ТОП

IMG_5168

Трагична сообраќајка со жртви на експресниот пат Штип – Радовиш, загинаа работници!

Трагична сообраќајна несреќа со жртви се случила утринава на експресниот пат Штип – Радовиш, кај мостот на Балатилиска Река. Комбе што превезувало работници излетало од коловозот, при што, според првичните информации, има загинати и повредени.На местото на несреќата интервенираат екипи на Итната медицинска помош со две возила, пожарникари од ТППЕ-Штип и полициски службеници од Полициската станица во Штип.Министерството за внатрешни работи најави дека во текот на денот ќе излезе со повеќе информации за причините и последиците од оваа трагедија.

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-12-091901

Познато името на убиецот на Кирк, носел маица со мотив на американски ветерани

Сојузните агенти веруваат дека го идентификувале името на осомничениот, јави CBS, повикувајќи се на двајца американски функционери и полициски извор. Сепак, досега не е издаден налог за апсење. Полицијата истражува повеќе траги.Одделот за јавна безбедност на Јута ги објави најновите информации за својата истрага. Полицијата истражува повеќе траги, но ниту еден осомничен не е во притвор, јави Sky News.Истражителите собрале отпечаток од обувка, отпечаток од дланка и отпечатоци од подлактица за анализа. Претходно беа пронајдени пушка, чаури и куршуми. Пристигнале околу 200 дојави од граѓани.Се наведува дека наградата од 100.000 долари што ја понуди ФБИ „говори за сериозноста на овој злостор и решителноста секој што е одговорен за овој ужасен чин да биде изведен пред лицето на правдата“.We're releasing additional photos of the person of interest in connection with the murder of Charlie Kirk at Utah Valley University. Please send all tips available to: https://t.co/XXzYBH1GkE pic.twitter.com/DgLOlrU6Cx— Utah Public Safety (@UtahDPS) September 12, 2025 Убиецот носел маица со мотив на американски ветерани?Се чини дека црната маица што ја носела лицето осомничено за убиството на Чарли Кирк потекнува од Националната фондација за инвалидни ветерани.Фондацијата потврди за „Гардијан“ дека маицата – со лик на орел над американското знаме и зборовите „Земја на слободните“ и „Дом на храбрите“, преземени од последниот стих на американската химна – била испраќана како подарок на потенцијални поддржувачи во текот на последните неколку години.Фондацијата додаде дека „никогаш не ја продавала оваа маица и таа моментално не е достапна за дистрибуција“. Сепак, маицата е достапна за купување на еBay, во варијанта со долги или кратки ракави.

Свет | пред 4 месеци

prislusuvanje-kabli-35wp78d14y6aljmbcsszr4

ВМРО-ДПМНЕ бара ЈО да отвори темелна истрага за прислушувањето на Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ побара Јавното обвинителство да отвори темелна и транспарентна истрага за случајот со, како што наведуваат, незаконското следење и прислушување на претседателот на партијата Христијан Мицкоски, како и на функционери, новинари и бизнисмени.Од партијата тврдат дека граѓаните пет години живееле во „заробена држава“ во која се прекршувале основните човекови права, а во тој период Мицкоски и десетици други лица биле предмет на незаконски активности на безбедносните служби под контрола на СДС.Во соопштението се обвинува дека во изминатите пет години СДС и ДУИ грубо ги прекршувале законите и ги злоупотребувале институциите, додека Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Армијата на Република Северна Македонија (АР) биле ставени „во служба на политичката мафија“.ВМРО-ДПМНЕ наведува и дека Јавното обвинителство, заедно со обвинителот Љупчо Коцевски, дејствувале во интерес на СДС и ДУИ и прикривале криминал.„Неопходно е ЈО да престане да ги штити антидемократските структури и да започне да работи во интерес на владеењето на правото и правдата, со цел враќање на довербата во институциите“, стои во соопштението.Според ВМРО-ДПМНЕ, довербата на граѓаните во правосудството изнесува само 2 проценти, а доколку нема конкретни резултати, таа ќе падне на нула.Партијата бара ЈО да даде одговор кој стои зад наредбите на АНБ и АР и кој е дел од, како што велат, „мрежата на незаконско следење“.

Македонија | пред 4 месеци

drisla

Дрисла повторно гореше ноќеска, Лисиче осамна со црвени бројки за квалитетот на воздух

Голем пожар на „Дрисла“ – чадот ја задуши скопската котлинаНоќеска, околу 2 часот по полноќ, на депонијата „Дрисла“ избувна нов голем пожар. Пламените јазици и портокаловото светло беа видливи од повеќе делови на Скопје, а густи облаци чад брзо се раширија над градот.Жителите на околните населби сведочат дека чадот навлегол во урбаните делови, оставајќи задушлива миризба и намален видливост. Експертите предупредуваат дека горењето отпад на вакви депонии ослободува токсични гасови и ситни честички кои се особено опасни за децата, старите лица и хронично болните.Утрински алармантни бројкиСамо неколку часа по пожарот, мерните станици регистрираа драматично загадување. Според податоците на порталот IQAir, во 8 часот наутро во населбата Лисиче индексот на квалитетот на воздухот (AQI) достигна 110, што се смета за нездраво за чувствителни групи. Главен загадувач е PM2.5, чија концентрација изнесува 39,3 µg/m³ – повеќекратно над дозволените граници.Старата болка на СкопјеОва е уште еден во низата пожари на „Дрисла“, кои со години ја трујат скопската котлина и предизвикуваат вознемиреност меѓу граѓаните. И покрај бројните најави за модернизација и заострување на контролата, депонијата останува извор на загадување и здравствен ризик.Граѓаните се повикуваат да избегнуваат престој на отворено, да ги држат прозорците затворени и да користат заштитни маски во текот на денот.

Скопје | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-11-084643

Атентаторот на Кирк му испратил порака, истражителите ја пронајдоа пушката и куршумите

Истражителите ја пронајдоа пушката за која се верува дека била користена во убиството на конзервативниот активист Чарли Кирк, како и муниција со врежани натписи поврзани со трансродовата и антифашистичката идеологија, објавија американските медиуми.Оружјето – постар модел ловџиска пушка – било откриено во шума во близина на Универзитетот во Јута, завиткано во крпа со чаура во цевката. Во пушката имало три неиспукани куршуми со гравури, но дел од првичните информации за содржината на пораките подоцна биле оспорени како погрешно протолкувани.Според првичните сознанија, смртоносниот истрел бил испукан од покрив на зграда на околу 200 метри од местото каде што Кирк зборувал пред околу 3.000 луѓе во рамки на серијата дебати „Докажи ми дека грешам“. Бирото за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозиви (ATF) не сакаше да коментира за деталите, нагласувајќи дека истрагата е во тек. Високи безбедносни извори предупредија дека дел од првичните извештаи може да бидат неточни и резултат на погрешни читања на доказите.Последната порака на КиркСамо неколку часа пред убиството, Кирк ја објави својата последна порака на платформата X. Тој повика на „политизирање“ на убиството на 23-годишната Украинка Ирина Заруцка во Северна Каролина, кое го нарече „едно од најстудените и најбесмислените“ што ги видел.„Ако сакаме работите да се променат, 100 отсто треба да го политизираме бесмисленото убиство на Ирина Заруцка затоа што политиката дозволи дивјачко чудовиште со 14 криминални досиеја слободно да шета по улиците“, напиша Кирк.Заруцка беше избодена до смрт на 22 август во воз од страна на 34-годишниот бездомник Декарлос Браун Џуниор, со долга историја на прекршоци и ментални болести. Безбедносните камери ја снимија сцената кога напаѓачот ја нападнал четири минути по нејзиното качување во возот.

Свет | пред 4 месеци

drisla

О2 Иницијатива: „Потпишете петиција – Дрисла да остане во јавно владеење, доста е од мафијашки тендери“

О2 Иницијатива повикува граѓаните да ја потпишат петицијата за Дрисла да остане под јавно управување на Град Скопје, а идните кандидати за градоначалници да се обврзат дека нема да склучуваат јавно-приватни партнерства, туку ќе инвестираат во трансформација на депонијата во современ центар за управување со отпад по примерот на Љубљана.Потпиши ја петицијата Дрисла да остане во јавно владеење на Град Скопје, а идните кандидати за градоначалник на Град Скопје да се обврзат на ова и започнат инвестирање во трансформирање од една застарена, нестандардна депонија во современ центар за управување со отпад, по пример на Љубљана, каде помалку од 5% од отпадот се депонира.https://chng.it/rfHF2vHch8-Сподели ја!Бараме Дрисла да остане во владение на град Скопје и да се трансформира по примерот на Регионалниот центар за управување со отпад во Љубљана, а не да се дава на јавно-приватно партнерство, приказна која цела деценија е тотален неуспех и кривец зошто сме тука кај што сме!Бараме кандидатите за градоначалник на Град Скопје да се обврзат дека нема да формираат јавно-приватно партнерство за управување со Дрисла и дека ќе го започнат процесот на изградба на центар за управување со отпад по примерот на Љубљана, со комбинирани финансии од сопствен буџет, буџет на општините во Скопскиот регион, државни средства, ЕУ фондови, кредити со ниски стапки.Во Словенија инвестицијата чинеше околу €150 милиони, каде 50% беа обезбедени од европски фондови. Изградбата одеше во фази, а јавното претпријатие е самоодржливо и не му се потребни субвенции за да функционира. Бараме да се преземе истата стратегија и за Дрисла и да престане системот на просто депонирање на отпад!Се угушивме од чадовите на запалени депонии! Доста ни е од застарен начин на постапување со отпадот каде само се трупа во депонии!Премиерот Мицкоски изјави дека повторно ќе направат јавно-приватно партнерство, како претходно, кога Дрисла беше дадена на мафијашите италијани во време на Коце Трајановски. За девет години ништо не направија од наведеното во тендерот. Градот Скопје имаше само 20% од сопственоста над Дрисла.Премиерот нагласува дека ќе имало јавен тендер, со јасни критериуми, божем нешто различно овојпат. И тогаш имаше јавен тендер со јасни критериуми и беше избрана оваа сомнителна фирма и тоа два пати, а германската компанија Шолц со години го оспоруваше доделувањето на тендерот.Не, доста ни е од лоши практики, неуспешни управувања и мафијашлук!Доста е чекање, доста е некој друг да направи!Буџетот на град Скопје за 2025 г. е €115 милиони, дополнително на сите општини во Скопскиот регион е €231 милиони, а на државата е €5.8 милијарди! Скопскиот регион создава речиси половина од државниот БДП! Редно е да се вложи назад!Не може и не смее да се дозволи да не се инвестираат €150 милиони во Дрисла за да стане центар за современо управување со отпад, чија цел е нула отпад. Љубљана денес депонира помалку од 5% од создадениот отпад.Чистиот воздух, здравата животна средина, безбедноста на граѓаните на Скопје мора да бидат наш приоритет. Државата и градот заедно со општините од Скопскиот регион имаат одговорност за обезбедување на одржлив, современ и сигурен систем за управување со отпад.

Скопје | пред 4 месеци

diela1

(Фото) Ова е Диела, Еди Рама ја претстави виртуелната министерка во неговиот кабинет

Во новиот состав на владата, премиерот Еди Рама ја претстави „Диела“ – првата министерка создадена со вештачка интелигенција, што претставува пресвртница во политичкиот живот на Албанија.Диела ќе има задача да ги надгледува јавните набавки и да го олеснува функционирањето на институциите. Без физичко присуство и ограничувања од географија, таа ќе работи преку дигитални канали, отворајќи ново поглавје во начинот на кој може да изгледа управувањето.🇦🇱 Albania to become the first country to appoint a non-physical artificial intelligence (AI) as a government minister.PM Edi Rama announced his new cabinet, which includes an AI named "Diella" as minister of public procurement.Diella previously served as the virtual… pic.twitter.com/IzaSvnbsBj— kos_data (@kos_data) September 11, 2025 „Првпат во историјата на Албанија имаме министер кој е целосно дигитален. Диела ќе ни помогне да бидеме побрзи, поефикасни и потранспарентни,“ рече Рама на Националната асамблеја на Социјалистичката партија.Тој истакна дека дигитализацијата и иновациите се клучот за иднината: „Партиите се менуваат на секои четири години, но нашата обврска е да ја водиме државата кон 2050 година. Диела е доказ дека гледаме напред.“Воведувањето на виртуелна министерка привлече внимание и надвор од Албанија, предизвикувајќи интерес и дебати за улогата на вештачката интелигенција во владините процеси.

Свет | пред 4 месеци

Screenshot-2025-08-22-at-12.02.42

Мицкоски со Фетаи комуницира на англиски јазик! „Зборува течно четри јазици, а сега посветено учи македонски“

На промоцијата на новите регистарски таблички, заменик-премиерот за добро владеење Арбен Фетаи одговори на новинарско прашање на албански јазик, иако прашањето беше поставено на македонски. На укажувањето од новинарите, кусо возврати: „Знам, али јас на албански ако може.“Премиерот Христјан Мицкоски реагираше на случајот, потенцирајќи ја биографијата и високото образование на Фетаи. Тој објасни дека комуницира со него на англиски, затоа што Фетаи заминал од Македонија на шестгодишна возраст.Мицкоски нагласи дека Фетаи зборува четири јазици и последниве месеци вложува голема енергија за да го совлада македонскиот.„Знам дека не му е намерата како што некои политички центри се обидуваат да ја дефокусираат јавноста. Единствената грешка беше тоа што ако одлучи да одговори на албански, требаше да обезбеди преведувач. Им се извинувам на новинарите и сум сигурен дека тоа нема да се повтори,“ изјави премиерот.

Македонија | пред 4 месеци

Protest-vardariste

Билјана Ѓуроска: „Чадот од депониите директно стигнува до плацентата – и го загрозува фетусот“

Долготрајното изложување на чад од депонии може сериозно да го загрози здравјето на трудниците и развојот на фетусот, предупредува д-р Биљана Ѓурска, специјалист по хомеопатска медицина.Денеска продолжувам со Последиците од Продолжена Изложеност на чад од Депонии.Следната ризична група:Влијание кај трудниците и фетусотТрудниците се уште поосетливи, бидејќи загадувањето влијае директно врз нив и индиректно врз плодот:1. Пренос преку плацентата:- Фини честички (PM2.5) и токсични материи можат да навлезат во крвотокот и да стигнат до плацентата.-Се документирани случаи на микроскопски честички пронајдени во плацентата.2. Ризици за бременоста:- Предвремено породување.- Ниска родилна тежина.- Интраутерин заостанат раст.- Зголемен ризик од спонтани абортуси.3. Мајчино здравје:- Поголема веројатност за развој на гестациска хипертензија и прееклампсија, поради воспаление и оштетување на васкуларниот ендотел.- Зголемено оптоварување на срцето и белите дробови – особено кај жени со постоечки хронични болести (астма, хипертензија).4. Долгорочни ефекти врз детето:Децата изложени во пренатален период имаат поголем ризик од астма, алергии, нарушен когнитивен развој и метаболички болести подоцна во животот.Дополнителна информација дека чадот не е само лош мирис кој го детектираат нашите сетила:Кога депонијата е запалена, покрај класичните гасови (метан, CO₂, H₂S), се создаваат и високо токсични соединенија:Диоксини и фурани – познати канцерогени, влијаат на ендокрин систем и развој на фетусот.Полициклични ароматични јаглеводороди – канцерогени и мутагени, особено опасни за клетките во развој.Јаглерод моноксид (CO) – го намалува снабдувањето со кислород, што кај трудници води до фетална хипоксија и оштетувања на мозокот.

Скопје | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-03-at-18.41.43

ОЈО поднесе обвинение за „Вардариште“, за „Дрисла“ уште нема кривична пријава

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши истражната постапка и денеска поднесе Обвинителен акт против три лица за кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 1 од Кривичниот законик.Тројцата обвинети, на ул.„Зендел Џемаил“ во Скопје, од 2020 година до 02.09.2025 година вршеле дејност – откуп на старо железо, метални производи, стари акумулатори и други обоени метали на импровизирани пунктови – отпади, без означена фирма, без да регистрираат правно лице и без да поседуваат соодветна дозвола за вршење дејност за управување со отпад.Согласно обезбедените докази, тие вршеле оставање, фрлање и непрописно транспортирање на отпадот, со што создале диви депонии, кои биле констатирани при настанат пожар на дел од локацијата. Со ваквите незаконити дејствија обвинетите влијаеле врз квалитетот на почвата и воздухот и предизвикале опасност по животот и здравјето на луѓето.Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за тројцата обвинети.Во врска со причините за настанување на пожарот на Вардариште, ОЈО Скопје издава и повеќе наредби со цел откривање на други сторители на кривични дела.По наредба на Основното јавно обвинителство Скопје во финална фаза се и вештачењата во однос на сомненијата за загрозување на животната средина со отпадни материи во постапката која се води против сопственичката и неформалниот сопственик на правно лице од Шуто Оризари. Тие подолг временски период, спротивно на законските одредби од Законот за управување со отпад и спротивно на прописите за заштита на животната средина, складирале поголемо количество отпадно железо, електронски отпад, делови од стари автомобили, шасии од стари отпадни возила и друго на локација за која немале соодветна дозвола за управување со отпад.На 9 јули, на таа локација беше предизвикан неконтролиран пожар на целата маса од складираниот отпаден материјал, а поради обемот и опасноста пожарот не можеше веднаш да биде ставен под контрола. При согорувањето на отпадниот материјал беа испуштени чад, пепел и штетни гасови во амбиенталниот воздух и беше предизвикана опасност за животот и здравјето на луѓето од поголеми размери. По анализа на вештачењата во корелација со сите други прибрани докази, јавниот обвинител ќе донесе одлука и во однос на овој предмет.За настанатиот пожар на депонијата „Дрисла“ до овој момент до Основното јавно обвинителство Скопје не е поднесено известување или кривична пријава од надлежните органи. Сепак, обвинителството ја следи состојбата и доколку утврди дека со кривично-правни дејствија била загрозена животната средина, ОЈО Скопје веднаш ќе постапи.

Некатегоризирани | пред 4 месеци

vardariste-OJO

За Вардариште ќе има 24 часа надзор! „Распоредена е екипа од приватно обезбедување“

Депонијата Вардариште, која со години претставува ризик за пожари и загадување, од денеска е под постојан надзор. На терен е распоредена екипа од приватна агенција за обезбедување со цел да се спречи влез на лица и можни намерни потпалувања, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.Ангелов нагласи дека моментално на Вардариште нема горење или чадење. „Последниве денови секојдневно испраќавме по едно специјализирано возило – хермелин – кое интервенираше на местата каде што имаше само чадење,“ рече тој.Тој најави дека ќе се изработи специјален план за целосно обезбедување на депонијата и за спречување на нови обиди за палење, бидејќи постојат сомнежи дека пожарите на Вардариште и на „Дрисла“ биле предизвикани намерно.Ангелов потсети дека неодамна биле уапсени три лица кои купувале материјали од оние што палат кабли за да дојдат до метал. „Со нивното отстранување ќе се обесхрабрат сите што го правеле тоа, затоа што веќе нема да има кој да откупува,“ истакна тој.На денешната владина седница се очекува да биде донесена и формална одлука за забрана за влез на Вардариште, што вчера не можело да се реализира поради присуството на дива населба во тој дел.

Скопје | пред 4 месеци

saban-saliu

Шабан Салиу ќе се трка за градоначалник на Шуто Оризари

Претседателот на Демократските сили на Ромите (ДСР), Шабан Салиу, синоќа ја претстави својата кандидатура за градоначалник на општина Шуто Оризари.„Стојам пред вас со чувство на гордост и благодарност. Шуто Оризари е единствената општина во светот што ја води ромската заедница, место каде секој камен ја прераскажува нашата историја, култура и непокорлив дух. Денес заедно одлучуваме за иднината – за чесно и одговорно управување со нашата општина,“ порача Салиу пред присутните граѓани.Тој најави дека неговиот приоритет ќе биде унапредување на инфраструктурата со асфалтирани улици до секое домаќинство, проширен водовод и канализација, поставување на LED улично осветлување и изградба на безбедни пешачки патеки. Меѓу плановите се и изградба на нови социјални станови за семејствата што со години чекаат покрив над глава.„Особено ќе вложиме во образованието и културата со изградба на современо основно училиште, поддршка за културните установи и создавање услови младите да ја негуваат ромската традиција, додека стекнуваат знаење според најновите стандарди,“ рече Салиу.Програмата вклучува и формирање мобилен здравствен тим, комплетна реконструкција на амбулантата, изградба на дом за стари лица и создавање Фонд за поддршка на ранливите семејства.

Скопје | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-11-084643

(Видео) Даваат знаци кога може да пука во Чарли Крик?

Конзервативниот активист и близок сојузник на американскиот претседател Доналд Трамп, Чарли Кирк (31), бил убиен за време на говор на Универзитетот Јута Вали. Напаѓачот облечен во темна облек од покрив испукал еден истрел кој го погодил Кирк во вратната артерија. Настанот се случил пред околу 3.000 присутни, при што неговото семејство било таму, но не е повредено.- The suspect can be seen running on the roof after firing the shot at charlie kirk. pic.twitter.com/ocTCtj1GQ5— Abebe Samson (@AbebeSamson1) September 10, 2025 Очевидци опишуваат дека Кирк ја кренал раката додека крв блика од неговиот врат, а потоа бил пренесен во болница, каде бил прогласен за мртов. Студентот Портер Лафебер, кој се наоѓал на околу 15 метри од местото, сведочел дека луѓето панично барале засолниште во околните згради. Видеа на социјалните мрежи го прикажуваат хаотичниот момент, а на некои од нив се гледа и напаѓачот како трча по кровот.Во дел од видеата што се споделуваат на социјалните мрежи пишува дека луѓето што стојат зад Крик како да дале точни знаци кога атентаторот може да пукаLooks like the spotters gave the signal to shoot?As far as I understand they waited for the right moment to make a political point, they waited for the moment when Charlie talks about Gun Violence. #CharlieKirkdead They wanted him to be shot while he talks about shootings. pic.twitter.com/hItjElBwhG— Mahalaxmi Ramanathan (@MahalaxmiRaman) September 11, 2025

Свет | пред 4 месеци

IMG_3593

Стевче Јакимовски повторно ќе се бори градоначаничко место - ја објави кандидатурата за Карпош

Актуелниот градоначалник на општина Карпош, Стевче Јакимовски, денеска официјално ја објави својата нова кандидатура за градоначалник на претстојните локални избори.Со ова, тој влегува во трка за уште еден мандат, откако претходно неколку пати ја извршуваше функцијата прв човек на Карпош.

Скопје | пред 4 месеци

271709418_629895324895721_7621861029878834127_n

Од 12 октомври стартува новиот систем за влез на Македонци во ЕУ

Системот за влез/излез на Европската Унија ќе започне со примена од 12 октомври, потврди денеска евроамбасадорот Михалис Рокас. Според него, оваа мерка има за цел зајакнување на безбедноста на граничните премини, а истовремено и поедноставување на самата процедура за патниците.„Станува збор за постепен процес кој ќе донесе и олеснување на влезот во ЕУ,“ рече Рокас.Во пракса, граѓаните од трети земји ќе треба еднаш да се регистрираат со отпечатоци од прсти и фотографија. По оваа иницијална регистрација, при следните патувања ќе можат да го користат автоматизираниот систем за влез на аеродромите.Евроамбасадорот посочи и дека системот ЕТИАС е различен и не треба да се меша со системот за влез/излез, додавајќи дека јавноста ќе биде навремено информирана за неговото воведување.

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања