ТОП

1669028980_2874109_rumen-radev_ls

Радев: Македонија сама се заглави на патот кон ЕУ, услов е Бугарите во Уставот

Претседателот на Бугарија, Румен Радев е дециден дека неговата земја нема да се откаже од заштитата на правата на Бугарите во Македонија.Според него Македонија сама се заглавила на патот кон Европската Унија затоа што, како што тврди не сака да ги исполни критериумите за членство.„Сè уште чекаме Република Северна Македонија да исполни еден јасно напишан услов што би ја отворил вратата за почеток на преговорите, а тоа е гарантирање на рамноправноста на Бугарите во оваа земја преку нивно вклучување во Уставот заедно со другите државотворни народи”, порача Радев од Хрватска, каде е во официјална посета.Бугарија, изјавил, не поставува никакви нови услови надвор од веќе договорените.

Македонија | пред 6 месеци

pozarna-avtobus-nokje

Пожар во гаражен простор во зграда во Хиподром – оштетени мерцедес и БМВ, а едно лице вдишало чад

Во раните утрински часови денеска, во скопската населба Хиподром избувнал пожар во гаражен простор под зграда, во кој биле зафатени патнички возила „мерцедес“, „бмв“ и мотор „беверли“.Возилата се сопственост на А.С. (32) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипа на ППЗ Скопје, а едно женско лице добило медицинска помош поради вдишување чад.

Скопје | пред 6 месеци

kompjuter

Кривична пријава за ширење расистички и ксенофобичен материјал

СВР Штип поднесе кривична пријава против А.А. (31) од Македонска Каменица, поради сомнение дека сторил кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.Како што се наведува во соопштението, на 23 април 2025 година, пријавениот преку социјална мрежа објавил содржини што поттикнувале омраза, нетрпеливост и насилство.

Македонија | пред 6 месеци

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Сообраќајна несреќа во битолско – возач починал на лице место

На регионалниот пат Битола – Демир Хисар, во близина на селото Драгарино, на 13 јули 2025 година, патничко возило „Фолксваген Поло“ управувано од А.Ѓ. (45) од с. Загориче излетало од коловозот.Како што соопшти МВР, возачот починал на самото место, а смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид извршиле јавен обвинител и полициска екипа од СВР Битола.

Македонија | пред 6 месеци

pozar-1

Пожар зафатил шест куќи во Скопје, неколку лица биле итно хоспитализирани

Во голем пожар што изби на улицата „Скупи“ во Скопје, биле целосно опожарени шест куќи, додека делови од уште две биле зафатени од огнот.Според информациите од МВР, настанот се случил на 13 јули 2025 година во 20:00 часот, а во пожарот малолетно лице се здобило со повреди и било пренесено во ГОБ „Св. Наум Охридски“.Со симптоми на вдишување чад, медицинска помош побарале и Ш.С. (34), Р.С. (69), Х.Х. (49) и тројца полициски службеници. Пожарот бил успешно локализиран од екипи на Противпожарната бригада на Скопје.

Скопје | пред 6 месеци

mickoski

Мицкоски: Најпрво потврда на коалицијата, потоа кандидати за градоначалници на Центар и Куманово

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека прво ќе се финализира коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и политичките партии со кои соработуваат, по што ќе продолжат разговорите со коалициските партнери во Владата, ЗНАМ и Вреди. Тој го потенцираше значењето на внатрешната коалиција како приоритет пред објавување на имињата на кандидатите за градоначалници на општините Центар и Куманово.– Преговорите со политичките партии се во тек. Сите политички партии кои се дел од нашата внатрешна коалиција се наш приоритет, тие преговори се во тек, се разговара. Очекувам коалицијата да биде потврдена. Потоа ќе продолжат и преговорите со нашите коалициски владини партнери. Во овој момент се движат во одлична позитивна насока. Кога ќе имаме повеќе детали ќе излеземе во јавноста со информации – одговори Мицкоски на новинарско прашање за текот на разговорите со ЗНАМ и Вреди.Во врска со критиките на СДСМ за квалитетот на новата делница од автопатот Кичево-Охрид, премиерот одби да ги коментира изјавите на опозициската партија.– СДСМ има многу поважна работа од тоа да излегува со вакви пораки, прво треба самиот себе внатре да се консолидира, бидејќи се соочува со уште еден дебакл на уште едни избори кои ќе се случат набргу – рече Мицкоски.

Македонија | пред 6 месеци

IMG_9705

Американскиот Сенат: Пропусти во Тајната служба доведоа до обидот за атентат врз Трамп

Серија сериозни пропусти и неусогласености во работата на американската Тајна служба придонеле за обидот за атентат врз Доналд Трамп што се случи на 13 јули 2024 година, се наведува во извештајот на Сенатскиот Комитет за домашна безбедност и владини работи.Инцидентот се случи за време на предизборен митинг во Батлер, Пенсилванија, кога вооружен напаѓач отвори оган кон поранешниот претседател Трамп. Куршум го погодил неговото уво, а во нападот беше убиен еден присутен, додека двајца други беа тешко ранети.Напаѓачот беше неутрализиран од страна на безбедносните сили.Извештајот, кој беше објавен вчера, укажува на сериозни слабости во комуникацијата и одлучувањето на Тајната служба (USSS), опишани како „вознемирувачки образец на небрежност што довел до трагедија која можела да се избегне“, пренесува агенцијата ДПА.Комитетот посочува дека USSS одбила барања за дополнителен персонал и ресурси неопходни за заштита на Трамп.„Она што се случи во Батлер не беше само трагедија – тоа беше скандал“, изјави претседателот на Комитетот, сенаторот Ренд Пол од Кентаки.Тој остро го критикуваше и отсуството на одговорност по настанот:„Тоа е неприфатливо. Не станува збор само за еден безбедносен пропуст. Ова беше системски колапс – резултат на бирократска рамнодушност, недостаток на јасни протоколи и шокантно игнорирање на директни закани,“ рече Пол.Извештајот предизвика големо внимание во јавноста и постави прашања за безбедносните процедури и способноста на институциите да се справат со слични ризици во иднина.

Свет | пред 6 месеци

shekerinska1

Шекеринска: НАТО нема да попушти во поддршката за Украина

НАТО останува цврсто посветен на помошта за Украина, а Хрватска е еден од највредните и најдоверливи сојузници, изјави заменичката на генералниот секретар на Алијансата, Радмила Шекеринска, во интервју за хрватската агенција Хина.„Хрватска беше еден од сојузниците кој ја поддржа Украина не само политички и финансиски, туку и воено. Обезбедени се 245 милиони евра директна хуманитарна и воена помош. Тоа го цениме, и очекуваме Хрватска да остане доследен сојузник“, рече Шекеринска на Форумот во Дубровник.Таа додаде дека НАТО нема да се откаже од поддршката за Украина, бидејќи Русија ја загрозува европската безбедност и го подрива меѓународниот поредок.„Го поддржуваме не само територијалниот интегритет на Украина, туку и нејзиното право на самоодбрана. Само минатата година сојузниците ѝ обезбедија над 50 милијарди евра воена помош, а во првите шест месеци од годинава уште 35 милијарди“, прецизираше таа.Дополнително, НАТО воспостави посебен команден центар во Висбаден, Германија, за координација на воената помош, како и регионален центар во Полска за логистика и размена на искуства со украинските сили.Во однос на загриженоста во Европа дали поранешниот претседател Доналд Трамп е доследен на членот 5 од Северноатлантскиот договор – принципот на колективна одбрана – Шекеринска вели дека нема причина за паника.„Самитот во Хаг покажа цврсто трансатлантско единство. САД остануваат недвосмислено посветени на НАТО, но тоа значи и очекување Европа и Канада да направат повеќе во поделбата на безбедносниот товар“, посочи таа.Сојузниците се согласија за зголемување на трошоците за одбрана на 5% од БДП – чекор кој, според Шекеринска, ги адресира критиките на Трамп и ги зајакнува одбранбените капацитети на НАТО.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-06-24-at-09.17.25

Трамп радикално го менува пристапот кон Русија? Се најавува директен притисок врз Москва

Американскиот претседател Доналд Трамп радикално го менува својот пристап кон Русија, оценува британскиот Telegraph, наведувајќи дека наместо досегашниот помирлив тон, сега се ориентира кон директен притисок врз Москва.Во понеделникот Трамп најави дека САД ќе ги ревидираат ограничувањата за испорака на одредени типови оружје за Украина, а веќе следниот ден остро се огласи против рускиот претседател Владимир Путин, критикувајќи го за, како што рече, „глупостите што во последно време доаѓаат од Москва“. „Многу од тоа што го зборува Путин е бесмислено“, изјави Трамп.Според Telegraph, по неодамнешниот телефонски разговор со Путин, Трамп го сменил ставот и сфатил дека рускиот лидер нема намера да запре.„Планира да оди до крај и да продолжи со убивање луѓе“, наводно изјавил Трамп.Американската администрација верува дека Русија веќе има распоредено околу 695.000 војници и ги интензивира воздушните напади како дел од новата летна офанзива.Иако не е веројатно дека Трамп навистина би го реализирал заканувачкиот коментар од една протечена аудиоснимка – дека би можел да ја „бомбардира Москва“ – сепак, неговите потези покажуваат нова решеност да ја засили економската и политичка изолација на Русија.Во неделата тој објави дека сите земји-членки на БРИКС, вклучително и Русија, ќе бидат цел на дополнителна 10% царина ако продолжат со, како што рече, „антиамериканска политика“. „Нема да има исклучоци“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social.Клучна фигура во оваа стратегија е новиот американски министер за финансии, Скот Бесент, познат како ризичен играч и финансиски стратег со кариера од Волстрит до највисоките политички кругови. Бесент, кој своевремено работел за Џорџ Сорос и бил еден од архитектите на шокот врз британската фунта во 1992 година, сега се смета за мозокот зад евентуалниот нов бран економски напади врз Кремљ.Во април тој откри дека со Трамп имаат детален план за економско притискање на Кина – модел кој, очигледно, сега се пренесува и на Русија.„Светот виде кои се негативците“, изјави Бесент, додавајќи дека и Москва ќе се соочи со последици ако не се врати на дипломатска патека.САД и Европа досега воведоа над 16.000 санкции кон Русија, што ја прави најсанкционирана држава во светот. Руските банки се отсечени од SWIFT, девизните резерви се замрзнати, а клучни сектори на економијата се под жесток притисок. Но ниту една од овие мерки досега не го смени ставот на Путин за Украина.Трамп, меѓутоа, се чини дека подготвува уште порадикален чекор. На маса е нацрт-закон предложен од сенаторот Линдзи Греам, кој предвидува царини од дури 500% за сите земји што тргуваат со Русија во определени сектори – што би значело де факто економски карантин за сојузниците на Москва.Иако Русија досега успеваше да ги заобиколи санкциите и да го одржи военото финансирање преку продажба на нафта и алтернативни канали за увоз на критични компоненти, аналитичарите предупредуваат дека состојбата се влошува. Инфлацијата останува висока, потрошувачката опаѓа, индустријата стагнира, а државниот буџет е под постојан притисок. Дури и гувернерката на Централната банка на Русија, Елвира Набиулина, неодамна призна дека „пред нас се турбулентни времиња“.Путин, според дипломатски извори, е свесен дека Трамп подготвува нова стратегија. Последното предупредување стигнало во петокот, кога Трамп изјавил дека лично му се заканил со нови санкции ако не се постигне договор.Дали Путин ќе потцени уште еднаш? И што навистина крие новата „батина“ на Трамп – економски колапс или геополитички договор?

Свет | пред 6 месеци

policija

За викендот изречени над 1700 сообраќајни казни – најмногу за брзо возење

Во текот на изминатиот викенд (12 и 13 јули), полициските службеници низ државата спроведоа засилени сообраќајни контроли, при што се изречени вкупно 1711 платни налози за различни прекршоци, информира Министерството за внатрешни работи.Најголем дел од казните – дури 828 – се однесуваат на возачи кои ја пречекориле дозволената брзина. Дополнително, санкционирани се 148 лица кои управувале возило без возачка дозвола, а 80 возачи се исклучени од сообраќај поради возење под дејство на алкохол.Контролите откриле и 70 мотоциклисти кои не носеле заштитна кацига, како и 184 прекршоци поради неправилно паркирање. За некористење сигурносен појас биле казнети 71 возач, а 44 лица се санкционирани за зборување на мобилен телефон при возење. Забележани се и четири случаи на минување на црвено светло, а казни добиле и 11 пешаци.Од сообраќај се отстранети 37 нерегистрирани возила, како и девет технички неисправни.Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови, со апел до сите учесници во сообраќајот строго да ги почитуваат правилата и да придонесат кон поголема безбедност на патиштата.

Македонија | пред 6 месеци

zena

(ВИДЕО) Жена со закани до студентите: Имам куршуми за сите што ќе го чепнат Вучиќ

Во едно село кај Крагуевац, една жена со рачна коса излета пред групата жители на Крагуевац кои околу 18 часот тргнаа кон селото за да предадат хуманитарна помош на загрозените од пожарите.Жената излезе и почна да ја пцуе колоната, викајќи: „Кој ми го гиба Вучиќ, имам куршуми за сите што ми го гибаат Вучиќ!” се закани жената.

Актуелно | пред 6 месеци

Atina-policija

Пукање во кафуле во Атина: Ранети турски државјанин и полицаец

Во едно кафуле во Атина синоќа се случил вооружен инцидент во кој беа повредени две лица, турски државјанин и полицаец, пишува грчкиот весник „Катимерини“, а информацијата ја пренесе и агенцијата „Танјуг“.Според изјави на сведоци, маж кој престојувал во кафулето, турски државјанин, излегол за момент да разговара со некого, но набрзо се вратил во паника, како да е следен. Набргу потоа, непознато лице пукало кон него, при што го погодило во нозете, а во исто време бил ранет и полицаецот кој, според информациите на Катимерини, е сопруг на сопственичката на кафулето. Засега не е прецизирано дали полицаецот бил на должност во моментот на инцидентот.И двајцата повредени се префрлени во болница.Осомничениот напаѓач, кој пеш побегнал од местото на настанот, се верува дека исто така е турски државјанин. Полицијата интензивно трага по него.фото: Unsplash

Свет | пред 6 месеци

Sabac

(ВИДЕО) Инцидент во Шабац: Возач проби блокада и момче заврши на хауба пред очите на сведоци!

Синоќа во српскиот град Шабац се случи сериозен инцидент кога возач со автомобил насилно ја проби блокадата кај локалната гимназија, носејќи момче на хаубата додека десетици луѓе гледале. Настанот предизвика шок и бурни реакции во јавноста, а видеоснимка од случката веднаш се прошири на социјалните мрежи.Според информациите објавени на официјалната страница „Шабачке вести“ на Фејсбук, возачот со намера влегол во блокадата токму во моментот кога момчето се обидувало да го сопре. Тоа завршило на хаубата додека возилото продолжило да се движи, сериозно загрозувајќи го неговиот живот. „Возачот на автомобилот го носеше човекот на хауба, директно му го загрозуваше животот пред очите на бројни сведоци,“ стои во објавата на страницата.Како што наведуваат српските медиуми, возачот веднаш бил приведен, а момчето е префрлено во болница. Засега не се објавени официјални информации за степенот на неговите повреди.

Актуелно | пред 6 месеци

TOSE-FB

„Јас на мои 47 години размислувам да се иселам, со два-три бизниси, замислете што размислува млад човек“ - Зафиров предупредува на егзодус од Македонија

Македонскиот бодибилдер Тоше Зафиров преку видео-обраќање на својата Фејсбук страница испрати остро предупредување за состојбата во државата, укажувајќи на серијата трагедии кои се случија во изминатиот период, вклучително и вчерашната несреќа во Прилеп, повеќе сообраќајки, како и трагедијата во Кочани.Тој директно го прашува министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој неодамна престојувал во Дубаи, дали успеал да научи нешто од тамошниот систем на функционирање:„Таму законот е за сите ист, има луѓе возат Бугати и ако пишува 60, ќе вози 60. Исто се казнува за прекршок и ако возиш Бугати и ако возиш Рено. Тоа може и кај нас да се направи ако се сака,“ порача Зафиров.Како позитивен пример го наведе австрискиот град Грац, каде, според него, во текот на една година нема ниту една жртва во сообраќајни незгоди, додека во Македонија ситуацијата е драстично поинаква.Осврнувајќи се и на неодамнешниот физички напад врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, Зафиров истакна:„Независно од тоа дали некој е од некаква партија, или не е, секоја жена мора да се чувствува безбедно и заштитено, а одобрување на такво насилство е навреда за секоја жена.“Преку објавата Зафиров испрати силна порака до институциите и политичарите:„Јас на мои 47 години размислувам да се иселам, со два-три бизниси, замислете што размислува млад човек. Овде ќе останете само вие политичарите, ние ќе си одиме ако нешто не се смени,“ порача Зафиров.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-07-12-at-10.32.13

ЦУК: Пет активни пожари, деветнаесет изгаснати, состојбата со пожарите до утрово

Според извештајот на ЦУК за пожарите на отворен простор за периодот 13/14 јули до 07:00 часот, во земјава се регистрирани вкупно 24 пожари, од кои пет се сè уште активни, додека деветнаесет се изгаснати.Активни пожари се бележат во пет општини:Во општина Дојран, кај селото Николич, гори нискостеблеста шума.Во општина Чучер Сандево, во селото Горњани, исто така е зафатена нискостеблеста шума.Во општина Велес, пожар има во близина на селата Џидимирци и Крушје, каде што гори мешана шума.Во општина Македонски Брод, меѓу селата Црешнево, Локвица, Крапа и Слатина, зафатени се дабова шума, грмушки и ниска вегетација.Во општина Прилеп, во населбата Три Багреми, гори ниска вегетација.Изгаснати се 19 пожари на различни локации низ државата, меѓу кои:Два пожари во општина Гази Баба – кај гробиштата Камник и на улицата Душан Тавковиќ.Четири пожари во Прилеп и околината – кај патот хотел „Салида“ – Битола и меѓу селата Лажани и Ропотово.Пожари се изгаснати и во Ресен (с. Перово), Охрид (с. Оровник и н. Далјан), Виница (с. Ласки), Куманово (ФЗЦ, Пармакови ниви, с. Умин Дол), Старо Нагоричане (с. Пелинце – Мишинци и с. Милутинци), Крива Паланка (с. Градец – Ѓошинска маала), Ранковце (с. Милутинци), Тетово (Поправен дом), Гостивар (близина на стадионот и с. Чегране), како и во Шуто Оризари (ул. Индира Ганди).Надлежните служби продолжуваат со интервенции на терен.

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања