ВАРДАРИШТЕ

vardariste-OJO

За Вардариште ќе има 24 часа надзор! „Распоредена е екипа од приватно обезбедување“

Депонијата Вардариште, која со години претставува ризик за пожари и загадување, од денеска е под постојан надзор. На терен е распоредена екипа од приватна агенција за обезбедување со цел да се спречи влез на лица и можни намерни потпалувања, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.Ангелов нагласи дека моментално на Вардариште нема горење или чадење. „Последниве денови секојдневно испраќавме по едно специјализирано возило – хермелин – кое интервенираше на местата каде што имаше само чадење,“ рече тој.Тој најави дека ќе се изработи специјален план за целосно обезбедување на депонијата и за спречување на нови обиди за палење, бидејќи постојат сомнежи дека пожарите на Вардариште и на „Дрисла“ биле предизвикани намерно.Ангелов потсети дека неодамна биле уапсени три лица кои купувале материјали од оние што палат кабли за да дојдат до метал. „Со нивното отстранување ќе се обесхрабрат сите што го правеле тоа, затоа што веќе нема да има кој да откупува,“ истакна тој.На денешната владина седница се очекува да биде донесена и формална одлука за забрана за влез на Вардариште, што вчера не можело да се реализира поради присуството на дива населба во тој дел.

Скопје | пред 4 месеци

vardariste-2

„Ќе умреме од Вардариште“ – граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“ алармира за алармантното загадување

Граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“ алармира дека континуираното палење на депонијата Вардариште претставува сериозна закана за здравјето на граѓаните и за животната средина. Во своето обраќање до јавноста тие истакнуваат дека секојдневното загадување со штетни гасови, чад и канцерогени честички ја загрозува почвата, водата и воздухот во Скопје и пошироко.„Граѓаните кои живеат во близина на депонијата, како и сите жители на градот, се изложени на директни штетни последици. Медицински лица постојано предупредуваат дека најпогодени се децата,“ стои во соопштението, во кое се потенцира дека проблемот е долгогодишен, но во последните месеци достигнал алармантни размери.Од иницијативата упатуваат конкретни барања до надлежните институции: итно гаснење на активните пожари, постојано физичко обезбедување од МВР или АРМ, поставување ограда околу целата депонија, поставување камери – вклучително и термални – со јавен пристап 24/7, како и итно обезбедување средства од локалните и централните власти за санација и затворање на Вардариште според еколошки стандарди.Дополнително, тие бараат формирање независна комисија за утврдување на причините за палењата и одговорноста, како и целосна реформа на системот за управување со отпад преку воведување на концептот „нула отпад“.Во соопштението се потсетува дека уште од 2014 година се проценува дека на локацијата се депонирани околу 2.500.000 м³ отпад, без прецизно познавање на неговиот состав. Се наведува дека, покрај комунален, таму е складиран и индустриски отпад, а анализите од 2013/2014 година покажувале сериозно загадување, особено на подземните води.„Ова не е само еколошко прашање – ова е прашање на јавна здравствена безбедност. Секој ден без акција значи уште еден ден во кој децата, возрасните и сите граѓани вдишуваат отрови,“ порачуваат од „Стоп за Вардариште“.Иницијативата повикува медиуми, граѓански организации и сите совесни граѓани да се приклучат во вршењето притисок врз институциите за конечно решавање на овој долгогодишен проблем. „Доста е! Вардариште не смее повеќе да гори!“За денеска во закажаа прес-конференција во 18:30 часот на раскрсницата кај паркот Авионче во Аеродром.

Скопје | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-10-115611

Шукова: Вардариште и Дрисла станаа симболи на хаосот во управувањето со отпад

Кандидатката на СДСМ за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, на прес-конференција изјави дека Вардариште и Дрисла денес се симболи на распадот на системот за управување со отпад, а ВМРО-ДПМНЕ четири години не понудиле никакво решение за овој проблем.„По Вардариште, пожарот на Дрисла ги докрајчи жителите на Скопје. Ова е најдобар доказ за неодговорното и неспособно управување на ВМРО-ДПМНЕ со градот. Четири години немаат никакво системско решение за управување со отпадот, додека ризикот по здравјето на скопјани расте секој ден. Наместо конкретни мерки, добивме само популизам и празни ветувања,“ рече Шукова.Таа оцени дека додека градот се гуши во ѓубре и чад, градската власт одржува прес-конференции за, како што рече, нереални фестивали и паркови на контаминирано земјиште, за евтини партиски поени. „Град не се води со флоскули,“ додаде Шукова.Според неа, кандидатот за градоначалник Орце Ѓорѓиевски веќе со денови се крие и избегнува да се соочи со граѓаните. „Дали навистина мисли дека може да управува со Скопје со нереални ветувања? Проекти како ‘парк на Вардариште’ се класичен пример за краткорочен популизам кој не допира до суштината на проблемот,“ изјави Шукова.Таа порача дека СДСМ има јасен и конкретен план за решавање на проблемот со отпадот во главниот град. Меѓу итните мерки што ги најави се: оградување и обезбедување на просторот на Вардариште со контролиран пристап само за службите на комунална хигиена, како и воспоставување 24-часовно физичко обезбедување за спречување пожари и вандализам.На среден и долг рок, таа најави изградба на нова претоварна станица според европски стандарди, како дел од систем за целосно управување со отпад – од собирање, преку селекција, до финално депонирање во Дрисла. „Безбедноста, деконтаминацијата и изградбата на модерен систем се клучни за долгорочно решение,“ истакна Шукова.„Го повикувам уште еднаш Орце Ѓорѓиевски на јавно соочување. Ајде да им покажеме на скопјани кој има реална визија и план. Овој проблем не бара популизам – туку одговорност и работа. Здравјето на граѓаните мора да биде приоритет број еден,“ порача кандидатката за градоначалничка на Скопје.

Скопје | пред 4 месеци

aerodrom-vardariste

(Видео) Каде се зградите? Шест дена Вардариште гори, населбата не се гледа од чадот!

Граѓани од Аеродром преку локални Фејсбук-групи пријавуваат дека шести ден по ред се издига густ чад од правец на депонијата Вардариште и најавуваат нов протест со продолжување на блокадите.Во објави со пораки „Изгасете ја депонијата… 6-ти ден гори!“ жителите опишуваат утринска слика во која „целата населба е прекриена со чад“. Во коментарите се наведува дека по 22 часот ги затвораат прозорците и вратите поради мирис и намалена видливост.Во друга објава стои: „Утре повторно на протест… Ова е неподносливо и нема да прекинеме со блокадите!“, со тврдење дека и покрај приведувањето на три лица, чадот продолжува.Во дел од коментарите бараат трајно решение и затворање на локацијата која ја посочуваат како извор на чадот: „Ќе се собираме и нема да отстапиме до решение за проблемот и затворање на депонијата“, пишува една жителка, изразувајќи револт поради, како што тврди, незаинтересираност за проблемот.Жителите најавуваат дека ќе продолжат со протести и блокади додека, како што велат, не се биде изгасне пожарот и не се најде трајно решение.

Скопје | пред 5 месеци

vardariste-OJO

Вардариште и денеска гори – жителите на Аеродром трет ден по ред блокираат безуспешно

Старата депонија Вардариште повторно е зафатена од пожар, ширијќи густ чад кон населбите во Скопје и претставувајќи сериозна закана за здравјето на граѓаните.Жителите на општина Аеродром веќе три дена го блокираат пристапот до депонијата, во обид да спречат дополнителен истовар на отпад и да го насочат вниманието кон проблемот. И покрај нивните протести, институциите не преземаат мерки, па загадувањето продолжува да расте.Граѓаните се оставени сами на себе, додека токсичниот чад се шири низ Скопје, загрозувајќи го здравјето на илјадници жители.Граѓаните предупредуваат дека ќе останат на блокадите сè додека не се обезбеди трајно решение за Вардариште – депонија која со години претставува симбол на еколошката криза во главниот град.

Скопје | пред 5 месеци

vardariste-OJO

Шукова: Го повикувам Ѓоргиевски на дуел, Вардариште е резултат на неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

Кандидатката на СДСМ за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, обвини дека ВМРО-ДПМНЕ со години ја игнорирале својата надлежност и обврска за решавање на проблемот со Вардариште, нарекувајќи го случајот „екоцид“.„Доста беше бегање од одговорност. Законот е јасен – отпадот е локална надлежност. ВМРО-ДПМНЕ четири години ја игнорираа својата обврска да го решат овој проблем,“ изјави Шукова.Таа посочи дека градоначалниците се директно одговорни за управување со отпадот, јавната чистота, селекција и транспорт на отпадот, како и реализација на проекти и задолжителна соработка со други општини и Градот Скопје.„Орце Ѓоргиевски и ВМРО-ДПМНЕ или го немаат прочитано законот за управување со отпад, или свесно го игнорираат за да ја префрлат вината кога јас бев министер за животна средина. Тоа само зборува колку Ѓоргиевски е неук, а сака да раководи со Скопје,“ рече Шукова.Таа додаде дека Вардариште денес изгледа како „црна еколошка дупка“ поради неработењето на градската администрација и, како што рече, неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката Данела Арсовска.„Јас и СДСМ знаеме како да го решиме Вардариште – со итно оградување, 24-часовен надзор, расчистување и забрана за пристап, а потоа изградба на затворена, еколошка претоварна станица со систем за селекција, контрола и транспарентност,“ истакна таа.Шукова го повика својот противкандидат, Орце Ѓоргиевски, на јавен дуел за Вардариште. „Нека ги донесе сите негови ‘аргументи’ дека од Вардариште ќе направи парк. Јас ќе ги донесам фактите, законите и резултатите. Граѓаните ќе судат кој има решение, а кој има само празни ветувања и пропаганда,“ порача кандидатката на СДСМ.

Скопје | пред 5 месеци

Screenshot-2025-09-03-at-18.41.43

Почна истрага: Откупувале железо и акумулатори и си направиле пункт на Вардариште кое нонстоп се пали

Со координирани дејствија на Основното јавно обвинителство Скопје и Министерството за внатрешни работи, во изминатите два дена се извршени претреси на локацијата Вардариште. Обезбедени се докази кои создаваат основано сомнение дека три лица сториле кривично дело – загрозување на животната средина и природата со отпад.Обвинителството денеска поведе истрага и предложи на осомничените да им биде определен притвор поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и можност за повторување на делото. Според обвинението, тројцата подолг временски период, заклучно со 2 септември годинава, на улицата „Зендел Џемаил“ во Скопје, создале диви депонии спротивно на прописите за заштита на животната средина, со што можеле да предизвикаат значително оштетување на почвата, воздухот и водата, како и опасност за животот и здравјето на луѓето.Осомничените вршеле откуп на старо железо, метални производи, стари акумулатори и обоени метали на импровизирани отпадни пунктови без регистрирано правно лице и без дозвола од Министерството за животна средина. Доказите упатуваат дека тие непрописно складирале и транспортирале отпад, со што директно влијаеле на квалитетот на почвата и воздухот, но и предизвикале закана по здравјето на граѓаните.

Македонија | пред 5 месеци

Vardariste-diva-deponija-3

Левица: Градоначалниците на ДПМНЕ четири години не преземаа ништо за Вардариште

Партијата Левица денеска соопшти дека изјавите на в.д. градоначалникот на Аеродром, Дејан Митевски, и на кандидатот Орце Ѓорѓиевски, со кои повторно ја отвораат темата за депонијата Вардариште, се „трагикомични и провидни“ и служат само за предизборни поени.„Вистината е јасна – проблемот со Вардариште може да се реши веднаш, доколку постои политичка волја. Владата на ДПМНЕ има целосна можност да одземе ингеренции и преку надлежните институции да интервенира. Министерството за внатрешни работи може да ги санкционира сторителите што палат, а инспекциските и управните органи имаат механизми за конечно решавање,“ се наведува во реакцијата.Од Левица прашуваат зошто градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите четири години не презеле ништо за решавање на проблемот и зошто ветувањата дадени пред изборите останале само на хартија.„Загадениот воздух што го дишат жителите на Аеродром и пошироко не смее да биде предмет на политички игри и маркетиншки трикови. Граѓаните не заслужуваат нови празни ветувања, туку итна и конкретна акција,“ порачуваат од Левица.

Скопје | пред 5 месеци

aerodrom-zagaduvanje

Од денеска натаму, најавени се секојдневни протести во Аеродром

Секој ден од 18 часот ќе се одржува народен собир во Аеродром, пред мостот „Киро Глигоров“, а поради депонијата „Вардариште“ која гори измиантите денови. Граѓаните сметаат дека се врши екоцид со години и бараат да се стави крај на таквото делување.[caption id="attachment_347309" align="alignnone" width="696"] Screenshot[/caption]

Коментари | пред 5 месеци

aerodrom-zagaduvanje-1

Иницијатива за флаер – дете со маска, симбол на протестот против загадувањето од Вардариште!

Сериозното загадување од депонијата Вардариште повторно го крена Скопје на нозе, а граѓаните на Аеродром почнаа да се самоорганизираат со повици за блокади и протести. Новото во нивните активности е што за прв пат направија и флаер за да ја зголемат видливоста на акцијата.На флаерот, кој е граѓанска иницијатива, е прикажано дете со гас-маска – порака колку е опасен воздухот и колку сериозно го доживуваат проблемот. Под слоганот „Стоп за екоцидот во нашиот крај! Бараме итно делување!“ се најавуваат секојдневни протести од 18 до 19 часот, на булевар АСНОМ и булевар Србија, пред мостот „Киро Глигоров“.Граѓаните кои го изработија постерот велат дека не им е целта да преземат нечие организаторство, туку да помогнат што повеќе луѓе да дознаат и да излезат на улица. „Ситуацијата нè засега сите нас и мора да се делува“, појасни еден од нив во објава на Фејсбук група, додавајќи дека планираат флаерот да го испечатат и да го залепат по влезови.Протестите се реакција на честото палење на депонијата Вардариште, за кое жителите тврдат дека предизвикува енормно загадување што го чувствува целиот град, а најмногу населбите во близина.

Скопје | пред 5 месеци

deponija-vardariste

(Видео) Вардариште трети ден чади и труе – жителите на Аеродром и Гази Баба излегуваат на протест

Депонијата „Вардариште“, која викендов беше зафатена од голем пожар, и денеска продолжува да чади. И утрово граѓаните се гушеа во отровните испарувања од старата депонија, за што сведочат фотографии и снимки направени од жител на Аеродром, кој вели дека ваквата состојба трае веќе три дена. За денеска е најавен и протест.„На 03.09.2025 во 18 часот, на раскрсницата на булевар АСНОМ со булевар Србија! Дојдете да покажеме колку сме!“, напиша еден жител, во граѓанска група на „Фејсбук“.Иако повеќе децении граѓаните апелираат за изнаоѓање трајно решение за „Вардариште“, депонијата и натаму претставува извор на загадување. Последниот пожар ја стави под лупа на инспекцијата и полицијата, но и во фокусот на актуелните и кандидатите за градоначалници, кои вчера го посетија просторот со нова низа ветувања.Жителите на Ново Лисиче и Аеродром најавуваат дека секојдневно ќе излегуваат на улица со протести, сè додека не се најде итно и трајно решение за депонијата, која со години е симбол на негрижа и политички манипулации.

Скопје | пред 5 месеци

aerodrom-zagaduvanje

(Видео) Повик за протест против „екоцидот“ - Вардариште го труе цел град!

Граѓаните од Аеродром повикуваат на протест поради неподносливата миризба и загадувањето од депонијата Вардариште, која со години го труе половина град. Тие бараат итно решавање на проблемот, предупредувајќи дека во локацијата има над 2 милиони кубни метри отпад што претставува сериозен ризик за здравјето и животната средина.-ЕКОЦИДОТ или силната миризба која ја чувствуваме изминативе неколку дена е неподнослива и со сигурност неизмерно штети на нашето здравје. Нашите деца ја школската година ја започнаа во најлоши можни околности. Нашa граѓанска должност е да побараме СЕГА и ВЕДНАШ разрешување на овој проблем. Како граѓани се прашуваме: Кои институции ги плаќаме со наши пари да го решат овој проблем? СЕГА и ВЕДНАШ, не по изборите, ниту по наредниот тендер.Веруваме дека овој проблем може и мора да биде решен само и мирно со бојкот на раскрсницата помеѓу булеварите АСНОМ и Србија, пред мостот Киро Глигоров, се наведува во повикот за протестот.Жителите на нагласуваат дека осум години негрижа и молк од Град Скопје ја довеле депонијата до колапс, а тие и нивните деца секојдневно го чувствуваат загадениот воздух.

Скопје | пред 5 месеци

vardariste

Ветувања за паркови, реалноста – чад и смрдеа од Вардариште

Со години наназад, на сите локални избори, без разлика на политичката партија или кандидатот, проблемот со дивата депонија „Вардариште“ беше дел од кампањите со ветувања дека конечно ќе се реши. Дури и беа најавувани големи проекти – на местото на депонијата да се изградат зелени паркови и рекреативни зони.Хронологија: кој што ветуваше (и кога)2014 – Град Скопје (раководството на Коце Трајановски): се најавува „нова намена“ на Вардариште – запечатување, ремедијациски технологии, собирање гас и постројка за енергија; во буџетот се издвојуваат 2 милиони денари. Истовремено е изготвена и физибилити-студија за санација на поранешната градска депонија.2018–2021 – предизборни циклуси и нереализирани планови: медиумски прилози потсетуваат дека студијата од 2014 останала на хартија и дека Вардариште често се појавува во предизборна реторика како „ќе биде средено/оплеменето“. Во октомври 2021 се објавува текст со наслов дека Вардариште се користи како „предизборен трик“ – студијата одамна постои, а реализацијата изостанува.Јули 2021 – Петре Шилегов (тогашен градоначалник на Скопје): јавно вели дека Градот нема средства за целосна санација според студијата; најавува само „примарна заштита“ додека се бара модел за финансирање. (Констатација за недостиг од пари, а не ветување со нови рокови).2021 (кампања) – Данела Арсовска и Тимчо Муцунски: во Аеродром се најавува голем парк од ~100.000 м² на локација каде „ќе се реализира проектот мега парк“; паралелно се ветува итно чистење на дивите депонии и справување со загадувањето во овој појас.Јануари 2023 – Бобан Стефковски (градоначалник на Гази Баба): конкретно ветување – „спортски и рекреативен центар на Вардариште“.Јануари 2024 – Данела Арсовска (градоначалничка на Скопје): Град Скопје објавува дека „за првпат по 60 години“ започнува целосно чистење и санација на Вардариште; најавен е и концепт „мега-парк и спортски комплекс“.Но, утринската слика во општина Аеродром покажува сосема поинаква реалност. Жителите повторно се гушат од густ чад и непријатна миризба што се шири од деловите на „Вардариште“ кои и натаму тлеат. Наместо паркова и зеленило, жителите добиваат загаден воздух и секојдневна загриженост за сопственото здравје.Проблемот со депонијата не е нов – тој трае со децении, а институциите постојано го префрлаат одговорноста една на друга. Иако јавноста очекуваше дека барем по толку изборни циклуси ќе се најде трајно решение, денес единствената вистина е дека чадот од „Вардариште“ сè уште го загадува поширокото подрачје на главниот град.Граѓаните на Аеродром сè погласно бараат одговори – дали некој навистина ќе го реши овој проблем, или и наредните избори повторно ќе донесат само нова тура на празни ветувања. 

Скопје | пред 5 месеци

454422058_10231524387028170_6737108438182049538_n-1

(Видео) Вардариште гори, цел Аеродром труе

Од попладневно гори депонијата Вардарише, а жителите на Лисиче и Аеродорм дишат канцероген воздух. Тие живеат иста приказна со години. Гневни се бидејќи воздухот е загаден, мириса на изгорено, а притоа е и штетен за здравјето.„15 години секој ден палат на исто место, палат кабли за бакар а цел Аеродром се труе, 15 години истите палат, нема поканцерогено од запалена пластика од каблии“, се вели во еден од коментарите на социјалните мрежи.Според последните информации, тројца пожарникари го гаснат пожарот со едно возило. На терен има и полциија.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања