ТОП

cavkov-kerka

Ќерката на Митко Чавков: Притворот за татко ми се темелеше на салфетка од кафана, не умирам дур не ве видам во затвор

Зорица Чавкова-Пинтарич, ќерка на поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, кој е осуден во случајот „27 април“, остро реагираше за начинот на кој, според неа, бил одреден притворот за нејзиниот татко по барање на обвинителката Вилма Русковска пред шест години.Таа тврди дека притворот бил побаран и одреден врз основа на „службена белешка напишана на салфетка од разузнавач во кафана“, со измислени информации дека Чавков поседува имот во Грција и планира бегство.„…шкембар со значка се досетил седејќи во кафана…ај ќе напишам на салфетка една службена белешка, демек Чавков планира бегство, ќе измислам дека има имот во Халкиди, во вилата таму ќе се криел. Ќе ја доставам салфетката кај Русковска, ќе избројам до три и Чавков оди во ефективен притвор! Какви фингиравки, какви монструми, каква банана држава! Не умирам дур не ве видам во затвор за салфетката, за срамниот предлог за притвор и за судската одлука донесена врз основа на таков ‘доказ’“, напиша Чавкова-Пинтарич.Таа додаде дека семејството доставило докази до судот дека нејзиниот татко не поседува имот во Грција, но дека, и покрај тоа, судот ја прифатил проценката за опасност од бегство. „Во здрава држава, вакви постапки немаше да се случат, ниту пак вакви луѓе ќе беа дел од правосудството,“ наведе Чавкова-Пинтарич.Според неа, случајот претставува „монструозен чин на киднапирање на господин човек, интелектуалец и угледен човек кој падна во крвави раце“. Таа порача дека семејството ќе продолжи со борбата за, како што рече, „разоткривање на криминалната мрежа“ и најави дека нема да се откажат дури и по изминување на 18 години од изрекувањето на пресудата.

Македонија | пред 5 месеци

ivica-tomovski

Директорот на СОЗР: „Ќе се обидат да ги оправдаат прислушувањата, факт е дека државните механизми биле злоупотребувани“

Директорот на Службата за општи и заеднички работи при Владата, Ивица Томовски, реагираше по објавите за незаконско следење и прислушување во периодот од 2019 до 2024 година, истакнувајќи дека станува збор за скандал од невидени размери.„Прислушкувани биле сегашниот премиер Мицкоски, следени биле новинари, медиуми, бизнисмени. Скандал кој е од невидени размери. А ќе потсетам дека на власт дојдоа со проект ‘Вистината за Македонија’. Седум години подоцна вистината е поинаква, грда, но и болна. Тогашната власт ја следела опозицијата,“ напиша Томовски.Тој смета дека тогашните власти ќе се обидат да ги оправдаат постапките со „белешки, фабрикувани случаи и измислени причини“, а суштината е дека државните механизми биле злоупотребувани за лични интереси.„Главните прашања кои мора да бидат одговорени се: кој бил одговорен да го следи издавањето на ПИМ мерките од 2019 до 2024 година? Дали е впрочем за тоа одговорен сегашниот јавен обвинител Љупчо Коцевски? Ако тоа е така, станува појасно зошто СДС и ДУИ не гласаа за негово разрешување. Уште поважно е што и денес Венко Филипче е опкружен со истите луѓе кои прислушкувале и злоупотребувале државен систем,“ додава Томовски.Тој бара одговори за тоа кому и зошто му служеле прислушуваните материјали и дали со нив се вршеле уцени врз бизнисмени. „Во која европска држава се следи лидер на најсилна партија и новинари и медиуми? Дали со добиените информации се тргувало со влијание и се уценувале бизнисмени? Времето ќе покаже, и ќе ги даде одговорите. Одговорност мора да има,“ нагласува Томовски.

Македонија | пред 5 месеци

ukraina-telegram

Русите напаѓаат западни цели во Украина

Ракетите што ја погодија американската мултинационална фабрика и канцелариите на европските дипломати, аналитичарите ги сметаат за сигнал од Кремљ дека ќе се спротивстави на западните обиди за мир и заштита на Украина, објавува „Њујорк тајмс“.„Тие точно знаеја што целат“Нападите беа шок за западниот украински град Мукачево, кој досега е во голема мера поштеден од војната. Таму нема полициски час. Градоначалникот Андриј Балоха првично мислеше дека се грмотевици.Целта и времето на крстосувачките ракети беа уште поголемо изненадување. Фабриката „Флекс Лтд.“, позната по производство на домашни апарати, беше погодена шест дена откако американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин се сретнаа во Алјаска за да разговараат за завршување на војната.„Два удари на исто место? Не, не грешеа. Тие точно знаеја што целат“, рече Балоха.Една недела подоцна, две ракети го погодија центарот на Киев, оштетувајќи ги канцелариите на Европската унија и Британскиот совет. Русија ретко напаѓа таму бидејќи е зона на дипломатски мисии. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја обвини Москва дека намерно ја таргетира ЕУ.Сигналот на Москва: „И ние сме во војна со Западот“Аналитичарите и официјалните лица велат дека нападите врз американските и европските цели испраќаат порака - дека Путин се чувствува доволно моќен за да се спротивстави на притисокот за мир, да ја води војната како што смета за соодветно, а во исто време да му нанесе болка на Западот.Трамп повика на директни мировни разговори меѓу Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски, додека европските земји дебатираат за безбедносните гаранции за Украина по војната. Кремљ ги нарекува разговорите прерани, а гаранциите неприфатливи.„Русија сега напаѓа врз секој во светот што сака мир“, рече Зеленски.Минатата недела, Русија испали стотици беспилотни летала и ракети кон Киев, убивајќи најмалку 25 лица во најсмртоносниот напад врз цивили откако се сретнаа Трамп и Путин. Ниту еден од загинатите не беше во дипломатските згради.фото: Телеграм/Кличко

Свет | пред 5 месеци

flajt

Флајтрадар: Авионот со Урсула фон дер Лајен не го изгубил GPS-от

Флајтрадар ги негираше извештаите на социјалните медиуми за дефект на GPS-системот во авионот со кој се превезуваше претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во Бугарија.„Летот со Урсула фон дер Лајен пренесе сигнал со добар квалитет од полетувањето до слетувањето“, беше објавено на X.Flightradar, исто така, се осврна на извештаите дека авионот поминал околу еден час во воздух пред слетувањето, наведувајќи дека летот траел 1 час и 57 минути, во споредба со првично планираните 1 час и 48 минути. Претходно, британскиот весник Financial Times објави дека навигацискиот систем откажал кога авионот со кој се превезувала лидерката на ЕК слетал во Бугарија. Според весникот, пилотите морале да користат хартиени мапи за да слетаат на аеродромот во Пловдив.Според портпаролката на Европската комисија, Аријана Подеста, бугарските власти го нарекоа инцидентот „заглавување од страна на Руската Федерација“, но таа додаде дека Бугарија не доставила никакви докази.Три анонимни службеници запознаени со инцидентот изјавија за „Фајненшл тајмс“ дека постои сомневање за руско попречување на сигналот.Русија остро негираше каква било вмешаност. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, отворено и јасно ги отфрли обвинувањата во изјава за „Фајненшл тајмс“. „Вашите информации се неточни“, рече Песков.

Свет | пред 5 месеци

20221121072608

Ексдиректорот на АНБ денес ќе слави, а утре ќе одговори за наводите дека незаконски се следени и прислушувани политичар, јавен обвинител и новинари

Поранешниот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Виктор Димовски, се огласи по повод наводите дека додека раководел со институцијата, се вршело незаконско следење и прислушување. Во кратка објава на социјалните мрежи, тој порача:„Денес е ден за славење, а од утре аргументиран одговор на наводите од брифинг во АНБ одржан деновиве...“.Оваа негова изјава доаѓа во контекст на најновите информации од АНБ, според кои до Јавното обвинителство биле доставени три известувања за поранешен директор и група вработени поради индиции за незаконско и непрофесионално постапување во периодот 2019–2024 година. Порталот „Плусинфо“ веќе објави дека таргети биле премиерот Христијан Мицкоски, обвинителката Вилма Русковска, новинарите Кристијан Ландов и Љупчо Златев.Димовски најави дека веќе од утре ќе излезе со став и аргументиран одговор на изнесените тврдења. 

Коментари | пред 5 месеци

aleksandar-nikoloski

Александар Николоски за нелегалното прислушување: „Повикувам Обвинителството ова да го истражи и одговорните да бидат процесуирани“

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, повика Обвинителството да отвори истрага и да ги процесуира одговорните за наводната злоупотреба на тајните служби, оценувајќи дека расчистувањето е клучно за демократијата.-ОДГОВОРНОСТ И ПРОЦЕСУИРАЊЕ НА ОДГОВОРНИТЕ ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ТАЈНИТЕ СЛУЖБИ КАКО ПРЕДУСЛОВ ЗА ДЕМОКРАТИЈА ВО МАКЕДОНИЈА!Во опозиционите денови искажувавме сомнежи дека сме следени од тајните служби кои беа злоупотребувани од власта на СДСМ и ДУИ, а со нив и Стево Пендаровски.Имавме сомнеж дека Агенцијата за разузнавање пишува клеветнички лажни извештаи до западните партнери и сојузници, а АНБ следела и прислушувала.Тоа беше начин за политичка дискредитација кој не им успеа! Промените се случија на минатогодишните избори, а со тоа и патот кон расчистување во тајните служби и одговорност за оние кои ги злоупотребуваа!Повикувам Обвинителството ова да го истражи и одговорните да бидат процесуирани. Доста е од злоупотреби на тајните служби!!!

Македонија | пред 5 месеци

sledeni

Плусинфо: Мицкоски, Русковска, новинарите Ландов и Златев биле таргети - списокот на незаконски следени и прислушувани јавни личности е многу поголем

По известувањето на АНБ дека до Обвинителството пријавиле незаконско и непрофесионално постапување и следење на лидер на опозициска партија, како и група новинари, „Плусинфо“ објави дека на списокот за незаконско следење бил и јавен обвинител. Порталот, повикувајќи се на свои извори, пишува дека во периодот од 2019 до 2024 година, мета биле лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, поранешната обвинителка Вилма Русковска и новинарите Кристијан Ландов и Љупчо Златев.„Плусинфо“ пишува дека Вилма Русковска во изјава им потврдила дека била незаконски следена.„Немам информации дали сум била прислушувана, но извор во кој имам доверба ми кажа дека сум била незаконски следена од страна на Јовче Ременски, сопругот на поранешната пратеничка Фросина Ременски, против која во тоа време поведов обвинение,“ изјави Русковска.Плусинфо со Русковска ja споделиле и информацијата дека била незаконски прислушувана, во еден или повеќе разговори со новинарот Кристијан Ландов, на што искоментирала: „Јас за тоа немам информации, но не би ме изненадило да било така. Можно е јас да сум била таргет, а можно е и новинарот да бил таргет. Се надевам дека и тоа прашање ќе се расветли“.Ландов: „Не сум имал причина да се сомневам“Порталот побарал коментар и од новинарот Ландов, кој рекол: „Не сум имал причина да се сомневам. Дали било можно или не, тоа треба да го кажат службите. Со Русковска сум имал комуникација, како и со други обвинители што работеа на предмети од јавен интерес. Таа комуникација датира од 2020 година наваму, кога Русковска беше шеф на ОЈО-ГОКК“.Златев: „Се отвораа апсурдни предмети, целта беше да бидам следен“Новинарот Љупчо Златев, пак, тврди дека уште во 2019 година добил информации од свиркачи во АНБ дека бил ставен под посебни истражни мерки.„Во периодот 2019–2024 година за мене се отвораа апсурдни предмети, со единствена цел да бидам следен и прислушуван. Се користеа белешки со измислени содржини, од луѓе кои случајно ги познавав и кои постојано се обидуваа да стапат во контакт со мене. Еден од нив е осуден за убиство, друг е подкастер и уредник, трет е измамник кој пропадна една од најголемите градежни компании,“ изјави Златев.За контрола на посебните истражни мерки, според „Плусинфо“, за целиот период бил задолжен сегашниот републички обвинител, Љупчо Коцевски.Целиот текст на Плусинфо

Македонија | пред 5 месеци

benzinska-benzin-nafta-

Дизелот ќе поскапе, цената на бензините останува иста

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 25.08.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,00 ден/лит.Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се зголемуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување.на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 25.08.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 68,50 ден/лит, додека малопродажната цена наЕкстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 68,00 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,128 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 25.08.2025 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 38,393 ден/кг.

Македонија | пред 5 месеци

mucunski4-2

Муцунски: Преговорите со ЕУ не се блокирани – тие никогаш не започнаа поради СДСМ и ДУИ

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, реагираше на изјавите на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, за процесот на евроинтеграции, посочувајќи дека преговорите со Европската Унија не можат да бидат блокирани затоа што – како што вели – „никогаш и не започнале, благодарение на СДСМ и ДУИ“.„Од нас нема да слушнете големи зборови без покритие и празни чекори. Нашата задача не е да нудиме изговори, туку резултати. Затоа ја движиме државата напред – таму каде што ѝ припаѓа: во Европа. Тоа не е слоган, туку реалност што ја градиме преку конкретни проекти: бесплатен роаминг за нашите граѓани во ЕУ, зелени ленти за превозниците, пристап до европскиот единствен систем за плаќање, партнерство во безбедноста и одбраната со ЕУ. Тоа се вистински реформи, а не празни флоскули,“ истакна Муцунски.Тој додаде дека зборува и работи за поевтин роаминг, но и за зачуван идентитет, достоинство и гордост. „Не зборувам за виткање кичма, за администратори, за договори под маса, за прифаќање уцени или ултиматуми, како што тие го правеа тоа. Тука има разлика – и граѓаните ја гледаат таа разлика,“ нагласи министерот.Муцунски ја повика опозицијата да дејствува рационално и разумно и да не го саботира европскиот процес. „Ова не е борба за лични или партиски интереси. Ова е борба за граѓаните, за државата, за иднината. Ќе напредуваме само ако сите заедно ги ставиме државните пред партиските интереси,“ заврши тој.

Македонија | пред 5 месеци

3

Исчезнаа 11 лични карти – полицаец од Чаир под истрага

Внатрешната контрола на МВР поднесе кривична пријава против полицаец од ПС Чаир, осомничен дека подигнал 11 лични карти и не ги доставил до полициcка подстаница Мирковци Мирковци, со што граѓаните останале без документи. Службеникот е суспендиран и му е одземено службеното оружје додека трае дисциплинската постапка.-Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје поднесе кривична пријава против Д.С. на работно место полицаец во ПС Чаир при СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в став 4 од КЗ.Пријавениот полициски службеник како службено лице во просториите на Одделението за управни работи Скопје се потпишал и подигнал 11 лични карти и список-извештај за скенирани лични карти за лица кои живеат на станично подрачје на ПО Мирковци во Општина Чучер Сандево, по што со пропуштање на должен надзор над преземените лични карти, пријавениот не ги доставил во ПО Мирковци за понатаму граѓаните да ги подигнат, ниту пак пријавил дека личните карти недостасуваат, со што на граѓаните им е причинета материјална штета и им го ограничил правото за користење, како и за навремено изготвување и подигање на личните карти.Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против полицискиот службеник ќе поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки одземање на службеното оружје и муниција и да се отстрани од работното место- суспендира до завршување на дисциплинската постапка, соопшти МВР.

Скопје | пред 5 месеци

Screenshot-2023-09-22-at-08.21.48

Почна судењето за „Геријатрија“ – обвинетите го отфрлаат обвинението за мито

Пред Основниот кривичен суд Скопје денеска започна судењето за случајот „Геријатрија“. Обвинетите Мухсин Арифи, директор на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина, и Блерим Амити, се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за делата што им се ставаат на товар.Арифи се гони за примање поткуп, додека Амити е обвинет за примање награда за противзаконито влијание.Според обвинителниот акт, Арифи побарал 20.000 евра за да овозможи прием на пациентка во тешка здравствена состојба. Амити, кој го познавал сведокот, се понудил да посредува и ја примил паричната сума, по што бил фатен од полицијата.Обвинителката Искра Хаџи Василева во воведните зборови истакна дека случајот е пример за длабоко вкоренета корупција.„Пропорциите и интензитетот на корупцијата се толку многу длабоки што нè потсетуваат дека ја засегаат секоја сфера од живеењето,“ рече таа. Таа додаде дека станува збор за грубо барање мито од страна на директор на јавна здравствена установа – износ кој бил предмет на преговори, а потоа прифатен како минимален за извршување службено дејствие што инаку морало да се изврши без надомест.Обвинителката нагласи дека обвинетите дејствувале исклучиво за лично богатење, искористувајќи ја ранливоста на пациентката и нејзината потреба за итен медицински третман.Одбраната на обвинетите најави дека во текот на постапката ќе презентира докази, меѓу кои статути, процедури и законски одредби поврзани со институцијата, со цел да се докаже дека Арифи и Амити не можеле, ниту имале намера да извршат кривично дело.„Убедени сме дека доказите ќе укажат на недоразбирање што настанало во овој т.н. кривично правен настан,“ соопштија одбраната.Случајот го водат судиите Ленка Давиткова и Илија Трпков. Судењето е закажано да продолжи на 16 септември, во 13 часот.

Скопје | пред 5 месеци

Screenshot-2025-09-01-at-11.29.08

(Видео) Неверојатна сцена во ЗОО Скопје: родител му вика на негувател „Понашај се малку покултурно“, додека децата му висат на ограда

Негувателот во ЗОО Скопје, Војо Иванов направи снимка на која се гледа како голем број деца се качени на оградата на едно од живеалиштата на животните и покрај јасните насоки дека тоа не е дозволено. Откако Иванов како вработен во Зоолошката градина Скопје им пристапува и им укажува дека не смеат тоа да го прават, имаше контра реакција од родител.„Господо, господо, доле. Доле господо“, рече Иванов, а родител врати: „Полека бе полека“. На реакцијата на Иванов кој рече „Децата ви се горе“, родителот врати: „Ако де што има врска? Да не се внатре?“.Иванов му врати на родителот „Господо, мора доле да бидете!“, а родителот пак возврати: „Понашај се малку покултурно“. Зоо негувателот на ова му вели „Јас култура, а вие сте на ограда?“, а родителот вели „Ако мое право“.Под ова виде, иванов напиша „Ризик јак, недела со гостите“.

Скопје | пред 5 месеци

avgan-zemjotres

(Видео) Деца има под урнатините! Бројот на жртви во земјотресот во Авганистан надмина 800

Бројот на жртви од разорниот земјотрес што ја погоди источна Авганистан надмина 800, а повеќе од 2.800 луѓе се повредени, соопшти портпарол на владата на Талибанците.Земјотресот со јачина од 6 степени по Рихтер се случи во недела навечер, околу 23:30 часот по локално време, во покраината Кунар. Епицентарот бил во близина на градот Џалалабад, во близина на границата со Пакистан, на длабочина од десет километри.Министерството за внатрешни работи на Талибанците информира дека повеќе од 600 загинати се регистрирани токму во Кунар, а најмалку десет жртви има во соседната провинција Нангархар. Многу села се целосно уништени.Очевидци опишуваат сцени на очај: „Децата се под урнатините, старите лица, младите…“ изјави жител на Нургал, една од најтешко погодените области. Луѓето со голи раце копаат низ урнатините во обид да ги пронајдат своите блиски. „Ни треба помош. Ни требаат луѓе да дојдат и да ни помогнат да ги извлечеме нашите мртви,“ велат локалните жители. Спасувачките екипи се распоредени на повеќе локации во источниот дел од земјата, додека хеликоптери се користат за евакуација и транспорт на повредените.Меѓународните тимови веќе обезбедуваат итна хуманитарна помош, а Обединетите нации соопштија дека нивните екипи во Авганистан се на терен со цел да спасуваат животи. „ОН во Авганистан е длабоко ожалостена од разорниот земјотрес што одзеде стотици животи и повреди многу повеќе. Нашите мисли се со погодените заедници,“ се наведува во изјавата.Високиот комесар за бегалци на ОН, Филипо Гранди, во интервју за „Скај њуз“ оцени дека земјотресот е „совршена бура“ за една земја која веќе страда од повеќекратни кризи. „Во моментов имаме многу малку информации, но веќе имаме извештаи за стотици смртни случаи и многу луѓе кои останале без покрив над главата,“ рече Гранди, нарекувајќи ја ситуацијата „многу трагична“.Регионите Кунар и Нангархар се познати по честите земјотреси, што дополнително го отежнува животот на локалното население.фото: Х

Свет | пред 5 месеци

uapsen-rusin

Украинците уапсија осомничен за убиство на истакнат политичар, објавија фотографии: „Злосторството има руски траги“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во раните утрински часови на 1 септември објави дека осомничениот за убиството на Андриј Парубиј, поранешен претседател на парламентот и истакнат политичар, кој беше убиен на 30 август во Лавов, е уапсен.„Осомничениот го даде своето првично сведочење. Во тек се итни истражни дејствија за да се утврдат сите околности на ова убиство“, рече Зеленски, заблагодарувајќи им се на полицијата и на Службата за безбедност на Украина за нивната брза акција.Иван Вихивски, шефот на украинската полиција, нагласи дека злосторството не е случајно и дека „има руска трага“. Според министерот за внатрешни работи Игор Клименко, напаѓачот бил уапсен во регионот Хмелницки откако се обидел да ги скрие трагите со пресоблекување и фрлање на оружјето, објавува Киев Индепендент.Парубиј, 54, беше застрелан пред својот дом во Лавов во саботата. Напаѓачот, преправен како доставувач, испукал осум истрели од огнено оружје. Полицијата соопшти дека нападот бил внимателно испланиран: напаѓачот ги следел движењата на жртвата, испланирал рута и планирал бегство.„Во рок од 24 часа од убиството, веќе бевме на трагата на сторителот, а во рок од 36 часа беше уапсен“, рече Клименко.Парубиј беше една од клучните политички фигури на модерна Украина. Роден во 1971 година во близина на Лавов, тој се вклучил во политичкиот живот за време на советската ера, кога двапати бил апсен за организирање протести. Откако Украина доби независност, тој беше избран во парламентот во 2007 година, а учествуваше и во најважните проевропски движења - „Портокаловата револуција“ во 2004 година и протестите на Мајдан во 2013/2014 година, каде што водеше групи за самоодбрана.Тој беше секретар на Советот за национална безбедност и одбрана од февруари до август 2014 година, во времето кога Русија го анектираше Крим и започна војна во источна Украина. Поради неговата улога во тој период, тој беше честа цел на руската пропаганда и дезинформациски кампањи.Парубиј беше претседател на парламентот помеѓу 2016 и 2019 година. Властите сега истражуваат дали тој добил закани во периодот пред неговото убиство.фото: Украинска полиција

Свет | пред 5 месеци

izbori-makedonija-Copy

Истекува рокот за собирање потписи за независни кандидатури, има дури 22-јца независни кандидати за градоначалник

На полноќ завршува периодот предвиден за собирање потписи за независни кандидатури за Локалните избори 2025, кои ќе се одржат на 19 октомври.Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), до саботата поддршка за градоначалнички кандидатури се собираше во 16 општини за вкупно 22 кандидати. Најмногу пријавени има во Демир Хисар – четворица, додека по двајца кандидати има во Македонска Каменица, Битола и Новаци. Потписи се прибираат и во Куманово, Дебарца, Охрид, Струга, Дебар, Центар, Демир Капија, Македонски Брод, Кочани, Могила, Гостивар и за Град Скопје.За советнички листи, пак, потписи се собираат во 11 општини за вкупно 12 кандидатури. Меѓу нив се Македонски Брод, Кочани, Чешиново-Облешево, Битола (две листи), Могила, Свети Николе, Лозово, Карпош, Дебар, Куманово и Старо Нагоричане.Рокот за поднесување листи со кандидати за градоначалници и советници истекува на 13 септември. До 11 септември граѓаните можат да извршат увид во Избирачкиот список во подрачните канцеларии и одделенијата на ДИК. Паралелно е отворен и процесот на пријавување за набљудувачи и известувачи за изборите.

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања