Цетински направи драма на настап, фановите разочарани
Популарниот пејач Тони Цетински одржа концерт во Црна Гора, во градот Бар и создаде непотребна драма. Имено, по час и половина пеење, на шеталиштето во кафеана покрај морето, Тони и се обрати на присутните со зборови кои го разочараа и налутија мнозинството.
Цетински пееше во неделата на концерт во Бар, на манифестацијата „Лето со ѕвездите“, но овој настап на Тони нема да остане во најдобро сеќавање на публиката.
„Бидејќи концертот го плати Туристичката организација на Црна Гора, а не вие, концертот е бесплатен за вас, затоа вечерва нема да ги пеам моите три скапи хита“, наводно рекол Тони.
По оваа реченица, публиката во Бар помислила дека се работи за шега, која Цетински често ја прави за време на настапите, но немало шега, а пејачот не се вратил на сцената.
„Ова е непрофесионално однесување и непочитување кон публиката која дојде да ги слушне вашите песни!“, „Срамота“, напишаа разочараните фанови на Тони.