ТОП

2-2

Приведени двајца дилери со 100 грама кокаин кај Валандово – одреден притвор од 30 дена

Полицијата уапси двајца мажи од Прилеп и Кавадарци откако при контрола на возило кај Валандово кај едниот бил пронајден кокаин од околу 100 грама. СВР Струмица поднесе кривична пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги“, а судот во Гевгелија им одреди мерка притвор од по 30 дена.-СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против А.К.(27) од Кавадарци, со престој во Прилеп и против С.Р.(30) од Прилеп поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот закон.На 02.09.2025 на крстосница Валандово-село Чалакли, полициски службеници од СВР Струмица и ОВР Валандово извршиле претрес на патничко возило „ауди“ со прилепски регистарски ознаки и на лицата кои го управувал С.Р., а сопатник бил А.К., при што кај А.К. била пронајдена бела грутчеста материја.Лицата биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Струмица, каде во службен разговор А.К. признал дека белата грутчеста материја пронајдена кај него е кокаин со тежина од околу 100 грама.Во врска со настанот, во текот на вчерашниот ден биле извршени претреси и на неколку локации на подрачјето на Прилеп, при што биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривичното дело.А.К. и С.Р. биле изведени пред судија од Основен суд Гевгелија, кој им определил мерка притвор во траење од по 30 дена, информира МВР.

Македонија | пред 4 месеци

271814947_1672463639812522_97696077871160312_n

Визер ја враќа линијата до Будимпешта - ќе има шест авиони во Скопје и 13 нови линии

Авиокомпанијата Wizz Air, најголемиот превозник во Македонија, ќе го засили своето присуство со додавање на уште еден авион во базата во Скопје и отворање на 13 нови линии од земјата.Од компанијата соопштија дека со шестиот авион, кој ќе биде стациониран во Скопје, до крајот на годината ќе се изврши и модернизација на флотата со најновата генерација Airbus A321neo.Експанзијата следи по успешното учество на Wizz Air на јавниот тендер, што и овозможи дополнителни инвестиции во македонскиот авијациски сектор. Во рамки на новата програма се додаваат пет нови линии – од Скопје до Будимпешта и Неапол, како и од Охрид до Милано, Катовице и Вроцлав, заедно со веќе најавените дестинации за оваа година.Со новите рути од аеродромите во Скопје и Охрид, управувани од ТАВ Македонија, авиокомпанијата ќе ја поврзува државата со вкупно 41 дестинација во 17 европски земји.Билетите за директните линии веќе се достапни преку официјалната веб-страница на Wizz Air и мобилната апликација. Со воведувањето на модерните Airbus A321neo, компанијата најавува и зголемување на капацитетот на седишта за 55 отсто.

Македонија | пред 4 месеци

bujar

Османи: Одлучуваме дали државата ќе остане на европскиот пат или ќе биде под влијание на српско-руската орбита

Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, предупреди дека земјата е исправена пред сериозна закана да се врати под влијание на српско-руската орбита, надвор од европските вредности.„Тоа е една мрачна зона каде што нема демократија, туку авторитарност и понижување. Ако дозволиме тоа да се случи, ниту историјата ниту нашите деца нема да ни го простат молкот,“ порача Османи.Тој нагласи дека Албанците, но и државата во целина, се соочуваат со драматична историска ретроградност, како резултат на актуелната власт која, според него, го негира државотворниот концепт на Албанците.„Ни се ускратува и правото на јазикот – албанскиот јазик исчезна од институциите и официјалните документи. Затоа 19 октомври не се само избори за Чаир, туку одлука дали ќе прифатиме држава изолирана од Европската унија,“ изјави Османи.Тој додаде дека иако анкетите покажуваат пораз на коалицијата „Вреди“ со резултат три спрема еден, тоа не е суштината на овие избори. „19 октомври е единствената шанса – не за да ја победиме ‘Вреди’, тоа веќе го покажуваат истражувањата, туку за да спречиме создавање нова ‘Вреди’, за да не се уништи идејата дека Албанците се државотворен народ. Ако не ја сопреме таа идеја во корен, ништо не сме направиле,“ порача Османи.

Скопје | пред 4 месеци

kokain-marihuana

(Фото) Прилепчанец фатен со над 32 килограми марихуана на патот Битола–Прилеп

Основното јавно обвинителство Битола отвори истрага против 36-годишен жител на Прилеп осомничен за кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, казниво по член 215 став 1 од Кривичниот законик.Според Обвинителството, на магистралниот пат А3 Битола–Прилеп, во близина на кружниот тек за селото Тополчани, полицијата запрела автомобил „Фолксваген голф“ со прилепски регистарски таблички. При извршен преглед во багажниот простор биле пронајдени две патни торби во кои имало 35 најлонски пакувања со марихуана, со вкупна тежина од 32,575 килограми.Во рамки на истрагата, обвинителството ќе преземе дополнителни дејствија за откривање на лицето или лицата од кои осомничениот ја набавил дрогата, како и за идентификување на потенцијални сведоци поврзани со случајот.Со оглед на тоа дека постои опасност осомничениот да се обиде да прикрие или уништи докази, да влијае врз сведоци или да го повтори делото, јавниот обвинител поднесе предлог до судија на претходна постапка при Основниот суд во Битола за определување мерка притвор.

Македонија | пред 4 месеци

viber_image_2025-09-04_10-19-13-592

(Видео) Семејство од Драчево остана без дом во пожар – апел за помош

Во населбата Драчево, на улица „Славка Димкова“, на 24. август, целосно изгорела семејна куќа откако пожар избувнал поради стара електрична инсталација. Во огнената стихија семејството останало без покрив над глава, а целокупниот имот им е уништен.Семејството упати јавно обраќање до сите хумани граѓани, институции и организации кои можат и сакаат да помогнат за изградба на нов топол дом. На социјалните мрежи објавија и видео од настанот, со надеж дека ќе стигне до што повеќе луѓе кои ќе им подадат рака во најтешките моменти.Жиро сметка: 200001963010623Nikola Nastovski

Скопје | пред 4 месеци

administracija

Шест години земал плата без да оди на работа – оштетен државниот буџет за 1,6 милиони денари преку АХВ

СВР Куманово поднесе кривична пријава против петмина вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство поради основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.Според информациите, при контрола во Подрачната единица Куманово на 30 мај 2024 година било утврдено дека еден од пријавените, Р.Е. (51) од с. Слупчане, на работно место помлад референт-архивар, во период од речиси шест години, од декември 2018 до април 2024, воопшто не доаѓал на работа, а редовно примал плата и придонеси од буџетски средства.Второпријавениот З.А. (59) од Скопје, кој бил вршител на должноста директор на Агенцијата до декември 2020, и неговиот наследник Н.Б. (61) од Битола, директор до јули 2024, свесно дозволиле исплатата да продолжи, иако Р.Е. не ги извршувал работните обврски.Меѓу пријавените се и А.Б. (59) од Скопје, раководител на Одделение за финансиски прашања, кој без проверка потпишувал финансиски извештаи и одобрил исплата на плати и придонеси, како и С.К. (58) од Штип, раководител на друго одделение во Агенцијата, кој не презел мерки да ја спречи незаконитата состојба.Со ваквите дејствија, на првопријавениот му биле исплатени 1.159.081 денар, а државниот буџет е оштетен за вкупно 1.682.759 денари, соопштија од МВР.

Македонија | пред 4 месеци

120190420_222432

ВМРО-ДПМНЕ: Пет години безбедносните служби го прислушкувале Мицкоски по налог на Заев и Филипче

СДС не бирале средства и методи за да останат на власт што е можно подолго, злоупотребувајќи институции, државни ресурси и целиот безбедносно-разузнавачки апарат, обвини и денеска ВМРО-ДПМНЕ.Од партијата велат дека заради одржување на власта, безбедносните служби биле ставени во партиска функција со цел следење и прислушкување на политички противници, бизнисмени, новинари и јавни личности.Според соопштението, во периодот кога СДС била најголема опозициска партија, со помош на нивни кадри поставени во агенциите за разузнавање и безбедност, пет години бил следен и прислушкуван претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.„Тоа го правеле со единствена цел политичка елиминација на Мицкоски, како единствен којшто може да им се спротивстави и да ги победи на избори, нешто што и се случи и покрај недемократските, да не речеме тоталитарни, мерки,“ се наведува во реакцијата.Од партијата додаваат дека со следењата и прислушкувањата СДС сакале да го запрат нивниот пад од власт, да го придушат секој слободен и критички глас од новинари и јавни личности, како и да вршат уцени врз стопанственици.„Во периодот од 2019 до 2024 година, СДС владееле со злоупотреба на службите како да се партиска алатка за останување на власт. Трагично е да се гледаат СДС, кои од уста не ја вадеа демократијата, како ги злоупотребувале службите и со најнедемократските методи ги ограничувале правата на слободно движење и изразување на граѓаните загарантирани со Устав и закон,“ стои во соопштението.ВМРО-ДПМНЕ наведува дека цели пет години службите биле користени за да се одржат на власт Зоран Заев и Венко Филипче и кликата околу нив, наместо за безбедноста на државата и граѓаните.Дополнително, како што посочуваат, асистенција во тоа давал и сегашниот главен обвинител Љупчо Коцевски, кој бил одговорен за издавање на ПИ мерките и претставувал „главна алка“ во синџирот на СДС за следење и прислушкување на претседателот Мицкоски, новинари и бизнисмени.„Тоа е истиот тој Коцевски кого СДС толку силно го бранеа во Собрание за време на гласањето на интерпелацијата против него, а веќе се гледа зошто го бранеа и не гласаа за негово разрешување,“ додаваат од партијата.Во заклучок, ВМРО-ДПМНЕ бара и очекува Јавното обвинителство да отвори сеопфатна истрага за овој скандал „од невидени размери“, со која ќе бидат опфатени сите што ги злоупотребиле институциите и ќе бидат изведени пред лицето на правдата.

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2021-09-06-at-11.05.33

Левица: Јаневска ги остави без превоз средношколците од Ресен – државата штеди на младите

Целосната неспособност и игнорантскиот однос на министерката за образование Весна Јаневска ги оставија без превоз средношколците од Ресен на самиот почеток на учебната година, обвини денеска Левица.Од партијата посочуваат дека учениците од Ресен се извисени поради негрижата на Министерството за образование и наука (МОН) и за нив не е обезбеден организиран превоз до Битола и Охрид. Единствената „алтернатива“ што ја нуди државата е сместување во интернат, кој според Левица има нехумани услови, под секое достоинство.Средношколците биле принудени да аплицираат за прием во интернатот, при што морале да ги исполнат строгите критериуми за оценки и месечни приходи. Според правилата на МОН, само доколку бидат одбиени, добиваат право на надоместок за превоз – иако автобуски линии воопшто нема. Дел од учениците одбиле да живеат во интернат поради, како што велат, ужасните услови, меѓу кои и недостиг на вода.„Со оваа политика, власта на ДПМНЕ практично ги казнува учениците што сакаат да се образуваат, ги става родителите под финансиски притисок и испраќа јасна порака дека образованието е привилегија за малкумина, а не право за сите“, стои во соопштението.Од Левица додаваат дека наместо безбедни и достапни услови за образование, младите кои сè уште не се иселиле од земјава се принудени или сами да патуваат со сопствен трошок или да живеат во средина опасна по нивното здравје и достоинство.Покрај тоа, партијата го прозва и градоначалникот на Ресен, Јован Тозиевски, кој, како што велат, наместо да молчи пред „срамот на неговата партија“, е должен во најбрз рок да обезбеди превоз за учениците.„Со оваа политика, каде владејачката елита штеди на образованието на младите, додека расипнички троши за свои привилегии – власта на ДПМНЕ им праќа порака на младите што побрзо да се иселат од држава која не се грижи за нивната иднина,“ наведува Левица.

Македонија | пред 4 месеци

8029060-e1677742791659-1000x560-1

Затвор и високи казни за мигранти со одбиен азил во Грција

Парламентот во Грција изгласа нов закон со кој лицата чијашто апликација за азил е одбиена, а не ја напуштаат земјата во рок од две недели, ќе се соочат со кривични санкции – казна затвор од две до пет години.Министерот за миграции Танос Плеврис изјави дека државата и понатаму ќе обезбедува азил за оние што ги исполнуваат критериумите за меѓународна заштита, но најави и засилени казни за нелегален престој и влез. Според новите одредби, за илегално влегување во Грција се предвидува парична казна до 10.000 евра и затвор до две години.Овој законски пакет предизвика бројни реакции. Судии го оценија како претерано репресивен, додека здруженијата за мигранти го нарекоа расистички и нелогичен, посочувајќи дека земјата се соочува со сериозен недостаток на работници во земјоделството, градежништвото и туризмот.Истовремено, економисти и експерти за демократија предупредуваат дека мерките за одвраќање на нелегалната миграција мора да бидат проследени со отворање легални канали за работна миграција, бидејќи без тоа грчката економија ќе се соочи со уште поголеми предизвици.

Свет | пред 4 месеци

VenkoFSDSM-2

Филипче: 17.000 помалку вработени, студентите бегаат во странство, младите не гледаат перспектива во Македонија

Младите во Македонија денес живеат во држава која не се развива, држава во која немаат просперитет, посочи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче на средбата со студенти. На средбата Филипче нагласи дека немањето стратегија за унапредување на пазарот на труд, растечката сиромаштија, се само дел од причините поради кои младите својата иднина ја гледаат надвор од Македонија.Статиската бележи поразителни бројки кои укажуваат на тоа дека младите ја напуштаат државата."Бројот на вработени лица во државата е намален за над 17.000 луѓе.Бев во Делчево и го кажувам како пример. Во овој град секоја година во просек матуираат околу 100 ученици. Годинава, 90 од нив се запишале на факултети во Бугарија. Зошто? Затоа што кај нас нема универзитет што е на Шангајската листа. Нема сериозно вложување во наука, нема поддршка за истражување, нема квалитет кој ќе ги задржи младите тука“, рече Филипче.Зборувајќи за причините за иселување на младите, Филипче посочи дека сите параметри одат во прилог на тоа дека власта не води сметка за граѓаните најмалку за младите.„Работните места што се отвораат сите се со ниски плати, не се доходовни, тоа е преживување, тоа не е развој. Колку и да кажуваат дека растат платите тоа се толку минимални проценти што однапред е изедена таа сума на пари од растот на плати со инфлацијата којашто не ја контролираат“, рече Филипче.Дополнително, како што кажа Филипче, причина за разочараноста кај младите е фактот што тие гледаат дека регионот оди напред, додека власта свесно ризикува Македонија да остане периферија на Европа."Комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос кажа дека Црна Гора може 2028 година, Албанија 2029 година, да станат членки на ЕУ. Отиде регионот напред. И да не бара изговори оваа влада, срамота е тоа што го прават. Се се сведува само на нивни лични и теснопартиски интереси за бизниси итн. Нема развој, нема перспектива", рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 4 месеци

Gruevski-Ahmeti-696x371

Меџити: Автомобилот на Али Ахмети стоел 24 часа во полициска станица, се сомневаа дека Груевски избегал со него

Првиот заменик-премиер и кандидат на ВЛЕН за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, упати ново сериозно обвинување кон лидерот на ДУИ, Али Ахмети.Во интервју за весникот Лајм, Меџити изјави дека во времето кога поранешниот премиер Никола Груевски побегнал од земјата, автомобил на Ахмети бил задржан 24 часа во полициска станица под сомнение дека токму со него Груевски можел да ја напушти државата.„Автомобилот на Али Ахмети стоел цел ден во полициска станица, затоа што се сомневаа дека Груевски избегал со него. Ова е вистина што многу брзо целосно ќе излезе пред јавноста,“ изјави Меџити.Тој нагласи дека станува збор за еден од најскандалозните случаи кој, според него, ги потврдува сомнителните врски на тогашната власт со бегството на Груевски во Будимпешта. Меџити додаде дека граѓаните имаат право да знаат што точно се случувало зад сцената.

Македонија | пред 4 месеци

Seq-16-9.00_00_05_01.Still001

(Видео) Предложени се глупости од докази против таткото на Васил, зар ние одговараме за постапките на нашите полнолетни деца, праша адвокатот

Адвокатот Сашко Дуковски, бранител на Зоран Јованов, обвинет дека му го дал возилото на неговиот син Васил Јованов иако знаел дека нема возачка, а со кое ја усмрти младата Фросина Кулакова, жестоко го нападна Обвинителството. Според Дуковски, обвинението е небулозно, а за обвинувањата нема никаков доказ.„Беа предложени глупости од докази, за тоа кој го регистрирал возилото...“, рече Дуковски.Според него, студентите од Правниот факултет ќе гледаат шарада од судење.„Васил Јованов е полнолетно лице, дали ние одговараме за секое дејствие на нашите деца?“, додаде Дуковски.Обвинителниот предлог против Зоран Јованов беше поднесен откако неговиот син Васил Јованов во јануари годинава, управувајќи автомобил без возачка дозвола и под дејство на алкохол, удри во пешакот Фросина Кулакова која почина на самото место.

Македонија | пред 4 месеци

19052020_PVRSM_Spasovski_telrazgovor

Дали Спасовски мета на АНБ додека ја воделе „неговите“: Вистината мора да биде јавно објавена!

И ексминистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски е ставен на списокот на лица кои биле обработувани од страна на Агенцијата за национална безбедност. Неговото име го објави порталот „Мкд.мк“ и е прв споделен во јавноста од редот на СДСМ, по аферата која беше пласирана. Непознато е како биле обработувани, а медиумот посочува „Вилма Русковска и Оливер Спасовски, тогашниот министер за внатрешни работи, биле предмет на обработка затоа што преземале некакви активности во рамките на нивните надлежности против Фросина Ременска, сопругата на Јовче Ременски од АНБ“.Спасовски пак, без конкретен став дали се сомнева во тоа дека бил таргет на нелегално следење на комуникациите, како и дали има информација дека бил цел на оперативно-технички обработки. Тој очекува одговорот да го добие со декласификација на целата документација.„Очекувам итна декласификација на целата документација за овој случај. Постои постапка согласно која АНБ може да ги обелодени сите информации и сите документи. Вистината мора да биде целосно достапна на јавноста и мора низ една транспарентна, законска постапка да се утврди дали и кој направи злоупотреби, и секако да се бара одговорност. Конечно мора да се застане на патот на оние кои злоупотребуваат, а службите да бидат заштитник на уставниот поредок на државата и на граѓаните“, вели актуелниот пратеник, Оливер Спасовски.Претходно, во јавноста беше пласирано дека нелегално прислушувани и предмет на оперативно-техничка обработка биле премиерот Христијан Мицкоски, обвинителката Вилма Русковска, новинарите Кристијан Ландив и Љупчо Златев. Потврда нема за ниту едно објавено име, освен за премиерот Мицкоски, кој самиот кажа дека документите покажувале негово нелегално следење.

Македонија | пред 4 месеци

skopski-aerodrom

Нови пет авиолинии од Скопје и Охрид - познати дестинациите каде може да се лета

Имаме три убави вести во однос на авиосообраќајот, а тоа е дека воведуваме уште пет нови авиолинии и тоа до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано, а до Скопје од Будимпешта и Наполи. Визер следната година ќе понуди 3,3 милиони седишта за Македонија што директен импакт ќе има врз туризмот и економијата, а ќе донесе шест нови авиони од типот Ербас А321. Дополнително ќе работиме да се вработат уште стотина македонски граѓани во авиокомпанијата, истакна на денешната прес конференција вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.“ Тука сме да споделиме три убави вести. Првата е да објавиме пет нови авиолинии, три од охридскиот аеродром, две од скопскиот аеродром. До охридскиот аеродром ќе се лета од Катовице -Полска од 28 јуни следната година, Вроцлав исто така Полска од 28 јуни следната година, што е многу значајно за отворање на Полска како земја која е многу заинтересирана за туризам во Македонија, особено полските туристи се доста добродојдени во охридскиот регион и третата дестинација е Милано-Малпенса главниот аеродром која исто така ќе оперира од 28 јуни следната година. На тоа додаваме уште две нови линии кон скопскиот аеродром, Наполи-Италија со почеток од 6 април следната година и Будмишта -Унгарија од 6 април следната година. Ако на ова ги додадеме претходните пет линии кои ги објавивме пред месец дена, тоа е главниот аеродром Стокхолм и Мадрид кои почнуваат од 2 ноември, потоа Келн кој што почнува на 20 декември, Бари и Прага исто така на 20 декември и Ларнака која почнува на 30 октомври, тоа се вкупно 11 нови авиолинии за само месец и половина во соработка со нашите пријатели од Визер.Втората вест е дека Визер на скопскиот аеродром ќе донесе шест авиони кои ќе бидат постојано присутни на аеродромот, до сега беа четири, ќе оди и на 7-8 и што е многу значајно прават замена на старите Ербас А320 на нови Ербас А231, кои се најмодерните авиони во светот во моментов. Тоа се авиони кои најмалку загадуваат и прават помалку бучава и авиони кои се со 239 седишта што ќе значи околу 59 % зголемување на капацитетот од следната година. Визер од следната година ќе понуди 3, 3 милиони седишта за Македонија што може да замислите што ќе значи за туризмот и за економијата во Македонија. Третата добра вест е 200 Македонци работат во Визер и таа бројка планираме во следниот период да ја зголемуваме за најмалку уште 100” – истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.Извршниот директор на Визер, Јосеф Варади истакна дека во Македонија гледаат партнер и како пазарен лидер во регионот воведуваат бенефити за граѓаните. Потенцираше дека до крај на годината ќе воведат шест летала и пониски цени, како и 3,3 милиони седишта во следната година за Македонија што ќе значи развој на туризмот и економијата. Тој додаде дека очекува дополнително да се вработуваат македонски граѓани во компанијата.

Македонија | пред 4 месеци

bujar-osmani

И авионот во кој патувал Бујар Османи во 2023 останал без ГПС сигнал над Бугарија

Инцидентот со авионот на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, кој неодамна беше принуден да слета во Пловдив откако изгуби сигнал за навигација, не е единствен случај од ваков вид.Албанскиот портал „Јавањуз“ потсетува дека во февруари 2023 година, сличен проблем имал и службениот авион со кој патувал тогашниот министер за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи.Леталото, додека минувало низ бугарскиот воздушен простор, целосно останало без ГПС-сигнал. Поради тоа, пилотите морале да преминат на рачни навигациски уреди и печатени мапи, следејќи пропишани процедури за вакви итни ситуации.

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања