Промени тема
Контакт

ТРАМП

SeKXr-

Ирански пратеник: „Кој е Трамп да одлучува за нашите нуклеарни способности?“

Иранскиот висок пратеник Али Никзад изјави во неделата дека Ормускиот теснец нема да се врати на условите што важеле пред почетокот на војната, во услови на зголемени тензии поради иранските ограничувања за пловидба и американската блокада на иранските пристаништа, пренесува Анадолија.Никзад, кој е втор потпретседател на иранскиот парламент, за полуслужбената новинска агенција Мехр изјави дека таквата одлука е донесена по налог на Водачот на Исламската револуција. Тој воедно се осврна и на претх

Свет | пред 5 месеци

media-librarycpjqtp97i22t7hTPKS9

Волонтерка опиша хаос на Вечерата на дописниците во Белата куќа: „Напаѓачот го склопил оружјето во необезбедена просторија“

На Вечерата на дописниците на Белата куќа, осомничен напаѓач склопил долго оружје во слабо надгледуван простор во близина на влез на терасно ниво, по што отворил оган и се упатил кон балската сала, изјавила волонтерка која била сведок на настанот. Според сведочењето на Хелен Мабус, која работела како волонтерка на настанот, напаѓачот го искористил просторот што не бил под безбедносен надзор, пренесува „Њујорк пост“.Мабус, која потекнува од Харисбург во Пенсилванија, опишала „импровизирана просто

Свет | пред 5 месеци

media-libraryfb6epppss1pu9k9lLTy

Новинар на Би-Би-Си ја опиша драмата во Вашингтон: „Обезбедувањето беше опуштено“

Главниот дописник на Би-Би-Си за Северна Америка, Гери О'Донохју, се наоѓал во свечената сала на хотелот Washington Hilton во моментот кога започнало пукањето за време на гала-вечерата на која присуствувал американскиот претседател Доналд Трамп.Тој изјавил дека штотуку завршил со вечерата кога слушнал бучава од влезот на салата, а потоа и истрели од полуавтоматско оружје.„Клечев под чаршавот, свесен дека повторно сум среде пукање на настан на кој присуствува претседателот“, рекол О'Дон

Свет | пред 5 месеци

media-librarysvhg5fee3sa68KmMTIO

(Видео) Ова е моментот кога е уапсен напаѓачот на гала вечерата на Трамп

На социјалните мрежи се појави снимка од апсењето на 31-годишниот Американец Кол Томас Ален, кој тешко вооружен упаднал во хотелот Washington Hilton во Вашингтон во момент кога таму се одржувала свечена вечера на дописниците од Белата куќа.Во моментот на инцидентот во балската сала биле американскиот претседател Доналд Трамп и повеќе високи функционери од неговата администрација, меѓу кои потпретседателот Џеј Ди Венс, министерот за одбрана Пит Хегсет и директорот на ФБИ Каш Пател.На снимката се

Свет | пред 5 месеци

media-librarych80v8cqq5ge1rIloLy

(Видео) Паника во салата, Трамп евакуиран, а само еден гостин мирно седи и јаде

Снимка од свечената вечера на дописниците од Белата куќа во хотелот „Вашингтон Хилтон“ за неколку часа ги „запали“ социјалните мрежи, откако на неа се гледа контраст меѓу паниката во салата и невообичаено мирната реакција на еден гостин.Видеото, направено за време на пренос во живо, го покажува моментот кога се слуша пукање, дел од присутните се креваат, бараат засолниште и ги следат насоките на обезбедувањето, додека еден маж останува седнат на своето место и продолжува да јаде – како ништо да

Свет | пред 5 месеци

media-libraryqfl46ju5najbdiFtWcd

Новинар на Би-Би-Си: Обезбедувањето во хотелот било „невообичаено опуштено“

Главниот дописник на Би-Би-Си за Северна Америка, Гери О'Донохју, кој се наоѓал во салата за време на пукањето во хотелот „Вашингтон Хилтон“, изјави дека обезбедувањето пред настанот делувало „невообичаено опуштено“, а реакцијата по инцидентот била проследена со брза паника меѓу присутните.Тој опиша дека првично слушнал необични звуци од влезот, кои набрзо ги препознал како истрели.„Чув истрели од полуавтоматско оружје“, изјави О'Донохју, додавајќи дека потоа слушнал и кршење стакло.Но

Свет | пред 5 месеци

media-libraryro0i4nsi48kvbpDeU7v

Трамп по пукањето: „Немаше закани, но овие луѓе се луди – никогаш не се знае“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ниту тој ниту неговиот тим не биле предупредени за можен напад пред инцидентот со пукање за време на свечената вечера на Здружението на дописници на Белата куќа во хотелот „Хилтон“ во Вашингтон.На прес-конференција по настанот, Трамп посочи дека не добиле никакви информации што би укажувале на закана.„Не. Немаше известување. Немавме поим“, изјави Трамп.На прашањето дали смета дека токму тој бил цел на нападот, претседателот рече дека тоа е можно

Свет | пред 5 месеци

media-libraryrjrj2o9be4m727gz9yH

Новинар открива: На влез во хотелот каде беа Трамп и пукањето се поминувало со обична хартиена карта

Прашањата за безбедносните пропусти на гала вечерата во Вашингтон продолжуваат да се отвораат, откако новинар сведочеше дека пристапот до хотелот „Вашингтон Хилтон“ бил можен со обична, неперсонализирана хартиена карта.Допишникот на Дојче Веле, Миша Комадовски, во изјава за Скај њуз опиша како изгледала процедурата непосредно пред инцидентот.„Картата не беше персонализирана. Станува збор за обичен перфориран лист хартија на кој беа наведени називот на настанот и бројот на масата“, изјави Комадов

Свет | пред 5 месеци

media-library4dfuvge8v605a2zurip

(Видео) „Ќе има истрели“, рекла портпаролката на Белата куќа пред пукањето на настанот со Трамп

Изјава на портпаролката на Белата куќа Каролин Левит, дадена непосредно пред синоќешниот настан во Вашингтон, стана вирална на социјалните мрежи поради тајмингот во кој била кажана, откако на гала вечерата дојде до вооружен напад.Левит, во разговор со новинар, најавувајќи го говорот на американскиот претседател Доналд Трамп, изјавила:„Ќе има и некои истрели вечерва во салата. Затоа сите треба да се вклучат, ќе биде навистина одлично.“Изјавата, според контекстот, се однесувала на реторички „верба

Свет | пред 5 месеци

media-librarylrg6u3agv1fh3MqplpE

Стармер по пукањето во Вашингтон: „Шокиран сум, вакви напади мора најостро да се осудат“

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека е „шокиран од сцените“ на синоќешната гала вечера во Вашингтон, каде што се случи вооружен напад во присуство на американскиот претседател.Тој нагласи дека секој напад врз демократските институции и слободата на медиумите мора да биде најостро осуден.„Секој напад на демократските институции или слободата на медиумите мора да се осуди со најостар можен јазик“, порача Стармер.Во својата реакција, тој изрази и олеснување што Доналд Трамп, првата дама Мела

Свет | пред 5 месеци

media-libraryrsaf86mij24e1h9RCUp

(Видео) Тоа беше е**но лудо, масите се превртуваа, луѓе влегуваа со оружје, рече шефот на УФЦ за хаосот по пукањето

Претседателот на УФЦ, Дејна Вајт, го опиша хаосот што настанал за време на пукањето во хотелот „Вашингтон Хилтон“, каде што се одржуваше традиционалната вечера со новинари, на која присуствувал и американскиот претседател Доналд Трамп.Според неговото сведоштво, во салата настанала паника, со превртени маси и вооружени лица кои се движеле низ просторот.„Масите се превртуваа, луѓе влегуваа со оружје“, изјави Вајт, опишувајќи ги сцените во моментите на инцидентот.Во својата реакција, тој употреби и

Свет | пред 5 месеци

media-libraryiob1t1ht5nrt1D5w7mI

Тајната служба на САД: „Кукавица се обиде да предизвика национална трагедија“

Американската Тајна служба на САД со остра реторика реагираше по синоќешниот вооружен напад на вечерата за новинари во Вашингтон, оценувајќи дека напаѓачот „се обидел да предизвика национална трагедија“, но бил спречен уште во првата фаза.Во официјалното соопштение, заменик-директорот Метју Квин порача дека напаѓачот сериозно ја потценил подготвеноста на безбедносниот систем.„Вечерва една кукавица се обиде да предизвика национална трагедија. Ги потцени заштитните способности на Тајната служба и

Свет | пред 5 месеци

media-libraryhbc6ds8a1l3f7qSlZNc

(Видео) Истиот хотел, два инцидента: во „Хилтон“ во 1981 беше ранет експретседателот Реган при обид за атентат

Хотелот „Вашингтон Хилтон“, каде што синоќа се случи вооружениот инцидент за време на гала вечерата со американскиот претседател, е истото место каде во 1981 година беше извршен обид за атентат врз поранешниот претседател Роналд Реган.На 30 март 1981 година, додека го напуштал хотелот по обраќање, кон Реган бил отворен оган од Џон Хинкли Помладиот. Иако преживеал, тогашниот претседател бил тешко ранет, откако куршумот се одбил од оклопното возило и го погодил во градниот кош, предизвикувајќи сер

Македонија | пред 5 месеци

media-librarycpjqtp97i22t7hTPKS9

Агентот ранет на вечерата со Трамп пуштен дома: „Панцирот спречи трагедија“

Агент на американската Тајна служба, кој беше ранет за време на нападот на гала вечерата за новинари во Вашингтон, е пуштен од болница и се наоѓа на домашно лекување, потврдија официјални извори.Информацијата ја соопшти Ентони Гулиелми, кој поради безбедносни причини не откри детали за идентитетот на агентот ниту за установата во која бил хоспитализиран.Клучниот момент што спречил потешки последици, според него, е заштитната опрема.„Панцирниот елек што го носел помогнал да се избегне можна траге

Свет | пред 5 месеци

media-library0em1ld14e3at9zJii3D

Напаѓачот влегол како гостин: како воопшто успеал да внесе оружје во објектот каде бил и Трамп

Напаѓачот кој синоќа предизвика хаос на новинарската вечера во Вашингтон успеал да го заобиколи надворешниот безбедносен прстен благодарение на тоа што бил регистриран како гостин во хотелот „Вашингтон Хилтон“, потврдуваат официјални извори, отворајќи сериозни прашања за безбедносниот протокол на настанот.Според информациите, 31-годишниот Кол Томас Ален веќе престојувал во хотелот во моментот кога објектот бил затворен за јавноста, неколку часа пред почетокот на свечената вечера. Пристап тогаш и

Свет | пред 5 месеци

media-librarym147ckb1japn8IwkVNN

(Видео) Драма по пукањето: вдовицата на Чарли Кирк евакуирана во шок

Меѓу гостите кои синоќа преживеаја драматични сцени за време на пукањето во хотелот „Вашингтон Хилтон“ била и Ерика Кирк, вдовица на влијателниот конзервативен активист Чарли Кирк.Таа била евакуирана веднаш по инцидентот, откако осомничениот Кол Томас Ален отворил оган во предворјето на хотелот. Снимки што се шират на социјалните мрежи ја прикажуваат во видно потресена состојба додека обезбедувањето ја извлекува од објектот.„Само сакам да си одам дома“, повторувала Кирк додека била насочувана ко

Свет | пред 5 месеци

media-librarycpjqtp97i22t7hTPKS9

(Видео) Снимка од драмата: Трамп извлечен од сцената, се сопнал при евакуацијата

Снимка од драматичниот момент кога американскиот претседател Доналд Трамп е итно извлечен од сцената за време на новинарската вечера во Вашингтон се шири на социјалните мрежи, откако внатре во хотелот „Вашингтон Хилтон“ одекнале истрели и настанала паника меѓу присутните.Според информациите, Трамп и првата дама Меланија Трамп биле веднаш евакуирани откако се слушнале пукања во лобито на хотелот, каде се одржувала свеченоста. Припадниците на Тајната служба реагирале за секунди, оттурнувајќи ги фу

Свет | пред 5 месеци

media-libraryiob1t1ht5nrt1D5w7mI

Напаѓачот признал: цел му биле американски функционери на новинарската вечера

Мажот осомничен за пукањето на новинарската вечера во Вашингтон признал пред полицијата дека цел му биле американски функционери присутни на настанот, објави Си-Би-Ес.Според американските власти, осомничениот ќе се појави пред суд во понеделник, каде ќе се соочи со сериозни обвиненија поврзани со нападот што ја потресе безбедноста на еден од најобезбедуваните настани во земјата.Окружната обвинителка Џенин Пиро соопшти дека против него се поднесени две обвиненија.„Се соочува со обвинение за употр

Свет | пред 5 месеци

media-library04v0q7h3nsq6bIsLQz4

Иранските напади посилни од очекуваното: штетите врз американските бази бројат милијарди

Иран нанел далеку поголема штета врз американските воени бази на Блискиот Исток отколку што досега било јавно претставено, а проценките укажуваат дека обновата ќе чини милијарди долари, објави Ен-Би-Си Њуз, повикувајќи се на информирани извори.Според информациите, ударите биле насочени кон бази во седум држави во регионот и предизвикале „широк опсег“ на оштетувања на воена опрема и инфраструктура, значително поголеми од претходно објавените.Изворите наведуваат дека биле погодени десетици цели, м

Свет | пред 5 месеци

media-librarybm9likds5nge1QAgmsP

Доналд Трамп нагло го откажа испраќањето делегација на преговори со Иран: Гледам и на трошоците

Американскиот претседател Доналд Трамп нагло го откажа испраќањето делегација на преговори со Иран во Пакистан, објаснувајќи дека одлуката е донесена поради непотребни трошоци и губење време, и јасно стави до знаење дека Вашингтон нема намера да брза кон договор.Обраќајќи се пред новинарите на Флорида, непосредно пред заминувањето за Вашингтон, Трамп истакна дека долготрајните патувања не носат конкретен резултат доколку нема јасна основа за договор.„Премногу се патува, предолго трае и прескапо

Свет | пред 5 месеци

media-library1ve5ufdd63v50gpMbd8

Би-Би-Си: Преговорите во ќорсокак, Трамп не брза со договор

Преговорите меѓу Соединетите Американски Држави и Иран се најдоа во ќорсокак, откако американскиот претседател Доналд Трамп ненадејно го откажа испраќањето делегација во Пакистан, оставајќи ги потенцијалните директни разговори без јасна перспектива, оценува дописникот на Би-Би-Си од Северна Америка, Питер Боус.Според анализата, иако во изминатите денови постоеле очекувања дека зад сцената се водат сериозни дипломатски активности, од директни преговори, какви што имаше пред две недели, засега нем

Свет | пред 5 месеци

media-library4onpumejnanva0joyBu

(Фото) Кој е напаѓачот од Вашингтон: наградуван наставник, брз криминално досие

Мажот кој отвори оган на гала вечерата во Вашингтон, на која присуствуваше и американскиот претседател Доналд Трамп, не одговара на вообичаениот профил на сторител на ваков напад. Станува збор за 31-годишниот Кол Томас Ален, инженер и програмер од јужна Калифорнија, кој до неодамна работел како наставник по математика и развивал видеоигри, пренесува Си-Ен-Ен.Ален живее во Торенс, мирно предградие на Лос Анџелес, а полицијата веднаш по нападот во хотелот „Вашингтон Хилтон“ го означи како единстве

Свет | пред 5 месеци

media-libraryddird0oh65ioc7Lefvn

(Видео) Снимка од моментот на пукањето во салата каде беше Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп откри нови детали за вооружениот инцидент во Вашингтон, посочувајќи дека напаѓачот делувал решително и бил совладан благодарение на брзата реакција на Тајната служба.Во обраќање пред новинарите во Белата куќа, Трамп изјави дека напаѓачот нападнал безбедносен контролен пункт со повеќе видови оружје, но бил неутрализиран за кратко време.„Мажот нападна безбедносна контролна точка вооружен со повеќе парчиња оружје, а го совладаа неколку многу храбри припадници

Свет | пред 5 месеци

media-library0em1ld14e3at9zJii3D

Трамп евакуиран по пукање на новинарска вечера во Вашингтон – едно лице повредено

Вооружен маж со пушка и ножеви упаднал во лобито на хотел во Вашингтон непосредно пред почетокот на гала вечер за новинари, на која присуствувале поранешниот американски претседател Доналд Трамп и повеќе високи државни функционери, предизвикувајќи паника и итна реакција на безбедносните служби.Агентите на Тајната служба брзо интервенирале, го совладале и го привеле напаѓачот, додека Трамп бил веднаш евакуиран од објектот и останал неповреден. За време на инцидентот, дел од присутните се засолнил

Свет | пред 5 месеци

media-libraryp6rje5uv3ftnfCezgky

Трамп: Откажувањето на преговорите не значи враќање кон војна

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека откажувањето на патувањето на неговите советници во Пакистан не значи нужно продолжување на војната со Иран.„Не, тоа не значи тоа. Сѐ уште не сме размислувале за тоа“, изјави Трамп во телефонски разговор за Axios.На директно прашање дали одлуката да не бидат испратени пратениците Стив Виткоф и Џаред Кушнер треба да се толкува како чекор кон нов круг на конфликт, Трамп одговори дека такво сценарио во моментов не е во план.

Свет | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања