ТОП

kocani-puls-protest-4

Во сабота помен наместо „Марш на ангелите“ во Кочани

Здружението на граѓани „16-ти Март 2025 Кочани“ соопшти дека оваа сабота, 13 септември 2025 година, нема да се одржи редовниот „Марш на ангелите“.На негово место ќе биде извршен црковен помен на гробните места, во спомен на децата кои трагично ги загубија животите пред шест месеци во несреќата што ја потресе целата земја.Од здружението упатија благодарност за разбирањето и повикаа граѓаните со достоинство да се приклучат на молитвениот чин.

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-10-095539

Ниту дождот не помогна - Дрисла и понатаму чади!

Ниту дождот што утринава заврна во скопската котлина не помогна да се изгасне пожарот на депонијата „Дрисла“. Чадењето продолжува, и покрај тоа што претходните денови, како што изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, биле исфрлени големи количини вода на депонијата. Тој најави и дополнителни мерки за конечно да се сопре горењето, кое веќе неколку дена го влошува квалитетот на воздухот во главниот град.Последниве денови граѓаните алармираат дека мирисот на изгорена пластика и густ чад се чувствуваат во повеќе скопски населби – од Аеродром и Ново Лисиче, до Кисела Вода, Пинтија и Драчево. На социјалните мрежи масовно се споделуваат фотографии и видеа, со пораки дека „Скопје е отруено“ и дека „секоја вечер Дрисла гори“. Дел од жителите побараа постојано полициско обезбедување и камери на депониите, а некои дури ја споредија ситуацијата со „Чернобил“.фото: ЦУК

Скопје | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-11-100202

(ВИДЕО) Паника во пристаништето Крило Јесенице: Туристички брод почнал да тоне

Вознемирувачка сцена се случила вчера попладне во пристаништето на Крило Јесенице, кога туристичкиот брод „Нерезине“ од засега непознати причини почнал нагло да се навалува.Веднаш ббила алармирана итната служба, а напомош пристигнале пожарникарите од ДВД Далмација – Дуги Рат, како и полицијата. Неколку патници што се наоѓале на палубата скокнале во морето во последен момент, пред бродот целосно да се навали. За среќа, нема повредени.„Морето проби, никој не знае што точно се случи. Дали беше поради југото или нешто друго. Сигурно е дека станува збор за продор на вода. Бродот сега лежи речиси настрана и се слуша пукање“, изјави очевидец за „Далмација Данас“.Бродот сè уште се наоѓа во пристаништето, а причините за несреќата ги испитуваат надлежните органи.

Свет | пред 4 месеци

skopje

„Скопје - Чернобил“ - Дрисла ги отру граѓаните

Жителите на Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода, Пинтија и Драчево синоќа повторно дишеа чад и мирис на изгорена пластика. На социјалните мрежи споделуваа фотографии од апликации за мерење на загаденоста, каде параметрите покажуваа високи нивоа на штетни честички.„Дрисла секоја вечер... Пола планини изгореа, депониите горат, а скопјани се борат за воздух“, напиша една скопјанка, додавајќи дека изгледа како властите да живеат во друга реалност.Други пак се пожалија дека „постојано гасат пожари со граници, буквално за сè“, барајќи армијата и полицијата да бидат постојано ангажирани за заштита на здравјето и безбедноста. „Нè гушат секој ден, а ние плаќаме за тоа. Најдете ги виновниците!“, Пишува на социјалните мрежи.Револт предизвика и појавата на чад од Дрисла откако веќе со денови гори Вардариште. „Малку беше Вардариште, па и Дрисла почна да гори! И тоа случајно?! Итно обезбедување на депониите со полиција и камери!“, апелираше граѓанка, додавајќи дека ако институциите не реагираат, жителите сами ќе се организираат.Некои коментари отидоа и подалеку: „Чернобил, реактор 4 во 1986 – Скопје, депонија Дрисла 2025. Ист ефект, друга ера“, стои во една објава.Во меѓувреме, премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека според мерењата, нема алармантно зголемени параметри на штетни честички. „Тоа е визуелно така, но кога се испитувани параметрите, не се така алармантни. Лошо е да се прави тоа, и има причина зошто се прави. Кому му одговара ова сега? Кога ќе дадете одговор на тоа прашање, ќе знаете кој и зошто го прави“, рече премиерот.И додека Владата повикува на смиреност, скопјани се чувствуваат оставени сами да се борат за здив чист воздух.

Скопје | пред 4 месеци

izbori-glasanje-fingerprint-3

На полноќ завршува рокот за проверка во Избирачкиот список, досега податоците си ги провериле 5729 граѓани

На полноќ завршува можноста граѓаните да извршат увид во Избирачкиот список за претстојните локални избори.До 9 септември вкупно 5729 лица ги провериле своите податоци во подрачните одделенија на Државната изборна комисија. Од нив 3397 се мажи, а 2332 жени.Во овој период, осум граѓани поднеле барање за впишување во списокот, 136 за бришење – од кои 134 поради смрт, а двајца поради отпуст од државјанство. Дополнително, 59 лица побарале промена на податоците, најчесто поради промена на презиме или адреса.По завршување на проверката, следува рокот за поднесување кандидатури за локалните избори, кој истекува на полноќ во сабота, 13 септември.Локалните избори ќе се одржат на 19 октомври, кога граѓаните ќе ги избираат градоначалниците и советите во 80 општини и во Градот Скопје.

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-11-084643

(Видео) „Ова е политичко убиство“: Трамп за атентатот на Чарли Кирк

Американскиот конзервативен активист Чарли Кирк, близок сојузник на претседателот Доналд Трамп, беше застрелан во средата додека зборуваше на Универзитетот Јута Вали во Орем, пред околу 3.000 присутни. Инцидентот предизвика интензивна потрага по снајперистот кој, според гувернерот на Јута, извршил политички атентат.Иако пукотницата се случила во средината на денот, осум часа подоцна властите сè уште немаа уапсено осомничен. Според првичните информации, убиецот испукал еден истрел од покривна позиција, смртно погодувајќи го 31-годишниот Кирк во вратот.Во видео-порака објавена на платформата Truth Social, Трамп изрази силна тага и гнев:„Чарли инспирираше милиони и вечерва сите што го познаваа и го сакаа се обединети во шок и ужас. Чарли е патриот кој го посвети својот живот на каузата за отворена дебата и земјата што ја сака толку многу, Соединетите Американски Држави“, рече претседателот, додавајќи дека Кирк бил симбол на вистина и слобода и дека никогаш немало личност толку почитувана меѓу младите.„Чарли беше исто така човек со длабока, длабока вера. И се утешуваме во сознанието дека тој сега е во мир со Бога на небото“, рече Трамп, нагласувајќи дека се моли за сопругата и децата на Кирк во овој тежок момент. „Ова е мрачен момент за Америка“, додаде тој.Бо Мејсон, комесар во Одделот за јавна безбедност на Јута, изјави дека двајца мажи биле приведени и испрашувани, но подоцна ослободени бидејќи немало докази дека се поврзани со пукотницата. Потрагата по стрелецот продолжува.Во друг говор од Овалната соба, исто така објавен на Truth Social, Трамп вети дека неговата администрација ќе ги пронајде виновниците:„Мојата администрација ќе ги пронајде сите оние што придонеле за ова злосторство и за друго политичко насилство, вклучувајќи ги и организациите што го финансираат и поддржуваат“, изјави тој.Видеа од моментот на нападот, снимена со мобилен телефон, го покажуваат Кирк како паѓа на подиумот додека се држи за вратот, а потоа како крв блика од раната.Џеф Лонг, шеф на универзитетската полиција, рече дека шест полицајци биле распоредени на настанот и тесно соработувале со приватниот тим за обезбедување на Кирк.Трамп нареди сите американски знамиња на федералните институции да бидат спуштени на половина копје до недела во чест на Кирк.Републиканскиот гувернер на Јута, Спенсер Кокс, изјави: „Ова е мрачен ден за нашата држава, тоа е трагичен ден за нашата нација. Сакам да бидам многу јасен дека ова е политичко убиство“.Иако мотивот останува нејасен, убиството на Кирк е последното во низата напади врз политички фигури во САД, вклучувајќи и два обиди за атентат врз самиот Трамп минатата година.Американскиот претседател ја осуди растечката насилна реторика:„Со години, оние од радикалната левица ги споредуваа прекрасните Американци како Чарли со нацистите и најлошите масовни убијци и криминалци во светот“, рече Трамп. „Овој вид реторика е директно одговорен за тероризмот што го гледаме во нашата земја денес и мора да престане веднаш“.

Свет | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-10-221058

(ВО ЖИВО) Џамбазов: Груевски ме носеше на ушка

Игор Џамбазов во Прегрес со Ландов, се потсети дека со експремиерот Никола Груевски настапувал во „Чија си” и во „Грев или шприцер”. Тој, вели Џамбазов, уживаше во тоа.„Беше вљубеник во театар.Имаше сцена во Грев или шприцер, во која Груевски ме носеше на ушка кога ме испраќаа во војска.Не знам дали сега оди во театар, чуден е јазикот таму”, рече Џамбазов.Не верува дека ќе дочека да настапи во реновираната Универзална сала во која има најмногу настапувано.„Не требаше таа да се урива, таа се замозапали”, вели Џамбазов чија голема желба е повторно да заживее Универзална сала.Тој говори и за неговиот неуспешен обид да влезе во политиката, иако вели дека имал освоено повеќе гласови од Павле Трајанов и Тупурковски заедно.Да влезел во Парламентот немаше да дозволи министер да не знае да го говори македонскиот јазик.„Унковски е најдобар режисер, но најлош министер за култура. Љутков е неподготвен”, рече Џамбазов.Следете не на линкот:

Скопје | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-10-220652

(ВО ЖИВО) Џамбазов: Уметникот не треба да се занимава со политика

Познатиот глумец, шоумен, пејач и писател, Игор Џамбазов е гостин во првиот Претрес со Ландов во третата сезона. Тој говори за неговиот живот, кариера, политиката, семејството.„Сакам спомените за се, да ми останат убави. Петнаесет години во Драмски не сум бил. Избегнувам да одам на гробишта.Драмски заслужува нова зграда.Истото важи и за МНТ. Театар без бифе не го бива”, вели Џамбазов.Сегашниот министер за култура доаѓа од актерската фела, но вели Џамбазов, уметникот не треба да се занимава со политика.Следете не на линкот:

Скопје | пред 4 месеци

nino-vasev

„Ќерка ми не ја зеде болеста, туку погрешната терапија, а ја лекуваше Нино Васев“ – сведочење на мајката на Адријана Начевска

На рочиштето за „Онкологија“ денеска сведочеше Јулија Мациевска, мајката на младата Адријана Начевска, која почина пред три години по лекување на скопската Онколошка клиника. Таа, повикана како прв сведок во процесот за „Онкологија“, низ солзи ја опиша борбата на својата ќерка и обвини дека токму несоодветната терапија ја довела до смрт.„Во докторот Нино гледавме спас, верувавме како во Господ. Но наместо лекување, добивме тивко убиство,“ рече таа пред судот.Мациевска сведочеше дека лекарот Нино Васев ја убедил Адријана да продолжи со терапијата. По првите дози, состојбата на младата девојка нагло се влошила – покачена температура, повраќање, крварење и оток на стомакот. „Секој пат му кажував дека не и е добро.„Кога првпат отидовме на Гастро, докторот таму ми вика дали вие знаете каква е состојбата на вашето дете. Таа не е добро. Црниот дроб е оштетен. Има вештачки метастази од неадекватна терапија. Ќе си го прашате вашиот онколог. Тие се добиваат од несоодветна терапија,“ изјави мајката, истакнувајќи дека по ова упатување повторно биле вратени кај докторот Васев.Во своето сведочење таа зборуваше и за последните денови на ќерката, кога, како што рече, литри вода биле вадени од нејзиното тело, додека таа трпела неподносливи болки. „Адријана ми велеше: ‘На градите немам ништо, мајко, проблемот е стомакот.’ Но терапиите не застануваа.“Мациевска порача дека нема намера да бара лична корист, туку правда.„Се приклучувам и кон кривичниот прогон, затоа што знаел што прави, но некаде по пат ја изгубил човечноста“

Македонија | пред 4 месеци

policija-rekord-avtobus

Инспектор од Битола пријавен за оддавање службена тајна – фотографирал службени податоци и ги споделил

Самостоен инспектор од СВР Битола е пријавен за „оддавање службена тајна“, откако неовластено проверувал податоци од системот за оружје и фотографии од службениот компјутер споделил со неповикано лице.- Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава против Б.Ј. вработен како самостоен инспектор во Отсек за прикриени човечки извори на информации во ОКРА при СВР Битола а поради основи на сомнение за сторно кривично дело „оддавање на службена тајна“ по член 360 став 1 од КЗ на РСМ.Пријавениот, според документираните сознанија, во два наврати на 09.01.2025 и на 17.01.2025 година неовластено извршил проверка за податоци од системот за регистрирање и управување со оружје за друго лице инволвирано во друга судска постапка.По извршената проверка со својот мобилен телефон направил фотографии од мониторот на службен компјутер на МВР и фотографиите ги споделил со неповикано лице - се појаснува во соопштението испратено до медиумите.ОВККИПС по добиена согласност од ОЈО ГОКК против Б.Ј. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работната дисциплина и ќе изрече задолжителна мерка отстранување од работното место на пријавениот до завршување на дисциплинската постапка.

Македонија | пред 4 месеци

vardariste-2

„Ќе умреме од Вардариште“ – граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“ алармира за алармантното загадување

Граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“ алармира дека континуираното палење на депонијата Вардариште претставува сериозна закана за здравјето на граѓаните и за животната средина. Во своето обраќање до јавноста тие истакнуваат дека секојдневното загадување со штетни гасови, чад и канцерогени честички ја загрозува почвата, водата и воздухот во Скопје и пошироко.„Граѓаните кои живеат во близина на депонијата, како и сите жители на градот, се изложени на директни штетни последици. Медицински лица постојано предупредуваат дека најпогодени се децата,“ стои во соопштението, во кое се потенцира дека проблемот е долгогодишен, но во последните месеци достигнал алармантни размери.Од иницијативата упатуваат конкретни барања до надлежните институции: итно гаснење на активните пожари, постојано физичко обезбедување од МВР или АРМ, поставување ограда околу целата депонија, поставување камери – вклучително и термални – со јавен пристап 24/7, како и итно обезбедување средства од локалните и централните власти за санација и затворање на Вардариште според еколошки стандарди.Дополнително, тие бараат формирање независна комисија за утврдување на причините за палењата и одговорноста, како и целосна реформа на системот за управување со отпад преку воведување на концептот „нула отпад“.Во соопштението се потсетува дека уште од 2014 година се проценува дека на локацијата се депонирани околу 2.500.000 м³ отпад, без прецизно познавање на неговиот состав. Се наведува дека, покрај комунален, таму е складиран и индустриски отпад, а анализите од 2013/2014 година покажувале сериозно загадување, особено на подземните води.„Ова не е само еколошко прашање – ова е прашање на јавна здравствена безбедност. Секој ден без акција значи уште еден ден во кој децата, возрасните и сите граѓани вдишуваат отрови,“ порачуваат од „Стоп за Вардариште“.Иницијативата повикува медиуми, граѓански организации и сите совесни граѓани да се приклучат во вршењето притисок врз институциите за конечно решавање на овој долгогодишен проблем. „Доста е! Вардариште не смее повеќе да гори!“За денеска во закажаа прес-конференција во 18:30 часот на раскрсницата кај паркот Авионче во Аеродром.

Скопје | пред 4 месеци

makedonski-turisti-od-istanbul

Агенцијата вели „имало забава“, патниците велат „ќе има тужба“ - патниците кои патуваа со „Ганиќ-Ексклузив“ стигнаа во Македонија

Вчеравечерта, групата туристи кои поминаа патешествие на патување во Истанбул, се врати во Македонија. Некои од нив посочуваат дека патувале 38 часа откако имаа проблем со автобусот, па тој се поправал со часови, за по нивно инсистирање, да се прати друго возило. Истовремено, гомпанијата „Ганиќ-Ексклузив“ со кои патувале, посочуваат дека непотребно се созадвала негативна слика за нивната агенција, оти сите патници биле расположени и насмеани откако било сменето возилото, до таму што посочуваат дека имало и „забава во автобусите“.„Дефектот кој настана беше технички и брзо беше надминат. Имаме и видеа и фотографии кои покажуваат дека патниците веднаш по санирањето на проблемот продолжија со патувањето, расположени, насмеани, дури и со музика и забава во автобусите. Сметаме дека е важно јавноста да ја добие вистинската слика, па затоа Ви ги ставаме на располагање сите докази“, велат од компанијата „Ганиќ-Ексклузив“, кои не доставија никакви, какви што велат „докази“.„Скопје1“ исконтактира со патници од автобусот. Една од нив посочува: „Бевме среќни кога влеговме конечно во Макеоднија, бевме најсреќни и се утше сме што ќе си ги видиме дома најмилите и нема да спиеме на автопат. Групна тужба ќе има од патници спрема агенцијата, зошто вакво нешто никој не смее да доживее“.Од компанијата, по првата објава на „Скопје1“, се обидоа да извршат притисок да се корегира објавата, со закана за тужба. Нашата редакција одби, и најави, дека институционално ќе го проверува нивното работење по ова случување со патниците кои се враќале од Истанбул. Ова, за сопственикот Армин Ганиќ, било „дополнителен притисок“, па најави некаква судска постапка.„Ќе ги активираме сите правни механизми за заштита од клевета и нанесена штета врз угледот на Ganic Ekskluziv. Ќе доставиме докази (видеа, фотографии, изјави од патници) до надлежните институции и медиумски тела за да се докаже неточноста на вашиот напис. Ќе бараме одговорност за нанесената штета врз нашата деловна репутација и довербата на нашите клиенти“, стои во доспиот до нашата редакција.Заплашувањата со т.н. слап-тужби (тужби, маскирани како навреда, клевета или граѓански спорови, сè повеќе се користат за да ги заплашат новинарите), нѐ ја постигнаа целта, па „Скопје1“ побара одговори од МВР и Министерството за транспорт и врски во однос на работата на комапнијата, од каде став во текот на денот, што дословно ќе го пренесеме.

Македонија | пред 4 месеци

galetanovski

Галетановски нуди 2-3 илјади евра награда за тој што ќе открие кој му го запали автомобилот, односно кој нарачал

Поранешниот директор на Зоолошката градина во Скопје и актуелен претседател на Градската организација на СДСМ, Ѓорги Галетановски, се огласи по неодамнешниот инцидент, благодарејќи им на пријателите и колегите за поддршката.„За жал, некогаш треба да ни се деси лоша работа за да видиме кој е до нас. Фала ви другари за поддршката и за сите пораки и повици и извинете што стварно не беше можно на сите да вратам и кренам. Не ви го заборавам ова и на сите ви должам. Ме знаете добро, никогаш не се сменив и нема да се сменам. Помагав и ќе помагам на кој можам без да се фалам, така и ќе продолжам“, напиша Галетановски на својот профил.Тој најави дека од денес ќе преземе активности за да помогне органите во спречување на криминални дејствија што, како што вели, го нарушуваат мирот на граѓаните.„Од денес натаму ќе направам се да дознаам и помогнам органите да спречат криминални дејствија да го зимаат мирот на граѓаните. А ќе се дознае тоа сум сигурен“, додаде Галетановски.Притоа, тој повика сите граѓани кои имаат веродостојни информации за извршителот или нарачателот на случката да го контактираат, најавувајќи симболична награда од 2.000 до 3.000 евра.

Скопје | пред 4 месеци

jlldiz-veaposka-750x430-1

Три години одлагања во процесот за Веапоска – делото застарува идната година!

И денешното рочиште во Основниот суд во Струга за случајот со Јилдиз Веапоска од Дебар не се одржа. Наместо разгледување на извештајот од супервештачењето, постапката повторно беше стопирана поради барањето на одбраната за изземање на судијата кој го води процесот.Родилката, која по породување со царски рез во струшката болница остана без матка, јајник и бубрег, видно потресена излезе од судницата. Таа изјави дека повеќе нема ни здравје ни сила да се носи со постојаните одложувања и дека, како што рече, во државата нема ни суд ни правдина.„Срамно е, докторите дојдоа од Скопје за вештачењето, а наместо завршни зборови, повторно се пролонгира процесот без рок,“ додаде Веапоска.Нејзиниот застапник, адвокатот Сашо Јанев, смета дека ваквите барања се дел од стратегија на одбраната за одолговлекување и застарување на предметот. „Сепак верувам дека судот ќе реагира ефикасно и дека ќе добиеме осудителна пресуда која одамна ја очекуваме,“ истакна Јанев.Судењето против тројцата лекари – гинекологот Мухамед Асани, неговиот син Блертон Асани и докторката Лилјана Јованоска – трае речиси три години. Делото може да застари на почетокот од идната година, а предметот веќе трипати се враќаше на почеток поради промени на судиски состав.

Македонија | пред 4 месеци

viber_image_2025-09-10_10-10-26-668

Да се знае кога народот плаќа: химната да тргне на разглас во кафани кога политичарите плаќаат од државна сметка

Д-р Ненад Лазаров саркастично реагира на мерката за црвени таблички за службените возила, со порака дека транспарентноста треба да важи и кога се трошат службени картички во кафани или при потпишување фактури на сметка на институциите.Табличкиве сообраќајни црвени на службени коли ок,ама треба и службените картици коа се штракаат у кафана или фактура коа се потпишуе на име на институција,да прекинуе музика и на озвучење химната на Македонија да се пушта автоматски да свири, сите да знаат дека народ плаќа нешто у моментот, напиша тој во објавата на ФБ.

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања