ТОП

teodora

Семејството на смртно прегазената Теодора револтирано: „Како може тепање и убиство да имаат иста казна – две години затвор?“

Ева Ристовска, сестрата на трагично загинатата Теодора од Тетово, остро реагираше по денешната судска пресуда, каде што лицето кое ја нападна скопската градоначалничка Данела Арсовска, доби идентична казна – две години затвор, исто како и Менсур Пајазити, возачот кој ја усмрти Теодора на пешачки премин.„Како може тепање и убиство да имаат иста казна – две години затвор? Каде е правдата? Судство, правда или корупција – срам да ви е! Со вакви судии немаме ни суд, ни правда“, напиша Ристовска.Теодора беше усмртена на пешачки премин во Тетово, а нејзиното семејство веќе подолго време апелира дека правдата е недостижна и дека казната за возачот е понижувачка и неправедна.

Коментари | пред 5 месеци

policaec

Кривична пријава за полицаец кој нападна советничка и инспектори на град Скопје, кои утврдиле дека на диво се приклучил на канализциска мрежа

Кривична пријава за полициски службеник кој нападна советничка и инспектори на град Скопје, кои утврдиле дека на диво се приклучил на канализациона мрежаОдделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Скопје - Специјализирано одделение за истражување и гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поднесе кривична пријава против Б.М., полициски службеник во Одделението за криминалистички работи Чаир при СВР Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“ по член 382 став 1 од Кривичниот законик.На 05.07.2025 инспектори на град Скопје утврдиле дека во општина Шуто Оризари има див приклучок на канализациона мрежа од страна на полицискиот службеник Б.М., а тој им се заканувал на присутните, употребил физичка сила кон советничката на град Скопје И.В. и ги спречувал инспекторите од град Скопје да снимаат со своите мобилни телефони со цел да ја документираат затекнатата состојба на терен, со што го попречувал инспекцискиот надзор.Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против полицискиот службеник Б.М. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки одземање на службеното оружје и муниција и отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

Скопје | пред 5 месеци

pesevski

АНБ служи за политички пресметки, државата изорана од странски служби, вели Пешевски

Адвокатот Драган Пешевски остро ја критикуваше работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), оценувајќи дека институцијата не ја извршува својата примарна улога – заштита на државата.„Агенцијата за национална безбедност не се грижи за безбедноста на државата (исто и претходникот ДБК) туку служи за политичките пресметки меѓу куртовци и муртовци, трошејќи наши, државни пари, а во меѓувреме како држава сме изорани од странски разузнавачки служби. Не е ни чудо што сме на нивото кое сме, ако може да се карактеризира како некакво си ‘ниво’“, напиша Пешевски.Ова доаѓа по најновите информации за нелегално, незаконско, неетичко следење и прислушување на премиерот Христијан Мицкоски, разрешената обвинителка Вилма Русковска, новинарите Кристијан Ландов и Љупчо Златев.

Коментари | пред 5 месеци

brane

Петрушевски: Дали Љупчо Коцевски бил обвинител одговорен да го следи издавањето на ПИ мерките

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, соопшти дека СДС, Зоран Заев и Венко Филипче ги злоупотребувале Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање (АР) и дека биле прислушкувани претседателот Христијан Мицкоски, новинари и бизнисмени. Според него, во периодот 2019–2024 службите наместо за државата работеле за СДС со цел политички прогон и хајка против ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски, замолчување на новинари и уцена на бизнисмени.„Ова е скандал од невидени размери... 7 години потоа вистината е поинаква, грда, но и болна,“ рече Петрушевски, додавајќи дека „СДС како тогашна власт ја следела опозицијата, ВМРО-ДПМНЕ,“ со „белешки, инструирани и фабрикувани случаи“ и „употреба на државен апарат за политичка елиминација“.Тој наведе дека, според сознанијата, Мицкоски бил ставен на оперативна обработка „неосновано и со една единствена цел – политичка елиминација“ од службите „кои ги воделе кадри на СДС“. Петрушевски посочи: „АНБ на Виктор Димовски и Заре Милошески, како и АР на Еролд Муслиу го следеле претседателот Христијан Мицкоски, неговото движење, неговата комуникација и неговото делување.“„Следењето на политички противник, заради негова политичка елиминација со помош на државни ресурси е крајно тоталитаристички чин и метод...“ изјави тој, додавајќи дека со тоа биле загрозени слободата на движење, говор и политичко организирање на Мицкоски. Според Петрушевски, ваквите сознанија „во многу подетална форма, поткрепена со факти“ ги има и Јавното обвинителство.Прашања што, според Петрушевски, мора да добијат одговор„Кој бил одговорен да го следи издавањето на ПИМ мерките од 2019-та до 2024-та година? Дали е всушност сегашниот јавен обвинител Љупчо Коцевски? Ако тоа е така, станува сосема јасно зошто СДС и ДУИ не гласаа за негово разрешување. Дополнително, денес Венко Филипче е опкружен со истите луѓе кои прислушкувале и злоупотребувале државен систем. Истите тие се дел од понудата на СДС.“„Кому и зошто му служеле прислушкуваните материјали? Во која европска држава се следи лидер на најсилна партија и новинари и медиуми? Дали со добиените информации се тргувало со влијание и се уценувале бизнисмени?“Петрушевски порача: „Бараме ЈО итно, и недвосмислено да отвори случај и да бара одговорност од Виктор Димовски, Заре Милошески и Еролд Муслиу и нивните политички наредбодавци во врвот на СДС. Тоа што во Македонија било пракса 5 години... мора да биде казнето и никогаш да не се повтори.“

Македонија | пред 5 месеци

IMG_2106ll

Напаѓачот на Арсовска доби две години затвор

Две години казна затвор му е изречена на Сулејман Јамалари, осуден дека физички ја нападнал скопската градоначалничка Данела Арсовска. Кривичниот суд ја изрече пресудата и го огласи за виновен, а во казната му се пресметува и времето поминато во притвор.Тој ќе остане во притвор се до правосилност на пресудата.Јамалари е осуден бидејќи ја удрил по лице и раката, а потоа со нога во потколеница. Тој беше гонет за грубо насилство и предизвикување на чувство на несигурност, загрозување и страв во јавноста.

Скопје | пред 5 месеци

aerodrom-zagaduvanje

(Видео) Повик за протест против „екоцидот“ - Вардариште го труе цел град!

Граѓаните од Аеродром повикуваат на протест поради неподносливата миризба и загадувањето од депонијата Вардариште, која со години го труе половина град. Тие бараат итно решавање на проблемот, предупредувајќи дека во локацијата има над 2 милиони кубни метри отпад што претставува сериозен ризик за здравјето и животната средина.-ЕКОЦИДОТ или силната миризба која ја чувствуваме изминативе неколку дена е неподнослива и со сигурност неизмерно штети на нашето здравје. Нашите деца ја школската година ја започнаа во најлоши можни околности. Нашa граѓанска должност е да побараме СЕГА и ВЕДНАШ разрешување на овој проблем. Како граѓани се прашуваме: Кои институции ги плаќаме со наши пари да го решат овој проблем? СЕГА и ВЕДНАШ, не по изборите, ниту по наредниот тендер.Веруваме дека овој проблем може и мора да биде решен само и мирно со бојкот на раскрсницата помеѓу булеварите АСНОМ и Србија, пред мостот Киро Глигоров, се наведува во повикот за протестот.Жителите на нагласуваат дека осум години негрижа и молк од Град Скопје ја довеле депонијата до колапс, а тие и нивните деца секојдневно го чувствуваат загадениот воздух.

Скопје | пред 5 месеци

gaza-glad

Министерство на Хамас: Речиси 200 луѓе умреле од глад во Газа само во август

Министерството за здравство на Газа, кое е под контрола на Хамас, денес соопшти дека 185 лица, вклучувајќи 12 деца, починале од глад во август, што е најголем месечен број од почетокот на војната во палестинската енклава пред речиси две години.Министерството соопшти дека 70-те смртни случаи се регистрирани откако системот за следење на гладот ​​на ОН, Интегрирана класификација на фази на безбедност на храната (IPC), официјално ја прогласи Газа за зона на глад минатиот месец.Катастрофална ситуацијаЗдравствените власти изјавија дека повеќе од 43.000 деца под петгодишна возраст страдаат од неухранетост, заедно со 55.000 бремени жени и доилки. Тие додадоа дека 67 проценти од бремените жени сега се анемични, што е најалармантната стапка документирана во последниве години.Министерството предупреди на катастрофални последици ако итни залихи со храна и лекови не се достават веднаш, наведувајќи брза ескалација на смртните случаи поврзани со глад.Во нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година загинаа 1.200 Израелци, додека Израел уби повеќе од 60.000 Палестинци во нападите врз Газа од тогаш. Воената кампања на Израел ја опустоши енклавата, која се соочува со глад.фото: YouTube/Print Screen

Свет | пред 5 месеци

Venko-SDSM-1

Имам впечаток дека само се нафрлаат работи во јавноста за да се направи фама, вели Филипче за наводите за прислушувањето и следењето

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на наводите за незаконско следење и прислушување на премиерот Христијан Мицкоски, поранешната обвинителка Вилма Русковска и новинарите Кристијан Ландов и Љупчо Златев.„Нека се декласифицираат информациите. Во АНБ, во наше време, направивме сериозни реформи. Јас сум за да Обвинителство направи буквално сѐ, како и ние како пратениците и да се дознае вистината за овој случај. Имам впечаток дека само се нафрлаат работи во јавноста за да се направи фама. Нека се расчисти овој случај, јавноста заслужува“, изјави Филипче.Тој додаде дека лично има доверба во ексдиректорот на АНБ, Виктор Димовски: „Јас лично му верувам на Виктор Димовски. Но едно е моето мислење, друго е институциите“.Изјавата на Филипче доаѓа во момент кога прашањето за прислушкувањата ја отвора една од најголемите политички и институционални афери последниве години.

Македонија | пред 5 месеци

tepacka

(Видео) Нов страшен случај на насилство во Скопје: Три малолетнички ја нападнале, четврта снимала - жртвата не пријавила, таткото дознал од интернет

СВР Скопје го расчисти случајот со нападот врз 11-годишно девојче од Чаир, кој беше снимен и објавен на социјалните мрежи. Како што информираат од МВР, по преземени мерки и активности од полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар, утврдено е дека на 20 јуни 2025 година околу 14 часот на ул. „Павле Илиќ“ во Скопје, во близина на угостителски објект, девојчето било физички нападнато од три малолетнички, додека четврто девојче го снимало нападот со мобилен телефон.Видеото од настанот во изминатите денови било споделено на социјалните мрежи и на еден портал. Случајот во полициска станица го пријавил таткото на нападнатото девојче на 1 септември 2025 година, откако дознал за настанот преку интернет. Според неговата изјава, ќерката молчела за нападот поради страв од ново насилство.Малолетничките и нивните родители се повикани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци за кривичните дела „насилство“ и „неовластено снимање“.

Скопје | пред 5 месеци

ahmeti-bujar

Ахмети: Ако Албанците сакале поделба, ќе ја направеле со петнаесет илјади вооружени војници

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, на партискиот собир во Чаир одговори на, како што рече, „измислени наводи“ од дел од политичарите дека Албанците сакаат да ја поделат Македонија.„Ако Албанците сакале поделба, ќе ја направеле со петнаесет илјади вооружени војници. Ние сакаме унитарна и рамноправна држава за сите, а не тиранин за едни,“ изјави Ахмети, пренесуваат медиумите на албански јазик.На настанот, заедно со кандидатите за градоначалници Бујар Османи и Скендер Реџепи – Зејд, лидерот на ДУИ го потпиша таканаречениот „Акт на Чаир“, кој, според него, претставува „запечатување на најголемото национално единство од 2001 година“.

Коментари | пред 5 месеци

zgradi-kampus-knigi

Што добиваме со трошењето народни пари: Факултети недоградени, книги во влага - милионски загуби во високото образование

Државниот завод за ревизија алармира за сериозни слабости во управувањето со капиталните инвестиции во високото образование и проекти на Министерството за образование и наука. Најновиот извештај открива дека изградбата на новите објекти за Факултетот за физичко образование, спорт и здравје и за Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е сè уште неизвесна, иако започнала пред речиси десет години.Недовршени факултети со милионски вложувањаВо периодот од 2016 до 2019 година за овие два проекти се исплатени речиси 2,92 милиони евра. Но, ревизорите утврдиле дека напредокот е минимален и дека објектите остануваат недовршени. Според нивните процени, за комплетирање на изградбата ќе бидат потребни дополнителни 21,95 милиони евра и уште три години работа.Овие бројки отвораат прашања за ефикасноста на управувањето со капиталните инвестиции во образованието, особено бидејќи станува збор за факултети од големо значење за спортските науки и информатичката технологија.„500 книги“ – проект кој завршил во магацинСериозни недостатоци ревизорите утврдиле и во управувањето со проектот „Превод на 500 стручни и научни книги и учебници“ од реномирани универзитети во САД, Англија, Франција и Германија. За овој проект, спроведуван од 2012 до 2021 година, Министерството исплатило над 13,25 милиони евра.Наместо да бидат распределени до универзитетите и другите државни органи, книгите со години се чуваат во магацин во Гостивар, без целосна евиденција за прием и издавање, и без извршен редовен попис.Ревизорите констатирале и несоодветни услови за складирање – влага и температурни промени предизвикале оштетувања на дел од изданијата. Така, значителен дел од јавните средства вложени во проектот не ја исполниле првичната цел – обезбедување современа литература за унапредување на наставниот процес.Аларм за системски слабостиСо најновите наоди, Државниот завод за ревизија уште еднаш предупредува дека слабата контрола и недоволната транспарентност при управувањето со јавните ресурси водат кон финансиски ризици и губење на функционалната вредност на проектите.Ревизорите препорачуваат итни мерки за обезбедување на континуирано финансирање и правилна распределба на средствата, како и заштита на веќе вложените јавни пари.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-09-02-at-10.03.37

Листа со лекари, активисти, професори: Умејр Мухамеди и Јана Белчева ко-носители на „Независни Заедно“ за Град Скопје

Умејр Мухамеди и Јана Белчева ќе бидат ко-носители на советничката листа „Независни Заедно“ за Град Скопје на претстојните локални избори. Мухамеди соопшти дека нивната комбинација ќе биде „најатрактивната, најкреативната и најдобрата“ во изборната трка, нагласувајќи дека граѓаните тоа ќе имаат можност да го видат во кампањата и во мандатот што следи.Листата, како што посочи, е составена од универзитетски професори од различни области, инженери, доктори, правници и долгогодишни активисти кои преку граѓанскиот ангажман веќе придонеле за поубаво и пофункционално Скопје.„Преку нашето кандидирање докажуваме дека не само што будно следиме и објективно критикуваме, туку сме тука и да дадеме предлог-решенија и со конструктивен пристап да поддржиме сè што е во корист на Скопје и скопјани. Скопје има шанса! Шансата е во новите луѓе и во новите идеи кои ќе ги претставиме во претстојниот период,“ напиша Мухамеди во својата објава, споделувајќи фотографија заедно со професорот по право Гордан Калајџиев.

Скопје | пред 5 месеци

ZOran-todorov

Економистот Зоран Тодоров е вториот независен кандидат за градоначалник на Кочани

Уште една независна кандидатура за градоначалник на Кочани. Зоран Тодоров најави дека ќе се бори за достоинствен, праведен и одговорен живот во градот, повикувајќи на солидарност, искреност и заедничка сила во изградбата на иднината.Вчера ја поднесов независната кандидатура за градоначалник на Кочани. Некој би рекол ракавицата е фрлена, но јас би рекол раката кон сите во Кочани е подадена.Јас сум Зоран Тодоров – сопруг и татко на две деца кои секојдневно ме учат што значат љубов, трпение и посветеност.По професија сум економист, но по суштина сум човек кој целиот свој живот го живее со одговорност, духовност и почит кон заедницата.Роден и израснат сум овде, во Кочани – градот што ми ја вгради љубовта кон луѓето, чесноста кон трудот и верата во вистинските вредности.Со моето семејство секој ден го живееме Кочани – не како место на случаен престој, туку како свесен избор.Избор да бидеш човек, сосед, поддршка.Избор да не молчиш кога можеш да помогнеш.Избор да веруваш во луѓето и во заедничката сила што создава, а не уништува.Јас сум човек од дела – не од зборови. Еден од основачите сум на повеќе организации, преку кои со конкретни акции и хуманитарни иницијативи со години сме им помагале на оние на кои најмногу им требало. Верувам во солидарноста – не како празна реченица на плакат, туку како нормална, човечка и граѓанска реакција кога некој страда или кога нешто може да се подобри.Сакам живот во Кочани – не како навика, туку како одлука.Сакам живот во Кочани – со смисла, со срце и со иднина.Го гледам Кочани не како спомен што избледува, туку како иднина што мораме заедно да ја изградиме – чекор по чекор, човек до човек.Верувам дека овој град има душа, но таа душа бара нов глас. Глас на одговорност, искреност и храброст да се каже:„Доста е – време е за поинаку.“Сакам живот во Кочани – достоинствен, праведен, инспиративен и топол, напиша Тодоров

Македонија | пред 5 месеци

culev

Чулев: Кога службите стануваат политичко оружје, страда демократијата

Поранешниот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, оценува дека безбедносно-разузнавачките служби системски биле злоупотребувани за политички цели. Тој предупредува дека незаконското следење и прислушување не е само удар врз поединци, туку врз демократијата и довербата во институциите.Кога службите стануваат политичко оружје, страда демократијата.Внатрешните истраги во Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност, како и известувањата поднесени до ОЈО за грубо кршење на законот од страна на раководители и вработени во нив, недвосмислено укажуваат на СИСТЕМСКА злоупотреба на безбедносно-разузнавачките служби.Злоупотребата на државни ресурси за следење и прислушување на лидер на опозицијата и истакнати опозициски претставници, новинари, бизнисмени, обвинители, министер и кој ли уште не, не е изолиран инцидент и удар врз поединци, туку удар врз демократијата, слободата, владеењето на правото и довербата во институциите.На виделина излегоа и причините за мојата професионална дискредитација, но и дискредитацијата на други колеги, незаконското следење, клевети и координирана манипулативна кампања со цел елиминација на професионални кадри од безбедносниот систем, само поради идеолошки разлики.Уште од 2020 година, и покрај сите притисоци, измислени оперативни обработки и закани, во континуитет јавно предупредував и укажував на ризиците од незаконското постапување и злоупотребата на службите со цел демонизирање на опозицијата. Тука е и латентната колатерална штета, бидејќи манипулативните и лажни белешки не застануваат кај таргетираната личност, туку отруеното досие со години фрла сенка врз сопружници, браќа/сестри и деца – блокира работни места и сертификати, комплицира визи, работни дозволи и го лимитира пристапот до граѓански права, лепи стигма, го нарушува угледот и достоинството и на тој начин станува колективна казна.Денес, кога е евидентно дека ресурсите на службите брутално се злоупотребувале за политички, бизнис и лични интереси, повторно апелирам дека е неопходно да има целосна истрага, декласификација на дел од фабрикуваните материјали и санкционирање на нарачателите и извршителите.Ова е битка, но и можност да изградиме модерен, транспарентен и одговорен безбедносно-разузнавачки систем кој ќе ја штити државата и граѓаните, а не ќе се користи за прогон на политички неистомисленици.

Коментари | пред 5 месеци

8901d99c-8d55-47b6-aaac-e64453b35a21

Шукова: Ѓорѓиевски манипулира или е целосно некомпетентен па ветува парк во Вардариште

Кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, го обвини Орце Георѓиевски дека манипулира со граѓаните или целосно не ја познава состојбата, ветувајќи парк во Вардариште. Таа предупреди дека локацијата е еколошки и правно проблематична, со над 2 милиони кубни метри отпад, и дека единствен стручeн план е изградба на современа претоварна станица за отпад.Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Георѓиевски, ветува „парк“ на локацијата Вардариште – најзагадената и технички најкомплицирана точка во главниот град. Со ова ветување Георѓиевски само потврдува дека или свесно манипулира или воопшто не знае што зборува, што го прави целосно неспособен и некомпетентен за функцијата што ја бара од скопјани.„Во Вардариште има над 2 милиони кубни метри отпад, одлаган без никаква подлога. Тоа е локација со висок ризик по здравјето и животната средина“, изјави кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова.„Само процесот на санација и деконтаминација на тоа земјиште би траел со години, пред воопшто да може да се зборува за било каква употреба, а најмалку за парк“, посочи Шукова.Покрај еколошката загрозеност, постојат и правни и технички пречки за било каква интервенција на теренот.„Во моментов тече арбитражна постапка во Париз поврзана со проектот ‘Скопски колектор’, кој поминува токму низ Вардариште. До завршување на таа постапка, ниту смее ниту може да се менува намената на тој простор“, предупреди Шукова.„Уште во 2017 година, со поддршка од ЕУ, е изработена детална техничка документација со која јасно се предвидува: Вардариште треба да биде локација за современа претоварна станица за отпад. Тоа е единствениот стручен и легитимен план. И јас стојам зад тој план“, изјави Шукова.Во моментов е во тек и јавна набавка за поддршка на целиот регионален систем за управување со отпад во Скопскиот регион. „Секој обид за политичка интервенција на Вардариште пред завршување на оваа постапка е опасен, штетен и спротивен на сите законски и еколошки норми“, додаде Шукова.СДСМ остро реагира на ваквите лажни ветувања и го повикува Орце Георѓиевски да престане со ширење неосновани фантазии и да одговори за четиригодишната неспособност на неговата партија додека беа на власт во Градот Скопје.„Георѓиевски не нуди решение. Тој нуди изборна измама. Вардариште, што ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска го оставија да гори и да труе, сега се користи за предизборен маркетинг. Но скопјани веќе еднаш беа излажани со 150 автобуси, мега паркови и слични бајки. Време е за сериозен, стручен и државнички пристап“, заклучи Каја Шукова, кандидатка за градоначалничка на Скопје од СДСМ.

Скопје | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања