Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

НАТО

mark-rute-1

Членките на НАТО дискутираат за повторно отворање на Ормускиот теснец

Членките на НАТО дискутираат за најефикасниот начин за повторно отворање на Ормускиот теснец, кој Иран го блокираше по американско-израелските напади, изјави денес генералниот секретар на сојузот.„Сите се согласуваме дека теснецот мора повторно да се отвори. Она што знам е дека сојузниците соработуваат и дискутираат за најдобриот начин како тоа да се постигне“, рече Марк Руте, кој се наоѓал на северот на Норвешка за време на вежбата „Cold Response“.Американскиот претседател Доналд Трамп неколку

Свет | пред 4 месеци

media-libraryotp04iork40b92aI4vG

НАТО испраќа уште еден „Патриот“ во јужна Турција: засилување по ракетните закани од војната со Иран

НАТО ќе распореди уште еден американски противвоздушен систем „Патриот“ на југот на Турција, како дел од мерките за зајакнување на одбраната по зголемените ракетни закани поврзани со војната со Иран.Системот ќе биде стациониран во провинцијата Адана, каде што се наоѓа воздухопловната база Инџирлик – клучен сојузнички пункт со присуство на американски и друг персонал од земјите-членки.Турското Министерство за одбрана соопшти дека распоредувањето доаѓа покрај веќе постоечкиот шпански систем „Патри

Свет | пред 4 месеци

media-libraryvu8k6ge34h6veaF2D7a

Трамп го критикува НАТО, британски дипломат: Погрешно ја разбира Алијансата

Американскиот претседател Доналд Трамп ги обвини членките на НАТО дека направиле „глупа грешка“ откако одбиле да учествуваат во обезбедувањето на Ормускиот теснец, клучна поморска рута низ која пред војната минувале околу 20 проценти од светската нафта.Говорејќи од Овалната соба, Трамп изјави дека повеќето сојузници не сакале да се вклучат во конфликтот, додавајќи дека иако американската поддршка не му е неопходна, нивното одбивање да испратат бродови за разминирање во Персискиот Залив е неправе

Свет | пред 4 месеци

zaharova-51320-

Москва со нови обвинувања: НАТО води агресија насочена против Русија и го шири влијанието

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека активностите на НАТО се насочени против Русија и дека Алијансата го проширува своето влијание на повеќе географски правци.Според неа, во последните години НАТО не дејствува само од западната страна, туку го зголемува присуството и на југот, истокот и северот.„Агресијата на НАТО е насочена против Руската Федерација. Овие тенденции не се ограничени само на западниот правец, туку се шират и кон југ, Далечниот И

Свет | пред 4 месеци

MO-Sekerinska-Brisel_3

Шекеринска: НАТО целосно го поддржува дијалогот Белград–Приштина

Заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, во разговор со специјалниот претставник на Европската Унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Петер Соренсен, истакна дека Западниот Балкан има клучно стратешко значење за Алијансата и дека НАТО дава целосна поддршка на процесот за нормализација на односите, кој се води под покровителство на ЕУ.Шекеринска нагласи дека партнерството меѓу НАТО и Европската Унија е од суштинско значење за одржување на мирот и стабилноста во Косово и по

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryaso9h1af555u1wFRb0z

Мерц: НАТО служи за одбрана, не за напади

Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, денес потврди дека Германија нема да се вклучи во војната на САД и Израел против Иран. Како клучни причини го наведе отсуството на потребен мандат и фактот дека сојузниците не ја консултирале Германија пред почетокот на конфликтот.На прес-конференција во Берлин, Мерц појасни дека одлуката е заснована на германскиот устав. „Според нашиот Темелен закон, потребен е мандат од Обединетите нации, Европската унија или НАТО, а ние го немаме. Затоа од самиот почеток бе

Свет | пред 4 месеци

media-library9b3s09t44kcs64uTWk9

Германски министер за надворешни работи: НАТО не треба да го обезбедува Ормускиот теснец

И Германија со контра реплика до претседателот на САД, Доналд Трамп, по неговото барање НАТО земјите да се вклучат во обезбедувањето на Ормускиот теснец.Како што пренесуваат светските медиуми, германскиот министер за надворешни работи, посочил оти НАТО не треба да игра улога во обезбедувањето на Ормускиот теснец откако американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека Организацијата на Северноатлантскиот договор ќе се соочи со „многу лоша“ иднина ако не помогне во деблокирањето на морскиот

Свет | пред 4 месеци

romanija

Во Турција распореден американски систем за противвоздушна одбрана

Турција денеска соопшти дека американскиот систем за противвоздушна одбрана „Патриот“ е распоредeн во југоисточната покраина како дел од „засилените мерки за противвоздушна и противракетна одбрана“ на НАТО.За време на неодамнешните настани во нашиот регион се преземаат потребните мерки за заштита на нашите граници и воздушен простор, и тоа во консултации со НАТО и сојузниците“, соопшти турското Министерство за одбрана на X.Министерството додаде дека, покрај националните мерки, НАТО ја засилил пр

Свет | пред 4 месеци

media-librarybf78tj12r94fdPla1kY

НАТО потврди: Пресретнат проектил насочен кон Турција

НАТО потврди дека пресретнал проектил кој бил насочен кон Турција, соопшти портпаролката на Алијансата Алисон Харт.Таа информацијата ја објави на социјалната мрежа Икс, користејќи го официјалното име на државата – Туркије.„НАТО повторно пресретна проектил кој беше насочен кон Турција“, напиша Харт.Ова е уште еден инцидент во кој НАТО системите за противвоздушна одбрана реагираат на закани кон турскиот воздушен простор, во услови на зголемени тензии на Блискиот Исток.

Свет | пред 4 месеци

media-library791innqblcehbE1GKoF

НАТО ќе одржи заедничка воена вежба со Србија

Во мај годинава, НАТО ќе организира заедничка вежба со српската армија, објави Командата на здружените сили на НАТО во Наполи, Италија. Вежбата ќе се одржи на покана на Србија на полигон Боровац, кој српските вооружени сили го користат за подготовка на единици за меѓународни мисии, вклучувајќи операции за одржување мир под окрилието на Обединетите нации. Командата нагласи дека активноста ќе се спроведе со целосно почитување на прогласената политика на воена неутралност на Србија.Адмирал Џорџ Вик

Свет | пред 4 месеци

Screenshot-2022-02-27-120002

Литванското разузнавање предупредува: Русија се подготвува за можен судир со НАТО

Литванската разузнавачка служба предупредува дека Русија систематски ги зајакнува своите воени сили долж источната граница на НАТО и се подготвува за можен идeн конфликт со Алијансата.Во годишниот извештај за националните безбедносни закани за 2026 година се наведува дека Москва ги проширува своите воени капацитети, ги претвора постојните бригади во дивизии, формира нови единици и интензивно развива воена инфраструктура, особено во ексклавата Калининград.Според литванските аналитичари, дел од ед

Свет | пред 4 месеци

bombarder

Американскиот стратешки бомбардер Б-1 „Лансер“ слета во Британија – порака на сила во сенка на заканите за нов бран удари врз Иран

Американскиот стратешки бомбардер Б-1 „Лансер“ слета во Обединетото Кралство, потег што доаѓа во чувствителен момент на зголемени тензии околу можни нови удари врз Иран. Леталото е забележано при пристигнување во воздухопловната база RAF Fairford во англиската грофовија Глостершир.Б-1 „Лансер“ е еден од најпрепознатливите тешки бомбардери во американското воздухопловство, наменет за далечински мисии и брза проекција на сила. Долг е речиси 45 метри, со распон на крилја од 42 метри, а масата му до

Свет | пред 4 месеци

65717207620215fa45d0e545827251_v4_big

НАТО ја засили противракетната одбрана по пресретната иранска ракета кон Турција

НАТО ја зголеми својата противракетна одбрана откако беше пресретната ракета од Иран насочена кон Турција, соопшти во четвртокот военото седиште на алијансата.Според соопштението од НАТО, зголеменото ниво на готовност ќе остане на сила сè додека не се намали заканата од „континуираните, неселективни напади на Иран низ регионот“, изјави полковникот Мартин О’Донел, портпарол на Врховната команда на сојузничките сили во Европа.О’Донел во објава на платформата X истакна дека НАТО „совршено ја изврши

Свет | пред 4 месеци

media-libraryis2bpv777bde8RkN4Pt

Кипар ќе поднесе барање за членство во НАТО

Претседателот на Кипар, Никос Христодулидис, изјави дека земјата ќе поднесе барање за членство во НАТО.Тој посочи дека неодамнешните напади на Иран врз Кипар биле насочени исклучиво кон британските воени бази што се наоѓаат на островот. Христодулидис појасни дека постоела одредена вознемиреност поради изјава на британскиот министер за одбрана во врска со британските бази на Кипар, што предизвикало загриженост кај кипарската страна.Како што наведе, биле потребни дури и контакти со британскиот пре

Свет | пред 4 месеци

media-libraryevuk19808ocoaxzKhaU

Медведев: НАТО е луд, САД започнаа војна на Блискиот Исток

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев остро го нападна НАТО и американскиот претседател Доналд Трамп поради војната со Иран.Во објава на социјалната мрежа „Икс“, Медведев ги критикуваше дискусиите во НАТО за можно активирање на членот 5 од Алијансата.„НАТО е луд. Прво САД го убиваат иранскиот лидер и започнуваат војна на Блискиот Исток. Потоа НАТО-идиоти, предводени од послушниот ‘синче’ на Трамп, Марк Руте, размислуваат за активирање на членот 5“, напиша Медведев

Свет | пред 4 месеци

media-libraryfbqe45p5aglecWxDifv

Турција: НАТО одбраната пресретна балистичка ракета од Иран

Турција тврди дека системот за противракетна одбрана на НАТО пресретнал балистичка ракета лансирана од Иран пред да влезе во турскиот воздушен простор.Детали за ракетата и местото на пресретнување засега не се објавени. Нема информации ниту за евентуални штети или повредени. Овие информации ги објавува Al Jazeera.Турција е дел од интегрираниот систем за противракетна одбрана на НАТО, наменет за заштита на територијата на земјите членки од балистички проектили.Засега нема официјален коментар од И

Свет | пред 4 месеци

media-libraryp3ahatda22828dJtOnc

Руте: Трамп не побара НАТО да се приклучи во кампањата против Иран

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп не побарал Алијансата да се приклучи на воената кампања против Иран.„Претседателот не побара НАТО да се придружи, така што тоа не е точно“, рече Руте, нагласувајќи дека станува збор за воена операција што ја водат САД и Израел.Тој посочи дека повеќе сојузници даваат клучна поддршка во делот на логистиката и пристапот, но дека тоа не значи директно учество во кампањата. Како пример ги наведе шпанските бази

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-01-21-at-17.48.41

Генералниот секретар на НАТО денес во официјална посета на Македонија

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денес ќе престојува во официјална посета на земјава. Домаќин ќе му биде претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.Генералниот секретар ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на церемонија во Кабинетот на претседателот, по што ќе следи тет-а-тет средба и пленарен состанок на македонската и на делегацијата на НАТО. Предвидена е и заедничка прес-конференција на претседателката Сиљановска-Давкова и Руте.Генералниот секретар на НАТО ќе има средб

Македонија | пред 5 месеци

rute1

Ќе се вклучи ли НАТО во војната против Иран

Главниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека Алијансата нема да учествува во воените операции против Иран и дека станува збор за кампања предводена од САД и Израел.На прашање на BBC дали силите на НАТО ќе бидат вклучени во операциите, Руте одговори:Не, јасно е дека ова е кампања што ја предводат Американците и Израелците.“Тој додаде дека сојузниците на НАТО и „пријателите во регионот“ моментално се изложени на „неселективни напади“ од Иран и дека во тие околности прават сè што можат.Руте ис

Свет | пред 5 месеци

media-libraryfikojh3tn0ftbKJnAiI

Од судница до Брисел: Политичките ривали на иста маса во НАТО

Пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска, и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, заедно учествуваат на состаноците на Парламентарно собрание на НАТО што се одржуваат во Брисел, по низата јавни препукувања и меѓусебни политички обвинувања во изминатиот период.Двајцата пратеници, покрај соочувањата во Собранието, претходно се најдоа и во судница, откако Петровска поднесе тужба за клевета против Ковачки, поврзана со негови тврдења дека таа поседува хациенда во Бутел.Во објава на социјалните м

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryak15htu5rbsccjBORE1

Ковачки: Македонија е лојален и доверлив партнер на НАТО, продолжуваме со зајакнување на одбраната и колективната безбедност

„Како повеќепартиска делегација деновиве сме во посета на седиштето на НАТО во Брисел, каде изразуваме парламентарна поддршка за политичката кохезија во Алијансата“, изјави Ковачки.Тој истакна дека за време на посетата било нагласено оти Македонија останува лојален и доверлив партнер на НАТО, со јасна определба за натамошно зајакнување на соработката и исполнување на преземените обврски.Ковачки посочи дека државата ќе продолжи со реализација на одлуките донесени на Самитот во Хаг, со цел зголему

Македонија | пред 5 месеци

media-library2obemuhrg4chd17kUsf

Вучиќ: „Од Шекеринска можат да се слушнат многу работи што немаат многу смисол“

„Од Шекеринска можат да се слушнат многу работи што немаат многу смисол“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ од Минхенската безбедносна конференција, критикувајќи ја заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска.Вучиќ, одговарајќи на новинарско прашање во врска со нејзината изјава дека Хрватска и Албанија се сигурни партнери на НАТО и дека нивната воена соработка има цел да придонесе за стабилноста во регионот, оцени дека таа, како и многу други, „не сака да ја вметне во с

Свет | пред 5 месеци

04042020_Sekerinska_Cestitka_1

Шекеринска: НАТО не учествува во иницијативата за можен воен сојуз меѓу Тирана, Приштина и Загреб

Заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, изјави дека Хрватска и Албанија се сигурни и посветени сојузници на Алијансата, кои активно придонесуваат за зачувување на регионалната стабилност, додавајќи дека НАТО не е вклучен во разговорите за евентуален воен сојуз меѓу Тирана, Приштина и Загреб.Во интервју за агенцијата „Бета“, Шекеринска нагласи дека членството во НАТО не претставува пречка земјите сојузнички да склучуваат дополнителни одбранбени договори со трети страни.„Она шт

Свет | пред 5 месеци

media-library3frd439s7pnna3xyNj4

Шефот на НАТО: Русија трпи огромни загуби во Украина

Русија во војната во Украина претрпела „луди загуби“, со околу 65.000 војници во последните два месеци, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, на Минхенската безбедносна конференција.Тој посочи дека приходите на Русија од нафта се намалиле за една третина и дека земјата забрзано го троши државниот фонд. Според него, Алијансата е доволно силна и Москва во моментов не би се осмелила да ја нападне.„Ќе победиме во секоја борба со Русија ако нè нападнат сега и мораме да се погрижиме и за две

Свет | пред 5 месеци

rute1

Подготвеноста на Путин да жртвува војници е лудо однесување, бидејќи Русија не победува, вели шефот на НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека „диктаторот во Москва“ е подготвен да дозволи загинување на голем број свои сограѓани во војната против Украина, оценувајќи дека таквиот пристап мора сериозно да се сфати.„Тие не победуваат. Остваруваат многу мали придвижувања во Доњецк и на други места, толку мали што се речиси без значење“, изјави Руте, осврнувајќи се на актуелната состојба на фронтот.Според него, подготвеноста на рускиот претседател Владимир Путин да ги жртвува сопствените

Свет | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања