ТОП

pozar-kukji

(Видео) Горат три куќи во Злокуќани: избувна голем пожар кој брзо се шири, присутна и Брза помош

Голем пожар избувна во Злокуќани, каде горат и куќи. Според првичните информации, станува збор за тесни улици, каде многу тешко е да стигнат противпожарни возила. Пожарот брзо се ширел.На терен се повикани и присутни екипи на Брзата помош. Засега нема информации за повредени лица. Чадот се гледа од повеќе делови на Карпош.„Во 20:02 часот преку Е-112 добиена е пријаа за пожар на куќа на ул.Скупи (опш.Карпош). Од страна на МВР, преку ДОЦ на ЦУК побарано е да се исклучи електричната енергија во нисконапонската мрежа за да може екипите на БППЗ да интервенираат. Имаме неофицијални сознанија дека од пожарот се зафатени и дополнителни три куќи.БППЗ е на лице место и работат на гаснење на пожарот“, велат од ЦУК.

Скопје | пред 6 месеци

Screenshot-2025-07-13-at-12.45.27

Напишал „не играјте си со оние што немаат што да изгубат“, па го убил внукот и 13-годишниот Милан

Панчо Чупаркоски и неговиот 13-годишен син Милан се жртвите на ликвидаторот Пеце Белото.Пред да го стори грозоморниот злочин, попладнето во 17 часот, објавил и фејсбук статус со морничава фотографија. Напишал: „Мојата сестра Љуба Чупаркоска и нејзиниот син ... Ми украде и одзеде скоро Сее, останатото им го дадов Сам, но... Не играјте си со оние кои што немаат што да изгубат!“. Потоа го извршил злочинот.[caption id="attachment_342865" align="alignnone" width="1366"] Screenshot[/caption]Пријавата до МВР, дека ги нема Панчо и Милан, дошла во 21:20 минути, кога се јавила мајката односно сопругата на двете жртви, кои биле ликвидирани со огнено оружје. Во куќата е влезено по повеќе од три часа, кога се најдени безживотните тела на двете жртви, но и на ликвидаторот кој се самоубил.Вечерта кога се случи грозоморниот настан, ликвидаторот имал именден. Жртвите ги намамил додека бил надвор од домот, а потоа, кога ги внел во неговата куќа, им ги одземал телефоните и им се заканувал. Со него освен огнено оружје, имал и бомба. Засега не е познато во кој дел од денот ги извршил убиствата.Ликвидаторот има низа контроверзни и морбидни објави на неговиот профил на „Фејсбук“. Ги величи Путин и севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, напишал „Човекот е најголемото зло на земјата“.Сомневањата на обвинителот се дека убиствата се сторени поради семејни недоразбирања кои траеле подолг период, а поврзани со имнотно-правни прашања. Ликвидаторот имал 63 години.

Македонија | пред 6 месеци

IMG_7897

Нова духовна глава на Дебарско-кичевската епархија

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, упати официјална честитка до архимандритот Георгиј по повод неговото хиротонисување и востоличување за епископ на Дебарско-кичевската епархија на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.„Со искрена радост и длабока почит, Ви го честитам хиротонисувањето и востоличувањето на челниот престол на Дебарско-кичевската епархија. Нека Господ Ви дарува крепко здравје, мудрост и сила во Вашето ново служење, за доброто на нашата света Црква и спасението на верниот народ. Нека Вашиот архипастирски пат биде осветлен со Божјата благодат. Достоен! Достоен! Достоен!“, напиша Пецаков.Инаку, архимандритот Георгиј е новоизбраниот епископ на една од најзначајните епархии во југозападниот дел од земјата, со седиште во Дебар и Кичево. Востоличувањето беше проследено со свечена литургија и присуство на голем број верници и црковни великодостојници.

Македонија | пред 6 месеци

posumuvanje-Kuckovo-1

Осум лица казнети во струмичко поради непочитување на забраната за движење во шуми

Осум лица се санкционирани вчера во шумски подрачја во Струмичко поради непочитување на одлуката за забрана за движење во шуми, информираат од Министерството за внатрешни работи.На 12 јули, полициски службеници од СВР Струмица спровеле теренска контрола во шумски предели со цел да проверат дали граѓаните ја почитуваат мерката што е на сила од 1 јули до 31 август 2025 година.„При контролата беа затекнати осум лица кои се движеле низ шума без да поседуваат соодветно одобрение за движење, издадено од ЈП 'Национални шуми'“, информираат од МВР.За случаите е известена и Шумската полиција во Струмица, која е надлежна за понатамошно постапување согласно член 57 став 3 од Законот за шуми.Од МВР апелираат граѓаните строго да се придржуваат до забраната, која има за цел превенција од пожари и заштита на шумските екосистеми во периодот на високи температури и зголемен ризик.

Македонија | пред 6 месеци

1L3A3247

(Видео) Пијаното на Хуангчи и духот на Пајдушкото ја отворија фестивалската магија на Охридското лето

Со гала-концерт на светски познатата пијанистка Клер Хуангчи и извонредните уметници од Националната Филхармонија на Република Северна Македонија, а под диригентката палка на маестро Едвин Оутвотер, во магичниот амбиент на Античкиот театар вчеравечер беше отворено 65. издание на фестивалот „Охридско лето“. Во духот на годинешното мото „Трансформација на сетилата“, виртуозноста на уметниците беше оплеменета со 3Д мапинг на португалскиот сценарист Рафаел Карико. Охрид имаше вечер кога класиката ја запозна традицијата. На сцената на Охридско лето, светски познатата пијанистка Клер Хуангчи го изведе Пајдушко оро заедно со Македонската филхармонија, под диригентската палка на маестро Едвин Аутвотер од САД. Пајдушкото – македонски ритам со душа, доби ново пијано руво.Прогласувајќи го за отворен, покровителот на фестивалот, Претседателката на Р.С. Македонија, Гордана Силјановска-Давкова потсети дека токму кога се отвора фестивалот и додека трае програмата, Охрид се отвора како волшебна школка и како што рече, од него излегува највредниот бисер-уметноста.-Шеесет и пет години „Охридско лето" е нашето скапоцено уметничко огледало, престижен уметнички центар! Шеесет и пет години уметноста влегува низ охридските порти и кружи низ градот! Секоја нота, секој стих и мисла, секој глас и чекор се слеваат во охридската летна симфонија! Како што древниот Охрид е вечен со своите напластени културни, духовни и цивилизациски слоеви, така и фестивалот „Охридско лето" прераснува во препознатлива традиција, никната врз цврсти темели и доградувана преку уметнички мостови на обединување, будејќи го убавото, хуманото и културното! Охрид е еден, Охрид е Охрид! Не постои уметничко лето како охридското! Не постои фестивал како охридскиот, рече Претседателката Силјановска-Давкова.Обраќајќи се пред преполното гледалиште на Античкиот театар, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, нагласи дека „Охридско лето“ не е само фестивалска програма, туку е хроника на незаборавни уметнички средби, духовен календар на едно народно живеење што, како што додаде, секое лето блеска во својата најчиста форма.-Оваа фестивалска година не ја одбележуваме само со бројки и големина, туку со созреаност на духот и визија за иднината. Не сме овде само за да се восхитуваме, тука сме за да ја потврдиме нашата верба дека културата е темел, а не додаток. Таа не е украс, туку јадро на нашето постоење. Уметноста е нашата најмоќна потврда дека сме народ што памети, што чувствува, што се стреми кон повисоки вредности, рече министерот Љутков.Директорот на НУ „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски изради огромна благодарност за покровителството на најзначајната музичко-сценска манифестација која според него, во наредните денови ќе биде исполнета со настани што имаат врвна естетика и уметничка совршеност.-Под мотото „Уметноста трансформира“, годинава создадовме една нова, модерна и креативна културна вредност како дел од вековната традиција на Фестивалот.Посакувам незаборавни вечери на уметничка трансформација како и безброј емотивни сензации затоа што впрочем токму тоа е и мисијата на фестивалот „Охридско лето“, да сплотува, да инспирира, да трансформира, кажа првиот човек на фестивалот „Охридско лето“.Уметничката порака годинава ја пренесе актерот и режисер Ѓорѓи Јолевски кој низ годините како селектор ја градеше и успешната театарска приказна на фестивалот.-Бертол Брехт вели: „Уметноста не е огледало што ја рефлектира реалноста, туку чекан што ја обликува.“ Во тој контекст, секој концерт, секоја претстава, секој збор на сцената — не е одраз на светот таков каков што е, туку обид да стане подобар. Живееме во време на војни, каде што човечкиот живот е девалвиран, а политичката реторика е театар без катарза. Во таков свет, уметноста не е луксуз — таа е нужност. Нужност и апел да се потсетиме што значи да се биде човек, истакна Јолевски.Гала-концертот на свеченото отворање го проследија дел од државниот врв на Македонија предводен од премиерот Христијан Мицковски, министри, амбасадори и дипломатски претставници во земјава, градоначалникот на Општина Охрид, како и претседателот на Република Албанија Бајрам Бегај.Фестивалот „Охридско лето“ се одржува под покровителство на Претседателот на државата, финансиски поддржан од Владата, Министерството за култура и туризам и Општина Охрид, а огромна заслуга за успесите имаат и верните пријатели, генералниот спонзор А1 Македонија, бројни спонзори и помагатели, љубители на уметноста и поддржувачи на културните вредности.

Магазин | пред 6 месеци

policiska-lenta

Уби двајца меѓу кои и дете, објави на Фејсбук, па се самоуби: монструмот од Прилеп фрлил и бомба кон полицијата

Крвава трагедија го потресе Прилеп доцна синоќа, каде во семејна куќа во центарот на градот беа пронајдени три безживотни тела – на 63-годишен маж, 43-годишен татко и неговиот 13-годишен син.Според официјалните информации од МВР, трагедијата започнала на 12 јули околу 21:20 часот, кога К.Ч. (43) пријавила дека од нивниот дом се оддалечиле нејзиниот сопруг П.Ч. (43) и нивниот син. Таа изјавила дека се сомнева оти двајцата се упатиле во домот на нивниот роднина П.Ѓ. (62).Полициски службеници веднаш извршиле проверка на локацијата, но никој не ја отворил вратата. По наредба од јавен обвинител, полицијата ја отворила вратата со употреба на сила, по што едно лице фрлило бомба кон нив – за среќа, таа не експлодирала. Додека полицијата се повлекувала, било отворено оган кон нив, по што било возвратено со службено оружје.Околу 01:35 часот, лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт кај трите лица – П.Ч., неговиот малолетен син и П.Ѓ.Основното јавно обвинителство Прилеп потврди дека се работи за двојно убиство и самоубиство. Според нивните првични сознанија, П.Ѓ. го убил својот внук од сестра и неговиот син поради долготрајни семејни конфликти и нерасчистени имотни прашања. Наводно, тој ги објавил мотивите и на една социјална мрежа пред да си го одземе животот.Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција, како и за вештачење на оружјето и муницијата пронајдени на лице место. Истрагата е во тек, а полицијата и обвинителството преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 месеци

najnova

Крвава семејна веселба во Прилеп: Двојно убиство и самоубиство!

Двојно убиство и самоубиство вечерва се случило во Прилеп, дознава “Скопје1”. Според неофицијални информации од наши извори, драмата се одвивала за време на семејна веселба.“Скопје1” дознава дека вујко, убил внук и таткото на внукот, по што извршил самоубиство. Засега овие информации се непотврдени од институциите.На терен во месноста каде се случил ужасниот настан, има силно полициско присуство.“Скопје1” побара информации од МВР, а одговор се очекува во текот на утрото.

Македонија | пред 6 месеци

arsovska-1

Куќен притвор доби лицето осомничено дека ја нападнало Арсовска

Куќен притвор доби лицето С.Љ. кое Обвинителството го гони за физички напад и закани упатени кон градоначалничката Данела Арсовска. И второто лице, кое има исти иницијали, доби мерки, односно забрана да и се доближува на Арсовска.„С.Љ., осомничени дека вербално и физички ја нападнал оштетената му се определува мерка куќен притвор во траење од 8 дена, со оглед да се работи за скратена постапка; Додека на второ осомничениот, исто така со иницијали С.Љ, кој се товари дека се заканувал кон оштетената, му се определуваат мерки за претпазливост согласно чл. 146 ст.1 т. 1,2,3 и 6 од ЗКП односно: Забрана за напуштање на живеалиштето, Обврска за повремено јавување во судот, Одземање на патната исправа и Забрана за приближување и контактирање со одредени лица“, велат од Кривичен суд.Претходно:

Македонија | пред 6 месеци

milka-majha

Ал Џезира Балканс се одјави по 14 години: „Беше чест да им служиме на гледачите“

По точно 4970 дена постоење, денеска официјално престана со работа Ал Џезира Балканс – регионалната редакција на глобалната медиумска мрежа, која од 2011 година известуваше од Сараево, Белград, Загреб, Подгорица, Скопје, Љубљана и Приштина.Во својата последна програма, редакцијата се обрати до јавноста со емотивна порака:„Се трудевме да бидеме глас на оние чиј глас не се слуша, остров на вистината, културата, на дијалог и етичкото новинарство. Ништо од тоа не би било можно без вашата доверба. Ви благодариме што бевте со нас.“Меѓу првите кои се поздравија со гледачите на Ал-Џезира беа новинарките од македонската редакција, Милка Смилевска и Маја Блажевска, кои преку лични пораки на социјалните мрежи ја изразија својата благодарност за можноста да бидат дел од овој медиум.„Имав огромна привилегија 14 години да работам со професионалци, почитувана, заштитена и финансиски наградена. Благодарна сум за секој ден искуство и работа“, напиша Смилевска.Нејзината колешка Блажевска, исто така, се осврна на патот од централната редакција во Сараево до известувањето од терен во Скопје: „Имав можност да направам стории што значат, да интервјуирам луѓе кои го менуваат светот. Беше чест да се работи според највисоки новинарски стандарди.“Одлуката за затворање на Ал Џезира Балканс е дел од поширока медиумска консолидација во рамки на Al Jazeera Media Network, со седиште во Доха, Катар. И покрај обемниот, влијателен и често пофалуван програмски опсег, мрежата одлучи да стави клуч на својата балканска редакција, оставајќи празнина во медиумскиот простор кој го покриваше објективно и критички.За многумина, Ал Џезира Балканс ќе остане пример за професионализам, објективност и регионална солидарност.

Коментари | пред 6 месеци

IMG_5515

„Баравме тишина кога боли“ – писмото на родителите од Кочани

Родителите на децата кои трагично го загубија животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани упатија јавно обраќање до македонската јавност, откако нивната интервенција на синоќешниот Петровденски хепенинг предизвика поделени реакции.Во писмото тие нагласуваат дека нивното појавување пред сцената во Паркот на слободата не било чин на омраза или инает, туку очаен обид да спречат веселба изградена врз незарасната болка.„Синоќа, кога излеговме пред бината во Паркот на слободата, тоа не беше протест од омраза, ниту од инает. Тоа беше очаен обид – да не дозволиме над нашата болка да се гради веселба. Да не се игра и пее таму каде што сѐ уште одекнуваат последните повици за помош на нашите деца. Нашиот гест, за жал, беше погрешно разбран. Наиде на поделени реакции, дури и на критики. Затоа сакаме да кажеме неколку зборови, не за оправдување – туку за разбирање. Пред да биде закажан Петровденскиот хепенинг, никој не нѐ праша дали можеме да го издржиме тоа. Дали сме подготвени да слушаме музика во истиот град во кој неодамна плачеше цела Македонија. Дознавме од медиумите, и се обративме до градоначалникот – прво со збор, потоа со писмено барање. Само баравме: или да се откажат забавните содржини, или да се премести местото – таму кај што болката не е толку гласна, каде може достоинствено да се слави, без да се гази по нашите незараснати рани. Но, нѐ одбија.Веруваме дека Петровден ќе се слави уште многу години, и така и треба – животот продолжува. Но оваа година, оваа прва Петровден по трагедијата, верувавме дека можеше да се обои со тишина, со светилка, со молитва. Верувавме дека нашата болка ќе биде признаена, не премолчена. Не сме против свадби, матурски прослави, веселби по кафулиња – тоа се дел од животот. Но јавна веселба организирана од Општината, токму сега, токму на неколку чекори од местото каде што сѐ се случи – тоа беше премногу за нас. Тоа не е обид да ви го ускратиме правото на радост – туку повик да не се заборави човечноста. Сѐ што бараме е емпатија. Да нѐ видите како родители кои живеат со вечна загуба. Да не мораме да се бориме и за основното – за тишина кога боли“, велат тие.

Македонија | пред 6 месеци

guzva-ohrid

(Видео) Гужви и застои на влезот во Охрид, револт и негодување кај возачите

Долги колони возила, чекање од над еден час и половина и револт кај возачите – така изгледа утрово влезот во Охрид, откако беше воведен посебен сообраќаен режим поради работната посета на албанскиот претседател Бајрам Бегај.Според информации од терен, сообраќајот е значително успорен на влезната точка на Охрид, каде се врши контролирано пропуштање на возила, а во одредени интервали и целосно стопирање на сообраќајот заради безбедносни процедури.„Веќе 70 минути стоиме во место. Никој не објаснува ништо. Луѓето се нервозни, има и деца и стари лица во колите. Надвор е 40 степени“, вели за „Скопје1“ еден возач заглавен на влезот.Полицијата е присутна со засилени патроли.Албанскиот претседател Бегај ќе престојува во Охрид како дел од неговата работна посета на Северна Македонија, при што се предвидени средби со државниот врв, како и посета на културно-историски објекти.

Охрид | пред 6 месеци

vizbegooooo

Сопствениците на депонијата во Визбегово се извинија на граѓаните и новинарот: „Реагиравме со срце, немавме зла намера“

По инцидентот од 9 јули 2025 година, кога во близина на складиштето на АСД Метал Груп избувна пожар, а против две лица – Маја Караманова и Александар Николчев – беше поднесена кривична пријава за напад врз службено лице, компанијата упати јавно извинување до засегнатите лица и јавноста.Во писмено соопштение потпишано од управителката Маја Караманова, компанијата се извини на новинарот Авни Тахири и снимателот Шенол Хајредини, кои биле нападнати, наведувајќи дека ситуацијата се одвивала во моменти на „голем стрес, паника и неизвесност“.„Тоа беа моменти на силна емоција, во кои никој од нас не постапил со умисла или зла намера, но сепак можеби предизвикал чувство на навреда, загрозеност или непочитување“, стои во писмото.Од АСД Метал Груп нагласуваат дека немале намера да попречат службено лице и дека постапиле инстинктивно поради страв за личната и колективната безбедност.„Сите сме луѓе. Кога пламен е закана за живот и имот, реагираме со срце, понекогаш и без контрола“, велат од компанијата, изразувајќи подготвеност да надоместат евентуална штета – било материјална, професионална или лична.Тие се извинија и на граѓаните кои беа вознемирени и засегнати од пожарот, а од компанијата порачуваат дека се надеваат на брза и темелна истрага од институциите, за да се утврди причината и да се спречи повторување на вакви инциденти.

Скопје | пред 6 месеци

arsovska1111

На Арсовска и одобрија 24-часовно полициско обезбедување, на нејзе е дали ќе го прифати

По вчерашниот инцидент во скопската Општина Чаир, Министерството за внатрешни работи донесе одлука за одобрување 24-часовно полициско обезбедување на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Одлуката е донесена врз основа на безбедносна проценка подготвена од Агенцијата за национална безбедност (АНБ).„Во текот на денешниот ден, градоначалничката ќе биде контактирана од надлежните служби за да се координираат активностите поврзани со личната заштита“, соопштија од МВР.Министерството нагласува дека постапува професионално и согласно надлежностите во секој поединечен случај поврзан со безбедноста на г-ѓа Арсовска. Во таа насока, од МВР презентираа хронологија на неколку инциденти:На 1 јуни, градоначалничката била следена и загрозена од возило во движење. Иако таа не го пријавила случајот, полицијата постапила по оперативни сознанија, прибирала докази и поднела кривична пријава по член 144 став 4 од Кривичниот законик.На 2 јули, Арсовска преку социјалните мрежи објави дека добила закана од лице за кое тврдела дека е полициски службеник. Веќе следниот ден, Одделот за внатрешна контрола спровел увид и поведена е дисциплинска постапка против осомничениот.На 5 јули, беа објавени информации за закани кон советничката Ирена Витина. Според МВР, советничката одбила да дојде во полициска станица, но службени лица извршиле теренска посета и прибрале податоци.На 11 јули, по инцидентот во Чаир при инспекциски надзор, Арсовска добила лекарска помош, а осомничените лица веднаш биле приведени. Сепак, градоначалничката одбила да потпише записник за пријава и го напуштила полициското одделение, избирајќи повторно јавна комуникација преку социјалните мрежи, наместо директно со институциите.Во врска со овој последен настан, МВР веќе поднесе кривична пријава против две лица – С.Љ. и С.Љ., за кривично дело „Насилство“ по член 386 став 3 од Кривичниот законик.Министерството остро ги отфрла тврдењата дека не постапува навремено и наведува дека секој случај се третира со законска процедура, транспарентност и професионализам.„Апелираме до сите јавни функционери да не ги користат медиумите и социјалните мрежи како замена за институционална комуникација. Навремено пријавување во МВР е клучно за ефикасна заштита и разрешување на секоја потенцијална закана“, порачаа од Министерството.

Скопје | пред 6 месеци

danela-arsovska2

Се бара притвор за едно од лицата кои физички ја нападнале Арсовска - познати сите детали од Обвинителството

Основното јавно обвинителство Скопје отвори постапка против две лица осомничени за кривично дело „Насилство“ по член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, по вчерашниот инцидент на улицата „Севастополска“, при кој беше физички нападната градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.Според обвинителството, првоосомничениот маж, кој се претставил како сопственик на нелегален објект во градба, ја навредувал и ѝ се заканувал на градоначалничката, а потоа и физички ја нападнал додека таа, заедно со вработени од градските служби, вршела вонреден надзор на терен по добиена пријава.Инцидентот се случил во присуство на полициски службеници и членови на градската администрација. Откако бил спречен од присутните, со вербални закани се вклучил и второосомничениот, кој дополнително ја ескалирал ситуацијата.„Со своето однесување, двајцата осомничени предизвикале чувство на несигурност, загрозеност и страв кај присутните лица“, соопштија од обвинителството.Јавниот обвинител веќе доставил предлог до судот за определување мерка притвор за првоосомничениот, поради опасност од повторување на делото и можност за бегство. За второосомничениот се предложени мерки на претпазливост: забрана за приближување и контакт со оштетените, забрана за напуштање на живеалиште, одземање на патна исправа и редовно јавување во судот.

Македонија | пред 6 месеци

galetanovski

Продолжува трката во СДСМ за Скопје: Шукова и Галетановски на маса, Ралев – се отпиша?

Трката за кандидатурата за градоначалник на Скопје полека се заострува, особено во редовите на СДСМ, каде сѐ уште не е донесена конечна одлука, но неколку имиња веќе добиваат на тежина.Како најсериозни потенцијални кандидати се споменуваат Каја Шукова, актуелна потпретседателка на партијата и поранешна министерка за животна средина, како и Ѓорѓи Галетановски, претседател на градската организација на СДСМ и поранешен директор на Зоолошката градина во Скопје. Двајцата веќе неформално добиваат поддршка од различни партиски струи. Во телевизиски настапи тие навестија дека сакаат да се видат на таа функција.Мишко Ралев, кој важеше за речиси сигурен избор и фаворит во првичните калкулации, според партиски извори, најверојатно се отпиша од натамошна процедура. Од извори во СДСМ, неофицијално „Скопје1“ дознава дека Ралев имал кандидатура од општински организации, па според тоа морал да поднесе и биографија до партијата.Во трката е споменуван и Андреј Жерновски, поранешен градоначалник на Центар.За разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ веќе ја формализираше кандидатурата – актуелниот градоначалник на Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, ќе ја брани партиската боја во главниот град. Со таа одлука, партијата доби временска предност за теренска подготовка и почеток на кампањата, иако Ѓорѓиевски кампањата ја почна уште многу претходно.Според партиски извори од СДСМ, конечната одлука за скопскиот кандидат се очекува до крајот на наредната недела.Изборите за Град Скопје, по се изгледа, ќе бидат една од најжестоките битки есенва.

Скопје | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања