Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Анита Буховски

media-library4sstom8nlttuchY0kmv

Македонска режисерка во срцето на Холивуд: Тамара Котевска на маса со Дикаприо, Дел Торо и елитата на филмската индустрија

Македонската документаристка Тамара Котевска се најде во ексклузивно друштво во Холивуд, на приватен ВИП-настан rezervиран само за триесетина водечки имиња од филмската индустрија. Како членка на Американската филмска академија и гласач за Оскарите, таа беше единствената документарна авторка поканета на ручекот организиран по повод новиот филм на Пол Томас Андерсон „One Battle After Another“.Настанот ја собра актерската и продукциската елита, меѓу кои Леонардо Дикаприо, Бенисио дел Торо, Тијана Тејлор, Чејс Инфинити и Реџина Хол. Гостите разговарале за снимањето, за соработката со Андерсон и за тековната оскаровска трка.Во неформалниот дел од средбата, Котевска имала подолг разговор со Дикаприо, кој – како што вели таа – веднаш се сетил на „Медена земја“ и на нивната фотографија од 2020 година, направена за време на оскаровските номинации. Тој покажал посебен интерес за нејзиниот нов глобално наградуван документарец „Приказната за Силјан“.Интерес за филмот пројавиле и Бенисио дел Торо и Тијана Тејлор, особено поради темите за отпор, правда и борба против неправеден систем.„Да се градат односи и пријателства низ годините со холивудските ѕвезди кои ми биле најголемо влијание како дете да се посветам на филмската магија е како некаков чуден сон кој од секогаш се чинел недостижен. Но, кога си таму со нив во истата малечка просторија, делиш оброк заедно и гледаш колку се тоа обични луѓе кои минуваат низ истите трауми, искушенија, несигурности и притисоци со секој нов филм како и сите ние останатите филмаџии на планетава, тоа е едно особено чувство кое ги руши сите предрасуди и бариери дека нешто е невозможно да се достигне, вели Котевска.“

Магазин | пред 2 месеци

media-library4qpcm1u1qd4kcrsonVC

Бадникарски кум е бизнисменот Зоран Кондратенко, а здравичар музичарот Јаков Дренковски

Здружението на граѓани „Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје“ ги претставија Кумот и Здравичарот за Бадник 2026 година. Кум е македонскиот претприемач во областа на енергетиката и спственик на компанијата Енерго Систем, Зоран Кондратенко, а здравицата ќе ја каже нашиот истакнат музичар Јаков Дренковски.Градоначалникот на општината Центар, Горан Герасимовски рече дека оваа манифестација се организира 33 години и дека му е чест што традицијата продолжува, што се почитува и од година во година се и приклучуваат голем број млади луѓе.Во недела (21.12.2025) напладне во месноста Краста, Одборот за прослава на Бадник во Скопје, ќе ги претстави Кумот и Здравичарот за Бадник 2026 и ќе ги соберат бадниковите гранчиња.Централната прослава е на 6 ти јануари на платото пред Соборниот Храм.

Македонија | пред 2 месеци

media-library7ea256g8ve0i8uE8T4a

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Официјално е отворена новата шопинг дестинација на југот – Гевгелија Мол, која ги обединува шопингот, забавата и моментите за релаксација под еден покрив.Во саботата, на отворањето на кое присуствуваа стотици гости и партнери на Молот, како и љубопитни граѓани и шопингхоличари, беше збогатено со забава и изненадувања за сите генерации.Дедо Мраз ги развесели и ги анимираше најмладите, музичкиот дел беше резервиран за Лара Иванова и Trinity Band, а имаше и диџеј сетови и отворено студио на Радио Урбан ФМ кои го направија отворањето уште повесело и за паметење.Молот, лоциран на еден километар од граничниот премин Богородица, на самиот автопат, се простира на 10.000 m² распоредени на три нивоа.Во Молот се наоѓа најголемото „Jumbo“ во Македонија, Duty Free / Travel Free продавница, Amore Mio – Luxury Brands Outlet со повеќе од 25 светски луксузни брендови како Armani, Balmain, Balenciaga, Gucci, Burberry, Pinko, Boss, Dsquared2, Dolce & Gabbana, Givenchy, Versace, Valentino, Michael Kors, Off-White, Moschino, како и M Outlet, кои дополнително ќе ја збогата понудата на центарот.Свој простор имаат и SOHO кафетерија, а љубителите на слатките задоволства ќе можат да уживаат и во Marfi macarons, како и во деликатесите на Vori од Гевгелија.Покрај модните брендови, во Гевгелија Мол се наоѓаат и VERO, спортските брендови Champion, Diadora и FILA, The Book Shop – книжарница со богата понуда за сите генерации, аптека, менувачница со Tax-Free услуга, продавница за накит, како и игротека и забавен парк за најмладите.Со отворањето, Гевгелија Мол се позиционира како нов центар за шопинг, забава и инспиративни моменти во регионот, комбинирајќи модерен амбиент, врвни брендови и динамична атмосфера за сите генерации.„Нашиот тим работеше посветено на овој проект, меѓу другото, анализирајќи ги потребите, но и желбите на граѓаните, при што внимателно го осмислувавме секој детал – од изборот на брендови до услугите и просторната поставеност. Верувам дека нашиот труд за кусо време ќе резултира со бројни задоволни посетители и дека секој кој ќе го посети Молот ќе може да ужива во модерниот амбиент, динамичната атмосфера и пред сè разновидната понуда за шопинг“, изјави Мимоза Маркова, менаџер на „Гевгелија Мол“.Гевгелија Мол ќе работи секој ден од 10 до 22 часот, односно до 20 часот во недела.

Македонија | пред 2 месеци

dimitrieska-kocoska

Димитриеска-Кочоска убедува: Трезорот работи, Буџетот е во одлична кондиција

Трезорот работи, се затвора на 31 декември, работите се извадени од контекст. Нема простор за паника, изјави денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска - Кочоска по објавите дека трезорот се затвара на 15-ти месецов поради немање прилив и дека ќе бидат стопирани сите исплати.,,Ова прашање го следам деновиве и излезе од контрола. Не можам да ги разберам, поготово да доаѓа од опозиција која наместо да се средува во своите сопствени редови, до вчера беа власт и знае како функционира Трезорот. Трезорот работи. Друго е рокот што сме им го дале на институциите да ги достават налозите до трезорските канцеларии. Тоа значи секоја институција да ги достави налозите до 15-ти за да може да се организираме и да се следи исплатата со 31 декември”, рече Димитриеска.Појасни дека налозите ќе се примаат до 15-ти во месецов што не значи дека ако некој задоцни, дека нема да биде примен налогот.Во однос на информациите дека се доцни со исплатата на социјалните трансфери, министерката за финансии тврди дека во Трезорот не стојат налози за исплата, а доколку има задоцнување, тогаш тоа е во ресорните институции при подготовка на налозите.

Македонија | пред 2 месеци

vasil-j

Апелација пресече, 13 години затвор за Јованов, кој ја прегази Фросина

Апелациониот суд му ја зголеми казната на 13 години на возачот Васил Јованов, кој смртно ја прегази младата Фросина Кулакова во центарот на Скопје, кого Кривичниот суд го осуди на 12 години затворска казна.„Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека, постапувајќи по кривичниот предмет КЖ-696/25, по одржана јавна седница на 06.10.2025 година, а по спроведено советување и гласање на нејавен дел од седницата на ден 27.10.2025 година, донесе пресуда со која ја уважи жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје и ја одби како неоснована жалбата на обвинетиот В.Ј. Пресудата на Основниот кривичен суд Скопје ја преиначи во делот на кривичната санкција, на начин што обвинетиот В.Ј. од С. кој со првостепената пресуда е огласен виновен за кривично дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став2 в.в со член 297 став 1 од Кривилниот законик, се осудува на казна затвор во траење од 13-тринаесет години. Во останатиот дел првостепената пресуда се потврдува”, соопшти Апелација.Кривичниот суд пред седум месеци го осуди Јованов на 12 години затвор за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. За ова дело предвидена е казна затвор од најмалку четири години до максимум 20 години затвор.

Скопје | пред 2 месеци

media-library03rcveni3uvv2kdWlan

Коцевски „ситно брои”, утре на дневен ред предлогот на Владата за негово разрешување

Утре пред пратениците е предлогот на Владата за разрешување на Државниот обвинител Љупчо Коцевски.„Поради направени крупни професионални грешки при раководењето со Јавното обвинителство, што доведува до нарушување на ефикасноста и функционалноста на ЈО. Неовластено изнесување информации, податоци за судски предмети, со што ја повредил обврската за тајноста на постапката согласно закон. Нарушување на угледот на Јавното обвинителство и неговиот личен углед, не постапувајќи согласно обврските предвидени со Уставот, законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот“, изјави на 9 декември владината портпаролка Марија Митева појаснувајќи ги причините за одлуката на Владата да го смени Коцевски по неполни 2 години мандат.Постапката беше на пауза поради изборните дејства, а претходно трагедијата во Кочани беше причина Владата да му даде шанса на Коцевски за да не се попречува истрагата.,,Нов државен обвинител ќе биде избран во законските рокови”, рече спикерот на денешниот брифинг со новинарите, но не посочи точен датум.По разрешувањето, на државен обвинител со ЈОРМ раководи в.д. државен обвинител од редовите на обвинителите од Републичкото обвинителство.Одлуката за разрешување на државниот обвинител се носи со 61 пратенички глас.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryd7r66ah0fuig9yf5ayz

Апсурдот на австралиската миграциска политика: Синот на Трамп потсети дека Ноле беше депортиран заради невакцинирање против ковид, а терористот слободно се движел низ земјата

По терористичкиот напад во Сиднеј, во кој татко и син убија 16 луѓе за време на еврејскиот празник Ханука, на социјалните мрежи се појавија реакции за безбедносната политика на Австралија. Нападот официјално е класифициран како терористички, а цел била еврејската заедница.Во тој контекст, еден корисник на социјалните мрежи објави споредбена фотографија:– од една страна еден од убијците,– од друга страна Новак Ѓоковиќ,со саркастичен коментар:„На еден од овие двајца му е забранет влез во Австралија.“Целта му била да се укаже на апсурдот во австралиската имиграциска политика:терористот легално поседувал оружје, а Ѓоковиќ беше депортиран поради тоа што не беше вакциниран против ковид.На ова реагираше и Доналд Трамп помладиот, кој го сподели твитот и напиша:„Неверојатен твит. Тажен и вистинит.“Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, кој е и десеткратен првак на „Австралија Опен“, во 2021 година беше депортиран од земјата поради тоа што не беше вакциниран против ковид-19, иако тоа не беше задолжително во времето на неговото влегување во Австралија.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryvarkv7pi2go241ZDQYE

Бојкот на работата во Управата за матични книги, утре нема издавање на никакви документи!

По едногодишни неуспешни преговори, Управата за матични книги утре ќе ја бојкотира работа, што значи дека нема да издаваат никакви документи.Бојкотот е, како што велат, поради непочитување на Колективниот договорОд Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија (КСОМ) и вработените во Управата за водење на матични книги, велат дека, минатат недела се договориле на ваков чекор, бидејќи досега нема решени за нивните барања.Вработените и утре ќе бидат на своите работни места, но документи нема да издаваат, а бидејќи секој од нив заслужува 20 отсто, поради тежината на работата, поради тоа што работат со доверливи документи, но досега нема никаков договор, на минатонеделниот состанок се договоривме да бојкотираме. Еднодневниот прекин за работата на 16. декември е во знак на револт поради долголгогодишно непочитување на Колективниот договор и игнорирање на нашите барања за подобри услови и повисоки плати.

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryte95lojtgv1ldSrxSFq

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ги покани скопјани на празнична магија, вечерва ќе блесне новогодишната елка

Вечерва ќе светне новогодишната елка и празничното осветлување на Скопје, а градските власти најавуваат забава, музика и изненадувања за сите генерации на плоштадот „Македонија“. Почетокот на програмата е закажан за 18 часот, кога официјално ќе биде означен стартот на новогодишните и божиќните празнувања во главниот град.Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ги повика скопјани да дојдат на плоштадот и најави враќање на празничната атмосфера во центарот на градот.„Нашиот град е најубав тогаш кога свети од радост, насмевки и празнична магија. А сите ние – и младите и возрасните ја заслужуваме таа топлина што ја носат Новогодишните и Божиќните празници. Затоа, со огромна радост ве поканувам заедно да го означиме почетокот на едно ново празнично поглавје исполнето со забава, музика, многу подароци и вашите омилени херои кои ќе ги израдуваат најмалите. Во 18 часот, на плоштадот „Македонија“, заедно со вас ќе го осветлиме градот и после неколку години ќе ја почувствуваме првата искра на празничниот дух“, изјави Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 2 месеци

media-librarynr0q552gfc4p36s7zuW

(Видео) СДСМ со граѓаните ќе стави крај на предавствата на ДПМНЕ-ЗНАМ

СДСМ со граѓаните ќе стави крај на предавствата на ДПМНЕ-ЗНАМ, порача Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ, нагласувајќи дека заедно ќе ги одбранат интересите на државата и ќе ги спречат криминалните и предавничките политики на актуелната власт со мигранти и корупциски тендери.„Ние заедно со граѓаните ќе ставиме крај на овие предавнички и криминални политики на ДПМНЕ-ЗНАМ. Македонија мора да се ослободи од корупцијата и криминалот што ја закопуваат државата и иднината на граѓаните. Крај на предавството на Македонија. Крај на корупцијата и криминалот. Крај на тендерите за пумпање пари од граѓаните. Крај на катастрофалните економски политики. Крај на изолацијата!“, порача Кузеска.Таа нагласи дека борбата за Македонија не застанува и одговорност мора да има.„Доаѓа вашиот крај. Тоа граѓаните ќе ви го испорачаат! Борбата за Македонија почна и нема да застане. Сите ќе одговарате!“, потенцираше Кузеска.

Македонија | пред 2 месеци

media-library3k7bpcvs32gc3uCSLjo

Критични денови за Европа: ЕУ под силен притисок да спречи мировен договор за Украина без нејзино учество

Европската Унија се соочува со една од најтешките недели во последните години, додека се обидува да го зачува своето влијание во преговорите за потенцијален мировен договор за Украина и истовремено да обезбеди финансиска стабилност за Киев. Сè поголемите стравувања дека САД и Русија би можеле да склучат договор без Европа ја засилуваат политичката тензија во пресрет на клучниот самит на ЕУ во четврток, пренесува Politico.Притисокот се зголеми по критиките од Вашингтон и особено по изјавите на Доналд Трамп, кој европските лидери ги нарече „слаби“, а Европа „во распаѓање“. Затоа Брисел оваа недела ја оценува како пресвртна точка за европското единство и за нејзината улога во обликувањето на мировниот процес.Најважните разговори денес се префрлаат во Берлин, каде украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе се сретне со лидерите на Германија, Обединетото Кралство и со претставници на администрацијата на Трамп, меѓу кои Џаред Кушнер и специјалниот пратеник Стив Виткоф. Засега не е јасно дали францускиот претседател Емануел Макрон ќе присуствува, но тој викендов телефонски разговарал со Зеленски.Германскиот кабинет потврди дека по почетната средба ќе се приклучат и други европски шефови на држави и влади, како и раководството на ЕУ и НАТО.Средбата доаѓа по негативните реакции на мировниот нацрт-план од 28 точки, изработен од Виткоф со, како што тврдат европски и украински извори, учество на претставници на Кремљ. Планот беше одбиен од Киев и повеќе европски престолнини, по што е предложена алтернативна верзија.Украина и нејзините европски партнери минатата недела доставија амандман од 20 точки до Вашингтон, чијашто содржина е доверлива. Главниот нерешен проблем е иднината на украинските територии под руска окупација.Според дипломатски извори, Трамп предложил повлекување на двете армии и воспоставување демилитаризирана „слободна економска зона“ отворена за американски инвестиции. Киев го одбил предлогот. Европејците предупредуваат дека инсистирањето на САД за територијални отстапки создава сериозни тензии.Како можен сигнал за компромис, Зеленски изјави дека Украина би можела да не инсистира на членство во НАТО доколку добие силни билатерални безбедносни гаранции од САД и Европа.Паралелно со дипломатските разговори, во Брисел следува тешка расправа за обезбедување средства за Украина. ЕУ планира да користи 185 милијарди евра замрзната руска државна имовина во белгискиот депозитар Euroclear, како и дополнителни 25 милијарди евра од други замрзнати средства.Италија, Малта, Бугарија и новата чешка влада се приклучија кон скептицизмот на Белгија, што значително го отежнува постигнувањето политички консензус. Формално можат да бидат надгласани, но отпорот создава голем ризик за договор.

Свет | пред 2 месеци

media-librarygnhcbjpqjiekdZr21cv

Терористот од Сиднеј бил член на српскиот ловечки клуб „Застава“

Австралиските власти најавија итна реформа на законите за оружје по шокантното откритие дека Саџид Акрам (50), извршителот на нападот на плажата Бонди, бил легален сопственик на дури шест парчиња огнено оружје. Акрам и неговиот син Навид (24) се обвинети за терористички напад врз еврејската заедница која вчера ја славеше Ханука, во кој загинаа 16 лица, а десетици беа повредени.Напаѓачот бил член на ловечки клубКомесарот на полицијата во Нов Јужен Велс, Мал Лејнион, потврди дека напаѓачот поседувал дозвола за оружје од 2015 година. „Таткото поседувал дозвола за оружје од 2015 година“, изјави Лејнион, додавајќи дека Акрам имал шест парчиња легално оружје, кои сега се запленети.„Бил член на ловечки клуб“, изјави Лејнион. Подоцна беше утврдено дека Акрам бил член на ловечкиот клуб „Застава“, чиe седиште се наоѓа во Бонериг, на помалку од два километри од неговиот дом. Ловечкиот клуб „Застава“ во Сиднеј го водат припадници на српската заедница.Истражителите откриле дека таткото и синот вежбале пукање на стрелиштето во Сесил Парк. Балистичката и форензичката истрага треба да утврдат дали запленетото оружје е истото за кое Акрам имал дозвола. Во паричникот на неговиот 24-годишен син била пронајдена членска картичка од клубот, но сè уште не е официјално потврдено дека и тој бил член.Повеќе оружје отколку пред масакрот во Порт АртурВо Нов Јужен Велс се регистрирани повеќе од 1,1 милион парчиња огнено оружје, од кои третина се наоѓаат во предградијата на Сиднеј. Загрижувачки е податокот дека во Австралија денес има повеќе оружје отколку пред масакрот во Порт Артур во 1996 година, кога беа убиени 35 лица.Тој настан ја поттикна тогашната влада да го усвои Националниот договор за огнено оружје и да започне масовна програма за откуп, со која од употреба беа повлечени 650.000 парчиња оружје. Меѓутоа, податоците на Australia Institute од мај годинава покажуваат дека денес во Австралија има над четири милиони регистрирани приватни парчиња оружје — што е 800.000 повеќе отколку пред програмата за откуп.

Свет | пред 2 месеци

media-library8gid8nhgseb8ekmKgdQ

Поранешните команданти на УЧК без проблем влегле во Македонија, па му се заблагодарија на Меџити

Организаторите на протестот во Скопје за поддршка на поранешните команданти на косовската УЧК соопштија дека групат без никакви задржувања ја поминала косовско-македонската граница. Ова го потврди Хисни Гуцати, еден од организаторите и поранешен претседател на Организацијата на воени ветерани на УЧК, кој јавно му се заблагодари на градоначалникот на Чаир, Изет Меџити.Според Гуцати, Меџити дал гаранции дека нема да има пречки за влез на ветераните кои пристигнале да присуствуваат на протестот во Скопје.„Ме извести и градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, на кого му благодарам многу. Тој рече дека границата ќе биде отворена и е отворена за сите граѓани кои ќе дојдат да протестираат денес и дека границата е мирна“, изјави Гуцати.Тој додаде дека поранешните команданти ја поминале границата без детални контроли.„Штом генералите на ОВК пристигнаа во Скопје, границата е мирна, граѓаните ја преминуваат границата многу мирно, нема детална контрола. Сакам да им се заблагодарам на сите тие иницијатори кои ја презедоа иницијативата и испратија албански цариници и полицајци на границата и ова е најголемиот успех“, рече тој.Во своето обраќање, Гуцати изнесе и политички обвинувања во врска со судските процеси во Хаг против поранешните команданти на УЧК.Тој повтори дека, според него, „судењето на ослободителите и војната на ОВК е волја на Русија и Србија“, споменувајќи го и извештајот на покојниот Дик Марти.„Цврсто верувам дека ова го направила српската амбасада, заедно со руската во Швајцарија“, додаде Гуцати.Протестот се одржа во саботата на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, како поддршка за обвинетите команданти на УЧК во Хаг за настаните од војната во 1998–1999 година. Организаторите претходно изразија загриженост дека некои од ветераните може да бидат приведени на граница поради меѓународни потерници од Србија.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryohnpchop4id75QfgH6T

Тешка ноќна акција на спасувачите во Босна: повеќе од четири часа борба за извлекување починат планинар од непристапниот терен

На планината Височица во Босна и Херцеговина во неделата вечер се одвиваше една од најсложените операции на локалните спасувачки служби, поради обидот да се извлече телото на починат планинар од исклучително тежок и непристапен терен.Во акцијата учествуваа повеќе од 20 припадници на Службата за спасување Прељ, ГСС Јабланица и ГСС Кантоn Сараево. Спасувачите преку социјалните мрежи објавија видеа од ноќниот терен, пренесувајќи дел од напорот и условите во кои работат, наведувајќи дека повеќе од четири часа се борат за извлекување на телото.Од теренот порачаа дека ситуацијата е исклучително тешка и дека поради мракот и стрмниот релјеф условите за евакуација се значително отежнати.„Се надевавме дека хеликоптерот ќе може да пристигне, но спротивно на очекувањата евакуацијата ќе продолжи цела ноќ. Терeнот е исклучително тежок“, објавија спасувачите.Во текот на денот постоела можност хеликоптер на ЕУФОР да интервенира и да го транспортира телото, бидејќи одреден дел од локацијата бил погоден за слетување. Меѓутоа, по паѓањето на ноќта и влошувањето на видливоста, таа опција била отфрлена.Спасувачите и понатаму ја изведуваа акцијата пеш, под светла и во ригорозни услови, сè додека не успеале да го извлечат телото и да го пренесат на безбедна локација.

Свет | пред 2 месеци

media-library73pbbms5j3bm9ugWWcC

СДСМ со реакција на предлог-Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за мигрантите

СДСМ реагира на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ и поднесената предлог-Резолуција за мигрантите, обвинувајќи ја владејачката партија дека „не ставила крај на ништо“, туку, како што наведуваат, „отворила врата за мигранти во Македонија“.Во реакцијата се наведува дека крај на прашањето со мигрантите, според СДСМ, може да се стави единствено со потпишување на нивната Резолуција, „во која експлицитно стои дека нема да дозволиме да се носат мигранти“. Од партијата велат дека цела недела ја повикуваат власта да ја поддржи оваа Резолуција, но дека „ДПМНЕ-ЗНАМ не сакаат“ и „бегаат од одговори и од потпишување“.СДСМ тврди дека причината е „јасна“ и дека, како што наведуваат, „има договор, мигранти за пари“, поради што власта поднесува контра резолуции.Во реакцијата се упатува порака до власта дека, според СДСМ, „граѓаните заедно со партијата ќе стават крај на предавничките и криминални политики“ на ДПМНЕ-ЗНАМ. Притоа истакнуваат дека нема да дозволат носење мигранти, продолжување на криминал и корупција или меѓународна изолација.Реакцијата завршува со порака дека „борбата за Македонија почнува и нема да застане“ и дека „сите ќе одговараат“.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryqilg4nhhmkmp0e2Nlr4

(Видео/Фото) Фудбалерот на македонскиот клуб Рокдејл Илинден е една од жртвите во нападот на плажата Бонди во Сиднеј

Францускиот фудбалер Ден Елкајам, член на македонскиот клуб Рокдејл Илинден - Австралија, е идентификуван како една од жртвите во вчерашниот вооружен напад на плажата Бонди во Сиднеј. Тој беше меѓу 16-те луѓе кои го загубија животот во масакрот што властите го квалификуваат како терористички напад.Австралиските служби соопштија дека нападот го извршиле татко и син; едниот напаѓач бил убиен, а другиот е приведен. Покрај загинатите, 42 лица се хоспитализирани. Настанот се случил за време на еврејски фестивал што се одржувал на плажата.Смртта на Елкајам ја потврди потпретседателот на Рокдејл Илинден, Лу Тасевски.„Јас сум скршен од болка, мојот син игра во Рокдејл Илинден и двајцата беа одлични пријатели. Ова е трагична загуба и ние сè уште се обидуваме да се справиме со неа“, изјави тој за локалните медиуми.Елкајам, 27-годишен француски државјанин, во клубот настапувал последните 12 месеци и бил високо ценет од соиграчите, тренерите и управата. Живеел во Австралија неколку години и работел како ИТ-аналитичар во NBC Universal. Освен по фудбалскиот талент, бил препознатлив и по љубовта кон плажите во Сиднеј и патувањата низ Австралија.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryiho10o6vj6m68OBE6oe

ВМРО-ДПМНЕ поднесе Резолуција против „манипулациите за мигрантите“ и повика на јасна државна политика

ВМРО-ДПМНЕ достави предлог-Резолуција до Собранието на Република Македонија под наслов „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“.Од партијата наведуваат дека со документот се става крај на, како што велат, манипулациите на СДС за мигрантите и „организираната кампања што создава несигурност и паника меѓу граѓаните“. Според нив, државата има јасна политика против нелегалната миграција и нема планови за отворање мигрантски кампови, а Резолуцијата, велат, треба да донесе стабилност и сигурност.Во соопштението, ВМРО-ДПМНЕ ги осудува политиките и одлуките на поранешната влада на Зоран Заев, за кои тврдат дека создале можности за отворање кампови за мигранти, спротивно на националните интереси.Резолуцијата се состои од девет точки и предвидува осуда на дезинформациите за наводно прифаќање мигранти и изградба на кампови. Во документот се потврдува дека такви политики не постојат и нема да постојат, се поништуваат сите претходни аранжмани на Владата на Заев поврзани со мигрантски кампови и се повикува на одговорен и јасен говор во интерес на безбедноста, стабилността и меѓуетничките односи.Исто така, се наведува дека свесното ширење дезинформации ќе биде санкционирано согласно важечките закони. Резолуцијата, според ВМРО-ДПМНЕ, воспоставува јасна државна политика против нелегалната миграција и стапува во сила веднаш.Партијата ги повикува сите политички субјекти да ја поддржат Резолуцијата, со цел, како што наведуваат, да се стави крај на „лагите и конструкциите на СДС“.

Македонија | пред 2 месеци

seizmograf

Скопјани почувствуваа слаб земјотрес: Регистриран утринава со јачина од 3,3 степени по Рихтер

Жителите на Скопје утрово почувствуваа послаб земјотрес, кој во 07:20 часот ја затресе метрополата и околните населени места. Потресот, според првичните податоци, бил со јачина од 3,3 степени по Рихтер.Епицентарот бил лоциран во пограничното подрачје кај Урошевац, околу 124 километри северно од Скопје. Телеметриската сеизмолошка мрежа на државата го регистрираше земјотресот преку станиците што ги одржува Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет.Потресот бил почувствуван со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала.Од Опсерваторијата ги повикуваат граѓаните кои го почувствувале земјотресот да го пополнат прашалникот на нивната интернет-страница или да се јават на бројот 112, со цел да се соберат податоци за понатамошни анализи.

Скопје | пред 2 месеци

netanjahu

„Австралија потфрли, не ги заштити Евреите“, Нетанјаху ги обвинува властите во Канбера за масакрот

Стравот и тагата што ја потресоа австралиската еврејска заедница по вооружениот напад на прославата на Ханука во Сиднеј веднаш добија и силна политичка димензија. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху остро реагираше на трагедијата, обвинувајќи дека политичките ставови на Канбера ја движат Австралија во опасна насока.Австралиските власти соопштија дека две вооружени лица отвориле оган врз учесниците на прославата на плажата Бонди, при што загинале најмалку 16 луѓе, во напад што го квалификуваат како намерно антисемитски. Еден од напаѓачите бил убиен на местото на настанот. Инцидентот се смета за најтежок антисемитски напад во Австралија од почетокот на војната во Газа во октомври 2023 година.Во јавната реакција, Нетанјаху наведе дека насилството било „ладнокрвно убиство“ и потсети дека уште во август го предупредил австралискиот премиер Ентони Албанезе дека политиките на неговата влада создаваат средина погодна за раст на антисемитизмот.„Вашиот повик за создавање палестинска држава само додава масло на антисемитскиот оган. Ги наградува терористите на Хамас и ги охрабрува оние кои им се закануваат на австралиските Евреи и ја поттикнува омразата кон Евреите што сега беснее по вашите улици“, се присети Нетанјаху на напишаното во писмото до Албанезе.Во продолжение од говорот, тој ја обвини австралиската влада дека „не презема ништо за да го спречи ширењето на антисемитизмот во Австралија“ и рече дека трагичниот напад е последица на тој пропуст. „Дозволивте болеста да се шири, а резултатот се ужасните напади врз Евреите што ги видовме денес“, додаде тој.Албанезе, пак, веднаш го активираше Советот за национална безбедност и категорично го осуди нападот. Тој го нарече злото што се појавило „надвор од умот“ и нагласи дека се работи за целен напад врз Австралијците Евреи токму на првиот ден од Ханука, кој треба да биде ден исполнет со „радост и прослава на верата“.Премиерот веќе претходно, на 11 август, најави дека Австралија планира да поддржи признавање палестинска држава на Генералното собрание на ОН во септември – чекор што следи слични најави од Франција, Велика Британија и Канада.

Свет | пред 2 месеци

media-library9mnn92dh04fjaxKqF9n

Повредениот Ахмед кој стана симбол на храброст во масакрот во Сиднеј полека заздравува - светот му оддава почит!

Додека Австралија сè уште се соочува со последиците од масакрот на плажата Бонди, јавноста го насочи вниманието кон човекот кој успеа да го спречи напаѓачот да продолжи да убива. Ахмед ал Ахмед, сопственик на продавница за овошје од Сиднеј, моментално закрепнува во болница по сложена операција на раката и надлактицата, потврди неговото семејство.Неговото херојство првпат се виде на видеата што кружат на интернет: човек кој, кришум движeјќи се зад паркираните автомобили, се нафрла врз еден од вооружените напаѓачи одзади, ја зграпчува пушката и го турка на земја. Австралиската полиција веќе соопшти дека напаѓачите – татко на 50 години и неговиот 24-годишен син – намерно го нападнале религиозниот еврејски собир на Бонди, при што беа убиени 16 лица, во најсмртоносниот вооружен напад во земјата во речиси три децении.Братучедот на Ахмед, Мустафа, за 7News Australia изјави дека семејството било уверено дека лекарите успешно ја завршиле операцијата и дека Ахмед е стабилен.„Тој е херој, тој е сто проценти херој. Тој е сè уште во болница и не знаеме точно што се случува внатре, но се надеваме дека ќе биде добро“, рече тој.Признанијата за неговата храброст пристигнуваат од целиот свет. Американскиот претседател Доналд Трамп го опиша како „многу, многу храбра личност“ која спречила многу поголема трагедија. Премиерот на Нов Јужен Велс, Крис Минс, исто така изрази огромна почит, оценувајќи дека снимката од моментот на разоружувањето е „најневеројатната сцена што ја видел досега“.Паралелно, поддршката за Ахмед пристигнува и финансиски. Кампањата на GoFundMe, отворена за негово закрепнување и помош, собра повеќе од 200.000 австралиски долари за само неколку часа. Најголемата донација ја упати милијардерот Бил Акман – 99.999 австралиски долари, кој дополнително ја сподели акцијата и на својата сметка на платформата Х.

Свет | пред 2 месеци

vizzar

Визер ја отвори вратата кон Прага, од денеска почнаа летовите до чешката престолнина

Од денеска Македонија добива нов директен лет до Прага, по што скопскиот аеродром станува побогат за уште една редовна рута во мрежата на нискобуџетската авиокомпанија „Визер“. Новитетот е дел од пакетот проширувања што го најави Владата во летниот период.Петте нови линии произлегуваат од договорот склучен меѓу институциите и авиопревозникот, кој беше официјално потпишан во јули. Тогаш вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски најави дека со овие летови се очекува засилен туристички и бизнис-проток кон земјава.– „Утрово потпишавме Договор за пет нови дестинации кои што ќе се оперираат од скопскиот аеродром. Пет нови авиолетови кои ќе значат повеќе туристи во Македонија, повеќе бизнис во Македонија и повеќе можности за сите граѓани на Македонија. Веќе од месец ноември почнува редовна авионска линија Стокхолм – Скопје. Исто така, веќе од месец ноември почнува редовна авионска линија Мадрид – Скопје, а од декември почнува редовна авионска линија Бари – Скопје, Келн – Скопје и редовна авионска линија Прага – Скопје“, објави Николоски во јули.Со денешното лансирање на рутата за Прага, започнува и практичната реализација на договореното проширување, со кое Скопје се поврзува со уште неколку европски метрополи.

Македонија | пред 2 месеци

media-library73mg6p7blpa49Vwdkvb

Настрадал пешак во сообраќајќа во Скопје, возачот побегнал

На 11.12.2025 во 14:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на кружен тек од ул.„Борис Сарафов“, ул.„Лука Геров“, ул.„Македонски војски“ и бул.„Партизански Одреди“ во Скопје, патничко возило „мерцедес“ удрило во пешакот Х.М.(34), по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот.Во несреќата со телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 2 месеци

20180510_213816

Се степале двајца возачи на автобуси кај Транспортен центар

На 11.12.2025 во 10:00 часот во СВР Скопје, Б.С.(57) од Скопје, возач на автобус, пријави дека во автобус паркиран кај Транспортен центар во Скопје, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од М.Р., исто така возач на автобус.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryk3tn1ufr394i4gXtonf

За мали пратки од Тему и Шеин ќе се плаќа 3 евра царина, ЕУ воведува нова мерка

Од следната година ќе плаќаме 3 евра царина на мали пратки нарачани од Тему и Шеин.Европските министри за финансии денеска постигнаа привремен договор за воведување фиксна царина од три евра за мали пакети, што ќе се применува од 1 јули 2026 година и најмногу ќе ги погоди кинеските онлајн-продавници. Станува збор за пратки со вредност помала од 150 евра, кои сочинуваат 93 проценти од е-трговијата во Европската Унија.Според податоците на Европскиот економски и социјален комитет, секој ден во Европа пристигнуваат околу 12 милиони мали пакети со облека, козметика и играчки нарачани од Кина преку онлајн-платформите Шеин и Тему. Претставници предупредуваат дека прагот од 150 евра ги става европските трговци во неповолна положба и носи ризици по здравјето и безбедноста.Кинеските онлајн-продавници се обвинуваат дека не ги почитуваат здравствените и безбедносните стандарди што важат во Европската Унија. Шеин и Тему преку своите апликации продаваат производи на фабрики со пониски трошоци, делумно поради тоа што не мора да вршат тестирања какви што се задолжителни за производителите во Европа, ниту пак се обврзани да ја рециклираат вратената стока, што е практика во ЕУ.Овие платформи стануваат сè поприсутни и во Македонија, во услови на пораст на цените на храна, енергенси, кирија и облека. Привремениот договор за царина од три евра ќе важи додека не се укине правилото со кое ваквите пратки се ослободуваат од царински давачки.Во ноември, министрите за финансии договорија укинување на правилото што дозволува влез на стока со вредност под 150 евра во ЕУ без плаќање царина. Таа мерка ќе почне да важи откако ќе се воспостави Центарот за царински податоци на Европската Унија – централизирана платформа за размена на царински информации и засилување на контролите, чија функционалност се очекува во 2028 година.Преговорите за воспоставување на овој центар сè уште траат помеѓу Советот на ЕУ и Европскиот парламент, како дел од пошироката реформа на царинската рамка на Унијата. Кога ќе стане целосно оперативен, центарот ќе овозможи царинска примена на сите пакети што влегуваат на европскиот пазар.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryu2c0m9v4n7h1bsWS6d5

Пронајден починат 25-годишник во напуштена куќа во Центар

На 12.12.2025 околу 00:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во напуштена куќа на подрачјето на Центар е пронајден починат Е.Р.(25) од Скопје.Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.

Скопје | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања