Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

САД

nafta

Индија ќе купува нафта од Венецуела, Трамп вели: Договорот е веќе постигнат

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Индија ќе купува нафта од Венецуела наместо од Иран, наведувајќи дека веќе е постигнат „концепт на договор“.Ројтерс претходно објави дека САД соопштиле дека Индија наскоро би можела да продолжи со купување венецуеланска нафта за да се намали зависноста од руската нафта, повикувајќи се на извори запознаени со прашањето.Индија порано беше главен купувач на руска нафта по воведувањето на западните санкции по руската инвазија на Украина во 2022 година, додека увозот на иранска нафта беше ограничен поради американските санкции.Трамп во август минатата година ја удвои царината за индискиот увоз на 50 отсто за да го притисне Њу Делхи да престане со купување руска нафта.Порано овој месец предупреди дека царината повторно би можела да се зголеми доколку Индија не ги ограничи своите купувања.Меѓутоа, министерот за финансии на САД, Скот Бесент, во јануари сигнализираше дека дополнителната царина од 25 отсто би можела да се укине поради намалувањето на индискиот увоз на руска нафта.Американската администрација во март 2025 година воведе царина од 25 отсто за земјите кои купуваат венецуелска нафта, а минатата година се Трамп закани дека истата мерка ќе ја воведе и за Индија.Меѓутоа, САД оваа недела ги ублажија некои санкции за венецуелската нафтена индустрија за да им олеснат на американските компании продажба на сурова нафта.Трамп исто така изјави дека Кина би можела да постигне договор со САД за купување венецуелска нафта, нагласувајќи дека таков договор би бил „голем“, но не даде детали.

Свет | пред 1 месец

media-library5gikv49c63qj8Z6V51f

Објавени тешки обвинувања против Трамп: се споменуваат силувања, оргии, забави...

Американското Министерство за правда на САД во петокот објави нова обемна транша документи поврзани со случајот на Џефри Епстин, во која се вклучени и листи со пријави и предлози за постапување што го споменуваат и американскиот претседател Доналд Трамп. Во еден од документите се наведува дека станува збор за „непроверени и неутврдени наводи“, а материјалот кратко бил отстранет од службената страница, по што повторно бил објавен.Материјалите произлегуваат од интерна комуникација и табели на ФБИ од август 2025 година и ги сумираат пријавите примени преку Националниот центар за дојави. Во табелите, покрај описот на секоја дојава, се бележи и реакцијата на ФБИ, како обид за контакт, процена на веродостојност или препраќање до други надлежни единици.Во повеќе пријави Трамп се доведува во врска со кругот околу Епстин и Гислејн Максвел, со тврдења за сексуално злоставување, забави со млади девојки и наводна трговија со луѓе. Документите јасно нагласуваат дека дел од информациите се пренесени посредно и дека во бројни случаи не постојат проверливи докази.Меѓу наведените пријави се споменува сведоштво за наводен настан од пред околу 35 години во Њу Џерси, како и тврдење дека подносителка, кога била малолетна, била принудена на сексуални дејствија. Во белешките на ФБИ стои дека контакт со наводните жртви не бил воспоставен или дека не постојат информации што може да се потврдат. Во друга пријава се опишува настан од 1987 година поврзан со хотел во Атлантик Сити, при што идентитетот на жртвата не е потврден и не се обезбедени дополнителни докази.Повеќе дојави ги споменуваат забавите на Епстин во Њујорк и Флорида, со тврдења за масовни собири и присуство на јавни личности, при што Трамп се наведува меѓу имињата. Во една онлајн-пријава се опишува и наводна мрежа на сексуална експлоатација на голф-терен во Калифорнија, со тврдења за закани од обезбедување, без потврда од надлежните служби. Дел од пријавите се однесуваат и на наводни настани во Мар-а-Лаго, при што ФБИ не наведува потврда за изнесените тврдења.Во исказите повремено се појавуваат и други јавни имиња, меѓу кои Бил Клинтон и Илон Маск, при што документите изречно наведуваат дека станува збор за информации од втора рака.Објавените материјали не претставуваат обвиненија ниту судски наоди, туку интерни резимеа на дојави, комбинација од директни искази, посредни тврдења и непроверени обвинувања. Во делот што се однесува на Трамп, документите содржат сериозни наводи, но истовремено покажуваат дека во најголем број случаи ФБИ оценил дека нема доволно проверливи информации за понатамошно постапување.По објавата реагираше Министерството за правда на САД, наведувајќи дека објавен е целиот материјал што јавноста му го доставила на ФБИ и дека може да содржи лажни или фалсификувани содржини. Во изјава за The Guardian беше посочено дека дел од тврдењата се невистинити и сензационалистички и дека доколку имало барем минимална веродостојност, тие одамна би биле искористени против претседателот.Поради делумно редактираните документи не може со сигурност да се утврди кога точно биле поднесени пријавите, иако електронските пораки во материјалот датираат од август 2020 година, неколку месеци пред претседателските избори во САД. Претходни извештаи, пак, покажуваат дека уште во 1996 година најмалку една жртва на Епстин пријавила во ФБИ сексуално злоставување на малолетно лице поврзано со него и со Максвел.

Свет | пред 1 месец

media-library6o9ig4ddmpbj2iJm8rI

(Видео) Вучиќ се вклучи на лајв со Бака Прасе на „Тикток“, па следуваше необчен разговор

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа за првпат направи TikTok лајв, во кој директно се вклучи и еден од најпознатите српски јутјубери, Бака Прасе. Во разговорот, кој предизвика големо внимание на социјалните мрежи, се зборуваше од даночната политика, преку локалната власт, до конфликтите во медиумскиот простор.Пред вклучувањето на Бака Прасе во лајвот, Вучиќ погледна негова вирална снимка во која јутјуберот кажува што би го прашал доколку добие можност да се вклучи во TikTok пренос.„Не сум ниту за вашата, ниту за другата страна, не ме интересира политика, ама дали може да се укине данокот за инфлуенсери?“ прашува Бака Прасе во видеото, на што Вучиќ со насмевка одговори дека данок не може да се укине и додаде дека државата функционира токму преку наплатата на даноци.Неколку моменти подоцна, Бака Прасе директно се вклучи во лајвот, шеговито забележувајќи дека, доколку стане градоначалник, би поделил откази затоа што лајвот не бил технички добро подесен. На прашањето на Вучиќ за кој град станува збор, тој одговори дека мисли на Белград и праша дали претседателот смета дека би бил подобар градоначалник од актуелниот, Александар Шапиќ. Вучиќ со насмевка возврати дека не мисли така, но дека одлучувачко е мислењето на граѓаните.Во продолжение на разговорот, Бака Прасе побара од Вучиќ да го контактира Доналд Трамп за да му бидат вратени неговите Јутјуб канали, кои, како што тврди, му биле згаснати поради масовни пријави. Вучиќ одговори дека ќе има разговори со американски претставници и дека може сериозно да го постави прашањето, но истовремено праша и што точно било причината за гасењето на каналите.Јутјуберот објасни дека каналите биле пријавувани поради конфликт со Жељко Митровиќ. Вучиќ тогаш зазеде советодавен тон, посочувајќи дека изјавите насочени кон семејството на Митровиќ биле „застрашувачки“ и дека смета оти е коректно прво да се извини за тоа. „Не мешај семејства, тоа не ти прилега. Извини се за тоа, па потоа расправај се колку сакаш“, порача Вучиќ.Бака Прасе возврати дека никогаш не го навредувал семејството на Митровиќ и дека, според него, првично бил нападнат неговиот татко. Вучиќ, сепак, оцени дека изговореното од страна на јутјуберот било потешко и повтори дека извинувањето би било фер чекор.Во завршницата на разговорот, Вучиќ го праша Бака Прасе како решил да се занимава со Јутјуб и што го мотивирало да влезе во тој свет. Јутјуберот одговори дека почнал со гејминг, дека пријателите го охрабриле и дека, откако не запишал факултет, решил да оди „на сè или ништо“, што, како што рече, на крајот му се исплатело.Лајвот, кој комбинираше политика, поп-култура и интернет феномени, предизвика бројни реакции и коментари, отворајќи нов простор за комуникација меѓу политичките лидери и дигиталните инфлуенсери.

Свет | пред 1 месец

Screenshot-2025-02-23-at-09.40.30

Документи од американското Министерство за правда: Илон Маск имал поблиски контакти со педофилот Епстин отколку што јавно признавал

Американското Министерство за правда објави документи кои откриваат дека комуникацијата меѓу Илон Маск и финансискиот магнат и осуден педофил Џефри Епстин била значително поинтензивна и поприсна отколку што досега беше познато во јавноста, објави „Гардијан“.Објавените електронски пораки од 2012 и 2013 година покажуваат дека Маск и Епстин во пријателски тон договарале можни посети на озлогласениот остров Little St James, во сопственост на Епстин. Иако во кореспонденцијата се наведуваат конкретни датуми и логистички детали, според документите, ниту една од планираните посети на крајот не се реализирала, главно поради организациски причини.Во една од пораките од декември 2013 година, Маск го информира Епстин дека ќе се наоѓа во регионот на Британските Девствени Острови и прашува кога би било соодветно да го посети. Епстин му одговара дека има простор „во секое време“, по што двајцата разменуваат пораки за можен термин. Посетата, сепак, била откажана откако Епстин соопштил дека мора да остане во Њујорк.Во друга комуникација од ноември 2012 година, Епстин го прашува Маск колку луѓе би патувале со хеликоптер до островот, на што Маск одговара дека веројатно би бил само тој и неговата тогашна сопруга. И овој план бил откажан поради, како што навел Маск, логистички проблеми.Овие откритија се во спротивност со јавните изјави на Маск од минатото. Во интервју од 2019 година, тој го опиша Епстин како „вознемирувачка личност“ и тврдеше дека повеќепати одбил покани да го посети неговиот остров. Новообјавените пораки, пак, покажуваат дека постоеле конкретни договори и пријателска комуникација, и тоа по 2008 година, кога Епстин веќе бил осуден на Флорида за кривични дела поврзани со малолетничка проституција.Во документите се споменува и електронска порака од асистентката на Епстин, во која се договара ручек во седиштето на SpaceX во 2013 година. Не е потврдено дали средбата навистина се одржала, ниту дали Маск бил присутен.Епстин беше повторно уапсен во 2019 година под федерални обвиненија за трговија со луѓе за сексуална експлоатација, а истата година беше пронајден мртов во својата ќелија. Неговите врски со влијателни личности со години се предмет на истраги и шпекулации.

Свет | пред 1 месец

media-libraryp4tgkqct4s288IEJOKn

Масовни протести низ САД по акциите на ИЦЕ во Минеаполис

Илјадници демонстранти излегоа на улиците на Минеаполис, додека студенти и средношколци низ целите Соединети Американски Држави организираа координирани протести, барајќи повлекување на федералните имиграциски агенти од сојузната држава Минесота, по убиството на двајца американски државјани во интервенции на федерални служби.Во рамки на засилената акција против имигрантите, американскиот претседател Доналд Трамп испрати околу 3.000 федерални полицајци во подрачјето на Минеаполис, бројка што е повеќекратно поголема од локалната полициска сила. Овој потег предизвика силни реакции, при што неколку илјади луѓе се собраа во центарот на градот и покрај температурите под нулата, протестирајќи против зголеменото полициско присуство и, како што наведуваат, грубите и милитаризирани тактики на американската Имиграциска и царинска служба – ICE.На протестите учествуваа семејства со мали деца, постари граѓани и млади активисти, а беше организиран и хуманитарен концерт за поддршка на семејствата на Рене Гуд и Алекс Прети, кои, според организаторите, биле убиени од федерални агенти. На концертот настапија и музичките легенди Брус Спрингстин и Том Морело.Под мотото „Нема работа. Нема училиште. Нема купување. Престанете да го финансирате ИЦЕ“, протестите се одржаа на околу 250 локации во 46 сојузни држави, вклучувајќи ги Њујорк, Лос Анџелес, Чикаго и Вашингтон. Илјадници ученици и наставници ја напуштија наставата, а во неколку градови, како Аурора во Колорадо и Тусон во Аризона, училиштата целосно ја откажаа наставата поради масовни изостанувања. Протести беа најавени и во десетици средни училишта во Џорџија, како и на универзитетски кампуси, каде што беа истакнати пораки за „кампуси-уточища“ и отпор кон, како што велат демонстрантите, фашизација на институциите.Протести се одржаа и во Њујорк, каде стотици луѓе маршираа низ Менхетен носејќи транспаренти со пораки „Протестот против ИЦЕ не е злосторство“ и „Правда за сите жртви на ИЦЕ теророт“. Во знак на солидарност, бројни компании низ повеќе сојузни држави ги затворија своите бизниси, додека дел од оние што останаа отворени најавија дека профитот ќе го донираат на организации што им помагаат на имигрантите во Минесота.Во меѓувреме, Министерството за правда на САД соопшти дека е уапсен поранешниот водител на Си-Ен-Ен, Дон Лемон, под обвинение за прекршување на федерален закон за време на протест во црква во Сент Пол. Неговиот адвокат оцени дека станува збор за „невиден напад врз Првиот амандман“.Анкета на Ројтерс и Ипсос покажува дека агресивните тактики на тешко вооружени и маскирани федерални агенти значително ја намалиле поддршката за имиграциската политика на Трамп, на најниско ниво во текот на неговиот втор мандат. Како одговор на растечкото незадоволство, високи федерални функционери најавија дека операциите ќе бидат „понасочени и постратешки“, иако Трамп и понатаму ги нарекува демонстрантите „платени бунтовници“, без да понуди докази за таквите тврдења.Протестите, според организаторите, ќе продолжат сè додека, како што велат, не запре милитаризацијата на имиграциската политика и не се воспостави почитување на граѓанските права и уставните слободи.

Свет | пред 1 месец

izrael-vojska

САД одобрија продажба на оружје за Израел вредна 6,7 милијарди долари

Американската влада одобри продажба на оружје за Израел во вредност од речиси 6,7 милијарди долари, соопшти американската Агенција за одбранбена безбедносна соработка (DSCA). Пакетот опфаќа борбени хеликоптери, оклопни возила и придружна воена опрема, со што се зајакнува долгогодишната воена соработка меѓу двете земји.Според официјалните податоци, договорот вклучува набавка на 30 борбени хеликоптери „Апачи“ со придружна опрема, во вредност од нешто помалку од 3,8 милијарди долари. Дополнително, Израел ќе купи 3.250 лесни тактички возила „Joint Light Tactical Vehicle“ за околу 1,98 милијарди долари, опрема за оклопни транспортери вредна приближно 740 милиони долари, како и лесни повеќенаменски хеликоптери во износ од околу 150 милиони долари.Соединетите Американски Држави се најголем воен сојузник на Израел и главен снабдувач со оружје, а оваа одлука дополнително ја потврдува таа стратешка врска.Покрај Израел, Стејт департментот одобри и продажба на оружје за Саудиска Арабија, која ќе набави 730 ракети за противвоздушниот одбранбен систем „Патриот“ и придружна опрема, во вкупна вредност од околу девет милијарди долари. Американскиот Конгрес веќе е официјално известен за овие договори.Одлуките за продажба на оружје доаѓаат во период на зголемени тензии на Блискиот Исток. Американскиот претседател Доналд Трамп во изминатите недели неколкупати упати остри предупредувања кон Иран, вклучително и закани со воени акции, паралелно со зголемување на американското воено присуство во регионот.Овие потези се оценуваат како дел од пошироката стратегија на Вашингтон за зајакнување на своите сојузници и одржување на безбедносната рамнотежа во нестабилниот регион.

Свет | пред 1 месец

media-libraryfe1c2cbnurfq5Yw7Tp0

Епидемија на мали сипаници во Јужна Каролина

Епидемијата на мали сипаници во Јужна Каролина зафати најмалку 789 лица, со што го надмина претходниот најголем бран во западен Тексас од 2025 година. Најголем дел од случаите се во округот Спартанбург и претежно се меѓу невакцинирани лица или оние со непознат вакцинален статус, соопшти државниот Оддел за јавно здравство.Државната епидемиологинка Линда Бел изјави дека ширењето е неочекувано брзо, бидејќи за само 16 недели бројот на случаи го надминал оној што Тексас го достигнал за седум месеци. Во моментов, 557 лица се во 21-дневна карантина поради изложеност на вирусот, а епидемијата започнала кон крајот на септември и се забрзала за време на празниците.Случаи поврзани со епидемијата се регистрирани и во Калифорнија, Северна Каролина и Вашингтон, додека во Северна Каролина се потврдени 14 случаи и повеќе од 170 лица се ставени во карантина. Здравствените власти предупредуваат дека ниската стапка на вакцинираност, далеку под потребните 95 отсто за колективен имунитет, е главната причина за ширењето и дека без зголемување на вакцинацијата постои ризик од натамошно проширување и губење на статусот на САД како земја без мали сипаници.

Свет | пред 1 месец

Iran

Руски амбасадор до Американците: „Трипати мери и не сечи“

Рускиот амбасадор при Обединетите нации, Василиј Небенџа, им даде совет на Американците во врска со можен американски напад врз Иран: „трипати мери и не сечи“.„Трипати мери и не сечи“, порача Небенџа, нагласувајќи дека Соединетите Американски Држави можат да го нападнат Иран, но дека Техеран сега е подобро подготвен за тоа отколку што беше во јуни 2025 година.Небенџа истакна дека реториката на американскиот претседател Доналд Трамп за Иран во извесна мера се смирила откако завршија протестите во таа земја, но ситуацијата сепак е загрижувачка.„Нападот може да се изведе, но Иран овојпат е подобро подготвен за таков развој на ситуацијата отколку што беше во јуни“, рече Небенџа за руските медиуми.Американските медиуми пренесоа дека Трамп размислува за нов голем удар врз Иран откако претходните разговори меѓу Вашингтон и Техеран за ограничување на иранскиот нуклеарен програм и производство на балистички ракети не напредуваа.Опциите што Трамп сега ги разгледува, вклучуваат американски воздушни напади насочени кон иранските лидери и безбедносни функционери за кои се верува дека се одговорни за убиства за време на протестите во земјата, како и напади врз иранските нуклеарни објекти и владините институции, изјавија извори за Си-Ен-Ен.Ударната група носачи на авиони „USS Abraham Lincoln“ влезе во Индискиот Океан пред три дена и продолжува да се приближува кон Иран.

Свет | пред 1 месец

media-libraryve45g5au529bfaGJZi5

(Видео) Смртоносна зима во САД: најмалку 85 загинати, стотици илјади без струја

Најмалку 85 лица загинаа во САД, од Тексас до Њу Џерси, поради снежна олуја и екстремно ниски температури кои достигнуваа до -40 степени, соопштија американските власти. Половина од смртните случаи се пријавени во Тенеси, Мисисипи и Луизијана, дел поради хипотермија, а дел поради изложеност на јаглерод моноксид при користење на извори за топлина во областите без струја.Повеќе од 230.000 домови и претпријатија останаа без струја, а најголем број прекини се бележат во Мисисипи и Тенеси, со по околу 87.000 корисници без електрична енергија во секоја сојузна држава.Арктичкиот воздух се движи кон југот на САД, со прогноза за продолжување на ниските температури и снег во Северна и Јужна Каролина, Вирџинија и североисточна Џорџија.Стотици припадници на Националната гарда се мобилизирани за чистење на снежните наноси и помош на заглавени луѓе, со распределување на оброци, гориво и други залихи.

Свет | пред 1 месец

media-library4mrkvt9u9p3856AMael

Министерот за одбрана до Трамп: Подготвени сме за Иран

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека армијата е подготвена да го спроведе секое решение на претседателот Доналд Трамп во врска со Иран, со цел да се спречи Техеран да продолжи со развојот на нуклеарно оружје.Со оглед на големите американски сили распоредени во регионот, Трамп на состанок со кабинетот побара од Хегсет да даде коментар за ситуацијата. „Тие не треба да тежнеат кон нуклеарни способности. Ќе бидеме подготвени да го извршиме сè што овој претседател очекува од Министерството за војна“, рече Хегсет, сугерирајќи на неофицијалното преименување на Министерството за одбрана во администрацијата на Трамп.Американските официјални лица наведуваат дека Трамп сè уште разгледува опции и не донел одлука дали ќе изврши напад врз Иран. Тензии меѓу САД и Иран нагло се зголемија по крвавото гушење на протестите низ земјата, додека Трамп повеќе пати закануваше интервенција ако Иран продолжи со насилство врз демонстрантите.Трамп истакна дека САД ќе дејствуваат доколку Техеран продолжи со развојот на нуклеарниот програм, особено по воздушните удари на израелски и американски сили врз клучни ирански нуклеарни објекти во јуни минатата година.

Свет | пред 1 месец

media-librarysl7chu3t2ngs3W3A1tG

Трамп има три воени опции против Иран

По недели протести низ Иран, врховниот лидер нареди насилно гушење кое резултираше со илјадници загинати. Претседателот Доналд Трамп, кој ги охрабруваше демонстрантите да останат на улиците, не интервенираше војно, но сега големи американски сили се распоредени во регионот, подготвени за напад ако биде издадена наредба.САД имаат три можни воени опции:Опција А – Економски притисок: Применување на економски ембарго и блокада со цел да се ослабне иранската економија и да се натера земјата да се откаже од нуклеарниот програм, ограничува дострелот на проектилите и поддршката на милитантни групи. Иран, сепак, ретко се покорува на санкции и има ресурси да ги избегне.Опција Б – Казнени удари: Ограничени воздушни и воени напади на објекти и единици на иранскиот режим, како што беа удари во Сирија 2017, со цел одвраќање без промена на режимот. Ризикот од одмазда на Иран е значителен, вклучувајќи лансирање проектили кон американските позиции и Израел.Опција Ц – Удар врз врвот на режимот: Најагресивна опција вклучува директни напади врз лидерите на Иран со цел промена на власта или обезглавување на режимот. Ова носи најголеми ризици и неизвесен исход поради религиозниот авторитет на Али Хамнеи и силната контрола на оружјето во земјата.Без јасен дипломатски пат, Трамп сега се соочува со тешки одлуки, додека распоредувањето на „големата армија“ во регионот го зголемува ризикот од воена конфронтација со Иран.

Свет | пред 1 месец

media-libraryikd2tfi231preCKYYIZ

Бивши заменик шериф осуден на 20 години затвор за убиство на жена што повикала полиција

Во американската сојузна држава Илиноис, бившиот заменик шериф Шон Грејсон (31) беше осуден на 20 години затвор за убиството на 36-годишната Соња Маси, жена која повикала итна помош поради сомнителен провалник пред нејзината куќа во Спрингфилд. Грејсон во октомври беше прогласен за виновен за убиство од втор степен, а судијата му изрече максимална казна. Тој е во притвор од подигањето на обвинението.Грејсон се извини за своите постапки, велејќи дека сака да може да ја врати Маси и да ѝ го поштеди семејството од болката што ја предизвикал. Меѓутоа, семејството на убиената, кое побарало максимална казна, истакна дека нивните животи се трајно променети. Нејзините деца растат без мајка, а мајката на Соња живее во постојан страв.Трагичниот инцидент се случи на 6 јули 2024 година, кога Маси повикала полиција поради сомнителен човек пред куќата. Според снимките од телесната камера, Грејсон и неговиот колега Досон Фарли го пребариле дворот, а потоа Грејсон пукал во Маси поради ситуација со тенџере на шпоретот, тврдејќи дека се исплашил од можна повреда.Случајот ја отвори јавната дебата за постапувањето на американската полиција и употребата на сила во домот на граѓаните. Обезбедена е и компензација од 10 милиони долари за семејството, додека Министерството за правда на САД спроведе истрага и наметна обуки за деескалација на конфликти. Шерифот кој го вработил Грејсон беше принуден да поднесе оставка.

Свет | пред 1 месец

media-library5d39kd920of7bKfXIYK

Почнаа техничките разговори меѓу САД, Данска и Гренланд за арктичката безбедност

Техничките разговори меѓу САД, Данска и Гренланд околу договор за арктичка безбедност започнаа, изјави вчера државниот секретар на САД, Марко Рубио.Министрите за надворешни работи на Данска и Гренланд формираа работна група чија цел е да ги анализира разликите во односите со САД, кои се појавија на состанокот во Вашингтон со потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, и со Рубио, на почетокот на овој месец.Работната група беше формирана по повторените повици на претседателот Доналд Трамп САД да го преземат Гренланд, за да се спротивстават на заканите од Русија и Кина, што силно беше отфрлено од страна на Гренланд, Данска и европските сојузници.„Започнува денес и ќе биде редовен процес“, рече Рубио зборувајќи за работната група. Тој тоа го изјави за време на сведочењето пред Сенатскиот комитет за надворешни односи.„Ќе се обидеме тоа да го направиме така што нема да биде како медиумски циркус секојпат кога се водат овие разговори, затоа што мислиме дека тоа создава поголема флексибилност од двете страни за постигнување позитивен резултат“, додаде Рубио.Данското Министерство за надворешни работи соопшти дека вчерашните разговори беа насочени кон тоа како можат да одговорат на американските загрижености за безбедноста во Арктикот, а истовремено да ги почитуваат „црвените линии“ на Кралството Данска кои се однесуваат на суверенитетот на Гренланд.Повторените закани на Трамп во последните недели дека ќе го анектира Гренланд, го нарушија односот меѓу САД и Европа.На почетокот на овој месец, Трамп најави воведување нови царини за Данска и уште седум европски земји кои се спротивставија на неговите повици за преземање на Гренланд. Меѓутоа, брзо ги откажа тие закани кога, со помош на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, беше постигнат „рамковен“ договор за пристап до островот.Мал дел од деталите на договорот е достапен за јавноста.По остри реакции од европските сојузници на неговата реторика за Гренланд, Трамп на Светскиот економски форум во Давос минатата недела соопшти дека ја исклучува можноста за употреба на американска воена сила за преземање на Гренланд.

Свет | пред 1 месец

media-libraryk3rpevvfksqe9xEMWTL

Норвешкиот министер за одбрана: Руските ракети можат да стигнат до САД за 18 минути

Норвешкиот министер за одбрана, Торе Сандвик, предупреди дека арктичкиот регион станува клучна зона за стратешко надминување меѓу НАТО и Русија. Тој укажа на Кола, рускиот полуостров со еден од најголемите нуклеарни арсенали, од каде интерконтиненталните балистички проектили до американските градови стигнуваат за околу 18 минути.Русија, која контролира половина од копнениот и воден арктички простор, има над 40 воени објекти и ја модернизира Северната флота и нуклеарните подморници. Во октомври минатата година тестираше и крстосувачка ракета на нуклеарен погон на Новата Земја.Нордиските земји повикуваат на поголем ангажман на НАТО во Арктикот, а САД, Велика Британија и Франција веќе ги зголемија обуките за арктички операции. Во март ќе се одржи вежбата Cold Response во северна Норвешка со околу 25.000 војници.Два клучни морски пролази каде би се НАТО и Русија судриле за контрола: преминот меѓу Гренланд, Исланд и Обединетото Кралство (GIUK) и арктичкиот морски премин кај Свалбард.И покрај воените активности, нордиските официјални лица нагласуваат дека приоритет мора да останат климатските промени, инфраструктурата и правата на автохтоните народи. Русија и Кина, пак, гледаат на Арктикот како долгорочна стратегиска зона за надминување и економска експанзија.

Свет | пред 1 месец

media-libraryub33bq4rtoa22tYMlPX

Америка го подготвува теренот за влез на нафтените компании во Венецуела

Американски претставници работат на брзо издавање општа дозвола со која би се укинале дел од санкциите врз енергетскиот сектор на Венецуела, што укажува на промена на досегашната практика на поединечни изземања. Соединетите Американски Држави со месеци го блокираа извозот на венецуелска нафта, распоредувајќи воени бродови во Карипскиот регион. На почетокот на јануари американските сили го приведоа венецуелскиот претседател Николас Мадуро, наведувајќи дека треба да биде изведен пред американски суд по обвиненија за, како што соопштија, „наркотероризам“.По настаните, претседателската должност привремено ја презеде заменичката на Мадуро, Делси Родригез, а Вашингтон соопшти дека со Каракас постигнал договор за испорака на нафта вреден две милијарди долари. Американските власти ги повикаа компаниите да инвестираат во Венецуела, со процени дека вкупниот обем на вложувања во следната деценија би можел да достигне 100 милијарди долари.Во меѓувреме, дозволи добија трговските куќи „Витол“ и „Трафигура“, а во изминатите недели бројни партнери и купувачи на државната нафтена компанија ПДВСА поднесоа барања за проширување на производството и извозот. Меѓу нив се „Шеврон“, „Репсол“ и „ЕНИ“, индиската рафинерија „Релајанс Индастрис“, како и група американски услужни компании. Според два извора, големиот број поединечни барања упатени до американската влада ја забавил реализацијата на плановите за проширување на извозот и за брзи инвестиции во земјата.Американското Министерство за финансии, Белата куќа и венецуелското Министерство за нафта не одговорија веднаш на барањето за коментар. Канцеларијата за контрола на странски средства при Министерството за финансии ги воведе санкциите врз целата венецуелска енергетска индустрија уште во 2019 година, по претседателските избори на кои Мадуро освои нов мандат, а Белата куќа тогаш тврдеше дека изборниот процес не бил легитимен.Санкцискиот режим се менуваше во изминатите седум години, во зависност од составот на американската администрација, преку низа уредби и дозволи со кои одредени производители и купувачи добиваа изземања. Раководители на нафтени компании оценуваат дека се потребни повеќе дозволи за да се забрза извозот и да се поттикне производството на полињата каде што опремата е достапна, како и да се зајакнат активностите за преработка. Тие укажуваат и на нужноста од обемни вложувања во поправка на застарената инфраструктура, особено поради нестабилното снабдување со електрична енергија.

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања