Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

ХЕЗБОЛАХ

romanija

Хезболах изврши серија напади врз израелски сили на југот од Либан

Хезболах истрела салва ракети кон група возила на Израелските одбранбени сили паркирани во близина на градското собрание во Ал Кусаир, во округот Марџајун, објави либанската државна новинска агенција.Според агенцијата, групата извела и ракетен напад врз зграда во која се наоѓало „тајно командно место за оклопни возила“, сместено во близина на резервоар во местото Завтар ал Шаркија.Во нападите бил употребен и јуришен дрон „Абабил“, кој, според тврдењата на Хезболах, погодил тенк „Меркава“ распореден во близина на градското езеро.На крајот, „механизам Нумеира во местото Кантара бил погоден со јуришни дронови „Абабил“, при што е потврден директен погодок“, објавила либанската агенција.

Свет | пред 1 ден

media-libraryhkrekgtrqai51VYa866

Израел тврди дека ликвидирал висок командант на Хамас во Газа

Израел соопшти дека во воздушен напад во Појасот Газа е убиен Мохамед Одех, новоименуван командант на бригадите „Ал Касам“, вооруженото крило на Хамас.Во заедничко соопштение, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Израел Кац навеле дека нападот бил извршен по нивна наредба.Според израелските власти, Одех бил еден од организаторите на нападот врз Израел на 7 октомври 2023 година и во тој период бил шеф на разузнавачката служба на Хамас.Израелскиот јавен сервис Кан, повикувајќи се на неименуван израелски функционер, објави дека Одех бил ликвидиран, додека телевизијата Канал 12, цитирајќи безбедносни извори, оцени дека операцијата била „успешно спроведена“.Во соопштението се наведува и дека Одех бил одговорен за „убиства, киднапирања и ранувања на бројни израелски цивили и војници“.Нетанјаху и Кац порачаа дека израелската армија и безбедносната служба Шин Бет ќе продолжат со операциите против сите одговорни за нападот од 7 октомври.„Израел порано или подоцна ќе ги стигне сите извршители“, се наведува во пораката на израелските власти.

Свет | пред 2 дена

departmentofstate

САД нудат 10 милиони долари за информации за финансиските мрежи на Хезболах

Американскиот Стејт департмент објави дека нуди награда до 10 милиони долари за информации кои би помогнале во откривање на финансиските мрежи на Хезболах.Во објава на социјалната мрежа „Икс“, од Стејт департментот ги повикаа сите лица кои имаат сознанија за „финансиските мрежи, лидерите или оперативците“ на оваа милитантна организација да ги споделат преку безбедни канали за дојавување.Повикот доаѓа по серијата нови американски санкции против лица и субјекти поврзани со Хезболах, меѓу кои има и членови на либанскиот парламент.Од Хезболах реагираа дека санкциите претставуваат „обид за заплашување на слободниот либански народ“ и порачаа дека тие „нема да имаат никаков практичен ефект врз нивните стратешки одлуки“.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryapn3sue4kmql3YvYIoX

Лидерот на Хезболах: Нема да прифатиме разоружување

Главниот секретар на Хезболах, Наим Касем, изјави дека евентуален договор меѓу САД и Иран претставува најдобра можност за запирање на израелската „агресија“ врз Либан.Во порака упатена до припадниците на Хезболах, Касем категорично отфрлил каков било договор со Израел што би вклучувал разоружување на организацијата.„Никој надвор од Либан нема право да одлучува за оружјето, отпорот или внатрешните прашања на Либан“, порача тој.Касем наведе дека Хезболах е подготвен да соработува со либанската влада за исполнување на неколку цели, меѓу кои прекин на израелските операции, повлекување на израелската армија, ослободување либански затвореници, враќање на цивилите во јужен Либан и обнова на разрушените области.Тој додаде дека Хезболах го поддржува распоредувањето на либанската армија јужно од реката Литани.Истовремено предупреди дека, доколку продолжат судирите, Либан ќе стане „пекол“ за Израел.„Ќе одговориме на агресијата и прекршувањата и нема да се вратиме на состојбата од пред 2 март“, изјави Касем.

Свет | пред 2 седмици

media-library7id92ol3sgio7lFFYT3

Израелски војник е убиен на границата со Либан, примирјето е на работ на пропаѓање

И покрај договорот за прекин на огнот, судирите на границата меѓу Израел и Либан продолжуваат, а нов напад дополнително го стави кревкото примирје под сериозен притисок.Израелската армија соопшти дека во напад со дрон на Хезболах загинал 47-годишниот резервист Александар Глованјов.Според израелските власти, во нападот загинал и еден цивилен соработник на израелската армија.Глованјов е осумнаесеттиот израелски војник што го загубил животот во јужен Либан или во близина на границата од почетокот на конфликтот со Хезболах.Инцидентот повторно ги зголеми стравувањата дека примирјето меѓу двете страни може целосно да пропадне.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryapn3sue4kmql3YvYIoX

Нови израелски напади врз Либан и покрај примирјето, има загинати и повредени

Две лица загинаа, а уште пет се повредени во утринскиот израелски воздушен напад врз градот Аба во јужен Либан, јави либанската државна новинска агенција ННА.Според извештаите, Израел во текот на денот извршил серија напади во повеќе делови од земјата.ННА наведува дека израелски воени авиони ги гаѓале градовите Јахмар ал Шакиф и Кфар Тебнит, додека под артилериски оган биле местата Јахмар Арнун, Набатие ал Фавка и Мајфадун.И покрај договорот за прекин на огнот постигнат со посредство на САД, Израел и Хезболах продолжуваат со меѓусебни напади и меѓусебни обвинувања за прекршување на примирјето.Израел се соочува со обвинувања дека повеќепати го прекршил договорот, при што, според извештаите, загинале цивили, а продолжило и уривањето куќи.Израелската армија, пак, тврди дека напаѓа исклучиво позиции на Хезболах.Од друга страна, либанската милитантна група Хезболах соопшти дека нејзини борци нападнале израелска воена позиција во селото Тајбех, во близина на границата, и дека наводно ги принудиле израелските сили да се повлечат.

Свет | пред 2 седмици

media-librarydg96ppeguj1255FZ4Ib

(Видео) Хезболах објави снимка од напад со дрон врз израелски тенк

Либанското движење Хезболах објави видеоснимка од напад со дрон врз израелски тенк, на која се гледа како припадник на израелската војска се обидува да побегне од возилото непосредно пред директниот удар.Според соопштението на Хезболах, нападот се случил во близина на градот Алма ал-Шааб, на југот на Либан. Снимката била објавена еден ден по инцидентот, во период кога и покрај договореното примирје на 16 април, судирите во регионот продолжуваат.Движењето тврди дека израелските сили најчесто го прекршуваат примирјето, продолжувајќи со бомбардирања и копнени операции на југот на Либан. Во последните напади бил погоден и Бејрут, каде што биле уништени и цели станбени згради, според истите извештаи.

Свет | пред 2 седмици

napad-liban

Дете и болничар меѓу жртвите во нападите на југот на Либан

Во израелски воздушни напади врз јужниот дел на Либан во изминатите 24 часа загинале најмалку 12 лица, додека десетици се повредени, соопшти либанското Министерство за здравство. Според официјалните податоци, меѓу жртвите има едно дете и болничар.Министерството навело дека во нападите врз села низ јужниот дел на државата биле повредени најмалку 37 лица, меѓу кои и колега на загинатиот болничар во местото Мајдал Селем.Нападите продолжуваат и покрај официјално прогласеното примирје, а размената на оган меѓу Израел и Хезболах и натаму трае.Третата рунда преговори меѓу Израел и Либан треба да се одржи следниот четврток и петок во Вашингтон, потврдиле извори од американскиот Стејт департмент и израелски претставници.

Свет | пред 3 седмици

netanjahu

Израел по нападот во Бејрут: „Ниту еден терорист нема имунитет“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја коментираше ликвидацијата на висок командант на Хезболах во Бејрут, оценувајќи дека целта на нападот погрешно верувала дека е безбедна во либанската престолнина.Израелските одбранбени сили претходно соопштија дека во напад врз јужниот дел на Бејрут бил убиен командант на елитната единица „Радван“, во прв ваков напад врз главниот град на Либан по речиси еден месец.„Синоќа во срцето на Бејрут го елиминиравме командантот на единицата Радван. Тој го предводеше планот за напад врз северот“, изјави Нетанјаху во видео-порака.Тој додаде дека командантот, според израелските проценки, продолжил да координира напади врз израелските сили и населби од засолниште во Бејрут, верувајќи дека таму нема да биде цел на израелски операции.Нетанјаху истакна дека во изминатиот месец Израел ликвидирал повеќе од 200 припадници на Хезболах за кои тврди дека учествувале во активности против израелски граѓани и војници.Израелскиот премиер нагласи дека истата стратегија се применува и во Газа, со продолжување на операциите против, како што рече, „терористички ќелии“.Хезболах засега официјално не се огласи за нападот и тврдењата на израелската страна.

Свет | пред 3 седмици

napad-liban

Израел тврди дека од примирјето убил 220 борци на Хезболах

Израелската армија соопшти дека од примирјето, договорено во средината на април со посредство на Вашингтон, убила 220 припадници на Хезболах.Во соопштението на портпаролот на израелската војска, Авичај Адрае, се наведува дека само во текот на изминатата седмица биле ликвидирани 85 борци на Хезболах, а погодени повеќе од 180 воени објекти поврзани со групата.Од друга страна, либанското Министерство за здравство тврди дека од 2 март досега во израелските напади загинале повеќе од 2.700 луѓе. Меѓу жртвите има и десетици лица убиени по почетокот на примирјето.И покрај договорот за прекин на огнот, тензиите и вооружените судири меѓу Израел и Хезболах продолжуваат, а двете страни меѓусебно се обвинуваат за прекршување на договорените услови.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryo1d2c154dp434d5eiLf

Смртоносни напади во Либан: десетици жртви, меѓу кои и висок командант на Хезболах

Израел во средата навечер изведе воздушен напад врз јужните предградија на Бејрут, прв во речиси еден месец, при што, според извор близок до Хезболах, е убиен високопозициониран командант на групата.Во меѓувреме, во одделни воздушни напади во јужен и источен Либан, според податоци на Министерството за здравство, загинале најмалку 11 лица, додека Израел продолжува со воени операции и покрај примирјето што стапи на сила на 17 април.Ист извор наведува дека во напад во областа Саксакејех, меѓу Сидон и Тир, загинале четири лица, а 33 се ранети, меѓу кои и шест деца.Во одделен инцидент, четворица израелски војници се ранети во јужен Либан, а еден од нив потешко, по напад со експлозивен дрон, соопшти израелската армија.Во Бејрут е убиен Малек Балут, командант на операциите на елитната единица „Ал Радван“, потврди извор близок до Хезболах. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана потврдија дека нападот бил насочен кон „неутрализација“ на командантот, без да го наведат неговото име.Нападот се случил во населбата Гобеири во јужното предградие на либанската престолнина, каде што, според извештаи, бил погоден стан во кој се одржувал состанок на припадници на елитната единица.Хезболах возвратил со напади врз израелски сили во неколку погранични области, тврдејќи дека дејствува како одговор на кршење на примирјето.Во меѓувреме, израелски воен претставник изјави дека армијата ќе ја искористи секоја можност за дополнително ослабување на Хезболах.Според податоци на либанските власти, од почетокот на конфликтот во март се убиени речиси 2.700 лица, а над 8.200 се ранети, додека околу еден милион жители се раселени.Светската здравствена организација исто така предупреди на сериозни последици по здравствениот систем, со над 150 напади врз медицински установи, десетици затворени болници и значителни оштетувања на здравствената инфраструктура.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryapn3sue4kmql3YvYIoX

Хезболах со ракети ја напаѓа израелската војска на југот на Либан

Хезболах испалил „неколку ракети“ кон израелски војници кои дејствуваат во јужен Либан, соопшти израелската армија. Според Израелските одбранбени сили, проектилите паднале во близина на воените единици, но во нападот немало повредени.Инцидентот следи по израелски воздушен удар врз Бејрут, прв ваков напад по постигнатиот договор за прекин на огнот со Хезболах на 16 април.Израелската армија соопшти и дека во текот на претходниот ден извршила напади врз повеќе од 15 позиции на Хезболах во Либан, при што биле погодени магацини за оружје, лансирни точки и други објекти што ги користи оваа група.

Свет | пред 3 седмици

media-library79fpk2vphpuh1yJHObt

Израел: Немаме територијални амбиции во Либан

Министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар, изјави дека неговата земја нема територијални амбиции на територијата на Либан, нагласувајќи дека активностите на израелската армија во јужниот дел на земјата се насочени исклучиво кон заштита на сопствените граѓани.Изјавата беше дадена на заедничка прес-конференција со српскиот министер за надворешни работи, при што Саар истакна дека присуството на израелските сили во пограничните подрачја има единствена цел — спречување на закани и обезбедување безбедност на северната граница на Израел.Во меѓувреме, израелската војска продолжува со операции во јужен Либан против Хезболах, која има поддршка од Иран, и покрај постојниот договор за прекин на огнот.Израелските власти нагласуваат дека активностите се одбранбени по карактер и дека целта не е проширување на територијата, туку спречување на понатамошни напади и стабилизирање на безбедносната состојба долж границата.Ситуацијата во регионот останува напната, со континуирани меѓусебни обвинувања и зголемено воено присуство од двете страни на границата, што дополнително ја комплицира примената на постојните договори за примирје.

Свет | пред 1 месец

media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Нетанјаху: На Хезболах му останале околу 10% од ракетниот арсенал

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху порача дека има „слобода на дејствување“ против Хезболах, наведувајќи дека разоружувањето е клучно за преговорите со Бејрут.Тој се обрати пред високото командување на израелската армија, истакнувајќи го правото на Израел да напаѓа цели на Хезболах низ Либан, и порача дека воениот притисок ќе помогне во напредокот на дипломатските преговори со Бејрут.Говорејќи на конференција на високото воено командување, Нетанјаху ги издвои „големите успеси“ против Хезболах, вклучувајќи ја „елиминацијата“ на нивниот ракетен арсенал, како и неодамнешното повторно воспоставување на „безбедносна зона“ на југот на Либан.„Таа зона ја спречува можноста за инвазија на северот на Израел, а сега и директен противтенковски оган, додека истовремено ни овозможува да ја промениме ситуацијата во Либан“, наведе тој.Тој ја нагласи израелската „слобода на дејствување за спречување непосредни и нови закани“, што, како што рече, е „дел од договорот постигнат со САД и либанската влада“. Според условите на тековното примирје, кое беше продолжено минатата недела, Израел го задржува правото да одговори на закани од Хезболах, група поддржана од Иран.Нетанјаху рече дека во однос на почетокот на борбите минатиот месец, на Хезболах му останале околу 10% од ракетниот арсенал, но предупреди дека сè уште постојат „две клучни закани“ – ракети калибар 122 милиметри и беспилотни летала.„Ако Израел успее да ги неутрализира тие закани со комбинација на оперативни и технолошки средства... во суштина сме на пат кон разоружување на Хезболах, бидејќи тоа им е главното оружје“, рече Нетанјаху.Тој додаде дека таквиот развој би можел да помогне во преговорите што ги посредуваат САД, порачувајќи им на офицерите дека очекува да ги „решат тие два проблема“.„Верувам дека на дипломатски план ќе можеме да ги решиме работите ако го решиме ова“, нагласи тој.

Свет | пред 1 месец

media-libraryo1d2c154dp434d5eiLf

Хезболах најавува поинтензивни операции

Тензиите меѓу Израелски одбранбени сили и Хезболах повторно ескалираат, откако двете страни меѓусебно се обвинија за прекршување на примирјето и најавија засилени активности на теренот.Од Хезболах порачаа дека повеќе нема да прифаќаат, како што наведуваат, еднострано примирје, нагласувајќи дека тие не биле дел од договорот кој беше постигнат меѓу Израел и либанските власти. Според нив, одредбите кои му дозволуваат на Израел и превентивни воени дејствија претставуваат неприфатлива практика.Во последните два до три дена, според достапните информации, Хезболах го засилил темпото на своите операции, проширувајќи ги целите не само кон израелските сили во јужен Либан, туку и кон подрачја во северен Израел.Паралелно, организацијата објави и видео порака упатена до жителите на северниот дел од Израел, во која предупредува дека безбедносната состојба е нарушена и дека тие не се целосно заштитени.Од израелска страна, пак, се повикуваат на условите од примирјето кои, според нивното толкување, дозволуваат одговор и превентивно дејствување при секоја закана, што дополнително ја продлабочува кризата и ја доведува во прашање одржливоста на договорот.

Свет | пред 1 месец

mvWk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTVRRN01EQV8vMGI3YWEzNTlkMTY3NzgxZDEyODgwOTcxOGZiZjQwNDUuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

Израелската војска тврди дека убила шест припадници на Хезболах

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека во напад во Бинт Џбеил, во јужниот дел на Либан, се убиени шест припадници на Хезболах.Во соопштението се наведува дека по идентификација на борци на Хезболах, дошло до размена на оган меѓу милитантите и израелските војници, при што биле „елиминирани“ двајца припадници на групата.„Потоа војниците го погодија објектот од кој дејствуваа терористите. Во нападот беа елиминирани преостанатите четворица терористи. Нема повредени припадници на ИДФ“, се додава.Да потсетиме, американскиот претседател Доналд Трамп вчера соопшти дека примирјето меѓу Израел и Хезболах во Либан ќе биде продолжено за три недели.Сепак, денеска беше нагласено дека примирјето има и ограничувања, бидејќи Израел, како што се наведува, може да изведува напади во јужниот дел на Либан доколку процени дека постои закана.

Свет | пред 1 месец

netanjahu

Нетанјаху: Хезболах се обидува да го саботира мирот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во видео обраќање за конфликтот на Блискиот Исток изјави дека е во тек процес за постигнување „историски мир меѓу Израел и Либан“, но додаде дека, според него, Хезболах се обидува да го саботира.Тој потсети дека Израелските одбранбени сили и Хезболах меѓусебно се обвинуваат за прекршување на примирјето.Нетанјаху нагласи дека Израел задржува „целосна слобода на дејствување“ против секоја закана и потврди дека израелските сили извршиле напади и вчера и денес. Тој додаде дека Израел го менува „лицето на Блискиот Исток“ и дека целосно соработува со Соединетите Американски Држави.Израелскиот премиер го пофали американскиот претседател Доналд Трамп за, како што рече, „многу силниот притисок врз Иран, и економски и воен“.

Свет | пред 1 месец

media-libraryo1d2c154dp434d5eiLf

Хезболах: примирјето со Израел е „бесмислено“, тие продолжуваат да напаѓаат

Либанската вооружена група Хезболах соопшти дека примирјето со Израел, во кое посредуваа САД, е „бесмислено“, еден ден по неговото продолжување за уште три недели, обвинувајќи го Израел за продолжени напади на југот на Либан.Во изјава на претставникот на Хезболах, Али Фајад, се наведува дека прекинот на огнот нема реална вредност поради, како што тврди, континуираните непријателски дејствија, меѓу кои се атентати, гранатирања и уништување на населени места во јужните делови на земјата. Тој додаде дека групата го задржува правото на одговор на секоја агресија.Примирјето беше продолжено од страна на САД по разговори со претставници на Израел и Либан, при што првичниот договор требаше да истече во следните денови. Иако договорот доведе до намалување на интензитетот на судирите, на југот на Либан и понатаму се регистрира размена на оган.Според изјавите, Хезболах смета дека секое дејствување на израелските сили врз либанска територија претставува основа за пропорционален одговор, што дополнително ја одржува високата напнатост во регионот.

Свет | пред 1 месец

liban

Израел и Хезболах се обвинуваат за кршење на примирјето

Израелските одбранбени сили и Хезболах меѓусебно се обвинија за кршење на примирјето по серија инциденти долж границата меѓу Израел и Либан.Израелската армија соопшти дека пресретнала повеќе проектили истрелани од либанска територија, по што се огласиле сирени во северниот дел на Израел. Во исто време, Хезболах потврди дека го гаѓал тоа подрачје со ракети.Во објава на социјалните мрежи, израелската војска наведе дека ликвидирала три лица, кои ги идентификува како припадници на Хезболах, тврдејќи дека тие се обиделе да лансираат проектил кон летало на израелското воено воздухопловство. Дополнително, според истите извори, во два одделни инцидента биле истрелани ракети кон израелски војници во јужен Либан, што од Тел Авив го оценуваат како директно прекршување на договорот за прекин на огнот.Од друга страна, Хезболах соопшти дека нападите биле одговор на, како што наведува, претходни израелски прекршувања на примирјето. Во меѓувреме, либанските медиуми јавија дека израелски сили извршиле напади врз градот Тир во јужен Либан.

Свет | пред 1 месец

media-library8kpa0ur8tb8h2lACHVo

(Видео) Израелската војска објави снимка: „Ова е таен тунел на Хезболах“

Израелската војска (ИДФ) соопшти дека открила тунели кои, како што тврдат, се наоѓаат 25 метри под продавница за облека во градот Кхиам на југот на Либан.Израелската војска во соопштението наведува дека станува збор за подземен команден центар на Хезболах.Во тунелот, според наводите на израелската војска, војниците пронашле оружје и неколку простории кои, како што тврдат, Хезболах ги користел „за управување со борбени операции“.Инаку, од 2 март израелските сили спровеле офанзива во Либан во која, според официјалните податоци, загинале околу 2.300 луѓе, повредени се повеќе од 7.500, а над еден милион лица се раселени.Десетдневно примирје во Либан најави американскиот претседател Доналд Трамп на 17 април.Денес започнува вториот круг преговори меѓу Израел и Либан во САД, во кој Либан планира да побара едномесечно продолжување на прекинот на огнот кој истекува во недела.

Свет | пред 1 месец

media-library79fpk2vphpuh1yJHObt

Хезболах тврди дека собори израелски дрон и нападна собир на војници во јужен Либан

Хезболах соопшти дека соборил израелски дрон во местото Мајдал Зун во јужен Либан. Според изјавата на групата, истовремено биле извршени и напади врз собир на израелски војници во градот Тајбе, исто така во јужниот дел на Либан.Групата не изнесе дополнителни детали за начинот на соборување на дронот, ниту за последиците од наводниот напад врз воените позиции. Израелските власти засега не потврдиле вакви настани.

Свет | пред 1 месец

media-library79fpk2vphpuh1yJHObt

Израел и Либан денеска во Вашингтон во нова рунда преговори

Израелски и либански претставници денеска треба да одржат нова рунда дипломатски преговори во Вашингтон, во обид да се зацврсти кревкото примирје меѓу двете страни.Преговорите се одвиваат во рамки на американско посредство, при што фокусот е на одржување на стабилноста во регионот и намалување на тензиите меѓу Израел и вооружената група Хезболах, која е поддржана од Иран.Актуелното десетдневно примирје во Либан останува на сила по одлука на американскиот претседател Доналд Трамп од 16 април, а според договорената рамка, страните треба да продолжат со разговори со цел постигнување подолгорочен мировен аранжман.

Свет | пред 1 месец

liban

Израел ликвидира две лица во Либан и покрај прекинот на огнот

Израелската војска соопшти дека во јужен Либан ликвидирала две лица кои, според нивните наводи, го прекршиле договорот за прекин на огнот и претставувале директна закана за безбедноста на израелските сили.Во објавено соопштение, армијата наведува дека лицата биле забележани во областа Салукија, откако ја преминале линијата на раздвојување меѓу територијата под контрола на израелските сили и остатокот од Либан, приближувајќи се кон воени позиции.Според истите информации, по нивна идентификација, бил преземен брз одговор, при што израелските воздухопловни сили извршиле напад со цел, како што се наведува, „елиминирање на заканата“.Десетдневниот прекин на огнот меѓу Израел и Либан стапи во сила минатиот петок, но и покрај тоа тензиите на теренот продолжуваат. Израелската војска во меѓувреме спроведува активности на уривање објекти во пограничниот појас, додека Хезболах соопшти дека возвратил со ракетни напади кон северен Израел, обвинувајќи за прекршување на примирјето.

Свет | пред 1 месец

media-librarygutech5lf6iicgoIt6C

Израелскиот министер за одбрана се закани: „Шефот на Хезболах ќе плати со живот“

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац упати остри закани кон раководството на Хезболах, наведувајќи дека неговиот врховен лидер „ќе плати со својот живот“, во контекст на тековните тензии на границата со Либан и кревкото примирје.Говорејќи на државната комеморација на гробиштата на планината Херцел во Ерусалим, Кац истакна дека Израел ќе продолжи со воените операции во Либан доколку тоа биде неопходно, со цел, како што рече, да се обезбеди безбедноста на северната граница и жителите на пограничните населби.Тој нагласи дека Хезболах одлучил да дејствува против Израел во служба на, како што ги нарече, иранските интереси, и дека поради тоа ќе сноси тешки последици. Во својата изјава додаде дека секој што ќе крене рака врз Израел ќе биде казнет и дека државата нема да се врати на состојбата пред нападите од 7 октомври.Кац изјави дека војската добила наредба да продолжи со дејствување со полна сила, како на копно, така и во воздух, со цел да се елиминираат заканите и да се уништи инфраструктурата на Хезболах во јужен Либан. Според него, израелските сили се распоредени во безбедносна зона во близина на границата и имаат задача да спречат прекугранични напади и други форми на воено дејствување.Како главна цел на операцијата ја наведе разоружувањето на Хезболах и воспоставување демилитаризирана зона во јужен Либан, сè до реката Литани. Додаде дека доколку либанската влада не ги исполни своите обврски, израелската војска ќе продолжи со воени активности.Изјавите доаѓаат во период кога Израел го одбележува Денот на сеќавање на паднатите војници, при што низ целата држава се одржуваат комеморации за илјадници жртви. Државниот врв порача дека земјата останува решена да продолжи со борбата и покрај големите загуби.

Свет | пред 1 месец

media-libraryvgjve5sogd29e31WJ3C

Израел: „Ќе употребиме целосна сила и за време на примирјето ако има закана од Хезболах“

Израелскиот министер за одбрана Кац изјави дека израелската војска ќе употреби „целосна сила“ во Либан, дури и за време на важечкото примирје, доколку нивните сили се соочат со закана од Хезболах.Во меѓувреме, либанската армија соопшти дека повторно е отворен патот и мостот меѓу Набатија и Хардали на југот од земјата, кои претходно беа оштетени во израелските напади.Дополнително, францускиот претседател Емануел Макрон утре во Париз ќе го прими либанскиот премиер Наваф Салам, соопшти неговиот кабинет, еден ден по убиството на француски мировник во Либан.

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања