„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

хамас

media-libraryvbeiv6jv3o2seOiV3dF

Хамас призна: десетици борци заглавени во тунели – бара притисок врз Израел

Палестинското движење Хамас првпат јавно призна дека дел од неговите борци се заробени во подземната тунелска мрежа во Појасот Газа. Во изјава до медиумите, организацијата побара од земјите-посредници да извршат притисок врз Израел за да им овозможи на заробените борци безбедно да ги напуштат тунелите.Барањето доаѓа откако израелската војска минатата недела соопшти дека убила повеќе од 20 припадници на Хамас кои се обиделе да избегаат од „подземната терористичка инфраструктура“, а привела уште осум.„Го сметаме Израел целосно одговорен за животите на нашите борци и ги повикуваме посредниците веднаш да дејствуваат за да обезбедат нашите синови да се вратат дома“, се наведува во соопштението на Хамас.Израелските медиуми со недели објавуваат дека помеѓу 100 и 200 борци на Хамас се заробени во тунелите под градот Рафах, во делот од Појасот Газа што е под израелска воена контрола.Според договорот за прекин на огнот што стапи во сила на 10 октомври, постигнат со посредство на САД, израелската армија треба да се повлече зад т.н. „жолта линија“, која го означува подрачјето под израелска контрола.Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф во ноември, на конференција во Мајами, неформално спомна „200 борци заробени во Рафах“, алудирајќи дека нивната судбина може да биде „тест“ за тоа како двете страни го спроведуваат примирјето.Но Израел засега ја исклучува можноста за каква било форма на безбеден премин за борците на Хамас. Портпарол на израелската влада за АФП изјави дека премиерот Бенјамин Нетанјаху „нема да дозволи безбеден коридор за 200 терористи на Хамас“, повторувајќи дека целта на Израел останува „демонтирање на воените капацитети на Хамас и демилитаризација на Појасот Газа“.

Свет | пред 1 месец

Screenshot-2025-01-16-at-15.23.13

Хамас бара привремен имунитет за 200 свои борци во Рафа – можни тајни преговори со Израел

Палестинското движење Хамас побарало привремен имунитет за околу 200 свои припадници кои се наоѓаат во подземните тунели во Рафа, за да им се овозможи преместување во рамките на таканаречената „Жолта линија“ – зона во која се повлекле израелските одбранбени сили (IDF). Веста ја објави израелскиот Jerusalem Post, повикувајќи се на информации на Al Jazeera, која пренесува дека меѓу двете страни се водат директни разговори.Овој потег, според израелски извори, укажува дека IDF е свесен за присуството на борци на Хамас во тунелите на одредени делови од Појасот Газа, што претставува кршење на постојниот договор за прекин на огнот. Според Army Radio, дел од борците во последните недели нападнале израелски војници и отвориле оган кон нивните позиции. Израелските власти засега не ги коментираат информациите, ниту од Кабинетот на премиерот ниту од Министерството за одбрана.Според Al Jazeera, посредници во преговорите разгледуваат можност дел од борците на Хамас да бидат пренесени надвор од Жолтата линија со возила на Меѓународниот Црвен крст, но планот сè уште чека израелско одобрување.Минатиот месец, IDF размислувал за повторен влез во неколку области од кои претходно се повлекол, токму поради тоа што Хамас го прекршувал прекинот на огнот.Истовремено, во неделата израелската војска потврдила дека елиминирала палестински борец кој ја преминал Жолтата линија и им се заканувал на војниците на тоа подрачје. Воздушните сили на Израел го нападнале и убиле напаѓачот по краток престрел.Воените власти најавија дека се поставуваат физички ознаки долж Жолтата линија, воспоставена како дел од мировниот договор постигнат со посредство на Соединетите Американски Држави, со цел јасно да се дефинираат границите и да се спречи понатамошно нарушување на прекинот на огнот.

Свет | пред 2 месеци

media-librarygegbpg7vphqq04K9qqZ

Ако не ги вратат телата на убиените заложници, Израел ќе дозволи ограничена хуманитарна помош

Хамас во вторникот врати уште четири тела на израелски заложници како дел од мировниот договор постигнат минатата недела, откако Израел се закани дека ќе ја преполови хуманитарната помош за Газа поради наводно прекршување на договорот од страна на милитантната група, јави Ројтерс.Израелската армија соопшти дека добила четири ковчези преку Меѓународниот Црвен крст на договорен пункт во северна Газа. Ковчезите, во придружба на војската, биле пренесени преку границата и се испратени на форензичка идентификација.Портпаролот на Хамас, Хазем Касем, на Фејсбук напиша дека „моментално се надгледува спроведувањето на договорот за предавање на телата, како дел од мировниот план за прекин на војната во Газа“.Израелските власти соопштија дека поради непочитување на договорот од страна на Хамас, почнувајќи од денеска ќе дозволат само половина од претходно договорените хуманитарни камиони да влезат во Газа. Исто така, е одложено отворањето на јужниот премин кон Египет, кој требаше да овозможи евакуација на ранетите.

Свет | пред 2 месеци

media-librarysmn3cqcilvd52A4WLNo

(Видео) Во живо се пренесува ослободувањето на заложниците

По воспоставувањето на примирје во Газа, Хамас денеска ги ослободува израелските заложници кои ги држи во заробеништво повеќе од две години.Хамас треба да ослободи 48 заложници, од кои 20 се смета дека се живи, а рокот за тоа е до пладне. Израел, за возврат, ќе ослободи 250 палестински затвореници и повеќе од 1.700 лица уапсени во Газа.Големи собири и славје се очекуваат на Плоштадот на заложниците во Тел Авив, каде граѓаните со нетрпение го очекуваат нивното враќање.Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „војната е завршена“ додека патува кон Блискиот Исток. Трамп ќе се обрати пред израелскиот парламент, а потоа ќе отпатува во египетското летувалиште Шарм ел-Шеик, каде ќе претседава со мировниот самит на кој ќе учествуваат најмалку 20 светски лидери.

Свет | пред 2 месеци

media-librarylkca3m8elihqd4IZLug

Ова се првите седум ослободени заложници на Хамас, се спроведува мировниот план за Газа

Хамас ги ослободи првите седум израелски заложници како дел од мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп, објави израелското Министерство за надворешни работи на платформата Икс. Станува збор за заложници киднапирани за време на нападот на 7 октомври 2023 година, кои повеќе од две години биле држени во заробеништво.„Чекавме 738 дена за да го кажеме ова: добредојдовте дома, Алон, Еитан, Гај, Зив, Гали, Омри и Матан!“, се вели во соопштението на Министерството, објавено заедно со фотографии од ослободените мажи.Според израелските власти, сите тие биле киднапирани во 2023 година за време на нападот на Хамас врз јужен Израел, кога милитантите убиле околу 1.200 луѓе и однеле повеќе од 250 заложници во Појасот Газа. Меѓу ослободените се Алон Охел, Еитан Мор, Гај Гилбоа-Далал, Зив и Гали Берман, Омри Миран и Матан Ангрест.Заложниците, според израелските власти, биле држени во сурови и нехумани услови, без соодветна медицинска нега и под постојан надзор од страна на милитантите на Хамас.

Свет | пред 2 месеци

Screenshot-2025-01-16-at-15.23.13

Израелскиот министер за одбрана нареди уништување на тунелите на Хамас во Газа

Израелскиот министер за одбрана изјави дека наредил уништување на тунелската мрежа на Хамас во Појасот Газа. Израел Кац рече дека, откако ќе се реализира враќањето на заложниците, „голем предизвик“ ќе биде разурнувањето на сите терористички тунели што, како што оцени, сѐ уште постојат и претставуваат закана по безбедноста.Кац најави дека операцијата ќе ја спроведат израелските одбранбени сили, но во рамките на меѓународен механизам кој треба да се формира под водство и надзор на Соединетите Американски Држави. Според него, тоа е клучен чекор за имплементација на договореното начело за демилитаризација на Газа и за неутрализирање на вооружените капацитети на Хамас.Министерот нагласи дека дал наредба на ИДФ да се подготват за спроведување на мисијата и дека целта е да се отстранат инфраструктурните елементи што би можеле повторно да го загрозат мирот и безбедноста на цивилното население. Тој додаде дека постапките ќе се усогласат со меѓународните партнери и ќе се спроведуваат под надзорот на договорените механизми.Неговото обраќање доаѓа во период кога меѓународната заедница работи на стабилизација на ситуацијата во Газа по договорот за примирје и размена на заложници, а деталите за конкретните чекори и терминот за реализација сè уште се предмет на дополнителни договори меѓу посредниците и вклучените страни.

Свет | пред 2 месеци

media-library0717c2blum7jcMdOpag

Израел ја услови размената – затворениците ќе бидат пуштени по потврда за премин на заложниците преку граница

Израелската влада потврди дека ќе ослободи дел од палестинските затвореници во замена за израелските заложници, но само откако ќе добие потврда дека сите заложници безбедно ја преминале границата и се на израелска територија.Според договорот, околу 250 осудени Палестинци и 1.700 лица притворени по нападите од 7 октомври 2023 година треба да бидат ослободени и вратени во Газа.Портпаролката на израелската влада, Шош Бедросијан, изјави дека ослободувањето ќе се спроведе само кога ќе биде потврдена безбедната размена.„Она што сега можеме да го кажеме е дека палестинските затвореници ќе бидат пуштени кога Израел ќе добие потврда дека сите наши заложници ја преминале границата со Израел. Очекуваме дека во тој момент затворениците веќе ќе бидат во автобуси и, веднаш штом стигне потврдата, тие автобуси ќе почнат да се движат“, изјави Бедросијан.Оваа размена е дел од широкиот договор за примирје, постигнат со посредство на САД, Египет и Катар, со цел да се стави крај на двегодишниот конфликт во Газа и да се овозможи враќање на израелските таоци кои беа киднапирани од Хамас.

Свет | пред 2 месеци

media-library6hq6g0u2tdci3lBrWue

(Видео) Хамас објави видео : Палестинци со врзани очи водени кон ослободување

Хамас објави видео во кое се тврди дека израелските сили малтретираат палестински затвореници непосредно пред нивното ослободување во рамки на договорот за размена.Снимката, објавена од Канцеларијата за медиуми на палестинските затвореници, покажува група палестински затвореници со врзани раце и поврзани очи, присилно водени во колона со наведнати глави, додека ги опкружуваат израелски војници и полицајци. Според Хамас, видеото „документира болна сцена на брутално малтретирање од страна на израелските власти“.Претседателот на Клубот на палестински затвореници, Амџад ал-Наджар, изјави дека снимката покажува затвореници кои служат доживотни казни и се префрлаат во затворот Неѓев за подготовка за испраќање во Газа како дел од договорот за размена.Според договорот, вкупно треба да бидат ослободени 2.000 палестински затвореници, вклучувајќи 250 со доживотни казни и 1.700 притвореници од Газа од почетокот на конфликтот во октомври 2023 година, во замена за 48 израелски заложници. Израелското министерство за правда објави список со 250 затвореници со доживотни казни предвидени за размена, но Канцеларијата за медиуми на палестинските затвореници не потврди конечен договор за списокот.Првата фаза од договорот за прекин на огнот во Газа започна во петок на пладне, со постепено повлекување на израелските сили до „жолтата линија“ и почеток на 72-часовен рок за размена. Втората фаза предвидува формирање нов механизам за управување во Газа без Хамас, создавање заеднички безбедносни сили на Палестинците и војски од арапските и исламските земји, како и разоружување на Хамас.Тел Авив проценува дека во Газа се држат 48 Израелци, од кои 20 се живи, додека во израелските затвори се задржани повеќе од 11.100 Палестинци.

Свет | пред 2 месеци

media-library5u0338blvt9gcfrhfw3

Министерот Кац: По враќањето на заложниците следува операција против тунелите на Хамас

Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, изјави дека Израелската армија ќе ги уништи сите тунели на Хамас во Појасот Газа откако ќе се заврши процесот на ослободување на заложниците што се наоѓаат на таа палестинска територија.На третиот ден од примирјето меѓу Израел и Хамас, Кац нагласи дека тие операции ќе се спроведуваат во рамките на „меѓународен механизам под надзор на САД“.Големиот предизвик за Израел по фазата на враќање на заложниците ќе биде уништувањето на сите терористички тунели на Хамас во Газа, рече Кац и додаде дека ја задолжил армијата да се подготви за таа мисија.Хамас располага со мрежа тунели под Појасот Газа, кои особено ги користи неговото вооружено крило. Израел тврди дека многу од тие тунели биле уништени во текот на повеќе од двегодишниот конфликт, кој започна по нападот на исламиското движење врз Израел на 7 октомври 2023 година.

Свет | пред 2 месеци

Screenshot-2025-01-16-at-15.23.13

Хамас: Нема да учествуваме на потпишувањето на мировниот договор во Египет

Палестинското движење Хамас соопшти дека нема да учествува на официјалното потпишување на мировниот договор во Египет, чија цел е да се стави крај на војната во Појасот Газа.„Хамас нема да учествува во процесот на потпишување. Присутни ќе бидат само посредниците, заедно со американски и израелски претставници,“ изјавија извори од организацијата.Покрај САД и Египет, и Катар помогна во посредувањето меѓу завојуваните страни. Израел и Хамас досега не одржале директни преговори за запирање на конфликтот.Американскиот претседател Доналд Трамп планира да отпатува во Египет во недела, каде што треба да присуствува на официјалното потпишување на мировниот договор меѓу Израел и Хамас.Според соопштението на египетското претседателство, во понеделник во летувалиштето Шарм ел Шеик ќе се одржи Самит за мир, на кој ќе учествуваат државници од повеќе од 20 земји, со цел ставање крај на војната во Газа.Самитот следува по постигнувањето на прекин на огнот и договорот за ослободување на израелските заложници, што беше дел од американскиот мировен план кој го иницираше администрацијата на Трамп.Американскиот и египетскиот претседател, Доналд Трамп и Абдел Фатах ел-Сиси, ќе копретседаваат со состанокот. Според египетските власти, целта е воспоставување на траен мир и стабилност на Блискиот Исток.Сè уште не се објавени сите имиња на учесниците, но своето присуство веќе го потврдиле францускиот претседател Емануел Макрон, генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, британскиот премиер Кир Стармер и претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта.Покана добил и германскиот канцелар Фридрих Мерц, а според медиумските извештаи, се очекува да присуствуваат и турскиот претседател, како и премиерите на Шпанија и Пакистан, заедно со кралот на Бахреин.

Свет | пред 2 месеци

media-librarykge6nctrkrol0ddwZvD

По 67.000 жртви, Газа конечно здивна – но мирот е сè уште неизвесен

Илјадници Палестинци денес пеш, со автомобили и колички се движат по крајбрежјето на Појасот Газа кон своите уништени домови на север, по започнувањето на примирјето меѓу Израел и палестинското движење Хамас. Израелските сили се повлекоа од поголем дел од урбаните области, во рамки на првата фаза од договорот постигнат со посредство на САД, со кој се очекува прекин на војната што трае речиси две години и која однесе десетици илјади животи.„Ова е чувство што не може да се опише, слава му на Бога“, изјави Набила Басал додека пешачеше со својата ќерка која била повредена во нападите. „Среќни сме што војната заврши, а страдањето конечно престана.“Договорот предвидува Хамас во рок од 72 часа да ги ослободи сите израелски заложници, живи и починати. Според израелските медиуми, семејствата на заложниците со нетрпение очекуваат вести од своите најблиски.„Чекаме да се врати нашиот син и сите заложници“, изјави Хагаи Ангрест, татко на еден од 20-те Израелци за кои се верува дека сè уште се живи.По ослободувањето на заложниците, Израел ќе пушти 250 Палестинци осудени на долги затворски казни и дополнителни 1.700 лица кои беа притворени за време на конфликтот. Во Газа секојдневно влегуваат стотици камиони со храна, лекови и хуманитарна помош, што претставува најголема испорака од почетокот на војната.Американскиот претседател Доналд Трамп оцени дека примирјето е голем чекор напред и изрази уверување дека двете страни ќе го почитуваат договорот.„Сите се уморни од борбите. Постојат разлики, но има консензус за основните точки“, изјави Трамп во Белата куќа.Тој најави дека во понеделник ќе пристигне во Израел, каде ќе се обрати во парламентот – Кнесетот. Со тоа, Трамп ќе стане првиот американски претседател кој ќе говори во израелскиот парламент по Џорџ Буш во 2008 година. Потоа ќе го посети и Египет, каде што ќе се одржат состаноци со блискоисточни лидери за постконфликтната обнова на Газа.Според американски дипломатски извори, ова е прва конкретна фаза од „планот за мир во 20 точки“ што администрацијата на Трамп го претстави како рамка за долгорочно решение на израелско-палестинскиот конфликт. Планот предвидува разоружување на Хамас, создавање на меѓународни безбедносни сили и воспоставување нови управувачки структури во Газа. Иако примирјето носи надеж, експертите предупредуваат дека вистинскиот тест ќе биде неговото одржување и воспоставување на траен мир по години на насилство и уништување.

Свет | пред 2 месеци

media-library46mcmkesmhfkd8uPGph

(Видео) Примирје во Газа: Израел се повлекува, Палестинците се враќаат дома

Илјадници раселени Палестинци се упатија кон своите напуштени домови откако во петокот стапи на сила прекинот на огнот во Газа.Хамас не е Хамас од пред две години. Тие се поразени на секое место каде што сме се бореле против нив, изјави бригадниот воен портпарол Ефи Дефрин на брифинг со новинарите.Тој ги повика палестинските жители на Газа да избегнуваат влегување во областите под контрола на израелските одбранбени сили (ИДФ).Ги повикувам жителите на Газа да не навлегуваат во зоните под израелска контрола. Почитувајте го договорот и гарантирајте ја сопствената безбедност,“ нагласи Дефрин.По постигнувањето на прекинот на огнот со посредство на САД, израелските сили започнаа делумно повлекување од делови на Газа.Иако прекинот на огнот донесе олеснување за многумина, предизвиците остануваат. Не е јасно кој ќе управува со Газа во следниот период, ниту дали Хамас ќе прифати целосна демилитаризација.Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дека ако условите не бидат исполнети „на мирен начин“, Израел е подготвен повторно да се врати во војна.

Свет | пред 3 месеци

media-library0717c2blum7jcMdOpag

Израелската армија: „Хамас веќе не е истата организација – поразен е на сите фронтови“

Портпаролот на израелската војска, бригадниот генерал Ефи Дефрин, денеска изјави дека Хамас повеќе не претставува воена закана каква што беше пред две години, кога започна вооружениот конфликт во Појасот Газа.„Хамас не е истиот Хамас од пред две години. Тие се поразени на секое место каде што се соочивме со нив“, рече Дефрин на брифингот со новинарите, нагласувајќи дека израелските сили „постигнале стратешка предност“ во сите делови на енклавата.Тој упати апел до палестинските цивили во Газа да се држат подалеку од областите кои сè уште се под контрола на израелските одбранбени сили (IDF).„Ги повикувам жителите на Газа да не влегуваат во зоните под контрола на IDF. Почитувајте го договорот и обезбедете ја сопствената безбедност“, порача Дефрин.Изјавата доаѓа во момент кога илјадници расеелени Палестинци се враќаат во своите домови, откако во петокот стапи на сила прекинот на огнот постигнат со посредство на САД. Израелските сили започнаа делумно повлекување од повеќе делови на Појасот Газа, а ситуацијата на теренот се смирува по две години интензивни борби.

Свет | пред 3 месеци

netanjahu

Одложен почетокот на примирјето во Газа, Нетанјаху бара владина ратификација

Иако светските медиуми пренесоа дека во појасот Газа стапил на сила прекин на огнот, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека договорот ќе почне да се применува дури вечерва, по неговата ратификација од израелската влада.Вистинската примена на договорот започнува кога владата ќе го одобри, а седницата е закажана за 18 часот по локално време, соопшти Нетанјаху.Да потсетиме, доцна синоќа беше објавено дека Израел и Хамас постигнале договор за првата фаза од планот за прекин на војната во Газа, предложен од американскиот претседател Доналд Трамп.Според првичните најави, двете страни требаше во 12 часот по локално време во Шарм ел Шеик и официјално да го потпишат договорот, по што веднаш би започнал прекинот на огнот.Сепак, „ладен туш“ следеше само неколку часа подоцна, кога Нетанјаху соопшти дека спроведувањето на примирјето се одложува сè додека не биде официјално потврдено од израелската влада.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryq6bfbsi9e9p0fT71wbM

(Видео) Израелски тенкови пукаа кон Палестинци на плажа во Газа

Неполни неколку часа по објавата на договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, над Појасот Газа повторно се слушнаа експлозии. Според снимки објавени од Reuters, израелски тенкови отворија оган со гранати кон крајбрежниот пат во близина на градот Деир ал-Балах, додека по тој дел од плажата се движеле десетици палестински цивили.На видеото јасно се гледаат детонации и облаци густ чад, предизвикани од тенковската палба, во непосредна близина на луѓето кои пешачеле по песокливиот терен. Засега нема потврдени информации за евентуални жртви или повредени лица.Инцидентот се случува во момент кога меѓународната заедница го поздравуваше постигнатиот договор за примирје како прв чекор кон прекин на двегодишниот конфликт.

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања