ТОП

zname

Македонија слави 34 години независност

На 8 септември 1991 година граѓаните на Македонија со убедливо мнозинство ја запишаа најважната страница во современата историја на земјата. На референдумот организиран во предвечерјето на распадот на поранешна Југославија, 95 отсто од излезените граѓани одговорија „за“ на прашањето: „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија?“Од вкупно 1.495.626 запишани избирачи, на гласање излегоа 1.132.981 граѓанин или 71,85 отсто. Од нив, 1.079.308 гласачи, односно 95,09 отсто, се изјаснија за независна и суверена Македонија. Според официјалниот извештај на Комисијата за спроведување на референдумот, немало поднесени приговори или жалби, што ја потврдува успешноста на процесот.Овој историски чин го означи раѓањето на современата македонска држава и почетокот на патот кон меѓународно признавање, демократски развој и евроатлантска интеграција.Честитки по повод Денот на независностаПо повод 34-годишнината од независноста, честитка од претседателката Гордана Сиљановска-ДавковаНа 8 Септември 1991 година, легално и легитимно, врз основа на неотуѓивото и непотрошно право на самоопределување на секој народ, на референдумот за самостојна и независна Македонија излегоа 75,74% од електоратот, а „за“ гласаа 72,16% од запишаните!Така, ние, македонските граѓани, ја крунисавме вековната борба на илинденците и партизаните со унитарна, независна и самостојна држава!Денес, 34 години потоа, во свет заснован на сила, а не на право, сè уште водиме битка за суверена, рамноправна, модерна, стандардна, европска, правна држава, членка на Европската Унија.Изминативе три децении се соочивме со бројни внатрешни поделби и кризи, со надворешни притисоци и предизвици, со отстапки и компромиси неусогласени со референдумската одлука од 1991 година, па и со меѓународното и национално право.Политиката, за жал, нè учи дека неправдите не се отстрануваат со потег на перото, туку со макотрпна домашна и меѓународна борба, со правни аргументи и внимателни политички активности, со макотрпно градење пријателски сојузи, а не со непромислени и избрзани акти, со внатрешно единство, а не со поделби, со самопочит, но и со меѓусебна почит.Патот кон правото и правдата води преку европеизирана држава, втемелена на копенхагенски критериуми, преку демократска власт, ограничена со систем на ефикасни спреги и кочници, преку компетитивна и просперитетна економија, преку партиципативна политичка култура, преку силно граѓанско општество и слободни медиуми.Младите не се задржуваат и стимулираат со партизација и политизација, туку со образование и наука што стимулираат, почитуваат и наградуваат знаење, труд и заслуги.Ако домата ни е европска, сигурна сум дека нашите деца и внуци ќе сакаат да работат, творат и растат семејства тука, во нивната дома, или постојано да соработуваат со татковината, ако се надвор, привремено или трајно. Само во европски амбиент се креира европска иднина!Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, упати честитка до граѓаните нагласувајќи:„Вековниот стремеж за самостојна, независна, суверена и демократска Македонија стана стварност на 8 септември 1991 година. Денес вистинската љубов кон татковината значи да се гради правната држава. Чин на врвен патриотизам е посветеноста на владеењето на правото.“Во својата порака, претседателот на Собранието, Џафери Гаши, истакна дека независноста е „завет наследен од минатото, обврска за сегашноста и водич за иднината“. Тој повика на единство околу вредностите на сплотеност и посветеност за исполнување на државните аспирации:„Време е секој од нас да придонесе во зајакнувањето на мирот, стабилноста и соживотот. Да работиме заедно за посилна, поправедна и пообединета држава, каде што нашите разлики ќе бидат богатство, а не пречка.“Македонија денесТриесет и четири години по прогласувањето на независноста, Македонија е стабилен сојузник во НАТО и држава кандидат за членство во Европската Унија. Во овие децении земјата изгради институции, се стекна со меѓународна почит и продолжува да чекори по патот кон посветла иднина за идните генерации.Честит 8 Септември – Ден на независноста на Република Северна Македонија!

Македонија | пред 4 месеци

studenti

„Сè запира во понеделник“ - нов голем протест во Белград

Студентите во блокадата најавија нов голем студентски протест за понеделник во Белград поради, според организаторите, полициската репресија во Нови Сад. Протестот ќе започне во 14 часот пред Владата на Србија под слоганот „Индексот е посилен од пендрек“. Студентите во блокадата, кои го координираат собирот преку социјалните медиуми, најавија дека по Владата, колоната ќе се движи низ градот до Секторот за внатрешна контрола на Министерството за внатрешни работи.Овој протест следеше по бурните настани во Нови Сад, каде што минатиот петок полицијата употреби сила врз граѓаните и студентите собрани пред Филозофскиот факултет. Во тоа време беа употребени шок бомби, солзавец, топовски истрели... Студентите тврдат дека станува збор за однапред планиран чин на репресија, а не за реакција на наводното насилство, како што тврдеше Министерството за внатрешни работи во своето соопштение. View this post on Instagram A post shared by Samoorganizovana grupa studenata - Blokada (@studenti_u_blokadi)Во соопштението што студентите го објавија по интервенцијата, се наведува дека полицијата извршила „најбрутални напади врз сопствените граѓани“, додека сцените на тепања и рации на факултетите беа оценети како доказ дека државата се справува со мирни демонстранти.Тие додадоа дека однесувањето на студентското движење во последните недели имало за цел смирување на тензиите, но дека настаните во Нови Сад покажале дека мирно решение „не е можно ако само едната страна го сака тоа“.Во меѓувреме, дел од приведените демонстранти во Нови Сад веќе се слушнати, додека протести се организирани и во други градови на Србија. Во исто време, минатата недела се одржаа собири против блокадите, организирани од поддржувачи на Српската напредна партија, а во некои градови имаше директни конфронтации меѓу двете групи. Според Министерството за внатрешни работи, ситуацијата главно се смирила до доцна навечер.„Сè запира во понеделник. Се гледаме“, рекоа студентите пред денешниот протест.

Свет | пред 4 месеци

pozar-vincini-pozarnikari-1

Интерно и хирургија преполни со пациенти – пожарот во Виница остави сериозни последици

Бројот на повредени во големиот пожар што од вчера беснее во фабриката „Макпрогрес“ во Виница се искачи на вкупно 18 лица, покажуваат последните официјални информации. Поради сериозноста на повредите, 16 лица се хоспитализирани, а шестмина од нив се итно пренесени на Клиниката за токсикологија во Скопје.Според последниот извештај за состојбата на повредените, најголем дел од хоспитализираните се борат со последиците од вдишување на густиот чад и токсичните гасови што се ослободуваа од пожарот.Во болницата во Кочани, која го прими првичниот бран на пациенти, моментално се згрижени вкупно 10 лица. Од нив:Петмина се на интерното одделение поради инхалациони повреди.Петмина се на хируршкото одделение, од кои четворица се третираат за изгореници од прв и втор степен, а еден пациент исто така поради повреди од вдишување.Најсериозните случаи на труење со чад се препратени во Скопје, каде шест лица се наоѓаат под лекарски надзор на Клиниката за токсикологија.Пожарот во погоните на „Винчини“ избувна вчера во раните вечерни часови, а во неговото гаснење учествуваа противпожарни единици од повеќе градови.

Македонија | пред 4 месеци

dodik-putin-585x388-1

Додиќ го впери прстот: Сорос е негативец и стои зад обоените револуции

Поранешниот претседател на Република Српска, на кој му е одземен мандатот, Милорад Додик, изјави дека американскиот милијардер Џорџ Сорос и неговите организации стојат зад обоените револуции што се спроведуваат денес во Србија и во некои други земји.Ова за Додик е криминален потфат.„Значи, тие ги користеа легалните средства на американските даночни обврзници за да се справат со државите и властите низ целиот свет, бидејќи тие не им одговараа“, изјави Додик. Според него Сорос е негативец кој треба да биде забранет, а неговите организации се еднакви на фашистите.Додик инаку повеќе не е претседател на ентитетот Република Српска во Босна и Херцеговина, по пресудата на Судот на Босна и Херцеговина и одлуката на Централната изборна комисија, со која му беше одземен мандатот.Сепак, министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, кој се сретна со Милорад Додик во Будимпешта му се обрати со „г-дине претседателе“, и покрај официјално одземениот мандат.Унгарскиот шеф на дипломатијата изјави дека Унгарија ја почитува волјата на народот кој ги избра своите лидери демократски на изборите.

Свет | пред 4 месеци

kocani-puls-protest-2

До кога ќе се чека обвинетите да седнат на обвинителна клупа, прашаа роднините на загинатите ви “Пулс”

Родителите и семејствата на младите кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ денеска по 21 пат излегоа на улиците на Кочани, барајќи побрза реакција на институциите и правда за своите најблиски.Протестниот „Марш за ангелите“ повторно ја помина добро познатата траса – од „Паркот на револуцијата“, покрај Трговскиот центар, Општината, Управата за јавни приходи и полициската станица, до Основниот суд и Обвинителството.Пред зградата на институциите, роднините јавно се обратија до судиите и обвинителите, потсетувајќи дека веќе три месеци се чека на оценка на обвинителниот акт.„Одолговлекување без оправдана причина е спротивно на законот и претставува основ за реакција од страна на оштетените и јавноста. Ние ве прашуваме – постои ли рок во кој Советот мора да донесе одлука? Ако не постои, барем кажете кога може да се очекува завршување на оваа постапка,“ изјави Розета Џамова, сестра на една од жртвите.Протестот се одржа само еден ден откако Обвинителството ја прошири истрагата за трагедијата. Поднесено е ново обвинение против реалниот сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон Секјурити Солушн“, кој се товари за тешки дела против општата сигурност поради сериозни пропусти во организацијата и мерките за заштита во дискотеката.Истовремено, до Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за продолжување на сите претходно определени мерки за обезбедување присуство на обвинетиот.

Македонија | пред 4 месеци

ukraina-4121-odesa

Едногодишно дете убиено во руски воздушни напади врз Киев, погодена и владината зграда

Русија започна масовен и страотен напад преку ноќ со стотици беспилотни летала и ракети. Цели се украински градови, а погодени се бројни станбени згради во Киев. Во нападите врз Киев загинаа најмалку три лица, вклучувајќи и едногодишно дете, а 18 беа повредени. Владината зграда, исто така, беше погодена.,,За првпат од почетокот на војната зградата на владата е оштетена во непријателски напад покривот и горните катови“, рече премиерката Јулија Свириденко.Покрај дронови, кон градот биле испукани и крстосувачки ракети.Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, ја потврди трагичната вест, додавајќи дека најмалку пет лица се хоспитализирани, меѓу кои и една бремена жена.Според градоначалникот, остатоци од руски беспилотни летала погодиле три станбени згради во Свјатошински округ и една во Дарнички округ, што предизвикало пожари.

Свет | пред 4 месеци

IMG_1005

Пожарот во Винчини под контрола, пожарникари со изгореници

Пожарот во Винчини под контрола, пожарникари со изгореници, чизмите им останале заглавени во стопен шеќерСпоред информацијата на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, страотниот оган во ,, Макпрогрес”, Виница, позната како Винчини е ставен под контрола, а производствените линии од 1 до 5 се спасени.Од пожарот во фабриката се опожарени три линии означени како 6,7 и 8, од кои два магацини. Сите имале сончеви панели на кровот.Во драмата за гасење на огнот, неколку пожарникари се здобиле со изгореници на стапалата, откако нивните чизми останале заглавени во стопен шеќер во еден од погоните.,,Чизмите им останаа во смолата и изгореа во стопената маса“, изјави Стојанче Ангелов.Екипи од Виница, Кочани, Македонска Каменица, Делчево, Пробиштип, Штип, Струмица, Кавадарци и Велес со сите расположливи капацитети се вклучија во борбата со пожарот.

Скопје | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-06-223055

Пожар од невидени размери во Винчини, Виница

Денеска избувна голем пожар во Винчини – Виница, кој за кратко време зафати широка површина.Според првичните информации, три лица се здобиле со изгореници, меѓу кои и едно лице од ТППЕ Штип. Повредените веднаш се префрлени на итна медицинска интервенција во болница.На терен се пожарникарски екипи и служби за спасување, а борбата со огнената стихија сè уште трае.

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-06-201330

(Видео) Голем пожар во фабриката "Макпрогрес“

Голем пожар изби во фабриката "Макпрогрес“, позната по брендот "Винчини“. Во моментов со огнот е зафатен еден погон а локалните винички пожарникари со подршка на пожарникари од Кочани се обидуваат да го спречат ширењето на огнот кон останатите погони.На помош тргнаа пожарникари од Штип, Св. Николе, Струмица и Пробиштип.

Македонија | пред 4 месеци

suport1

(Видео) „Гледате што направивме ние за шест месеци за Кочани, што направивте вие?“, остар говор на Ивановски од „Support Kocani“ пред функционерите од градот

На доделувањето на признанија по повод Денот на ослободувањето на Кочани, Иван Ивановски од „Support Kocani“ им се обрати директно на присутните функционери, советници, директори и пратеници со остри зборови. View this post on InstagramA post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)„Многу ми е жал што за ваква работа треба да добиеме награда. Морам да бидам искрен малку. Сите сме криви за ова што ни се случи. Да, некој е повеќе крив, некој е помалку крив. Вие што седите тука и сте на функција сте малку повеќе криви од нас. Така што, запрашајте се сите, мислам дека е време да ги тргнете партиите на страна и од срце да правите работи. Ова е она што ние за шест месеци успеавме да направиме за нашиот град. Вие што направивте? Не викам дека ништо не сте направиле, ама дајте, седнете, за луѓето правете сите работи. Дајте да покажеме срце за Кочани. Ни се иселуваат луѓе, ни гинат, а ние партиски се препукуваме кој од која партија бил“, кажа Ивановски во име на „Support Kocani“ кои изминативе месеци собраа илјадници евра донации, обезбедуваа целосна логистика за купување на медицински помагала кои тие ги финансираа, помагаа на семејства погодени од трагедијата во „Пулс“.Ивановски додаде: „Дајте сега вие што сте при крај со мандатот и нови што ќе дојдат, размислувајте за Кочани, па после сите други работи. Можеби ова не беше ова добра прилика да ви го кажам, на ова место, но сега ми лежеше на срце“.

Македонија | пред 4 месеци

anb-komisija-za-nadzor-na-ar

Си прават зажани-откажи: Аферата со прислушување ја тресе државата, Собранието не успева да одржи седница

Во Собранието веќе неколку дена се одложува седницата на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање, закажана по аферата со прислушувањето и следењето на премиерот Христијан Мицкоски, обвинителката Вилма Русковска, новинарите Кристијан Ландов и Љупчо Златев, повеќе редакции и бизнисмени.Првпат седница била закажана за вчера во 11 часот: „Третата седница на Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање е закажана за 05 септември 2025 (петок) во 11:00 часот, во Сала 6“.Исто вчера, била одложена: „Третата седница на Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање е одложена“.Повторно вчера била закажана седница: „Четвртата седница на Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање е закажана за 10 септември 2025 (среда) во 11:00 часот, во Сала 6“, па одложена.Истото се повторило: „Петтата седница на Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање е закажана за 05 септември 2025 (петок) во 17:00 часот, во Сала 6“. Ни од оваа седница ништо, бидејќи до пратениците стигнала порака дека се одлага. Добиле нова најава, овојат за седница во среда.„Четвртата седница на Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање е презакажана за 10 септември 2025 (среда) во 10:00 часот, во Сала 6“, стои во пораката.Закажување на седница прави претседателот на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање Скендер Реџепи денеска. Тој нема ниту безбедносен сертификат за да може да раководи со оваа комисија. Прашан за тоа како сака да раководи со седница а без безбедносен сертификат, раскажа дека моделот во Македонија треба да е како во Словенија, сертификат да се добива со добивање на мандат за пратнеик.

Македонија | пред 4 месеци

partii-pari

Државата финансира над 60 партии без реална политичка тежина, од државната каса се делат милиони без гаранција за резултати, велат Независни за Карпош

„Во држава која важи за сиромашна, задолжена и со масовна емиграција, политичките партии добиваат милиони евра од нашиот буџет — без никаква гаранција за резултати, отчетност или реална корист за граѓаните“, објавија од иницијативата Независни за Карпош.Тие потсетуваат дека според Законот за финансирање на политички партии, државата издвојува 0,15% од вкупните изворни приходи на буџетот. Од таа сума, 30% се делат рамномерно на сите партии што освоиле најмалку 1% од гласовите, а 70% се распределуваат пропорционално според бројот на пратеници и советници.Според анализата, токму овој модел создава систем на „платено постоење“, бидејќи многу мали партии со само неколку десетици гласови добиваат пари од државата. Како пример се наведува Општина Ранковце, каде што партијата Интегра со само 43 гласа или 1,93% влегла во групата за финансирање, како и Општина Демир Капија, каде Единствена Македонија со 37 гласа (1,5%) го исполнила условот.„Големите партии добиваат најмногу, но многу мали партии опстојуваат финансиски, иако немаат ниту реална политичка тежина, ниту препознатливост во јавноста. Над 60 партии земале пари, а најголем дел од нив немаат пратеник или советник“, велат од Независни за Карпош, оценувајќи дека ова е модел на одржување на статус-кво и купување на влијание.Од иницијативата предлагаат целосно укинување на државното финансирање за локални избори, а за парламентарни да остане само скромен износ – во висина на три просечни плати по освоен пратеник. „Така, за 120 пратеници годишно би се издвојувале околу 150 илјади евра, или 100 илјади ако бројот се намали на 90, што е драстично помалку од планираните 8,3 милиони евра за 2025 година“, додаваат.

Коментари | пред 4 месеци

244534560_394741452364824_2373118067928516247_n

Очевидец опиша вознемирувачка сцена во Скопје: Мајка со аутистично дете сама се борела, луѓето на автобуска станица се смееле

Вознемирувачка сцена се случила на автобуската станица кај „Рекорд“ во центарот на Скопје, кога млада мајка со своето аутистично дете се соочила со сериозна криза, а наместо помош од присутните граѓани, добила потсмев и навреди.Според сведоштвото на очевидецот Елена Доленц, детето, видно вознемирено, настојувало да се качи во автобус кој не бил нивниот, вриштејќи и клоцајќи, додека мајката се обидувала да го смири и да му објасни. Најтешкиот момент настанал кога детето истрчало на улица, а мајката тргнала по него. Еден случаен минувач и помогнал да го извлечат од коловозот, каде автомобили кочеле и свиреле.„Се вртам кон луѓето, кон мажите што стоеја на станицата и ги молам некој да и помогне на мајката, а тие сите до еден гледаа и се смееја“, напиша Доленц. Таа додаде дека наместо поддршка, еден постар човек и пријде на мајката со зборовите „А да му ја залепиш една?“, сугерирајќи дека детето треба да се тепа за да не прави проблеми.Мајката се расплакала, што уште повеќе го вознемирило детето, кое повторно се обидело да истрча на улица. Дури откако еден млад човек се вмешал и ја смирил мајката и детето, ситуацијата била ставена под контрола.„Луѓето си гледаа претстава, се смееја сите до еден“, заврши Доленц во своето сведоштво, опишувајќи го инцидентот како длабоко вознемирувачки пример за недостиг на емпатија во општеството.

Коментари | пред 4 месеци

maksim-dimitrievski-91234

ЗНАМ со листи во над 50 општини, Димитриевски и Лабудовиќ кандидати за градоначалници

„Движењето ЗНАМ започнува ново и силно поглавје во своето политичко делување. Преку нашите претставници во локалната самоуправа ќе покажеме како вистински се управува со општините – чесно, одговорно и со визија“, изјави Мемов.Одлуките што беа донесени се: ЗНАМ ќе настапи самостојно со листи за советници во повеќе од 50 општини; ќе има взаемна соработка со ВМРО-ДПМНЕ околу поддршка на кандидатите за градоначалници, при што ЗНАМ ќе ги поддржи кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ во сите општини, вклучително и во Скопје, додека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи кандидатите на ЗНАМ во определени општини; за Куманово кандидат е актуелниот градоначалник и претседател на движењето Максим Димитриевски, а за Центар – Мирослав Лабудовиќ, заменик-министер за енергетика и претседател на градската организација на ЗНАМ во Скопје.Мемов нагласи дека нивните кандидати се личности со „чист образ, интегритет и визија“, а преку советниците и градоначалниците ќе се погрижат секоја општина да стане подобро место за живеење, со вложувања во инфраструктура, образование, социјална заштита, култура и спорт.На новинарско прашање зошто имаат само два кандидати за градоначалници, Мемов рече дека ЗНАМ настапува „релаксирано, без притисок да има кандидати по секоја цена“. Тој не ја исклучи можноста во наредниот период да бидат објавени и други кандидатури за градоначалници, но потврди дека сериозен акцент ќе биде ставен на советничките листи во над 50 општини.

Македонија | пред 4 месеци

zelenski-putin

Зеленски до Путин: „Во Киев дојди, во Москва не одам“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го одби повикот на рускиот лидер Владимир Путин за преговори во Москва, предлагајќи наместо тоа рускиот претседател да дојде во Киев. Во интервју за ABC News, Зеленски истакна дека не може да патува во главниот град на земја која секојдневно ја напаѓа Украина.„Тој може да дојде во Киев… Јас не можам да одам во Москва додека мојата земја секој ден е под руски напади. Не можам да одам во главниот град на овој терорист. И Путин тоа го разбира“, изјави Зеленски.Тој додаде дека понудата на Путин ја гледа како обид за одложување на вистински состанок.„Ако некој не сака да се сретне за време на војна, тогаш предлага нешто што мене или на другите не може да им биде прифатливо“, нагласи украинскиот претседател.Потсетуваме, Путин претходно изјави дека нема намера да патува надвор од Русија за средба со Зеленски, но дека е подготвен да разговара во Москва. Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха веќе го оцени овој предлог како „неприфатлив“.

Свет | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања