„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

хамас

gaza44

Историски договор меѓу Хамас и Израел, ќе почне спроведува првата фаза од мировниот план на Трамп

Израел и Хамас имаат договор за спроведување на првата фаза од мировниот план на Трамп за прекин на вбојната во Газа.Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави на социјалните мрежи дека е договорена првата фаза од мировниот план за Газа.„Многу сум горд што објавувам дека Израел и Хамас ја потпишаа првата фаза од нашиот мировен план“, рече Трамп. „Ова значи дека СИТЕ заложници наскоро ќе бидат ослободени, а Израел ќе ги повлече своите трупи на договорената линија како прв чекор кон силен, траен и вечен мир. Сите страни ќе бидат третирани праведно! Ова е ПРЕКРАСЕН ден за арапскиот и муслиманскиот свет, Израел, сите околни земји и Соединетите Американски Држави, и им се заблагодаруваме на медијаторите од Катар, Египет и Турција кои работеа со нас за да се случи овој историски и без преседан настан. БЛАГОСЛОВЕНИ ДА БИДАТ МИРОТВОРИТЕ!“Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху подоцна изјави дека договорот е „голем ден за Израел“.Рече дека ќе ја свика владата во четврток за да го одобри договорот и да ги врати дома, како што рече, „сите наши сакани заложници“.Хамас потврди дека се согласил со предложениот мировен договор со Израел, велејќи дека го сторил тоа „со цел да се стави крај на војната на истребување на палестинскиот народ и да се повлече окупацијата од Појасот Газа“.Во соопштението за медиумите, тие им се заблагодарија на медијаторите од Катар, Египет и Турција и на американскиот претседател Доналд Трамп за нивните напори.Тие ги повикаа Трамп и другите земји да обезбедат Израел да ги исполни своите обврски според договорот: „Окупациската влада треба да биде принудена целосно да ги спроведе барањата од договорот и да не ѝ биде дозволено да го избегнува или одложува спроведувањето на она што е договорено“.

Свет | пред 3 месеци

gaza1

Израел и Хамас блиску до договор за прекин на огнот

Прекин на огнот меѓу Израел и Хамас би можел да биде прогласен уште вечерва, доколку двете страни постигнат договор, изјави денес турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан.Доколку денес се постигне консензус, примирјето ќе биде воспоставено преку посредување. Страните покажаа силна волја за ослободување на затворениците и заложниците“, изјави Фидан, пренесува The Times of Israel.Тој додаде дека преговорите во египетското одморалиште Шарм ел Шеик се фокусирани на четири приоритети: ослободување на израелски и палестински заробеници, повлекување на израелските одбранбени сили, обезбедување хуманитарна помош и условите за евентуален прекин на огнот.Фидан предупреди дека секогаш постои можност израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да се обиде да го саботира процесот, додека, како што рече, пристапот на Хамас во преговорите бил „рационален“.Во меѓувреме, висок претставник на Хамас, Тахер Ал-Нуну, потврди дека израелските и палестинските преговарачи веќе размениле списоци со затвореници и заложници кои би можеле да бидат ослободени доколку дојде до договор.

Свет | пред 3 месеци

gaza2

Исламските држави го поздравија мировниот план на Трамп: „Ова е вистинска шанса за мир во Газа“

Високи дипломати од неколку исламски држави го поздравија мировниот предлог на американскиот претседател Доналд Трамп за Појасот Газа, нарекувајќи го „вистинска можност“ за постигнување трајно примирје во овој густо населен регион.Министрите за надворешни работи на Египет, Јордан, Обединетите Арапски Емирати, Индонезија, Пакистан, Турција, Саудиска Арабија и Катар во заедничка изјава го оценија позитивно одговорот на палестинското движење Хамас на планот на Трамп за решавање на кризата во Газа.Дипломатите го поздравија и повикот на Трамп до Израел веднаш да го прекине бомбардирањето на Газа и да започне реализација на размената на израелските заложници, кои се држат во Газа, за палестински затвореници во Израел.„Овој развој на настаните претставува вистинска можност за воспоставување сеопфатно и одржливо примирје, како и за решавање на критичната хуманитарна состојба со која се соочува населението во Појасот Газа“, се наведува во заедничката изјава.Министрите повикаа и на итно започнување на преговори со цел да се усогласат механизмите за спроведување и реализација на мировниот план.Хамас во петокот најави дека ќе прифати делови од планот на Трамп, но сè уште нема став за барањето за разоружување. По ова, Трамп го повика Израел веднаш да го прекине бомбардирањето на Газа за да се овозможи ослободување на заложниците.Денеска во Египет се очекува одржување непосредни преговори меѓу израелски и палестински претставници, на кои ќе се разговара за деталите околу размената на заробеници и заложници.Како посредници во процесот дејствуваат Египет, Катар и САД, кои последниве месеци интензивно работат на дипломатски решенија за конфликтот што трае речиси две години.

Свет | пред 3 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-20.07.31

Хамас му кажа условно ‘да’ на Трамп: Жителите на Газа во шок

Жителите на Газа реагираа со шок и неверување по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој го поздрави, како што рече, „позитивниот одговор“ на Хамас на неговиот мировен план за Појасот Газа.На социјалните мрежи, многу Палестинци прашуваа: „Дали војната е навистина завршена?“ и „Ова е сон или реалност?“.Хамас, во официјално соопштение подготвено со помош на посредници, понуди условно „да“ – прифаќајќи ги американските предлози за размена на израелски заложници и идејата управувањето со Газа да се довери на палестински технократи, но избегна да даде јасен став за останатите точки од дваесетточковниот план.Во саботата, Трамп на својата платформа Truth Social објави дека Израел се согласил на „почетна линија на повлекување“ и дека прекинот на огнот ќе стапи во сила веднаш штом Хамас го потврди договорот.„По преговорите, Израел се согласи на почетна линија на повлекување која ја споделивме со Хамас. Штом потврдата пристигне, ќе започне прекин на огнот, размена на затвореници и подготовка за следната фаза на повлекување“, изјави Трамп, додавајќи дека тоа би значело приближување кон „крајот на оваа 3000-годишна катастрофа“.Според картата објавена од него, таа почетна линија ја прикажува приближната израелска контрола врз територијата пред големата офанзива на градот Газа минатиот месец, кога израелската војска држеше околу 70% од Појасот – меѓу нив јужните градови Рафах и Кан Јунис, како и делови од северот со тампон-зона кон границата.„Советувам трпение. Не треба да се занесуваме со оптимизам – ѓаволот секогаш е во деталите,“ изјави за BBC Ибрахим Фарес, еден од жителите на Газа.Други, пак, се поскептични. Палестинскиот активист Халил Абу Шамала оцени дека ова е потег на очај:„Ќе го наречат мудрост, но тоа е обид Хамас да ја задржи власта. Дури се сомневам дека самите ја напишале изјавата – беше премногу внимателно формулирана.“Иако дел од јавноста верува дека ова може да биде историска можност за конечно запирање на конфликтот, повеќето жители на Газа велат дека ќе веруваат дури кога зборовите на хартија ќе станат мир на теренот.

Свет | пред 3 месеци

Screenshot-2025-01-16-at-15.23.13

Израел ја намалува офанзивата во Газа, Хамас подготвен да ослободи заложници

Израелските власти и наложија на армијата да ги намали офанзивните активности во Газа, откако беше соопштено дека земјата се подготвува за „итна имплементација“ на првата фаза од планот на американскиот претседател Доналд Трамп за иднината на палестинската енклава, јавуваат израелските медиуми.Оваа одлука следува по реакцијата на Хамас, кој објави дека е подготвен да ги ослободи сите израелски заложници, како што е предвидено во планот. Сепак, организацијата најави дека ќе бара дополнителни преговори за деталите на ослободувањето, како и за клучните прашања поврзани со управувањето со Појасот Газа и можноста за разоружување на милитантната група.Трамп претходно постави рок до недела вечерта за Хамас да постигне договор, нарекувајќи го тоа „последна шанса“ за оваа палестинска организација.

Свет | пред 3 месеци

Screenshot-2025-01-21-at-14.36.37

Трамп постави краен рок: „За Хамас ќе почне пекол каков што немало досега“

Американскиот претседател Доналд Трамп даде краен рок на Хамас да го прифати американскиот план за прекин на огнот во Газа, предупредувајќи дека ако тоа не го стори, против групата ќе следи „пекол каков што никој не видел“. На социјалната мрежа Truth Social Трамп напиша дека договорот треба да биде постигнат најдоцна до недела во 18:00 по време на Вашингтон.Планот од 20 точки, кој Трамп претстави заедно со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, предвидува меѓу другото итен прекин на борбите, ослободување на таоците и почеток на процес за управување и обнова на Газa. Во рамките на предложеното примирје се бара ослободување на 20 живи израелски државјани во рок од 72 часа, како и враќање на посмртните останки на оние за кои се верува дека се починати, во замена за ослободување на стотици притворени Палестинци.Нетанјаху истапи покрај Трамп и изјави дека Израел ги прифаќа принципите на предлогот, додека Хамас сѐ уште нема далокраен одговор. Според извештаите, некои политички претставници на Хамас во Катар се отворени за преговори и можни прилагодувања на планот, но нивното влијание е ограничено бидејќи тие не контролираат целосно таоците. Од друга страна, военото крило на Хамас, како што јавуваат посредници, најверојатно ќе го одбие планот, оценувајќи дека тој би значел нивно слабеење или уништување.Клучните пречки во планот се токму барањата за брзо и целосно предавање на таоците, што би ги лишило наоружаните структури од нивната главна заложба во преговорите. Според достапните проценки, Хамас сѐ уште држи околу 48 таоци на територијата на Газа, од кои само околу 20 се сметаат за живи.Медијаторите, земји од арапскиот свет и Турција — интензивно притискаат врвот на Хамас да прифати или да ја прилагоди рамката, но засега нема конечна одлука. Трамп јавно предупреди дека, ако договорот не биде прифатен, САД и Израел ќе ја продолжат операцијата против Хамас „на полесен или потежок начин“, порачајќи дека целта е завршување на заканата што групата ја претставува.Конфликтот во Газа почна по нападот на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври 2023 година; во низа жестоки израелски операции од тогаш загинаа десетици илјади луѓе и има голема хуманитарна криза во појасот. Апсолутната судбина на предлогот од 20 точки сега зависи од внатрешните одлуки во Хамас и од интензитетот на дипломатскиот притисок од посредниците.

Свет | пред 3 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-20.07.31

Трамп даде рок: Хамас има три, четири дена да одговори на планот за Газа

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Хамас има рок од „три или четири дена“ да одговори на неговиот план за Пojaсот Газа, кој повикува на разоружување на палестинското исламистичко движење, предупредувајќи дека Хамас ризикува „пекол“ ако не го прифати.По речиси две години војна, Белата куќа во понеделник објави предлог од 20 точки со цел конечен крај на конфликтот што избувна по крвавата офанзива на Хамас против Израел на 7 октомври 2023 година, по што во израелската инвазија на палестинските територии загинаа десетици илјади луѓе, а Пojaсот Газа беше претворен во урнатини.Ќе му дадеме на Хамас околу три или четири дена. Ќе видиме. Сите арапски земји се согласуваат, сите муслимански земји се согласуваат, Израел се согласува. Само чекаме Хамас. А Хамас или ќе го прифати, или нема. Ако не го прифати, тоа ќе заврши многу тажно, рече Трамп во краток разговор со новинарите во Белата куќа.Американскиот план, кој го поддржуваат многу земји, бара прекин на огнот, ослободување на заложниците што ги држи Хамас во рок од 72 часа, разоружување на исламистичкото движење кое владее со Газа од 2007 година, постепено повлекување на израелската армија, распоредување на меѓународни сили и воспоставување привремена власт.Истиот ден, на состанок со американските генерали во близина на Вашингтон, Трамп повторно го предупреди Хамас за „пекол“.Ни недостасува еден потпис, а тие ќе платат со пекол ако не го потпишат. Се надевам дека ќе потпишат за своето добро и ќе направат нешто навистина големо, рече Трамп.Претседателот на САД, кој редовно се фали дека решил различни конфликти низ светот (еднаш истакнал дека помогнал за крај на долгогодишната војна меѓу Албанија и Азербејџан), изјави дека би било навреда за САД ако не добие Нобелова награда за мир.Ќе ја дадат наградата на човек кој ништо не направил. Тоа би било голема навреда за нашата земја, додаде Трамп.

Свет | пред 3 месеци

Screenshot-2025-01-16-at-15.23.07

Германскиот министер: Планот на Трамп за Газа е единствена шанса што не смее да се пропушти

Германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул, изјави дека планот на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на огнот во Појасот Газа претставува единствена можност за завршување на војната и дека не смее да се остави неискористена.„Американскиот план за Газа нуди единствена можност за крај на овој ужасен воен судир. Тој им дава надеж на стотици илјади луѓе во Газа кои страдаат од бруталниот конфликт и незамисливите хуманитарни тешкотии. Конечно, носи надеж и за Израелците и за Палестинците дека оваа војна наскоро би можела да заврши“, изјави Вадефул.„Хамас мора да ја искористи шансата“Според него, шансата не смее да се пропушти:„Хамас мора да ја искористи оваа прилика“, нагласи Вадефул, повикувајќи ги сите што имаат влијание врз движењето да преземат конкретни чекори.Тој изрази благодарност до претседателот Трамп, до арапските држави во регионот и до другите муслимански земји кои ги поддржуваат мировните напори.Германскиот министер додаде дека Берлин е подготвен да даде конкретна поддршка на планот, оценувајќи дека тој би можел да го отвори патот за поширок процес на помирување на Блискиот Исток. Вадефул најави дека за време на викендот ќе ја посети регијата во таа насока.

Свет | пред 3 месеци

gaza-glad

Министерство на Хамас: Речиси 200 луѓе умреле од глад во Газа само во август

Министерството за здравство на Газа, кое е под контрола на Хамас, денес соопшти дека 185 лица, вклучувајќи 12 деца, починале од глад во август, што е најголем месечен број од почетокот на војната во палестинската енклава пред речиси две години.Министерството соопшти дека 70-те смртни случаи се регистрирани откако системот за следење на гладот ​​на ОН, Интегрирана класификација на фази на безбедност на храната (IPC), официјално ја прогласи Газа за зона на глад минатиот месец.Катастрофална ситуацијаЗдравствените власти изјавија дека повеќе од 43.000 деца под петгодишна возраст страдаат од неухранетост, заедно со 55.000 бремени жени и доилки. Тие додадоа дека 67 проценти од бремените жени сега се анемични, што е најалармантната стапка документирана во последниве години.Министерството предупреди на катастрофални последици ако итни залихи со храна и лекови не се достават веднаш, наведувајќи брза ескалација на смртните случаи поврзани со глад.Во нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година загинаа 1.200 Израелци, додека Израел уби повеќе од 60.000 Палестинци во нападите врз Газа од тогаш. Воената кампања на Израел ја опустоши енклавата, која се соочува со глад.фото: YouTube/Print Screen

Свет | пред 4 месеци

zaloznici-izrael-gaza-hamas

Хамас: Израелските заложници ќе ја делат судбината на нашите борци во офанзивата на Газа

Палестинското движење Хамас во петок предупреди дека израелските заложници ќе бидат изложени на исти ризици како и неговите борци доколку израелската армија ја започне најавената офанзива врз градот Газа.„Ќе се грижиме за затворениците (заложниците) колку што можеме, но тие ќе бидат со нашите борци во зоните на борба и конфликти, изложени на истите ризици и истите животни услови,“ стои во соопштението на Хамас.Гласноговорникот на вооруженото крило на организацијата, познат под прекарот Абу Обеида, додаде дека за секој убиен заробеник во израелските напади ќе биде објавено неговото име, фотографија и доказ за смртта.Владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху ѝ нареди на армијата да се подготви за голема офанзива врз градот Газа со цел уништување на Хамас и враќање во Израел на сите заробени кои и натаму се држат во Појасот Газа.Портпаролот на израелската војска во петок изјави дека се изведуваат „подготвителни операции“ во предградијата на Газа, нагласувајќи дека Израел е подготвен за почеток на нападот чија цел е целосно заземање на градот.„Војската делува многу интензивно во предградијата на Газа,“ изјави портпаролот Авихај Адраи.Израел планира целосно да го преземе градот и претходно најави преселување на речиси еден милион луѓе од северниот дел на Појасот Газа кон југ.

Свет | пред 4 месеци

Screenshot-2025-06-16-at-11.35.28

Израел ја укина хуманитарната пауза, Газа прогласена за „опасна борбена зона“

Израелските власти денеска соопштија дека војската пронашла тела на двајца заложници, меѓу кои и еден убиен за време на нападот на 7 октомври 2023 година, со кој започна војната. Според соопштението од кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху, телата на Илан Вајс и уште еден, засега неименуван заложник, биле донесени од Газа.Од вкупно 251 лице кои беа киднапирани од страна на милитантите предводени од Хамас пред речиси 22 месеци, околу 50 и понатаму се во Газа, а израелските власти проценуваат дека дваесетина од нив се сè уште живи.Истовремено, израелската војска ги укина дневните паузи во борбите што досега овозможуваа испорака на хуманитарна помош во градот Газа. Во новото соопштение, Газа е прогласена за „опасна борбена зона“.Т.н. „тактички паузи“ се однесуваа на градовите Газа, Деир ал Балах и Муваси, каде се засолнаа стотици илјади веќе раселени лица. Израел ги воведе овие прекини на огнот додека ја подготвуваше офанзивата врз градот Газа, за која беа мобилизирани десетици илјади воени резервисти.

Свет | пред 4 месеци

5be29414-e515-4ec9-acfb-ed0536a6e474

(Видео) Исповед на поранешна заложничка на Хамас: „Ги молев да не ме убијат“

Додека Израелците протестираат низ целата земја барајќи ослободување на преостанатите заложници од Газа, Дорон Штајнбрехер (32) ја раскажа својата голготa од 471 ден поминат во заробеништво на Хамас. Во интервју за Reuters таа истакна дека се надева сите заложници наскоро ќе се вратат дома.„Ги молев да не ме убијат,“ се присети таа, опишувајќи како секој миг минувал во страв за животот. „Сега е најважно да се вратат сите дома. Секоја секунда се во опасност – нема храна, нема вода, санитарните услови се катастрофални,“ додаде Штајнбрехер.Таа била држена во подземни тунели, без светлина и свеж воздух, каде не можела да разликува ден од ноќ. „Во еден од тунелите едвај можев да стојам исправено,“ опиша. Била подложена на постојан психолошки притисок – милитантите ја предупредувале дека ќе биде егзекутирана доколку се приближи израелската армија. Било забрането да покажува емоции, ретко ѝ било дозволено миење, а секој ден морала да моли за малку храна.И покрај тешкотиите, развила блиска врска со другите млади жени што биле со неа во заробеништво. „Во тунелите нè држеше само меѓусебната поддршка,“ раскажа таа.Штајнбрехер беше киднапирана на 7 октомври 2023 година, кога Хамас изведе напад врз Израел – ден кој остана најсмртоносен од Евреите од Холокаустот па наваму. Во нападот беа убиени 1200 луѓе, а 251 лице беше одведено во Газа.Таа во тоа утро се подготвувала за трчање во близина на својот кибуц Кфар Аза. Кога започнало ракетирањето, се скрила под кревет. „Влегoа вооружени луѓе и пукаа кон креветот – еден куршум замина само неколку сантиметри од мојата глава,“ раскажа. Откако еден од милитантите го кренал душекот, ја откриле и ја одвеле.Штајнбрехер беше ослободена во јануари годинава во рамки на договор меѓу Израел и Хамас. „Имав привилегија да се вратам дома. И тие што останаа ја заслужуваат истата шанса,“ изјави таа, мислејќи на преостанатите 50 заложници, од кои дваесетина се сè уште живи според израелските процени.Во меѓувреме, притисокот врз израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху расте. Додека демонстрантите секоја недела блокираат улици во Тел Авив и други градови, барајќи договор за ослободување на заложниците и прекин на војната, дел од крајно десните министри му се закануваат со уривање на владата ако конфликтот заврши без целосна победа.Израелската офанзива во Газа досега однесе над 62.000 животи, според здравствените власти во Газа, а во регионот владеат глад и хуманитарна катастрофа. Но, за Дорон Штајнбрехер пораката е јасна: „Сѐ што ми останува е да се молам сите да се вратат живи. Секој од нив заслужува повторно да биде дома.“

Свет | пред 4 месеци

Screenshot-2025-01-16-at-15.23.13

Хамас прифатил предлог за 60-дневно примирје и пуштање на заложници?

Хамас ја прифати последната понуда за примирје од 60 дена, со размена на заложници, изјавил денеска египетски извор познат до Ројтерс.Повисок функционер од организацијата, Басем Наим, објави на Фејсбук дека „Движењето ја дало својата согласност за предлогот што го претставиле посредниците“.Согласно договорот, ќе се прекинат воените операции на Израел во траење од 60 дена, а Германија и Катар помогнаа да се формулира рамка за целосен мировен договор по ова примирје.Иако Хамас го прифати предлогот, официјален одговор од Израел сè уште нема. Премиерот Нетанјаху само потврди дека „гледа информации во медиумите“, кои сугерираат дека Хамас се наоѓа под голем притисок

Свет | пред 4 месеци

zaloznici-izrael

Израел подготвува голема операција за заземање на градот Газа – можно двегодишно герилско војување

Израелската армија се подготвува за масовна копнена офанзива против борците на Хамас во градот Газа – административното, политичко и економско срце на појасот Газа. Премиерот Бенјамин Нетанјаху одреди симболичен датум за почеток на операцијата – 7 октомври, втората годишнина од најкрвавиот терористички напад врз Израел, кога беа убиени 1.100 луѓе, најмногу цивили, и почетокот на војната во која загинаа околу 60.000 Палестинци.Според податоците, израелската армија веќе контролира околу 75% од територијата на Газа. Првичните планови за целосна окупација на целиот појас се заменети со стратегија за заземање само на градот, што се смета за еден од последните и најсилни бастиони на Хамас. Урбаната густина, бројните бегалски кампови и комплексната инфраструктура го прават овој потег логистички исклучително тежок.Нетанјаху најави евакуација на околу 800.000 жители пред влезот на војската, но планот наиде на критики и од опозицијата и од дел од екстремно десничарските партнери во коалицијата. Министерот за финансии Безалел Смотрич оцени дека операцијата е „ризична и без јасна цел за трајна победа“.Поранешниот армиски офицер Гриша Јакубович изјави дека ќе бидат потребни 3–5 месеци за евакуација на цивилите и влез во градот, каде што се очекуваат жестоки борби на улиците и во тунелите.„Никој не сака да преземе одговорност за два милиона луѓе – тоа значи обврска за храна, лекови и медицински услуги“, рече тој, додавајќи дека „во герилски војни никој досега не успеал целосно да го елиминира непријателот“.Хамас реагираше со понуда за „сеопфатен договор“ – ослободување на сите израелски заробеници во замена за прекин на војната и повлекување на израелските сили. Израел одговори дека повлекување од Газа не е опција, а политиката на масовна размена на затвореници за еден војник повеќе не доаѓа предвид по нападот од 7 октомври 2023.Израелските медиуми јавуваат дека Нетанјахуовиот кабинет и официјално донел политичка одлука за окупација на градот Газа. Војската најави „продлабочување на оперативните планови“ со цел ослободување на таоците и уривање на власта на Хамас.

Свет | пред 5 месеци

izrael

Германија стопира дел од извозот на оружје за Израел, Нетанјаху е лут: „Го наградувате Хамас“

По одлуката на израелската влада за нова офанзива во Појасот Газа, германскиот канцелар Фридрих Мерц објави дека Германија повеќе нема да испорачува воена опрема „која би можела да се користи во Газа“. Одлуката следи откако Берлин оцени дека Израел се подготвува за „уште поостро воено дејствување“ во регионот, со што презема уште поголема одговорност за снабдување на цивилното население.„Израел мора трајно да ја подобри хуманитарната состојба во Газа и да обезбеди целосен пристап на помошта за ОН и невладините организации“, изјави Мерц, додавајќи и повик до Тел Авив „да не презема чекори кон анексија на Западниот Брег“.Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху остро реагираше, обвинувајќи ја Германија дека со ембаргото „го наградила тероризмот на Хамас“.„Германија го наградува тероризмот со забрана за оружје“, стои во соопштението од неговиот кабинет.Според податоците на германската влада, во периодот од 7 октомври 2023 до 13 мај 2025, во Израел биле испорачани различни видови воена опрема – од огнено оружје, муниција и специјални оклопни возила, до електронска опрема и делови за морнарица. Дел од таа опрема, како противтенковско оружје и муниција, може да се користи и во Газа, но подморниците и системите за одбрана од Иран не се опфатени со забраната.

Свет | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања