ВО ЖИВО

Претрес: Од бранител до затвореник – Трајковски за притисоците, 27 април и системот што крши луѓе

ТРАМП

media-librarycrufe3n3bhhu0r5IP4W

Нетанјаху објави AI слика на која Трамп ја прима Нобеловата награда за мир

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави вештачки генерирана фотографија на која тој му ја врачува Нобеловата награда за мир на поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Сликата беше споделена на официјалниот профил на Нетанјаху на платформата X (поранешен Twitter) и веднаш предизвика бројни реакции.На фотографијата, која очигледно е создадена со помош на вештачка интелигенција (AI), може да се види како насмеаниот Трамп ја прима наградата од израелскиот премиер, додека позадината потсетува на церемонија во стилот на доделувањето на Нобеловите признанија во Осло.Трамп веќе со години води кампања со која сугерира дека ја заслужува оваа престижна награда. Уште за време на својот прв мандат тој тврдеше дека „многу луѓе“ сметаат дека треба да биде награден, повикувајќи се на своите дипломатски потези, особено во однос на Блискиот Исток и мировните договори со Израел.Објавата на Нетанјаху доаѓа ден по постигнувањето на договор меѓу Израел и Хамас за првата фаза од мировниот план на Трамп за Газа, што дополнително ја подгреа јавната дебата. По веста за договорот, во Тел Авив владееше еуфорија, а дел од граѓаните излегоа на улиците повикувајќи Трамп да ја добие Нобеловата награда за мир.Официјално, доделувањето на овогодинешната Нобелова награда за мир е закажано за утре, но Трамп и неговиот тим јавно истакнаа дека очекуваат токму тој да биде избран, оценувајќи дека, како што изјавија, „најмногу придонел за стабилност и мир во регионот“.

Свет | пред 3 месеци

gaza44

Историски договор меѓу Хамас и Израел, ќе почне спроведува првата фаза од мировниот план на Трамп

Израел и Хамас имаат договор за спроведување на првата фаза од мировниот план на Трамп за прекин на вбојната во Газа.Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави на социјалните мрежи дека е договорена првата фаза од мировниот план за Газа.„Многу сум горд што објавувам дека Израел и Хамас ја потпишаа првата фаза од нашиот мировен план“, рече Трамп. „Ова значи дека СИТЕ заложници наскоро ќе бидат ослободени, а Израел ќе ги повлече своите трупи на договорената линија како прв чекор кон силен, траен и вечен мир. Сите страни ќе бидат третирани праведно! Ова е ПРЕКРАСЕН ден за арапскиот и муслиманскиот свет, Израел, сите околни земји и Соединетите Американски Држави, и им се заблагодаруваме на медијаторите од Катар, Египет и Турција кои работеа со нас за да се случи овој историски и без преседан настан. БЛАГОСЛОВЕНИ ДА БИДАТ МИРОТВОРИТЕ!“Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху подоцна изјави дека договорот е „голем ден за Израел“.Рече дека ќе ја свика владата во четврток за да го одобри договорот и да ги врати дома, како што рече, „сите наши сакани заложници“.Хамас потврди дека се согласил со предложениот мировен договор со Израел, велејќи дека го сторил тоа „со цел да се стави крај на војната на истребување на палестинскиот народ и да се повлече окупацијата од Појасот Газа“.Во соопштението за медиумите, тие им се заблагодарија на медијаторите од Катар, Египет и Турција и на американскиот претседател Доналд Трамп за нивните напори.Тие ги повикаа Трамп и другите земји да обезбедат Израел да ги исполни своите обврски според договорот: „Окупациската влада треба да биде принудена целосно да ги спроведе барањата од договорот и да не ѝ биде дозволено да го избегнува или одложува спроведувањето на она што е договорено“.

Свет | пред 3 месеци

gaza2

Исламските држави го поздравија мировниот план на Трамп: „Ова е вистинска шанса за мир во Газа“

Високи дипломати од неколку исламски држави го поздравија мировниот предлог на американскиот претседател Доналд Трамп за Појасот Газа, нарекувајќи го „вистинска можност“ за постигнување трајно примирје во овој густо населен регион.Министрите за надворешни работи на Египет, Јордан, Обединетите Арапски Емирати, Индонезија, Пакистан, Турција, Саудиска Арабија и Катар во заедничка изјава го оценија позитивно одговорот на палестинското движење Хамас на планот на Трамп за решавање на кризата во Газа.Дипломатите го поздравија и повикот на Трамп до Израел веднаш да го прекине бомбардирањето на Газа и да започне реализација на размената на израелските заложници, кои се држат во Газа, за палестински затвореници во Израел.„Овој развој на настаните претставува вистинска можност за воспоставување сеопфатно и одржливо примирје, како и за решавање на критичната хуманитарна состојба со која се соочува населението во Појасот Газа“, се наведува во заедничката изјава.Министрите повикаа и на итно започнување на преговори со цел да се усогласат механизмите за спроведување и реализација на мировниот план.Хамас во петокот најави дека ќе прифати делови од планот на Трамп, но сè уште нема став за барањето за разоружување. По ова, Трамп го повика Израел веднаш да го прекине бомбардирањето на Газа за да се овозможи ослободување на заложниците.Денеска во Египет се очекува одржување непосредни преговори меѓу израелски и палестински претставници, на кои ќе се разговара за деталите околу размената на заробеници и заложници.Како посредници во процесот дејствуваат Египет, Катар и САД, кои последниве месеци интензивно работат на дипломатски решенија за конфликтот што трае речиси две години.

Свет | пред 3 месеци

Screenshot-2025-06-16-at-11.35.33

Германија: Планот на Трамп е „единствена можност“ за мир на Блискиот Исток

Германија „одлучно ќе се посвети“ на спроведување на мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток, соопшти германското Министерство за надворешни работи, оценувајќи дека станува збор за „единствена можност“ за постигнување траен мир.Претходно денеска, Трамп објави дека Израел „се согласил со почетната линија на повлекување споделена со Хамас“. „Штом Хамас ја потврди, прекинот на огнот веднаш ќе стапи во сила, ќе започне размена на заложници и затвореници, а ние ќе создадеме услови за следната фаза на повлекувањето“, изјави Трамп, додавајќи дека тоа ќе значи приближување кон „крајот на оваа тримилениумска катастрофа“.Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул, пред неговото заминување за Катар, рече дека Германија е „за брза примена на американскиот план“, кој претставува „единствена можност“, нагласувајќи дека е неопходна „итна меѓународна соработка“ со европските и арапските земји.Берлин ќе понуди „конкретна поддршка“ како партнер за хуманитарна помош, стабилизација и обнова. „Станува збор за стабилизација на регионот со трајна безбедност за сите, политичка перспектива за Палестинците и конечно нормализирање на односите меѓу сите држави и Израел“, изјави Вадефул.Во Кaиро денеска се очекува да започнат непосредни преговори меѓу израелски и палестински претставници за планот на Трамп, кој предвидува прекин на огнот, ослободување на сите живи заложници и предавање на телата на убиените.Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изрази надеж дека тоа ќе се случи „во следните денови“, откако Хамас делумно го прифати планот. Вадефул денеска ќе се сретне со катарскиот премиер Мухамед бин Абдулрахман Ал-Тани за „итно ослободување“ на преостанатите заложници – меѓу кои, како што потврди Берлин, има и германски државјани.Министерот ќе учествува и на состаноците на Советот за соработка во Персискиот залив во Кувајт, каде ќе се разговара за улогата на ЕУ и земјите од регионот во поддршката на мировниот процес.

Свет | пред 3 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-20.07.31

Хамас му кажа условно ‘да’ на Трамп: Жителите на Газа во шок

Жителите на Газа реагираа со шок и неверување по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој го поздрави, како што рече, „позитивниот одговор“ на Хамас на неговиот мировен план за Појасот Газа.На социјалните мрежи, многу Палестинци прашуваа: „Дали војната е навистина завршена?“ и „Ова е сон или реалност?“.Хамас, во официјално соопштение подготвено со помош на посредници, понуди условно „да“ – прифаќајќи ги американските предлози за размена на израелски заложници и идејата управувањето со Газа да се довери на палестински технократи, но избегна да даде јасен став за останатите точки од дваесетточковниот план.Во саботата, Трамп на својата платформа Truth Social објави дека Израел се согласил на „почетна линија на повлекување“ и дека прекинот на огнот ќе стапи во сила веднаш штом Хамас го потврди договорот.„По преговорите, Израел се согласи на почетна линија на повлекување која ја споделивме со Хамас. Штом потврдата пристигне, ќе започне прекин на огнот, размена на затвореници и подготовка за следната фаза на повлекување“, изјави Трамп, додавајќи дека тоа би значело приближување кон „крајот на оваа 3000-годишна катастрофа“.Според картата објавена од него, таа почетна линија ја прикажува приближната израелска контрола врз територијата пред големата офанзива на градот Газа минатиот месец, кога израелската војска држеше околу 70% од Појасот – меѓу нив јужните градови Рафах и Кан Јунис, како и делови од северот со тампон-зона кон границата.„Советувам трпение. Не треба да се занесуваме со оптимизам – ѓаволот секогаш е во деталите,“ изјави за BBC Ибрахим Фарес, еден од жителите на Газа.Други, пак, се поскептични. Палестинскиот активист Халил Абу Шамала оцени дека ова е потег на очај:„Ќе го наречат мудрост, но тоа е обид Хамас да ја задржи власта. Дури се сомневам дека самите ја напишале изјавата – беше премногу внимателно формулирана.“Иако дел од јавноста верува дека ова може да биде историска можност за конечно запирање на конфликтот, повеќето жители на Газа велат дека ќе веруваат дури кога зборовите на хартија ќе станат мир на теренот.

Свет | пред 3 месеци

Screenshot-2025-06-24-at-09.17.25

Трамп сака Нобелова награда за мир, експертите велат дека нема шанси

Американскиот претседател Доналд Трамп јавно изјави дека сака да ја добие Нобеловата награда за мир, чиј добитник ќе биде објавен следниот петок, на 10 октомври. Но, експертите предупредуваат дека неговите шанси се мали во споредба со оние кои тивко и посветено работат на решавање на „заборавените“ конфликти во светот.Трамп оваа недела рече дека би било „навреда“ за Соединетите Држави доколку не ја добие наградата, тврдејќи дека завршил „шест или седум војни за неколку месеци“, иако аналитичарите тоа го сметаат за големо претерување. Според историчарите во Осло, каде што се носат одлуките за наградата, Трамп воопшто не се вклопува во идеалите на Нобел, бидејќи неговата политика „Америка на прво место“ е спротивна на принципот на мултилатерална соработка.„Тоа е незамисливо“, вели Оеивинд Стенерсен, норвешки историчар кој ја проучува Нобеловата награда.„Наградата за мир е поврзана со заштита на меѓународната соработка, а Трамп постојано ја руши“.Оваа година се номинирани 338 поединци и организации, но нивните имиња се тајна половина век. Меѓу потенцијалните фаворити се локални мировници во Судан, регионот Сахел и Африканскиот рог, кои работат под ризик да ги спасат своите заедници. Споменати се и меѓународни организации како „Комитет за заштита на новинарите“ и „Репортери без граници“, особено по смртоносната година за новинарите, особено во Појасот Газа.Според аналитичарите, меѓу можните добитници е и Јулија Навална, вдовица на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални. Минатата година наградата ја доби јапонската организација „Нихон Хиданкјо“, која ги претставува преживеаните од атомските бомби и се бори за забрана на нуклеарно оружје.Покрај наградата за мир, вниманието е насочено и кон Нобеловата награда за книжевност, која ќе биде објавена на 9 октомври. Во литературните кругови фаворит е швајцарскиот писател Кристијан Крахт, кој важи за најзначаен современ автор на германското јазично подрачје.Претходно ќе бидат соопштени добитниците во научните категории: медицина (понеделник), физика (вторник) и хемија (среда), а сезоната на Нобелови награди ќе заврши на 13 октомври со економијата.Наградата се состои од диплома, златен медал и паричен износ од околу 1,2 милиони долари.

Свет | пред 3 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-20.07.31

Трамп даде рок: Хамас има три, четири дена да одговори на планот за Газа

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Хамас има рок од „три или четири дена“ да одговори на неговиот план за Пojaсот Газа, кој повикува на разоружување на палестинското исламистичко движење, предупредувајќи дека Хамас ризикува „пекол“ ако не го прифати.По речиси две години војна, Белата куќа во понеделник објави предлог од 20 точки со цел конечен крај на конфликтот што избувна по крвавата офанзива на Хамас против Израел на 7 октомври 2023 година, по што во израелската инвазија на палестинските територии загинаа десетици илјади луѓе, а Пojaсот Газа беше претворен во урнатини.Ќе му дадеме на Хамас околу три или четири дена. Ќе видиме. Сите арапски земји се согласуваат, сите муслимански земји се согласуваат, Израел се согласува. Само чекаме Хамас. А Хамас или ќе го прифати, или нема. Ако не го прифати, тоа ќе заврши многу тажно, рече Трамп во краток разговор со новинарите во Белата куќа.Американскиот план, кој го поддржуваат многу земји, бара прекин на огнот, ослободување на заложниците што ги држи Хамас во рок од 72 часа, разоружување на исламистичкото движење кое владее со Газа од 2007 година, постепено повлекување на израелската армија, распоредување на меѓународни сили и воспоставување привремена власт.Истиот ден, на состанок со американските генерали во близина на Вашингтон, Трамп повторно го предупреди Хамас за „пекол“.Ни недостасува еден потпис, а тие ќе платат со пекол ако не го потпишат. Се надевам дека ќе потпишат за своето добро и ќе направат нешто навистина големо, рече Трамп.Претседателот на САД, кој редовно се фали дека решил различни конфликти низ светот (еднаш истакнал дека помогнал за крај на долгогодишната војна меѓу Албанија и Азербејџан), изјави дека би било навреда за САД ако не добие Нобелова награда за мир.Ќе ја дадат наградата на човек кој ништо не направил. Тоа би било голема навреда за нашата земја, додаде Трамп.

Свет | пред 3 месеци

gaza1

Трамп претстави план за прекин на војната во Газа: „Историски ден за цивилизацијата“

Американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа го претстави својот план со 20 точки, за прекин на војната во Газа, нарекувајќи го „еден од најголемите денови во историјата на цивилизацијата“ и документ што може да донесе „вечен мир на Блискиот Исток“.Планот е објавен по средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Според анализата на Би-Би-Си, иако реториката на Трамп беше претерана, документот претставува важен дипломатски исчекор и промена во ставот на Вашингтон за иднината на Газа по завршувањето на војната.Што предвидува планот?Предлогот содржи општи принципи, но не и детални решенија за најспорните прашања – повлекувањето на израелските сили, ослободувањето на таоци и затвореници и управувањето со Газа. Сепак, документот предвидува:прекин на борбите и делумно повлекување на израелската војска,ослободување на сите преостанати заробеници во замена за стотици палестински затвореници,воспостаувување локална техничка власт во Газа под надзор на „Комитет за мир“ со претседател Трамп и поранешниот британски премиер Тони Блер,амнестија за припадниците на Хамас кои ќе предадат оружјето, додека останатите би биле протерани,меѓународни сили кои би ја презеле контролата врз безбедноста и би ги разоружале палестинските фракции.Палестинската државност е спомната условно – како можност доколку Палестинската самоуправа спроведе реформи.Реакции и пречкиХамас засега нема јасен став. За Би-Би-Си еден нивни претставник изјавил дека планот „не ги штити палестинските интереси“ и нема да биде прифатен без целосно израелско повлекување.Нетанјаху, пак, стоејќи покрај Трамп, рече дека Израел ги прифаќа принципите, но дел од неговата десничарска коалиција веќе изрази противење. Опонентите го потсетуваат дека и во минатото рушел договори кога му се заканувала политичка нестабилност.Арапските земји го поздравија фактот што документот не предвидува присилно иселување на Палестинците и барем условно ја споменува државноста.Истовремено, борбите на теренот продолжуваат – Израел распореди нова оклопна дивизија во Газа, а Хамас подготвува илјадници борци за „последна, одлучувачка битка“.Аналитичарите предупредуваат дека рамката на Трамп ќе бара долги и тешки преговори за да прерасне во конкретен мировен договор.

Свет | пред 3 месеци

Screenshot-2025-08-14-at-22.09.34

YouTube ќе му исплати 24,5 милиони долари на Трамп поради тужба за суспензија

YouTube прифати да исплати 24,5 милиони долари во рамки на судска спогодба со поранешниот и сегашен претседател на САД, Доналд Трамп, кој во 2021 година ја тужеше платформата тврдејќи дека неправедно му го суспендирала каналот по нападот врз Капитол на 6 јануари.Со овој потег, подружницата на Google стана уште една во низата технолошки компании кои на Трамп му исплатија милионски износи поради ограничувања на неговите кориснички сметки.Обвиненија и нагодбаТрамп тужеше против YouTube и првиот човек на Alphabet, Сундар Пичаи, тврдејќи дека платформата стекнала „невидена концентрација на моќ и влијание врз јавниот дискурс“. Од YouTube, пак, тврдеа дека каналот е суспендиран поради поттикнување на насилство.Случајот е затворен по спогодба, а од Google нема официјален коментар. Според судските документи, 22 милиони долари од договорот Трамп ги насочил за реконструкција и заштита на Националниот парк „Мол“ и за поддршка на изградбата на балска сала во Белата куќа, чија вредност е проценета на околу 200 милиони долари.Други компании, слични нагодбиСлични процеси завршиле со исплати и од други компании: Meta во јануари плати 25 милиони долари, а X (поранешен Twitter) во февруари 10 милиони долари. Најголем дел од парите од Meta биле насочени кон фондот за претседателската библиотека на Трамп.Адвокатот Џон Коул, близок соработник на Трамп и автор на сите три тужби, изјави дека „повратокот на Трамп во Белата куќа бил клучен за нагодбите“.Забраната и враќањето на каналотYouTube првпат го суспендираше каналот на Трамп на 12 јануари 2021, поради „ризик од ново насилство“. Забраната траеше до март 2023, кога платформата одлучи да го врати каналот, нагласувајќи дека треба да се овозможи јавноста да ги слушне националните кандидати пред избори.Неколку часа по враќањето на каналот, Трамп објави кратко видео со зборовите: „Вратен сум!“

Свет | пред 3 месеци

netanjahu

Трамп кон Нетанјаху: Од најблизок сојузник до можен товар

Во надворешната политика на Доналд Трамп, Израел со години се сметаше за исклучок – држава што добиваше поддршка дури и кога нејзините политики не беа во согласност со интересите на Вашингтон и неговата доктрина „Америка на прво место“. Но, сè повеќе анализи укажуваат дека ова силно сојузништво би можело да влезе во криза.Израел има влијателни поддржувачи во најтесниот круг на Трамп – од државниот секретар Марко Рубио, до специјалниот претставник за Блискиот Исток Стив Виткоф и американскиот амбасадор во Тел Авив Мајк Хакаби. Премиерот Бенјамин Нетанјаху, кој со години го величеше Трамп и дури именуваше населба по него, успеваше да ја одржува американската поддршка, заедно со силниот про-израелски став на Конгресот и медиумите наклонети кон Трамп.Сепак, американскиот претседател е познат по ненадејни промени на курсот. Исто како што од симпатии кон Владимир Путин премина кон отворени критики и барања за повлекување од Украина, сличен пресврт е можен и кон Нетанјаху. Вашингтон веќе покажа прагматични потези – склучувајќи посебен договор со вооружените групи во Јемен, и покрај нивните напади врз Израел, како и приближување кон сирискиот претседател Ахмед ал-Шари, кого Израел и натаму го смета за непријател.Најголем предизвик останува појасот Газа. Додека Трамп сака договор со кој би се ослободиле заробените цивили, Нетанјаху инсистира на целосно уништување на Хамас – цел која е тешко остварлива. Трамп исто така изјави дека не би дозволил израелска анексија на Западниот Брег и најави план што предвидува чекори кон формирање палестинска држава.Разликите меѓу сојузниците се продлабочуваат и поради лични несогласувања. Трамп никогаш не му го прости на Нетанјаху тоа што во 2020 година му честиташе на Џо Бајден за победата на изборите, што доведе и до јавни навреди.Иако дел од републиканскиот врв останува цврсто про-израелски, во редовите на движењето „Америка прва“ веќе се појавуваат поделби. Дел од конгресмените и медиумите блиски до Трамп го нарекуваат израелското дејствување во Газа „геноцид“ и бараат Соединетите Држави да се повлечат од безусловната поддршка.Аналитичарите сметаат дека можното „свртување грб“ на Трамп нема да значи целосен прекин на соработката, туку повеќе ограничена политичка поддршка, критики и преговори водени според сопствениот интерес. Но, дури и намалена американска помош би била сериозен удар за израелската дипломатија и безбедност, особено во регион каде што довербата и доследноста се клучна валута.

Свет | пред 3 месеци

Polska-1

Тензија во регионот: Полска во највисока готовност по руските напади

Полска синоќа затвори два аеродрома и подигна борбени авиони како одговор на интензивен руски напад со ракети и дронови врз Украина, соопшти Оперативната команда на полската армија.Затворени се аеродромите во Љублин (на истокот) и во Жешов (југоисток), кој е едно од најважните логистички јазли за НАТО и главна точка за испорака на западна воена и хуманитарна помош кон Украина.Подигнати се борбените дежурни авиони, системите за противвоздушна одбрана и радарите се ставени во највисока борбена готовност. Овие мерки се превентивни, а силите се подготвени за итна реакција, се вели во соопштението.По низа инциденти во кои руски дронови и авиони го нарушија воздушниот простор на НАТО-членки, јавноста во Полска станува сѐ поодлучна.Анкета покажува дека 67% од населението во полска сметаат дека руските воени авиони треба да се соборат доколку ја повредат територијата на Полска, додека само 8,7% се против таква мерка.Во друга анкета објавена истиот викенд, 74% од испитаниците оценија дека американскиот претседател Доналд Трамп требало поодлучно да реагира на инцидентот од 10 септември, кога дваесетина руски дронови навлегоа во полскиот воздушен простор.Дополнителен шок предизвика изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека на 10 септември Русија испратила дури 92 дрона кон Полска. Според него, мнозинството биле пресретнати и соборени од украинските сили уште над украинска територија.Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, потврди дека дел од дроновите навистина полетале од белоруска територија.Полскиот премиер Доналд Туск и министерот за надворешни работи Радослав Шикорски изјавија дека Полска ќе соборува руски авиони и дронови доколку навлезат во нејзиниот воздушен простор.Сепак, Туск нагласи дека одлуките ќе се носат во координација со НАТО-сојузниците и само ако леталото се смета за реална закана, а не за грешка или провокација.

Свет | пред 4 месеци

media-library41v4o6fka4cg1JdVAV7

Силјановска-Давкова на прием кај Трамп и првата дама на САД

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова соопшти дека ѝ претставувало чест да присуствува на приемот што го приредија претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, и неговата сопруга Меланија Трамп, по повод 80. Генерално собрание на Обединетите нации.„Во овие турбулентни случувања во светот, важно е да не отстапиме од демократските вредности и да се обединиме во зачувување на глобалниот мир и безбедност. САД биле и остануваат наши искрени сојузници на овој пат“, напиша таа.

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-20.07.31

Прва билатерална посета на Ердоган во Вашингтон по 2019 година

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган „знае за наместени избори подобро од кој било друг“ за време на нивната средба во Белата куќа.Трамп, кој и натаму без докази тврди дека изборни измами ја попречиле неговата кандидатура во 2020 година, додаде дека тој и Ердоган останале пријатели и во периодот кога не бил на власт.Иако Ердоган е на чело на Турција од 2014 година и често е обвинуван за репресија врз опозицијата и медиумите, Трамп го пофали, нарекувајќи го „човек со цврсто мислење“.Ова беше прва билатерална посета на турскиот лидер во Вашингтон по 2019 година, кога Трамп го завршуваше својот прв мандат. Неговиот наследник Џо Бајден имаше тензични односи со Ердоган.Под водство на Ердоган, турските власти повеќепати ја таргетираа главната опозициска партија, а бројни нејзини членови беа уапсени. Меѓу нив е и градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој од март е во притвор под обвиненија за корупција, што тој ги негира.Во август, Трамп го пофали претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, кој ја води земјата 22 години, нарекувајќи го „многу паметен и самоуверен“.Трамп повеќепати навестуваше дека би можел да се обиде да обезбеди трет мандат, иако тоа е строго забрането според американскиот Устав

Свет | пред 4 месеци

Screenshot-2025-08-14-at-22.09.34

Американскиот претседател го охрабрува Киев: Украина може да ја врати целата територија

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Русија речиси и не остварила територијални добивки во последните напади врз Украина, иако потрошила огромни средства и претрпела големи загуби.Со сето тоа интензивно бомбардирање во последните две недели, тие освоиле речиси ништо, изјави Трамп за новинарите во Белата куќа за време на состанокот со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.Нема да го наречам никого „хартиен тигар“ но Русија потроши милиони и милиони долари на бомби, ракети, муниција и – животи, нивните животи – а освоиле речиси ништо“, додаде тој.Изјавите на Трамп ја потенцираат неговата промена на реториката за војната во Украина. Неговите обиди за посредување меѓу Киев и Москва засега не донеле резултати, додека Кремљ одбива повици за прекин на огнот и продолжува со воздушни напади врз украинските градови.Претседателот на САД истакна дека е „срамота“ што Русија продолжува да убива толку многу луѓе и додаде: „Путин треба да запре“. Русија моментално држи околу 20 проценти од украинската територија – Крим, делови од Донбас заземени во 2014 година и области освоени по почетокот на инвазијата во 2022 година.Од тогаш, руските сили напредуваат бавно. Според податоците на мониторинг-организацијата од август, од ноември 2022 година освоиле 5.842 квадратни километри, што претставува помалку од 1 процент од украинската територија.Во пролетта и летото 2025 година, Москва покрена нови офанзиви на истокот и североистокот на Украина, со фокус на Покровск во Донецка област.Она што Трамп го оценува, потсетува на неговите минати изјави во Њујорк, по средбата со Володимир Зеленски на Генералното собрание на ОН на 23 септември. Тогаш тој рече дека Украина „има можност да се бори и да победи, да ја врати целата земја во нејзиниот изворен облик“ – со поддршка од Европа.Говорејќи пред Ердоган, Трамп рече дека би сакал Турција да престане да купува руска нафта и повтори повик Европа да престане со увоз на руски енергенти. Тој додаде дека Ердоган може да има „големо влијание“ врз војната, бидејќи го почитуваат и Москва и Киев.Додека Киев и некои европски лидери ја поздравија Трамповата промена на реториката, други тоа го гледаат како сигнал дека Белата куќа сака да го намали ангажманот и да префрли поголема одговорност за војната на Европа.Промената доаѓа во момент на растечки тензии меѓу НАТО и Русија, откако сојузниците ја обвинија Москва дека руските дронови и авиони повторно влегуваат во нивниот воздушен простор. Трамп на тоа порача дека земјите на НАТО треба да ги соборуваат руските летала кои им ги нарушуваат границите – што многу источни членки на сојузот го примија со одобрување.

Свет | пред 4 месеци

Screenshot-2025-08-18-at-19.50.56

Трамп ја менува реториката за Украина, Европа загрижена

Американскиот претседател Доналд Трамп ја промени својата реторика кон Украина, предизвикувајќи загриженост кај европските лидери. Тие стравуваат дека неговите изјави имаат за цел да им постават невозможна задача, со што Трамп би можел да ја префрли вината врз Вашингтон доколку Киев не успее во војната или остане без средства.По месеци на притисок врз Украина да преговара со Москва и да се откаже од окупираните територии, Трамп во вторник ги изненади европските престолнини. На социјалните мрежи изјави дека Киев може да „се бори и победи“ на целата своја територија „со помош на ЕУ“.Иако новиот став на Трамп беше поздравен во некои кругови, повеќе европски лидери заклучиле дека тие сега ја преземаат одговорноста за одбраната на Украина со очекувања кои тешко можат да се исполнат.Полскиот премиер Доналд Туск предупреди дека „изненадувачкиот оптимизам“ на Трамп прикрива ветување за намалена американска ангажираност и префрлување на одговорноста за завршување на војната врз Европа. Туск додаде дека е подобро да се соочиме со вистината отколку да живееме во илузии. Европските лидери велат дека Трамп „гради излезна рампа“ за да може да ја обвини Европа доколку му биде потребно.Професорот за меѓународни односи Карло Масала од Универзитетот Бундесвер во Минхен смета дека Трамп сака да избегне оваа војна да стане „негова војна“, а не само „војна на Бајден“. Еден европски функционер, изјавата на Трамп „Среќно на сите!“ ја протолкува како порака за префрлување на одговорноста, додека друг едноставно рече: „Сите гледаат дека се повлекува.“Францускиот претседател Емануел Макрон, по средбата со Трамп во Њујорк, даде пооптимистички тон, опишувајќи ја како „многу коректна“. Тој истакна дека целосната поддршка на Украина би ја ослабнала руската економија и би создала можност за подобра иднина. Сепак, европските службеници заклучуваат дека Трамп повеќе не е сигурен сојузник за ЕУ.Туск, поради инцидентите со руски дронови во полскиот воздушен простор, побара поголема поддршка од НАТО. Тој истакна дека Полска е подготвена да ги уништува летечките објекти што ќе го нарушат нејзиниот територијален интегритет и побара „100-процентна сигурност“ од сојузниците. На прашањето дали НАТО земјите треба да бидат подготвени да ги соборат руските авиони, Трамп одговори потврдно.Трамповиот тон кон војната се промени откако се врати во Белата куќа во јануари. По конфликтите со украинскиот претседател Володимир Зеленски во февруари, тој го ублажи својот пристап и го нарече украинскиот лидер „храбар човек“. Првиот заменик министер за надворешни работи на Украина, Сергиј Кислица, истакна дека изјавите на Трамп не биле емоционален испад, туку резултат на долги и сложени дискусии со Украина, европските партнери и американските официјални лица.Кислица не се согласува дека Трамп се повлекува и поставува невозможни услови. Тој смета дека Трамп изнел силна порака дека Европа може и треба да стори повеќе, посочувајќи на земјите од ЕУ кои сè уште купуваат руска нафта и гас.Во последниве недели Трамп се фокусира на рускиот извоз на енергенти кон Европа. Во обраќањето пред Генералното собрание на ООН, тој рече дека е подготвен да воведе „силни царини“ кои би можеле „да го запрат крвавиот конфликт“, но само ако европските земји се согласат на исти мерки. Трамп истакна дека купувањето на руски енергенти додека се бори против Русија е „срамно“.На почетокот на месецов тој повика ЕУ да воведе царини до 100 отсто за Индија и Кина, најголемите купувачи на руска енергија, што во Брисел се смета за невозможна мерка. Лијана Фикс од Советот за надворешни односи посочи дека европските олидери не веруваат дека Трамп би го следел нивниот пример и заклучи дека тој не е доверлив во тоа прашање.

Свет | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања