Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ТРАМП

873x400-1-16

Нафтата падна под 100 долари, европските берзи во силен раст

Цената на нафтата падна под граница од 100 долари по барел, додека европските берзи бележат силен раст, откако американскиот претседател Доналд Трамп најави дека војната со Иран може да заврши „многу брзо“.Нафтата од типот Брент во моментов се тргува по цена од 99,32 долари за барел, што претставува значителен пад во однос на претходниот период, кога цените беа под силен притисок поради геополитичките тензии.Истовремено, европските финансиски пазари реагираа позитивно. Лондонскиот индекс ФТСЕ 100 порасна за 1,7 проценти, германскиот ДАКС забележа раст од 2,5 проценти, додека францускиот ЦАЦ 40 порасна за 2,1 процент.Пазарните движења доаѓаат по пет недели изразена нестабилност на цените на нафтата, предизвикана од воениот конфликт меѓу САД и Израел од една страна и Иран од друга, кој сериозно влијаеше врз глобалните енергетски текови.Инвеститорите очигледно реагираат на сигналите за можно смирување на конфликтот, што

Свет | пред 1 час

media-libraryvu8k6ge34h6veaF2D7a

Меѓународно право или закон на посилниот: дилемата што ја отвори војната со Иран

Нападите врз Иран и спорните воени акции на САД отворија сериозна дилема која повторно го става под знак прашалник самиот темел на глобалниот поредок – дали навистина важи меѓународното право или на сцена е законот на посилниот.Според анализа на Deutsche Welle, голем број експерти по меѓународно право сметаат дека воените дејствија на САД и Израел против Иран, како и претходната акција во Венецуела, се спротивни на меѓународното право. Сепак, реакциите од политичките лидери, особено од Фридрих Мерц, останаа нејасни и без директна осуда.Мерц, коментирајќи ги нападите, изјави: „Видиме дилема дека со правни мерки, кои се во согласност со меѓународното право, против режим кој развива нуклеарно оружје и брутално го угнетува сопствениот народ очигледно не се постигнува ништо.“ За случајот со Николас Мадуро рече дека правната ситуација е „сложена“, избегнувајќи конкретен став.Ваквиот пристап предизвика остри реакции кај правните експерти и научниците, кои во отворено писмо предупредија дека отсуството на јасна осуда „придонесува за поткопување на поредокот заснован на правила и институции во Европа и светот“.Професорката Јанина Дил од Универзитетот Оксфорд оценува дека токму политиката на големите сили му нанесува најголема штета на правото.Сличен став има и Ане Петерс од Институтот Макс Планк, која предупредува дека ако кршењата не се осудуваат, може да се создаде нова пракса.„Непишаното меѓународно право може да се промени ако на кршењата не се реагира со протести. Постои опасност забраната на употреба на сила да се поткопа и правилата да се променат“, вели Петерс.Критиките не застануваат тука. Аналитичарите укажуваат дека постои очигледна разлика во пристапот – додека кршењето на правото од страна на Русија во Украина беше остро осудено, истите принципи не се применуваат кога станува збор за други конфликти. Според Хенинг Хоф, од Германското друштво за надворешна политика, „канцеларот се однесува кон меѓународното право како што му одговара во даден момент“.Од друга страна, критики доаѓаат и од земјите од т.н. глобален југ, кои сметаат дека Западот селективно го применува правото, во зависност од сопствените интереси. Петерс, сепак, предупредува дека овие обвинувања често се користат и како политичка алатка од држави како Кина и Русија, кои не бараат еднаква примена на правото, туку намалување на критиките кон нив.Во вакви услови, експертите предупредуваат дека токму помалите држави имаат најголем интерес да го бранат меѓународното право.„Тоа би значело дека сите други држави имаат уште поголем интерес да се повикуваат на правото и колективно да застанат во негова одбрана“, вели Дил, додавајќи дека нормите и институциите се клучни за оние кои немаат моќ да делуваат еднострано.За разлика од воздржаниот став на владата, Франк-Валтер Штајнмаер јавно ја осуди ситуацијата.„Нашата надворешна политика нема да биде поубедлива ако кршењето на меѓународното право не го наречеме со вистинското име – кршење на меѓународното право. Меѓународното право не е стара ракавица која треба да ја отфрлиме кога тоа го прават другите. Напротив – тоа е од животна важност за сите земји кои не се големи сили“, изјави тој.Останува отворено прашањето дали светот се движи кон систем во кој правилата важат само кога им одговараат на најмоќните, или пак ќе се најде механизам за нивно доследно почитување. Во спротивно, предупредуваат експертите, ризикот е јасен – постепено уривање на меѓународниот правен поредок.

Свет | пред 1 час

f6a64cca-dacf-4f97-9278-26c69418ee3c

Макрон со критика до Трамп: „Европа барем е предвидлива“

Францускиот претседател Емануел Макрон упати индиректна критика кон американскиот претседател Доналд Трамп, нагласувајќи дека Европа, за разлика од некои други партнери, нуди стабилност и предвидливост.Говорејќи пред бизнисмени и инвеститори во Токио, Макрон истакна дека Европа можеби делува побавно, но останува сигурен и конзистентен партнер.„Свесен сум дека Европа понекогаш може да се доживува како континент кој е побавен од другите“, изјави Макрон.Тој потенцираше дека токму таа предвидливост е клучна вредност во меѓународните односи.„Но предвидливоста има своја вредност и тоа го покажавме сите овие години, а би се осмелил да кажам и во последните недели: ние сме таму каде што знаете дека ќе бидеме“, изјави Макрон.Францускиот претседател во своето обраќање предупреди и на ризиците од соработка со партнери кои, како што рече, не се доследни во своите одлуки.„Не знаете дали и задутре ќе бидат на таа позиција и дали веќе утре ќе донесат одлука што може да ви наштети, а притоа ни да ве известат“, изјави Макрон.Изјавите доаѓаат во контекст на актуелните тензии поврзани со конфликтот на Блискиот Исток и критиките што претходно ги упати Трамп кон Франција, оценувајќи дека Париз бил „многу некорисен“ во текот на војната со Иран.

Свет | пред 2 часа

media-libraryak65dshvd2eq8YGYCaM

Цената на нафтата скокна по пораката на Трамп кон Европа

Цените на нафтата нагло пораснаа на светските пазари, откако изјавите од Вашингтон ја зголемија неизвесноста околу снабдувањето со енергенси, особено преку Ормутскиот теснец.На лондонскиот пазар барел нафта се тргуваше по цена од 119,10 долари, што е зголемување од 6,32 долари во однос на претходното затворање, додека на американскиот пазар цената порасна за 1,93 долари и достигна 104,81 долари. Разликата во растот на цените се поврзува со пораките од САД и ризиците за транспортот на нафта преку Персискиот Залив.Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на европските земји дека треба сами да обезбедат снабдување со енергенси, вклучително и преку директно дејствување во Ормутскиот теснец.„САД повеќе нема да ви помагаат, како што ни вие не ни помогнавте нам“, напиша Трамп.Пораките од Вашингтон доаѓаат во услови кога Иран воспостави контрола врз Ормутскиот теснец, ограничувајќи го транзитот за бродови поврзани со САД, Израел и нивните сојузници, додека останатите земји мораат да координираат со иранската морнарица.Во меѓувреме, дел од европските земји воведоа ограничувања за американската воена логистика. Шпанија забрани прелети на американски воени авиони, а слични потези повлекоа и Франција и Италија. И Обединетото Кралство беше мета на критики од Трамп поради, како што наведе, недоволна поддршка.Европската комисија ги предупреди земјите членки да се подготват за долготрајни нарушувања во снабдувањето, особено со авионско гориво и дизел, што дополнително влијаеше врз растот на цените на нафтата и дериватите.Паралелно, Европската Унија воведе санкции за увоз на руска нафта, со исклучок за одредени земји членки.Иран, пак, најавува дополнително заострување на контролата врз Ормутскиот теснец. Според информации од иранските власти, парламентот усвоил предлог за воведување безбедносни и финансиски правила за пловидба, вклучително и наплата на надоместоци во иранска валута.„Транзитот ќе биде забранет за бродови поврзани со САД и Израел, а за земјите кои воведоа санкции се предвидуваат ограничувања“, изјави Мојтаба Зареи.Аналитичарите предупредуваат дека ваквите мерки ќе го задржат таканаречениот „ризичен додаток“ во цената на нафтата, бидејќи секое ограничување на пловидбата низ теснецот директно влијае врз глобалното снабдување и трошоците за транспорт.Дополнителни пресметки на Организација на земји извознички на нафта покажуваат дека цената на нафтената кошничка на земјите членки изнесувала 117,12 долари по барел, што укажува на континуиран притисок врз пазарите.

Свет | пред 3 часа

media-libraryp8433rjj897ocPapdMc

По булевар, Трамп доби и аеродром, Демократите реагираат: „Пак ќе профитира“

Преименувањето на аеродромот „Палм Бич“ во „Меѓународен аеродром претседател Доналд Џ. Трамп“ предизвика загриженост кај Демократите, кои сметаат дека „претседателот на САД и неговото семејство би можеле да остварат голема корист“.Гувернерот на Флорида, Рон Десантис, го потпиша законот со кој аеродромот ќе го добие новото име, откако Претставничкиот дом и Сенатот го усвоија предлог-законот минатиот месец.Законот ќе стапи на сила на 1 јули, по одобрување од Федералната администрација за авијација (FAA), а официјалните владини записи и мапи ќе бидат ажурирани со новото име. Аеродромот исто така ќе добие нов код: „DJT“.Предлог-законот го иницираше пратеничката Мег Вајнбергер, која годинава учествуваше во отворањето на „Булеварот претседател Доналд Џ. Трамп“, делница која го поврзува аеродромот со приватниот клуб на Трамп, Мара-Лаго.Иако Демократите изразија загриженост дека Трамповото семејство би можело да профитира од промената на името, портпаролот на организацијата на Трамп нагласи дека претседателот и неговото семејство нема да примаат авторски хонорари, надоместоци за лиценцирање или било каква финансиска надокнада.„Да биде јасно, претседателот и неговото семејство нема да примаат никакви авторски хонорари, надоместоци за лиценцирање или било каква финансиска надокнада од предложеното преименување на аеродромот“, изјави директорката за извршни операции во организацијата на Трамп, Кимберли Бенза.

Свет | пред 15 часа

media-libraryiega8e5hdb7ubfrDd7u

Трамп: „Го разнесуваме Иран“ – тврди дека војната е при крај

Американскиот претседател Доналд Трамп со остар и контроверзен речник изјави дека САД „го разнесуваат Иран“, оценувајќи дека војната влегува во завршна фаза, додека на социјалните мрежи објави снимки од силни експлозии во близина на Исфахан.„Не ќе бидеме таму уште долго. Во овој момент буквално ги разнесуваме, тоа е целосно уништување“, изјави Трамп во телефонски разговор за американски медиум, додавајќи дека операциите ќе продолжат додека не се уништат сите офанзивни капацитети на Иран.Тој посочи дека прашањето за Ормутски теснец, кој веќе 31 ден е затворен од Иран и предизвика раст на цените на енергенсите, треба да го решат други држави.„Мој став е јасен – ја уништив таа земја. Тие повеќе немаат сила. Нека оние што го користат теснецот го отворат“, рече Трамп, критикувајќи ги сојузниците што не се вклучиле во евентуална мултинационална операција.Во однос на воздушните напади кај Исфахан, град во близина на кој се наоѓаат ирански нуклеарни капацитети, Трамп одби да открие конкретни детали за целите, но нагласи дека експлозиите биле „многу поголеми од очекуваното“.„Тоа беше прекрасно. Прекрасно. Тоа се работи што ги дигнавме во воздух“, изјави тој.Американскиот претседател истовремено тврдеше дека со нападите се постигнати две цели – уништување на нуклеарните способности на Иран и „промена на режим“. „Сега имаме работа со сосема поинаква гарнитура луѓе, многу поразумни од претходните“, рече Трамп.И покрај оценките дека крајот на конфликтот е близу, Трамп остави отворена можност за понатамошна ескалација, без да открие дали ќе испрати преговарачки тим во регионот. „Што сакате, да ви ја откријам стратегијата?“, одговори тој на новинарско прашање.Во меѓувреме, САД распоредија илјадници војници во регионот, вклучително и амфибиски сили и падобрански единици, што укажува дека, и покрај реториката за брз крај, воената опција останува активна.

Свет | пред 16 часа

media-libraryuah5ngfuo4nc9vCIa1H

Трамп до Европа: „Сами борете се, Америка нема да ве спасува, не бевте со нас - нема да бидеме со вас“

Американскиот претседател Доналд Трамп упати остра порака до европските сојузници, порачувајќи дека Соединетите Американски Држави повеќе нема автоматски да им помага во безбедносни и енергетски кризи.Во објава на Truth Social, Трамп директно ги повика европските држави, меѓу кои и Обединетото Кралство, сами да се справат со последиците од кризата во Ормутски теснец, клучна рута за глобалниот транспорт на нафта.„Ќе мора да научите сами да се борите. САД повеќе нема да бидат тука да ви помагаат, како што ни вие не бевте тука за нас“, напиша Трамп, додавајќи дека европските земји треба „да соберат храброст и сами да го преземат теснецот“.Тој истовремено предложи европските држави да купуваат енергенси од САД, нагласувајќи дека американските ресурси се доволни за снабдување.Изјавата доаѓа во контекст на продлабочени несогласувања меѓу Вашингтон и дел од европските сојузници, кои одбиваат директно да се вклучат во воените операции против Иран.Во меѓувреме, конфликтот меѓу САД, Израел и Иран трае повеќе од еден месец, со напади врз воена и енергетска инфраструктура и сериозни последици врз глобалните енергетски текови.Пораките од Трамп дополнително го отвораат прашањето за иднината на трансатлантските односи и улогата на НАТО, во услови на сè поголем јаз меѓу САД и европските партнери.

Свет | пред 20 часа

makron-tramp

Трамп удри по Франција: „Многу некорисни, Америка ќе памети“

Американскиот претседател Доналд Трамп жестоко ја критикуваше Франција откако Париз одби да дозволи прелет на американски и сојузнички авиони кои транспортираат воена опрема за Израел.Во објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп го оцени потегот како „МНОГУ НЕКОРИСЕН“, додавајќи дека САД „ќе го запаметат“ однесувањето на Франција во контекст на операциите против Иран.„Франција не дозволи прелет на авиони натоварени со воена опрема за Израел. Франција беше МНОГУ НЕКОРИСНА... САД ќе го запаметат тоа“, напиша Трамп.Оваа реакција доаѓа во период на засилени тензии меѓу Соединетите Американски Држави и дел од европските сојузници, кои сè поотворено се дистанцираат од воените операции против Иран.Франција претходно одлучи да не дозволи користење на својот воздушен простор за мисии поврзани со конфликтот, повикувајќи се на меѓународното право и ризикот од дополнителна ескалација во регионот.Во меѓувреме, војната меѓу САД, Израел и Иран влегува во вториот месец, со напади врз воена и енергетска инфраструктура, како и растечки притисок врз глобалните безбедносни и економски текови.

Свет | пред 20 часа

media-libraryhis9v78lcmn20dWdhLj

Трамп најавува излез од војната со Иран – сигналите стануваат сè почести

Доналд Трамп сè почесто навестува дека САД бараат излезна стратегија од војната со Иран, иако конфликтот влегува во петтата недела и ангажманот на американските сили останува висок.Во изминатиот месец, Трамп најмалку дванаесет пати изјавил дека војната е при крај или дека победата е веќе постигната, испраќајќи пораки дека конфликтот нема да прерасне во долготрајна операција.Паралелно со овие изјави, на терен се распоредени околу 50.000 американски војници на Блискиот Исток, што укажува на сериозен воен ангажман без јасен рок за завршување.Од Белата куќа засега не најавуваат копнена инвазија, иако во јавноста се појавија сценарија за можни операции, како заземање на островот Харг или напади врз ирански нуклеарни капацитети.Портпаролката Каролин Левит изјави дека целите на операцијата се „речиси постигнати“, додека државниот секретар Марко Рубио оцени дека напредокот се одвива според планот и дека резултатите може да бидат видливи во наредните недели.Сепак, контрадикторните пораки од Трамп – од тврдења дека војната е веќе завршена до закани за нови напади – укажуваат на комуникациска стратегија насочена кон домашната јавност, но и на реална дилема во Вашингтон како да се излезе од конфликтот без дополнителна ескалација.И покрај оптимистичките тонови, фактот што војната продолжува со висок интензитет покажува дека евентуалниот излез од конфликтот ќе биде сложен и неизвесен процес.

Свет | пред 1 ден

media-libraryk72ta83sla3kcR6v1Me

Белата куќа: Многу поранешни ирански лидери веќе не се на планетата Земја поради лаги кон САД

Белата куќа соопшти дека некои поранешни ирански лидери се убиени затоа што, како што тврди администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, ги излажале САД за време на преговорите.Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, коментираше за моменталната војна со Иран и неодамнешното соопштение на претседателот Трамп, во кое тој се закани со понатамошна ескалација доколку не се постигне договор.„Кога претседателот вели поразумно, тоа значи дека тие луѓе зад сцената изгледаат поразумни во тие разговори од некои од претходните лидери кои повеќе не се на планетата Земја затоа што ги излажаа САД и нè вовлекоа во преговори, а тоа беше неприфатливо за претседателот, поради што многу од тие претходни лидери беа убиени. Значи, ова е уште една историска можност за Иран да го стори вистинското“, рече Ливит.Нејзината изјава доаѓа еден ден откако Трамп објави порака на неговата платформа Truth Social во која се наведува дека САД водат „сериозни разговори со нов, поразумен режим“ во Иран и се закани дека целосно ќе ја уништи енергетската инфраструктура на Иран доколку не се постигне договор и Ормутскиот теснец не се отвори за сообраќај.Во таа објава, Трамп рече дека САД ќе го „завршат своето присуство“ во Иран со „диснување во воздух и целосно уништување на сите нивни електрани, нафтени полиња и островот Харг“, клучен терминал за извоз на иранска нафта.Тој додаде дека досега „намерно не ги допреле“ тие цели, но дека тоа може да биде одмазда за, како што тврди, убивањето на американски војници во текот на последните децении.

Свет | пред 1 ден

media-librarys5jeh9vbt26e36UJuVp

Трамп подготвен да ја заврши војната без отворање на Ормускиот теснец

Претседателот на САД Доналд Трамп им рекол на своите соработници дека е подготвен да ја заврши воената кампања против Иран дури и ако Ормускиот теснец остане во голема мера затворен, објави весникот „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на претставници од администрацијата.Според пишувањето на весникот, Трамп и неговите соработници процениле дека операцијата за повторно отворање на овој поморски премин би го продолжила конфликтот надвор од планираниот рок од четири до шест недели.Поради тоа било одлучено САД да се обидат да ги остварат главните цели – слабеење на иранската морнарица и нејзините ракетни резерви, како и намалување на тековните непријателства, со истовремен дипломатски притисок врз Техеран за да се овозможи слободен проток на трговијата.Доколку тоа не успее, Вашингтон, според наводите на официјалните лица, би извршил притисок врз сојузниците во Европа и земјите од Заливот да преземат водечка улога во повторното отворање на Ормускиот теснец.

Свет | пред 1 ден

media-library00nie70vp3ubfoFTogV

Белата куќа: Трамп размислува арапските држави да платат дел од војната

Доналд Трамп размислува да побара од арапските земји да помогнат во финансирањето на војната против Иран, откри портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит.На прашање од новинарите дали арапските држави би учествувале во покривање на трошоците за конфликтот, Левит потврди дека станува збор за идеја која веќе постои во круговите на администрацијата, но избегна да даде конкретни детали пред официјалното обраќање на Трамп.„Мислам дека претседателот би бил прилично заинтересиран да ги повика да го направат тоа“, изјави таа, додавајќи дека јавноста наскоро ќе слушне повеќе за оваа иницијатива.Истовремено, од Вашингтон тврдат дека дипломатските контакти со Техеран не се прекинати. Според Левит, разговорите со Иран „продолжуваат и напредуваат“, иако јавните позиции на иранските власти се разликуваат од она што, како што вели, го комуницираат приватно.Таа нагласи дека САД внимателно ќе ги проверуваат сите пораки и евентуални договори со Иран, со цел да се осигура дека Техеран ќе ги исполни преземените обврски.Изјавите доаѓаат во момент на засилени тензии, откако Трамп претходно предупреди дека иранската енергетска инфраструктура може да биде цел на напади доколку не се отвори Ормутскиот теснец, клучна рута за глобалниот транспорт на нафта.

Свет | пред 1 ден

media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp

Претседателот на Египет до Трамп: „Ве молам, запрете ја војната“

Претседателот на Египет, Абдел Фатах ал-Сиси, упати директен и драматичен апел до американскиот претседател Доналд Трамп да ја запре војната во Иран, оценувајќи дека токму Вашингтон има клучна улога за деескалација.„Никој освен вас не може да го запре овој конфликт. Ве молам, помогнете ни да ја запреме војната“, порача Сиси на енергетската конференција во Каиро.Тој предупреди дека ескалацијата може да предизвика сериозни последици за глобалната економија, вклучително и нагло зголемување на цената на нафтата, која, според проценките, може да достигне и над 200 долари по барел.Сиси истакна дека нападите врз енергетската инфраструктура и нарушувањето на снабдувањето ќе доведат до двоен удар – недостиг на ресурси и раст на цените, со најтешки последици за земјите со послаби економии.Дополнително, предупреди и на можна глобална прехранбена криза, поради нарушувања во извозот на ѓубрива, што може да ја загрози стабилноста на многу држави.Во меѓувреме, Советот за соработка во Заливот оцени дека нападите врз енергетската инфраструктура и затворањето на Ормускиот теснец претставуваат сериозна закана за глобалната енергетска безбедност, со оглед дека преку овој морски пат се транспортира значителен дел од светската нафта.

Свет | пред 1 ден

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

(Видео) Трамп: Никој во историјата не заслужува Нобелова награда за мир повеќе од мене

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека никој во историјата не заслужува Нобелова награда за мир повеќе од него, тврдејќи дека успеал да запре повеќе големи војни ширум светот.„Без разлика дали им се допаѓа на луѓето или не, јас решив осум војни. Големи. Некои траеја 36, 32, 31, 28, 25 години. Некои допрва требаше да започнат, како Индија и Пакистан. Веќе беа соборени осум авиони. И јас тоа го решив многу брзо, без нуклеарно оружје“, рече Трамп.Тој додаде дека не може да се сети на историска личност која повеќе заслужува Нобелова награда за мир.„Не сакам да се фалам, но никој друг не запирал војни како мене“, изјави американскиот претседател.Во своето обраќање, Трамп го критикуваше и поранешниот претседател Барак Обама, кој ја доби Нобеловата награда за мир во 2009 година.„Обама доби Нобелова награда. Немаше поим зошто. И денес нема поим. Ја доби веднаш откако стапи на функција. Не направи ништо и беше лош претседател“, рече Трамп.Тој оцени дека наградата би требало да се доделува за секоја запрена војна.„Во теорија, треба да добиете Нобелова награда за секоја војна што сте ја запреле. Секоја беше голема, никој не веруваше дека може да се запре“, додаде Трамп, наведувајќи дека и рускиот претседател му признал дека не успеал да реши одредени конфликти.И покрај ваквите тврдења, Трамп нагласи дека наградата не му е приоритет.„Не ме интересира тоа. Ме интересира спасувањето животи. Спасив десетици милиони луѓе“, изјави тој.Изјавата доаѓа во време на ескалација на конфликтот меѓу САД, Израел и Иран, кој во изминатиот месец прерасна во поширок регионален судир без јасно дипломатско решение на повидок.

Свет | пред 1 ден

media-library1ve5ufdd63v50gpMbd8

Трамп: Ако некоја земја сака да испрати нафта во Куба, немам проблем со тоа

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека „нема проблем“ со рускиот танкер за сурова нафта што испорачува гориво на Куба, изгледајќи како да го менува курсот во врска со блокадата за нафта на неговата администрација, додека островот се бори со продлабочување на енергетската криза.Во разговор со новинарите на бродот „Ер Форс Уан“ во неделата, Трамп рече: „Ако некоја земја сака да испрати нафта во Куба во моментов, немам проблем со тоа, без разлика дали е Русија или не“.Неговите коментари доаѓаат во време кога танкер за нафта под руско знаме, санкционираниот „Анатолиј Колодкин“, се упатува кон Куба, носејќи околу 730.000 барели сурова нафта.Се очекува танкерот да стигне во пристаништето во понеделник и се смета за еден вид спас за карипската нација, која се соочува со својот најголем тест од распадот на Советскиот Сојуз.Куба беше во голема мера зависна од снабдувањето со нафта од Венецуела, но ефикасно беше прекината од почетокот на јануари кога САД започнаа вонредна воена операција за соборување на венецуелскиот претседател Николас Мадуро.Администрацијата на Трамп потоа се закани дека ќе воведе тарифи за секоја земја што испраќа сурова нафта во Куба, поттикнувајќи земји како Мексико да ги запрат испораките. Кремљ претходно ги отфрли заканите за тарифи на Трамп, истакнувајќи дека Вашингтон и Москва „немаат многу трговија во моментов“.Претседателот на Куба, Мигел Дијаз-Канел, минатата недела изјави дека островот не примил испораки на нафта повеќе од три месеци. Комунистичката земја, која изјави дека води разговори со САД, се обиде драматично да го зголеми своето производство на сончева енергија поради тековниот недостиг на гориво.Островот со околу 10 милиони жители се соочи со серија прекини на електричната енергија во последните недели, а Обединетите нации предупредија дека кубанските болници се борат да ги одржат службите за итна и интензивна нега.„Куба е завршена, тие имаат лош режим и имаат многу лошо и корумпирано раководство и без разлика дали ќе добијат брод со нафта или не, нема да биде важно“, рече Трамп во неделата.„Претпочитам да го пуштам тоа, без разлика дали е Русија или некој друг, бидејќи на луѓето им е потребна топлина и ладење и сите други работи што ви се потребни“, додаде тој.Извор: CNBC

Свет | пред 2 дена

media-libraryupafq31d8b10eXa303R

Трамп: Можно е да ја „земеме нафтата“ во Иран и да го преземеме островот Харг

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД разгледуваат можност да ја преземат иранската нафта, вклучително и клучниот енергетски пункт – островот Харг.„Да бидам искрен, најмногу би сакал да ја земеме нафтата во Иран. Можеби ќе го земеме островот Харг, можеби нема. Имаме многу опции“, изјави Трамп во интервју за „Фајненшл тајмс“.Тој посочи дека евентуална таква операција би значела и подолго присуство на американските сили во регионот, додавајќи дека, според него, иранската одбрана на островот е слаба и дека САД би можеле „многу лесно“ да го освојат.Островот Харг, кој се наоѓа во Персиски Залив, е едно од главните извозни јадра на иранската нафта.Трамп истакна и дека индиректните преговори меѓу САД и Иран, кои се водат преку посредници од Пакистан, напредуваат и дека договор може да биде постигнат „прилично брзо“.Во исто време, американскиот претседател оцени дека веќе има „де факто промена на режимот“ во Иран, тврдејќи дека водечките структури се „десеткувани и уништени“.„Имаме работа со сосема нова група луѓе. Тоа го сметам за промена на режим“, изјави Трамп.Сепак, тој додаде дека исходот од преговорите останува неизвесен.„Мислам дека ќе постигнеме договор, но можно е и да не постигнеме. Со Иран никогаш не знаете“, порача Трамп.

Свет | пред 2 дена

media-libraryuj9239op3au77ncRTx2

САД размислува за ризична операција во Иран: Специјалци за извлекување ураниум

Американскиот претседател Доналд Трамп разгледува можност за сложена воена операција во Иран, со цел извлекување на околу 450 килограми збогатен ураниум, објави Wall Street Journal.Според информации од американски претставници, станува збор за исклучително ризична мисија која би можела да ги задржи американските сили на иранска територија со денови, па дури и подолго. Конечна одлука сè уште не е донесена, но Трамп, како што се наведува, е отворен за ова сценарио доколку тоа придонесе за спречување на развој на нуклеарно оружје од страна на Техеран.Вашингтон во меѓувреме врши притисок врз Иран доброволно да го предаде нуклеарниот материјал како дел од можен договор за завршување на конфликтот. Во спротивно, се разгледува и опцијата за преземање со сила.Според проценките, најголем дел од ураниумот се наоѓа во подземни објекти во Исфахан и Натанз, што дополнително ја комплицира евентуалната операција. За да се стигне до материјалот, американските сили би морале да дејствуваат под закана од ракетни и беспилотни напади, да го обезбедат теренот и да овозможат транспорт на материјалот со специјална опрема.Експертите предупредуваат дека ваквата интервенција носи сериозен ризик од ескалација и може да доведе до продолжување на конфликтот, наместо негово скратување.„Ова не е операција во која се влегува и се излегува за неколку часа“, оценуваат поранешни воени претставници.Паралелно со воените подготовки, се разгледува и дипломатско решение, според кое Иран би го предал ураниумот без воена интервенција. Слични операции за отстранување на нуклеарен материјал во минатото биле спроведувани со меѓународна соработка.Американското Министерство за одбрана подготвува повеќе сценарија, вклучително и ангажирање на брзи интервенциски единици и дополнително распоредување на копнени сили во регионот, со цел да му се овозможи на претседателот поширок избор на опции.

Свет | пред 2 дена

media-library3u6620i3vspoauMEofG

Трамп со пресврт: „Нека испраќаат нафта во Куба, не ми пречи, без разлика дали се Руси или не“

Американскиот претседател Доналд Трамп сигнализира промена на ставот кон нафтената блокада на Куба, изјавувајќи дека нема ништо против која било земја да испорачува нафта кон оваа островска држава.Изјавата доаѓа во момент кога санкциониран руски танкер се приближува кон кубанско пристаниште, по повеќемесечен прекин на испораките што ја втурна земјата во длабока енергетска криза.„Ако некоја земја сака да испрати малку нафта во Куба, мене тоа не ми пречи, без разлика дали е Русија или не“, изјави Трамп од претседателскиот авион Air Force One.Според властите во Хавана, веќе три месеци нема пристигнато ниту еден танкер, што доведе до рестрикции на гориво и чести прекини на електричната енергија. Ситуацијата дополнително го влошува секојдневието на населението, вклучително и на пациентите кои зависат од континуирана медицинска грижа.Трамп изрази сочувство за кубанскиот народ, но истовремено остро ја критикуваше владата во Хавана, оценувајќи дека станува збор за „лошо и корумпирано раководство“ и дека евентуалните испораки на нафта нема суштински да ја променат политичката состојба во земјата.Во меѓувреме, енергетската криза во Куба се продлабочува, а пристигнувањето на рускиот танкер се оценува како тест за односите меѓу Вашингтон и Москва во чувствителен геополитички момент.

Свет | пред 2 дена

Screenshot-2025-08-15-at-20.07.26

(Видео) Инцидент на аеродром во САД: Дрон го прекина сообраќајот во Палм Бич додека полетуваше авионот на Трамп

Дрон во непосредна близина на Palm Beach International Airport предизвика итен прекин на воздушниот сообраќај во момент кога претседателот на САД Доналд Трамп полетувал со претседателскиот авион Air Force One.Инцидентот се случил за време на полетувањето, кога дронот се приближил опасно до леталото, по што веднаш бил воведен т.н. „ground stop“ – целосно запирање на сите операции на аеродромот од безбедносни причини.Според информации од пилоти на Delta Air Lines, патниците биле известени во текот на летот за блиската средба со дронот, додека во воздух биле подигнати хеликоптери со цел да се провери ситуацијата и да се обезбеди воздушниот простор.Претседателскиот авион безбедно полетал, а по кратко време сообраќајот бил нормализиран и операциите на аеродромот продолжиле без дополнителни нарушувања. Засега нема информации за повредени лица или материјална штета.Од Federal Aviation Administration и United States Secret Service сè уште нема официјално соопштение за случајот.Инаку, Трамп често престојува во своето одморалиште Мар-а-Лаго во Палм Бич, каде и претходно имало безбедносни инциденти, вклучително и вооружен упад во близина на комплексот.

Свет | пред 2 дена

media-library1ve5ufdd63v50gpMbd8

Кенеди ја разгори јавноста: Трамп, на хартиен подметач, нацртал „совршена мапа“ на Блискиот Исток

Американскиот министер за здравство Роберт Ф. Кенеди Помладиот предизвика силни реакции во јавноста откако на настап пред конзервативна публика во Тексас го пофали претседателот Доналд Трамп со необична анегдота: дека, за време на претседателска кампања, Трамп на задната страна од хартиен подметач со маркер нацртал „совршена мапа“ на Блискиот Исток и на неа ги обележал воените сили на земјите долж границите.Кенеди, зборувајќи за Трамп, тврдеше дека тој поседува „енциклопедиско“, речиси „молекуларно“ знаење за широк спектар теми – од музика и театар, до спорт, бизнис и финансии. Во истиот тон го опиша и како политичар што има „извонредна длабочина“ во разбирањето на функционирањето на државните агенции, како и „инстинкт“ за носење добри одлуки.Во уште една впечатлива оценка, Кенеди рече дека Трамповото сфаќање за употребата на моќта е меѓу најдобрите во американската историја. Притоа направи споредба и со својот чичко, поранешниот претседател Џон Ф. Кенеди, заклучувајќи дека Трамп „веројатно подобро ја разбира употребата на моќта“ од многу претседатели во поновата историја.Настапот се случи на Конференцијата за конзервативна политичка акција (CPAC) во Грејпвајн, Тексас, која годинава се одржа од 25 до 28 март. Кенеди беше меѓу говорниците, а неговите зборови беа протолкувани како досега најдиректна јавна пофалба за Трамп откако се вклучил во неговата администрација.Реакциите на социјалните мрежи и во дел од медиумите беа поделени: едни ја доживеаја изјавата како уште еден обид за политичко приближување и градење на лојалност, додека други ја оценија како претерана идеализација што дополнително ја продлабочува поларизацијата во американската јавност.

Свет | пред 3 дена

media-librarykh14r29pgftf0jWN4VJ

Венс прв, Рубио веднаш зад него – борба за наследник на Доналд Трамп

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, повторно води во анкетата спроведена на CPAC, но значителен раст бележи и Марко Рубио, што отвора нова динамика во Републиканската партија во пресрет на изборите во 2028 година.Според резултатите, Венс освоил 53 отсто од гласовите, што е пад во однос на минатогодишните 61 отсто, додека Рубио скокнал на 35 отсто поддршка, откако претходно бил речиси незабележлив во истата анкета.Иако истражувањето не е репрезентативно за целото гласачко тело, туку се однесува на учесниците на конференцијата, резултатите се сметаат за индикатор за расположението во базата на конзервативците.Подемот на Рубио се поврзува со неговата активна улога во администрацијата на Доналд Трамп, особено во контекст на надворешната политика и воените и дипломатските активности поврзани со Иран, Венецуела и Куба.Од друга страна, Венс во последниот период е помалку експониран, а неговите претходни ставови против нови воени конфликти отворија прашања кај дел од поддржувачите за неговата позиција во однос на актуелните случувања.Меѓу дел од помладите конзервативци се појавува и желба за нови лица, наместо повторување на истите политички комбинации, но сепак Венс задржува силна поддршка, особено поради неговата лична приказна и блискоста со гласачката база.Во исто време, отсуството на Трамп од конференцијата – првпат по една деценија – дополнително ја засили дебатата за тоа кој ќе биде негов политички наследник. Иако тој јавно не поддржал никого, неговото мислење се смета за клучно во идната трка.Покрај Венс и Рубио, останатите потенцијални кандидати, меѓу кои Тед Круз, Рон Десантис и Ренд Пол, имаат минимална поддршка во оваа анкета.Резултатите упатуваат на можно формирање на ново ривалство во рамки на партијата, но и на сценарио во кое Венс и Рубио би можеле да се најдат на иста изборна листа, како потенцијален победнички тандем за 2028 година.

Свет | пред 3 дена

media-library928rb7fvg2d00Q6SeWy

Војната со Иран ја открива слабоста на непредвидливата стратегија на Трамп

Претседателот Доналд Трамп тврди дека САД победуваат во војната со Иран, и покрај тоа што на Блискиот Исток се испраќаат илјадници дополнителни американски војници. Тој ги критикуваше другите држави за недоволна поддршка, но потоа рече дека неговата земја не се нуждае од таква помош.Двапати ги одложи роковите што ги постави за Иран околу повторното отворање на Ормускиот теснец, и се закани дека ќе ги „уништи“ иранските енергетски постројки ако важниот пловен пат остане затворен, додека истовремено тврди дека затворањето на теснецот „не ги погодува САД“.Историчари и поранешни официјални лица предупредуваат дека Трамп често ја разубавува вистината за војната, прикажувајќи ја ситуацијата како успешна, додека реалноста е далеку покомплексна. Леон Панета, кој служел како секретар за одбрана и директор на ЦИА, вели дека „вистината станува првата жртва“ во секоја војна, и дека Трамп вовел пракса на постојано лажење за текот на конфликтот.Аналитичари забележуваат дека стилот на претседателот – честа непредвидливост и промена на реториката – создава политичка конфузија и ги држи противниците и сојузниците во постојана неизвесност. За критичарите, тоа покажува дека нема долгорочна стратегија, додека за Трамп, непредвидливоста е дел од стратегијата за влијание.Републиканските поддржувачи остануваат главно лојални, но анкети покажуваат дека долгорочниот конфликт на Блискиот Исток може да предизвика незадоволство, особено ако се испраќаат копнени сили. Само 20% од републиканците поддржуваат ставање на копнени трупи во Иран, иако 63% го одобруваат воздушното бомбардирање на воени цели.Повеќе членови на Конгресот изразија загриженост за долгорочните последици, финансиските трошоци и неопределеноста во стратегијата, додека Трамп продолжува да ја менува реториката и да ја прикажува ситуацијата како победничка.Според некои аналитичари, ваквиот пристап можеби има тактичка цел – да ја зголеми несигурноста кај иранските лидери – но ризикот за политичката стабилност и за изборната поддршка во САД е висок.

Свет | пред 3 дена

media-library2e9baqigp61uc7nGqE3

Низ САД се планираат масовни протести против Трамп

Илјадници протести под слоганот „Нема кралеви“ се очекуваат денеска ширум Соединетите Американски Држави, насочени против политиките на претседателот Доналд Трамп и неговата администрација.Организаторите најавуваат повеќе од 3.200 собири во сите 50 сојузни држави, со очекување дека станува збор за најголемите еднодневни демонстрации во историјата на земјата. Главните протести ќе се одржат во Њујорк, Лос Анџелес, Вашингтон и Минеаполис.„Вистинското прашање на оваа мобилизација не е само колку луѓе протестираат, туку каде сè протестираат“, изјави коосновачката на организацијата Индивизибл, Леа Гринберг, која стои зад протестите.Од Белата куќа, портпаролката Абигејл Џексон ги нарече протестите „терапевтски состаноци на пореметени антитрамповци“.Претходните слични собири привлекоа милиони учесници и беа поттикнати од мерките на имиграциските власти и распоредувањето на Националната гарда во поголемите градови. Според организаторите, денешните протести се насочени и против американско-израелското бомбардирање на Иран.

Свет | пред 3 дена

media-library3u6620i3vspoauMEofG

Колку е успешна војната на Доналд Трамп со Иран по еден месец?

Помина еден месец откако Соединетите Американски Држави и Израел започнаа воени операции во Иран, конфликт што ја дестабилизираше регијата, ги наруши глобалните синџири на снабдување и предизвика раст на цените на нафтата. Нападите врз енергетската инфраструктура продолжуваат, додека поморскиот сообраќај низ Ормускиот теснец и натаму е блокиран.Американскиот претседател Доналд Трамп постави пет клучни цели за завршување на војната, но сега најавува дека САД наскоро би можеле да ја „приведат кон крај“ операцијата, иако дел од тие цели остануваат нејасни или неисполнети, пишува Euronews.Според извештаите, американските и израелските удари значително ги ослабнале иранските воени капацитети и ликвидирале десетици високи функционери. Сепак, овие тактички успеси не гарантираат исполнување на стратешките цели, особено ако САД се повлечат додека Исламската револуционерна гарда и натаму има значајна улога во земјата.Една од главните цели беше уништување на иранските ракетни способности. Трамп тврди дека околу 90 проценти од ракетите и лансирните системи се уништени, но Иран и понатаму изведува напади со дронови и ракети, вклучително и врз Израел и американски бази во регионот. Во неодамнешен напад врз база во Саудиска Арабија беа ранети десет американски војници.Паралелно, нападите врз иранската одбранбена индустрија не го спречија Техеран да продолжи со производство и користење на оружје. Аналитичарите сметаат дека оваа цел е тешко остварлива, бидејќи производството на дронови може да се одвива во мали и дисперзирани капацитети.Во однос на морнарицата, САД тврдат дека оштетиле или уништиле над 150 ирански пловила, но поморската закана не е целосно елиминирана, а Ормускиот теснец останува под ризик.Прашањето за нуклеарната програма останува едно од најчувствителните. Иако претходно тврдеше дека програмата е уништена, администрацијата сега предупредува дека Иран бил блиску до производство на нуклеарно оружје. Се разгледува и можноста за преземање на обогатениот ураниум, што би барало сложена и ризична копнена операција.Како дополнителна цел, Трамп ја истакна и заштитата на сојузниците на Блискиот Исток, меѓу кои Израел, Катар, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Кувајт. Сепак, останува нејасно како ќе се обезбеди стабилноста на поморските рути и безбедноста на овие земји.Иако официјално не е прогласена, темата за промена на режимот во Иран постојано се провлекува во изјавите на Трамп, кој тврди дека иранското раководство е „десеткувано“. Во исто време, Вашингтон наводно води разговори со делови од иранските власти, додека Техеран јавно одбива преговори.Еден месец по почетокот на војната, останува нејасно дали најавениот крај на операцијата ќе донесе стабилизација или ќе отвори нова фаза на неизвесност во регионот.

Свет | пред 3 дена

media-libraryiega8e5hdb7ubfrDd7u

(Видео) Трамп: Не мислев дека ризикот со војната во Иран е голем, но војната носи изненадувања

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не очекувал голем ризик од конфликтот со Иран, но предупреди дека секоја војна носи непредвидливи последици и сериозни опасности.Говорејќи за ситуацијата на Блискиот Исток, Трамп нагласи дека и покрај првичните проценки, војната секогаш може да се развие во неочекуван правец.„Не мислев дека постои голем ризик, но во војна секогаш има изненадувања. Можат да се случат многу лоши изненадувања. Мислам, војните се губат и тогаш кога треба да се добијат. Многу војни се изгубени… Мислите дека некоја држава ќе уништи друга, а на крај самата биде уништена, така што тоа секогаш е ризично“, изјави Трамп.Со оваа изјава, тој индиректно укажа на комплексноста на конфликтот и на можноста од непредвидливи разврски, во услови на зголемени геополитички тензии во регионот.

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања