Промени тема
Контакт

ТРАМП

media-libraryp6rje5uv3ftnfCezgky

Трамп: Откажувањето на преговорите не значи враќање кон војна

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека откажувањето на патувањето на неговите советници во Пакистан не значи нужно продолжување на војната со Иран.„Не, тоа не значи тоа. Сѐ уште не сме размислувале за тоа“, изјави Трамп во телефонски разговор за Axios.На директно прашање дали одлуката да не бидат испратени пратениците Стив Виткоф и Џаред Кушнер треба да се толкува како чекор кон нов круг на конфликт, Трамп одговори дека такво сценарио во моментов не е во план.

Свет | пред 5 месеци

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

Трамп го откажа патувањето на пратениците во Исламабад: „Ако Иран сака разговори, нека нѐ повика“

Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа Truth Social потврди дека го откажал патувањето на своите пратеници во Исламабад, каде што требало да се сретнат со претставници на Иран.„Премногу време се губи на патувања, тоа е премногу работа“, порача Трамп.Тој додаде дека во рамките на иранското раководство владеат големи поделби и конфузија и дека никој, па ни самите тие, не знае кој е главен.„Ние ги имаме сите карти, тие немаат ниту една! Ако сакаат разговори, треба само да

Свет | пред 5 месеци

media-librarybbq9dv554n957jlc7Y6

Трампова одмазда кон Британија: Што се случува со Фолкландските Острови?

Светската јавност ја изненади информацијата дека Фолкландските Острови, архипелаг во јужниот Атлантик за кој Обединетото Кралство и Аргентина војуваа во 1982 година, повторно стануваат тема на меѓународни тензии.Според наводи пренесени во дел од британските медиуми, американскиот претседател Доналд Трамп наводно упатил закани за повлекување на американската поддршка за британскиот суверенитет над островите, што предизвикало вознемиреност во Лондон.Во извештаите се наведува дека причината за вакв

Свет | пред 5 месеци

media-libraryn1m9e81qf70jfkAb9QI

Републиканците ја менуваат стратегијата: Трамп повеќе не е главна тема во кампањата

Поради растот на цените на горивата, падот на популарноста на претседателот Доналд Трамп и продолжениот конфликт со Иран, републиканците ја приспособуваат стратегијата пред изборите за Конгресот на САД во ноември, пишува Ројтерс.Планот е да се искористи способноста на Трамп да мобилизира гласачи, но без изборите да се претворат во референдум за сè понепопуларниот претседател. На затворен состанок со водечки конзервативни изборни оперативци, неговите советници предложиле кандидатите да ги истакну

Свет | пред 5 месеци

media-libraryp8433rjj897ocPapdMc

САД најавува забрзување на примената на федералните смртни казни

Министерството за правда на Соединетите Американски Држави соопшти дека има намера да ја забрза примената на федералните смртни казни, вклучително и проширување на методите на извршување на казната со воведување на стрелачки водови. Оваа одлука претставува промена во политиката спроведувана за време на администрацијата на Џо Бајден, која постепено се оддалечуваше од примената на смртната казна на федерално ниво, пренесува Си-Ен-Ен.Во новите насоки на Министерството се наведува повторно воведувањ

Свет | пред 5 месеци

media-librarycelrstct0dm72A2WEw3

(Видео) Трамп ќе заспиеше за време на состанок во Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој наскоро ќе наполни 80 години, беше снимен како накратко ги затвора очите за време на јавен настап во Белата куќа, додека пред камерите се најавуваше договор со фармацевтската компанија „Регенерон“.Настанот се случил во Овалната соба, каде покрај него биле присутни министри и претставници на фармацевтската индустрија. На дел од снимките се гледа како Трамп, во текот на обраќањето, за момент ги затвора очите, по што повторно се буди и продолжува да го сл

Свет | пред 5 месеци

media-libraryr08d1ofls4248G8ipwP

ФБИ истражува серија мистериозни смртни случаи и исчезнувања на научници во САД

ФБИ отвори истрага по серијата мистериозни смртни случаи и исчезнувања на најмалку десет научници во Соединетите Американски Држави, кои биле поврзани со чувствителни државни проекти.Станува збор за експерти од областа на нуклеарната енергија, вселенските технологии и одбранбениот сектор. Според достапните информации, дел од нив биле убиени пред своите домови, додека други исчезнале под неразјаснети околности. Меѓу случаите што ја вознемирија јавноста се убиство на нуклеарен физичар и професор о

Свет | пред 5 месеци

media-libraryp6rje5uv3ftnfCezgky

Трамп: Нема да користиме нуклеарно оружје против Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД нема да употребат нуклеарно оружје против Иран, нагласувајќи дека таквото оружје „никогаш не треба да се дозволи да биде употребено“. Тој одговори на новинарски прашања во Белата куќа, осврнувајќи се на можен конфликт со Техеран.Трамп изјави дека, според него, американската војска веќе има доволна конвенционална моќ и дека не постои потреба од нуклеарно оружје. Посочи дека иранските воени капацитети се значително ослабени и дека евентуално н

Свет | пред 5 месеци

media-library1ve5ufdd63v50gpMbd8

Дали САД блефира во конфликтот со Иран

Петтиот ден од конфликтот со Иран, на 4 март, портпаролката на Белата куќа Каролин Левит испрати остри пораки до противниците на САД, нагласувајќи дека американскиот претседател Доналд Трамп „не блефира“ и дека црвените линии ќе бидат спроведени без двоумење.Сепак, како што анализира Си-Ен-Ен, во текот на последните недели се забележуваат повеќе случаи во кои поставените рокови кон Иран биле поместувани или одложувани без јасни докази дека Техеран ги исполнил барањата.Во првиот период Трамп пост

Свет | пред 5 месеци

media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Донбас станува „Дониленд“?; Зеленски: „Само да не биде Путинленд“

Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека е клучно Донецката и Луганската област да останат во состав на Украина, коментирајќи медиумски наводи за предлог дел од Донбас да се преименува во „Дониленд“ во чест на американскиот лидер Доналд Трамп.Коментарот следуваше откако „Њујорк тајмс“ објави дека украински претставници за време на неодамнешните мировни преговори изнеле идеја за преименување на дел од регионот со цел да го придобијат Трамп и да го поттикнат на поостар став кон руск

Свет | пред 5 месеци

media-libraryit4682i4548j11F1nU1

„Имам добри вести“ – Трамп најави помилување на демонстрантки во Иран

Претседателот на САД Доналд Трамп на социјалната мрежа Truth Social соопшти добри вести, кои се однесуваат на помилување на девојки чие погубување наводно го подготвувал Иран.„Добри вести! Штотуку бев известен дека осум жени демонстрантки, кои требало да бидат погубени вечерва во Иран, нема да бидат убиени. Четири ќе бидат веднаш пуштени на слобода, а четири ќе бидат осудени на еден месец затвор“, напиша Трамп и додаде:„Многу ценам што Иран и неговите лидери го почитуваа моето барање, како претс

Свет | пред 5 месеци

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

Трамп: Иран може да добие уште три до пет дена

Претседателот на САД, Доналд Трамп, е подготвен да одобри дополнителни три до пет дена за продолжување на примирјето со Иран, јавува Ројтерс, повикувајќи се на извор запознаен со ситуацијата.Според изворите, Трамп не прецизирал точен временски рок, но нагласил дека прекинот на огнот нема да биде на неопределено време. Ова доаѓа во период на засилени дипломатски напори и обиди да се постигне заеднички предлог меѓу Вашингтон и Техеран.Во исто време, се наведува дека нова рунда преговори меѓу САД и

Свет | пред 5 месеци

media-libraryp6rje5uv3ftnfCezgky

Трамп поставува рок за Иран: Примирјето нема да трае бесконечно

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека примирјето со Иран ќе биде продолжено „сè додека не биде поднесен нивниот предлог и додека не завршат преговорите, на овој или оној начин“.Два извора запознаени со внатрешните дискусии изјавиле за CNN дека Трамп планира да му даде на Иран ограничен временски рок за изработка на единствен предлог.Според нив, американската администрација не сака неограничено да го продолжува примирјето и е внимателна во однос на можноста Иран дополнително да ги од

Свет | пред 5 месеци

media-libraryafufp70g9t2p9sVwhVk

Трамп најави дека САД разгледуваат валутна размена со ОАЕ и можен „финансиски потпор“ поради регионалната криза

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Вашингтон разгледува можност за валутна размена со Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), како и потенцијална форма на финансиска поддршка за земјата во услови на засилена нестабилност на Блискиот Исток.На прашање дали постои план за воспоставување валутна размена со ОАЕ, Трамп кусо одговори дека „се разгледува“, притоа оценувајќи ги Емиратите како „добар сојузник“. Во ист контекст, тој посочи дека САД би биле подготвени да помогнат доколку партнерот с

Свет | пред 5 месеци

media-libraryl42sn4hv0m480pNUZbd

Хаос во Техеран го кочи договорот – Трамп постави ултиматум

Американскиот претседател Доналд Трамп им дал краток рок од три до пет дена на иранските власти да се усогласат и да излезат со конкретен одговор за мировен договор, во спротивно, продолженото примирје ќе биде прекинато, пренесуваат американски медиуми повикувајќи се на извори од администрацијата.Според истите извори, во Вашингтон владее уверување дека внатрешните поделби во Техеран се главната пречка за договор. Воените структури, предводени од Револуционерната гарда, се во судир со цивилните п

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-06-24-at-09.15.54

„Телеграф“: Администрацијата на Трамп и натаму без јасен план за Иран

Администрацијата на Доналд Трамп се соочува со сериозни критики дека нема јасна стратегија за Иран, додека примирјето меѓу двете страни истекува, објавува британски „Телеграф“, повикувајќи се на извори блиски до американската власт.Според нив, последните денови биле обележани со целосна конфузија во врвот на власта, при што самиот Трамп во рок од 48 часа давал спротивставени изјави – од тврдења дека договорот е „близу“, до оценка дека е недостижен, за на крај да го продолжи примирјето.„Се чини д

Свет | пред 5 месеци

media-librarymq018hkepk163plbXCY

(Видео) Трамп чита Библија по судирот со папата, нови реакции во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп читаше дел од Стариот завет во рамки на настанот „Америка чита Библија“, одржан како симболична прослава на духовните темели на САД, само неколку дена по јавниот судир со папата Лав XIV.Во видео-порака снимена од Овалната соба, Трамп го прочита стихот од Втората книга Летописи (7:14): „И ако се понижи мојот народ... ќе му простам гревот и ќе ја излечам неговата земја“, додека зад него беше истакнато претседателското знаме.Настанот е дел од еднонеделен марат

Свет | пред 5 месеци

media-librarym3l64jf4j8om9DDMO01

Трамп му даде на Иран „неколку дена“ за одлука: продолжување на прекинот на огнот или нова ескалација

Администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп му дала на Иран рок од „неколку дена“ да се усогласи околу преговарачка позиција и да се врати на мировните разговори, со предупредување дека во спротивно продолжениот прекин на огнот може да биде прекинат. Според објавените информации, Вашингтон е подготвен да го продолжи примирјето уште три до пет дена за Техеран да формира јасна контрапонуда за завршување на судирот и за прашањето околу иранската нуклеарна програма.Американски официјални л

Свет | пред 5 месеци

media-library1cn6c1qb31d3b65mCp8

(Видео) Вирална приказна без потврда: Генерал одбил нуклеарни кодови на Трамп?

Тврдењата дека американскиот претседател Доналд Трамп се обидел да ги активира нуклеарните кодови, а генерал одбил да ја спроведе наредбата, се шират на интернет, но засега нема никакви докази што ги потврдуваат.Белата куќа ги отфрли овие наводи како лажни, реагирајќи по нивното ширење во јавноста. Приказната потекнува од поранешниот службеник на ЦИА, Лери Џонсон, кој во подкаст тврдел дека на состанок во Белата куќа дошло до остар судир меѓу Трамп и началникот на Здружениот штаб, генерал Ден Ке

Свет | пред 5 месеци

media-librarycmjdioq4krat7hF04aC

Трамп направи пресврт: „Очекувам бомбардирање“, па го продолжи примирјето

Само неколку часа пред да објави продолжување на примирјето со Иран, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „очекува бомбардирање“ и дека американската војска е подготвена за акција.Во интервју за CNBC, Трамп посочил дека не е наклонет кон продолжување на примирјето кое требало да истече, што дополнително ја засили неизвесноста околу развојот на ситуацијата.Сепак, набргу потоа следуваше пресврт, со одлука за продолжување на примирјето, што се толкува како обид да се остави простор за

Свет | пред 5 месеци

media-libraryr05q2iu8g0lnaP5iM8w

Трамп: Очекував поскапување на нафтата поради Иран, но тоа не се случи - можен е договор, но примирјето истекува

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекувал значително поскапување на нафтата поради конфликтот со Иран, но тоа не се случило, додавајќи дека е задоволен од ваквиот развој.Во интервју за CNBC, Трамп оцени дека САД на крајот би можеле да постигнат „одличен договор“ со Иран и со тоа да се стави крај на војната, но посочи дека не очекува продолжување на актуелното примирје кое истекува.Тој призна дека бил изненаден и од движењата на финансиските пазари, бидејќи очекувал остар пад на

Свет | пред 5 месеци

media-libraryro0i4nsi48kvbpDeU7v

Трамп тврди дека Иран повеќепати го прекршил примирјето

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран „повеќепати го прекршил примирјето“, обвинувајќи го Техеран за недоследно почитување на договорените услови. Изјавата ја објави на својата социјална мрежа, без да наведе конкретни детали за наводните прекршувања.Според најавите, привременото примирје истекува доцна во среда според американско време, додека во меѓувреме двете страни меѓусебно се обвинуваат за негово нарушување. Иран претходно тврдеше дека САД го прекршуваат договорот преку в

Свет | пред 5 месеци

media-libraryr05q2iu8g0lnaP5iM8w

Трамп предупредува за сложен процес на извлекување на иранските резерви ураниум

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека извлекувањето на иранските резерви на ураниум ќе претставува „долг и тежок процес“, по американските напади врз објекти поврзани со нуклеарната програма на Иран.Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“ наведе дека операцијата „Полноќен чекан“, спроведена во јуни минатата година, довела до, како што тврди, целосно уништување на иранските нуклеарни капацитети, поради што процесот на извлекување на нуклеарниот материјал ќе биде сложен и долг

Свет | пред 5 месеци

si-dziping2

Си Џинпинг: Нормалниот сообраќај низ Ормутскиот теснец мора да продолжи

Кинескиот претседател Си Џинпинг порача дека низ Ормутскиот теснец треба да се одвива „нормален сообраќај“, нагласувајќи ја важноста на оваа клучна поморска рута за глобалната економија.Изјавата ја дал за време на телефонски разговор со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман.Во меѓувреме, се очекува средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Си Џинпинг во Кина во текот на мај, откако претходно планираното патување било одложено поради војната меѓу САД, Израел и Иран.

Свет | пред 5 месеци

media-library3u6620i3vspoauMEofG

Трамп го обвини министерот за енергетика: „Целосно греши за цените на горивото’“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави во понеделникот дека министерот за енергетика Крис Рајт „целосно греши“ кога сугерира дека цените на гасот можеби нема да паднат под 3 долари до следната година.„Не, мислам дека греши во врска со тоа. Целосно греши“, изјави Трамп, додавајќи дека цените ќе паднат „штом ова заврши“, мислејќи на војната во Иран, во изјави за The Hill.Рајт во неделата изјави дека тоа „можеби нема да се случи до следната година“, наведувајќи ги нарушувањата во Ормускиот тесн

Свет | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања