ТОП

Screenshot-2025-09-10-095539

Повторно гори депонијата Дрисла! Не е можна интервенција од воздух

Во депонијата Дрисла кај селото Батинци утрово избувна пожар кој сè уште е активен. Оганот се шири од внатрешноста на депонијата, а како што соопштија од Центарот за управување со кризи, во моментов во гаснењето учествуваат само противпожарни екипи со возила. Проценето е дека интервенција од воздух може да ја влоши состојбата и да предизвика појава на нови жаришта.Командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Звонко Томевски, изјави дека станува збор за пожар со поголем интензитет. Гаснењето се врши од земја со цел да се намали ризикот огнот да се прошири кон околните објекти и населените места.Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, нагласи дека пожарникарите работат на локализирање на пожарот во Дрисла и дека се формирани противпожарни појаси за да се спречи негово ширење. „Постојат сомнежи дека пожарот е намерно предизвикан. Во текот на летото имавме екстремно високи температури, но Дрисла ниту еднаш не се самозапали,“ рече Ангелов.ЦУК дополнително испратил ер-трактор како помош за да се спречи евентуално прелевање на огнот кон боровата шума и викенд-населбата. „Пилотот на ер-тракторот констатираше дека гори централниот дел на депонијата и дека фрлање вода од височина би можело да ја разгори уште повеќе и да создаде нови жаришта. Тој утврдил дека нема непосредна опасност за ширење на пожарот кон шумата и е пренасочен кон интервенција во Скопска Црна Гора,“ соопштија од ЦУК.Во меѓувреме, активни се и други пожари низ земјата. Во Општина Липково гори во селото Никуштак, а во Општина Гази Баба во селото Булачани е зафатена нискостеблеста деградирана шума и дабова шума. Во Општина Струга има два пожари – во селото Татеши и населбата Еленкамен. Пожарите во Берово и Струмица се ставени под контрола, а во изминатиот период изгаснати се вкупно 23 пожари.фото: ЦУК

Скопје | пред 4 месеци

120190420_222432

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да се произнесе за „Рекет 2“ и да се откријат сите вмешани

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека Јавното обвинителство и обвинителот Љубомир Коцевски повеќе од година и пол не покренале ниту една постапка против поранешни функционери, иако, како што наведуваат, постојат индиции и сомнежи за сериозен криминал и корупција.„Јавноста има право да знае што се случува со случајот ‘Рекет 2’ и зошто јавниот обвинител Коцевски сè уште го прикрива. Коцевски да не молчи за случајот ‘Рекет 2’, во кој се вплеткани поранешните од СЈО, Катица Јанева, Лиле Стефанова и Бурим Рустеми, а се шпекулира дека имаат рекетирано познат скопски бизнисмен,“ стои во соопштението.Од ВМРО-ДПМНЕ бараат да се открие кој бил рекетиран, во кој временски период се случувале настаните, кои се причините и за колкава сума тројцата поранешни обвинители сакале да извршат рекет, како и дали бил вмешан познат скопски адвокат.„Како функционирала шемата на рекетот? Дали се вмешани и поранешни функционери од СДС и од ДУИ? ЈО и Коцевски мора да го расчистат случајот. Правда и одговорност мора да има,“ додаваат од опозициската партија.

Македонија | пред 4 месеци

orce

„Зборот е збор, EXIT во Скопје“! Орце Ѓорѓиевски останува на своето тврдење

Кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски останува на своето тврдење дека фестивалот „EXIT“ во иднина би се организирал и во Македонија, или поточно во главниот град, Скопје.- Уште една потврда дека кај мене зборот е збор!Скопје е мора да биде град кој живее и навечер, град во кој младите ќе имаат простор за ноќен живот, забава и култура.Град кој пулсира и дава енергија.И заедно ќе успееме во тоа! - напиша на Фејсбук, споделуваќи линк до фестивалот, но и со напомена, најдоброто доаѓа.

Скопје | пред 4 месеци

arben-fetai

Фетаи со двојно државјанство добил безбедносен сертификат спротивно на законот, тврди Мојсоска

Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, објави на социјалните мрежи дека Арбен Фетаи поседува безбедносен сертификат за државна тајна, иако има двојно државјанство. Според Законот за класифицирани информации, лица со двојно државјанство не смеат да добијат сертификат од највисоко ниво.Мојсоска истакна и дека постојат опструкции во работата на пратениците кои вршат надзор, како од страна на владини директори, така и од власта.-Јас (член на собраниската Комисија за надзор над АНБ и Агенција за разузнавање) повеќе од 6 месеци немам никаков одговор на моето барање за сертификат за државна тајна, иако (за разлика од вицепремиеров што не говори македонски јазик) НЕМАМ ДВОЈНО ДРЖАВЈАНСТВО. Иако се должни да ми одговарат во рок од 6 месеци на моето барање, власта очигледно ги саботира пратениците да ја вршат надзорната функција над службите.ДПМНЕ во опозиција обвинуваше дека АНБ под контрола на СДС не дава безбедносен сертификат на пратеникот Ковачки. Сега АНБ со директор од вмровскиот факултет за туризам повторно ја саботира собраниската Комисија за надзор и ја доцементира партизацијата на оваа безбедносна институција.Ако не, да аплицирам и јас за двојно државјанство, па можда така ќе исполнам услов за вмровскиве директори?! - пишува Мојсоска на Фејсбук.

Македонија | пред 4 месеци

polska-dron1

(Фото) Полска собори руски дронови кои навлегле во нејзиниот воздушен простор

Полските вооружени сили соборија неколку беспилотни летала што навлегле во нивниот воздушен простор за време на руски воздушен напад врз Украина. Официјалните власти во Варшава соопштија дека се работи за сериозно нарушување и чин на агресија.Според Оперативната команда на полската армија, руските дронови континуирано го нарушувале воздушниот простор на Полска, што било оценето како реална закана по безбедноста на населението. „По наредба на оперативниот командант веднаш беа активирани одбранбени мерки. Полските и сојузничките авиони следеа неколку објекти на радар, со акцент на оние што би можеле да бидат опасни. Дел од беспилотните летала што навлегоа во нашиот воздушен простор беа соборени,“ наведуваат од командата.Властите ги повикаа граѓаните да останат во своите домови, особено во Подласки, Мазовјецки и Лублински регион, кои биле најризични. Воедно беше упатен апел доколку некој наиде на урнати дронови или нивни остатоци, да не им се приближува ниту да се обидува да ги помести.#PILNE: Portal Nowy Tydzień opublikował zdjęcie budynku w miejscowości Wyryki w powiecie włodawskim, na który spadły szczątki rosyjskiego drona. Na miejscu są służby. Nie ma osób poszkodowanych. pic.twitter.com/Oz8qjEaTM6— Remiza.pl (@remizacompl) September 10, 2025 Повод за оваа операција даде и полскиот премиер Доналд Туск, кој преку објава на Икс информираше дека станува збор за повеќекратно нарушување на воздушниот простор. Тој додаде дека за случувањето веднаш го известил генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.Полска е во состојба на повисока подготвеност уште од 2022 година, кога залутан украински проектил погоди село во јужниот дел на земјата и предизвика смрт на две лица, неколку месеци по почетокот на руската инвазија врз Украина.

Свет | пред 4 месеци

Screenshot-2024-04-13-at-10.09.17

Николоски: СДС преку тајните служби креираа мастер план во три чекори да се забрани политичкото дејствување на ВМРО-ДПМНЕ

Мастер план во три чекори е криериран од поранешното раководство на СДС преку злоупотреба на безбедносните служби се со цел да се забрани политичко дејствување на ВМРО-ДПМНЕ. Јас тие детали прв ги презентирав во 2019 година во еден ТВ дуел со Радмила Шеќеринска, каде јавно кажав дека имаме сериозни индиции за злоупотреба на безбедноснитеслужби, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вечерашното гостување во емисијата “Заспиј ако можеш”.“Целта на тој мастер план беше да се забрани политичко дејствување на ВМРО-ДПМНЕ. Имаше три чекори. Првиот беше да се притворат што повеќе пратеници на ВМРО-ДПМНЕ со цел да се случи промена на името, и тоа се случи. Вториот беше партијата да се стави на обвинителна клупа за терористичко дејствување и нелегално финансирање и делумно успееја во тој дел за нелегално финанисрање. Ја ставија на обвинителна клупа и се уште партијата е на обвинителна клупа, се уште имаме замрзнат имот. Третиот дел беше доколку успеат да ја осудат ВМРО-ДПМНЕ согласно закон, да се забрани политичко дејствување и воопшто да не може да учествуваме на избори.Овој мастер план одеше дотаму да се забрани и на раководството на ВМРО-ДПМНЕ да се бави со политичко дејствување. И ова беше смислено од тогашното раководство на СДС на чело со Зоран Заев и Радмила Шеќеринска, а не може да се амнестира ниту Димитар Ковачевски”- вели Николоски.Агенцијата за безбедност до толку била злоупотребувана што секојдневно правеле лажни извештаи за раководството на ВМРО-ДПМНЕ дека сме биле анти -западни и анти – НАТО, додаде Николоски.“ Од тој план беше злоупотребена Агенцијата, во контекс Ние да бидеме оцрнети пред стратешките партнери, пред се после членството во НАТО. Целта беше никој од нас да не може да добие безбедносен сертификат. Не им успеа во тоа, но се штанцале на дневна основа извештаи дека сме биле под вакво влијание или под такво влијание. Еве прв пат ќе кажам за мене дека сум бил под иранско-турско-унгарско влијание. На врвот на тие лажни извештаи според мои сознанија биле на удар и претседателот Мицкоски, Драган Ковачки, Антонио Молошоски, Владо Мисајлоски. За мене составувале белешки дека сум била анти-западен и анти-НАТО во услови кога бев потпретседател на Парламентарното Собрание на Совет на Европа, во услови кога бев шеф на мониторинг мисија што ги создаваше Советот на Европа и во услови кога Пријатели на Европа ме избраа во 2022 година во 40 највијателни личности под 40 години во Европа”.Оваa битка е праведна бидејќи оваа биткa е на демократско ВМРО-ДПМНЕ и антидемократските структури кои не сакаат демократија во Македонија. Тоа нема да го дозволиме, дециден е Николоски.“Ако во 2025 година некој очекува дека ова ќе се заборави, тоа е многу наивно. Два пати ВМРО-ДПМНЕ паѓале од власт од службите и 2002 како последица на Големото уво и 2016-2017 преку прислушкуваните разговори. Ако истите тие луѓе мислат дека сме наивни и ќе ја оставиме работата по трет пат да не симнат од власт на недемократски начин, тогаш сериозно не потцениле. Еднаш за секогаш ќе расчистиме за да не ни се случи пак”- потенцираше потпретседатеот Николоски.Тој најави бескорпулозна борба за правда, против сите структури кои ги злоупотребувале тајните служни. Ги повика Обвинителството и судовите да не ги штитат структурите од претходната власт и да ја изведат правдата пред целата јавност.

Македонија | пред 4 месеци

ganikj

(Видео) Македонски туристи поминаа голгота: вчера ги убедуваа да продолжат со автобус за кои тврдеа дека е исправен, сега и сами признаваат дека не бил

Патници од Македонија со страв се враќале кон Македонија по туристичка посета на Истанбул, бидејќи се појавиле проблеми со исправноста на автобусот. Тие тврдат дека возилото постојано прегревало, а возачот морал да застанува за да се олади моторот. Компанијата „Ганиќ-Ексклузив“ за „Скопје1“признава дека имало проблеми со автобусот, иако ако се слушнат снимките може да се воочи дека претходно претставник оттаму ги убедува патниците да продолжат со истото возило. На крајот, поради инсистирањето, пратиле друг автобус, за да ги врати во Македонија. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)„Проблемот е решен“, вели патничката Амела во разговор за кој посочуваат дека е со газдата, а тој и враќа: „Решен е проблемот“. Таа потоа му објаснува: „Не е решен, автобусот не е во ред. Не е само цревото. Од вчера свети сијалицата. Немојте да се силите и заканувате многу. Јас ви кажав, сите овде чекаат“.Од другата страна, газдата им вели: „автобусот е направен“, на што тие враќаат: „Господине, мајсторите кажаа дека автобусот не е исправен! 60 души нѐ дриблате!“.Според патници, на автобусот прво му паднала пластика од тркало, па почнало да мириса и да има чад. Го поправале со часови, смениле водна пумпа и други делови. Ова траело четири часа.„За време на враќање од Истанбул за Македонија непредвидено дојде до пукање на црво и загревање на моторот поради што автобусот не можеше да го продолжи патот. Поради пукање на црево патниците не се доведени до никаков ризик, но поради дефектот автобусот не можеше да продолжи на пат кон Македонија. Веднаш испративме друг исправен автобус од Македонија за да ги земеме патниците. Патниците се веќе во автобус и се враќаат за Македонија. Искрено жалиме за непредвидениот дефект што се случи за време на враќање кон Македонија, и поради тоа што патниците мораа да чекаат додека дојде автобусот што тргна од Македонија, сепак се работи за голема релација и повеќечасовно чекање од страна на патниците“, велат во писмениот одговор на компанијата испратен до „Скопје1“.Патниците ни испратија и снимки на кои се гледа дека автобусот паркиран, и вон-возна состојба. На друга снимка се гледа и чадот кој доаѓа од задниот дел на возилото. Компанијата пак, тврди дека пратиле исправен автобус.„Патување повеќе од 24 часа, прашање е кога ќе се стигне. Газдата на агенцијата ни спушта телефон, не креваше синоќа“, сведочи патничка попладнево.Патниците уште патуваат кон Македонија.

Македонија | пред 4 месеци

Pozarnikari-DZS

Пожар на влезна врата од стан во Аеродром, нема повредени

Во раните утрински часови на улица „Владимир Комаров“ во Скопје бил запален влез на стан, при што огнот ја зафатил само вратата, а повредени лица нема.Денеска (09.09.2025) во 03:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Владимир Комаров“ во Скопје настанал пожар на влезна врата од стан во зграда, сопственост на З.Т.(57) од Скопје. Во пожарот била опожарена само влезната врата, а повредени лица нема. Полициски службеници од Полициска станица Аеродром излегле на местото и се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 месеци

benzinska-benzin-nafta-

Од полноќ поскапуваат горивата за еден денар по литар

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,46 отсто во споредба со претходната одлука.Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 76 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 78, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 69,5, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 69 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 1,245 денари за килограм се намалува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 37,148 денари.Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,869 отсто, кај дизелот за 2,557 и кај екстра лесното масло за 3,327 отсто додека кај мазутот има намалувањето за 4,292 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,2938 отсто.

Македонија | пред 4 месеци

brane

Петрушевски: СДС пет години ги прислушувале Мицкоски, новинари и бизнисмени

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска на прес-конференција обвини дека СДС признале дека вршеле прислушување и следење преку Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање (АР).„СДС најпрво треба да се извини за пет години следење на претседателот Мицкоски, новинари и бизнисмени, кои заедно со нивните семејства биле под константна присмотра на службите. Откако ќе се извинат, треба да го повикаат Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Љупчо Коцевски на одговорност,“ рече Петрушевски.Тој нагласи дека наместо тоа, СДС „од петни жили ги штити сите кои ги злоупотребувале институциите, затоа што работеле по партиска задача“.„Јавното обвинителство не смее со денови да молчи и да не презема никаква акција. Загрозена била приватноста на голем број луѓе цели пет години. Службите влегле во нивните животи со цел да го забават падот на СДС од власт, да го продолжат нивното владеење и да прават криминал“, изјави Петрушевски.Тој додаде дека доколку ЈО и обвинителот Љупчо Коцевски останат „неми посматрачи“, мора да знаат дека тоа нема долго да трае и дека и тие ќе сносат одговорност.

Македонија | пред 4 месеци

mavr1

МВР со детали за сообраќајката кај Маврово, тешко повредени се млади луѓе

На 08.09.2025 во 15:50 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на Мавровска крстосница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од И.З.(22) од Скопје, мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.П.(22) од Скопје, мотоцикл „јамаха“ управуван од Ј.Д.(34) од Скопје, мотоцикл „сузуки“ управуван од М.Т.(23) од Скопје, мотоцикл „јамаха“ со скопски регистарски ознаки, управуван од П.Б.(18) од Скопје, патничко возило „голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Ш.Ј.(25) од Струга, патничко возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М.Г.(49) од Република Турција, патничко возило „ауди“ со албански национални ознаки, управувано од И.К.(34) од с.Форино, гостиварско и патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(41) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистите Д.П.,И.З.,П.Б. и М.Т., а со телесни повреди се здобил мотоциклистот Ј.Д. и возачот И.К.., констатирани во Општа болница Гостивар и Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2025-03-13-at-10.52.34

Службените возила мора да добијат нови таблици до 15 септември, но санкции нема да има

Државните институции и јавните правни лица имаат рок до 15 септември да ги заменат регистарските таблици на службените автомобили со нови, во специјална боја. Иако обврската е задолжителна, директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски, изјави дека правилникот не предвидува казни за оние што нема да го сторат тоа.„Упатени се насоки и препораки до сите институции да ја започнат промената. Ова е втор повик. Според податоците со кои располагаме, бројот на возила се движи од 7.000 до 7.500, но точна бројка нема бидејќи државата не води соодветен регистар“, рече Томовски.Тој посочи дека дел од институциите веќе ги замениле табличките – меѓу нив Владата, Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Агенцијата за храна и ветеринарство и Царинската управа. За оние што нема да стигнат до 15 септември, крајниот рок е 29 септември, пред стартот на изборната кампања.Воедно беше најавено отворање телефонска линија преку која граѓаните ќе можат да пријават евентуална злоупотреба на службени возила, а секоја пријава ќе биде евидентирана и обработена според законските процедури.

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-09-122842

Руски директор пронајден обезглавен, со влечна сајла покрај него – 19-та мистериозна смрт на функционер

Алексеј Синицин, генерален директор на руската компанија за производство на калиумови соли „К-Поташ Сервис“, бил пронајден обезглавен под мост во село во близина на Калининград, а до неговото тело имало влечна сајла, јавуваат „Москва Тајмс“ и „Киев Индепендент“.„Москва Тајмс“ го вброи овој случај како 19-та смрт на висок руски функционер под неразјаснети околности од почетокот на руската инвазија врз Украина. Медиумот наведува дека кон списокот мистериозна смрт се додадени имиња поврзани со енергетските гиганти „Лукоил“, „Газпром“ и „Транснефт“.Сепак, „Киев Индепендент“ истакнува дека смртта на Синицин засега не е потврдена од независни извори, а локацијата, како и околностите – вклучително и влечната сајла – остануваат нејасни.Tragic mystery in Kaliningrad: CEO of “K-Potash Service,” Alexey Sinitsyn, found decapitated under a bridge with a towing cable nearby. Authorities are investigating. What really happened? #Mystery #Kaliningrad #CrimeNews pic.twitter.com/M5I348U2Ou— ceanmedia (@ceanmedia) September 8, 2025 Рускиот независен портал „Медуза“ пренесува дека Синицин бил на чело на компанија со капитал од Холандија и Кипар. „К-Поташ Сервис“ се занимава со експлоатација на калиум-магнезиумови соли во регионот на Калининград од 2013 година, со значителни инвестиции, но и со бројни контроверзии.Еден од скандалите, според „Медуза“, вклучувал протести на локалното население и наводна вмешаност на рускиот претседател Владимир Путин во 2017 година.

Свет | пред 4 месеци

hajrulahi33

„Ќе ве дигнам на клоци, ќе ве фрлам од шести кат“: Виш јавен обвинител од Скопје обвинет за закани и психичко насилство врз колешки

Основното јавно обвинителство Штип поднесе обвинение против суспендираниот обвинител Мустафа Хајрулахи, кого го товари за пет кривични дела – малтретирање во вршење на службата и злоупотреба на службената положба и овластување. Според Обвинителството, во периодот од септември 2023 до октомври 2024 година, Хајрулахи како виш јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје вршел континуирано психичко насилство и закани кон пет вработени жени.„Користејќи ја неговата службена хиерархиска надреденост, во повеќе наврати грубо им се заканувал дека има моќ и може веднаш да ги избрка од работа, дека „ќе ги дигнел на клоци“, „ќе ги фрлел од 6-ти кат“, „ќе ги ставел во притвор и под посебни истражни мерки“. Дел ги навредувал дека „му го грделе обвинителството“ и им забранувал да комуницираат меѓу себе и со други вработени.. Потоа, повторно користејќи ја неговата надреденост во службата, побарал од сите вработени кои не биле потписници на писменото барање за преземање на итни мерки, да напишат своерачни изјави во кои ќе го опишат „каков е тој како шеф“. Како резултат на ваквото деградирачко и понижувачко однесување, една од вработените се разболела и добила анксиозно растројство. Со цел да ја заштити постапката и жртвите, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерки на претпазливост – обврска на обвинетиот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање, како и забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со оштетените“, велат од Обвинителството.Обвинителството наведува дека Хајрулахи незаконски заверувал и заведувал документи со приемен печат на ВЈО Скопје, иако тие имале личен карактер. Дополнително, заедно со уште еден јавен обвинител е обвинет дека како соизвршител сторил продолжено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување, со што се повредени правата на странки во повеќе постапки.

Македонија | пред 4 месеци

vozilo-pozar

(Видео) МВР со детали за палењето на автомобилот на Галетановски во Кисела Вода

Запалено возило во скопската населба Аеродром предизвикало пожар во кој биле зафатени уште два автомобили, соопшти СВР Скопје.-Денеска (09.09.2025) во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Иван Козаров“ во Скопје опожарено било патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Ѓ.Г.(43) од Скопје, а од пожарот биле зафатени уште две патнички возила „опел“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Е.К.(30) од Скопје и „форд“ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.М.(47) од Скопје. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита. Повредени лица нема. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот, се наведува во соопштението.

Скопје | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања