Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

НАТО

nato-mrezi

НАТО испраќа остра порака до Москва: „Нема да се двоумиме“

Литванскиот министер за надворешни работи Кестутис Будрис изјави дека предлогот силите на НАТО да бидат подготвени за напад врз Калининград има цел да ја демонстрира решителноста на балтичките земји.Во интервју за литванскиот јавен сервис ЛРТ, Будрис истакна дека Литванија и другите балтички држави мора да ги разбијат митовите за нивната неспособност да се одбранат.„Ние се браниме затоа што ќе браниме повеќе од само сопствената територија. Проблемот не е Сувалскиот коридор – проблем се капацитет

Свет | пред 2 месеци

Screenshot-2022-02-26-at-23.58.02

Пет држави го блокираа планот на НАТО за помош на Украина

Велика Британија и Франција биле меѓу земјите што го блокирале предлогот членките на НАТО да издвојуваат 0,25 проценти од својот БДП за воена помош за Украина, објави „Телеграф“.Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, оваа недела призна дека неговиот план нема да добие поддршка од сите сојузници, но не ги именува државите што се спротивставиле.Според британскиот весник, покрај Лондон и Париз, против предлогот биле и Шпанија, Италија и Канада.Планот требало да биде разгледан пред претстојниот са

Свет | пред 2 месеци

media-library2h6ls2otr4ub4w7WSdS

Зеленски по повлекувањето на САД од мировните преговори: Дипломатските напори мора да се засилат

Володимир Зеленски изјави дека дипломатските напори за завршување на војната во Украина повторно треба да се интензивираат, по разговорите со лидерите на Велика Британија, Франција и Германија.Во своето вечерно обраќање, украинскиот претседател посочи дека очекува предлози од САД за нови формати на дипломатија, нагласувајќи дека состојбата на фронтот е поволна за Украина.Тој додаде дека украинските сили во текот на 2026 година ослободиле 590 квадратни километри територија.Претходно, Марко Рубио

Свет | пред 2 месеци

mark-rute

Руте: Посветеноста кон членот 5 е непоколеблива

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека главна тема на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки било зајакнувањето на Алијансата, бидејќи заканите со кои се соочува сојузот се реални.На прес-конференцијата по состанокот, Руте рече дека сите членки ја потврдиле својата посветеност кон колективната одбрана и кон зајакнувањето на НАТО, со цел Алијансата да остане подготвена и способна да се справи со секој предизвик денес, утре и во иднина.„За да обезбедиме НАТО

Свет | пред 2 месеци

media-libraryhes0fpoeh6aoaq1oydh

Рубио до сојузниците: Ако не давате бази за САД, зошто сте во НАТО?

Министрите за надворешни работи на НАТО денеска ги продолжуваат разговорите во шведскиот град Хелсингборг, каде главна тема е зајакнувањето на европските воени капацитети, но состанокот е во сенка на новите тензии меѓу САД и дел од европските сојузници поради војната со Иран.Американскиот државен секретар Марко Рубио, пред пристигнувањето во Шведска, остро ги критикуваше земјите кои одбиле да им дозволат на САД користење на воени бази за операциите против Иран, посебно посочувајќи ја Шпанија.„Ак

Свет | пред 2 месеци

media-librarybf78tj12r94fdPla1kY

Конфузија во НАТО: Трамп зборува за повлекување, па најави испраќање војници во Полска

Американскиот претседател Доналд Трамп предизвика нова конфузија кај сојузниците во НАТО, откако најави дека САД ќе испратат дополнителни 5.000 војници во Полска – само неколку дена по најавите за намалување на американското воено присуство во Европа.Одлуката ги затекна и европските партнери и дел од Пентагон, бидејќи администрацијата на Трамп претходно соопшти дека планира повлекување на околу 5.000 американски војници од европскиот континент.„Врз основа на успешниот избор на актуелниот претсед

Свет | пред 2 месеци

media-libraryqvm0m2r033va9pPovJI

Руте се обидува да го задржи Трамп во НАТО преку милијарди за американската воена индустрија

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, се обидува да го убеди американскиот претседател Доналд Трамп да не ја ослабне поддршката за Алијансата, преку нов план што предвидува поголеми воени договори и инвестиции корисни за американската воена индустрија, пишува „Политико“.Според четворица дипломати од НАТО, Руте во последните недели води интензивна кампања за силно зголемување на производството на оружје и склучување нови договори пред самитот на НАТО во Анкара во јули.Целта е двојна – да се на

Свет | пред 2 месеци

media-libraryhes0fpoeh6aoaq1oydh

Рубио: НАТО не прави ништо за да им помогне на САД против Иран

Американскиот државен секретар Марко Рубио ги критикуваше земјите членки на НАТО, обвинувајќи ги дека одбиваат да им помогнат на САД во конфликтот со Иран.„Претседателот Доналд Трамп не бара од нив да стават на располагање трупи или да испратат борбени авиони, но тие одбиваат да преземат било што“, изјави Рубио пред новинарите, непосредно пред заминувањето за Шведска, каде утре ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО.„Тоа нѐ вознемири многу“, додаде тој.Рубио рече д

Свет | пред 2 месеци

media-libraryal7tn11j3fht2MfVpaw

(Видео) НАТО итно ги крева борбените авиони, граѓаните се предупредени: „Излезете веднаш“

Во Летонија денеска беше прогласена воздушна тревога откако неидентификуван дрон влегол во воздушниот простор на земјата, што е трет ваков инцидент во последните три дена.Според летонските национални вооружени сили, најмалку едно беспилотно летало било детектирано над територијата на државата, по што биле активирани борбени авиони на НАТО задолжени за воздушно патролирање над Балтикот.На жителите во погодените области им било препорачано веднаш да останат во затворен простор и да побараат засолн

Свет | пред 2 месеци

nato-1

Руте: Обвинувањата на Москва за балтичките земји се бесмислени

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска ги оцени како „бесмислени“ обвинувањата на Русија дека балтичките земји го отвораат својот воздушен простор за украински дронови со цел напади врз руска територија.„Ако дроновите доаѓаат од Украина, тие не се таму затоа што Украина сакала да испрати дрон во Летонија, Литванија или Естонија. Тие се таму поради непромислената, нелегална и сеопфатна руска агресија“, изјави Руте во Брисел.Тој додаде дека Алијансата реагирала „смирено, решително и проп

Свет | пред 2 месеци

tenk-ukraina

Командант на НАТО: Повлекувањето на американските сили нема да ја ослаби одбраната на Европа

Врховниот командант на НАТО, Алексус Гринкевич, изјави дека американската одлука за повлекување на околу 5.000 војници од Европа нема да ѝ наштети на одбранбените планови на Алијансата.Гринкевич, говорејќи во Брисел по состанокот со воените команданти на земјите членки, нагласи дека европските сојузници и Канада преземаат поголема одговорност за конвенционалната одбрана на континентот.„Како што европскиот столб на Алијансата се зајакнува, тоа им овозможува на САД да го намалат своето присуство в

Свет | пред 2 месеци

media-library7t5p8jhrc2l37GWY2KW

Воен авион на НАТО собори дрон над Естонија

Воен авион на НАТО соборил дрон над Естонија за кој постои сомнеж дека ѝ припаѓал на Украина, соопштија естонските власти, во услови на сè почести нарушувања на воздушниот простор во балтичкиот регион.Инцидентот се случува во време кога Украина ги засилува нападите со беспилотни летала врз руска територија.Соседна Латвија исто така издаде предупредување поради појава на дронови и ги повика жителите во близина на руската граница да останат во своите домови.Латвиската армија соопшти дека во регион

Свет | пред 2 месеци

803_dmitrij-peskov-shutterstockcom-id1974_f

Песков ги отфрла обвинувањата дека Русија би го нападнала НАТО преку Белорусија

Кремљ денеска ги отфрли тврдењата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Русија разгледува можност за напад врз некоја членка на НАТО од територијата на Белорусија.Зеленски во петокот изјави дека Русија се обидува подлабоко да ја вовлече Белорусија во војната во Украина и дека разгледува планови за напад врз северниот дел на Украина или врз некоја земја членка на НАТО од белоруска територија.„Таквата изјава не е ништо друго освен обид за дополнително поттикнување тензии со цел продол

Свет | пред 2 месеци

media-librarylk7sdks785005WKdiE3

ЕУ и НАТО планираат „воен Шенген“ вреден 100 милијарди евра

Европската Унија и НАТО договориле инфраструктурен проект вреден 100 милијарди евра, со кој треба да се постават темелите на таканаречен „воен Шенген“ за побрзо движење на трупи и воена опрема низ Европа, изјави европскиот комесар за транспорт и туризам Апостолос Цицикостас на конференција во Атина.Проектот, како што објасни Цицикостас на самитот „Energy Transition Summit: East Med & Southeast Europe“, организиран од Financial Times во партнерство со Катимерини, предвидува развој на 500 „жеш

Свет | пред 2 месеци

mark-rute-1

Руте го претстави НАТО 3.0

Марк Руте денес го претстави концептот „НАТО 3.0“, кој го опиша како визија за „посилна Европа во посилен НАТО“, нагласувајќи дека трансатлантскиот сојуз останува цврсто поврзан со Соединетите Американски Држави.Говорејќи по состанокот на Букурештанската деветка, Руте изјави дека Русија и понатаму е „најзначајната и најдиректната закана“ за Алијансата поради војната во Украина.„Не смееме да го спуштиме гардот. Секогаш ќе направиме сè што е потребно за да го одбраниме секој сантиметар од територи

Свет | пред 2 месеци

media-libraryeh7s61n024nt6InbI2i

Србија ја почна првата заедничка воена вежба со НАТО, но останува воено неутрална

Србија и НАТО ја започнаа првата заедничка воена вежба, која ќе трае до 23 мај во базата „Југ“ и на полигонот „Боровац“ во близина на Бујановац.Според соопштението на НАТО и српското Министерство за одбрана, вежбата е насочена кон тактики, техники и процедури што се применуваат во операции за поддршка и одржување на мирот.Во активностите учествуваат околу 600 припадници на српските вооружени сили, како и војници од Италија, Романија и Турција.Организатори на вежбата се Командата на копнената вој

Балкан | пред 2 месеци

mark-rute

Руте: НАТО нема да дозволи дестабилизација на Балканот

НАТО нема да дозволи дестабилизација на Западниот Балкан, порача генералниот секретар Марк Руте на прес-конференција во Подгорица со црногорскиот премиер Милојко Спајиќ.Руте предупреди дека во регионот постојат актери кои се обидуваат да создадат нестабилност, додавајќи дека Алијансата внимателно ги следи сите злонамерни активности на територијата на земјите членки.Пораката доаѓа во време на засилени безбедносни предизвици за Европа, вклучително и руската агресија врз Украина, растечкото влијани

Балкан | пред 2 месеци

media-library5ut69nh4jcm72gPzgpy

Поранешниот шеф на НАТО: НАТО се распаѓа и тоа е опасно, на Европа ѝ треба нов сојуз

Поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, повика на создавање нов европски одбранбен сојуз, оценувајќи дека НАТО во сегашната форма повеќе не е доволен поради растечките сомнежи во американските безбедносни гаранции.Во изјави за медиуми како „Велт“ и „Политико“, Расмусен предупреди дека се случува „дезинтеграција на НАТО“, оценувајќи ја таквата состојба како опасна за европската безбедност. Според него, Европа мора да се потпира на сопствените капацитети и да биде способна сам

Свет | пред 2 месеци

media-library2vg8i7vpsmbr1u8QqDF

Германскиот миноловец „Фулда“ тргна кон Средоземјето: се подготвува можност за НАТО-мисија во Ормускиот Теснец

Германскиот миноловец „Фулда“ е упатен од поморската база Кил-Вик на Балтичкото Море кон Средоземјето, каде што најпрво би требало да биде вклучен во НАТО-единици за разминирање. Со распоредувањето поблиску до регионот, бродот би бил во позиција брзо да се пренасочи доколку се активира меѓународна мисија во Ормускиот Теснец – стратешки поморски премин од клучно значење за светскиот транспорт на енергенси.Разгледувањата за можен ангажман се поврзуваат со тензичната безбедносна состојба во поширок

Свет | пред 2 месеци

putin

Русија предупредува на „можен директен судир“ со НАТО поради активностите во близина на Колскиот Полуостров

Рускиот амбасадор во Норвешка, Николај Корчунов, изјави дека зголемените активности на НАТО во близина на стратешки руски објекти на Колскиот Полуостров претставуваат ризик од директна воена конфронтација.Во интервју за руската агенција ТАСС, дипломатот оцени дека приближувањето на воената инфраструктура и распоредувањето офанзивни системи на земјите членки на Алијансата кон руските граници ја засилува, како што рече, заканата по националната безбедност на Русија.Корчунов нагласи дека „конфронта

Свет | пред 2 месеци

nato-mrezi

НАТО: Европските земји ја „разбрале пораката“ од Трамп, меѓу нив и Хрватска и Црна Гора

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека европските земји ја сфатиле пораката од американскиот претседател Доналд Трамп и сега активно работат на спроведување на договорите за користење воени бази.Тој наведе дека имало одредено разочарување од американска страна, но дека европските сојузници реагирале и преземаат чекори за исполнување на билатералните договори.Меѓу земјите кои, според него, ги спроведуваат овие барања се и членки на НАТО, како Хрватска, Црна Гора, Романија, Португали

Свет | пред 2 месеци

media-librarylk9kgmbun1p98ygMpxX

НАТО изненаден од повлекувањето на американски војници: „Трамп ја измислил бројката“

Високи претставници на НАТО не биле претходно информирани за одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да повлече околу 5.000 американски војници од Германија во наредните шест до дванаесет месеци.Според извештаи на „Еуроњуз“, одлуката била објавена од Пентагон без претходни консултации со сојузниците, што предизвикало изненадување и бројни отворени прашања во рамките на алијансата. Засега не е познато од кои единици ќе се повлечат војниците, ниту како тоа ќе влијае врз безбедносната ст

Свет | пред 3 месеци

h_57503169

Норвешки министер за одбрана: Русија нема шанси против НАТО

Норвешкиот министер за одбрана Торе О. Сандвик во интервју за ТВР Ворлд изјави дека Русија „нема никакви шанси“ во евентуален воен конфликт со НАТО, нагласувајќи дека воената надмоќ на Алијансата, особено во воздухопловните сили, би била одлучувачка.Тој истакна дека, за разлика од ситуацијата во Украина, каде што ниту една страна нема целосна контрола врз воздушниот простор, НАТО би воспоставил воздушна доминација многу брзо во секој можен конфликт. „НАТО има импресивна сила. Би имале целосна ко

Свет | пред 3 месеци

tusk

Туск: НАТО се распаѓа, ситуацијата е катастрофална

Полскиот премиер Доналд Туск предупреди дека најголемата закана за трансатлантската заедница не доаѓа од надворешни непријатели, туку од внатрешното разединување на сојузот. Во објава на социјалните мрежи, тој оцени дека постои опасен тренд на постепено распаѓање на партнерството и повика на заеднички напори за негово надминување.Изјавата доаѓа во период на засилени тензии во рамките на НАТО, особено поради несогласувањата околу американско-израелскиот воен ангажман против Иран.Дополнителен прит

Свет | пред 3 месеци

nato-mrezi

Тензии во НАТО: можно откажување на самит во изборната година во САД

НАТО разгледува можност за укинување на практиката на одржување годишни самити, што се толкува како обид да се избегнат потенцијално напнати средби со американскиот претседател Доналд Трамп во завршната година од неговиот мандат.Според повеќе дипломатски извори, дел од земјите членки се залагаат за намалување на фреквенцијата на самитите или нивно одржување на секои две години, со цел да се намали политичкиот притисок и да се подобри квалитетот на донесените одлуки. Иако сè уште нема конечна одл

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања