ТОП

galetanovski

(Видео) Ноќеска запален автомобилот на Ѓорѓи Галетановски-Чомбе: се слушнала експлозија, не е со никого скаран

Два часа по полноќ, во скопската населба Кисела Вода, запален е автомобилот на Ѓорѓи Галетановски-Чомбе, кој е претседател на градската организација на СДСМ во Скопје и ексдиректор на Зоолошка градина. Станува збор за возило „мерцедес“ кој бил паркиран пред зградата каде живее. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)„Се слушна силна експлозија. Не сум скаран со никој, ниту сум замерен. Сум немал никакви закани. Апелирам до министерството да го најде сторителот, не поради финансиски побуди, туку за сите кои останавме да живееме во Скопје да се чувствуваме сигурно“, вели Галетановски кусо во изјава за „Скопје1“.Пожарот бил изгаснат од Противпожарната служба на Скопје, а увид извршиле полициски службеници.

Скопје | пред 4 месеци

netanjahu

Прва ваква наредба на Израел - итна евакуација на Газа пред најавената копнена офанзива!

Израелските одбранбени сили (ИДФ) за прв пат издадоа наредба за евакуација на целиот град Газа, во пресрет на голема копнена операција против Хамас, пренесе „Тајмс оф Израел“.Претходните предупредувања од израелската армија се однесуваа само на одделни делови и објекти, но сега се бара палестинските жители во сите региони на градот да се упатат кон хуманитарна зона во јужниот дел на Појасот Газа преку приобалниот пат.„ИДФ е решена да го порази Хамас и ќе дејствува во областа на градот Газа со голема сила, исто како што правеше низ целиот Појас“, изјави на „X“ гласноговорникот на армијата, полковник Авичаи Адреи, на арапски јазик.Во објавата беше наведен и телефонски број на кој Палестинците можат да пријават доколку Хамас ги блокира или се обидува да спречи евакуација.Премиерот Бенјамин Нетанјаху исто така го повика населението да го напушти градот, најавувајќи жесток удар. „Сето ова е само вовед во главната голема операција – копнен маневар на нашите сили, кои сега се организираат и влегуваат во градот Газа. Им велам на жителите на Газа: Предупредени сте, излезете оттаму!“, рече Нетанјаху, зборувајќи од бункер во седиштето на воздухопловните сили.Тој посочи дека во последните денови израелската армија урнала 50 облакодери во Газа, за кои тврди дека биле користени од Хамас.Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во понеделникот наутро порача дека Газа ќе биде уништена доколку Хамас не го положи оружјето.Изминатите месеци Израел ја заостри блокадата на Појасот Газа, спречувајќи испорака на основна храна и лекови, што доведе до смртни случаи поради неухранетост. Кон крајот на август, Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО) прв пат прогласи состојба на катастрофален глад во регионот.Канцеларијата на премиерот Нетанјаху го отфрли извештајот на ОН, нарекувајќи го „целосна лага“ и тврдејќи дека Израел не ги изгладнува Палестинците, туку спречува Хамас да го прави тоа.

Свет | пред 4 месеци

120190420_222432

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството го чува во фиока „Рекет 2“ и ги штити функционерите на СДС и ДУИ

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека судско-обвинителскиот систем продолжува да го прикрива криминалот на СДС и ДУИ, а Основното јавно обвинителство намерно го чува предметот „Рекет 2“ во фиока.„Судството со доверба на ниво на статистичка грешка од два отсто продолжува да тоне, а Љупчо Коцевски на чело на ОЈО верно им служи на оние кои го изгласаа – СДС и ДУИ,“ се наведува во партиското соопштение.Според информациите, постои предмет „Рекет 2“ за кој обвинителството отворило предистражна постапка, но целиот процес бил стопиран. Во него биле опфатени поранешната претседателка на СЈО Катица Јанева и уште тројца обвинители, кои се обиделе да рекетираат познат бизнисмен.„Македонската јавност заслужува да знае дали овој случај се држи во фиока затоа што се кријат и се штитат лица од СДС и ДУИ. Заслужува да знае дали Коцевски е на чело на ЈО за да го гони криминалот или за да ги штити своите наредбодавци,“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.Во соопштението се додава дека изминатата година не е поведена ниту една постапка за поранешни функционери на СДС и ДУИ, а ЈО мора да ги оправда платите кои ги добива од граѓаните и да почне да истражува криминални дејствија, наместо да ги чува предметите во фиока.

Македонија | пред 4 месеци

Marta-Kos

„Белград во фокусот на Марта Кос: „Имаме проблем“, Зелените бараат реакција од ЕУ

Еврокомесарката за проширување Марта Кос жестоко одговори на изјавите на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој на протестот во Нови Сад ги нарече европратениците „олош“. Таа предупреди дека ваквиот речник покажува „сомнителен однос кон демократијата“ и дека Србија со тоа дополнително го нарушува сопствениот меѓународен углед.„Имаме проблем во Белград“, изјави Кос по средбата со австриската министерка за надворешни работи Беате Мајнл-Рајзингер во Виена. Таа нагласи дека нападите врз европратениците, како и антиевропските ставови на претседателот Вучиќ и претседателката на парламентот Ана Брнабиќ, не можат да ѝ донесат на Србија подобар имиџ во Европа.Кос потсети дека властите во Белград имаат преземени обврски пред претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и пред неа лично. „Советот за српската влада е јасен – фокусирајте се на реформите што се ветени. Тоа подразбира независно судство за борба против корупцијата, слободни медиуми и изборен закон што ќе гарантира дека мнозинството во парламентот го одлучуваат само граѓаните“, рече таа.Според Кос, граѓаните имаат право на протест, но насилството и вандализмот мора да престанат, при што полицијата треба да дејствува соодветно и во целосно почитување на човековите права.Вучиќ, пак, ги обвини европратениците дека „се мешаат во внатрешните работи на Србија“ и најави дека сите кои „се обидуваат да ја уништат Србија однадвор“ ќе одговараат според законите.Во меѓувреме, петмина водечки претставници на Европската зелена партија побараа од институциите на ЕУ јавно да ги осудат личните навреди, заканите за кривичен прогон и дезинформациите што, како што велат, доаѓаат од српскиот претседател.Во заедничко писмо, што копретседателката Вула Цеци го објави на „Икс“, Зелените порачаа дека авторитарната реторика на Вучиќ и полициската интервенција во Нови Сад на 5 септември се закана за европските вредности. Писмото е испратено до Урсула фон дер Лајен, Роберта Мецола и Антонио Кошта.Потписниците бараат лидерите на ЕУ итно да ја следат ситуацијата во Србија – од третманот на мирните демонстранти и опозицијата, до состојбата со независните медиуми – и да потврдат дека земјите кандидати мора да ги почитуваат највисоките демократски стандарди.„Европската Унија не смее да премолчува пред авторитарниот дискурс и заплашувањето. Ги повикуваме институциите на ЕУ да ги заштитат европските вредности, да ја поддржат српската јавност и да појаснат дека ваквите закани се неприфатливи“, се вели во писмото.Зелените нагласуваат дека секогаш ќе ги поддржуваат мирните протести како темел на демократијата и предупредуваат дека „репресивните постапки и заканите на Вучиќ ја поткопуваат европската иднина на Србија и ги предаваат стремежите на нејзините граѓани“.

Свет | пред 4 месеци

mavr1

(Видео) Први снимки од страшната сообраќајка кај клучката Маврово, се судрија дури осум возила, петмина се повредени

Попладнево на магистралниот пат од Мавровската крстосница кон Гостивар се случила тешка сообраќајна несреќа во која учествувале вкупно осум возила – четири мотоцикли и четири автомобили.Според првичните информации од полицијата, во несреќата се повредени најмалку пет лица. Настанот бил пријавен во ОВР Гостивар нешто пред 16 часот, во услови на засилен сообраќај поради празничниот ден.Поради увидот што е во тек, сообраќајот на оваа делница е целосно прекинат. Возилата се пренасочуваат по алтернативни правци – преку каменоломот „Прогрес“ и преку месноста Панорама кај Вруток.Засега не се соопштени детали за состојбата на повредените лица, ниту причините за несреќата. Од полицијата апелираат возачите да ги следат насоките на службените лица и да бидат внимателни во сообраќајот.

Македонија | пред 4 месеци

MixCollage-08-Sep-2025-03-27-PM-2899

„САД ја ценат Македонија како сојузник, ЕУ го поддржува патот кон Унијата“ – честитки за Денот на независноста

„Во текот на три децении изградивме силно партнерство – работејќи заедно во дипломатијата, безбедноста, образованието и културата“, порача Амбасадата на САД во честитката по повод Денот на независноста.Американскиот државен секретар Марко Рубио ја нагласи посветеноста на Вашингтон за продлабочување на соработката со Северна Македонија. „Како сојузник на НАТО, вашето ветување за зголемени трошоци за одбрана ја потврдува вашата посветеност на заедничките безбедносни цели. Правдата, стабилноста и просперитетот ќе продолжат да бидат во срцето на нашите односи“, наведе Рубио.Поддршка дојде и од Брисел. „Цврсто го поддржувам вашиот пат за приклучување кон нашата Унија. Ние сме со вас на секој чекор од тој пат“, напиша европската комесарка за проширување Марта Кос на Икс.Честитка испрати и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, кој истакна дека ЕУ останува посветена на европскиот пат на земјата.

Македонија | пред 4 месеци

lefkada-brza-pomos

Едноиполгодишно дете од Радовиш во болница – најверојатно испило таблета

Дете на возраст од една и пол година заврши во болница откако, според пријавата на неговиот татко, во семејната куќа во Радовиш најверојатно испило таблета. По укажаната итна медицинска помош, детето е пренесено во Клиничката болница во Штип.-На 07.09.2025 во 18:22 часот во Полициската станица Радовиш од Итната медицинска помош Радовиш е пријавено дека кај нив бил донесено едноипол годишно дете од Радовиш, кое, според пријавеното од страна на неговиот татко, околу 17:00 часот во семејната куќа најверојатно испило таблета. Детето е пренесено во Клиничката болница Штип и укажана му е медицинска помош, соопшти МВР.

Македонија | пред 4 месеци

Mickoski1

„Ајде разбирам јас, ама децата?“ Мицкоски за прислушуваните материјали

Премиерот Христијан Мицкоски, се осврна и на скандалот со прислушувањето, нагласувајќи дека од 90-тите години постои иста структура и исти луѓе блиски до мината власт кои го злоупотребуваат системот.„Со ваквите чекори се удира по основите на демократијата, по уставниот поредок, а последиците не само што уништуваат генерации луѓе, туку ја доведуваат во опасност целата држава“, рече Мицкоски, додавајќи дека ваквите практики уништуваат човечки судбини измислувајќи ситуации и контакти кои во суштина не постојат.Тој нагласи дека не е суштинско прашање дали материјалите ќе бидат декласифицирани, туку како да се спречат злоупотребите и тие повеќе да не се повторат. „За ова сум сведок и јас лично, гледајќи го материјалот поврзан со мене, а богами и со моето семејство. Ајде разбирам јас, ама децата?!“, изјави премиерот.Мицкоски истакна дека сите материјали и сознанија за незаконското следење се предадени на обвинителството и дека случајот внимателно ќе се следи. „Одговорност мора да има. Ова е прашање на опстојување на државата, и во периодот што следи ќе се одмотува овој гордиев јазол“, порача тој.

Македонија | пред 4 месеци

vincini1

Започна увидот во опожарената фабрика „Макпрогрес“ – фотографии ја прикажуваат состојбата

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани денеска го започна увидот по големиот пожар во фабриката „Макпрогрес-Винчини“ во Виница. Од Обвинителството соопштуваат дека увидните активности ќе продолжат и во наредните денови, затоа што во дел од магацините за суровини и готови производи сè уште има жаришта кои тлеат.Во близина на плинската станица, која не беше зафатена од огнот, поставени се противпожарни возила за превентивна заштита. Утре на увид ќе присуствува и вешто лице – електроинженер, а во меѓувреме се обезбедени снимки од видео надзор и се преземаат други дејствија за испитување на причините за пожарот.На увидот беа направени и бројни фотографии кои ја прикажуваат состојбата во објектот и опожарените магацини, а тие ќе бидат дел од доказниот материјал и воедно ја доловуваат тежината на настанот.

Македонија | пред 4 месеци

KARAMAN

(Фото) Посебен подарок за претседателката, миленик од расата Караман!

Претседателката Гордана Силјановска Давкова доби посебен подарок – куче од автохтоната раса Караман, кое ќе стане нејзин миленик и симбол на верноста и македонскиот дух.-Денеска остварив средба со претставниците на Светската кинолошка федерација (FCI) и со македонските кинолошки експерти кои повеќе од две децении посветено работеа за афирмација на нашата автохтона раса.Очекувам македонското овчарско куче Караман наскоро да биде официјално признаено од Светската кинолошка федерација. Тоа ќе биде историски момент за македонската кинологија и доказ за нашето богато културно и природно наследство.На средбата ми беше подарено куче Караман, симбол на верноста, достоинството и македонскиот дух.Караманот е чувар на нашите планини, на нашата традиција и идентитет, а отсега ќе биде препознаен и ширум светот, напиша Силјановска Давкова во објавата на ФБ.

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-08-101530

Пожарникарот Георгиевски објави фотографии од болницата: Хоспитализираните по пожарот во „Макпрогрес“ се во стабилна состојба

Министерството за здравство информира дека по пожарот кој вчера попладне избувна во фабриката за кондиторски производи „Макпрогрес“ во Виница, медицинска помош им е укажана на 13 лица.Во ЈЗУ Клиничка болница – Штип е згрижена една пожарникарка, четири пожарникари се хоспитализирани во Општата болница во Кочани, додека осум вработени од фабриката се лекуваат на Клиниката за токсикологија во Скопје. Од Министерството нагласуваат дека сите се во стабилна здравствена состојба.Меѓу хоспитализираните во Кочани се пожарникарите Кристијан Атанасов од Свети Николе, Александар Георгиевски од Штип, Дејан Јаневски – вработен во „Винчини“ и Станко Спасов, поранешен командир на виничката противпожарна единица. Тие потврдија дека нивната состојба е добра и оти нема сериозно загрозени лица.

Македонија | пред 4 месеци

Penov

ЛДП и ГРОМ одат заедно на локалните избори во Скопје

Либерално-демократската партија (ЛДП) ќе учествува на претстојните локални избори во Скопје во партнерство со ГРОМ, партијата на градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, информираше поранешниот министер за локална самоуправа и ексградоначалник на главниот град, Ристо Пенов.Тој нагласи дека заедно со доктор Никола Пановски ќе бидат носители на советничката листа. Според договорот, ЛДП ќе излезе самостојно на изборите, но ќе ги поддржи кандидатите на ГРОМ за градоначалници, додека пак ГРОМ ќе возврати со поддршка за кандидатите на ЛДП. Во моментов, ЛДП сè уште нема определено свој кандидат за градоначалник на Скопје.Пенов додаде дека партијата имала кратка размена на ставови со СДСМ за евентуален заеднички настап, а потсети и дека пред четири години ЛДП настапила самостојно, во коалиција со ДОМ, со што освоила значаен број гласови на повеќе локации, меѓу кои Скопје и Битола.

Скопје | пред 4 месеци

Pozar-nikustak

Пожарот кај Никуштак го гаснат ер-трактори

Пожарот во атарот на село Никуштак, Општина Липково, е сеуште активен и се шири кон селата Никуштак–Орланци, кон Скопска Црна Гора, како и од местото викано Влаин Гроб кон село Матејче и Манастирот Пресвета Богородица.Екипи од ЈП НШ, подружница Куманово, се веќе на терен и интервенираат во негово гаснење.Од 10:00 часот се вклучени и два Ер-трактори на Дирекцијата за заштита и спасување, кои ќе ја поддржат акцијата од земја.

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-08-095145

Нови детали: Убиен е таткото кој избегал со деца во дивината, децата се пронајдени

Пo речиси четиригодишна потрага низ Нов Зеланд, бегалецот Томас Филипс, кој се криел во дивината со своите три деца, бил смртно застрелан во престрелка со полицијата. Неговите деца, за кои се верува дека имаат 9, 10 и 12 години, се пронајдени и сега се безбедни, со што се стави крај на долгогодишната драма, објавува CNN.Драматична потера и пукањеБегството на Филипс заврши во раните утрински часови денеска откако полицијата одговори на пријава за упад во фармерска продавница во руралниот град Поипој. Тие забележале фармерски квадрицикл со две лица како го напуштаат градот и почнале да го бркаат. Полицијата поставила таканаречени „ежови“ околу 30 километри по земјен пат.„Квадрициклот ги прегазил ежовите. Имало две лица на возилото и кое застанало на овој селски пат. Кратко време подоцна, првиот полицаец што пристигнал на местото на настанот наишол на запрениот квадрицикл и се соочил со истрели од блиску“, изјави вршителката на должноста заменик-комисар Џил Роџерс.Полицаецот бил застрелан во главата кога излегувал од возилото и побегнал да се скрие. Втор полицаец, кој пристигнал неколку секунди подоцна, возвратил на оган, убивајќи го човекот, за кој се верува дека е Филипс. Повредениот полицаец бил однесен во болница со сериозни, но не опасни по живот повреди. Едно од децата било пронајдено на местото на настанот.Потрага по другите децаПо пукањето започнала масовна и итна потрага по преостанатите две деца, момче и девојче. Во потрагата биле вклучени хеликоптери и специјални полициски сили. Неколку часа подоцна, полицијата потврдила дека и тие биле пронајдени живи и неповредени во оддалечен камп во густа вегетација во близина на градот Марокопа.„Тие сега се со полицајци и се отстрануваат од локацијата“, им рекол Роџерс на новинарите. „Можам да потврдам дека децата се безбедни и неповредени и ќе бидат однесени на медицински проценки вечерва.“фото: YouTube/Print screen

Свет | пред 4 месеци

pozar-vincini2

Вознемирувачки снимки од големиот пожар во „Макпрогрес“ – обвинителство ќе го испитува настанот

Јавноста трет ден говори за пожарот што целосно зафати дел од производствените погони на фабриката „Макпрогрес“ во Виница. На видеата објавени од локалната телевизија ТВ Стар може да се види интензитетот на пламените јазици и големите облаци чад кои се издигаа над градот, додека пожарникарите се бореа со огнената стихија.Според информациите, во пожарот изгоре еден производствен погон со три линии за наполитанки, вафел барови и тортички, заедно со два магацини – еден за суровини и еден за готови производи.Обвинителството ќе спроведе истрагаОсновното јавно обвинителство од Кочани соопшти дека јавен обвинител бил на лице место, но увидот не можел да започне затоа што пожарот не бил целосно изгаснат и сè уште траеле активностите за обезбедување на локацијата.„Во меѓувреме, издадени се насоки и наредби за други дејствија поврзани со целосното испитување на настанот“, информираат од Обвинителството.Повредени лица и интервенција на пожарникаритеВо пожарот беа повредени 18 лица, од кои 13 се хоспитализирани, но сите се во стабилна здравствена состојба. Осум вработени добија медицинска помош на Клиниката за токсикологија во Скопје, четворица пожарникари беа примени во Општата болница во Кочани, а една пожарникарка е згрижена во Клиничката болница во Штип.Во гаснењето учествуваа противпожарни екипи од Виница и неколку соседни општини, кои со часови се бореа да ја стават ситуацијата под контрола.

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања