Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Анита Буховски

media-libraryjlmrdiutfofd23SxeA5

Турчин нападнал вработен во хотелот каде што престојувал

На 15.12.2025 во 15:30 часот во СВР Скопје, И.В.(45) од с.Идризово, скопско, пријави дека околу 03:00 часот, додека бил на работно место во хотел на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, бил физички нападнат од Е.Ј.Ч.(40) од Р.Турција, гостин во хотелот. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 2 месеци

655-402-zatvor

Затвореник пронајден мртов во штипскиот затвор, нема траги на насилство

Во КПУ Затвор Штип вчера претпладне бил пронајден починат 40-годишен скопјанец кој издржувал затворска казна.Затворската управа околу 10:35 часот го пријавила случајот во СВР Штип, по што на местото веднаш пристигнала екипа на Итната медицинска помош.Лекарот констатирал смрт и утврдил дека на телото нема видливи траги на насилство.Од полицијата информираат дека, по наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција со цел да се утврдат точните причини за смртта.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryga57ac9t188e9dTEIQd

Три тешки сообраќајни несреќи за еден ден: Тешко повредени велосипедист, пешак и малолетен возач на мопед

Во текот на 15 декември 2025 година се случија три тешки сообраќајни несреќи во Свети Николе и Прилеп, во кои со тешки телесни повреди се здобиле велосипедист, пешак и малолетен возач на мопед.На 15.12.2025 во 12:40 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека кај плоштад Илинден во Свети Николе се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од В.Ц.(49) и велосипед, управуван од Д.М.(73), двајцата од Свети Николе. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Свети Николе.Истиот ден, во 13:30 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на крстосницата од ул.„Прилепски Бранители“ со ул.„Тризла“ во Прилеп, патничко возило „југо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.С.(84) удрило во 53-годишната Р.Ј. од Прилеп, која била пешак. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.Ј., констатирани во Општата болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.Претходно, во 13:25 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на крстосница од ул.„Тризла“, ул.„Горан Миноски“ и ул.„11 Октомври“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.Р.(48) и мопед „томос“, управуван од малолетник, двајцата од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетниот возач на мопед, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

Македонија | пред 2 месеци

media-library73pbbms5j3bm9ugWWcC

СДСМ по оставката на Коцевски: „Мицкоски и ДПМНЕ го преземаат Обвинителството и судството“!

По оставката на Јавниот обвинител Љупчо Коцевски, СДСМ ја обвини власта за, како што наведуваат, организиран обид за целосна партизација на правосудниот систем.Од СДСМ тврдат дека притисокот за заминување на Коцевски е дел од пошироко сценарио на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски за преземање контрола врз Јавното обвинителство и судството. Според партијата, станува збор за координиран процес кој вклучува поставување обвинители и судии лојални на власта, со што, како што велат, се загрозува независноста на правдата.Во соопштението се посочува и на кадровски решенија кои, според СДСМ, укажуваат на директно политичко влијание, меѓу кои и назначувања во Судскиот совет и Советот на јавни обвинители. Опозицијата оценува дека ваквите чекори потсетуваат на практиките од времето на поранешниот премиер Никола Груевски, а прави и споредба со актуелните процеси во Србија, каде, како што наведуваат, истовремено се водат расправи за уставни и судски реформи.СДСМ дополнително тврди дека настаните во правосудството се одвиваат синхронизирано и со јасна политичка цел, во момент кога, како што наведуваат, власта се соочува со сериозни обвинувања за корупција. Во таа насока, од партијата потсетуваат дека нивниот Антикорупциски тим во изминатиот период објавува информации за наводни злоупотреби и сомнителни тендери, за кои, според нив, нема институционална реакција.СДСМ тврди дека во земјата се воспоставува, како што го нарекуваат, „режим 2.0“, со политички прогон, злоупотреба на институциите и медиумски манипулации.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryemamj4jvkstp8sAUcI8

СДСМ бара оставка од директорката на ГАК поради смрт на новороденче и наводно прикривање на случајот

Претставничката на Комисијата за здравство на СДСМ, Елена Радеска, денеска побара одговорност од раководството на Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК) во Скопје, по случајот со починато новороденче на интензивна нега. Таа изјави дека постојат сомнежи за лекарска грешка и за обид случајот да биде скриен од јавноста.„Овде не умрело само едно бебе кое го имало целиот живот пред себе, овде умрела вистината, лекарската грижа, моралот и одговорноста“, изјави Радеска, додавајќи дека директорката на клиниката наводно се обидела да не го пријави случајот навреме.Според информациите што ги презентираше, на родителите им било соопштено дека смртта била неизбежна, но внатрешни документи од Клиниката укажувале на поинакви околности. Таа посочи дека постојат писмени пријави од медицински персонал во кои се наведуваат сомнежи за пропусти во лекувањето.Како што истакна Радеска, началничката на интензивна нега пријавила дека несоодветно лекување од страна на педијатарка довело до компликации, при што реинтубацијата на бебето траела 20 минути и во тој период било нанесено телесно оштетување што довело до смртен исход. Радеска рече дека родителите не биле информирани за сомнежите и дека за нив дознале преку медиуми и свиркачи.Таа го постави прашањето за постапувањето на директорката на ГАК, д-р Ирена Алексиовска Папестиев, наведувајќи дека и покрај тоа што била известена за наводните пропусти, два месеца не го информирала никого од надлежните институции.„Ова е огромен скандал кој ја покажува катастрофалната состојба во здравството“, изјави Радеска, барајќи итна оставка на директорката и целосна независна истрага за случајот.Таа порача дека одговорност треба да има за сите инволвирани, без оглед на позицијата, и дека случајот не е политичко, туку морално и професионално прашање.

Македонија | пред 2 месеци

media-library856qf06l75ia8NKP4mS

Уапсено лице оти полицијата му нашла 300 теписони и стази без документи

На 15.12.2025 година полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции на подрачје на СВР Охрид, поточно на место викано Подмоље го лишија од слобода А.Ј (52) од Скопје. Имено, откако било сопрено товарно возило “Форд Транзит” со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ј., при преглед на возилото во товарниот дел пронајдени се 300 теписони и стази, без соодветна документација.Лицето е лишено од слобода, а возилото и стоката се одземени.По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarydfk9pehtduehcFrKMi7

Што правела Државната лотарија? Ревизорите открија хаос со пари, нерегуларности и сомнителни трансакции од 2 милиони евра

Државниот завод за ревизија утврди сериозни неправилности, незаконитости и сомнежи за злоупотреба на јавни средства во финансиското работење на АД „Државна лотарија“ за 2024 година, поради што се воздржа од изразување мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи и даде неповолно мислење за усогласеноста со законската регулатива.Според ревизорскиот извештај, во работењето на друштвото се евидентирани нелогични и непостоечки трансакции, сметководствени записи без соодветна финансиска документација или поткрепени со неверодостојни документи, што отвора сомнеж за злоупотреба на парични средства и незаконско работење со благајната и платежните сметки.Во текот на 2024 година, кај 10 сопствени продажни места на Државна лотарија бил остварен дневен пазар од продажба на лотариски и електронски игри на среќа во износ од 46.039 илјади денари, но овие средства не биле редовно уплатувани на платежните сметки на друштвото, иако законската регулатива обврзува готовинските приходи да се уплатат најдоцна наредниот работен ден. Во текот на целата година, уплата на дневен пазар била извршена само двапати – во април и на крајот на годината – при што ревизорите утврдиле дека уплатените средства не потекнувале од реално примени готовински приходи, туку од подигање готовина од една и уплата на друга сметка на друштвото.Ревизорите констатирале дека не била воспоставена практика за водење благајнички дневник, не се изготвувала соодветна документација за примопредавање на готовината, не постоела прегледност на остварениот дневен пазар и не бил овозможен навремен увид и евидентирање на трансакциите. Дополнително, не бил воспоставен систем на внатрешни контроли, ниту јасно разграничување на надлежностите меѓу вработените.Иако во систематизацијата биле предвидени работни места благајник и шеф на сметководство, најголем дел од активностите поврзани со прием, ракување и евидентирање на готови пари ги извршувало едно лице – директорот на Секторот за финансии и сметководство. Во друштвото воопшто не функционирала внатрешната ревизија, што, според ДЗР, придонело недозволените и незаконски активности да останат неоткриени.Ревизијата утврдила дека директорот на Секторот за финансии и сметководство директно исплаќал аванси за мали добивки на дел од деловните соработници во износ од 13.971 илјади денари, без користење на пропишаниот механизам преку мастер дилер. За најголемиот дел од овие трансакции, во износ од 13.054 илјади денари, не била доставена уредна и валидна документација или воопшто немало документи, што создава несигурност за вистинитоста на евидентираните настани. Забележани се и случаи во кои на ист ден на исти деловни соработници им биле исплатени средства и преку благајна и преку мастер дилер, без логично објаснување.Кај одливите и приливите на готовина по основ на дадени и вратени аванси за исплата на мали добивки, во вкупен износ од над 44 милиони денари, ревизорите утврдиле дека поткрепувачката документација е спорна и неверодостојна. Дополнително, обезбедени се писмени изјави од вработени во друштвото со тврдење дека за наведените износи не биле примени ниту вратени аванси, што упатува на сомнеж за сериозни нерегуларности и можна злоупотреба на парични средства.Преку анализа на трговските книги, податоците од централниот онлајн систем и платформите за интернет игри на среќа, ревизорите утврдиле нереални и неоправдани сметководствени записи за нелогични трансакции по повеќе основи во вкупен износ од 122.490 илјади денари, што претставува сериозен сомнеж за злоупотреба на јавни средства.Во делот на инстант лотаријата, ревизорите утврдиле дека евидентираниот износ на неисплатениот фонд на добивки е за 63.294 илјади денари помал од износот според централниот онлајн систем, што не е во согласност со правилата на играта и ја доведува во прашање исплатата на идните добивки. За три инстант игри со добивки во предмети – станови, автомобили и електрични скутери – не била воспоставена сметководствена евиденција за набавените добивки, набавките биле вршени пред одобрување на правилата од Министерството за финансии, а не биле евидентирани трошоци и обврски во значителни износи.Во 2024 година за реклама, пропаганда, промоција и саеми биле потрошени 220.823 илјади денари, што е десет пати повеќе во однос на 2020 година. Ревизијата утврдила неправилности во јавните набавки за маркетинг, недостиг на прецизни договорни одредби, недоставени медија планови и извештаи, фактури без детален опис и сомнеж во оправданоста на дел од исплатените средства. Забелешки по овој основ утврдила и Управата за јавни приходи.Ревизорите изразиле сомнеж и за оправданоста на средствата потрошени за организирање настани, телевизиски продукции и услуги од маркетинг агенции, при што дел од емисиите за кои било платено не биле доставени, а за други биле исплатени повисоки износи од реалните.Неправилности се утврдени и при набавка на опрема, каде дел од опремата не одговарала на техничките спецификации, а со пописот бил утврден и кусок. Во делот на закупите, ревизијата покажува нерационално користење на јавни средства, зголемување на трошоците и плаќање закупнини за простори кои не биле користени. Забележани се и нерегуларности при реконструкција и реновирање на објекти, со утврдени неосновано поголеми износи.Ревизорите утврдиле и сериозни слабости во јавните набавки, со голем број постапки со една понуда, рамковни спогодби со еден оператор и избегнување на Законот за јавни набавки. Констатирани се и незаконски исплати по договори за дело, неправилности кај службените патувања, репрезентацијата, одржувањето на возила и други трошоци.Во извештајот се наведува дека за сите утврдени неправилности, незаконско користење на средства и сомнежи за незаконско работење, Државниот завод за ревизија ги известил надлежните институции за понатамошно постапување и дал конкретни препораки за отстранување на слабостите и унапредување на финансиското и материјалното работење на АД „Државна лотарија“.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryj0voeh5q65pjfVuHYXd

Навид Акрам кој уби десетици луѓе преживеа, се разбуди од кома: Почна распитот во болница

Нападот на плажата Бонди, најсмртоносниот во Австралија во изминатите три децении, уште е во центарот на вниманието на светската јавност: полицијата соопшти дека преживеаниот напаѓач Навид Акрам се разбудил од кома и дека започнало неговото испрашување во болница. Акрам, стар 24 години, беше хоспитализиран по размената на оган во која неговиот татко и соучесник, 50-годишниот Саџид Акрам, беше убиен на лице место.Според полицијата на Нов Јужен Велс, Навид бил извлечен жив со кардиопулмонална реанимација по неколку полициски истрели, а денеска, по денови во критична состојба, се разбудил од кома. Неговото апсење следеше по жестока вооружена пресметка на пешачки мост во близина на Бонди Бич.Таткото и синот се осомничени за убиството на 15 лица кои ја славеле Ханука на плажата во неделата навечер. Најмладата жртва имала 10 години, а најстарата 87. Покрај загинатите, десетици други лица се хоспитализирани со тешки повреди. Полицијата го опиша настанот како „пукање што се случува еднаш во животот“ и ги истакна храбрите постапки на офицерите кои интервенирале.Снимките од местото на нападот покажуваат искусен полицаец кој се засолнува зад дрво пред да отвори оган кон Саџид Акрам, додека вториот напаѓач – неговиот син – бил погоден двапати пред да биде совладан. Саџид починал пред пристигнувањето на медицинските екипи, а Навид бил реанимиран на самото место.Новите информации доаѓаат откако истражителите пронашле видео-снимка во Airbnb сместување што Акрамови го изнајмиле непосредно пред нападот. На видеото, таткото и синот позираат со оружје и дискутираат за свои екстремистички убедувања.Истрагата потврди дека двајцата се вратиле во Австралија по едномесечен престој на Филипините – регион со активни жаришта на исламистички екстремизам. По враќањето, резервирале краткорочен престој за 45 фунти по ноќ во Кемпси, 19 километри од Бонди, а на семејството рекле дека заминуваат на риболов.Полицијата продолжува да го реконструира движењето на напаѓачите во деновите пред масакрот, додека преживеаниот Навид Акрам останува во болнички надзор и под полициско обезбедување.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryo1njeu7i56p0ca7UQmS

СДСМ ја претстави дигиталната платформа „МИЦКО“ за пријавување случаи на корупција

На прес-конференција денеска, генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, го промовираше новиот дигитален проект на партискиот Антикорупциски тим – платформата „Македонски истражувачки центар за корупција и организиран криминал“ (МИЦКО), достапна на https://micko.mk/.Како што беше објаснето, платформата е наменета за истражување, систематизација и архивирање на јавно достапни податоци и материјали поврзани со наводни случаи на корупција во земјата. Според СДСМ, целта е граѓаните, новинарите и експертската јавност да добијат полесен пристап до собрани информации од повеќе извори.Од партијата наведоа дека тимот врши анализа на тендери, медиумски објави и случаи што се однесуваат на можни судири на интереси, како и други сомнителни активности во институциите на локално и централно ниво. Материјалите се архивираат во дигитален регистар со наведени извори, датуми и детални податоци.На платформата се објавени и дел од досегашните случаи што АКТ ги претставуваше во јавноста, меѓу кои и примерот со фирма со двајца вработени што добила тендери во вредност од 9 милиони евра, потоа компанија со 161 добиен тендер во вкупен износ од 5,3 милиони евра, како и наводите поврзани со преземањето на „Алта банка“.Платформата, како што беше истакнато, содржи и можност граѓаните директно да пријават сомнежи за корупција или злоупотреби, со опција да приложат документација и да го сторат тоа анонимно.„Ги повикуваме граѓаните, медиумите и организациите да се вклучат и да придонесат со пријавување“, рече Димитријевиќ, нагласувајќи дека платформата од денес е целосно оперативна.СДСМ оцени дека борбата против корупцијата е „заеднички интерес“ и најави дека сите преземени постапки ќе бидат јавно достапни преку платформата.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarydgavb81lnehud3WSk1H

Граѓаните на Белград може да здивнат: нема да се гради хотелот на местото на Генералштабот – фирмата на Кушнер се повлече од проектот

Проектот што со месеци го потресуваше Белград заврши со неочекуван пресврт: приватната инвестициска фирма „Афинити партнерс“ на Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти дека се повлекува од планот за купување на зградата на Генералштабот. Од фирмата за „Волстрит џурнал“ велат дека одлуката е донесена „од почит кон народот на Србија и градот Белград“, бидејќи, како што наведуваат, големите проекти треба да обединуваат, а не да предизвикуваат поделби.„Од почит кон народот на Србија и градот Белград, ја повлекуваме нашата апликација и се повлекуваме во овој момент“, изјави портпаролот на фирмата, пренесуваат српските медиуми.Повлекувањето доаѓа во момент кога случајот со Генералштабот стана предмет на кривична постапка: Обвинителството за организиран криминал поднесе обвинение против министерот за култура Никола Селаковиќ и уште тројца лица. „Волстрит џурнал“ потсетува дека Кушнер работел на проектот повеќе од две години, но дека тој станал „сè поконтроверзен“ поради постапките што ги презела власта.Кризата започна откако администрацијата на претседателот Александар Вучиќ се обиде да ја укине заштитата на културното наследство од комплексот на поранешниот Генералштаб, за да може просторот да му биде префрлен на Кушнеровиот инвеститор. Обвинителството реагираше, отворајќи истрага за фалсификување документи и апсејќи еден службеник. Како одговор, владејачката партија во Собранието со две брзи одлуки ги избриша заштитните статуси од оваа и од повеќе стари згради, потег што критичарите го оценија како неуставен и коруптивен.Опозицијата тврдеше дека државниот врв се обидува да му се додвори на Вашингтон. „Ова го нарекувате инвестиција, ние го нарекуваме велепредавство“, изјави пратеничката Мариника Тепиќ. Студентски протести, маршеви и најави за блокади и окупација на просторот дополнително го зголемија јавниот притисок.Во понеделникот, специјалниот обвинител соопшти дека поднел обвинение против Селаковиќ и уште три лица поради злоупотреба на службената должност и фалсификување документи поврзани со проектот.Според досега познатите информации, формално е потпишан само еден договор за заедничко инвестирање помеѓу стратешки партнер од САД и Србија. Во нацрт-форма се наоѓаат уште два договори за функционирањето на планираното заедничко вложување, како и предлог за 99-годишен закуп на земјиштето и модел за пренос на акции. Бидејќи документите не се потпишани или објавени, не можат ни да стапат во сила.Основниот инвестициски договор пропишува неколку причини за раскинување. Првата е неисполнување на т.н. претходни услови, неопходни за основање заедничка фирма. Други можни причини се непочитување на обврските во процесот на формирање на друштвото или неспособност страните да склучат договор за закуп и да го регистрираат во катастарот. Бидејќи во случајот не е постигнато ниту отворање на заедничка компанија ниту издавање под закуп на земјиштето – делумно поради нерешените оптоварувања на парцелите – договорот може да се раскине исклучиво поради неисполнети претходни услови.Интересно е што договорот предвидува дека само стратешкиот партнер може да го раскине договорот во таква ситуација. Србија, пак, има обврска во рок од пет дена од приемот на писменото известување да му ги надомести трошоците за раскинување: трансакциски трошоци плус еден милион евра. Стратешкиот партнер може да бара компензација и доколку државата прекрши некоја од дадените гаранции или ако гаранцијата се покаже како неточна и предизвикала загуба.Гаранциите се однесуваат на тоа дека земјиштето е навистина државно, дека не е оптоварено со реституциски или други права, дека даноците се платени – прашања што се директно поврзани со сомневањата дека укинувањето на заштитата за Генералштабот било направено со документ изработен надвор од законската постапка. Дали е така, ќе покаже текот на истрагата.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryv7j75pqpi97f6vh2Q1z

Ленче Карпузовска добитничка на признанието PRO PR Globe Awards

На 27 март 2026 година, во рамки на PRO PR Меѓународната конференција во хотелот „Хилтон“ во Подгорица, ќе бидат доделени престижните признанија PRO PR Globe People Achievement Awards. Добитниците на ова признание ги номинираат поранешни лауреати, меѓу кои и пет светски комуникациски здруженија: Public Relations and Communications Association (PRCA) – Здружение за односи со јавност и комуникации, International Public Relations Association (IPRA) – Меѓународна асоцијација за односи со јавност, World Communications Forum Association (WCFA) и Global Alliance. Исто така, од оваа година конференцијата, поради квалитетот на програмата, се бодува и добива статус CIPR CPD Approval (одобрување за програма за континуиран професионален развој на CIPR). На сите добитници ќе им бидат врачени уникатни графики, изработки на студенти од Факултетот за ликовни уметности во Цетиње.Добитничка на признанието од Македонија е Ленче Карпузовска, директорка на одделот за комуникации во ЕВН.Покрај неа, добитници на признанието од Босна и Херцеговина се: Звездана Жујо, сосопственичка и директорка на агенцијата Communis Sarajevo и Индира Мусиќ, маркетинг менаџерка во ASA Болници.Од Словенија: Јернеј Ковач, директор за корпоративни комуникации во Стопанската комора на Словенија и Изток Вердник, директор на секторот за корпоративни комуникации во Mercator.Од Црна Гора: Бранко Латиновиќ, раководител на Одделот за медиуми и односи со јавност во Фудбалскиот сојуз на Црна Гора. Милена Ѓерговиќ, директорка за стратешки партнерства во Kotor Art. Ивана Бобичиќ, извршна директорка на агенцијата Represent Communications. Лена Бошковиќ, раководителка на корпоративни комуникации во Vezuv Group и Сенада Мулешковиќ, директорка за односи со јавност во претпријатието Čistoća d.o.o.Од Хрватска: Ива Стилинoвиќ Граховац, раководителка за односи со јавност во Хрватскиот народен театар во Загреб и Влатка Камениќ Јагодиќ, директорка за корпоративен маркетинг и информирање во Кончар Електроиндустрија.Од Србија: Милица Милановиќ, директорка за корпоративни работи во Nestlé (Србија, Црна Гора, Северна Македонија), Жељка Јаковљевиќ, директорка за корпоративни комуникации во UniCredit Bank Србија и Сања Милаковиќ Колунџија, партнерка и сосопственичка на агенција за интегрирани комуникации во Executive Group.Од Бугарија: Марија Желијазова, раководителка за комуникации за Балканскиот кластер во компанијата AstraZeneca. Од Обединетото Кралство: Адвита Пател, претседателка на Chartered Institute of Public Relations и Фарзана Бадуел, избрана претседателка (2025) на Chartered Institute of Public Relations и основачка и извршна директорка на Curzon PR.Од Германија: Михаел Шрёдер, директор и основач на ORCA Affairs GmbH. Од Унгарија: Петер Елкан, директор за ПР и маркетинг во компанијата 4iG. Од Франција: Силвија Арто, глобална раководителка за комуникации за функции, технологија и оперативна ефикасност во BNP Paribas и Самуел Хит, директор за комуникации во Интерпол. Од Индија: Амит Прабху, основач на The Promise Foundation.Со признанието Vision Manager наградени се Бранко Митровиќ, CEO на компанијата One Црна Гора, Драган Бокан, претседател на Одборот на директори на компанијата Voli и Зорица Мишковиќ, менаџерка на трговски центар (Shopping Center Manager) во BIG Group. Transparency Awards: Ирена Радовиќ, гувернерка на Централната банка на Црна Гора.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryjiqlvejrdoogbqggILa

Трамп го прогласи фентанилот – најсмртоносната дрога во Америка – за хемиско оружје за масовно уништување

Претседателот на САД Доналд Трамп вчера потпиша извршна уредба со која фентанилот се прогласува за „оружје за масовно уништување“, со што овој синтетички опиоид не се третира само како смртоносна дрога, туку и како потенцијално хемиско оружје.Уредбата наложува и Пентагон и американското Министерство за правда да преземат дополнителни мерки во борбата против производството и дистрибуцијата на оваа супстанца. Одлуката доаѓа во период кога администрацијата на Трамп сè почесто применува поригорозни и поизразено милитаризирани методи во борбата против криумчарењето дрога.Од Белата куќа соопштија дека оваа мерка „ги активира сите алатки за борба против картелите и странските мрежи одговорни за преплавување на заедниците со оваа смртоносна материја“, со предупредување дека фентанилот може да се искористи за „концентрирани, масовни терористички напади од организирани противници“.„Илегалниот фентанил е поблиску до хемиско оружје отколку до наркотик“, се наведува во уредбата на Трамп. Засега не е јасно какви непосредни последици ќе има оваа одлука врз националните политики. Веќе постојат кривични дела за закана со употреба или обид за употреба на оружје за масовно уништување.Историски гледано, оружјето за масовно уништување се дефинира како „радиолошко, хемиско, биолошко или друго средство наменето за нанесување штета на голем број луѓе“, според американското Министерство за внатрешна безбедност.Уредбата следи по обидите на администрацијата на Трамп оваа година да ги прогласи нарко-картелите за странски терористички организации, што би послужило како оправдување за воена интервенција против нив.Од почетокот на септември администрацијата на Трамп извела повеќе од 20 напади врз пловила за кои се сомнева дека се поврзани со криумчарењето дрога во Карипското Море и Тихиот Океан, при што биле убиени повеќе од 80 лица.Војни аналитичари предупредуваат дека картелите кои оперираат во Карипскиот регион најчесто пренесуваат кокаин, а не фентанил, кој главно се упатува кон Европа, а не кон САД.Многу од хемикалиите потребни за производство на фентанил доаѓаат од Кина. Мексико е најголемиот извор на незаконски фентанил што завршува во САД, додека оваа супстанца е еден од водечките причини за смртни случаи од предозирање, иако бројот на такви случаи е во опаѓање последните години.Трамп и понатаму го посочува фентанилот како една од најголемите закани, настојувајќи проблемот да го решава со трговски мерки и построги казни за криумчарите.

Свет | пред 2 месеци

media-librarysi7d7agq2b41fqEiQUg

Бегаше од медиуми, стоеше зад премиерот, куп афери: Владата му „сплете” свилен гајтан на државниот обвинител Љупчо Коцевски

Спикерот Африм Гаши експресно на предлог и барање на Владата ја стави точката за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски на дневен ред на Собранието и пратениците на денешната седница ќе започнат со изнесување на аргументи за и против.Владата уште во февруари се подготви да го разреши државниот обвинител Љупчо Коцевски.Коцевски, според Владата, не ги задоволи критериумите за ефикасно обвинителство, направи процедурални пропусти и затоа на брза лента ја започна постапката за негово разрешување.Одредени експерти не беа убедени во законитоста на постапката бидејќи сметаат дека не се исполнети ниту еден од условите за предвремено разрешување на Коцевски, не е член на политичка партија и не е јасен критериумот по кој се оценило дека направил тежок прекршок. На ист став беа и колегите на Коцевски од Советот на јавни обвинители, кои се изјаснија против предлогот и ставот на Владата.Коцевски ,,ќари” уште неколку месеци и остана да го води ЈОРМ поради трагедијата во Кочани, за да нема застој и да има брза и ефикасна постапка. Коцевски, со сите сили се обиде да ја убеди јавноста дека работи посветено, професионално и без политички притисок за да има брза разрешница на случајот, па дури назначи и 15 обвинители да работат на случајот. Поапси се и инсистираше на притвор на се што има каква било поврзаност со трагедијата, па и да се работи за дејство од пред 13 години.Коцевски ќе остане запаметен како единствен обвинител, кој на настан стои позади премиерот, во јавноста имаше информации дека неговата ќерка давала на новинари информации за работата на обвинителството, иако ова упорно го демантираше.Се раскара со поранешниот шеф на Вишото јавно обвинителство Мустафа Хајрулахи за бонусите на СЈО. Хајрулахи не чекаше да го разрешат и побрза да си даде оставка, но Коцевски не успеа да се израдува и набрзо доби предновогодишна „честитка” oд Владата со барање за негово заминување.Обвинителите се жалат дека имале слаба комуникација со нивниот шеф и ретки се тие кои можеле да бидат примени кај него, се жалеа и учесниците во сообраајот, бидејќи Коцевски многу сакаше сите да знаат дека тој минува, поради флешерите од неговиот службен автомобил. Заради безбедност или чалам, верно беше чуван од неговото обезбедување.Во јавноста могу милуваше да се фали дека транспарентноста во Обвинителството започнала со него. Да, тој беше љубител на настапи но во медиуми кои тој ги бираше.Скопје 1 и Претрес имаат преписки со Коцевски и неговиот ПР со покани и барање за интервју и емисија со него. Но, сите, можеби дваесетина покани, не се одважи и не почувствува почит еднакво кон сите медиуми и гледачи да можат да го чујат и да добијат одговори на нивните прашања.Претрес ја остава отворена поканата за гостување на Љупчо Коцевски.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryu2c0m9v4n7h1bsWS6d5

Прилепчанец украл пари од манастирот „Св. Ѓорѓи“ во Неготино: Полицијата го уапси неколку часа подоцна

Полициски службеници од ОВР Неготино го уапсиле М.А. (44) од Прилеп, откако било пријавено дека со употреба на сила украл пари од манастирот „Св. Ѓорѓи“ во Неготино.Според информациите од полицијата, пријавата била примена околу 09:00 часот, по што веднаш биле преземени мерки за расчистување на случајот. Осомничениот бил лоциран и приведен околу 12:30 часот.По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygnojo6sv865e3oaea8G

Герасимовски: Поставени сите уреди за мерење бучава – инспекциските служби вршат контроли на 30 локации во Центар

Општина Центар ја заврши првата фаза од воспоставувањето систем за мониторинг на бучавата во јавниот простор со поставување на вкупно 30 уреди за мерење на бучава на повеќе фреквентни локации низ општината.Уредите се поставени на улиците: „Народен фронт“, „Наум Наумовски Борче“, „Орце Николов“, „Михаил Цоков“, „Славка Недиќ“, „Живко Чинго“, „Радњанска“, Бул. „Климент Охридски“, „Ленинова“, „Самоилова“, „Отон Жупанчиќ“, „Мирослав Крлежа“, „Ѓорѓи Пешков“, „Пиринска“, „Јордан Мијалков“, како и на Кеј „13-ти Ноември“.Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека уредите се наменети исклучиво за индикативни мерења и претставуваат значајна алатка за поддршка на инспекциските служби.„Овие мерни единици не препознаваат гласови, туку ја мерат амбиенталната бучава во децибели и фреквенцијата на звукот. Со тоа овозможуваме побрза и поефикасна реакција на инспекциските служби и подобра заштита на јавниот ред и мир“, изјави Герасимовски.Од Општина Центар информираат дека податоците добиени од уредите за мерење на бучавата, служат како индикатор за дополнителна теренска контрола, а врз основа на нив не се покренуваат прекршочни постапки.Инспекцијата за животна средина постапува согласно Законот за заштита од бучава во животната средина, при што санкции се изрекуваат исклучиво врз основа на официјални мерења извршени од акредитирана лабораторија.Согласно член 56 од Законот, прекршочните санкции се утврдуваат според големината на правниот субјект и изнесуваат од 6.000 до 7.000 евра за микро, од 13.000 до 14.000 евра за мали и од 37.000 до 41.000 евра за средни правни субјекти.Уредите се користат со посебен фокус на бучавата која потекнува од угостителски објекти и сообраќајот, со цел унапредување на квалитетот на живот и заштита на јавниот мир на граѓаните во Општина Центар.

Скопје | пред 2 месеци

media-library73pbbms5j3bm9ugWWcC

СДСМ обвинува за корупциска мрежа и најавува нова дигитална алатка против криминалот

СДСМ денеска обвини дека е откриена, како што велат, корупциска мрежа преку која милиони евра од јавните средства завршувале кај компании блиски до власта, преку наместени тендери. Според партијата, додека „тече грабеж на народот“, државата доцни со повеќе видови исплати.„Додека тече грабеж на народот каснат исплатите за породилното, доцни повратот на ДДВ, доцни социјалната помош, се намалува буџетот за болните од ретки болести, нема пари за поголеми плати и пензии“, наведува СДСМ, додавајќи дека граѓаните „едвај врзуваат крај со крај“, а власта се „богатела преку наместени тендери и сомнителни зделки“.Според изнесените податоци, една фирма добила 161 тендер во вредност од 5,3 милиони евра, а друга компанија, основана лани и со двајца вработени, добила тендери во вкупна вредност од 9 милиони евра. СДСМ го оцени ова како „организирано испумпување на граѓаните“, на кое, според партијата, мора да му се стави крај.Од партијата најавуваат и нова дигитална платформа како алатка во борбата против корупцијата и криминалот.„Граѓаните ќе стават крај на криминалот и корупцијата. Власта ќе ја вратиме назад во рацете на граѓаните“, се наведува во соопштението.СДСМ додава дека „не е крај кога ќе каже Мицкоски, туку граѓаните кажуваат кога е крај“, упатувајќи порака дека „сите ќе одговараат“

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryjgju6kebqu912S7hetV

(Фото) Скопје ја донесе празничната магија: новогодишната елка блесна на градскиот плоштад

Градот Скопје вчера ја одбележа свечената најава на празниците со осветлување на новогодишната елка и отворање на Божиќниот маркет. Настанот, кој собра огромен број жители и деца, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски го оцени како пресвртница во враќањето на празничниот дух во главниот град.Градот убав повторно блесна!Од срце ви благодарам, драги скопјани, најдраги дечиња, за масовното присуство, за радоста и за прекрасната енергија што вечерва ја споделивме заедно.По години сивило, Скопје повторно блесна, свечено ја осветливме новогодишната елка и официјално го отворивме Божиќниот маркет, со што симболично го означивме почетокот на празничната магија во нашиот главен град.Со оваа церемонија, Скопје направи значаен чекор напред кон визијата да се развива рамо до рамо со современите европски градови, создавајќи настани што носат позитивна енергија, заедништво и радост за сите генерации.Оваа вечер ќе остане запишана во историјата и ќе прерасне во убава традиција.Ви благодарам што со вашето присуство ја направивте оваа ноќ навистина посебна.Време е Скопје повторно да живее со светлина, насмевки и празнична топлина.

Скопје | пред 2 месеци

media-library19sj3ql8p0ct7mBSvhe

Матичарите штрајкуваат: денеска нема изводи, нема запишување бракови – револтот зовре

Граѓаните денеска нема да можат да извадат документи од Управата за водење на матични книги, затоа што вработените ќе бидат на своите работни места, но целосно ќе ги прекинат обврските како знак на револт кон институциите што, како што велат, не ги исполниле дадените ветувања и не го потпишале колективниот договор.Од Независниот синдикат на Управата се децидни: ако нема поместување, следниот чекор може да биде генерален штрајк.Потпретседателот на синдикатот, Насер Џемаили, предупредува дека состојбата со кадарот и платите одамна е алармантна:„Никому не му е гајле за вработените во Управата за водење матични книги. Ниту една институција не реагира на нашите барања. А ние сме една од најважните управи во државата – без нас нема изводи, нема запишување бракови.“Во Управата се вработени околу 350 лица, најголем дел од нив земаат минимална плата, а хроничниот недостиг од работници постојано го оптоварува системот. Според Џемаили, недостигаат над 90 вработени, што доведува до сè почести одливи на кадар – токму поради ниските примања.Штрајкот продолжува додека не се обезбеди решение, а граѓаните денеска ќе се соочат со целосен застој во издавањето на најосновните лични документи.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryefgsr40572q25AHItJU

Што правеле на Филипините таткото и синот кои го изведоа масакрот на Бонди? Нови детали откриваат можен мотив за нападот

Австралиските и филипинските власти интензивно ги реконструираат последните движења на Саџид и Навид Акрам — татко и син кои го изведоа терористичкиот напад на плажата Бонди во Сиднеј, при што загинаа 16 лица, а околу 40 беа повредени. Испливуваат нови сознанија за нивниот едномесечен престој на Филипините непосредно пред нападот.Истрагата покажува дека двајцата отпатувале од Австралија на 1 ноември и останале на Филипините до 28 ноември, информација што ја потврди имиграциската служба во Манила. Последната точка од нивното патување била градот Давао, на југоистокот од островот Минданао — регион каде што со години се активни исламистички милитантни групи, особено во посиромашните делови на централниот и југозападниот дел од островот.Според австралиските медиуми, кои се повикуваат на безбедносни извори, токму на Филипините таткото и синот наводно поминале „воена обука“. Иако оваа теза доминира во јавните извештаи, ни австралиските ни филипинските власти засега не ја потврдуваат официјално.Полицискиот комесар на Нов Јужен Велс изјави дека се испитува секој аспект од нивниот престој:„Се разгледуваат причините за патувањето, целите и сите локации на кои престојувале“.И филипинската армија излезе со став дека засега нема докази дека двајцата учествувале во било каков вид воена активност, но потврди дека истрагата продолжува.Пасошките податоци откриваат дека Саџид Акрам, кој има 50 години, патувал со индиски пасош, додека 24-годишниот Навид влегол во земјата како австралиски државјанин. Саџид живеел во Австралија од 1998 година, имал дозвола за огнено оружје поради рекреативен лов и бил член на стрелачки клуб.Би-би-си објави дека двајцата биле поддржувачи на групата „Исламска држава“ во Сиднеј, а симболи и знамиња со идеолошка содржина биле пронајдени во нивниот автомобил по нападот.Австралиската Еј-би-си дополнително открива дека Навид, иако роден во Австралија, уште пред повеќе од пет години бил испрашуван од полицијата поради врски со локална ќелија поврзана со ИД. Во тоа време било проценето дека не претставува закана и дека нема индиции за негово можно учество во насилство.Нападот на Бонди ја потресе цела Австралија, а граѓаните непрекинато му оддаваат почит на 15-те жртви и на претепаниот напаѓач кој загина на местото на инцидентот. Паралелните истраги што ги водат австралиските и филипинските служби имаат цел да утврдат дали нивното патување било дел од поширока мрежа на радикализација.

Свет | пред 2 месеци

Sobranie-zgrada

Денеска пред пратениците разрешувањето на Коцевски и резолуцијата за миграциите

Денеска во Собранието се отвора една од поконфликтните точки на актуелната политичка агенда – на 76. седница пратениците ќе расправаат за предлогот за разрешување на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љупчо Коцевски, како и за резолуцијата поднесена од ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ, со која се осудуваат, како што се наведува, манипулациите на опозицијата и се потврдуваат политиките против нелегалната миграција.Иницијативата за разрешување доаѓа од Владата, која во образложението наведува низа сериозни забелешки за работата на Коцевски. Според извршната власт, тој направил тешки професионални пропусти во раководењето со Јавното обвинителство, постапувал спротивно на законските обврски и со своите дејствија го нарушил угледот на институцијата.Во предлогот се посочува и дека Коцевски неовластено изнесувал информации и податоци поврзани со судски предмети, со што, според Владата, ја прекршил законската обврска за заштита на тајноста на постапките. Дополнително, му се става на товар дека не постапувал во согласност со уставните и законските надлежности, како и со меѓународните договори што државата ги има ратификувано.Покрај разрешувањето на Јавниот обвинител, пратениците ќе се изјаснуваат и за резолуцијата за миграциските политики, со која владејачките партии бараат јасна политичка осуда на, како што наведуваат, обидите на опозицијата за манипулирање со прашањето за мигрантите.Седницата се очекува да отвори жестока расправа, со оглед на чувствителноста на темите и нивната директна поврзаност со правосудството и безбедносните политики на државата.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryoa5erbmlc0f318TAU6m

Европа и САД ги финализираат деталите на договорот за крај на војната во Украина: Формирање мултинационални сили се дел од пакет мерките

Деталите за безбедносните гаранции за Украина — кои треба да ја отворат патеката кон траен мир и крај на руската агресија — интензивно се усогласуваат меѓу европските лидери, Вашингтон и Киев. На синоќешната средба во Берлин, групата највисоки европски претставници првпат јавно потврди дека се разгледува формирање мултинационални сили предводени од Европа и поддржани од САД, како дел од поширокиот пакет мерки за стабилизирање на украинската држава по завршувањето на војната.Во заедничката изјава се нагласува дека овие сили би имале повеќеслојна улога: обнова на украинските вооружени капацитети, заштита на украинското небо и поддршка за побезбедни мориња, со можност да дејствуваат и директно на украинска територија. Со ова би се зајакнала оперативната способност на Украина во периодот по постигнувањето на мировен договор.Изјавата ја потпишаа претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, германскиот канцелар Фридрих Мерц, францускиот претседател Емануел Макрон, финскиот претседател Александер Стуб, премиерките на Данска и Италија Мете Фредериксен и Џорџа Мелони, како и премиерите на Велика Британија, Полска, Норвешка, Холандија и Шведска — Кир Стармер, Доналд Туск, Јонас Гар Сторе, Дик Схоуф и Улс Кристершон.Лидерите подвлекуваат дека безбедноста, суверенитетот и долгорочниот просперитет на Украина се составен дел од заедничката евроатлантска стабилност. Украинскиот народ, се наведува, мора да добие гаранции за независна иднина, ослободена од заканата од нова руска агресија.Посебно внимание е посветено на напредокот што го постигна американскиот претседател Доналд Трамп во рамки на своите напори да ги обликува предусловите за праведен и долготраен мир. Европските лидери ја поздравуваат неговата интензивна координација со тимот на украинскиот претседател Володимир Зеленски и со европските преговарачи.Тие изразуваат согласност да работат заедно со Трамп и Зеленски во дефинирање мировен договор што ќе ги заштити украинскиот суверенитет и европската безбедност. Во документот се потенцира „силната конвергенција“ меѓу САД, Европа и Украина.Како дел од договорот, државите се подготвени да обезбедат робустни безбедносни гаранции и економска поддршка за закрепнување на Украина, дополнети со обврска за долгорочна изградба на армиски капацитети. Според изјавата, Украина треба да задржи мирновременско ниво на вооружени сили од околу 800.000 лица, со цел да може ефикасно да одвраќа идни конфликти и да ја брани својата територија.

Свет | пред 2 месеци

katica

СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Нема да ви помине Катица, нема да ви поминат мигрантите за пари, народот ви подготвува крај“.

СДСМ реагира дека Кривичниот суд и официјално потврди дека на поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева ѝ е одобрен условен отпуст од затвор.Отпустот започнува од 21.12.2025 година и трае до 21.08.2026 година. Од вкупната затворска казна од 7 години, дозволен е условен отпуст од 8 месеци.,,Овие факти и периодот токму сега и до летото наредна година, во целост го потврдува сценарио од стратегијата на ДПМНЕ кое целосно го разоткивме.Зошто сега?Затоа што темата со мигрантите за пари стана национална тема, корупциските скандали за наместени тендери покажуваат како се крадат 14,5 милиони евра преку 161 тендер, затоа што кога нема пари во буџетот за плати и пензии а граѓаните тоа го чувствуваат секој ден.Јанева треба да биде искористена како алатка на ДПМНЕ во нивната црна кампања и во нападите врз СДСМ.Нема да ви помине Катица. Нема да ви поминат мигрантите за пари. Нема да ви помине ниту едно сценарио за манипулација и дефокус. Народот ви подготвува крај“, велат од СДСМ.

Македонија | пред 2 месеци

296165897_758644842021009_8011557410898836559_n

Поевтинуваат горивата за два денари

Бензините и евродизелот од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денара по литар, а цената на екстра лесното масло за домаќинството се намалува за еден денар, одлучи денеска РКЕ. Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,09 проценти.Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 73 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 75, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 66,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 65,5 денари за литар.Со одлуката на РКЕ за 0,248 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 32,635 денари.Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 4,932 отсто, кај дизелот за 4,357, кај екстра лесното масло за 1,790 и кај мазутот за 1,013 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1167 отсто.

Македонија | пред 2 месеци

media-library56cnajh7tbrp3l0Gsfi

Без огномет, Каролина, Тамара и македонски ѕвезди на дочекот на Нова година

Скопјани и сите добронамерници ќе ја пречекаат Новата 2026 година со голем музички спектакл на плоштадот „Македонија“.Ќе настапат Каролина Гочева, Тамара Тодевска, Лара и Пајак, Миле Кузмановски, Куку Леле Лина Пејовска.Деталите за новогодишната програма денеска ги соопшти градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на прес-конференција на која објави дека годинава градот се откажува од традиционалниот огномет и се стремат кон модерен и семеен концепт на прослава.Публиката ќе има можност да ги слушне и најталентираните скопски средношколци, кои ќе настапат со свои музички изведби и свои бендови. Во програмата се вклучени сите средни училишта ид Скопје.„За новогодишната ноќ јас инсистирав да настапат само домашни пејачи. Покрај програма за дочекот од наредните денови ќе има програма за деца, но и за млади. Фокусот ни е да направиме забава за младите и на тоа ќе работиме во наредните години“, рече Ѓорѓиевски.Со ребалансот на буџетот се издвоени средства за оваа намена, а единствениот трошок за градот Скопје е украсувањето, кое е помалку од 70.000 евра. Изведувачите ќе ги плати Државна лотарија.Новинарите на прес конференција прашаа дали ќе има албански изведувачи, скопскиот градоначалник одговори дека „музиката не познава вера и нација“ и ги повика сите на обединување.

Скопје | пред 2 месеци

media-library2odh8t9f4vb3eFwCNg5

Поезија, музика и дипломатија: Во амбасадата во Пекинг блесна мултимедијалниот настап на Маријана Котевска Георгиева и Тони Китановски

Во Амбасадата на Република Северна Македонија во Пекинг се одржа мултимедијален културен настан што го спои поетското творештво на Маријана Котевска Георгиева со гитарската уметност на реномираниот музичар Тони Китановски.Настанот го отвори амбасадорот Сашко Насев, кој ја истакна важноста од вакви културни содржини во продлабочувањето на соработката меѓу Македонија и Народна Република Кина.Публиката, во која присуствуваа амбасадори од повеќе земји, конзули, политички претставници, дипломати, медиуми и љубители на уметноста, со одушевување ја следеше неконвенционалната комбинација на две уметнички форми.Новата поетска збирка поезија на Маријна Котевска Георгиевс која ќе биде објавена во издание на „Арс Либрис публикации“, го носи насловот „Сè се случува кога не се случува ништо“.Поезијата се читаше на македонски, кинески и англиски јазик, бидејќи збирката, покрај македонското, ќе има и свое кинеско и англиско издание.

Магазин | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања