ТРАМП

media-library57086u3553pje5f7Ula

Историски потег: Сириски лидер во Белата куќа за првпат по 80 години, Трамп го пречека претседателот Ал-Шараа

Сирискиот претседател Ахмед ал-Шараа денес пристигна во Вашингтон, каде што ќе има средба со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа – историски настан, бидејќи ова е прва официјална посета на сириски лидер во САД откако земјата ја стекна независноста во 1946 година.Главната тема на разговорите, според медиумите, ќе биде укинувањето на преостанатите санкции кон Сирија, која се обидува да закрепне по тринаесетгодишната граѓанска војна. Весникот The Guardian објави дека Дамаск ќе побара целосно укинување на економските ограничувања што останаа на сила и по падот на поранешниот претседател Башар ал-Асад.Ал-Шараа, кој дојде на власт минатата година откако неговите сили го соборија режимот на Асад, се обидува да го убеди Вашингтон дека санкциите го забавуваат закрепнувањето на земјата и дека повеќе немаат оправдување. Неговиот советник Ахмад Зејдан за саудиската телевизија „Ал Арабија“ изјави дека приоритет на преговорите е укинувањето на Законот Цезар од 2019 година, со кој беа воведени строги санкции за кршење на човековите права од страна на поранешниот режим.Трамп, кој со сирискиот претседател се сретна првпат во мај во Ријад, уште тогаш го опиша како „млад и привлечен човек, цврст борец со силно минато“. По таа средба, американскиот претседател укина дел од санкциите, што беше голем пресврт во американската политика кон Сирија.Сепак, Законот Цезар останува во сила и неговото трајно укинување ќе бара одобрение од Конгресот. САД минатата недела предводеа иницијатива во Советот за безбедност на ОН со која беа укинати и санкциите против самиот ал-Шаара.Поранешниот командант на бунтовничките сили, кој некогаш беше на американската потерница со награда од 10 милиони долари, во последните месеци се обидува да ја претстави својата влада како отворена и подготвена за соработка со Западот. Во септември тој се обрати пред Генералното собрание на ОН – прв сириски лидер што го направил тоа по повеќе децении.„Имаме огромна задача – да ја изградиме економијата одново“, изјави тогаш ал-Шараа. „Сиријците сакаат да работат, тоа им е во природата. Само укинете ги санкциите и резултатите ќе ги видите сами.“ Според проценките на Светската банка, обновата на земјата ќе чини најмалку 216 милијарди долари.Портпаролот на Стејт департментот, Томи Пигот, потврди дека владата на ал-Шараа ги исполнува барањата на САД – меѓу кои соработка во потрагата по исчезнатите американски државјани и елиминација на преостанатото хемиско оружје. „Овие чекори се доказ за напредокот што го постигна новото раководство по повеќе од половина век репресија“, рече Пигот.

Свет | пред 2 месеци

tramp

„Корумпирани новинари“: Трамп го нападна раководството на Би-Би-Си по скандалот со фалсификуван говор

Американскиот претседател Доналд Трамп остро ги нападна новинарите на британската телевизиска мрежа „Би-Би-Си“, нарекувајќи ги „корумпирани“, откако двајца од највисоките функционери на медиумот поднесоа оставки поради контроверзна монтажа на еден од неговите говори.Во објава на неговата социјална мрежа Truth Social, Трамп напиша дека „највисоките луѓе во Би-Би-Си, вклучувајќи го и директорот Тим Дејви, сите си заминуваат бидејќи беа фатени како го ‘фалсификуваат’ мојот совршен говор од 6 јануари“. Тој им се заблагодари на новинарите од весникот „Телеграф“ за, како што рече, „разоткривањето на корумпираните новинари“, обвинувајќи ги дека се обиделе да влијаат врз претседателските избори во САД. „Тоа се нечесни луѓе од странска земја што многумина ја сметаат за наш најголем сојузник. Ужасна работа за демократијата!“, додаде Трамп.Скандалот што го откри британскиот весник „Дејли телеграф“ се однесува на документарецот на „Би-Би-Си“ емитуван само една недела пред претседателските избори во ноември 2024 година. Телевизијата била обвинета дека во прилогот „Панорама“ направила монтажа на делови од говорот што Трамп го одржа на 6 јануари 2021 година, така што се добивал впечаток дека тој директно ги повикува своите приврзаници да маршираат кон Капитол и да „се борат како ѓаволи“.По бурните реакции во јавноста, генералниот директор на „Би-Би-Си“ Тим Дејви и извршната директорка на информативната програма Дебора Тернес поднесоа оставки. Тие се соочија со жестоки критики дека прилогот ги довел гледачите во заблуда и дека направената монтажа сериозно ја нарушила довербата во уредувачката политика на медиумот.Во својата писмена оставка, Дејви нагласи дека одлуката ја донел сам, по две децении работа во јавниот сервис, и дека останува благодарен на Управниот одбор за поддршката што ја добивал во текот на мандатот.„Размислував за големите лични и професионални предизвици што ги носи оваа позиција, особено во овие турбулентни времиња. Би-Би-Си има посебна улога во британското општество — ја поттикнува толеранцијата, љубопитноста и отвореноста. Секако, не сме совршени и мора да бидеме транспарентни и одговорни“, напиша тој.Дејви додаде дека иако дебатата околу уредувањето на вестите не е единствената причина, таа несомнено влијаела врз неговата одлука. „Би-Би-Си во целина работи добро, но имаше и грешки. Како генерален директор, должност ми е да ја преземам крајната одговорност“, заклучи тој.

Свет | пред 2 месеци

media-library77614r3so4gffLZss0S

(Видео) Снимка од Трамп се прошири со молскавична брзина: спиеше или не на средба?

Фотографии на кои се чини дека претседателот Доналд Трамп задремал во Овалната сала за време на официјален настан, се проширија со молскавична брзина низ социјалните мрежи, отворајќи нова лавина коментари за неговата работна способност и здравствена состојба, пренесува CNN.Снимките се направени во четврток, додека Трамп објавувал мерки за намалување на цените на популарните лекови за слабеење. На фотографиите се гледа како тој држи затворени очи, а во некои моменти се чини дека се бори да остане буден, триејќи го лицето со рака.Критиките од политичките противници не изостанаа. Канцеларијата на гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом, на „X“ објави фотографии со саркастичен коментар: „Поспани Дон се врати.“На обвинувањата остро реагираше портпаролката на Белата куќа, Тејлор Роџерс, која ги нарече вестите „бесмислени“.„Претседателот не спиеше; напротив, зборуваше цело време и одговараше на прашања од новинарите. Настанот беше важен – најави историско намалување на цените на два клучни лека кои им помагаат на Американците што се борат со дијабетес, срцеви заболувања и дебелина. Наместо да се зборува за тоа, пропаднатите либерални медиуми туркаат празни приказни,“ изјави Роџерс за CNN.Иако фотографиите отворија сомнежи за замор, Трамп често држи долги говори и редовно одговара на новинарски прашања, а негови соработници ја истакнуваат неговата енергија.Само еден ден пред настанот во Белата куќа, Трамп имал повеќе од еден час говор во Мајами, а неодамна се вратил од интензивна турнеја во Азија.Сепак, прашањата за неговото здравје не престануваат, особено бидејќи со 79 години е највозрасниот претседател во американската историја. Минатиот месец откри дека направил магнетна резонанца, без да објасни зошто, а претходно Белата куќа објави дека лекарите му дијагностицирале хронична венска инсуфициенција поради оток на нозете.

Свет | пред 2 месеци

media-library6a4o7esrff7525UIBLc

Ударот на Трамп врз мигрантите, 278.000 апсења од почетокот на мандатот – 66.000 лица во притвор

Бројот на притворени мигранти во американската Служба за имиграција и царина (ICE) оваа недела се искачи на 66.000, што претставува нов рекорд откако претседателот Доналд Трамп ги засили мерките против нелегалната имиграција.Како што пренесува „Си-Би-Ес“ (CBS), повикувајќи се на интерни податоци од Министерството за домашна безбедност (DHS), САД досега никогаш немале толку голем број лица во притвор кои чекаат депортација.Од почетокот на вториот мандат на Трамп во јануари, бројот на притворени мигранти е зголемен за речиси 70 отсто – од околу 39.000 на сегашните 66.000.Претходниот рекорд бил забележан во 2019 година, за време на првиот мандат на Трамп, кога во притвор се наоѓале околу 56.000 лица. ICE во своите установи ги задржува странците кои престојуваат во земјата без дозвола или се соочуваат со депортација, сè додека нивните случаи не се завршат – освен ако не бидат ослободени со кауција или од хуманитарни причини.Според изјава на американски функционер за CBS, ICE моментално располага со капацитет од околу 70.000 кревети, во споредба со 41.500 на почетокот на мандатот. Бројот може дополнително да порасне, бидејќи агенцијата доби 45 милијарди долари преку законот „One Big Beautiful Bill“ за проширување на притворските капацитети, со план да достигне до 100.000 места во иднина.Интерните податоци на Министерството за домашна безбедност покажуваат дека околу половина од притворените – приближно 33.000 лица – немаат никакви кривични пријави или осуди, туку се задржани исклучиво поради имиграциски прекршоци.Од почетокот на вториот мандат на Трамп, ICE спроведе околу 278.000 апсења, односно просечно по 965 дневно, додека вкупниот број на апсења, вклучувајќи ги и оние извршени од царинските и пограничните служби, надминува 520.000.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryn5kejqt8o6ka8dFO60k

(Видео) Драма во Белата куќа: Гостин колабираше пред Трамп, д-р Оз интервенираше веднаш

Во Овалната соба на Белата куќа во четвртокот се случи драматична сцена откако еден од присутните колабираше за време на прес-конференцијата на која претседателот Доналд Трамп ја претставуваше новата иницијатива за намалување на цените на лековите против дебелина.Инцидентот се случи пред очите на Трамп и повеќе високи функционери, меѓу кои беа д-р Мехмет Оз, директорот на Центарот за „Медикејр“ и „Медикејд“, како и министерот за здравство Роберт Ф. Кенеди Џуниор.Кога мажот, чиишто идентитет засега не е официјално потврден, почнал да ја губи свеста, Оз и другите присутни веднаш реагирале и му притрчале на помош. „Are you OK? Gordon, you OK?“ се слушало како прашува директорот на фармацевтската компанија „Ели Лили“ (Eli Lilly), Дејвид Рикс, додека обезбедувањето и новинарите ја напуштале просторијата.Оз се наведнал над мажот и, заедно со уште неколку лекари, го положил на подот. Според изјави на сведоци за магазинот „Пипл“, Кенеди во тој момент излегол да донесе столица и влажен пешкир за да помогне, но корисници на интернетот брзо го обвиниле дека „побегнал од просторијата“.„Секретарот отиде да побара медицинска помош додека другите укажуваа прва помош, вие болни умови,“ напиша на платформата X заменик-портпаролот на Белата куќа, Куш Десаи, бранејќи го Кенеди. Откако прес-конференцијата накратко беше прекината, Трамп им се обрати на присутните:„Го видовте човекот што се сруши, но сега е добро. Го испративме кај лекарите и сè е во ред. Имавме мала пауза, но продолжуваме понатаму,“ рече претседателот.Набргу потоа се појавија шпекулации дека станува збор за Гордон Финдли од компанијата „Ново Нордиск“ (Novo Nordisk), производител на лековите „Оземпик“ (Ozempic) и „Веговј“ (Wegovy), но компанијата го демантираше тоа, наведувајќи дека на настанот присуствувале само двајца нивни високи претставници, пренесува „Пипл“.Интересно е што ова не е прв ваков инцидент во Белата куќа оваа година. Во април, д-р Оз бил сведок на слична ситуација кога неговата 11-годишна внука се онесвестила за време на друг официјален настан.

Свет | пред 2 месеци

tramp

(Видео) Трамп цензуриран, од 90-минутно интервју, емитувани се само 28 минути на CBS

Емисијата „60 минути“ на ЦБС (CBS) драстично го скрати интервјуто со Доналд Трамп, емитувано во неделата навечер, исфрлајќи клучни делови во кои поранешниот американски претседател се пофалил со паричната нагодба што ја добил од оваа медиумска куќа.Од вкупно 90 минути разговор со новинарката Нора О’Донел, емитирани биле само околу 28 минути. Тоа беше неговото прво интервју за оваа емисија по пет години, пренесува Гардијан (The Guardian).Уредувањето на интервјуто е особено значајно бидејќи точно пред една година Трамп ја тужеше телевизијата ЦБС поради, како што тврдеше, манипулативно монтирање на интервјуто со тогашната потпретседателка Камала Харис, со цел да ѝ се помогне на претседателските избори.Иако правните експерти ја оценија тужбата како „неоснована“, ЦБС во јули постигна нагодба со Трамп во вредност од 16 милиони долари. Според договорот, мрежата се обврзала да објавува транскрипти од идните интервјуа со претседателски кандидати, а целосниот транскрипт и продолжената верзија на ова интервју се достапни на интернет.Провокација што не беше емитуванаВо делот од интервјуто кој не беше прикажан на телевизија, Трамп ја провоцирал ЦБС поради нагодбата и ги повторил своите обвинувања.„Всушност, ‘60 минути’ ми платија многу пари. И не мора ова да го објавите, бидејќи не сакам да ве посрамотам, а сигурен сум дека и нема да го направите. Но, ‘60 минути’ беа принудени да ми платат многу пари, затоа што го исфрлија нејзиниот одговор кој беше толку лош што ги промени изборите – две ноќи пред гласањето. Ставија нов одговор. И ми платија многу пари за тоа. Не можете да имате лажни вести. Треба да имате легитимни вести. И мислам дека тоа се случува,“ изјавил Трамп.Цензурирани и други темиМеѓу бројните исечени делови се нашле и неговите коментари за претседателските избори во 2020 година, за кои повторил дека биле „наместени и украдени“.Во еден од неприкажаните сегменти, Трамп се обидел да ја натера О’Донел да признае дека стапката на криминал во Вашингтон, каде што таа живее, е во опаѓање.Кога таа дала одговор што не му се допаднал, Трамп го нарекол „нечесен“ и потоа сугерирал дека тој дел од разговорот не мора да се емитува.

Свет | пред 2 месеци

maduro-696x418-1

Трамп: Деновите на Мадуро се одброени

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека деновите на венецуеланскиот лидер Николас Мадуро се одброени, алудирајќи на можни политички промени во Каракас.Изјавата на Трамп, дадена во интервју за CBS, доаѓа во момент кога САД распоредуваат воени единици во Карибите и изведоа повеќе напади врз бродови осомничени за транспорт на дрога.На прашање дали САД ќе влезат во војна со Венецуела, Трамп одговори:„Се сомневам. Не мислам дека ќе се случи тоа.“Но, на прашањето дали Мадуро е при крајот на своето владеење, Трамп беше поодреден:„Би рекол дека е така. Да, мислам дека неговите денови се одброени.“Мадуро претходно го обвини Вашингтон дека ја користи борбата против трговијата со дрога како изговор за „наметнување промена на режимот“ и контрола врз венецуеланската нафта.Според извештаи, во 15 американски напади врз бродови на Карибите и Пацификот загинале најмалку 65 лица.Говорејќи од својата резиденција Мар-а-Лаго во Флорида, Трамп изјави:„Секој брод кој го гледате полн со дрога убива по 25.000 луѓе и уништува семејства низ целата земја.“На директно прашање дали САД планираат копнени операции во Венецуела, Трамп не ја исклучи можноста:„Не можам да ви кажам што ќе направам со Венецуела — дали ќе го направам тоа или не.“

Свет | пред 2 месеци

netanjahu

Трамп најави дека ќе се „вклучи“ во судењето на Нетанјаху: „Ќе му помогнам, се однесуваат неправедно кон него“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во интервју за емисијата „60 Minutes“ на CBS дека ќе се „вклучи“ во судењето за корупција на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, со цел, како што рече, „да му помогне малку“, јавува Axios.Во разговорот со новинарката Нора О’Донел, Трамп го опиша Нетанјаху како „многу талентиран човек“ и „водач каков што му е потребен на Израел во време на војна“.„Мислам дека не се однесуваат добро кон него. Се суди за некои работи што не заслужуваат таков третман. Ќе се вклучиме малку за да му помогнеме, бидејќи сметам дека тоа е многу неправедно“, изјави Трамп.Интервјуто било снимено на 1 ноември, а емитувано вчера.Како што потсетува Axios, ова не е првпат Трамп да се вмеша во случајот против Нетанјаху. Минатиот месец, за време на своето обраќање во израелскиот парламент, тој неочекувано го повика претседателот Исак Херцог да го помилува Нетанјаху, велејќи:„Цигари и шампањ — кого воопшто го интересира тоа?“Оваа изјава се однесуваше на обвиненијата дека Нетанјаху примал луксузни подароци од бизнисмени. Подоцна Трамп откри дека самиот Нетанјаху го замолил да го спомне тоа во говорот.Трамп во неколку наврати преку својата социјална мрежа Truth Social повикуваше на обуставување на судењето, тврдејќи дека станува збор за политички мотивиран процес.Против израелскиот премиер се води процес по обвиненија за поткуп, измама и злоупотреба на довербата во три одделни случаи.Тој е обвинет дека примил подароци во вредност од над 200.000 долари од богати бизнисмени и дека на еден телекомуникациски магнат му овозможил регулаторни привилегии вредни стотици милиони долари, во замена за позитивно медиумско покривање.Судењето трае веќе четири години, со чести одложувања кои, според израелските медиуми, се резултат на тактики за одлагање од страна на Нетанјаху.Поранешен челник на безбедносните служби го обвини премиерот дека ги користи своите извршни овластувања за да го одолговлекува процесот.

Свет | пред 2 месеци

Screenshot-2025-06-24-at-09.17.14

Трамп нареди на Пентагон да подготви можен воен напад врз Нигерија, поради убивањето на христијани

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека ѝ наредил на американската армија да започне подготовка за потенцијална воена акција во Нигерија, обвинувајќи ја нигериската влада дека не успева да го спречи прогонството на христијаните во таа западноафриканска земја.„Ако нигериската влада продолжи да дозволува убиства на христијани, САД веднаш ќе ја прекинат целата помош и поддршка за Нигерија, и многу е можно да влеземе во таа срамно компромитирана земја со полна сила, за целосно да ги уништиме исламските терористи кои ги извршуваат овие страшни злосторства“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social.„Му наредувам на нашето Министерство за војна да се подготви за можна акција. Ако нападнеме – ќе биде брзо, сурово и одлучно, исто како што тие терористички злосторници напаѓаат наши возљубени христијани,“ додаде тој.Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет ја сподели изјавата на Трамп, коментирајќи: „Да, господине. Убивањето на невини христијани во Нигерија – и било каде – мора веднаш да престане. Министерството за војна се подготвува за акција.“Трамп ја додаде Нигерија на списокот на земји од „посебна загриженост“ според американскиот Закон за меѓународна верска слобода, обвинувајќи ја владата дека толерира систематски и тешки прекршувања на верските права.Нигерискиот претседател Бола Ахмед Тинубу реагираше дека ваквата квалификација „не ја одразува реалноста“ и дека државата вложува „искрени напори за заштита на верските слободи“.„Соработуваме со владата на САД и со меѓународната заедница за да го продлабочиме разбирањето и соработката во заштитата на сите верски заедници,“ изјави Тинубу.Неговиот портпарол го нарече тврдењето за „масакр врз илјадници христијани“ – „грубо претерување“, истакнувајќи дека насилствата во земјата често се насочени и кон муслимани, цркви и џамии.Со 232 милиони жители, Нигерија е најнаселена држава во Африка. Според податоците на CIA World Factbook, населението е поделено на 53,5% муслимани и 45,9% христијани.Земјата со децении се соочува со екстремистички напади, пред сè од групата Боко Харам, која се стреми кон воспоставување радикална исламска држава. Освен тоа, земјата се соочува со етнички конфликти, вооружени судири меѓу сточари и земјоделци, како и криминални групи кои ги напаѓаат селата во централните делови на земјата.Организацијата Genocide Watch предупредува дека во последните две децении во Нигерија се убиени повеќе од 62.000 христијани, а дел од меѓународните набљудувачи зборуваат за геноцид врз христијанските заедници.Во јуни годинава, вооружени напаѓачи убија најмалку 100 лица во селото Јелевата во државата Бенуе, при што беа раселени повеќе од 500.000 луѓе. Според Amnesty International, нападите биле извршени од фулански џихадисти, кои веќе подолго време делуваат во регионот.

Свет | пред 2 месеци

media-library0lmq13liji0p6nakrwv

Јордан и Германија: Мировните сили за Газа треба да имаат мандат од ОН

Јордан и Германија денес се согласија дека меѓународните сили, кои ќе бидат распоредени во Газа според мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп, треба да имаат мандат од Обединетите нации (ОН).„Меѓународни стабилизациски сили“ се предвидени со договорот кој на 10 октомври доведе до кревко примирје меѓу Израел и палестинскиот Хамас, по две години разорна војна предизвикана од нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година.„Мандатот мора да биде заснован на јасна правна основа во меѓународното право“Според условите на овој договор, коалицијата на стабилизациски сили ќе се состои главно од арапски и муслимански земји и ќе биде распоредена во Газа за да ја надгледува безбедноста и почитувањето на примирјето за време на повлекувањето на израелската војска.„За овие стабилизациски сили ефикасно да ја извршуваат својата мисија, сите се согласуваме дека тие мора да имаат мандат од Советот за безбедност“, изјави јорданскиот министер за надворешни работи Ајман Сафади на заедничката прес-конференција со неговиот германски колега Јохан Вадефул во Манама, главниот град на Бахреин.Вадефул исто така ја поддржа идејата за мандат на ОН за овие меѓународни сили, кој мора да биде заснован на „јасна правна основа во меѓународното право“. „Тоа е многу важно за земјите кои сакаат да испратат свои војници во Газа и за Палестинците. Германија, исто така, сака јасен мандат за оваа мисија“, рече тој.„Јордан нема да испрати војници во Газа“Јорданскиот претставник појасни дека неговата земја нема да испраќа војници во Газа. „Премногу сме вклучени во ова прашање и не можеме да распоредиме сили“, рече тој, додавајќи дека Јордан е подготвен да ги координира и да соработува со тие сили.Идејата за меѓународни сили без мандат на ОН предизвика контроверзии, а експертите минатиот месец предупредија дека тоа би значело „израелската окупација да се замени со окупација предводена од САД, што е спротивно на палестинското самоопределување“.ОН со децении издава мандати за меѓународни мировни сили во регионот, особено во Либан. Мисијата УНИФИЛ, со околу 10.000 мировници, делува како тампон-зона меѓу Израел и Либан од 1978 година, а нејзиниот мандат треба да заврши во 2027 година.

Свет | пред 2 месеци

dodik

Трамп ги укина санкциите кон Додик, зошто?

Укинувањето на американските санкции за Милорад Додик и групата од околу триесет негови соработници и членови на најтесното семејство претставува потврда дека актуелната администрација на Доналд Трамп испробува нов пристап кон Босна и Херцеговина, согласни се поголемиот дел од политичарите, аналитичарите и медиумите во таа земја.Канцеларијата за контрола на странски имот (OFAC) при американското Министерство за финансии во средата соопшти дека од списокот на санкционирани се отстранети Додик, членката на Претседателството на БиХ Жељка Цвијановиќ, дваесетина поранешни и сегашни функционери во институциите на БиХ и Република Српска, како и повеќе компании кои претходно се најдоа на „црната листа“ на САД поради сомнеж дека се дел од коруптивна мрежа која го одржува Додик на власт и му овозможува лично да се збогатува.OFAC не даде никакво објаснување зошто Додик, неговите соработници и тие компании повеќе не се под казнените мерки кои подразбираа забрана за патување во САД и замрзнување на имот доколку санкционираните поседуваат таков на американска територија.Подоцна од Стејт департментот појаснија дека станува збор за редовни ревизии кои се спроведуваат секоја година со цел унапредување на американските интереси, но потврдија и дека укинувањето на санкциите е директно поврзано со повлекувањето на Додик од функцијата претседател на Република Српска и поништувањето на спорните закони што претходно, по негова иницијатива, ги усвои ентитетскиот парламент.Укинати санкции„Конструктивните чекори што ги презеде Народното собрание на Република Српска во претходните недели треба да придонесат за поголема стабилност на Босна и Херцеговина и ќе овозможат партнерство со САД засновано врз заеднички интереси, економски потенцијал и заеднички просперитет“, се наведува во соопштението од Стејт департментот што го објави порталот Detektor.ba.Од таму додадоа дека планираат блиска соработка со политичките актери и учесници „од целиот политички спектар во БиХ“ за да ги унапредат заедничките приоритети, но остана нејасно зошто на списокот на санкционирани и натаму се наоѓаат некои членови на Српската демократска партија (СДС), како и Маринко Чавара од ХДЗ, претседател на Претставничкиот дом на парламентот на БиХ, кој беше санкциониран поради проценката дека е одговорен за блокирање на именувањето судии во Уставниот суд на Федерацијата БиХ додека ја извршуваше функцијата претседател на тој ентитет.Поради тоа, Чавара со месеци не може да ја прима ниту веќе заработената плата.Додик првпат беше ставен под американски санкции во 2017 година, кои останаа на сила и за време на првиот мандат на Трамп, додека администрацијата на Џо Бајден ги засили, казнувајќи го целиот круг на негови блиски соработници и спроведувачи на Додиковите сецесионистички закани и идеи.Синиша Карањ, актуелен кандидат на Додик на предвремените избори за претседател на Република Српска, беше санкциониран затоа што како министер за внатрешни работи директно работел на подготовка на закони врз основа на кои тој ентитет би се одвоил од БиХ.„Додик сè продаде за лична корист“Иако медиумите во Република Српска под контрола на власта еуфорично известуваат за укинувањето на санкциите како за „крунисана победа“ на Додик, тој самиот реагираше воздржано, заблагодарувајќи му се на Трамп за разбирањето.„Уште еднаш се покажа дека сè што беше изговорено против нас беше лага и пропаганда“, напиша Додик на мрежата X, додавајќи дека Република Српска „никогаш нема да падне“.Од опозицијата во Република Српска веднаш реагираа, оценувајќи дека укинувањето на санкциите е доказ дека Додик „сè продал“ за лична корист.„Сè уште не знаеме што сè дале, но едно е сигурно — бидејќи СДС и другите останаа на црната листа, тие не се бореле за Република Српска, туку само за себе. Сметката за овие отстапки допрва ќе ни пристигне“, изјави градоначалникот на Бања Лука и лидер на Партијата на демократскиот напредок (ПДП), Драшко Станивуковиќ.т.

Свет | пред 2 месеци

Screenshot-2025-08-14-at-22.09.34

Американскиот Сенат гласаше за отфрлање на царините на Трамп за повеќе од 100 земји

Американскиот Сенат зазема став против глобалните царини на Доналд Трамп, гласајќи за поништување на таканаречените реципрочни царини кои влијаат на 100 држави.Четири републиканци се здружија со сите демократи за да гласаат со 51-47 за резолуција за укинување на царините што претседателот ги воведе со извршна наредба.Ова беше трет пат републиканците да гласаат заедно со демократите за резолуција за царини оваа недела, претходно обединувајќи се за укинување на давачките насочени кон Бразил и Канада.Гласањето против одлуки на Трамп е реткост за републиканците во неговиот втор мандат. Но, републиканските сенатори Сузан Колинс од Мејн, Мич Меконел и Ранд Пол од Кентаки и Лиза Мурковски од Алјаска се придружија на опозицијата.И покрај одлуката донесена во Сенатот, Претставничкиот дом веројатно нема да преземе слични мерки. Републиканците во Претставничкиот дом претходно оваа година создадоа правило кое ќе ги блокира гласањата за резолуциите за царините.Царинските резолуции се изразуваат несогласување со самите царини и за тоа што Трамп ги пречекорува своите овластувања кога ги донесува и го заобиколува Конгресот. Сенаторот Тим ​​Кејн, демократ од Вирџинија, им рече на новинарите дека симболичното делување на опозиција треба да го привлече вниманието на претседателот.

Свет | пред 2 месеци

Screenshot-2025-08-18-at-19.53.36

Трамп: Намалување на царините кон Кина во замена за стабилен извоз и соработка

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека постигнал договор со кинескиот лидер Си Џинпинг за намалување на царините кон Кина за 47 проценти, во замена за континуирани купувања на американска соја, одржување на извозот на ретки метали и задушување на нелегалната трговија со фентанил.Разговорите меѓу двајцата лидери се одржаа во јужнокорејскиот град Бусан и претставуваат нивна прва директна средба од 2019 година. Средбата, која беше дел од азиската турнеја на Трамп, според него, означува „нов почеток во трговските односи меѓу Вашингтон и Пекинг“.Трамп ја искористи можноста да го пофали „напредокот во трговијата“ и со Јужна Кореја, Јапонија и земјите од Југоисточна Азија, нагласувајќи дека САД се враќаат на глобалната сцена како „фер, но цврст преговарач“.Веднаш по објавувањето на деталите од договорот, глобалните финансиски пазари реагираа со осцилации – азиските индекси и европските фјучерси се движеа меѓу раст и пад, додека Волстрит и Токио претходно достигнаа рекордни вредности во очекување на исходот од разговорите.Овој договор, кој доаѓа по повеќегодишна трговска војна меѓу двете најголеми светски економии, се смета за обид да се стабилизираат синџирите на снабдување и да се врати довербата во глобалниот бизнис, објави Klix.ba.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryk2if3mtiecqs4dV0uaV

Средба Трамп-Ши: Царините за Кина намалени, Пекинг мора да извезува ретки метали, а да увезува соја од САД

Американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот лидер Ши Џинпинг на денешната средба се договориле САД да ги намалта царините за Кина, но земјата ќе треба да продолжи со увоз на соја од САД и извезува ретки метали.Според Трамп средбата во јужнокорејскиот град Бусан, била многу успешна.„Мислам дека средбата беше неверојатна“, им рече Трамп на новинарите во претседателскиот авион, откако замина од Бусан.Тој рече дека царините наметнати на кинескиот увоз за фентанилот ќе видат намалени од 20 на 10 отсто. Двајцата лидери разговарале и за пристап на Кина до чиповите на Енвидија, но американскиот претседател нагласил дека нема да дозволи извоз на најнапредниот чип Блеквел.„Ши ќе работи многу напорно за да го запре протокот на фентанил, смртоносен синтетички опиоид кој е водечка причина за смртни случаи од предозирање во Америка“, рече Трамп.Светските берзи од Волстрит до Токио достигнаа рекордни максимуми пред состанокот, со надеж за пробив во трговската војна меѓу двете најголеми економии во светот, која ги преврте синџирите на снабдување и ја потресе довербата во глобалниот бизнис.Состанокот меѓу Трамп и Ши, кој се одржа на маргините на самитот на АПЕК), траел речиси два часа.Трамп постојано зборуваше за можноста за постигнување договор со Ши, откако американските преговарачи во неделата изјавија дека се договориле за рамка со Кина што ќе избегне 100 отсто американски царини за кинески стоки и ќе постигне одложување на ограничувањата на Кина за извоз на ретки метали, сектор во кој таа доминира.

Свет | пред 2 месеци

putin-vojna

Американското разузнавање: Путин решен да ја доведе војната до крај

Според најновата проценка на американските разузнавачки служби, рускиот претседател Владимир Путин е решен повеќе од кога било да го продолжи војувањето во Украина и да постигне победа на бојното поле. Во анализата, која овој месец им била претставена на членовите на Конгресот, се наведува дека разузнавачките агенции не гледаат никакви знаци дека Русија е подготвена за компромис, и покрај напорите на американскиот претседател Доналд Трамп да посредува во мировни преговори, пишува NBC News.Оваа проценка е во согласност со ставовите на американските и западните разузнавачки служби уште од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година. Сепак, високите американски функционери сега веруваат дека Путин е поцврст во своите ставови од кога било. И покрај огромните човечки загуби и економските проблеми во земјата, Путин, според процената, останува целосно посветен на освојувањето украински територии за да ги оправда жртвите што неговата држава веќе ги поднела.Како јасен знак на растечка фрустрација, претседателот Трамп минатата недела го откажа планираниот состанок со Путин во Будимпешта и првпат откако се врати на функцијата во јануари воведе санкции против Москва. Новите мерки се насочени кон двете најголеми руски нафтени компании. „Едноставно почувствував дека е време,“ изјави Трамп за новинарите, опишувајќи ги санкциите како „огромни“. Тој додаде дека „долго чекал“ за нивно воведување, но се надева дека „нема да траат долго“ и дека „војната ќе биде решена“.Белата куќа одби да ја коментира разузнавачката проценка, повикувајќи се на јавните изјави на Трамп. „Како што рече претседателот, ова се големи санкции против нивните две нафтени компании, со цел да се поттикне крај на војната,“ изјави еден американски функционер. „Тој јасно порача дека е време да престане убивањето и да се постигне договор за мир. Соединетите Држави ќе продолжат да се залагаат за мирно решение, но трајниот мир зависи од подготвеноста на Русија да преговара со добра волја.“Трамп одамна ветуваше дека ќе посредува во запирањето на конфликтот и во изборната кампања тврдеше дека може да постигне мир во рок од 24 часа по враќањето во Белата куќа. Но неговите досегашни обиди да ја убеди Москва на прекин на огнот и директни преговори не донесоа резултати. Последните месеци неговата реторика се промени, а фрустрацијата и нетрпеливоста кон Путин станаа поочигледни. „Секогаш кога разговарам со Владимир, имаме добри разговори, но тие никогаш не водат никаде,“ изјави Трамп минатата недела.

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања