ТРАМП

tramp

Трамп: Уставот не ми дозволува трет мандат, но ќе видиме што ќе се случи

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека, според неговото разбирање, Уставот на САД не му дозволува да се кандидира за трет мандат, но додаде дека „ќе видиме што ќе се случи“.„Според она што го прочитав, претпоставувам дека не ми е дозволено да се кандидирам повторно, но ќе видиме што ќе се случи“, изјави Трамп пред новинарите во авионот Air Force One, на пат кон Јужна Кореја, каде што присуствува на регионален самит, пренесува CNN.Трамп нагласи дека има „највисок рејтинг во анкетите“ и додаде дека е „штета што не може повторно да се кандидира“.Претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, ги отфрли шпекулациите дека Трамп би можел да се кандидира за трет мандат, потсетувајќи дека секое менување на Уставот би било можно само по завршување на неговиот актуелен мандат.Идејата за можен трет мандат повторно се појави поради шпекулации на поранешниот советник Стив Бенон, кој во неодамнешно интервју изјави дека „постои план“ за тоа, што дел од функционерите на Белата куќа го оценија како обид за привлекување внимание.Според 22. амандман на Уставот на САД, усвоен во 1947 година, ниеден претседател не може да биде избран повеќе од два пати.Во јавноста кружеше и тезата дека Трамп (79) би можел во иднина да се кандидира за потпретседател, додека актуелниот потпретседател Џеј Ди Венс би бил претседателски кандидат, но Трамп ја отфрли и таа можност.

Свет | пред 2 месеци

media-library068s1tcf8q7jdqOkgkw

(Видео) Трамп со највисоко државно одликување пречекан во Јужна Кореја

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Јужна Кореја на крајот од својата азиска турнеја, за време на која ги посети Малезија и Јапонија. При пристигнувањето, беше свечено пречекан со изведба на песната „YMCA“ од воениот оркестар – мелодија која често се слуша на неговите политички собири во САД.Јужнокорејскиот претседател Ли Џе Миунг му ја врачи на Трамп „Големата лента на Мугунгва“ (Mugunghwa Grand Order) – највисокото државно одликување во земјата, именувано по националниот цвет на Јужна Кореја, розовиот хибискус. Со тоа, Трамп стана првиот американски претседател што ја добил оваа почест.„Би сакал веднаш да ја ставам“, изјави Трамп при приемот на наградата во форма на огрлица, која му беше доделена како признание за неговата улога на „мировник“ на Корејскиот Полуостров.Според канцеларијата на претседателот Ли, Јужна Кореја се надева дека оваа церемонија ќе придонесе за поповолни услови во трговските преговори со Вашингтон, особено околу американските царини воведени врз јужнокорејските производи.Трамп, во обраќањето од градот Ѓеонгџу, рече дека во овој период не е планирана средба со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, но дека ќе се работи на смирување на тензиите меѓу двете Кореи.„Ќе работиме интензивно со Ким Јонг Ун и со сите засегнати страни за да ги решиме проблемите, затоа што тоа е единствениот разумен пат“, изјави американскиот претседател.Трамп потсети дека во минатиот мандат имал неколку директни средби со Ким Јонг Ун, но преговорите пропаднале поради забрзаниот развој на севернокорејската нуклеарна програма.Иако најави дека е подготвен повторно да се сретне со севернокорејскиот лидер за време на посетата, Пјонгјанг не одговори на поканата, јави France Presse. „Го познавам Ким Јонг Ун многу добро... едноставно не успеавме да го најдеме вистинскиот момент“, додаде Трамп.

Свет | пред 2 месеци

tramp

Трамп: Уште 10% царина за Канада поради измама и непријателски чин

Американскиот претседател Доналд Трамп најави воведување дополнителни 10% царина за Канада, поради, како што оцени тој, сериозно искривување на фактите во неодамнешна реклама што ја критикува американската царинска политика.„Рекламата требаше веднаш да биде повлечена, но сепак беше прикажана синоќа за време на World Series, знаејќи дека станува збор за измама“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social.Според Трамп поради сериозното искривување на фактите и непријателскиот чин ја зголемува царината за 10% повеќе од постоечката стапка.Рекламата ја прикажуваше изјавата на поранешниот американски претседател Роналд Реган од 1987 година, каде што тој коментира недостатоци во трговските царини, особено за увоз од Јапонија. Објавата предизвика остри реакции и ги доведе до прекин на трговските преговори со Канада.Трамп претходно воведе царини од 35% на многу канадски увозни производи, како дел од својата трговска политика во вториот мандат, со образложение дека Канада не успева да спречи криумчарење дрога кон САД.

Свет | пред 3 месеци

Screenshot-2025-08-18-at-19.53.36

Санкциите на Трамп ја зголемија цената на нафтата

Санкциите на американскиот претседател Доналд Трамп против Русија имаат силен ефект.Сепак неизвесно е дали светот ќе престане да купува руска нафта и гас.Анализата на угледниот Гардијан наведува дека новата офанзива на американскиот претседател против приходите од фосилни горива во Русија може да претставува и шанса за мир во Украина и економска придобивка за САД.Трамп минатата недела воведе санкции против двете најголеми руски нафтени компании, Роснефт и Лукоил, со цел да ја ослаби способноста на Москва да ја финансира својата воена машинерија.Новите санкции значат дека сите компании кои купуваат руска нафта ризикуваат да го изгубат пристапот до финансискиот систем заснован на американскиот долар. Ова може да има сериозни последици за Индија и Кина, кои се најголеми купувачи на руска нафта и гас.по целосната инвазија на Украина. Влијанието на санкциите се почувствува веднаш — глобалната цена на нафтата порасна за 6%, а се појавија и извештаи дека големите индиски и кинески рафинерии моментално го стопирале увозот.Доколку Москва ги изгуби тие пазари, може да остане без околу 7,4 милијарди долари месечни приходи, што претставува приближно 3,6 милијарди долари во месечни даноци што директно одат во воениот буџет на Кремљ.

Свет | пред 3 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-22.40.57

Од Будимпешта до санкции: Еден телефонски разговор на Путин скапо го чинеше

Само пет дена по оптимистичниот телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, американскиот лидер Доналд Трамп ја откажа најавената средба во Будимпешта и воведе нови санкции кон Москва – првпат во неговиот втор мандат, пренесува CNN.Прекинот на плановите дојде откако американските власти сфатиле дека ставот на Путин во однос на војната во Украина останал непроменет. Продолжените напади врз цивили, максималистичките барања кон Киев и одбивањето на прекин на огнот биле доволен сигнал за Трамп дека нема простор за напредок. „Едноставно не ми изгледаше исправно“, изјави тој. „Не чувствував дека ќе стигнеме таму каде што треба, затоа го откажав.“Оваа одлука беше поздравена од европските сојузници на Вашингтон и дел од американската јавност, но остро осудена од Москва. По месеци закани без конкретни потези, Трамп конечно презеде најдиректен чекор во насока на казнување на Русија поради продолжувањето на војната. „Едноставно почувствував дека е време“, рече тој при објавата на санкциите од Белата куќа.Според извори од администрацијата, не постоел еден пресуден момент, туку постепено разочарување поради тоа што Путин не покажувал вистинска волја за прекин на конфликтот. Трамп дури се пожалил: „Секој пат кога зборувам со Владимир, имаме добри разговори – а потоа не водат никаде.“По телефонскиот разговор, Трамп одржал средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, која, според американските медиуми, била напната. Иако го притискал Киев за територијални отстапки, на крајот предложил план за прекин на огнот долж постојните фронтови – нешто што Москва категорично го одбива.Одлучувачкиот пресврт дошол по разговорот меѓу државниот секретар Марко Рубио и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кога станало јасно дека Москва нема намера да попушти. Трамп заклучил дека самитот во Будимпешта би бил „губење време“ и го стопирал процесот.Во следните часови, по состанокот со министерот за финансии Скот Бесент – кој подолго време се залагал за санкции – Трамп неочекувано одобрил пакет мерки против нафтените гиганти „Росњефт“ и „Лукоил“. Одлуката го изненадила дури и неговиот најтесен круг на соработници.„Ова се големи санкции“, му рекол Трамп на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој тој ден го посети Вашингтон. „Се надеваме дека нема да траат долго. Се надеваме дека војната ќе биде завршена.“Според извори од Белата куќа, Трамп бил мотивиран и од успехот на прекинот на огнот во Газа, кој го припишува на својот „построг пристап“. „Кога стана поцврст, работите се придвижија“, изјавил еден висок функционер.Иако со месеци двоумел да воведе санкции од страв дека ќе го оддалечи Путин од масата за преговори, сега Трамп ја промени тактиката. Сепак, Белата куќа не ја исклучува можноста за нова средба меѓу двајцата лидери во иднина.„Се надеваме дека еден ден тоа повторно ќе биде можно“, изјави портпаролката Каролин Левит. „Но, овојпат сакаме да бидеме сигурни дека од тој состанок ќе произлезе конкретен, позитивен резултат.“

Свет | пред 3 месеци

putin

Путин со остро предупредување до САД: „Ако нè нападнат, одговорот ќе биде застрашувачки“

Рускиот претседател Владимир Путин испрати остро предупредување до САД, реагирајќи на новите санкции што американскиот претседател Доналд Трамп ги воведе против руските енергетски гиганти „Лукоил“ и „Росњефт“. Како што пренесуваат руските државни медиуми, Путин порача дека Русија ќе одговори „силно и одлучно“ доколку САД употребат ракети Tomahawk против нејзина територија.„Ако со такво оружје се изведат удари врз рускиот територијa, одговорот ќе биде многу силен — да не речам застрашувачки. Нека размислат за тоа“, изјави Путин, додавајќи дека разговорите за можната испорака на вакви ракети на Украина претставуваат „обид за намерна ескалација на конфликтот“.Рускиот лидер се осврна и на неодамнешната одлука на американскиот претседател Доналд Трамп да го откаже планираниот билатерален состанок во Будимпешта. „Мислам дека тој не го откажа, туку само го одложи. Ми предложи сам да организираме самит во Будимпешта, но таков настан мора внимателно да се подготви“, рече Путин, нагласувајќи дека Русија и понатаму останува отворена за дијалог.Во однос на новиот бран санкции, Путин изјави дека тие се „непријателски чин“ кој не придонесува за стабилност во односите меѓу Москва и Вашингтон. Според него, иако санкциите ќе предизвикаат одредени економски загуби, руската економија и енергетскиот сектор остануваат стабилни. „Ќе има одредени последици, но не драматични. Нашата енергетика е сигурна и отпорна. Ова е обид за притисок, но Русија не носи одлуки под туѓ диктат“, изјави Путин.Тој додаде дека Русија припаѓа на државите кои „си го почитуваат својот интегритет и достоинство“ и дека нема намера да попушта под надворешни влијанија. „Ниту една земја што се почитува себеси не решава проблеми на таков начин. Русија има таа привилегија – да стои цврсто зад своите принципи“, нагласи Путин.Рускиот претседател изјави и дека со Трамп разговарал за влијанието на нафтената политика врз глобалниот раст на цените, вклучувајќи ги и ефектите врз американската економија.Путин се обрати пред новинарите по завршувањето на XVII конгрес на Руското географско друштво, нагласувајќи дека Русија „ќе продолжи да се брани, но и да нуди разговор – сè додека има кој да слуша“.

Свет | пред 3 месеци

Screenshot-2025-08-18-at-19.53.36

Трамп: Ја запрев војната во Газа, Нетанјаху ќе се бореше со години

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека лично го спречил израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ја продолжи војната во Газа, тврдејќи дека без неговиот притисок конфликтот би траел со години. Во интервју за магазинот Тајм, Трамп рече дека Нетанјаху бил решен да ја продолжи војната без ограничувања, но тој успеал да го убеди да ја прифати неговата мировна иницијатива. „Тој би продолжил, можело да трае со години, но јас го запрев и сите се обединија кога го направив тоа“, изјави Трамп.Американскиот претседател откри дека го предупредил израелскиот премиер со зборовите: „Биби, не можеш да се бориш против целиот свет. Можеш да водиш одделни битки, но целиот свет е против тебе“. Тој го опиша израелскиот напад врз преговарачи на Хамас во Катар како „ужасен“ и „тактичка грешка“, но додаде дека токму тој инцидент бил еден од клучните моменти што довеле до обединување на страните и до постигнување на прекин на огнот.Трамп нагласи дека неговата администрација успеала да воспостави рамнотежа меѓу дипломатски дијалог и притисок кон блиските сојузници, што, според него, било пресудно за спроведување на неговиот мировен план. Тој исто така потенцира дека американската политика останува јасна во однос на анексијата на Западниот Брег: „Тоа нема да се случи, бидејќи им дадов збор на арапските држави. Израел би ја изгубил целата поддршка на САД доколку се одлучи за тоа“, изјави Трамп.Во меѓувреме, потпретседателот Џеј Ди Венс, кој престојуваше во Израел во обид да го зајакне мировниот процес, остро ги осуди предлозите на израелските десничарски пратеници за анексија на Западниот Брег, нарекувајќи ги „глупав политички трик“ и „навреда“.На изјавите на Трамп реагираше и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој порача дека Израел е суверена држава која сама ги носи своите безбедносни одлуки. „Една недела велат дека Израел ги контролира САД, следната дека САД го контролира Израел. Тоа се бесмислици. Имаме партнерство и заеднички вредности и цели“, изјави Нетанјаху.Изјавите на Трамп доаѓаат во чувствителен момент за регионот, во време кога и покрај објавениот прекин на огнот, тензиите меѓу Израел и Хамас сè уште се високи, а меѓународната заедница внимателно ги следи потезите на Вашингтон и Тел Авив.

Свет | пред 3 месеци

0964BAC4-1A3C-40D7-9AAE-CF47671F6FE0_1_105_c

Прва реакција од Русија: Трамп ја смени стратегијата — од дијалог кон ескалација

Рускиот државен медиум РИА Новости објави текст под наслов „Откриена е заверата на Трамп против Русија“, по најавата на нов пакет санкции што Соединетите Американски Држави ги воведоа против руските нафтени гиганти „Росњефт“ и „Лукоил“.Вашингтон објави дека новите мерки се насочени кон зголемување на притисокот врз Москва, поради, како што се наведува, одбивањето на Кремљ да покаже волја за вистински мировен процес во Украина. Санкциите опфаќаат и 34 подружници на двете компании, кои се дел од руската енергетска инфраструктура.Објавата следи веднаш по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој потврди дека планираниот самит со Владимир Путин во Будимпешта е одложен на неопределено време.„Секојпат кога разговарам со Владимир, разговорите се добри, но не водат никаде“, изјави Трамп по средбата со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.РИА Новости ја пренесе анализата на Блумберг, според која санкциите го означуваат „пресвртниот момент во американската стратегија кон Русија“. Рускиот медиум наведува дека ова е уште една промена во тонот на Белата куќа, која досега се движеше меѓу помирливост и закани, но сега, според нив, „Трамп избрал пат на ескалација“.Овој дипломатски пресврт доаѓа само ден по руското масовно бомбардирање врз Украина, при што загинаа најмалку седум лица, меѓу нив и деца. Американските аналитичари сметаат дека потегот на Трамп е обид да се покаже цврст став кон Москва, во момент кога преговорите за прекин на огнот се во застој.Иако американскиот претседател најави дека и понатаму останува отворен за средба со Путин „во иднина“, Руската федерација засега не даде официјален одговор на новите санкции, но државните медиуми тврдат дека тие се доказ за „внатрешна поделба во Белата куќа и пропаѓање на Трамповата политика за рамнотежа меѓу дијалог и притисок“.

Свет | пред 3 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-22.13.40

Трамп воведе санкции против Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе санкции врз Русија. Ова се први санкции во неговиот втор мандат, а се однесуваат на нафтените компании Лукоил и Роснефт. Со ова се покажа дека незадоволството на Трамп од рускиот претседател Владимир Путин поради војната во Украина и е дел од новиот обид за ставање крај на војната во Украина.,,Единственото нешто што можам да го кажам е дека секој пат кога разговарам со Владимир, водам добри разговори, а потоа тие едноставно не водат никаде“, рече Трамп.Министерството за финансии на САД, кое ги издаде санкциите, изјави дека е подготвено да преземе понатамошни чекори и ја повика Москва веднаш да се согласи на прекин на огнот во војната на Русија во Украина, која започна во февруари 2022 година.„Со оглед на одбивањето на претседателот Путин да ја заврши оваа бесмислена војна, министерството воведува санкции врз двете најголеми руски нафтени компании кои ја финансираат воената машинерија на Кремљ“, изјави министерот за финансии Скот Бесент во соопштението.,,Ги охрабруваме нашите сојузници да ни се придружат во почитувањето на овие санкции“, додаде тој.

Свет | пред 3 месеци

1659117443-2022-07-25T155144Z_127246473_RC2PHT9BL7DP_RTRMADP_3_HUNGARY-ORBAN-JEWISH-GROUP-750x521

Орбан тврди дека самитот меѓу Трамп и Путин не е откажан: „Подготовките се во тек“

И покрај тоа што најавениот самит меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин e ставен на чекање, унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека подготовките за средбата продолжуваат, јавува Reuters.Орбан на својата официјална страница на Facebook напиша дека унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто моментално престојува во Вашингтон и дека се работи на логистиката околу мировниот самит.„Подготовките за мировниот самит продолжуваат. Датумот сè уште не е познат. Кога ќе дојде време – ќе го одржиме“, напиша Орбан.Потсетуваме, средбата беше одложена откако Москва одби да се согласи со предлогот за моментален прекин на огнот во Украина, што го засени напредокот во дипломатските обиди за мир.Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека инсистирањето на траен прекин на огнот е спротивно на претходните договори меѓу лидерите на двете земји постигнати на самитот во Алјаска. Тој предложи привремен прекин на огнот како чекор кон поширок мировен процес, повикувајќи ги европските партнери да го поттикнат Вашингтон да ја смени својата позиција.Од американска страна, Трамп изјави дека не сака да има „бесмислен состанок“, но додаде дека ситуацијата може да се промени во наредните денови и најави дека јавноста ќе биде „навремено информирана“.Претставник на Белата куќа потврди дека плановите за втор самит меѓу Трамп и Путин се привремено одложени по телефонски разговор меѓу државниот секретар Марко Рубио и Лавров, кој бил оценет како „продуктивен“.Орбан, кој според последните анкети заостанува пред парламентарните избори во 2026 година, е долгогодишен сојузник на Трамп и одржува блиски односи со Москва, што го направи контроверзна фигура во Европската унија поради неговите конфликти со Брисел и обвиненијата за назадување на демократијата во Унгарија.

Свет | пред 3 месеци

Screenshot-2025-08-18-at-19.50.21

BBC: Трамп го губи моментумот во дипломатската офанзива за Украина

Изгледа дека извештаите за скорешен самит меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин биле претерани. Само неколку дена откако Трамп најави дека ќе се сретне со Путин во Будимпешта „за околу две недели“, состанокот е одложен на неопределено време, објави BBC.Претходно беше откажан и планираниот состанок на највисоките дипломати на двете земји. „Не сакам да имам бесмислен состанок. Не сакам да губам време“, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа, нагласувајќи дека состанок ќе се одржи само ако постојат реални предуслови за напредок.Ова е уште еден во серијата пресврти во неговите обиди да посредува во прекинот на војната во Украина — конфликт што трае речиси четири години. Американскиот претседател, кој неодамна успеа да постигне прекин на огнот и размена на заложници во Газа, се надеваше дека може да ја искористи истата стратегија и на источноевропското бојно поле.Сепак, според BBC, условите во Украина се далеку покомплицирани. Трамп последните девет месеци се движел меѓу притисоци врз Путин и критики кон украинскиот претседател Володимир Зеленски, но без конкретен резултат. Иако се закануваше со нови санкции за рускиот енергетски извоз и со испорака на далекусежно оружје на Украина, истовремено се плашеше од ризикот за глобалната економија и можноста за поголема ескалација.Истовремено, Трамп на кратко ја прекина воената и разузнавачка поддршка за Киев, што ги вознемири европските сојузници, за потоа повторно да ја обнови под притисок на НАТО-партнерите.Иако Трамп често се фали со својата способност за „дилови“, неговите лични средби со Путин и Зеленски не донесоа напредок. Рускиот претседател, велат аналитичари, ја користи желбата на Трамп за дипломатски успех за да го манипулира и да ја добие својата геополитичка предност.Во јули Путин наводно се согласил на самит на Алјаска токму во моментот кога Трамп требаше да ги одобри новите санкции од Конгресот — мерка која потоа беше ставена на пауза. Сличен сценарио се повтори минатата недела, кога по телефонски разговор со Путин, Трамп веднаш најави можен самит во Будимпешта, а само ден подоцна го пречека Зеленски во Белата куќа.Средбата, според американски извори, била напната. Зеленски заминал без ветена помош, а Трамп му порача дека „не дозволува никој да го искористува“. По средбата, украинскиот претседател коментираше дека секое забавување на воената помош веднаш ја намалува подготвеноста на Русија за дипломатија.На крајот, Трамп се задоволи со повик за прекин на огнот долж постојните фронтовски линии, што Москва одби да го прифати. Иако за време на својата кампања ветуваше дека „ќе го заврши војната за неколку часа“, Трамп сега признава дека тоа е „потешко отколку што изгледа“.Ова признание, како што наведува BBC, е ретка потврда на ограниченоста на неговото влијание и на реалноста дека војната во Украина нема едноставно решение, особено кога ниту една страна не е подготвена да се откаже од своите цели.

Свет | пред 3 месеци

Screenshot-2025-08-18-at-19.53.36

Не сакам залудна средба, запрете ја војната и одете дома:Трамп го одложи состанокот со Путин

Како што објави Би-би-си, американскиот претседател, Доналд Трамп изјави дека не сака залудна средба откако плановите за директни разговори со рускиот претседател Владимир Путин за војната во Украина беа ставени на чекање. Несогласувањето на Москва да ги запре борбите по сегашната линија на фронтот останува клучна пречка.Претходно, официјален претставник на Белата куќа потврди дека нема планови Трамп и Путин да се сретнат во блиска иднина.Трамп во понеделникот го прифати предлогот за прекин на огнот поддржан од Киев и европските лидери, кој би го замрзнал конфликтот на сегашната фронтовска линија.Трамп и Путин се сретнаа на Алјаска во август, но овој самит не даде конкретни резултати.

Свет | пред 3 месеци

Screenshot-2025-08-22-at-10.41.43

Европските лидери ја поддржаа иницијативата на Трамп за запирање на војната во Украина – Русија останува непопустлива

Високи претставници од Велика Британија, Франција, Германија, Украина и Европската унија денеска издадоа заедничка изјава во која ја изразуваат својата поддршка за напорите на американскиот претседател Доналд Трамп за ставање крај на војната во Украина, јавува Reuters.„Цврсто го поддржуваме ставот на претседателот Трамп дека борбите треба веднаш да престанат и дека тековната линија на фронтот треба да биде основа за преговори“, се наведува во изјавата на британската влада.Во документот се додава дека ќе биде засилен притисокот врз руската економија и одбранбената индустрија, сè додека „Владимир Путин не покаже подготвеност за мир“, како и дека се развиваат мерки за користење на „целата вредност на замрзнатата руска државна имовина за поддршка на Украина“.Предлогот за замрзнување на конфликтот долж постојните линии на бојното поле би претставувал значителен отстап за Украина, која инсистира на враќање на целата територија окупирана од Русија од 2014 година, вклучително и Крим.Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела изјави дека е отворен за компромис и дека замрзнување на фронтот би можело да биде прв чекор кон мировен договор. Тој дури најави можен самит со рускиот претседател Владимир Путин во Будимпешта, иако подготовките за тој состанок се одложени.Руската страна остро реагираше на изјавите од Западот. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека „ставот на Русија останува непроменет“ и дека Москва не прифаќа замрзнување на конфликтот во сегашна форма.„Ова прашање е повеќепати покренувано во рамки на руско-американските контакти, и нашиот одговор секогаш бил ист – добро познат на сите“, рече Песков, кој ја минимизираше тежината на најавите од Вашингтон, нарекувајќи ги „новински извештаи“.Според Москва, прекинот на огнот би ѝ овозможил на Украина да се прегрупира и повторно да се вооружи, па затоа Русија инсистира на директни преговори за целосен мировен договор, но под услов да добие дополнителни територии под своја контрола.Иако Трамп минатата недела најави дека високите советници на САД и Русија ќе се сретнат, планираниот состанок меѓу американскиот државен секретар Марко Рубио и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров е одложен, потврдија извори од Белата куќа за CNN.Причината не е официјално наведена, но според дипломатски извори, две страни имаат различни визии за крајот на руската инвазија. Засега не е познато дали одложувањето ќе влијае на најавениот самит меѓу Трамп и Путин во Будимпешта.

Свет | пред 3 месеци

Screenshot-2025-08-18-at-19.53.36

Одложен состанокот меѓу советниците на Трамп и Путин – неизвесност околу планираниот самит во Будимпешта

Плановите на американскиот претседател Доналд Трамп за брз состанок со рускиот претседател Владимир Путин се доведени во прашање, откако подготвителниот состанок на нивните надворешнополитички советници е ставен во мирување, пренесе CNN, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата.Состанокот меѓу американскиот државен секретар Марко Рубио и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој требаше да се одржи оваа недела, е одложен, потврдија извори од Белата куќа. Иако причините не се целосно познати, дел од дипломатските извори наведуваат дека двајцата имале различни очекувања околу можниот крај на војната во Украина.Оваа одлука, според CNN, може да го загрози планираниот самит меѓу Трамп и Путин во Будимпешта, кој беше најавен како можен чекор кон дипломатско решение на конфликтот.Белата куќа, сепак, тврди дека американскиот претседател останува посветен на дипломатскиот пат.„Претседателот Трамп постојано работи на пронаоѓање мирно и дипломатско решение за овој бесмислен воен судир и ќе направи сè што е во негова моќ да го запре крвопролевањето“, изјави портпаролката на Белата куќа, Ана Кели.Рубио и Лавров во понеделникот телефонски разговарале за „следните чекори“ по разговорот меѓу двајцата претседатели минатата недела. Во соопштението на американскиот Стејт департмент се наведува дека Рубио „нагласил дека наредните дипломатски ангажмани се шанса Москва и Вашингтон да придонесат кон трајно решение на руско-украинскиот конфликт, во согласност со визијата на претседателот Трамп“.Кремљ, пак, разговорот го опиша како „конструктивна дискусија“ за конкретни чекори кон спроведување на договореното меѓу двајцата лидери.Сепак, извор од американската администрација изјавил дека руската страна не покажала суштинска промена на ставовите, што ја намалува веројатноста за скорешен состанок меѓу Трамп и Путин.Последната средба меѓу двајцата претседатели се одржа пред повеќе од два месеца, во Анкорејџ, на Алјаска, и траеше речиси три часа без конкретен резултат.Трамп во последните денови повторно повика на итен прекин на војната во Украина, велејќи:„Треба да се сопре насилството по должината на линијата на фронтот – инаку ова никогаш нема да заврши. Запрете се таму каде што сте.“

Свет | пред 3 месеци

media-libraryn7qsj5o56nc24R0a2Od

Грлиќ Радман: На состанокот меѓу Трамп и Путин треба да учествуваат и Украина и ЕУ

Хрватска смета дека не може да има договор за Украина без Украина, и дека на најавениот состанок меѓу американскиот и рускиот претседател треба да учествуваат и украински претставници, како и претставници на земјите членки на ЕУ, изјави денеска министерот за надворешни работи, Гордан Грлиќ Радман.„Ги поздравуваме напорите на американскиот претседател Доналд Трамп за постигнување решение. Секако, треба да се искористи состанокот што треба да се одржи и сметаме дека тој состанок треба да се одржи со украински претставници, како и со претставници на државите членки на ЕУ“, изјави Грлиќ Радман, кој денеска учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ во Луксембург.„Го поддржуваме секој напор за праведен мир“Тој додаде дека официјален Загреб го поддржува секој напор кој оди во насока на постигнување „праведен мир, што значи почитување на територијалниот интегритет и суверенитетот на Украина“.Сличен став изнесе и високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Каја Калас.„Се обидуваме да ги увериме нашите сојузници низ целиот свет дека ништо не може да произлезе од тие состаноци ако во нив не учествуваат Украина или Европа“, изјави Калас на прес-конференција.Таа додаде дека смета оти претседателот Трамп „искрено се обидува да го заврши војната“ и дека тоа го сакаат сите – освен Русија.„Не треба да дозволиме да ни се одвлекува вниманието, суштината е во тоа што мора да ја натераме Русија да посака мир“, рече Калас.

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања