ТОП

Screenshot-2025-09-05-at-22.57.59

(Видео) Брутална полициска акција во Нови Сад, фрлен солзавец и шок-бомби - хаос по улциите

Во Нови Сад вечерва од 19 часот се одржа масовен студентски протест под мотото „Србијо, дали се слушаме?“ кај крстосницата на ул. Стражиловска и бул. Цар Лазар, во близина на универзитетскиот кампус. Повод беа, како што наведоа организаторите, нарушувањето на автономијата на универзитетот и неодамнешниот упад на полицијата на Филозофскиот факултет и на Факултетот за спорт и физичко воспитување (ДИФ), кога беа користени шок-бомби и пендреци.Протести вечерва се одржаа и во други градови низ Србија – Ниш, Крагуевац, Ваљево, Кралево, Ужице, Пријепоље, Лесковац, Нови Пазар, Прокупље...Иако протестот во Нови Сад траеше мирно, Министерството за внатрешни работи објави дека има информации оти демонстрантите ќе ја нападнат полицијата. Кога граѓаните почнаа да се оддалечуваат од Филозофскиот факултет и ДИФ, следеше полициска акција.Според сведоци, полицијата започнала да ги потиснува собраните, по што дошло до инциденти. Од зградата на Ректоратот, како што јавува Н1, излетале полициски сили и нападнале мирни демонстранти. На терен се слушнале топовски удари и бил фрлен солзавец, а употребени биле и пендреци.Новинарите на Н1 јавуваат дека полицијата го исчистила кампусот не само од граѓаните и студентите, туку и од екипите кои укажувале прва помош. Еден снимател на Н1, и покрај тоа што носел кацига, бил погоден со предмет.„Сосема непотребно предизвикан инцидент од страна на полицијата. Стоевме пред зградата, кога одеднаш дваесетина полицајци излегоа и почнаа да удираат луѓе. Подоцна дојдоа возила преполни со полицајци и две бригади. Спремен сум за ова да сведочам пред сите судови во светот.“, изјави граѓанин кој сведочел пред Ректоратот.

Свет | пред 4 месеци

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Осомничен 24-годишник за полови дејствија врз 5-годишно девојче

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека вршело други полови дејствија врз девојче родено во 2020 година, дело казниво според член 188 став 5 од Кривичниот законик.Осомничениот 24-годишник, во неговиот дом во Волково, неколку пати извршил полови дејствија кои што не се состојат во вагинална, анална или орална пенетрација, врз оштетеното дете со кое е во роднинска врска. Тој го користел моментот додека девојчето било во неговиот дом затоа што живееле во одвоени куќи во ист двор, а потоа и се заканувал да не му кажува на татко и бидејќи ќе ја караат и ќе ја тепаат.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, особено имајќи ја предвид можноста за остварување контакт со детето и потребата за заштита на жртвата од осомничениот. Воедно, обвинителството ги ценеше и околностите кои укажуваат на опасност од бегство и можноста да влијае врз постапката. Судот ја прифати ваквата аргументација и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Македонија | пред 4 месеци

rade-stekli

Штекли тврди: Бев желка во минатиот живот!

Судскиот процес против Раде Трајковски-Штекли, обвинет за трговија со дрога, денеска се најде пред клучна дилема: дали тој е ментално способен да учествува во постапката. Пред судот беа презентирани две целосно спротивставени психијатриски вештачења, оставајќи го судот да одлучи за неговата процесна способност.Одбраната, преку наодот на психијатарот Ѓорѓија Хаџи Ангелковски, тврди дека Трајковски е психотичен и покажува шизофрени карактеристики. Според ова вештачење, верувањето на обвинетиот во реинкарнација и постоењето на имагинарен учител кој му дава насоки, го прават неспособен да ја следи судската постапка.Спротивно на ова, вештакот на обвинителството изнесе наод дека кај Трајковски не е нотирана психоза, ниту за време на прегледот, ниту во минатото додека бил во притвор. Според овој експерт, иако Трајковски имал „паранормални искуства“, како што е изјавата дека во минат живот бил желка, тој е целосно способен да учествува во судењето и да ја изнесе својата одбрана.Додека трае битката со вештачења за лидерот на групата, случајот за останатите обвинети се разјаснува. На денешното рочиште, четворица од нив признаа вина. Ова следува откако претходно уште седуммина се спогодија со обвинителството за затворски казни од 3 до 5 години, со што бројот на обвинети кои се судат заедно со Трајковски се сведе на шестмина.Судијата Илија Трпков најави дека ќе ги соочи двајцата вештаци пред да донесе одлука дали ќе прифати еден од наодите или ќе нареди ново вештачење. Судењето за овој случај, во кој Трајковски е во притвор од јануари по апсењето кај Гевгелија, ќе продолжи во октомври.

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-05-at-22.53.50

(Видео) Жена се соблече гола среде улица пред малолетници кај „Млечен“ во Карпош

Жена се соблече гола среде булеварот „Метрополит Теодосиј Гологанов“. Сведоци на ваквиот нејзин потег биле минувачи, меѓу кои и малолетници кои ја снимале и извикувале од страна. Од снимките кои ги доставија, се гледа дека таа прво го соблекла долниот дел од облеката, а потоа се соблекува и целосно гола.Засега не е познато дали реагирала полицијата, како и дали случајот бил пријавен. Нејасен е и мотивот за ваивкиот потег. Снимките покажуваат дека таа застанувала пред возила кои ја одминувале.

Скопје | пред 4 месеци

dragi-raskovski

Драги Рашковски задржан на граница со непријавени 20.000 евра?

Поранешниот генерален секретар на Владата во времето на Зоран Заев, Драги Рашковски, бил задржан на граница при обид да изнесе готовина во висина од 20.000 евра од МакедонијаПри детална контрола на возилото, царинските служби пронашле пари за кои Рашковски немал соодветна потврда ниту истите биле пријавени согласно законските прописи. Дел од сумата, која надминува дозволен лимит, е одземенa, а тој ќе биде прекршочно казнет.Институциите досега немаат излезено со официјално соопштение за конкретниот случај, ниту пак се огласил самиот Рашковски.Инаку, Рашковски во првостепена постапка, заедно со уште шест лица, беше осуден на затворски казни од три до осум години во предметот „Софтвери“, кој се однесува на злоупотреби со јавни набавки.

Македонија | пред 4 месеци

dimitar-apasiev-levica

Професор, адвокат, директор, инженер: кандидатите на Левица за скопските општини

Левица најави втор бран кандидати за градоначалници на претстојните локални избори во скопските општини. По долги анализи на Президиумот, партијата соопшти дека настапува со кандидати со висок професионален кредибилитет, познати во јавноста и подготвени да ги водат локалните самоуправи.Кандидати:Кисела Вода: проф. д-р Јане Ацевски, поранешен декан на Шумарски факултет при УКИМ, актуелен раководител на Катедрата за ботаника и дендрологија.Ѓорче Петров: адвокат Александар Димитријевиќ, сопственик на адвокатска канцеларија, борец за социјална правда, координатор на Трудов сектор на Левица.Карпош: Антонио Димитров, директор на Културно-информативниот центар – Скопје, со оценка дека обезбедил богата и редовна програма на институцијата.Гази Баба: Златко Тренчевски, металуршки инженер со долгогодишно раководно искуство во повеќе компании.Во прес-изјавата е наведено и дека Марјан Димитриев е дипломиран економист со повеќегодишно искуство во банкарскиот сектор, консултант за претприемништво и бизнис развој, со фокус на одржливи економски политики.

Македонија | пред 4 месеци

aerodrom-vardariste

(Видео) Каде се зградите? Шест дена Вардариште гори, населбата не се гледа од чадот!

Граѓани од Аеродром преку локални Фејсбук-групи пријавуваат дека шести ден по ред се издига густ чад од правец на депонијата Вардариште и најавуваат нов протест со продолжување на блокадите.Во објави со пораки „Изгасете ја депонијата… 6-ти ден гори!“ жителите опишуваат утринска слика во која „целата населба е прекриена со чад“. Во коментарите се наведува дека по 22 часот ги затвораат прозорците и вратите поради мирис и намалена видливост.Во друга објава стои: „Утре повторно на протест… Ова е неподносливо и нема да прекинеме со блокадите!“, со тврдење дека и покрај приведувањето на три лица, чадот продолжува.Во дел од коментарите бараат трајно решение и затворање на локацијата која ја посочуваат како извор на чадот: „Ќе се собираме и нема да отстапиме до решение за проблемот и затворање на депонијата“, пишува една жителка, изразувајќи револт поради, како што тврди, незаинтересираност за проблемот.Жителите најавуваат дека ќе продолжат со протести и блокади додека, како што велат, не се биде изгасне пожарот и не се најде трајно решение.

Скопје | пред 4 месеци

Screenshot-2025-07-02-at-10.53.27

Катерина Цаневска ќе ја предводи советничката листа на СДСМ во Град Скопје

Новинарката Катерина Цаневска ќе биде носителка на листата на советници во Град Скопје како независен кандидат поддржан од СДСМ, дознава „Скопје1“.Официјална потврда на одлуката се очекува од партиските тела и претседателот Венко Филипче. Кандидат за градоначалник на СДСМ во Скопје, е Каја Шукова.Цаневска беше долгогодишен новинар во МРТВ и А1 телевизија, а потоа работеше како одговорна за односи со јавност и правни работи во Општина Центар, Собрание и кај претседателот Стево Пендаровски.

Скопје | пред 4 месеци

57B15D7B-C699-4722-81D5-A3A2DD3815A0_1_105_c

Кирков: Пред три дена угинало младо мајмунче во ЗОО Скопје – бара итен целосен преглед и можeн привремен застој на работата

„Уште колку животни треба да угинат за институциите да постапат?“ – со оваа порака советникот во Град Скопје, Стефан Кирков, објави дека пред три дена во Зоолошката градина во Скопје угинало младо мајмунче од видот гибон, повикувајќи на итна интервенција и целосен преглед на установата.Кирков оцени дека скопјани ги одбројуваат деновите до крајот на „најлошата и најнеспособна“ локална власт и дека, покрај уништувањето на градот и јавните претпријатија, јавноста денес се соочува со „уште еден голем инцидент“. За ЗОО Скопје рече дека внатре владее „општ хаос“, дека установата е препознатлива како „куќа на стравот“ и дека зад затворени врати се случуваат инциденти кои се обидуваат да се сокријат.Тој потсети дека пред околу месец и половина угинале три лами поради туберкулоза, а кај уште две е детектирана истата болест, „која може да биде пренослива од животно на животно и од човек на човек“. Според него, тоа било замолчано, но „по допрен глас“ од него и по пријава до Агенцијата за храна и ветеринарство, случајот бил „набрзина“ обелоденет, со опомена за установата и казни за директорот.Во врска со угинувањето на младото гибонче, Кирков наведе дека, според неговите сознанија, патолошкиот наод повторно укажува на истиот тип туберкулозна инфекција како кај ламите. Оттука, тој праша колку животни починале од оваа „болест и епидемија“ во Зоолошката градина, колку се болни, и дали постои сериозна опасност за посетителите и вработените.Кирков апелира институциите веднаш да формираат координативно тело и да извршат целосен преглед во ЗОО Скопје, а доколку е потребно – привремено затворање сè додека не се обезбеди дека сите животни се здрави и дека безбедноста на посетителите и вработените е гарантирана.Како советник во Град Скопје, најави дека ќе иницира свикување вонредна седница на Советот со една точка на дневен ред – ситуацијата со „епидемијата“ во Зоолошката градина и барање одговорност од менаџментот. На таа седница, рече, ќе побара присуство на директорот на установата и на градоначалничката Данела Арсовска како негов претпоставен.Кирков информираше дека побарал информации од јавен карактер од установата и дека како одговор добил бројка од околу 30 угинати животни за три и пол години, но според неговите информации, таа бројка е двојно повисока. „Сето ова на седница на Советот јавно ќе го обелоденам, детално и прецизно, за јавноста да има увид во сè што се случува во оваа установа,“ додаде тој.

Скопје | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-05-at-09.57.39

(Ажурирано) На „Тик-ток“ по тепачката се појави и видео со сексуална содржина: го гледаат деца, еве како да ја пријавите

Видеото кое привлече илјадници прегледи и лајкови и има над 15 илјади споделувања и стотици коментари е отсранеото од социјалните мрежи. Целта е секако постигната, но доколку се уште е некаде споделено, да се пријави!По снимката со тепачката, на „Тик-ток“ се појави и снимка со сексуална содржина каде една од главните протагонистки е истата тиктокерка. Снимката е вирална и ја гледаат деца. Доколку Ви се појави, ова е процедурата за „репорт“ односно пријавување.Најчесто, овие содржини ги гледаат најмладите на кои мрежата „Тик-ток“ им е главна занимација. Некои се исмејуваат, други се згрозуваат. Реакција стигна и до нашата редакција. На снимката се гледаат и евидентно малолетни лица кои стојат од страна. Снимката има илјадници прегледи и лајкови, над 15 илјади споделувања и стотици коментари.[caption id="attachment_347496" align="alignnone" width="1192"] Screenshot[/caption]Претходно:

Македонија | пред 4 месеци

nino

Докторката Пешевска призна вина во „Онкологија“, ексдиректорот Васев не се чувствува виновен

Специјалист докторката Мери Пешевска од одделението за малигни тумори на дојка призна вина во случајот „Онкологија“, додека поранешниот директор на Клиниката, Нино Васев, изјави дека не се чувствува виновен за делата што му се ставаат на товар.„Слушам да, за што сум обвинет. Не се чувствувам за кривичните дела кои ми се ставаат на товар од страна на обвинителството“, изјави Васев.Неговиот адвокат, Никола Ставров, оцени дека постапката се водела со пропусти и со, како што рече, „емотивен пристап на обвинителката“, оставајќи впечаток на, според него, еден вид заговор против обвинетиот. „Ние како одбрана ќе се фокусираме на побивање на наводите и доказите на обвинителството преку основани и законити докази, како и преку вештачењето кое го обезбедивме“, изјави Ставров.Бидејќи судот го одби барањето за неприфаќање на вештачењата од Србија и Словенија, одбраната на Васев побара вештаците да бидат директно сослушани, а како сведоци ќе бидат повикани и лекари онколози од Клиниката.Докторката Пешевска, пак, со изјава пред судот ја прифати одговорноста. „Да се извинам според обвинението доколку сум постапила небрежно или невнимателно. И доколку за овие седум пациенти не сум сигурна дека јас сум ја продолжувала, иако бил користен мој печат и факсимил. Тој беше оставен на шалтер за побрзо да минуваат пациентите. Ја прифаќам вината, затоа што моето корисничко име и лозинка сум ги оставила за да има пристап за давање терапија“, рече Пешевска.

Македонија | пред 4 месеци

Aleksandar-Nacev-GLAVNA-SLIKA-PRESS-18JAN2018

Обвинение против Александар Нацев, реалниот сопственик на обезбедувањето во „Пулс“: Познато за што се гони

Обвинителскиот тим кој постапува во предметот во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против уште едно лице за сторени – Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 2 во врска со член 288 став 3 во врска со став 2 во врска со член 22 од Кривичниот законик.И овој обвинет се товари за сопствен особен придонес, бидејќи заедно со повеќе одговорни и службени лица за кои веќе е поднесен обвинителен акт кој е во фаза на оценка, како и со други за сега непознати лица, не постапил според прописите и техничките правила за мерките за заштита и со тоа предизвикал опасност за животот и телото на луѓето, како и имотот од големи размери.Поради нивните пропусти во еден подолг временски период, како и поради конкретните дејствија на дел од обвинетите, на 16.03.2025 година во угостителскиот објект во Кочани бил предизвикан пожар на место каде што биле собрани поголем број луѓе, при настап на музичката група ДНК, во целосно небезбедни и опасни услови, поради што настапила смрт кај 62 лица, со тешки телесни повреди се здобиле 157 лица, а со телесна повреда се здобиле 65 лица.Последниот обвинет, во временскиот период од септември 2022 година до денот на пожарот, во Скопје и Кочани, како одговорно лице – реален сопственик на обвинетото правно лице Друштво за обезбедување на имот и лица РУБИКОН СЕКЈУРИТИ СОЛУШН увоз-извоз ДООЕЛ Скопје, заеднички со веќе обвинетиот управител, раководел со деловниот потфат и целокупното работење на агенцијата за обезбедување.Тие, иако имале сопственичка одговорност, не постапиле согласно чл.3 од Закон за приватно обезбедување, со тоа што не презеле мерки и активности заради спречување и откривање на штетни појави и противправни дејствија кои го загрозуваат телесниот интегритет и достоинството на личноста и имотот што се обезбедува и согласно чл.6 од Закон за приватно обезбедување, односно обезбедувањето го вршеле без да имаат склучено писмен договор за приватно – физичко обезбедување со корисникот на услугата –угостителски објект „Клуб Пулс“ и без воопшто да водат грижа, контрола и надзор при исполнување на обврските на лицата кои вршеле обезбедување на имот и лица.На критичниот ден, тројца вработени во агенцијата со важечки лиценци за приватно обезбедување и со легитимации на обвинетото правно лице, како и еден обвинет без лиценца за вршење на работи на физичко обезбедување, биле задолжени да го обезбедуваат објектот во Кочани без да утврдат претходна безбедносна проценка со проверка по однос на сигурносните услови на објектот, опасностите и можностите за евакуација во случај на опасност, без проверка на влезови и излези и нивна исправност, во услови на преполнетост на капацитетот на посетители. Притоа, спротивно на законските обврски, правното лице не изготвило и не доставило План за обезбедување при одржување на јавен ред на настан од забавен карактер со присуство на поголем број на посетители и не биле ангажирани повеќе работници на обезбедување како што налагале условите во објектот.Вработените распоредени од Агенција за обезбедување „Рубикон“ не постапиле по одредбите од Закон за приватно обезбедување и не извршиле проверка на идентитетот и возраста на лица при влез на објектот што го обезбедувале и со тоа овозможиле влез на деца – лица кои не наполниле 18 години и нивно присуство во објектот по 00.00 часот. Не постапиле и согласно законската обврска да извршат преглед на лица при влез во објектот што се обезбедува, а заради пронаоѓање предмети кои може да се користат заради уништување или оштетување на имотот, како и предизвикување опасност по животот, со што не го спречиле внесот и користењето на експлозивни материии – пиротехнички средства со кои бил предизвикан пожарот.Од доказите обезбедени во текот на истрагата произлезе дека сега обвинетиот имал главна улога во обвинетото правното лице, фактички раководел со агенцијата и давал директни инструкции на обвинетите кои критичната вечер биле ангажирани како обезбедувачи. Исто така, обезбедени се докази дека по пожарот во Кочани тој презел активности во насока на формирање ново правно лице со седиште во Струмица, чија основна дејност му е исто така физичко обезбедување на имот и лица, а со цел да ја продолжи дејноста повторно затскривајќи се формално-правно во раководењето зад друго одговорно лице.Од тие причини, иако истрагата за ова лице е завршена и доказите се обезбедени, јавните обвинители кои постапуваат проценија дека се уште постојат одредени ризици за негово целосно обезбедување во текот на постапката. Имајќи предвид дека Судот, одлучувајќи по жалба на обвинетиот, веќе ја заменил претходно определената мерка притвор со мерка куќен притвор и со дополнителни забрани за напуштање на живеалиштето, за комуникација со одредени лица и одземање на патна исправа, јавното обвинителство до судот достави и предлог за продолжување на сите определени мерки и забрани.

Македонија | пред 4 месеци

dui-

ДУИ: Во комисијата за наградата „8 Септември“ само еден Албанец – си ја додели наградата самиот на себеси

ДУИ реагира дека во комисијата за доделување на државната награда „8 Септември“, составена од 12 члена, има само еден Албанец – Хамид Бакија – кој, наместо да предложи албански спортист, одлучил наградата да си ја додели на самиот себеси. Партијата вели дека станува збор за „невиден скандал“ и „флагрантен судир на интереси“ кој ја понижува правичноста на највисокото спортско признание во државата.„Денеска сакаме да ја алармираме јавноста за еден невиден скандал кој го загрозува не само интегритетот на државните награди ‘8 Септември’, туку и духот на граѓанска еднаквост гарантиран со Охридскиот договор.Денеска, во Кристалната сала на Парламентот, Комисијата за доделување на државната награда ‘8 Септември’ ќе ги додели највисоките признанија за животно дело и за достигнувања во областа на спортот. Ова е највисоката државна награда во спортот, големо признание што треба да претставува правичност, меритократија и почит за сите наши спортисти.Но, што гледаме денес?Комисијата, формирана со потпис на претседателот на Собранието, Африм Гаши, е составена од 11 Македонци и само 1 Албанец.И, за иронија на судбината, единствениот Албанец Хамид Бакија наместо да предложи еден албански спортист, решил наградата да си ја додели самиот на себеси.Ова не е само судир на интереси, ова е срам и чиста неправда! Апсурдна и навредлива ситуација за албанските спортисти кои со децении придонесуваат со труд и успеси во спортот на Северна Македонија, но остануваат исклучени од државно признание и почит.Ова не е изолиран случај. Минатата година имавме идентичен пример кога брат на еден градоначалник од ВМРО, како член на комисија, сам на себе си додели награда. И тогаш сè помина во тишина. Дали повторно ќе молчиме?Ова прашање веднаш ќе биде адресирано пред Државната комисија за спречување на корупцијата, бидејќи претставува флагрантен судир на интереси и отворена дискриминација.Нашата порака е јасна:Спортот треба да обединува, а не да дели.Спортот треба да гради мостови, а не етнички бариери.Охридскиот договор и принципот на еднаквост не се празни букви на хартија, туку темели врз кои мора да функционира секоја државна институција.ДУИ останува решителна да ја брани еднаквоста, правдата и достоинството на секој граѓанин, во секоја институција и во секоја област на животот, вклучително и спортот. Ова не е само апел ова е повик за правда и еднаквост!“

Македонија | пред 4 месеци

stojan-nikolov

Незаконски работи и најмладиот градоначалник? Стојан Николов заработи кривична пријава

Кривични пријави за градоначалникот на Општина Росоман, Стојан Николов, и претседателот на Советот на општината Ристо Јошев. Против Николов е поднесена пријава поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување “ како и поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „Бесправно градење “, додека за Јошев е поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување “.Николов во јавноста е познат и како најмладиот градоначалник во Македонија, бидејќи на функцијата стапи на само 24-годишна возраст.Како што информира МВР, Одделот за внатрешни работи Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци поднел кривична пријава против Николов (28) и Јошев (61). На седница на Советот на општината, одржана на 28 февруари годинава, било утврдено дека Програмата за изработување на урбанистички планови и локална урбанистичка документација за 2023 година, која била изгласана на 30 јануари со 39 точки и без потпис на претседателот на Советот, подоцна била изменета. Допишана е уште една, 40-та точка, која Јошев ја потпишал, овозможувајќи Урбанистички проект за производство на асфалт во катастарската општина „Манастирец“ да се внесе во програмата без одобрение и гласање од советниците.Покрај оваа пријава, ОВР Кавадарци поднесе и уште една против Николов, поради сомневање за „бесправно градење“. Според наводите, тој во својство на градоначалник овозможил да започне реконструкција – промена на сообраќајниот режим на влезот во Росоман – без решение за реконструкција, без одобрение за изградба на линиски инфраструктурни објекти и без основен проект – фаза градежништво, спротивно на Законот за градење.

Македонија | пред 4 месеци

vardariste-OJO

Вардариште и денеска гори – жителите на Аеродром трет ден по ред блокираат безуспешно

Старата депонија Вардариште повторно е зафатена од пожар, ширијќи густ чад кон населбите во Скопје и претставувајќи сериозна закана за здравјето на граѓаните.Жителите на општина Аеродром веќе три дена го блокираат пристапот до депонијата, во обид да спречат дополнителен истовар на отпад и да го насочат вниманието кон проблемот. И покрај нивните протести, институциите не преземаат мерки, па загадувањето продолжува да расте.Граѓаните се оставени сами на себе, додека токсичниот чад се шири низ Скопје, загрозувајќи го здравјето на илјадници жители.Граѓаните предупредуваат дека ќе останат на блокадите сè додека не се обезбеди трајно решение за Вардариште – депонија која со години претставува симбол на еколошката криза во главниот град.

Скопје | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања