Америчко преземање на Гренланд ќе го разниша светот, тоа ќе е крај на светскиот поредок каков што го познаваме

Поранешниот генерален секретар на НАТО и екс-премиер на Данска, Андерс Фог Расмусен, предупреди дека евентуално насилно преземање на Гренланд од страна на САД би претставувало „крај на светскиот поредок каков што го познаваме“.Во изјава за Фајненшл тајмс, Расмусен оцени дека реториката на американскиот претседател Доналд Трамп за Гренланд е загрижувачка и ја спореди со јазикот што го користат, како што рече, „гангстери во Русија и Кина“, држави кои, според него, САД треба да се обидуваат да ги к

Свет | пред 6 месеци

jens-stoltenberg-1

Столтенберг предупредува: Ништо не е загарантирано кога станува збор за иднината на НАТО

Во услови на растечки тензии поради американските претензии кон Гренланд, поранешниот генерален секретар на НАТО и актуелен министер за финансии на Норвешка, Јенс Столтенберг, порача дека Европа не смее лесно да ги игнорира пораките што доаѓаат од Вашингтон. Во интервју за германскиот магазин Der Spiegel, Столтенберг изјави дека изјавите на Соединетите Американски Држави за преземање контрола врз Гренланд мора да се сфатат сериозно.„Мораме сериозно да ја сфатиме изјавата на Соединетите Американс

Свет | пред 6 месеци

rute1

Генералниот секретар на НАТО предупредува: Ослабена Европа значи поголем безбедносен ризик

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска повика на продолжување и зајакнување на поддршката за Украина, предупредувајќи дека Европа би можела да се соочи со зголемени безбедносни ризици доколку покаже колебливост и ослабена решителност.Руте истакна дека Украина мора да остане силна и способна да се брани, со цел да се спречат, како што рече, можни обиди на рускиот претседател Владимир Путин да го загрози НАТО. Според него, стабилна и отпорна Украина претставува клучен елемент за безбедно

Свет | пред 7 месеци

mk-nato-6

Германскиот министер за одбрана предупредува: Путин не сака директна војна со НАТО, туку да го разниша одвнатре

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека рускиот претседател Владимир Путин не тежнее кон директна војна со НАТО, туку има за цел постепено да ја ослаби Алијансата одвнатре и да го поткопа нејзиното единство.Во интервју за германскиот весник Die Zeit, Писториус оцени дека не верува оти Москва планира фронтален судир со НАТО, но предупреди дека стратегијата на Кремљ е насочена кон разорување на довербата, солидарноста и решителноста меѓу сојузниците. Според него, Русија контину

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2022-03-24-at-08.08.56

Москва без отстапки: НАТО-членството на Украина е „апсолутно неприфатливо“

Русија нема да прави никакви компромиси кога станува збор за евентуално членство на Украина во НАТО, ниту за распоредување на алијансиски воени контингенти или офанзивно оружје на украинска територија. Ова денеска го изјави заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Александар Грушко.Во изјава за агенцијата „Спутник“, Грушко порача дека позицијата на Москва е јасна, цврста и одамна позната.„Членството на Украина во НАТО, како и распоредувањето на воени контингенти и ударно вооружување на

Свет | пред 7 месеци

media-libraryn0at4km4a84jamHzvVd

Зеленски: „Немаме сила да го вратиме Крим“ - ја призна и за членството во НАТО!

Украина има реалистичен пристап кон своето идно членство во НАТО и е свесна дека во моментот нема ниту доволно капацитети ниту широка меѓународна поддршка за враќање на Крим, но нејзиниот став за статусот на полуостровот останува непроменет. Ова го изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.Тој одговараше на прашање на Би-Би-Си во врска со изјавата на Доналд Трамп за „Политико“, во која Трамп тврдеше дека Зеленски во 2019 година од рускиот претседател Владимир Путин побарал враќање на Кри

Свет | пред 7 месеци

MO-Sekerinska-Brisel_3

НАТО загрижен за руските вмешувања на Балканот

НАТО внимателно ги следи обидите на Русија да влијае врз внатрешните процеси во Босна и Херцеговина и поширокиот регион на Западен Балкан, изјави заменик-генералниот секретар на Алијансата, Радмила Шекеринска, во интервју за агенцијата ФЕНА. Таа нагласи дека ваквите активности се препознатлив дел од „рускиот модел на дејствување“, кој вклучува хибридни методи за создавање поделби и политички нестабилности.„Многу внимателно ги следиме обидите на Русија да се меша во домашните и регионалните проце

Свет | пред 7 месеци

h_57503169

По предупредувањата на Путин дека е „подготвен за војна со Европа“, НАТО: „Спремни сме за секоја криза“

Врховниот командант на сојузничките сили на НАТО во Европа, американскиот генерал Алексус Гринкевич, порача дека планираното намалување на бројот на американски војници на континентот нема да ја загрози одбраната на Европа. Во интервју за Politico, тој нагласи дека европските и канадските капацитети се доволни за одговор на секоја потенцијална криза.Изјавата следи по растечките грижи дека администрацијата на Доналд Трамп подготвува преместување на дел од американските сили во Индо-Пацификот. Прв

Свет | пред 7 месеци

putin-094091

Висок функционер на НАТО: Путин блефира!

Висок функционер на НАТО, зборувајќи неофицијално со новинарите во пресрет на состанокот на министрите на Алијансата, изјави дека Владимир Путин „блефира“ кога зборува за подготвеност за војна против Европа. Според него, Русија и натаму има значителни воени капацитети, особено со искуството стекнато во Украина, но тоа не значи дека Кремљ има реална намера или сила за поширока конфронтација.„Путин може да тврди дека е подготвен за војна. Но кога тој нешто ќе каже – често не е така. Не верувам дек

Свет | пред 8 месеци

media-libraryoebp5fhvmggv6zBjIQZ

„Ако Русија го нападне Брисел, ќе ја срамниме Москва со земја“ – порака на белгискиот министер за одбрана

Белгискиот министер за одбрана Тео Франкен во интервју за „The Brussels Times“ изјави дека евентуален напад на Русија врз Брисел би значел директен удар врз НАТО, по што Алијансата би реагирала со уништување на Москва.„Не се плашам дека Путин би нападнал конвенционално, бидејќи тоа би било удар во срцето на НАТО. А тогаш, ние би ја срамниле Москва со земја“, рече Франкен, нагласувајќи ја својата верба во членот 5 од Северноатлантскиот договор – клаузулата што гарантира колективна одбрана на сите

Свет | пред 9 месеци

zelenski-1

Зеленски предлага заеднички воздушен штит за Европа против руските дронови

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предложи изградба на заеднички противвоздушен штит со своите европски партнери со цел заштита од руските закани. Ова го изјави во понеделникот на безбедносниот форум во Варшава, по серијата инциденти со нарушување на воздушниот простор кои предизвикаа загриженост на источниот крак на НАТО.Членките на НАТО укажуваат дека Русија преку упади во воздушниот простор на Полска и балтичките земји ги тестира подготвеноста и одлучноста на сојузот, додека Киев вер

Свет | пред 10 месеци

nato-mrezi

НАТО со порака до Москва: „Никој нема да остане сам“

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека ниту една држава-членка на НАТО нема да биде оставена сама да се соочува со, како што ги нарече, руските провокации во форма на бран хибридни напади.„Русија сака да ја тестира нашата решителност и да предизвика немири. Тоа е опасно и мора да добие јасен и единствен одговор“, рече Вадефул на прес-конференција во Варшава, каде настапи заедно со полскиот министер Радослав Сикорски и францускиот колега Жан-Ноел Баро, пренесе „Ројтер

Свет | пред 10 месеци

bespilotni-letala

Дронови во близина на воени бази: НАТО и ЕУ преземаат мерки

НАТО најави зајакнување на својата мисија во Балтичкото Море, откако данските вооружени сили соопштија дека биле забележани неидентификувани беспилотни летала во близина на воените инсталации во земјата. Инцидентите следуваат по неколку упади на дронови во близина на аеродроми и критична инфраструктура оваа недела, при што аеродромот во Копенхаген беше затворен неколку часа во понеделникот навечер, а привремено беа затворени и пет помали дански цивилни и воени аеродроми.НАТО соопшти дека ќе спро

Свет | пред 10 месеци

media-librarysife146nvhir2ATzNGt

(Видео) Русија продолжува со дронски и ракетни напади, украинските власти предупредуваат

Русија изведе масовен ракетен и дронски напад врз Киев и повеќе украински градови, користејќи тешки бомбардери. Воздушна тревога беше прогласена низ целата земја, вклучително и во региони далеку од фронтот.Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, изјави дека во нападот биле употребени стотици беспилотни летала и ракети.Според началникот на Воената администрација на Киев, Тимир Ткаченко, најголеми оштетувања се забележани во главниот град. Делумно е уништена петкатна станбена згр

Свет | пред 10 месеци

Polska-1

Тензија во регионот: Полска во највисока готовност по руските напади

Полска синоќа затвори два аеродрома и подигна борбени авиони како одговор на интензивен руски напад со ракети и дронови врз Украина, соопшти Оперативната команда на полската армија.Затворени се аеродромите во Љублин (на истокот) и во Жешов (југоисток), кој е едно од најважните логистички јазли за НАТО и главна точка за испорака на западна воена и хуманитарна помош кон Украина.Подигнати се борбените дежурни авиони, системите за противвоздушна одбрана и радарите се ставени во највисока борбена гот

Свет | пред 10 месеци

germanija-zname

Можно шпионирање и саботажа: Дронови над Шлезвиг-Холштајн

Министерството за внатрешни работи на германската покраина Шлезвиг-Холштајн соопшти дека во текот на ноќта се забележани дронови и се истражува нивната можно шпионирање и саботажа.Поради неодамнешните инциденти во Данска и други европски земји, Шлезвиг-Холштајн е во блиска и континуирана соработка со федералната влада и германските вооружени сили, изјави министерката за внатрешни работи на покраината, Сабине Цетерлин-Вак.Во последните недели, руски дронови биле забележани над Полска, каде повеќе

Свет | пред 10 месеци

Screenshot-2022-03-24-at-08.08.56

Унгарскиот министер тврди дека Зеленски го „губи разумот“

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, во петок изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски „почнува да го губи разумот“ откако Зеленски рече дека извиднички беспилотни летала, кои ја нарушиле украинската воздушна граница, веројатно припаѓаат на Унгарија.Претседателот Володимир Зеленски почнува да го губи разумот поради својот непријателски став кон Унгарија, напиша Сијарто на социјалната мрежа Facebook. Сега му се привидуваат чудовишта.Зеленски истакна дека извидни

Свет | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања