ТОП

247555514_648706932808887_4536265235057398963_n

Куќниот притвор заменет со мерка притвор за нападот на градоначалничката на Скопје

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство Скопје поднесена против решение на судија на претходна постапка од 12.07.2025 година, ценејќи ги наводите во жалбата како и одговорот на жалба, донесе решени со кое жалбата е основана и мерката куќен притвор за осомничениот С.Љ. ја замени со мерка притвор.-Имено, С.Љ. осомничен за кривичното дело Насилство од чл. 386 ст.3 вв ст.1 од КЗ, а поврзано со нападот на градоначалничката на Град Скопје, кој на 12.07.2025 год. беше спроведен во судот, првично му беше определена мерка куќен притвор. Но, советот смета дека опстојуваат околностите од чл.470 ст.1 т. 1 и 2 од ЗКП односно Опасност од бегство и Околности кои оправдуваат дека може да го повтори делото, па заради тоа му определи мерка притвор во скратена постапка, се наведува во соопштението.По доставеното решение, од надлежната Полициска станица добиено е известување дека лицето е веќе спроведено во Затворот Скопје.

Скопје | пред 6 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-40-9280PM

Повреден 64-годишен човек во центарот на Скопје, парче лимена ограда му паднала врз глава од градилиштето кај поранешно „Беко“

64-годишен маж утрово бил повреден откако парче лим од заштитната ограда околу градилиштето кај некогашното „Беко“ во центарот на Скопје се одвоило и му паднало врз глава додека поминувал покрај градилиштето со велосипед.Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека работат на расчистување на случајот.„На 15.07.2025 година, околу 7:30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на улицата Даме Груев, додека лицето С.П. (64) се движело со велосипед, врз него паднал дел од лимената заштитна ограда поставена околу градилиштето. Повредениот е пренесен со возило на Итната медицинска помош во Ургентниот центар“, соопштија од МВР.Станува збор за објект зад кој стои компанијата „БС Консалтинг“, која во периодот на градоначалникот Андреј Жерновски добила дозвола за доградба и надградба на постојниот хотелски објект. Откако започнале градежните активности, инвеститорот решил целосно да го урне објектот, бидејќи било посочено дека темелите не се соодветни за планираната надградба. Со тоа, наместо санација, била започната нова градба од темел, за што биле потребни нови одобренија.Но, поради мораториумот за градба што го воведе Општина Центар, компанијата немала дозвола за нова градба, и покрај тоа, градежните активности продолжиле во повеќе наврати. Инвеститорот бил санкциониран со казни, но работите на терен не биле целосно запрени.Во време на мандатот на поранешниот градоначалник Саша Богдановиќ, против сопственикот на компанијата Борис Стојменов била поднесена и кривична пријава.Две години подоцна, Јавното обвинителство поднесе обвинение за нелегално градење.

Скопје | пред 6 месеци

Feliks

За убиецот на кучето Феликс е изречена затворска казна - Прв пат во историјата на Македонија!

По првпат во историјата на Македонија, изречена е ефективна затворска казна за убиство на куче. Основниот кривичен суд во Скопје денес го осуди Љубе Крстевски на три месеци затвор за грозоморното убиство на кучето Феликс – пресуда што активистите за заштита на животни ја оценуваат како историска.Во продолжение следува реакцијата на организациите „Анима Мунди“ и „Хуман зелен град“:Денес е голем ден! Денес монструозниот убиец Љубе Крстевски доби првостепена пресуда со ефективна затворска казна од 3 месеци за грозоморното убиство на Феликс! Ефективна затворска казна е изречена првпат во историјата на Македонија!Активистите за заштита на животни повторно испишаа историја! Пресудата е жив доказ дека да се биде активен граѓанин се исплати, промените се случуваат! Кога се бориме против неправда тоа има ефект!Судијката Лидија Петровска при изрекувањето на пресудата рече:„Изрекувањето на ефективна казна затвор има значење за заштита на јавниот интерес и ќе превенира слични постапки во иднина. Се работи за дело што предизвика висока јавна чувствителност и морална загриженост особено во контекст на зголемениот број на случаи на суровост кон животните. Со изрекувањето затворска казна се испраќа порака дека ваквите постапки нема да се толерираат и дека секој граѓанин има обврска за хуман однос кон животните“.Адвокатот на убијците, Горан Колев кој не ни знаел дека постои Законот за заштита и благосостојба на животните, во својот завршен збор изјави„Сепак не е човек, сепак е куче“. Горан, од убиство на куче до убиство на човек има само еден чекор! Тоа е непобитен факт!Ќе се жалат, ама ќе се жалиме и ние! Но денес ќе славиме и ќе се сеќаваме на милиот Феликс! Ќе се сеќаваме на секое друго животно што настрадало од човечка рака! Ниедно не е заборавено! Нема да се откажеме и ќе се бориме до крај! Додека и последното живо суштество не го добие правото што му припаѓа по раѓање – да живее живот во слобода!

Македонија | пред 6 месеци

invalidska-kolicka2

Работат со најтешките случаи, а немаат исплати ниту за мај, ниту за јуни: Персоналните асистенти заборавени додека се чека ребалансот на буџетот

И во мај, и во јуни – без денар. Персоналните асистенти, кои секојдневно се грижат за лица со најтешка попреченост, од јуни наваму работат без ниту денар надомест. Исплатата за мај доцни, јуни одамна заврши, а хонорарот го нема. Причината? Повторно се чека ребалансот на државниот буџет.Ова не е првпат да се случува, тврдат во разговор за Скопје1 дел од персоналните асистенти. Секојпат кога има ребаланс или каков било фискален застој, програмата за персонални асистенти е меѓу првите што останува во финансиска сенка.А токму тие, најчесто ангажирани преку центрите за социјална работа и преку владина програма, секојдневно се справуваат со здравствени и физички предизвици во име на своите корисници.Иако нивната работа е исклучително одговорна и бара физичка, психолошка и емотивна сила, персоналните асистенти веќе втор месец ја извршуваат без никаква финансиска надокнада. Додека државата чека усвојување на ребалансот, тие секојдневно менуваат катетри, облекуваат, бањаат, мерат гликемија и притисок, даваат терапија, преврзуваат рани и обезбедуваат прва помош – сѐ што е потребно за основно функционирање на нивните корисници,од медицински аспект. Набавка на храна, лекови, носење секаде каде што е потребно се дополнителни задачи и обврски на личните асистенти.„Работиме без прекин, јас не можам да ги прекинам обврските додека чекам државата да одлучи дали и кога ќе ми исплати, нехумано е да си го оставам корисникот, не нехумано е и ние да чекаме ова да заврши, вели за Скопје1, Марија С.Многу од асистентите стекнуваат богато искуство преку програмата, но поради ниската плата и доцнењата, ја напуштаат државата.„Јас веќе аплицирав за работа во Германија и чекам виза. Таму ќе добивам над 2.000 евра за истата работа. А веќе имам сѐ, помината обука, сертификат, знам да постапувам со слепи лица, да управувам со инвалидска количка, да дадам прва помош. Овде сме невидливи. Кога ќе дојде време за исплата, нè снемува од сите приоритети“, раскажува Сашо В.Според Министерството за труд и социјална политика, преку оваа програма досега се обучени стотици асистенти, со повеќемесечни практични и теоретски обуки. Обуките вклучуваат здравствени вештини, основи на медицинска грижа, комуникација со лица со попреченост, и интервенции при итни состојби.Во однос на актуелна состојба, односно неисплатата на хонорарите, Министерството за труд и социјална политика ја завршило својата обврска и ги проследило податоците за исплата хонорарите до Министерството за финансии. Таму, според информации на Скопје1, се чека финансиско одобрување, поради што доцнат исплатите не само за оваа категорија, туку и за вработените во домовите за стари лица, детските установи и други социјални сервиси.Што се случува со ребалансот?Дискусијата за ребалансот зпочна на 2 јули со општа дебата која траеше три дена, по што започна амандманската расправа.Во текот на расправата минатата недела, поддршка доби амандман од пратениците од власта, кој се однесуваше на обезбедување средства во износ од 50 милиони денари за исплата на надоместок на право на посебен додаток кои ги користат лицата со попреченост до 26 години и лица над 26 години старост, односно за лицата за правото на попреченост.Со ребалансот на Буџетот се врши прераспределба на средства меѓу буџетските корисници, се дообезбедуваат средства за исплата на плати, пред се во Министерството за внатрешни работи, каде е обезбеден раст на платите на вработените од 10 проценти, а обезбедени се дополнителни средства и за исплата на зголемени пензии и дополнителни околу 300 милиони денари за капитални расходи.Вкупните приходи со ребалансот се планирани на ниво од 362,4 милијарди денари, а расходите на износ од 403,7 милијарди денари, што е за еден процент (околу 3,5 милијарди денари) повеќе во однос на првичните проекции со планот за годинава. Проекцијата за БДП останува 3,7 проценти, а инфлацијата е проектирана на ниво од 2,8 проценти.Буџетскиот дефицит останува непроменет и во апсолутен износ и како процент од БДП, односно 41,3 милијарди денари или 4 проценти од БДП. Капиталните расходи, пак, изнесуваат 47,5 милијарди денари.Државниот долг на крајот на 2025 година, според проекциите на Владата, ќе изнесува 53,3 проценти од БДП, а јавниот долг се очекува да биде на ниво од 62,1 процент.Анита Буховскифото: Unsplash

Македонија | пред 6 месеци

490506140_1221633092883168_4859003472972009158_n

Вонредно зголемување на минималната плата во Србија

Српската Влада донесе одлука за зголемување на минималната плата.Од 1 октомври 2025 година минималната плата ќе изнесува 500 евра, а од 1 јануари 2026 година ќе се зголеми на 550 евра.Минималната плата во Србија ќе се зголеми за 9,4% од 1 октомври годинава, на 58.630 динари, односно 500 евра.Ова вонредно зголемување на пензиите е донесено на седница на Социјалниот и економски совет на Србија.Министерот за финансии Синиша Мали и претседателот Александар Вучиќ истакнаа дека ова зголемување е дел од стратегијата за подобрување на животниот стандард и зголемување на куповната моќ на работниците.Сегашната минимална плата изнесува околу 457 евра, што значи дека од октомври следува покачување од околу 9,4%, а од јануари дополнително зголемување.Оваа мерка, според српскиот државен врв ќе влијае на речиси 95.000 работници кои моментално примаат минимална плата, со цел да се подобрат нивните услови за работа и живот.Вучиќ се пофали дека преку оваа политика се очекува и раст на пензиите, како и зголемување на просечната плата во земјата.Синдикатите ја поздравија одлуката, додека дел од работодавачите изразија загриженост поради зголемените трошоци.

Актуелно | пред 6 месеци

Angel-Dzambaski

Контроврзниот Џамбаски со навредливи тврдења на сметка на Јовева: „Ги мрази Бугарите, а татко и е од Босилеград“

Бугарскиот политичар и поранешен член на Европскиот парламент, Ангел Џамбаски, повторно се најде во центарот на контроверзии поради неговата реакција на говорот на словенечката европратеничка од македонско потекло, Ирена Јовева. По нејзиниот настап во Европскиот парламент, во кој недвосмислено застана во одбрана на македонските позиции, Џамбаски ѝ упати навреди и ја обвини дека шири омраза кон Бугарите, иако, според него, потекнува од бугарско семејство.– Една од најголемите мразители на Бугарите во Европскиот парламент е токму оваа дама, чие потекло, според нејзините сопствени зборови, е мешано, татко ѝ е Бугарин роден во Босилеград, а мајка ѝ Македонка од Скопје. Јовева секогаш покажува вистинска нетрпеливост кон Бугарија и Бугарите, го негира постоењето на македонските Бугари, како и историското и културно влијание на Бугарија врз територијата на денешна Северна Македонија – напиша Џамбаски на социјалните мрежи.Тој својот напад го прошири и со историски квалификации, обвинувајќи дека однесувањето на Јовева е последица на, како што вели, „децении на асимилација и геноцид врз Бугарите во западните бугарски краишта и Македонија, спроведени од српско-комунистичкиот режим и молкот на бугарските власти од 1944 година наваму“.Џамбаски, кој и претходно е критикуван за својот екстремистички дискурс и за провокативни потези – како нацистички поздрав во Европскиот парламент – во своите настапи често ја таргетира Македонија и нејзини претставници.Повод за неговата последна реакција беше говорот на Јовева во ЕП, каде што истакна дека „македонскиот народ не треба да бара ничија дозвола за да постои“.

Македонија | пред 6 месеци

Kristijan

Почина познатиот македонски гитарист и професор Кристијан Волчев на 36-годишна возраст

Македонската музичка сцена загуби еден од своите талентирани уметници – на 36 години почина гитаристот, професор, композитор и аранжер Кристијан Волчев.Роден во Скопје во 1988 година, Волчев беше класично образован музичар (ДСУ „Никола Карев“) кој со својата работа ги спојуваше световите на класичната гитара и современата музика.Работеше како професор по класична гитара, оставајќи силен печат кај бројни млади таленти кои ги менторираше со страст и посветеност.Покрај педагошката дејност, Волчев беше познат и како гитарист на македонскиот алтернативен рок состав „Греј“ (Grey), во кој ја изразуваше својата музичка индивидуалност и слобода.Неговите аранжмани на традиционални македонски песни како „Јовано Јованке“ и „Со маки сум се родила“ беа примени со големи емоции од публиката и се сметаат за културно значајни адаптации.Во 2022 година, Волчев го објави EP-албумот Synesthesia Live In Skopje, на кој впечатливо ги комбинираше класичните изведувачки техники со современиот кросовер звук – проект што останува како важен запис од неговата музичка оставнина.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-02-23-at-09.40.30

Пентагон ќе го користи Грок на Маск

Министерството за одбрана на САД почнува да го користи Grok, четбот за вештачка интелигенција развиен од компанијата xAI на Илон Маск.Во објава на социјалната мрежа X на Маск, xAI го претстави Grok for Government, пакет производи што ги прави своите најнапредни модели на вештачка интелигенција достапни за владата на САД.Овој потег претставува значаен чекор напред за амбициите на Маск во областа на вештачката интелигенција. Технолошкиот милијардер ја позиционираше својата програма како директен конкурент на OpenAI, кој исто така обезбеди договор за одбрана и технологија.Договор со државата вреден максимум 200 милиони долариДоговорот, чиј максимален износ е 200 милиони долари, вклучува развој на нови проекти како што се прилагодени модели за национална безбедност и основни научни истражувања, како и апликации за вештачка интелигенција кои треба да ја забрзаат примената на вештачката интелигенција во здравството, науката и одбраната.Но, Грок предизвика и контроверзии во последниве денови. Минатата недела тој објави антисемитски коментари, по што Маск најави промени во системот. Накратко, Грок на Маск се нарекувал себеси МекаХитлер и пишувал против Евреите.Компанијата X објави дека спорните објави се отстранети и дека проблемот не е поврзан со основниот јазичен модел што го напојува Grok.

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-06-24-at-09.17.25

Трамп: Сум разочаран од Путин, но сè уште не сум завршил со него

Доналд Трамп изјави дека е разочаран, но „сè уште не е готов“ со рускиот претседател Владимир Путин, во ексклузивен телефонски разговор за BBC. Интервјуто го даде неколку часа откако објави план за испорака на оружје за Украина и нови царини за Русија ако не се постигне примирје во рок од 50 дена.„Речиси на никого не му верувам“, рече Трамп, одговарајќи на прашањето дали му верува на Путин.Американскиот претседател, во интервју од Овалната соба, исто така изјави дека ја поддржува НАТО, иако претходно ја нарекуваше „застарена организација“. Сега вели дека Алијансата „сама си ги покрива трошоците“ и го поддржува принципот на заедничка одбрана.Разговорот се одржал по иницијатива на BBC, како дел од подготовките за големо интервју по повод една година од обидот за атентат врз Трамп во Батлер, Пенсилванија. Повикот траел 20 минути.Прашан дали тој настан го променил, Трамп одговори: „Не сакам да мислам на тоа. Ако размислувам премногу, тоа може да го промени животот.“Голем дел од интервјуто бил посветен на Русија. „Четири пати мислев дека сме блиску до договор, и секојпат нешто ќе се случи,“ рече тој.На прашањето како ќе го натера Путин да го запре крвопролевањето, Трамп одговори со карактеристична иронија:„Ќе му кажам: ‘Добро, блиску сме до договор,’ а потоа тој ќе сруши некоја зграда во Киев.“За НАТО, изјави дека Алијансата сега „е спротивното од застарена“, бидејќи, според него, „сами си плаќаат“.На прашање за иднината на Обединетото Кралство, Трамп рече дека тоа е „одлично место – знаете, имам недвижности таму“.Потврди дека во септември ќе го посети Обединетото Кралство, што ќе биде негов втор државен престој таму – реткост за американски претседател.„Сакам добро да се поминам и да изразам почит кон кралот Чарлс, затоа што тој е вистински господин“, изјави Трамп.

Свет | пред 6 месеци

tarantuli-kolaz

Запрепастувачко откритие на аеродромот Келн-Бон: Наместо бисквити , шверц на илјадници млади тарантули од Виетнам

Неочекувана пратка која пристигнала од Виетнам и била наменета за примач во регионот Зауерланд, западна Германија, открила морничава содржина – наместо најавените бисквити, германските царински службеници пронашле околу 1.500 млади тарантули.Заплената била извршена пред три недели на аеродромот Келн-Бон, кога при рутинска контрола на пратката тешка седум килограми, службениците почувствувале невообичаен мирис. Тоа веднаш предизвикало сомнежи дека пакетот не содржи кондиторски производи, туку нешто сосема друго.„Забележливиот мирис при отворањето на големиот пакет не беше во согласност со наводната содржина на седум килограми бисквити. Моите колеги на аеродромот редовно се изненадени од содржината на забранетите пакети од целиот свет, но откривањето на околу 1.500 мали пластични садови со млади тарантули во овој пакет ги остави без зборови дури и најискусните меѓу нив“, изјави Јенс Аланд, портпарол на Генералната царинска управа во Келн.Пајаците биле натрупани во мали пластични контејнери и внимателно сокриени во обвивки за колачиња. За жал, голем дел од животните не го преживеале транспортот, што претставува директно прекршување на прописите за благосостојба на животните. За преживеаните тарантули веќе е обезбедено соодветно згрижување.„Ова е невообичаена заплена за германската царина. Тажно е што некои луѓе експлоатираат животни исклучиво заради профит“, додаде Аланд.Против примателот на пратката е покрената кривична постапка. Увозот на животни од земји што не се членки на Европската Унија е строго регулиран и предмет на строги контроли и дозволи.Фото: Hauptzollamt Köln/Главна царинска управа-Келн

Свет | пред 6 месеци

plostad-vremenska-toplo-vreme-fontana-skopje

Пеколни температури, а попладне невреме – не очекува силен ветер, пороен дожд и град!

Прогнозата на УХМР за денеска е сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.-Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 38 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе достигне до 37 степени.Поради продор на поладен воздух од север на висина над нашиот дел од Европа, ќе биде доволно да дојде до поголема дестабилизација на атмосферата во Македонија, прогнозира и Славчо Попоски.-Во пладневните и во попладневните часови на повеќе места кај нас ќе има развој на грмотевични конвективни облачни јадра од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално пак атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град.И во делови од Скопскиот регион се очекува појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во делови од котлината можна е појава и на краткотрајно невреме.

Македонија | пред 6 месеци

Tomas-Vajc

Вајц открива - бугарски европратеници сакале да го отстранат од позицијата известувач: „Ми го споделија бројот и добивав закани по живот“

Известувачот на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц, откри дека претрпел сериозни притисоци и валкана кампања додека работел на извештајот за напредокот на земјата.Во интервју за Канал 5, тој откри дека поради неговата работа, бил мета на екстремно десничарски групи на Телеграм, каде бил споделен неговиот телефонски број. „Добивав закани по живот, а тоа продолжи и по гласањето на извештајот“, рече Вајц.Тој посочи дека целата ситуација дополнително ескалирала и во Бугарија, а потврди и дека бугарски европратеници се обиделе да го отстранат од позицијата известувач.„Имаше кампања против мене дека сум корумпиран, дека сум пристрасен… Ми замеруваа што сум разговарал со македонски соработници. А јас им велев: ‘Извинете, но ова е извештај на ЕУ за Северна Македонија – со кој друг да разговарам?’“, рече Вајц, коментирајќи ја ситуацијата со доза иронија.Вајц нагласи дека извештајот бил долг и тежок процес, особено затоа што за земјата немало подготвен извештај уште од 2022 година.„За жал, бугарски европратеници се обидоа да го блокираат целиот извештај. Нивната главна цел беше тој воопшто да не се изгласа. Единствената измена што се бараше беше бришење на деловите во кои се признава македонскиот идентитет и јазик“, изјави Вајц.На прашањето зошто воопшто се споменуваат идентитетот и јазикот во еден ваков документ, тој беше дециден: „Не е пракса јазикот и идентитетот на земја-кандидат да се преиспитуваат од никого“.Укажувајќи на тоа дека сепак извештајот е изгласан, Вајц истакна дека тоа е јасен сигнал дека Европската Унија останува посветена на поддршката на Македонија на нејзиниот пат кон членство.„Мислам дека овој извештај не нуди никаква причина да не се спроведат уставните измени. Тоа е договор што Северна Македонија го има потпишано со ЕУ – дека овие измени ќе се направат. А веднаш потоа, ќе почнеме со вистински пристапни преговори“, рече Вајц, додавајќи дека овој процес не треба да се злоупотребува за негово блокирање.фото: FB

Македонија | пред 6 месеци

batinci

Муса Џавит кој го уби армискиот офицер и понатаму е недостапен за правдата – се бара со меѓународна потерница за две убиства

Бегалецот Муса Џавит, кој е осомничен дека минатата недела го застрела и усмрти армискиот офицер пред селото Батинци, се уште не е пронајден и, според сознанијата на истражните органи, најверојатно ја напуштил земјата.Од Министерството за внатрешни работи за ТВ 24 потврдуваат дека Џавит веќе подолго време се бара со меѓународна потерница за претходно извршено убиство, а откако е осомничен за ново кривично дело, по него се трага со засилена меѓународна акција.„Нашите служби се во континуирана соработка и контакт со безбедносните служби од странските држави каде што постои сомнеж дека осомничениот би можел да се наоѓа“, соопштија од МВР.Муса Џавит, кој има богато криминално досие, за само една година е поврзан со две смртни пресметки. Двата вооружени инциденти се случиле во летниот период, минатата и оваа година, во скопското село Батинци. И покрај сериозноста на случаите, полицијата сѐ уште не успеала да го лоцира и приведе.Последното убиство се случи пред неколку дена, кога 50-годишен офицер на АРМ беше смртно застрелан со два куршума додека се возел со ќерка си кон нивниот дом. Напаѓачот отворил оган непосредно пред влезот на селото.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-07-13-at-12.45.27

Детали за двојното убиство и самоубиство во Прилеп: Петар веќе бил пријавуван за пукање, пиштолот го наследил од татко му

Петар Ѓ. (62) од Прилеп, кој завчера ги уби својот внук од сестра и неговиот малолетен син, а потоа се самоуби по престрелка со полицијата, и во минатото бил пријавуван за инцидент со огнено оружје, но делото тогаш застарело, информираат од ОВР Прилеп за „Скопје1“.Според полицијата, оружјето со кое го извршил двојното убиство и самоубиството било во негова сопственост легално – стекнато по наследство од негов родител, за што поседувал дозвола од 2012 година, обновена во 2022 година.Во јавноста се појавија прашања зошто полицијата реагирала дури по 21:00 часот. Од МВР појаснуваат дека првата пријава за настанот била примена во 21:20 часот, а до тој момент во ОВР Прилеп не постоела никаква претходна пријава од граѓани, сведоци или очевидци.Во евиденцијата на полицијата, против Петар Ѓ. не постоеле активни кривични пријави, ниту поплаки во последните години. Единствената пријава датира од 2002 година, кога бил пријавен за предизвикување општа опасност – случај во кој пукал со огнено оружје во кафеана, но постапката за тој инцидент е застарена.Истражната постапка за мотивите и околностите на трагичниот настан е во тек.

Македонија | пред 6 месеци

MixCollage-14-Jul-2025-02-56-PM-2698

Неофицијално: Села за Струга, Таравари се враќа дома – ќе се бори за Гостивар, Бујар Османи кандидат за Чаир

Во рамки на договорот за распределба на градоначалнички кандидати во коалицијата „Европски фронт“, неофицијално дознаваме дека Зијадин Села ќе влезе во трката за Струга, додека Арбен Таравари, по пауза од еден мандат, се враќа во битката за Гостивар, каде веќе претходно беше градоначалник.Поранешниот министер за надворешни работи, инаку по професија лекар – хирург, Бујар Османи ќе се кандидира за Чаир, а како што дознаваме, коалициските партнери се согласиле ДУИ да се откаже од кандидатурата на Рамиз Мерко во Струга.Партијата на Села ќе има кандидати и во Дебар, каде во игра е Тирон Јајага, како и во Арачиново со Дритон Небиу.ДУИ пак ќе настапи со свои кандидати во повеќе општини: Еркан Арифи за Липково, Бајрам Реџепи за Тетово, Бесник Емшиу за Боговиње, Емир Сулејман за Желино, Аркин Јахији за Брвеница, Суат Шакири за Чашка и Алија Јаоски за Пласница.Таравари и неговата политичка структура ќе настапат и во Врапчиште, каде ќе го поддржат Исен Шабани, како и во општина Сарај со кандидатот Блерант Рамадани.Официјална потврда од коалицијата засега нема, но очекувањата се дека договорот наскоро ќе биде обелоденет.You said:

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања