ТОП

Pozarnikari-DZS

Изгоре барака на Центарот за управување со кризи во Табановце

Во Транзитниот центар Табановце вчера попладне избил пожар во барака сопственост на Центарот за управување со кризи. Повредени лица нема, а огнот бил изгаснат од кумановските пожарникари, информира МВР.На 02.09.2025 во СВР Куманово било пријавено дека околу 15:45 часот во Транзитен центар Табановце настанал пожар во барака сопственост на Центарот за управување со кризи. Повредени лица нема, а од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Македонија | пред 4 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-10-9310PM

Патник тешко повреден при пад во автобус на ЈСП во Скопје

Скопјанец на возраст од 64 години се здобил со тешки телесни повреди откако паднал во автобус на ЈСП што сообраќал по булевар „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, соопшти полицијата.-Шеесет и четиригодишен скопјанец се здобил со тешки телесни повреди откако паднал во автобус на ЈСП што сообраќал по булевар „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, соопшти полицијата.Шеесет и четиригодишен скопјанец се здобил со тешки телесни повреди откако паднал во автобус на ЈСП што сообраќал по булевар „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, соопшти полицијата.На 02.09.2025 во 10:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, во автобус на ЈСП, управуван од С.Б.(57) од Скопје, паднал патникот Љ.Ш.(64) од Скопје, кој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, информира МВР.

Скопје | пред 4 месеци

policija-1313

Кривични пријави за обид за убиство и учество во тепачка во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривични пријави против девет лица од главниот град поради обид за убиство, тешка телесна повреда и учество во тепачка, откако на 16 август 2025 година по расправија меѓу нив избила физичка пресметка.СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.Д.(18) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ во обид, против А.А.(19) и С.Д.(34) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ и против Д.Д.(32), С.Д.(50), Р.Џ.(21), С.С.(56), А.Д.(25) и А.Д.(27), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „учество во тепачка“. На 16.08.2025 во Скопје, по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу пријавените, при што првопријавениот со употреба на дрвен предмет го нападнал третопријавениот и му нанел тешки телесни повреди, соопшти МВР.

Скопје | пред 4 месеци

mvr

Кривична пријава за вработени во МВР, не постапиле по констатирани сообраќајни прекршоци и овозможиле да застарат

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Б.Ф., Ѓ.И. и С.П. поради основи на сомнение за сторно кривично дело ,,несовесно работење во службата“ по член 353-в став 1 од Кривичниот законик. Б.Ф., Ѓ.И., и С.П., сите од Одделението за прекршоци при СВР Скопје, несовесно постапиле при вршење на своите овластувања и должности.Тие во временскиот период од 01.01.2022 до 31.12.2023 година примиле записници за констатирани сообраќајни прекршоци и прекршочни платни налози сторени од граѓани на подрачјето на град Скопје и за истите не постапиле во законски предвидениот рок од две години, согласно член 41 од Закон за прекршоци.За 143 предмети не изготвиле барања за поведување на прекршочна постапка, а додека за 30 предмети биле изготвени барања за поведување на прекршочна постапка, но истите не биле проследени до надлежните институции во законски предвидениот рок, со што овозможиле да настапи застареност на поведување и водење на прекршочната постапка.Со наведените дејствија сториле претпоставена материјална штета на Буџетот на МВР од 865.425 до 1.987.215 денари.

Скопје | пред 4 месеци

aerodrom-zagaduvanje-1

Иницијатива за флаер – дете со маска, симбол на протестот против загадувањето од Вардариште!

Сериозното загадување од депонијата Вардариште повторно го крена Скопје на нозе, а граѓаните на Аеродром почнаа да се самоорганизираат со повици за блокади и протести. Новото во нивните активности е што за прв пат направија и флаер за да ја зголемат видливоста на акцијата.На флаерот, кој е граѓанска иницијатива, е прикажано дете со гас-маска – порака колку е опасен воздухот и колку сериозно го доживуваат проблемот. Под слоганот „Стоп за екоцидот во нашиот крај! Бараме итно делување!“ се најавуваат секојдневни протести од 18 до 19 часот, на булевар АСНОМ и булевар Србија, пред мостот „Киро Глигоров“.Граѓаните кои го изработија постерот велат дека не им е целта да преземат нечие организаторство, туку да помогнат што повеќе луѓе да дознаат и да излезат на улица. „Ситуацијата нè засега сите нас и мора да се делува“, појасни еден од нив во објава на Фејсбук група, додавајќи дека планираат флаерот да го испечатат и да го залепат по влезови.Протестите се реакција на честото палење на депонијата Вардариште, за кое жителите тврдат дека предизвикува енормно загадување што го чувствува целиот град, а најмногу населбите во близина.

Скопје | пред 4 месеци

siljanovska-davkova-4

Партиите да седнат и да се договрат како ќе настапуваат надвор од државата, нема потреба од нова декларација со „црвени линии“, порача шефицата на државата

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова смета дека нема потреба од нова декларација за црвените линии на државата за евроинтеграциите што најголемата македонска опозициска партија СДСМ најави дека ќе ја поднесе. Сиљановска-Давкова денеска од Охрид им порача на сите политички партии да седнат во Парламентот и да се договорат како ќе настапуваат надвор од државата.– По толку бели линии, сега да зборувате за црвени линии, е апсурдно. Ние имаме декларација, и тоа не само една, туку неколку декларации имаме донесено во Собранието и не беа почитувани. Дури и референдумски резултат не почитувавме, а камоли црвени линии. Не разбирам што значи црвена линија во овој поглед, особено не ја разбирам аргументацијата дека доколку сепак посегне соседот по вето, ние тогаш ќе ги прекинеме преговорите, рече Сиљановска-Давкова.Според претседателката, најважно е политичките партии и од опозицијата и од власта да постигнат консензус за тоа како ќе се однесуваат надвор.– Ако така се однесуваа по средбата на која сите и се израдувавме во Владата, мислам дека и ЕУ поинаку ќе се однесуваше. Ако лидерите на опозицијата и лидерите на сите партии зборуваа во еден глас дека мислиме вака и вака, дека ова е најдобро решение, сигурно поинаку ќе се однесуваа кон нас. Ама да слушате аргументација – предложија уставни измени со одложено дејство, не им ги прифатија. Првиот човек на Европската унија Кошта за измените со одложено дејство рече дека се извонреден потег. Зарем мисли некој дека ние ќе предложиме уставни измени со одложено дејство ако за тоа нема уставен основ. Па и првите уставни измени беа со одложено дејство, па и Преспанските беа со одложено дејство, истакна Сиљановска-Давкова.

Македонија | пред 4 месеци

vasil-jovanov-i-roditeli

Таткото на Васил Јованов не се чувствува виновен

Пред Основниот кривичен суд во Скопје денеска се појави Зоран Јованов, татко на Васил Јованов, кој изјави дека не се чувствува виновен и оти не му е јасно што конкретно му се става на товар. Против него се води постапка за „загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средства“, поради трагичниот настан во кој неговиот син, возејќи без дозвола и под дејство на алкохол, удри пешак кој почина.Обвинителот Александар Марковски нагласи дека преку попустливост како родител, Јованов создал услови за опасна состојба.„Очигледно е дека татковата љубов кон единствениот син довела до премногу толерантен однос, а тоа резултирало со несреќен исход“, изјави Марковски. Тој додаде дека обвинителството ќе настојува да покаже дека токму таквото однесување на таткото придонело за ризичната ситуација што ја создал Васил Јованов.Марковски посочи и дека иако обвинетиот е офицер во Армијата и досега не бил во судир со законот, во оваа постапка не се оценува неговата професионалност, туку неговите постапки како родител.Одбраната, пак, преку адвокатот Сашко Дуковски, оцени дека обвинението нема правна основа и најави дека ќе бара детално објаснување за секој доставен доказ.„Ова е правен преседан кој досега не е забележан во македонската судска пракса – да се обвинува татко за дела на својот полнолетен син“, рече Дуковски, додавајќи дека ќе инсистира на појаснување на правната заснованост на сите докази.На почетокот од денешното рочиште, Тодор Кулаков – таткото на загинатата Фросина Кулакова, побара од судијката Снежана Марковска да се изземе од предметот, велејќи дека процесот е „наместен“. Поради тоа беше отстранет од судницата. Дуковски реагираше дека ќе го напушти судењето доколку Кулаков повторно му се обрати директно.Против Зоран Јованов се води постапка според изменет обвинителен предлог – наместо првичното „предизвикување општа опасност“, обвинението е преквалификувано во „загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средства“.Несреќата се случи во јануари годинава, кога Васил Јованов, возејќи автомобил под алкохол и без возачка дозвола, удри во пешачката Фросина Кулакова, која почина на самото место.

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-03-at-11.58.36

(Видео) Тикток-тепачка од Влае стана вирален хит: насилството прераснува во забава?

Тепачка помеѓу два лика кои креираат видеа за „Тикток“ е една од најпопуларните содржини во Македонија. Снимката е направена во скопско Влае, каде извесени Лара и Кт си упатуваат навреди, па продожува со физичка пресметка. Снимката за едне ден има над 10 илјади лајкови.Дали е сатирична содржина или реална кавга - знаат само авторите. Снимката е толку популарна, што доби десетици „римејк“ верзии.[caption id="attachment_347295" align="alignnone" width="1045"] Screenshot[/caption]Објавувањето на содржини каде се гледа насилство во Македонија често станува вирално. Па така, изминативе денови сведочевме на случај каде девојче било нападнато, снимката станала вирална на „Тикток“, а тоа се плашело да каже на родителите, за да нападот не се повтори. Родителот ја видел снимката онлајн по што пријавил во полиција.„Тикток“ и другите социјални мрежи, имаат свои механизми за заштита од ширење на вакви

Скопје | пред 4 месеци

vucic-41421

Вучиќ од Пекинг: „Кина секогаш била со Србија, зошто е проблем што се среќавам со најмоќните луѓе?“

Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој од 2 до 4 септември престојува во Кина по покана на претседателот Си Џинпинг, изјави дека Србија никогаш нема да ја заборави поддршката од Пекинг и одговори на критиките за неговата посета.„Каква штета направив со ова (доаѓањето во Пекинг)? Не требаше да се сретнам со најмоќните и најважните луѓе во светот? Не треба да соработуваме со овие земји. Дали знаете дека Узбекистан има 45 милиони жители? Дали знаете како расте Баку? … Зборувам за Кина. Дали направив некаква штета со разговорот со претседателот на Кина?“, изјави Вучиќ.Тој нагласи дека Кина „отсекогаш стоела на страната на Србија, особено во најтешките времиња“ и додаде дека српскиот народ тоа нема да го заборави.За време на посетата, Вучиќ ќе има средби со претседателот Си Џинпинг, со претседателот на кинескиот парламент, како и со најмалку 14 компании – дел што веќе инвестираат во Србија и дел нови со кои Белград досега немал соработка.Српскиот претседател најави и билатерални разговори со претседателите на Узбекистан, Шавкат Мирзијоев, и на Азербејџан, Илхам Алиев.Вучиќ е во Пекинг по повод одбележувањето на 80-годишнината од победата во Втората светска војна.

Свет | пред 4 месеци

deponija-vardariste

(Видео) Вардариште трети ден чади и труе – жителите на Аеродром и Гази Баба излегуваат на протест

Депонијата „Вардариште“, која викендов беше зафатена од голем пожар, и денеска продолжува да чади. И утрово граѓаните се гушеа во отровните испарувања од старата депонија, за што сведочат фотографии и снимки направени од жител на Аеродром, кој вели дека ваквата состојба трае веќе три дена. За денеска е најавен и протест.„На 03.09.2025 во 18 часот, на раскрсницата на булевар АСНОМ со булевар Србија! Дојдете да покажеме колку сме!“, напиша еден жител, во граѓанска група на „Фејсбук“.Иако повеќе децении граѓаните апелираат за изнаоѓање трајно решение за „Вардариште“, депонијата и натаму претставува извор на загадување. Последниот пожар ја стави под лупа на инспекцијата и полицијата, но и во фокусот на актуелните и кандидатите за градоначалници, кои вчера го посетија просторот со нова низа ветувања.Жителите на Ново Лисиче и Аеродром најавуваат дека секојдневно ќе излегуваат на улица со протести, сè додека не се најде итно и трајно решение за депонијата, која со години е симбол на негрижа и политички манипулации.

Скопје | пред 4 месеци

dzambazov-mavrovo

(Видео) Училиштето каде пред неколку години Џамбазов пречека само едно прваче, годинава има четири нови дечиња

Училиштето „Денче Дејаноски“ во Маврови Анови, основано во далечната 1957 година, годинава го пречека 1 септември со четири нови првачиња – две девојчиња и две момчиња. Овој мал, но значаен момент е надеж за селото кое во последните години се соочуваше со пад на бројот на ученици.Пред неколку години, училишното ѕвонче ѕвонеше само за едно дете – малечкиот Матеј. Тогаш првиот училишен час стана симболичен настан, на кој присуствуваа неговата мајка, учителката, но и актерот Игор Џамбазов. Денес Матеј е преселен во Струга и таму продолжува со школувањето.Во ова училиште сега учат вкупно 28 ученици, распоредени од прво до деветто одделение. За локалната заедница, новите првачиња се знак на надеж дека образованието и детската радост ќе продолжат да живеат и во ова мало планинско место.

Македонија | пред 4 месеци

IMG_2107

„Не е Данче ова системска победа за секоја жена и мајка, туку редок случај на казна оти си јавна личност“

Инфлуенсерката под псевдонимот Ина Многуфина реагираше на социјалните мрежи по повод судскиот епилог во случајот со нападот врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Таа смета дека казната што ја доби напаѓачот не претставува системска победа за жените, туку исклучок поради тоа што жртвата е јавна личност и функционер. Реакцијата доаѓа откако Арсовска, пресудата ја нарече „системска победа за секоја жена и мајка“.„Не е Данче ова системска победа за секоја жена и мајка. Ова е редок случај на казна поради тоа што си јавна личност и градоначалник и поради тоа што јавноста реагираше. Невидливите жени немаат се уште победа. Најчесто системот ги товари насилниците со условни, понекогаш по поише пати. Пред некој месец една жена жртва, оперирана од канцер, си го дочека насилникот дома, иако на рочиште 3 минути и ги читаа повредите, постапката за забрана за приближување беше поспора од неговиот пат до жртвата.Системот има уште многу да работи, а во тоа можат да помогнат жените кои успеваат да стигнат до битни функции и да направат нешто за другите жени, да влијаат и да се залагаат на друго ниво во нивниот мандат. Ама тоа некако не се дешава. Далеку сме од системска победа, ова е победа за заштита на институцијата и твоја како носител на функција. И тоа е добро, но да си дочекаат сите за нивните насилници. Вклучувајќи го и оној вчера во Кавадарци што ја тепал жена му од 68 години на сред улица. Затоа се силат, пошо казните за невидливите се невидливи“, напиша Ина Многуфина.

Коментари | пред 4 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-23.29.18

Трамп го обвини Си за заговор против САД заедно со Путин и Ким!

Американскиот претседател Доналд Трамп се налути на Си Џинпинг, обвинувајќи го за заговор против САД заедно со рускиот лидер Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.„Пренесете ги моите најтопли поздрави на Владимир Путин и Ким Џонг-ун додека заговорнички делувате против Соединетите Американски Држави“, напиша Трамп на својата мрежа „Трут соушал“.Изјавата на Трамп доаѓа во момент кога Си Џинпинг, пред 26 светски лидери, вклучувајќи ги Путин и Ким, зборуваше за „незапирливата“ Кина, која „никогаш нема да дозволи да биде заплашена од насилници“.На парадата беа прикажани новата генерација оружја, вклучувајќи нуклеарни проектили, ласерски системи и поморски дронови.Кина се обидува да се позиционира како можна противтежа на САД откако царините на Трамп го потресоа глобалниот економски и политички поредок.Иако некои набљудувачи присуството на Путин и Ким го толкуваат како порака до Западот кој ги изолираше, Трамп изјави дека не гледа на парадата како предизвик за САД.Истовремено, Трамп рече дека е „многу разочаран“ од Путин, бидејќи не успеале да постигнат мировен договор за Украина за време на нивната средба во Алјаска минатиот месец. - Ќе преземеме нешто за да им помогнеме на луѓето да живеат во Украина, најави тој, без детали.Кина, иако не ја осуди руската инвазија, е обвинувана од Западот дека ѝ помага на Москва преку набавка на нафта и испорака на материјали со двојна намена. Пекинг ги отфрла овие обвинувања.

Свет | пред 4 месеци

venko

Филипче: СДСМ бара итна декласификација на документите од случајот со АНБ

СДСМ бара итна декласификација на целата документација од случајот кој власта во јавноста го презентираше како афера за прислушкување, наведува претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.„СДСМ бара итна декласификација на целата документација од случајот кој власта во јавноста го презентираше како афера за прислушкување.За ова има јасна постапка по која АНБ може да ги обелодени сите информации и документи. Случајот треба да биде достапен на јавноста за да се суди дали и кој ја злоупотребил функцијата во службите за безбедност.Доколку АНБ ова не го направи, ќе биде јасно дека ова ќе биде уште еден неуспешен обид за манипулација. Исто како што беа случаите за неколку дестабилизации, за следење со дронови, за обиди за поткуп од странски компании на премиерот и слични приказни за кои никогаш ништо не се дозна ништо повеќе.ВМРО-ДПМНЕ си игра со безбедносниот апарат и го користи за дневна политика исто како што тоа го прави со сите други сериозни национални прашања.Ова е одлика на инфантилни политичари и популистички партии, чиј единствен интерес е како да го оттргнат вниманието од проблемите со кои се соочуваат граѓаните.Добро е што веќе никој не им верува на овие потрошени стратегии од времето на Никола Груевски, кои сега се рециклираат во услови кога Владата нема никаков резултат.“ стои во објавата.

Македонија | пред 4 месеци

Pakistan

Бомбаш - самоубиец изврши напад на политички митинг во Пакистан: Најмалку 13 луѓе загинаа

Најмалу 13 лица се убиени, а 35 повредени по експлозија на политички митинг во југозападен Пакистан организиран од Националната партија на Белуџистан (БНП).Адвокатот Саџид Тарин, вршител на должноста претседател на БНП, изјави дека според прелиминарните информации, 13 работници на БНП се убиени. „Ова беше самоубиствен напад, бидејќи полицијата ја пронајде главата на бомбашот“, им рече тој на новинарите во Квета.Дневниот весник „Зора“ го цитираше д-р Васим Баиг од локалната болница во Квета кој потврдиа дека се примени 13 тела.Покраината жариште на насилствоСепак, полициската станица Саријаб соопшти дека досега има детали за 11 мртви и 35 повредени. Политичкиот митинг беше цел во близина на стадионот Шахвани во областа Саријаб откако настанот заврши вчера вечерта. БНП е националистичка партија предводена од Ахтар Менгал, поранешен главен министер на покраината Белуџистан.Менгал и другите лидери, вклучувајќи го и лидерот на Партијата Пахтунхва Мили Авами (ПкМАП), Мехмуд Кан Ачакзаи, Асгар Кан Ачакзаи од Националната партија Авами (АНП) и поранешниот сенатор Мир Кабир Мухамед Шаи од Националната партија, не беа повредени.Провинцијата богата со минерали, вклучувајќи ја и Квета, долго време е жариште на насилство, а безбедносните сили се борат со бунт со низок интензитет.фото: Х

Свет | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања