ТОП

ohridskoezeromart

16 години од најтешката бродска несреќа во Македонија – 15 загинати во Охридското Езеро

На 5 септември 2009 година, туристичкиот брод „Илинден“ со 57 бугарски туристи потона во Охридското Езеро, при што животите ги загубија 15 лица. Трагедијата се смета за најголемата бродска несреќа во историјата на Македонија.Несреќата се случила околу 11 часот наутро, на стотина метри од брегот кај кампот Елешец. Бродот, изграден во 1924 година со дозволен капацитет од 45 патници, потонал за само неколку минути. Повеќето од патниците биле постари лица, кои тешко можеле да се снајдат во водата. Жртвите потекнувале од градовите Пирдоп, Златица, Челопеч и Антон.На местото на несреќата најпрво пристигнале малите бродчиња „Александрија“ и „Кристина“, чија екипаж и патници помогнале во спасувањето.Веднаш по трагедијата, највисоки државни претставници од Македонија го посетија местото, а бугарскиот премиер тогаш испрати воен авион „Спартан“ за транспорт на телата на загинатите во татковината.

Македонија | пред 4 месеци

elem-esm

Ревизија: ЕСМ работи со огромни загуби – струјата се продава под производната цена

Државната компанија АД ЕСМ систематски работела со загуби бидејќи била принудена да ја продава произведената електрична енергија на универзалниот снабдувач по цени значително пониски од производствените, утврди Државниот завод за ревизија (ДЗР) во својот последен извештај за енергетската транзиција.Ревизорите наведуваат дека најдраматични се податоците за 2024 година: Производствената цена на електричната енергија изнесувала 113 евра за мегават-час; Продажната цена, наметната кон универзалниот снабдувач, била само 59 евра. Истата состојба се повторувала и во претходните години:Во 2023 година производствената цена била 91 евро, а продажната 55 евра; Во 2022 година производствената цена била 70 евра, а продажната 54 евра.Ревизијата заклучува дека ваквото работење го загрозува опстанокот на компанијата и ја доведува под знак прашање способноста на ЕСМ да инвестира во зелената транзиција и модернизација на енергетскиот сектор.Како директна последица на акумулираните загуби: државата морала директно да ја поддржува компанијата од Буџетот; во 2023 година ЕСМ се задолжила со 100 милиони евра заем од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за да ја одржи ликвидноста.„Работењето во услови на системска загуба го загрозува континуитетот на работењето на акционерското друштво и ја ограничува можноста за ефикасно спроведување на јавните инвестиции во енергетиката,“ стои во извештајот на ДЗР.

Македонија | пред 4 месеци

ursula-1

Збрка во Софија: контрадикторни изјави за GPS инцидентот со фон дер Лајен

Целосна конфузија завладе во Бугарија откако Владата во Софија неколку пати го смени официјалниот став околу наводното руско електронско мешање во GPS сигналот на авионот со кој патуваше претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.Прво, премиерот Росен Жељазков изјави во Парламентот дека не станувало збор за намерно мешање, туку за вообичаен прекин на сигнал во густо населени области. Истото го потврди и вицепремиерот и министер за транспорт Гроздан Караџов, кој нагласи дека „не постои ниту еден факт кој би потврдил намерно ометење“.Но, неколку часа подоцна премиерот свика итна прес-конференција на која ја врати тезата за можно електронско војување поврзано со војната во Украина. Тој порача дека иако копнените инструменти не регистрирале проблем, можно е опремата во самиот авион да детектирала пречки. Затоа, Жељазков наредил дополнителна проверка на инструментите на авионот.Според „Фајненшл тајмс“, авион изнајмен од Европската комисија наводно изгубил GPS сигнал при приближување кон аеродромот во Пловдив, па пилотите морале да користат хартиени карти. Иако од Брисел веднаш се посочи Русија како виновник, податоците за летот покажуваат дека сигналот не бил целосно изгубен и дека доцнењето при слетувањето изнесувало само девет минути.Европската комисија засега останува на ставот дека Бугарија ги известила за пречки на сигналот. „Свесни сме дека ова прашање е постојано присутно на нашето небо и во нашите мориња од почетокот на војната и затоа мора да се разгледува сериозно“, изјави портпаролката Аријана Подеста.

Свет | пред 4 месеци

janko

(Видео) „Среде Солун оро играме“ - Колумбиецот Јанко со мала провокација

Колумбиецот Јанко одамна го освои вниманието со својата љубов кон македонската песна. Со секое негово изведување ја носи нашата музика поблиску до срцата на луѓето, потсетувајќи нè колку е убава и уникатна нашата култура. Неговата искреност и посветеност се причина што многумина со восхит го следат – и не случајно, бидејќи навистина стана амбасадор на македонската песна далеку од татковината.

Магазин | пред 4 месеци

filipce-ck-sdsm-ana-cupevska-martin-kostovski-fani

СДСМ најави објавување на „Вистината за случајот АНБ“

СДСМ соопшти дека започнува со објавување на „Вистината за случајот АНБ“, прашувајќи зошто власта, и по речиси една недела од изнесувањето на наводите за незаконско следење, сè уште не ја започнала процедурата за декласификација на документите.„Зошто самиот Мицкоски не побара декласификација на документацијата од Агенцијата за национална безбедност во која наводно бил следен? Кои се причините и што се крие зад бегањето на власта од декласификацијата на документите?“, наведуваат од СДСМ.Од партијата информираат дека денеска, со почеток во 10:30 часот, ќе се одржи прес-конференција на која ќе се обрати портпаролката Богданка Кузеска.

Македонија | пред 4 месеци

kocani

“Support Kocani” распредели 8 милиони денари на повредени и семејствата на загинатите, а и плати 864 илјади денари данок на државата

По шест месеци неуморна работа, волонтерите од ‘Супорт Кочани’ велат дека нема да застанат – и покрај заморот, нивната љубов, мотивација и истрајност остануваат силни во борбата Кочани никогаш да не биде заборавено.-Сакаме да им се заблагодариме на сите хумани луѓе кои покажаа солидарност и емпатија во нашите најтешки моменти. Вие ни дававте сила и храброст сите овие месеци да помагаме на нашите сограѓани. Ние иако уморни, психички и физички, после скоро 6 месеци, сеуште не се откажуваме и напорно работиме.Супорт Кочани не застанува тука - ние како волонтери со можеби не толку голема енергија, но со иста љубов, мотивација и истрајност ќе продолжиме да работиме и да постоиме.Како што ветивме од самиот старт -нема да дозволиме Кочани да биде заборавено.

Македонија | пред 4 месеци

tramvaj-glorija

(Видео/фото) Голема трагедија во Лисабон, трамот „Глорија“ излета од шините - 15 загинати, десетици повредени

Португалија е во шок откако 15 лица загинаа кога 140-годишниот трам Глорија, една од главните туристички атракции во Лисабон, излета од шините. Уште 18 лица се однесени во болница, од кои пет се во сериозна состојба, потврдија службите за итни случаи, објави BBC News.Властите соопштија дека меѓу загинатите во несреќата, која се случи вчера околу 18:05 часот, има странски државјани, но нивната националност сè уште не е потврдена.Градоначалникот на Лисабон, Карлос Моедас, ја посети болницата и ја нарече несреќата „трагичен момент за градот“. Португалската влада прогласи ден на национална жалост, а претседателот Марсело Ребело де Соуза изрази „сочувство и солидарност со семејствата погодени од оваа трагедија“.Истрагата е во текПолицијата и службите за итни случаи поминаа часови на местото на настанот, а започнати се неколку истраги за причината за несреќата. Истрагата ја водат компанијата што управува со трамвајот, националниот орган за безбедност во сообраќајот и криминалната полиција.Лисабонската компанија за јавен превоз „Карис“ соопшти дека „Глорија“ ги поминала сите редовни инспекции - голема четиригодишна инспекција, привремена двегодишна инспекција, како и дневни, неделни и месечни инспекции.„Удри во зградата со брутална сила“И покрај редовните инспекции, сведоштвата на очевидци сугерираат дека системот за сопирање откажал, по што жолтиот трамвај свртел по стрмна улица и удрил во зграда.Очевидец изјави за SIC TV дека трамвајот се спуштил по стрмната улица „со полна брзина“. „Удри во зградата со брутална сила и се сруши како картонска кутија, немаше сопирачки“, рече таа.Симбол на ЛисабонТрамот Глорија е еден од најпознатите обележја на Лисабон. Отворен е во 1885 година и е електрифициран три децении подоцна. Неговите познати жолти вагони се клучен дел од транспортот во ридестиот дел на Лисабон.Патот каде што се случи несреќата е долг околу 275 метри и го поврзува плоштадот Рестаурадорес со живописното Баиро Алто. Иако го користат и локалното население, тој е исклучително популарен кај туристите.

Свет | пред 4 месеци

frosina111

Последен аплауз за Фросина Кулакова: Белград ќе ѝ оддаде почит со ревија на нејзината последна колекција

Модниот свет ќе ѝ се поклони на Фросина Кулакова на 26 октомври во Белград, во рамки на финалната вечер на „Топ Модел Европа Балкан“ што ќе се одржи во престижниот хотел „Москва“. Неповторливата дизајнерка, која остави силен печат во македонската мода, ќе биде чествувана со специјална трибјут-ревија на нејзината последна колекција.Токму оваа колекција, создадена со нејзината препознатлива креативност и посветеност, ќе ја потсети публиката на уникатниот потпис што Кулакова го внесе во модната сцена. Настанот ќе претставува симболичен „последен аплауз“ – ревија во нејзина чест, која ќе ја овековечи нејзината работа и страст кон модата.„Топ Модел Европа Балкан“ оваа година носи силен македонски печат. На сцената ќе дефилираат 20 македонски манекени и манекенки кои ќе се натпреваруваат за титулата и можноста да го претставуваат Балканот на големото финале во Брисел. Жирито ќе ги оценува според харизмата, сигурноста и умешноста да ги презентираат модните дела.Заедно со Кулакова, публиката ќе ги проследи и креациите на уште две познати македонски дизајнерки – Душица Шалева, со нејзините ексклузивни модели од високата мода, и Ирина Тошева, која носи современ и иновативен пристап.„Би била многу горда ако некој од Македонија победи на натпреварот,“ изјави Шалева, која е и директорка на „Топ Модел Европа Балкан“.Белградската вечер најавува спектакл исполнет со стил и емоции, а трибјут-ревијата на Фросина Кулакова ќе биде најсилниот момент – потсетник на нејзината оставнина и инспирација за идните генерации.

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-04-at-18.54.12

Почна судењето за „Беланоца–Барон“: обвинети за убиства, изнуди и трговија со дрога

Со воведни зборови на Обвинителството денеска во судницата на затворот „Идризово“ започна судењето против деветмината водачи и членови на криминалната група „Беланоца–Барон“. Тие се товарат за повеќе убиства, изнуди и нарушување на јавната безбедност во периодот од 2020 до 2024 година.Јавната обвинителка во своето излагање наведе дека групата во рамки на злосторничко здружение извршила најмалку осум убиства, дел од нив двојни, како и серија сериозни инциденти. Доказите, рече таа, се базираат на прислушувани и пресретнати комуникации, видео надзори, податоци од мобилни телефони и дигитални уреди, како и физички докази – оружје, возила, траги од крв и сведочења.Според обвинителството, обвинетите од една страна се декларирале како „големи верници и муслимани“, а од друга – се занимавале со ликвидации за пари, трговија со дрога, рекет, лихварство и проституција.„Еден од обвинетите изразил желба да изврши самоубиствен напад и дури го учел својот син на такви постулати. Некои од нив убиствата ги извршувале со испукување цел арсенал во лицето на противникот, со цел понижување и испраќање јасна порака,“ истакна обвинителката.Одбраната, предводена од адвокатот Еленко Миланов, го оспори обвинителниот акт, тврдејќи дека доказите се незаконски прибавени бидејќи во предметот не е приложена ниту една наредба за посебни истражни мерки.На ова, обвинителката возврати дека разговорите во затворска ќелија се сметаат за приватна комуникација, но мерките за следење биле законски одобрени од судија на претходна постапка и се оправдани со тежината на делата и јавниот интерес за откривање на вистината.Во случајот се опфатени:Фатљум Ајети – ТотеАкиф Равмановски – Јусуф Акифи–БаронЗулќуфли НурединиАкиф МемишиАбдула СадикиШенаси МасланиМирвет МасланиГани МаркуРешад ИсманДел од обвинетите беа спроведени од притвор, а дел од затворот „Идризово“ каде веќе издржуваат казни по други предмети.

Македонија | пред 4 месеци

goran-markovski

(Фото) Проф. Марковски со маска на диносаурус: „Ќе изумреме како диносаурусите, ако не се справиме со загадувањето“

„Ќе изумреме како диносаурусите, ако не се справиме со загадувањето,“ порача кандидатот за градоначалник на Скопје проф. д-р Горан Марковски на денешната прес-конференција во Парк Авионче, спроти депонијата Вардариште, која повторно гори и денеска.Заедно со Јана Белчева Андреевска, носителка на кандидатската листа за советници од граѓанската платформа „Независни заедно“, Марковски истакна дека постојат бројни студии, акциски планови и препораки за решавање на проблемот со Вардариште (ЛЕАП 3, ГУП елаборатот и Прирачникот за пожари од САЛАР), но никогаш не била покажана политичка волја да се спроведат.„Не се преземени никакви стручни мерки за тоа што ќе се прави со гасовите кои се ослободуваат од распаѓањето на ѓубриштето. Во околу ѓубриштето има голема количина на метан. Метанот е лесно горлив материјал и мала искра предизвикана од било што може да предизвика пожар. Ние сме за трајни решенија кои ќе им овозможат на скопјани да дишат нормално, особено на оние наши сограѓани кои живеат во околината на Вардариште,“ рече Марковски.Тој објасни дека едно од можните решенија е со систем на цевки да се собере метанот и потоа да се искористи, меѓу другото, и за производство на електрична енергија. „Постојат и други методи кои веќе се применуваат на над 200 локации во Европа,“ додаде Марковски.Белчева Андреевска нагласи дека иако за Вардариште одамна постојат стручни насоки, тие се игнорирани. „Ако се следеле чекорите од ЛЕАП: чистење на дивите депонии, рекултивација на Вардариште според стручните студии, модернизација на системите за исцедок и гас и зајакнување на селекцијата и рециклирањето, веќе ќе имало резултати. Затоа, основа за нашето работење нема да бидат нови стратешки документи, туку исполнување на усвоените планови и усогласување со безбедносните стандарди,“ рече таа.Според Белчева Андреевска, планот за решавање мора да биде и реален и модерен – со затворање на просторот за диво депонирање, 24/7 периметарска контрола со видео-аналитики и препознавање регистарски таблички, употреба на термални камери и дронови со спектрални сензори за откривање на жаришта уште во зародиш, а сите податоци да се интегрираат во систем со јавна отчетност.„Нам сојузници во овие напори мора да ни бидат граѓаните кои се будни, свесни и бараат промени и ќе го дадат гласот за оние кои веќе биле активни, и ќе продолжат да работат за јавниот интерес – а тоа е чист воздух и здрава животна средина,“ порача Белчева Андреевска.„Независни заедно“ е платформа што ги обединува независните советници и локалните иницијативи „Шанса за Центар“, „Зелените за Гази Баба“ и „Групација 389“. Тие најавуваат борба за град Скопје, но и поддршка за кандидатурата на антикорупционерката Билјана Ивановска во Центар. „Само заедно можеме да му дадеме шанса на Скопје да стане град по мерка на човекот,“ порачуваат од платформата.

Скопје | пред 4 месеци

brza-pomos-partizanska

Несреќа во МРТВ – жена тешко повредена при пад во лифт

52-годишна скопјанка завршила со тешки телесни повреди откако паднала при влегување во лифт во зградата на Македонската радио телевизија. Инцидентот се случил на 3 септември во 11:20 часот, а повредената веднаш била пренесена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. За случајот е известен трудов инспектор, кој треба да ги утврди околностите на несреќата.На 03.09.2025 во 11:20 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив била донесена Е.Т.(52) од Скопје, која се здобила со тешки телесни повреди при влегување во лифт во зградата на МРТВ. За настанот бил известен трудов инспектор, соопшти МВР.

Скопје | пред 4 месеци

Нема фотографија

Нема кој да оперира на Кардиохирургија – лекари од Словенија ќе доаѓаат во Скопје

Клиниката за кардиохирургија во Скопје е во тешка состојба поради недостиг на стручен кадар и во моментов е „многу лимитирана“ со операции, потврди министерот за здравство Азир Алиу.„Денеска имав состанок со директорот и колеги од Кардиохирургија. Недостасуваат стручни лица, не само во Кардиохирургија, туку во поголем дел клиники во Скопје,“ изјави тој, додавајќи дека Клиниката е „многу лимитирана во моментов за операции“.Алиу најави иницирање билатерален договор со Словенија, според кој нивни доктори би доаѓале во Македонија на период од три до шест месеци, додека македонски лекари би оделе таму на обука и размена на знаења.

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2025-06-22-at-11.17.02

Осум сомнителни кардиохируршки интервенции под лупа – Министерството најави вонреден надзор

Министерството за здравство денеска информира дека до Интерната комисија се доставени медицински досиеја за осум случаи поврзани со можни неправилности кај кардиохируршки и кардиолошки интервенции. Истовремено, до Лекарската комора е побаран вонреден стручен надзор.Министерот Азир Алиу нагласи дека предметите не се резултат на поединечни претставки од пациенти, туку биле доставени од една јавна здравствена установа. „Комисијата ќе почне со работа веќе утре,“ рече Алиу.Проблемот доби на тежина по јавните сомнежи што ги изнесе кардиологот Сашко Кедев – дека во одредени приватни болници се правеле непотребни интервенции, мотивирани од профит, меѓу кои и стентирања и отворања на граден кош. Тие тврдења ја натераа државата на 21 август да формира специјална комисија со експерти од Словенија, Италија и Австрија, задолжена да изврши ревизија и во јавниот и во приватниот сектор.Првично, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, минатата недела изјави дека до тогаш не се поднесени пријави од пациенти и ги охрабри граѓаните да реагираат доколку имаат сомнеж. Со денешната информација, за првпат институционално се доставуваат случаи за контрола.Според Министерството, Интерната комисија ќе работи по методологија заснована на меѓународни стандарди и медицински докази, а Лекарската комора паралелно ќе спроведе стручен надзор. Планот на државата е примерочно да се провери најмалку 10 отсто од кардиолошките интервенции извршени во последните години.Податоците од Министерството покажуваат дека во 2023 и 2024 годишно се изведувале по 5–6 илјади кардиолошки интервенции, а само во првите месеци од 2025 се регистрирани повеќе од 5.700, што ја прави ревизијата особено значајна и за јавните пари и за довербата на пациентите.На новинарско прашање околу застојот на дел од операциите, министерот Алиу одговори дека проблемот е предизвикан од недостиг на медицински кадар во клиниките во Скопје. Тој најави билатерален договор со Словенија, со кој тимови од таму ќе доаѓаат на ротации од 3 до 6 месеци, со цел паралелно да се изведуваат интервенции и да се разменуваат знаења. „Во моментов, операциите на Кардиохирургија се многу ограничени,“ додаде Алиу.

Македонија | пред 4 месеци

slavjanka

Петровска: АНБ веднаш може да ја декласифицира документацијата, законот е јасен

Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, денеска порача дека е неопходна итна декласификација на целата документација поврзана со случајот во Агенцијата за национална безбедност (АНБ), кој, како што рече, власта се обидува да го претстави како скандал.„Декласификацијата е чекор кон вистината, а не кон манипулацијата. Таа ќе ги даде одговорите на прашањата кои изминативе денови се отворија, а власта одбегнува да ги даде криејќи се зад класифицирани документи,“ истакна Петровска.Таа потсети дека за декласификација не е потребна судска постапка, спротивно на тврдењата од АНБ. „Законот за класифицирани информации јасно вели – оној што класифицира, тој и декласифицира. Според член 14, промена на степенот на класификацијата врши создавачот. Дополнително, член 20 предвидува дека информација со класификација не се смета за класифицирана ако со неа се прикрива кривично дело, злоупотреба на функцијата или друг незаконски акт. Ако власта тврди дека имало незаконско работење, тогаш овој член овозможува веднаш, без одлагање, да се направи декласификација,“ објасни Петровска.Како втор чекор таа го посочи итното свикување на Комисијата за надзор над работата на АНБ. „Пратениците кои сме дел од Комисијата мораме да извршиме увид во документацијата што ќе биде декласифицирана и потоа да ја информираме јавноста. Со тоа ќе се надмине и пречката околу безбедносниот сертификат на претседателот на Комисијата. Со ваков пристап брзо ќе се расчисти маглата која ДПМНЕ ја пушта за да ги покрие досегашните скандали и да создаде алиби за идејата за спојување на АНБ и АР,“ рече таа.Во однос на случајот, и ВМРО-ДПМНЕ вчера побара итно да се закаже седница на собраниската Комисија за надзор на работата на АНБ и АР, по информациите за незаконско прислушување во периодот од 2019 до 2024 година.Пратеникот Љупчо Пренџов, член на Комисијата, побара од претседателот Скендер Реџепи да закаже седница на која ќе се утврди термин за официјална посета на АНБ и детално разгледување на состојбата. Но, Реџепи одби да свика седница со образложение дека е дискриминиран и дека не може да учествува, бидејќи сè уште нема добиено безбедносен сертификат, за кој поднел барање кон крајот на минатата година.

Македонија | пред 4 месеци

vardariste-OJO

Шукова: Го повикувам Ѓоргиевски на дуел, Вардариште е резултат на неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

Кандидатката на СДСМ за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, обвини дека ВМРО-ДПМНЕ со години ја игнорирале својата надлежност и обврска за решавање на проблемот со Вардариште, нарекувајќи го случајот „екоцид“.„Доста беше бегање од одговорност. Законот е јасен – отпадот е локална надлежност. ВМРО-ДПМНЕ четири години ја игнорираа својата обврска да го решат овој проблем,“ изјави Шукова.Таа посочи дека градоначалниците се директно одговорни за управување со отпадот, јавната чистота, селекција и транспорт на отпадот, како и реализација на проекти и задолжителна соработка со други општини и Градот Скопје.„Орце Ѓоргиевски и ВМРО-ДПМНЕ или го немаат прочитано законот за управување со отпад, или свесно го игнорираат за да ја префрлат вината кога јас бев министер за животна средина. Тоа само зборува колку Ѓоргиевски е неук, а сака да раководи со Скопје,“ рече Шукова.Таа додаде дека Вардариште денес изгледа како „црна еколошка дупка“ поради неработењето на градската администрација и, како што рече, неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката Данела Арсовска.„Јас и СДСМ знаеме како да го решиме Вардариште – со итно оградување, 24-часовен надзор, расчистување и забрана за пристап, а потоа изградба на затворена, еколошка претоварна станица со систем за селекција, контрола и транспарентност,“ истакна таа.Шукова го повика својот противкандидат, Орце Ѓоргиевски, на јавен дуел за Вардариште. „Нека ги донесе сите негови ‘аргументи’ дека од Вардариште ќе направи парк. Јас ќе ги донесам фактите, законите и резултатите. Граѓаните ќе судат кој има решение, а кој има само празни ветувања и пропаганда,“ порача кандидатката на СДСМ.

Скопје | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања