Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

НЕВРЕМЕ ВО СКОПЈЕ

media-library7k3h5nuo0eg4eEDfbb2

Ново невреме на пат кон Македонија: Се очекуваат поројни врнежи и засилен ветер, предупредува УХМР

Големо невреме кое во моментов ја зафаќа Црна Гора се движи кон Македонија, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.Според најавите, нестабилната облачност од запад се приближува кон нашата земја, при што се очекуваат локални поројни врнежи, засилен ветер и можност за појава на невреме.

Македонија | пред 2 седмици

media-library9i98bmjt9rhp8RLRVut

(Видео) За „влакно” автомобил избегна да биде поклопен од дрво во стар Аеродром

Драматичен момент од силното невреме е снимен во населбата Аеродром, каде огромно зимзелено дрво се откорна од корен и падна на улицата „Коста Новаковиќ“.На видеоснимката се гледа како силниот ветер го урива дрвото, кое за неколку секунди паѓа преку коловозот. Во истиот момент низ улицата поминува автомобил, чиј возач за „влакно” избегна да биде поклопен.За среќа, според првичните информации, во инцидентот нема повредени лица, но паднатото дрво целосно го блокираше сообраќајот на улицата.

Скопје | пред 2 седмици

media-libraryrh07qm906vp60WBmuW8

(Фотогалерија) Откорнати дрвја и десетици оштетени автомобили по невремето во Скопје

Во повеќе скопски населби силниот ветер корнеше дрвја, кои паѓаа врз паркирани автомобили, при што беа искршени шофершајбни, вдлабнати кровови и оштетени каросерии. На дел од улиците паднатите дрвја го попречуваа и сообраќајот, а екипите на надлежните служби интервенираа за нивно отстранување.Фотографиите од различни делови на Скопје сведочат за размерите на штетите, прикажувајќи автомобили затрупани под кровни конструкции, гранки и стебла, како и дрвја откорнати од корен под налетите на силниот

Скопје | пред 2 седмици

media-library6smeoieklpuj9IbEEGJ

Градоначалниците со апел до граѓаните: Пријавувајте штети, службите се на терен

Повеќе скопски општини ги активираа своите кризни штабови и ги мобилизираа сите расположливи служби за справување со последиците.Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, информираше дека веднаш по невремето е активиран Општинскиот кризен штаб, кој е во постојана координација со Министерството за внатрешни работи и Град Скопје. Екипите на општината се на терен и преземаат мерки за расчистување на последиците од силниот ветер. Тој ги повика граѓаните кои претрпеле штета истата да ја при

Скопје | пред 2 седмици

media-libraryqc8plk90oggkfzl1Wtq

(Видео) Силниот ветер откорна дел од фасадa кај зградата на „Водовод и канализација“ во Скопје

По невремето во Скопје кај зградата на ЈП „Водовод и канализација“ можат да се забележат големи блокови од стиропор кои се откорнати од фасада, под налетите на силниот ветер.Фотографиите од местото на настанот ја покажуваат големината на откорнатите делови од фасадата, кои сведочат за силата на ветерот што попладнево предизвика штети на повеќе локации низ главниот град.

Скопје | пред 2 седмици

media-library507sb1qsa6j16D5C0l6

(Видео) Летаа кровови во Аеродром, Центар и Карпош – снимени застрашувачки сцени

Скопје попладнево беше зафатено од краткотрајно, но исклучително силно невреме проследено со силен ветер, кој предизвика значителна материјална штета на повеќе локации низ главниот град. Надлежните служби ги сумираат последиците, додека граѓаните пријавуваат оштетени објекти, возила и паднати дрвја.Штета е регистрирана во населбата Острово во Општина Аеродром, каде силниот ветер откорнал кровна конструкција.Кровна конструкција одлета и кај пазарчето во Буњаковец, а штети се забележани и во тргов

Скопје | пред 2 седмици

media-library9qaas3eebdheeX48A3d

Кризниот штаб и сите служби се на терен по силното невреме, вели Ѓорѓиевски

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека Кризниот штаб на Град Скопје, заедно со јавните претпријатија и надлежните служби, е целосно мобилизиран по силното невреме што попладнево го зафати главниот град.Тој информира дека е воспоставена постојана координација со Центарот за управување со кризи, Министерството за внатрешни работи, ЕВН, Противпожарната бригада на Град Скопје и останатите надлежни институции, со цел брза и навремена интервенција на сите критични локации.Според Ѓорѓ

Скопје | пред 2 седмици

media-librarykihe5v08hu7ofyE4KYh

Над 1.000 повици на 112: Граѓаните пријавуваат штети од невремето

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи.Според директорот на ЦУК, Мухамед Али, на повеќе локации низ главниот град се регистрирани сериозни последици од невремето. На улицата „Женевска“ број 10 паднала кровна конструкција од зграда, при што се оштетени повеќе патнички возила.Пријавени се и паднато дрво врз моторно возило на улиц

Скопје | пред 2 седмици

media-librarytegmpdnqmgh67d07D39

(Видео) Силното невреме повторно го однесе покривот на средното хемиско училиште

Во невремето кое попладнево го зафати Скопје, без кров остана салата на средното хемиско училиште „Марија Кири Склодовска“.Покрај училиштето, силниот ветер откорна и покриви од станбени згради и други објекти во различни делови од Скопје. На повеќе локации има паднати дрвја и гранки, оштетени се возила, а на дел од улиците сообраќајот е отежнат поради наноси и урнати предмети.Надлежните служби се на терен и работат на расчистување на последиците од невремето, а се проценува и висината на причине

Скопје | пред 2 седмици

media-librarycuq5as7dctfpa1CuJDN

(Видео) Аеродромот во Скопје под вода по силното невреме

Скопје попладнево беше зафатено од силно невреме проследено со пороен дожд и силен ветер, кое предизвика штети на повеќе локации низ градот.Меѓу погодените објекти е и Меѓународниот аеродром во Скопје, каде поради обилните врнежи прокиснал дел од покривната конструкција. На социјалните мрежи се споделуваат снимки на кои се гледа како вода продира во внатрешноста на аеродромската зграда.Невремето предизвика проблеми и во повеќе делови од главниот град, каде силниот ветер кршеше гранки и соборуваш

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања