Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Анита Буховски

media-libraryec5isj0juqvvdF0RHil

ЏАМБО влегува во Гевгелија со најсовремен маркет и голема нова инвестиција

Гевгелија добива нова трговска точка – ЏАМБО овој викенд ќе го отвори својот најнов и технолошки најсовремен маркет во рамките на „Gevgelija Mall“. Со овој објект, планиран да стартува на 13 декември, брендот го проширува своето присуство во Македонија и го зацврстува влезот на јужниот пазар, по успешните проекти во Скопје, Тетово и Битола.Со инвестицијата, компанијата не се насочува само кон проширување на продажната мрежа, туку и кон создавање нови работни места, што ја зајакнува локалната економија и носи дополнителна динамика во трговијата во регионот. ЏАМБО наведува дека присуството во Гевгелија е дел од долгорочната стратегија за развој и потврда на довербата во македонскиот пазар.Новиот објект, поставен на простор од 3.000 квадратни метри, е уреден според меѓународни стандарди и нуди повеќе од 20.000 производи – од играчки и украсни артикли, до широк спектар производи за домот. Во рамките на маркетот е интегриран и селектиран асортиман од брендот ВЕРО, што им овозможува на купувачите поголема практичност и повеќе избор на едно место.Генералниот директор на ЏАМБО во Македонија, Петар Денковски, изјави дека отворањето во Гевгелија претставува значајна точка во развојните планови на компанијата, нагласувајќи дека растот на брендот оди рака под рака со вложување во заедницата. Тој додаде дека компанијата ќе продолжи со експанзијата во 2026 година, кога е планирано отворањето на нов објект во Струмица.Свеченото отворање ќе се одржи во 12 часот на 13 декември, а посетителите ќе бидат пречекани со специјални активности и семејна програма во рамките на „Gevgelija Mall“, што е дел од обидот на компанијата да создаде празнична атмосфера за посетителите од целиот регион.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryf2svr31e8el223KGwkV

Мицкоски: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ со иницијатива до советите за документ дека мигрантски кампови нема да има, ширењето на лажна паника e кривично дело

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговори на новинарско прашање во однос на се позачестените иницијативи по советите во општините во земјата и кампањата на Венко Филипче за мигранти каде што потенцира дека мигрантски кампови нема да има, а дополнително и советниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат иницијативи до советите во општините, да гласаат документ дека мигрантски кампови на териториите  на општините нема да има.„Не можам да се изначудам се уште кој ги насанка на оваа тема, бидејќи оваа тема тотално не оди во нивна полза, бидејќи самите тие се тие кои што на владина седница гласале за да се градат такви приватни мигрантски кампови и за што имало протести во минатото, вклучително и ние. Јас тоа го кажав во една моја изјава, дека во темелните вредности на ВМРО-ДПМНЕ, е антиемигрантската политика, за што бевме обвинувани дека сме ксенофобична партија. Сега, сосема спротивни обвинувања од страна на СДСМ, а вистината е јасна. Апсолутно таква работа ниту ќе се случи ниту има некој план, или размислувал дека такво нешто се случило. Впрочем такви беа изјавите од единствениот официјален извор, од Британската амбасада во земјава“ кажа Мицкоски.Мицкоски истакна дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ во текот на следната недела ќе достават до советите да се гласа таков документ дека мигрантски кампови на териториите на тие општини нема да има.„Инаку, советниците на ВМРО-ДПМНЕ во текот на следната недела ќе достават до советите да се гласа еден таков документ, со којшто ќе се јасно стави до знаење дека таа е политиката, односно антиемигрантската политика, политика која што се бори против нелегалната миграција и генерално таков тип на процеси.  Нема на територијата на тие општини да се создадат такви мигрантски кампови и ќе побара од надлежните институции согласно Кривичиниот законик, да поведат процеси против сите оние кои што сеат страв паника. И покрај  јавно изнесените деманти од страна на Владата, тие се кривично одговорни за тоа што го прават, бидејќи јас разбирам да вие имате во вашата партија проблеми, не можете да мобилизирате извршен одбор, никој не ви се нафаќа да формирате структура, општински организации како и да ги викаат и тоа е во ред“ истакна Мицкоски.Мицкоски истакна дека и покрај сите деманти од Владата и министерствата, СДС и понатаму свесно шири страв и паника кај населението а за тоа во Кривичниот законик се предвидени одредени санкции.„И разбирам еве таа тема да ја покренете еднаш два пати, но кога веќе официјално стигнува демант од претседателот на Владата, од соодветните министерства внатрешни и надворешни, мислам дека од тој момент па натаму вие го поминувате рубиконот и вие свесно и покрај демантите ширите паника и страв и за тоа во Кривичниот законик се предвидени одредени санкции“ нагласи Мицкоски.Мицкоски ги повика соодветните органи да поведат процеси против тие лица.„Јас ги повикувам соодветните органи да излезат од тие октруирани стеги на претходната влада на СДСМ и ДУИ и против овие лица да покренат, би рекол, процес. Затоа што, многумина од граѓаните се загрижени со право, ми се јавуваат и ме прашуваат и покрај тоа што веќе една недела цело време зборуваме со деманти и кажуваме дека такво нешто неа да се случи. Еве ќе поминат месец, два, три, ќе дојде пролет“ рече Мицкоски.Мицкоски потенцира дека мигранти нема да има и нагласи дека трајно ќе ја напушти политиката доколку некој од СДС пронајде барем еден мигрант. „Мигранти нема никој да види. Впрочем јас реков еве трајно ја напуштам политиката, ако раководството на СДСМ, тоа бар што остана таму од СДСМ пронајде и еден мигрант, којшто е дел од договорот со Обединетото Кралство или било кој друг договор, јас реков дека заминувам трајно од политиката. Еве нема подобар начин, бидејќи се уплашени континуирано од мене, сега мене ми ги бројат овие последни четири години како претседател на ВМРО-ДПМНЕ и сега тие од СДСМ, практично во овој случај, имаат начин еве како да се спасат од мене и порано. Еве нека најдат еден таков мигрант, којшто е резултат на договорот со Обединетото Кралство или со некој друг договор, па да видиме. Ако не јас реков еве не барам да заминат од политиката, тие нека си одлучат, не им се мешам тоа е нивна внатрешна работа. Велам, да се извинат. Ќе дојде и февруари и март, нели го кажаа, нема да има избори, нема да има мигранти и свесно некој ширел паника меѓу граѓаните. Јас разбирам слобода на говор, ама кога веќе 5 пати некој демантира дека тоа ќе се случи, тогаш треба да се застане со таа работа“ истакна Мицкоски.

Македонија | пред 2 месеци

media-library7seiljl1dfs436NQhhA

(Видео) На полигонот „Криволак“ утре ќе се уништува голема количина на минско-експлозивни средства запленети пред 15 години

Полициски службеници од страна на Оддел за криминалистичка полиција - Единица за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал во координација и содејство со полициски службеници од Единица за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи при Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал, врз основа на претходно изготвен план преземаат соодветни мерки и активности за ништење на огромна количина на минско-експлозивни средства.После цели 15 години, во текот на утрешниот ден (13.12.2025), минско-експлозивните средства од касарна „Ѓорче Петров“ до армискиот полигон „Криволак“ ќе бидат транспортирани со товарни возила-камиони на АРМ каде во присуство на Комисијата за уништување на оружје, делови и компоненти на оружје, муниција и експлозивен материјал, од страна на полициски службеници од Единица за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи, стручни лица од АРМ и пиротехничари од Дирекција за заштита и спасување ќе биде спроведено нивно уништување со контролирана детонација.Фактот дека ова е прв случај на уништување на ваков тип минско-експлозивни средства по цели 15 години, за жал, говори дека претходно не била соодветно третирана безбедноста на граѓаните со должната сериозност. Денешниот чекор јасно покажува дека со одговорен пристап, вистинска посветеност и професионално раководење, овој сегмент од безбедносниот систем конечно се поставува на ниво какво што одамна требало да биде

Македонија | пред 2 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-27-8480PM

Скопскиот аеродром го достигна рекордниот праг од три милиони патници – Николоски: „Ова беше незамисливо пред две децении“

Скопскиот аеродром денеска го испрати својот три милионити патник, што претставува највисока бројка досега постигната во историјата на македонската цивилна авијација. На свечениот настан присуствуваше вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со раководството на ТАВ Македонија.Министерот нагласи дека со ваквиот раст, Меѓународниот аеродром Скопје се позиционира како значаен регионален центар за патнички сообраќај. „Драго ми е што ова прекрасно семејство што денеска патува до Бари ја имаше среќата да биде три милиониот патник на Скопскиот аеродром. Ако споредиме со нешто што се случуваше пред 10, 20 и 30 години ова било незамисливо, Скопскиот аеродром веќе станува центар за целиот регион“, изјави Николоски.Тој посочи дека од септември минатата година до денеска се воведени вкупно 21 нова дестинација на двата македонски аеродроми. Според него, ниту една држава во регионот во истиот период нема отворено толку голем број линии. Проекциите покажуваат дека Скопскиот аеродром ќе ја заврши годината со околу 3,2 милиони патници, а охридскиот со повеќе од 300.000, односно над 3,5 милиони патници на државно ниво.Николоски истакна дека бројките растат континуирано и дека во ноември е забележано зголемување од 25 проценти во однос на истиот месец лани. Овој пораст, рече тој, се поврзува и со поинтензивниот туристички промет и подобрената деловна активност.Министерот најави дека и во 2026 година ќе продолжи проширувањето на понудата. Од 6 април ќе стартуваат линиите Скопје–Наполи и Скопје–Будимпешта, а од 28 јуни ќе се воспостават нови сезонски рути од Охрид до Катовице, Вроцлав и Милано. Ќе почне да сообраќа и редовната линија Охрид–Виена на австриската авиокомпанија.Tој изрази оптимизам дека веќе следната година бројката од 3,5 милиони патници само на Скопскиот аеродром ќе стане достижна.

Македонија | пред 2 месеци

media-library2n1lie04fibb1k5sddE

ЗК Пелагонија отвора Агро Еко Центар за обука во зелени и дигитални вештини

ЗК Пелагонија го најави отворањето на „Агро Еко Центар за Обука за Зелени Вештини“, место каде земјоделците, учениците и студентите ќе стекнуваат практични знаења за современи, дигитални и одржливи земјоделски практики. Во рамки на центарот, на 2 декември ќе биде пуштена првата „АгроЕкоСтаница за зелени вештини“, развиена во соработка со Стопанската комора. Преку оваа иницијатива, Пелагонија се позиционира како регион кој активно ги применува европските модернизациски стандарди во земјоделството.Центарот за обука на ЗК Пелагонија ќе отвори уникатна можност за идните, но и за постоечките земјоделци, ученици и студенти да учат од реални примери, да предвидуваат ризици, да применуваат современи технологии и да развиваат одржливи и иновативни земјоделски практики – создавајќи професионалци со зелени вештини подготвени за иновативно и одговорно управување со ресурсите.Првиот проект на „Агро Еко Центар за Обука за Зелени Вештини“ е реализиран во соработка со Стопанска комора на Северна Македонија Economic Chamber of North Macedonia, кадешто на 02 декември 2025 година ќе биде отворена првата „АгроЕкоСтаница за зелени вештини“ – технолошка иновација која претставува важен чекор кон воведување на паметни решенија во земјоделството и можност за континуирана практична обука за идните „Еколошки агротехничари“.АгроЕкоСтаница за зелени вештини ќе претставува современа платформа во склоп на центарот за обука што ќе овозможи развивање на компетенции за еколошко и рационално управување со земјоделските ресурси преку практична работа со современи дигитални алатки:Следење и анализа на состојбата на почвата, растенијата и климатските услови според податоците од сензорите на АгроЕкоСтаницата.Пристап до податоци во реално време и примена на еколошки мерки за заштита на културите и обновување на биолошкиот диверзитет кој ќе доведе до контролирана употреба на заштитни средства, минерални ѓубрива и рационално користење на вода за наводнување.Препознавање и превенција на ризици како суша, болести и штетници преку дигитални предупредувања.Поддршка за одржливи и ефикасни земјоделски практики.Основната цел на ЗК Пелагонија е да ја доближи најсовремената технологија до локалните земјоделци, ученици, студенти и сите заинтересирани, градејќи заедница која се развива преку знаење, иновации и практична примена.Со оваа иницијатива, Пелагонија продолжува да се позиционира како регион што го следи европскиот пат на модернизација и дигитализација во земјоделството.Полињата на ЗК Пелагонија стануваат отворена книга – реален простор каде идните агротехничари, студенти и земјоделци ќе учат, иновираат и применуваат зелени вештини во реални услови – пример за одржливо и модерно земјоделство, се вели во објавата на ФБ.

Македонија | пред 2 месеци

bolnica-prilep-34-750x430-696x399-1

За благајникот од прилепската болница кој проневерил 244.000 евра Обвинителството бара куќен притвор

Постапувајќи по кривична пријава од Управата за финансиска полиција, Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за продолжено кривично дело – Проневера во службата од член 354 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Постои основано сомнение дека тој во временскиот период од 01.01.2020 година до 31.12.2021 година,  во својство на службено лице – самостоен референт – главен благајник во Одделение за материјално финансиско работење во Сектор за материјално – финансиски работи и сметководство при ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Прилеп, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, присвоил пари  доверени во службата.Тој во повеќе наврати дел од наплатените и примените парични средства од шалтерите на болницата, наплатени од пациентите по основ на партиципација и приватни здравствени услуги, не ги уплатил на банкарската сметка на болницата, не изготвил обрасци „каса-прими“ и истите противправно ги присвоил за себе со што прибавил значителна имотна корист во вкупен износ од 15.063.284 денари.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка куќен притвор за осомничениот.

Македонија | пред 2 месеци

trajko-slavevski-pretres-1

Во „бомбата“ на СДСМ се споменува и името на Гувернерот: „Дали изборот на Трајко Славески на чело на НБРМ беше поради Алта Банка?

Пред само два месеци српската Алта банка ја презеде ‘Стопанска Банка АД Битола’. За тоа согласност дал Трајко Славески, гувернер на НБРМ,“ предупреди Александар Саша Димитријевиќ, челн на ЦО на СДСМ, додавајќи дека тоа поставува клучно прашање:„Дали токму тоа е причината за која Трајко Славевски беше избран за Гувернер НБРМ, само за да тивко и експедитивно се реализира токму оваа зделка?“Димитриевиќ дополнително истакна: „Како тоа Европската централна банка има преземено ваков ригорозен чекор, а Трајко Славевски и НБРМ без размислување го дозволиле преземањето во Македонија? Зошто не биле по внимателни?“Тој ја поврза оваа зделка со сериозни финансиски ризици, додавајќи дека токму тоа е српското сценарио на кое предупредуваше СДСМ. „Бараме Финансиското разузнавање и Финансиската полиција да отворат истрага за ова крајно сомнително преземање. Бараме да се испитаат потеклото на парите и ризикот од перење пари“, потенцираше Димитријевиќ на денешната прес конференција

Македонија | пред 2 месеци

media-librarydsnce53qrfaa1R85wC0

Кој е планот на Трамп за Западен Балкан?

Новата американска Стратегија за национална безбедност, потпишана од претседателот Доналд Трамп, јасно укажува на пренасочување кон строго дефинирани американски приоритети, при што Западниот Балкан се споменува само маргинално, пренесува Дојче веле.Претседателката на Атлантскиот совет во БиХ, професорката Дијана Гупта, наведува дека документот недвосмислено ја поставува тезата „Америка на прво место“, со фокус на националната безбедност, економијата, борбата против криминалните картели и миграциите.„Соединетите Американски Држави низ историјата му помогнале на голем дел од светот, но тоа често не било доволно вреднувано. Доналд Трамп сака другите да почувствуваат што значи кога Америка пред сè се грижи за себе и за своите граѓани“, изјави Гупта за Дојче веле.Според неа, спречувањето на конфликтите во Украина и на Блискиот Исток останува врвен приоритет, додека партнерството со Европа нема да биде доведено во прашање. „Во свет со повеќе центри на моќ, безбедноста е најважна, а интересите на ЕУ и САД се длабоко испреплетени“, истакнува таа.Западниот Балкан на маргините на стратегијатаВојниот аналитичар Хамза Вишта нагласува дека регионот се појавува речиси исклучиво во контекст на односите меѓу Србија и Косово. „Ниту БиХ, ниту регионот во целина немаат значајна улога во документот. Главниот фокус е насочен кон американските интереси во западната хемисфера“, наведува тој.И покрај тоа, стратегијата испраќа важна порака: САД можеби не се подготвени да интервенираат како во минатото, но остануваат спремни да стабилизираат средини каде што има потенцијал за сериозни американски инвестиции.„Доколку се создадат услови за влез на американски капитал во БиХ, тоа подразбира и подготвеност да се заштитат тие вложувања – секако на места каде интересите на партнерите се совпаѓаат со интересите на САД“, објаснува Вишта.Тој додава дека БиХ треба да сфати: колку се посилни односите со Америка и колку е поотворена економијата, толку е постабилен безбедносниот амбиент. Како примери ги наведува јужната гасна интерконекција и можностите за соработка во наменската индустрија.Геополитичка важност и европски интеграцииГупта посочува дека Западниот Балкан мора цврсто да остане на курсот кон НАТО и Европската Унија. „Регионот нема реална перспектива надвор од евроатлантските процеси. Балканот е премногу важен за да биде оставен на маргините. Интеграцијата е предуслов за стабилност, развој и демократски напредок“, истакнува таа.Таа предупредува дека БиХ е политички сложена држава со тешко постигнување консензус. „БиХ е како во политички кружен тек. Без силна поддршка од САД и ЕУ тешко може да се направи исчекор. Затоа е неопходно градење компромис и одржување на мирот“, додава Гупта.Воено-политичкиот аналитичар Недџад Ахатовиќ смета дека промената на американскиот пристап кон проширувањето на НАТО дополнително го усложнува патот на земјите од регионот кон членство. Според него, тоа отвора простор за јакнење на влијанието на Турција и Русија, додека Кина веќе е значаен фактор во регионот.„Србија е најголемиот купувач на руско и кинеско оружје, а воедно ги продлабочува и економските врски со Пекинг“, посочува Ахатовиќ.Американската улога во БиХ останува клучнаБезбедносниот експерт Владимир Вучковиќ уверува дека САД нема да се повлечат од БиХ. „Дејтонскиот договор е еден од најзначајните надворешнополитички успеси на САД. Вашингтон нема да се откаже од него“, рече тој.Вучковиќ појаснува дека забелешките на САД за издвојувањето средства за одбрана во рамки на НАТО се внатрешно прашање на Алијансата и не претставуваат директна закана за Балканот. Независно од тоа кога и дали БиХ ќе стане дел од НАТО, важно е да остане на патот кон Европската Унија.Тој ја нагласи и важноста на мисијата Еуфор Алтеа, оценувајќи дека таа и понатаму е подготвена да одговори на сите безбедносни предизвици.Пониски очекувања, поголема одговорностИако новата стратегија посветува малку внимание на регионот, експертите сметаат дека пораката е јасна: САД ќе бидат присутни таму каде што има сигурни институции и јасен економски интерес.За БиХ тоа значи помалку очекувања од надворешни актери и повеќе напори за зајакнување на внатрешниот политички дијалог и односите со Вашингтон и Брисел.„Каде што се вложуваат американски средства, САД нема да дозволат тие да бидат загрозени“, заклучува Хамза Вишта.

Свет | пред 2 месеци

media-library4b1b5lekbb309xb5Ccs

Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска објавува нова бомба: Српското сценарио се потврдува и преку зделките со Алта Банка

„Српското сценарио се потврдува во Македонија и преку зделките со Алта Банка,“ , предупреди Александар Саша Димитријевиќ, член на ЦО СДСМ, посочувајќи дека преземањето на „Стопанска Банка АД Битола“ од страна на српската Алта Банка е реализирано веднаш по доаѓањето на власт на ДПМНЕ.Тој истакна дека „Банкарот на Вучиќ стана банкар и на Мицкоски“, што, укажува на сериозно политичко-финансиско влијание.Димитријевиќ детално објасни дека сопственикот на Алта Банка, Давор Мацура, во Србија стекнал огромни државни бизниси иако до вчера бил сопственик на мала менувачница, наведувајќи дека токму тој модел на сомнителни зделки е препознатлив за власта на СНС и Александар Вучиќ.Тој потсети дека Европската централна банка му го суспендирала правото да купи удел во Адико банка поради сомнеж за потеклото на капиталот, како и дека постои долга истрага за Alta Pay поради сомнежи за перење пари.„Ова значи легален влез на сомнителни финансиски текови во Македонија и отворање врата за можно перење пари. Еве го српското сценарио на кое предупредуваме!“, потенцираше Димитријевиќ.Тој оцени дека ова преземање е нераскинливо поврзано со финансиско-политичката мрежа на владејачките структури со Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, со што се создава ризик за трансфер на сомнителен капитал и влијанија од Србија во Македонија.„Бараме Финансиското разузнавање и Финансиската полиција да отворат истрага за ова крајно сомнително преземање. Македонија не смее да стане финансиска платформа за туѓи политички агенди, порача Димитријевиќ.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryjbkiv0kh7cad1b1MKtK

Благајник од прилепската болница присвоил околу 245.000 евра – лишен од слобода по акција на Финансиска полиција

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против Д.К. во својство на службено лице при ЈЗУ Општа болница со проширена надлежност „Борка Талески“ Прилеп поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело ”ПРОНЕВЕРА ВО СЛУЖБАТА” од член 354 ст.3 в.в. со член 45 од КЗ на РСМ.Пријавениот во својство на службено лице, вработен на работно место самостоен референт - главен благајник во Одделение за материјално финансиско работење во Сектор за материјално – финансиски работи и сметководство при ЈЗУ Општа болница со проширена надлежност „Борка Талески“ Прилеп, во периодот од 01.01.2020 до 31.12.2021 година, со цел да прибави за себе противправна имотна корист, во повеќе наврати дел од наплатените и примени парични средства од шалтерите на болницата, наплатени од пациентите по основ на партиципација и приватни здравствени услуги, не ги уплатил на банкарската сметка на болницата и истите противправно ги присвоил за себе, односно за 2020-та година присвоил парични средства во износ од 6.568.726 денари и за 2021-ва година присвоил парични средства во износ од 8.494.558 денари, со што го оштетил Буџетот на ЈЗУ Општа болница со проширена надлежност „Борка Талески“ во вкупен износ од 15.063.284 денари.По насоки на Основно јавно обвинителство Прилеп во текот на утринските часови од страна на службени лица на Управата за финансиска полиција пријавеното лице е лишено од слобода и истото е изведено пред пред судија на претходна постапка при Основен суд Прилеп

Македонија | пред 2 месеци

Screenshot-2025-01-21-at-14.36.31

Трамп остро ја нападна Европа, фон дер Лајен возврати: „Никој нема право да се меша во европската демократија“

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја критикува Европската Унија, а претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен му порача дека ниту една надворешна сила не смее да се меша во демократските процеси во Европа. Нејзината реакција следи по објавувањето на новата американска Стратегија за национална безбедност, документ што предизвика силни реакции во Брисел, пренесува Политико.Фон дер Лајен изјави дека „одлуката за тоа кој ќе ја води една држава ја носат само нејзините граѓани“ и додаде дека „суверенитетот на гласачите мора да биде заштитен“. Според неа, никој однадвор нема право да влијае врз изборните процеси во Европа.Оспоруваниот американски документ содржи тези кои добија поддршка од европската крајна десница и од Русија. Во него се тврди дека Европа во следните две децении се соочува со „цивилизациско исчезнување“ и се критикуваат обидите на ЕУ да ја ограничи пропагандата на екстремните десничарски партии, што се нарекува „политичка цензура“. Документот отворено повикува на „отпор кон актуелниот европски курс во рамки на европските нации“.Фон дер Лајен потсети дека токму поради ваквите закани Европската комисија го предложила пакетот „Штит за демократијата“, кој треба да ја засили борбата против странско мешање на интернет, особено во периоди на избори.Таа оцени дека односите со САД се менуваат, но порача дека Европа мора да се потпре на сопствената сила: „Важно е да бидеме горди што сме Европска Унија, да ги препознаеме нашите капацитети и да се соочиме со предизвиците пред нас“, рече таа, нагласувајќи дека „обединета Европа“ мора да биде клучната цел.Критиките од Брисел доаѓаат по интервју во кое Трамп ја опиша Европа како „континент во пропаѓање“ предводен од „слаби лидери“. Иронично, Политико неодамна го прогласи токму Доналд Трамп за личност со најголемо влијание врз европската политика во годината што доаѓа.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryga57ac9t188e9dTEIQd

Осумдневно бебе донесено без знаци на живот во прилепската болница

На 11.12.2025 во 08:35 часот во СВР Битола е пријавено дека на детско оделение Општа болница „Борка Талески“ во Прилеп без знаци на живот било донесено бебе на возраст од осум дена.По наредба на јавен обвинител, телото на бебето е дадено на обдукција.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarymhn4g85cp2ns9QUuNtx

Рекордна прва година - солунското метро „избори“ 27 милиони патници

Солунското метро ја заокружува својата прва година со исклучително висока употреба, достигнувајќи 27,04 милиони патувања од октомври 2024 до октомври 2025 година. Тоа значи дека системот бележи просечно околу 2,4 милиони качувања месечно, што го поставува како една од најкористените услуги за јавен превоз во градот.По краткиот прекин, метрото минатиот понеделник повторно беше пуштено во функција, а во тек е подготовката за проширување кон Каламарија. Со ова проширување, Солун за првпат ќе добие поврзување исток–запад преку превоз со фиксна пруга. Дополнително, Западната приградска железница веќе оперира на рутата од Новата железничка станица до Синдос, патување што трае само 11 минути и е особено важно за студентите на Меѓународниот хеленски универзитет.Автобускиот систем, исто така, минува низ значителни промени. Додека во 2019 година поголемиот дел од возниот парк беше нефункционален, денес сообраќаат 510 автобуси — што претставува 80% оперативност, наспроти само 41% пред шест години. Староста на возилата е преполовена: од 14,5 години во 2019 на 7,8 години сега.Дополнително, OASTH ќе добие 100 нови автобуси во првите два месеци од 2026 година, а во јули се очекува пристигнувањето на првите 50 електрични зглобни возила.Во делот на пристапноста, повеќе од 500 таблички со Брајова азбука се поставени на автобуските постојки, а планот е нивниот број да достигне 1.000 до крајот на годината.

Свет | пред 2 месеци

media-librarypa5b3904dabg21tAxnL

Награди за најубаво украсените скопски домови и дворови: Град скопје почнува нова манифестација „Украсуваме по скопски“

Град Скопје ја стартува новогодишната манифестација „Украсуваме по скопски“, со која граѓаните се повикуваат да се пријават и да учествуваат во изборот на најубаво украсен двор, тераса и најдобар средношколски расказ. Пријавувањето трае до 23 декември, а жири-комисија од медиумски претставници ќе ги оценува учесниците. Наградите ќе бидат доделени на крајот од месецот.„УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ!“Почитувани,Новогодишните и божиќните празници се најубавиот дел од годината, време кога градот блеска, а домовите стануваат места исполнети со топлина, радост и празнична магија.Токму во тој дух ја организираме манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“, со која ги мотивираме и поттикнуваме скопјани да ги украсат своите домови и да придонесат кон создавањето празнична атмосфера низ целиот наш град.Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да учествуваат и да се натпреваруваат за најкреативно и највпечатливо новогодишно украсување, може да се пријават на телефонскиот број 3297 265, секој работен ден од 9 до 16 часот, во периодот до 23 декември 2025 година.Фотографиите од украсените домови или дворови, заедно со податоците за сопственикот, контакт-телефон и адреса, може да се испраќаат и на e-адресата kabinet.nastani@skopje.gov.mk или по пошта, на адреса: бул. Илинден бр. 82, со назнака за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“.Град Скопје и годинава ќе ги избере најдобрите во следните категории:– Најубаво новогодишно украсен двор од индивидуална станбена куќа– Најубаво новогодишно украсена тераса од стан– Најубави раскази од средношколците на тема новогодишни желби и празнувањаПријавените објекти ќе ги посети жири-комисија составена од претставници на медиумите, кои ќе ги оценуваат и писмените творби на средношколците.Град Скопје ќе обезбеди соодветни награди за најуспешните учесници во сите категории, а доделувањето на наградите ќе се одржи на крајот од декември 2025 година.Да го украсиме Скопје, секој дом, секоја тераса, секое срце. Да ја донесеме празничната магија во секој дом!, објави скопскиот градоначалник

Скопје | пред 2 месеци

media-librarylenla4lvof1f2eR0mo4

Германија се откажува од приемот на Авганистанците што чекаат во Пакистан, можно е до крајот на годинава да бидат вратени на талибанскиот режим

Иако голем број Авганистанци со месеци живеат во пакистански пансиони финансирани од германската држава и имаа добиено уверувања дека ќе бидат хуманитарно примени, Берлин сега ја повлекува таа понуда. Како што пренесува Дојче веле, овие луѓе ќе добијат официјално известување дека „повеќе нема политичка волја“ нивниот прием да се реализира.Портпаролката на германското Министерство за внатрешни работи, Соња Кок, потврди дека околу 640 лица што се наоѓаат на територијата на Пакистан веќе немаат перспектива да заминат за Германија, иако тоа претходно им било ветено во рамките на програмите за заштита од талибанскиот режим. Новата влада на канцеларот Фридрих Мерц реши да ги укине повеќето програми за преселување воспоставени од претходната коалиција.Претходната влада предвидуваше прием на активисти за човекови права, новинари, жени што се соочуваат со прогон и други ранливи категории. Новиот министер за внатрешни работи, Александар Добриндт, ги нарече тие обврски „прашања наследени од минатата влада“ и ги стопираше.Одлуката првпат ги погоди и луѓето кои работеле за германските институции во Авганистан. Хуманитарната организација „Кабул-Луфтбрике“ потврди дека околу 130 од нив – за кои веќе била донесена позитивна одлука – добиле известивање во кое се наведува дека приемот е одбиен. Пораката, испратена од агенцијата ГИЗ, наведува дека нема правен основ за прием според член 22 од Законот за престој.Според податоците што ги даде Кок, од останатите 220 локални работници, само 90 ќе можат да поднесат барање за прием. Добриндт изјави дека Германија ќе ги исполни само оние ветувања кои претставуваат правно обврзувачка одлука и нагласи дека сите кандидати мора да минат безбедносна проверка. До април 2025 година, Германија има прифатено околу 4.000 локални соработници и речиси 15.000 членови на нивните семејства.Ситуацијата станува итна, бидејќи пакистанските власти предупредуваат дека на крајот од годината би можеле да ги предадат Авганистанците на талибанскиот режим. Иако неколку стотици лица се преселени по промената на владата, околу 1.000 луѓе и понатаму се заглавени во неизвесност.Повеќе од 250 организации – меѓу кои „Хјуман рајтс воч“ и „Про азил“ – упатија отворено писмо до министерот Добриндт, барајќи веднаш да се обезбеди прием за ранливите семејства. Хелен Резен од „Про азил“ изјави дека ова ќе биде „испит за кредибилитетот и човечноста“ на германската влада.Иако засегнатите нема веднаш да останат без сместување, како што потврдува Соња Кок, германските власти нудат и опција за враќање во Кабул – потег што многумина го доживуваат како ризичен, со оглед на безбедносната ситуација под талибанска контрола.Дојче веле наведува дека во моментов околу 1.800 Авганистанци сè уште се надеваат дека Германија ќе најде начин да ги спаси.

Свет | пред 2 месеци

media-library73pbbms5j3bm9ugWWcC

„Нема да бидат мигранти, туку економски работници“ – СДСМ обвинува дека ВМРО-ДПМНЕ подготвува модел за прием на странци под нов статус

СДСМ реагира дека ВМРО-ДПМНЕ наводно планира да воведе нова категорија на странци во земјата под името „економски работници“, со што, како што тврдат, би се прикрил вистинскиот карактер на наводната размена „мигранти за пари“. Според СДСМ, ова е причината зошто опозициската партија одбива да ја поддржи Резолуцијата за прекин на процесите поврзани со примање мигранти.Во реакцијата се наведува дека изјави од функционери на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и Антонио Милошоски, укажувале на можност странците што би дошле во земјата да се водат како економски работници, а не како мигранти или азиланти. СДСМ тврди дека тоа значи дека за нив би се предвидувале работни места, сместување и долгорочен престој.Како аргумент за своите сомнежи, СДСМ го посочува и интервјуто на Милошоски во кое тој вели дека „странските работници што доаѓаат преку дозволи и агенции немаат врска со азиланти“, што партијата го толкува како обид да се промени дефиницијата со која би се вовеле овие лица.Дополнително, СДСМ тврди дека планот вклучувал и земање кредит, наведувајќи дека државата се соочува со финансиски дефицит, поради што, според нив, моделот би се реализирал по изборите во јуни 2026 година.Од партијата предупредуваат дека ВМРО-ДПМНЕ „веќе бара редефинирање на терминот мигранти“, и додаваат дека затоа опозицијата одбива да ја потпише понудената Резолуција. СДСМ ја повторува пораката дека „борбата продолжува“ и дека, како што велат, нема да дозволат имплементација на ваков план.

Македонија | пред 2 месеци

873x400-1-16

Украина со безмилосен удар, дронови ја урнаа руската нафтена платформа во Каспиското Море

Украинските безбедносни служби тврдат дека за првпат е изведен удар врз руска офшор-нафтена инфраструктура во Каспиското Море, при што со серија дронови е погодена платформата „Филановски“ – постројка во сопственост на компанијата „Лукоил“. Нападот довел до целосен прекин на работата на повеќе бунари за екстракција на нафта и гас.Според информациите од функционер на СБУ, најмалку четири дрона ја погодиле платформата, по што производството било стопирано на делот од полето кое дневно обезбедува околу 120.000 барели нафта. Нафтеното поле, откриено во 2005 година и пуштено во употреба во 2016, е едно од најважните руски ресурси во каспискиот регион.Интересен е и фактот дека платформата се наоѓа околу 700 километри од најблиската украинска територија, што остава отворено прашање за локацијата од која се лансирани беспилотните летала.Овој напад е дел од пошироката украинска стратегија насочена кон нарушување на руските енергетски капацитети, кои Кремљ ги користи за финансирање на воените операции. Во последните месеци Украина ги интензивираше ударите врз рафинерии, нафтени терминали и танкери поврзани со руската „сенка флота“.Ситуацијата повторно го нагласува растечкиот радиус на дејствување на украинските дронови и ја потенцира ескалацијата на конфликтот во доменот на енергетската инфраструктура.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryutg66ivd5s6l3sK519Q

МВР ја поместува примeната на „Сејф сити“ – казните ќе стартуваат од февруари!

По неколкуте недели тестирање и испраќање опомени по СМС, Министерството за внатрешни работи сепак реши да ја одложи официјалната примена на системот „Безбеден град“ („Сејф сити“). Наместо како што беше најавено – од 1 јануари – регистрирањето и санкционирањето преку камерите ќе започне на 1 февруари 2026 година, информираат од МВР за „360 степени“.Од Министерството нагласуваат дека од февруари системот ќе биде активен во Скопје, Тетово и Куманово, како и на главните транспортни коридори 8 и 10. Во тест-периодот камерите веќе препознаваат прекршоци, но наместо казни се праќаат само предупредувања, што властите го користат како подготовка за целосната примена.Одложувањето доаѓа во момент кога се разгледуваат и дополнителни корекции – дел од раководството на МВР последниве денови отвори можност за воведување толеранција во ограничувањето на брзината, со опција да не се казнуваат возачи кои возат 52–53 километри на час во зона каде дозволеното е 50.Со новиот датум, институциите добиваат уште еден месец за усогласување на системот, додека возачите – уште малку време за прилагодување пред камерите да почнат да испраќаат вистински казни.

Скопје | пред 2 месеци

jancev

Родителите на тинејџерите од сообраќајката во Марино бараат одземање на имунитетот на пратеникот на Левица, Сашко Јанчев

Семејствата на двете малолетни жртви од септемвриската несреќа во Марино испратија официјално барање до претседателот на Собранието, Африм Гаши, со кое бараат да биде покрената постапка за одземање на имунитетот на пратеникот од Левица, Сашко Јанчев. Тие велат дека се чувствуваат обесправено и дека имаат страв дека неговата политичка функција може да го наруши интегритетот на идниот судски процес.Несреќата се случи на 14 септември 2025 година, кога возило „Хјундаи Тусон“, управувано од Јанчев, се судри со мопед на кој се превезувале 16-годишниот М.Д. и 13-годишната А.Т. Повредите беа тешки за двајцата, а момчето подоцна, на 9 октомври, почина во болница. Девојчето останува на лекување и со сериозни последици од ударот.Во писмото до Собранието, родителите објаснуваат дека обвинение сè уште не е поднесено и дека токму затоа е неопходно пратеникот да не ужива дополнителна заштита која би можела да ја забави или да влијае врз постапката. Според Уставот и Деловникот, секое барање за одземање имунитет мора најпрво да се достави до претседателот на Собранието, а потоа Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања одлучува дали ќе го препрати на гласање пред пратениците.По несреќата, на Јанчев му беа одземени пасошот и возачката дозвола како мерки на претпазливост. Од Левица тврдат дека тој не бил под дејство на алкохол и дека мопедот бил нерегистриран, неисправен и управуван од малолетник без дозвола и без кацига, кој се забил во возилото.Родителите, пак, инсистираат дека правдата мора да биде еднаква за сите и дека одземањето на имунитетот е единствен начин да се обезбеди фер постапување на институциите. Случајот продолжува да ја бранува јавноста, која очекува брза и транспарентна реакција од Обвинителството и Собранието.

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryrrhqst77su7e3oSBiBj

(Документ) СДСМ: Еве ја Резолуцијата, ќе ја потпише ли ДПМНЕ или не?

СДСМ денеска објави соопштение во кое повторно ја повика ВМРО-ДПМНЕ да ја потпише Резолуцијата за, како што наведуваат, „прекинување на процесот за примање мигранти во Македонија“.„ДПМНЕ се прави глува и не одговара на нашите повици да ја потпишат Резолуцијата,“ стои во соопштението, во кое СДСМ наведува дека јавноста може да го види документот кој е приложен во ПДФ-форма.Од таму побараа од ВМРО-ДПМНЕ да се изјасни „кратко и јасно — дали ќе ја потпишат Резолуцијата, со одговор ДА или НЕ“.Предлог резолуција мигранти.pdf

Македонија | пред 2 месеци

media-librarye588bsv09g02bWiFeZk

Напаѓачот во „Инфомакс“ кршел врати, фрлал чаши и се заканувал со убиство: Обвинителството бара притвор

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска став 1, како и кривично дело – Спречување на службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска со 1 од Кривичниот законик.Осомничениот делото го извршил синоќа, во просториите на студиото на Инфомакс, во моменти додека се емитувала онлајн програма во живо. Тој ја обил надворешната врата во дворот, како и уште две врати на објектот, влегол внатре и започнал со  насилничко и агресивно однесување,  заканувајќи им се на двајца новинари, гостин и уште еден вработен дека ќе ги убие поради искажани навреди за премиерот.Започнал да замавнува и да пробува да се пробие и да дофати еден од новинарите, фрлал со чаши кон нив, ги влечел и ги туркал додека не го изнеле надвор и не повикале полиција.Како резултат на настанот, новинарите биле спречени во извршувањето на нивната службена должност, односно морале да го прекинат емитувањето на програмата. Исто така, од чинот на насилство сите присутни се почувствувале исплашени и загрозени за своите животи и за својата безбедност.Јавниот обвинител достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, а со оглед на добиени  информации од кривичната пријава за неговата претходна здравствена состојба, во текот на постапката ќе биде наредено и психијатриско вештачење на осомничениот.

Македонија | пред 2 месеци

nikola-gruevski-45

Становите на Груевски драстично поевтинуваат, нова аукција за луксузните апартмани на Водно

Продажбата на трите луксузни апартмани на Водно, одземени од Никола Груевски со пресудата за „Плацеви на Водно“, влегува во втора рунда. Откако првиот обид да се најдат купувачи пропадна, Агенцијата за управување со одземен имот повторно ги огласи становите – но овој пат по значително пониски цени.Намалувањето од една четвртина е направено согласно Законот за управување со конфискуван имот, а почетните износи се утврдени врз основа на процената на Бирото за процени од 20 јануари 2025 година. Со тоа, вкупната вредност на пакетот од 750 квадратни метри луксузен простор – наместо 2,4 милиони евра – сега изнесува 1.843.000 евра.Апартманите се лоцирани на престижна позиција на Водно и се опремени со ентериер од висока класа, пространи тераси и панорами кон Скопје.Првиот стан, од 155 квадратни метри со балкон од 95 квадрати, наместо за 760.000 евра сега се нуди за 569.662 евра и располага со сопствено џакузи.Вториот, од 199 квадрати и тераса од 48 квадратни метри, е намален од 847.000 на 635.220 евра.Третиот, со речиси идентична квадратура, оди од 851.000 евра на 637.896 евра.Електронското јавно наддавање за становите ќе се спроведе на 23 декември.Во случајот „Плацеви на Водно“, Груевски беше обвинет дека од 2006 до 2012 година незаконски присвоил околу 1,3 милион евра партиски донации и ги пуштал во оптек за купување земјиште на Водно. Првостепено беше осуден на седум години затвор, а Апелациониот суд ја зголеми казната на девет години.

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryddfgftvu1lk82NcDDvE

Полицаец предложен за Судски совет, а меѓу кандидатите и поранешниот правобранител од случајот со конфискацијата на Кочан

Собраниската комисија за избори и именувања денеска го предложи Аљбан Кадриу, инспектор за прекршоци во тетовската полиција, за нов член на Судскиот совет. Со осум гласа „за“ владејачкото мнозинство го прифати предлогот за тој да го замени Селим Адеми, кому утре му завршува вториот мандат.Кадриу работи 17 години во Министерството за внатрешни работи и претходно бил вработен во Владата. Тој беше оценет како најсоодветен од страна на мнозинството пратеници, иако на јавниот оглас се пријавија вкупно десет кандидати. ДУИ го предложи Арбер Исаку, поранешен член на Советот за јавни обвинители, но тој доби само еден глас.На листата кандидати беше и поранешниот државен правобранител Фехми Стафа, кој последните години беше во фокусот поради судирите со поранешните обвинители на СЈО околу неуспешната конфискација на имотот на бизнисменот Сеад Кочан во случајот „Трансмет“. Судскиот совет уште пред две години утврди сериозни пропусти во постапките, што придонеле дел од имотот да биде продаден пред државата да го преземе. Пропусти беа нотирани и во Обвинителството и во Државното правобранителство, а слични наоди утврди и Антикорупциската комисија.Стафа беше разрешен во 2022 година по поднесена неотповиклива оставка, а последно во јавноста се појави како адвокат на Љупчо Пецов – Ѓаволот, осомничен за финансиски криминал.Останатите кандидати се претежно дипломирани правници и адвокати од Тетово, Гостивар, Кратово и Скопје. Меѓу нив е и Ведат Салихи, кој претходно се пријави и за член на Советот за јавни обвинители, а работел како истражител во Обвинителството за организиран криминал.Предлогот за избор на Кадриу доаѓа во ден кога Собранието ја започна расправата за новите законски измени за Судскиот совет, со кои треба значително да се заострат критериумите за избор на „истакнат правник“ – токму статусот преку кој Кадриу беше предложен.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygnjv856a0pis4toKxg1

Протестите за буџетот во Бугарија пресудија: Колективна оставка на целата влада и на премиерот Желјазков

Политичката сцена во Бугарија доби пресврт денеска, откако премиерот Росен Желјазков најави дека кабинетот колективно поднесува оставка. Решението доаѓа по остри несогласувања околу буџетот за 2026 година и по неделите исполнети со масовни демонстрации низ земјата.Желјазков појасни дека коалициските партнери одржале состанок на кој ги разгледале состојбите, иако, според него, владата извесно би ја добила поддршката на гласањето за недоверба. Сепак, како што рече, одлуката ја донеле имајќи го предвид расположението на јавноста.Тој истакна дека протестите обединиле луѓе од различни заедници и генерации, испраќајќи јасен сигнал дека довербата во владата е нарушена. Желјазков нагласи дека коалицијата е формирана со проевропска ориентација, но дека демократските принципи бараат почитување на гласот на граѓаните.Во осврт на економската политика, премиерот тврдеше дека буџетската рамка што ја предложиле била насочена кон социјална поддршка и јакнење на куповната моќ, но дека јавноста или не добила доволно објаснување, или политичките опоненти ја интерпретирале на различен начин.Тој додаде дека демонстрациите биле реакција на „вредностите и на начинот на кој се спроведува демократијата“, а не само на бројките во буџетот.Со поднесувањето на оставката, земјата се соочува со нов политички момент во кој Националното собрание ќе мора да го утврди идниот расплет.

Свет | пред 2 месеци

media-library4f4gkq3t8lrlaT1hzjI

Расправија за продолжен кабел завршила со закани дека ќе ја фрли од прозорец – тетовец кој се заканувал на сопругата доби притвор од 8 дена

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот, на 9 декември, во заедничкиот дом во Тетово, започнал расправија со сопругата заради продолжен кабел кој што таа го купила и не сакала да му го даде да го користи.Во момент на нервоза, тој започнал да ја пцуе и да и се заканува дека ќе ја избрка од дома заедно со нивните две малолетни деца или дека ќе ја фрли од прозорецот на 4-от кат.По предлог на јавниот обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово определи мерка притвор во траење од 8 дена за осомничениот.

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања