ТОП

azir-aliu

Поплаки од сите страни: Граѓаните му пишуваат директно на министерот за доцнења на резултатите и пропусти во здравството

Министерството за здравство го започна спроведувањето на Националната програма за кризен менаџмент и зголемување на отпорноста на здравствениот систем, прв ваков проект во земјава кој воведува нов пристап во справувањето со ризици, воспоставување стандарди и дигитална платформа за координација во реално време. Ова го истакна министерот Азир Алиу на денешната прес-конференција.„Ова е јасен политички сигнал дека здравјето и безбедноста на граѓаните се приоритети, а нашата обврска е да создадеме систем кој реагира пред да се случи криза, а не по нејзиното појавување. Со овие чекори државата се движи од реактивен кон проактивен здравствен систем, подготвен да одговори на секоја опасност. Воедно започнуваме нова фаза на инвестиции вредна 205 милиони евра за модернизација на здравствената инфраструктура во Штип, Тетово и Кичево,“ рече Алиу.Во рамките на оваа нова концепција, е воведена и алатка преку која граѓаните директно можат да пријават неправилности во здравствениот систем.„До сега пристигнаа 90 пријави, најмногу од Скопје. Најчесто се однесуваат на доцнење на резултатите од испитувања, пролонгирање на прегледи и ангажмани на доктори како во јавниот, така и во приватниот сектор. Она што е најважно е дека овие пријави не се игнорираат, туку секоја се разгледува од посебни работни групи за да се обезбеди институционален одговор. Ова е јасна порака: времето кога здравствените проблеми се заташкуваа е завршено. Граѓаните сега имаат можност да го искажат својот глас и тој глас ќе биде слушнат,“ додаде министерот.Тој посочи дека создавањето семејство треба да биде право, а не луксуз, поради што ја отстранија административната бариера и го зголемија бројот на финансирани ин витро обиди од три на шест, а постапката за одобрување е дигитализирана и скратена на две недели.„Нема повеќе чекање со месеци, нема изгубени документи, туку само нови шанси и пристапност. Исто така, го поедноставивме процесот за лекување во странство, воведовме поголема одговорност во управувањето со Фондот и започнавме усогласување на правата на странските државјани со оние на нашите граѓани,“ истакна Алиу.Тој нагласи дека се формираат кризни штабови кои ќе бидат обучени за брзо и ефикасно справување со разни предизвици.„Целта е секој член на овие работни групи да биде подготвен да дејствува веднаш во случај на криза. Развиваме протокол за интероперабилност меѓу институциите, со кој ќе се утврди кои органи треба да бидат активни при различни видови природни непогоди. Во овие групи нема да има само здравствени работници, туку и претставници од надлежните институции за управување со кризни ситуации. На пример, ако се случи земјотрес, ќе биде јасно кој како да реагира, а клиниките ќе бидат подготвени со екипи за итна интервенција,“ појасни министерот за здравство.

Македонија | пред 6 месеци

pozari-mapa1

Висок ризик од пожари во целата земја: Активни пет шумски пожари и алармантна состојба со сувост на вегетацијата

Македонскиот информативен систем за шумски пожари (МКФФИС) објави дневен преглед на состојбата со ризикот од пожари во земјата. Според најновите податоци, метеоролошкиот индекс на пожар (FWI) покажува многу висок ризик на голем дел од територијата. Висок ризик е забележан во западните делови на земјата, како и во околината на Струмица, Валандово и Богданци. Среден ризик има во Осоговските Планини, додека на Шар Планина ризикот се движи од низок до среден.Состојбата со сувоста на вегетацијата (VDM) покажува дека во повисоките предели има висока сувост, што укажува на присуство на многу сува и запалива вегетација. Во пониските делови сувоста е средна или ниска, но ризикот од пожари сепак е присутен.FWI индексот се пресметува врз основа на температура, влажност и ветер, користејќи податоци од автоматски метеоролошки станици на УХМР, додека VDM се добива преку сателитски мерења од NASA FIRMS. Во системот МКФФИС се достапни и карти за горливи точки, метеоролошки индекс на пожар и сувост на вегетација.Во последниот извештај за шумски пожари од 16 јули 2025 година до 12 часот, се бележи вкупно пет пожари на отворен простор. Од нив, три се активни, еден пожар е под контрола, а еден е целосно изгаснат.Активните пожари се лоцирани во општина Велес, кај селата Џидимирци, Крушје и Иванковци во мешана шума; во општина Македонски Брод, во област помеѓу селата Црешнево, Локвица и Крапа каде што гори деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација; и во општина Василево, кај селото Нивичино во нискостеблеста шума.Пожарот во општина Дојран, кај селото Николич, е под контрола и се гори нискостеблеста шума.Изгаснат е пожарот во општина Чучер Сандево, во близина на селото Горњани, исто така во нискостеблеста шума.

Македонија | пред 6 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-34-39-9960PM

Нова истрага на ОЈО за организиран криминал: Преку Скај-комуникации откриена група за шверц на кокаин од Холандија

Врз основа на податоци добиени преку апликацијата „Скај“, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори нова истрага против пет лица осомничени за меѓународен шверц на наркотични дроги. Како што информираат од Обвинителството, утрово биле извршени претреси на три различни локации, при што едно лице е приведено.Осомничените, заедно со други сега починати лица, се сомничат дека во два наврати организирале нелегална набавка, транспорт и продажба на вкупно шест килограми кокаин од Кралството Холандија кон територијата на Република Македонија. Дрогата била наменета за понатамошна улична дистрибуција во државава.„Секоја личност имала конкретна улога – од набавка и транспорт, до складирање на дрогата на скриена локација и организирање на нејзината понатамошна продажба. Делувале како организирана група“, наведуваат од Обвинителството.Станува збор за кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, казниво по Кривичниот законик.За лицето кое е приведено утрово, обвинителството најави дека во текот на денешниот ден ќе биде изведено пред судија на претходна постапка, со предлог да му биде определен притвор. Истата мерка ќе биде предложена и за уште две лица кои се недостапни на органите на прогонот.Интересен момент е што останатите двајца осомничени се веќе опфатени со наредба за истрага во предметот „Грчец“, и за нив веќе се определени мерки притвор кои ќе се применат по нивното пронаоѓање.Како и во неколку претходни случаи, истрагата се темели врз комуникации од криптираната апликација „Скај“, која стана централен извор на докази во борбата против организираниот криминал. Со неа досега беа откриени повеќе мрежи за трговија со дрога, оружје и незаконски финансиски трансакции.Со оглед на обемот и карактерот на делото, Обвинителството најавува продолжување на истражните дејствија и интензивна потрага по останатите членови на групата. Во фокусот се меѓународните релации за шверц на дрога, вклучително и поврзаноста со други досега активни истраги како „Грчец“.Истрагата е во рана фаза, но првичните наводи укажуваат на добро организирана мрежа со меѓународна логистика и претходно координирани активности.

Македонија | пред 6 месеци

obvinitelka

Наташа Поп Трајкова и Катерина Коларевиќ остануваат во Обвинителството за организиран криминал – зад нив се предмети против Зеќири, „Виа Комерц“, корупција во институции

Советот на јавни обвинители на својата последна седница донесе одлука за реизбор на двете обвинителки Наташа Поп Трајкова и Катерина Коларевиќ во редовите на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК). Двете обвинителки важат за искусни правници кои досега биле носители на повеќе истраги и обвиненија од висок профил, со значителен јавен и политички интерес.Обвинителката Катерина Коларевиќ е особено позната по водењето на предметот против поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири. Во овој случај, тој беше обвинет дека склучил договори со две консалтинг-фирми без спроведена јавна набавка, што довело до штета за буџетот од околу 1,5 милиони евра. Според обвинителството, Зеќири имал намера да обезбеди лична корист за трети лица, додека постапката целосно ги заобиколила процедурите за транспарентност и контрола.Коларевиќ исто така го води предметот поврзан со станицата за технички преглед „Виа Комерц“, каде се истражуваат сомнежи за систематски издавање на потврди за техничка исправност на возила без реална проверка. Предметот е отворен по неколку сообраќајни несреќи во кои се утврди дека возилата биле пуштени во сообраќај и покрај тоа што не ги исполнувале основните технички услови.Наташа Поп Трајкова, пак, е дел од обвинителскиот тим што изминативе години водеше предмети за злоупотреба на службена положба, поткуп и организирани шеми на измама во државни институции. Таа го води случајот “Адитив”.Поп Трајкова е дел од тимот на ОЈО-ГОКК од 2021 година, откако претходно работеше во обвинителствата во Струмица и Скопје.

Македонија | пред 6 месеци

Sovet-na-javni-obviniteli

Унапредени двајца обвинители од скопското Обвинителство: Едниот гонеше за несреќата кај “Ласкарци”, другиот “едно евро за Вицето”

Советот на јавни обвинители го избра Дарко Јакимовски за обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје. Тој дојде од Основното јавно обвинителство Скопје, каде помина дел од својата правничка кариера.Јакимовски е особено познат по водењето на обвинението во случајот „Ласкарци“, во кој во трагедија од 13 февруари 2019 година, при автобуска несреќа кај селото Ласкарци, загинаа 16 лица, а повеќе од 30 беа повредени. Јакимовски учествувал и како предавач во професионални советувања за правна тема „Член 5 од Европската конвенција за човекови права – притвор и други мерки“Јакимовски е избран со 11 гласови и ужива репутација во јавноста. Тој има застапувано и други обвиненија за предмети кои не биле покриени од медиумите.На истиот седница на Советот на јавни обвинители, покрај Дарко Јакимовски, беше избран и Владимир Милошевски за обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје. Бил обвинител во истраги за: Поткуп; автобуска несреќа во Бугарија, каде загинаа 45 македонски државјани, истрагата за Ќелија, обвинение за повратници од ИСИС, што го потенцира неговиот ангажман во национално безбедносни предмети.Досега беше шеф на ново одделение за сериозен и сложен криминал, што опфаќа предмети со поголем број обвинети, финансиски истраги и доживотни казни.

Македонија | пред 6 месеци

vasil-jovanov

Апелација повторно го осуди Васил Јованов на 3 години и 10 месеци затвор за трговија со дрога

Апелациониот суд во Скопје донесе нова одлука со која го осудува Васил Јованов на единствена казна затвор од три години и десет месеци за кривичното дело поврзано со неовластено производство и продажба на наркотични дроги, откако Врховниот суд во мај годинава ја укина претходната второстепена пресуда и го врати предметот на повторно одлучување.Како што информира судот, решението е донесено на јавна седница што се одржа на 11 јуни 2025 година, по предмет со ознака КЖ-481/25. Притоа, Апелација ја отфрли жалбата на обвинетиот како неоснована и го преиначи делот од пресудата на Основниот кривичен суд Скопје во однос на изречената казна – наместо мерка упатување во воспитно-поправен дом, му е изречена ефективна затворска казна.Јованов е осуден на една година затвор за едно дело по член 215 став 1 од Кривичниот законик и на три години за друго дело според истиот член во врска со член 22, по што му е изречена збирна казна затвор од три години и десет месеци, согласно член 44 став 2 точка 2 од КЗ.Одлуката ќе биде јавно објавена на веб страницата на судот, во согласност со Законот за управување со движењето на предметите во судовите.Апелациониот суд веќе еднаш донесе иста пресуда во февруари годинава, отфрлајќи ја жалбата на Јованов, а прифаќајќи ја жалбата на скопското Обвинителство, со што наместо заводска мерка, беше определена затворска казна. Меѓутоа, Врховниот суд на 7 мај ја укина тогашната пресуда и наложи повторно судење.Освен оваа пресуда, Јованов на 13 мај годинава доби 12 години затвор поради признание на вина за тешко дело против безбедноста во сообраќајот – случајот со прегазувањето на Фросина Кулакова во јануари на булеварот Партизански одреди во Скопје.

Скопје | пред 6 месеци

Policajci-oglas

МВР вработува 150 нови полицајци – јавниот оглас трае 15 дена

Министерството за внатрешни работи распиша јавен оглас за прием на 150 нови униформирани полициски службеници во Секторот за внатрешни работи Скопје. Огласот е отворен 15 дена, сметано од денот по неговото објавување.Кандидатите треба да имаат завршено четиригодишно средно образование, да се на возраст до 25 години (доколку првпат се вработуваат во МВР), како и да исполнуваат низа здравствени, безбедносни и физички услови. Предвидена е едногодишна обука во Центарот за обука на МВР, а избраните кандидати ќе потпишат договор за вработување со обврска да останат во службата најмалку пет години.Целосниот оглас со сите детали за условите, потребните документи и начинот на пријавување е достапен на официјалните канали на МВР.

Македонија | пред 6 месеци

voz

Студенти заглавени во Велес – патничкиот воз не продолжил поради чекање друга композиција

Група студенти синоќа останале заглавени на железничката станица во Велес, откако патничкиот воз кој тргнал од Скопје кон Битола во 20:05 часот, застанал во Велес околу 21:50 часот и не го продолжил патувањето.Патниците се нашле во незгодна ситуација и неизвесност, бидејќи било потребно да се префрлат од една композиција на друга која доаѓала од спротивен правец.Како што сведочат некои од присутните во возот, не била дадена навремена најава ниту разјаснување за причината поради која доцни продолжувањето на патувањето.фото: Unsplash

Македонија | пред 6 месеци

lekar-germanija

Лекар и медицинска сестра загинаа во авионска несреќа, авионот полетал од Пула

Четири лица загинаа во падот и експлозијата на мал авион што се урна веднаш по полетувањето од лондонскиот аеродром. Авионот бил на пат кон Холандија, откако претходно пристигнал од Пула.Меѓу загинатите во несреќата биле германскиот лекар од итната помош д-р Матијас Ејл (46), кој со години работел за германскиот Црвен крст, двајца холандски пилоти и 31-годишната медицинска сестра со германски пасош од Чиле, Марија Фернанда Рохас.Тоа и бил прв работен ден.Братот на починатиот доктор, Маркус, за „Билд“ изјавил колку било важно спасувањето животи за неговиот брат.„Беше најдобар. Спасуваше животи секој ден, само минатата недела спаси тројца од нив“, рече шокираниот Маркус Ејл. Истрагата за несреќата е во тек.Авион „Бичкрафт Б200 Супер Кинг Ер“ управуван од холандската компанија „Зиуш Авиејшн“, специјализирана за медицински евакуации итранспорт на пациенти и органи, слета во Пула од Атина, Грција, во неделата, а потоа продолжи кон Саутенд.Кратко по полетувањето, авионот се навали на едната страна, се урна и експлодираше.Британскиот одбор за истрага на воздушни несреќи (AAIB) воспостави зона на забрана на аеродромот и започна со извлекување на остатоците. Портпаролката на аеродромот изјави дека е прерано да се шпекулира за причината за несреќата.

Свет | пред 6 месеци

MixCollage-16-Jul-2025-08-47-AM-585

СДСМ со свој кандидат за Скопје, се разгледуваат четири имиња: Ралев и Шукова во најтесен избор

Социјалдемократскиот сојуз ќе влезе во трката за градоначалник на Скопје со свој кандидат, а официјалното име ќе биде објавено најдоцна до крајот на јули. Засега, како најсериозни опции се споменуваат Мишко Ралев и Каја Шукова, но според изјавата на претседателот на партијата, Венко Филипче, во комбинација се и уште две други личности.Филипче, гостувајќи во емисијата „Само интервју“ на Канал 5, нагласи дека не сака однапред да зборува за проценки во однос на поддршката што би ја добиле на изборите – ниту за бројот на гласови, ниту за очекувани советници и градоначалнички позиции.– Даваме максимум за да ги претставиме најквалитетните кандидати и да ја добиеме довербата на граѓаните. Важно е нашите кандидати да имаат интегритет и да покажат дека можат да работат чесно и одговорно. Скопјани ќе добијат кандидат кој ќе обединува, порача Филипче.

Скопје | пред 6 месеци

aerodrom

Македонија останува без жители: Само Албанија и Бугарија со поголем демографски пад

Податоците на Евростат откриваат дека Македонија се соочува со драматично намалување на бројот на жители – 11,4 отсто помалку во споредба со пописот од 2011 година. Со ваквиот резултат, земјата се наоѓа на неславното трето место по најголем пад на населението во Европа, веднаш зад Албанија и Бугарија.Албанија е прва со загуба од 18% од популацијата – повеќе од половина милион луѓе помалку до крајот на 2024 година. Веднаш потоа е Бугарија со 12,3% пад, а Македонија ја следи со 11,4%.„Демографскиот пад во Македонија е дел од поширокиот балкански тренд на масовно иселување и ниска стапка на наталитет“, се вели во извештајот на Евростат.Проблемот не е изолиран. Скоро сите земји од регионот бележат сличен тренд, особено со заминување на млади луѓе по 2016 година, кога во Албанија започна нов бран емиграција. Во комбинација со сè понискиот број новороденчиња, резултатот е рекордно намалување на вкупната популација.Меѓу малкуте исклучоци е Црна Гора, која бележи пораст од 0,6 проценти на населението – реткост во регионот.Додека Балканот празни, земјите од Западна Европа бележат раст благодарение на имиграцијата. Еврозоната, според најновите бројки, има зголемување на населението од 3,2% во периодот од 2011 до 2024 година, најмногу поради политиките што ги привлекуваат странците како одговор на стареењето на сопствената популација и намалениот природен прираст.

Македонија | пред 6 месеци

apasiev-filipce-5

Левица со свој кандидат за Скопје, СДСМ сѐ уште во изборна проценка – битката за локалните избори започнува

Партијата Левица на претстојните локални избори ќе настапи со сопствен кандидат за градоначалник на Скопје, потврди лидерот Димитар Апасиев во интервју за ТВ24. Со оваа одлука, Левица се откажува од стратегијата од минатите избори, кога ја поддржа независната кандидатура на музичарот Петар Георгиевски – Камиказа.„Овој пат ќе имаме свој партиски кандидат за Скопје. Сметаме дека сме доволно политички профилирани и дека нашата кандидатура ќе биде препознаена како вистинска алтернатива на досегашните елити“, изјави Апасиев.Според него, Левица ќе има советнички листи во над 50 општини низ државата, а интересот за градоначалничките позиции е голем – на јавниот оглас пристигнале над 20 апликации. Процесот на селекција, вели тој, ќе биде транспарентен и базиран на јасни критериуми.Апасиев најави тешка изборна кампања, предупредувајќи на можно „валкано сценарио“:„Очекуваме силни удари, особено од ВМРО-ДПМНЕ. Ќе се истурат многу пари, но ние сме подготвени и нема да отстапиме.“Во однос на можните коалиции со партии на Албанците, тој истакна дека ќе се разгледуваат партнерства во мешани средини, но само врз основа на принципиелност, заемно почитување и компатибилност на кандидатите со заедниците.СДСМ, од друга страна, сѐ уште не објавила официјален кандидат за Скопје. Претседателот на партијата Венко Филипче вели дека финалната одлука ќе биде соопштена до крајот на месецот, а во игра се четворица кандидати – меѓу нив архитектот Мишко Ралев и поранешната министерка за животна средина Каја Шукова.„Нашата цел е да понудиме човек што ќе обединува и што ќе внесе доверба и чесност во управувањето. Сакаме скопјани да видат дека нудиме кредибилитет, не само политички маркетинг“, рече Филипче.Во однос на внатрепартиските тензии, најексплицитен е примерот со Струмица – каде што СДСМ го поддржа Марјан Даскаловски наместо актуелниот градоначалник Костадин Костадинов. По таа одлука, Костадинов го замрзна членството во партијата, барајќи смена на раководството.Филипче за тоа вели дека изборот бил направен според внатрешните анализи и поддршката која ја имаат кандидатите во партиското членство.Во однос на евентуална соработка со Албанските партии, лидерот на СДСМ потврди дека разговори со Таравари се веќе започнати, но дека одлуката ќе ја донесе општинската организација.

Македонија | пред 6 месеци

support-kocani-donacija

SupportKocani ја реализираше донацијата за Универзитетската клиника за пластична хирургија во Скопје

Иницијативата SupportKocani успешно ја реализираше донацијата наменета за повредените од трагичниот настан што се случи на 16 март 2025 година во Кабаре клуб „Пулс“ во Кочани со Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија – Скопје.Донацијата е формализирана со потпишување на договор за донација, а вклучува 100 комплети T-LAB PRP KIT, 10 комплети EXOMINE SMART KIT, 4 пакувања аминокиселини и 4 пакувања протеини. Вкупната вредност на донацијата изнесува 286.120 денари, и е целосно обезбедена преку донации од хумани граѓани и компании, кои континуирано ја поддржуваат иницијативата SupportKocani.Донираните материјални добра се наменети за третман и регенерација на кожата, забрзување на зараснување на рани и подобрување на опоравувањето кај пациентите со тешки повреди од изгореници. Нутритивната поддршка претставува дополнителна помош за јакнење на организмот во процесот на рехабилитација.Медицинската опрема и суплементи се веќе доставени на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија – Скопје, каде активно се користат во третманот на повредените.Во рамки на посетата, тимот на SupportKocani ги посети и пациентите кои сè уште се хоспитализирани на Клиниката и лично им изрази поддршка и желби за побрзо закрепнување.„Продолжуваме со фокусирана, директна и одговорна поддршка за секој поединец кој е засегнат од трагедијата. Оваа соработка со една од клучните здравствени установи во државата претставува важен чекор во обезбедувањето на стручна медицинска нега. Искрено им благодариме на сите хумани граѓани, компании и поддржувачи – токму тие ја направија оваа помош возможна,“ – истакнуваат од SupportKocani.Иницијативата останува посветена на транспарентност, партнерство со институциите и долгорочна грижа за сите погодени лица.

Македонија | пред 6 месеци

lisici

Лекар од Струшката болница обвинет за несовесна работа и незаконско примање плата

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 42-годишниот К.С. од Струга, вработен како доктор во Општата болница, под сомнение за кривично дело „несовесно работење во службата“.Според полицијата, тој од 1 јули 2019 година до 29 ноември 2024 година не се појавувал на работното место, ниту ги известил надлежните за прекин на специјалистичкиот стаж.Дополнително, од 15 јули 2020 година немал важечка лиценца за работа како доктор по медицина. И покрај тоа, во целиот период земал плата и додатоци, со што го оштетил буџетот на болницата за речиси 2 милиони денари (1.956.569).

Македонија | пред 6 месеци

sud-krivicen

Членовите на криминалната група од Грчец добија вкупно 50 години затворска казна

Вкупно 50 и пол години затвор им пресуди Кривичниот суд на шестмина членови на криминалната група Грчец, од кои четворица за неовластено купување на 15 килограми наркотична дрога – кокаин, нејзино пренесување и пуштање во промет во државава, а двајца за злосторничко здружување за вршење на двојно убиство од одмазда и по порачка. Дилерите добија по 5 односно 6 години затвор, а убијците по 14 години затвор, за две убиства.Судот ги прогласи Фадил Бајрамовски, Севди Азири, Неџати Исени и Бесим Асани за виновни за кривичното дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори од член 215 став 3 од Кривичниот законик. Бајрамовски, Азири и Исени се осудени на казна затвор од 5 години, додека Бесим Асани доби 6 години.Останатите двајца, Фати Сулејмановски и Шулејб Сулејмановски, Судот ги прогласи за виновни дека сториле кривични дела Злосторничко здружување од член 394, став 3 и Убиство од член 123 став 2, точка 5 од Кривичниот законик.Фати Сулејмановски судот го осуди на казна затвор од 14 години за делото Убиство и една година и шест месеци за делото Злосторничко здружување, односно на единствена казна затвор од 14 години и шест месеци.Шулејб Сулејмановски судот го осуди на казна затвор од 14 години за делото Убиств и на 2 години за Злосторничко здружување, односно на единствена казна затвор од 15 години.Групата не дејствувала инцидентно, туку континуирано и тоа најмалку од јуни 2019 до март 2021 година. Во групата учествувале 15 лица, од кои дел се починати, а дел се недостапни на органите на прогон.

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања