Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Анита Буховски

media-libraryeec2igjkaprpd6pMjPt

Филипче тврди: „Мигранти во јуни, се обврзале да примат мигранти како дел од пакет-договор за кредит“

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција, наласи дека молкот на Владата на ВМРО-ДПМНЕ за Резолуцијата на СДСМ за спречување на прием на мигранти, ги потврдува сомнежите дека нешто тајно се подготвува зад очите на јаноста.„ВМРО-ДПМНЕ не сака да ја потпише Резолуцијата. Не сака да даде гаранција на граѓаните на Македонија затоа што не може. Затоа што се обврзале да примат мигранти како дел од пакет-договор за кредит, за да продолжат да распишуваат тендери и да прават договори во четири очи за да ги трошат народните пари за своите бизнис-партнери“, рече Филипче.Во обид да избегнат одговори и да дефокусираат, како што кажа Филипче, владата на Мицкоски започна со фабиркувани приказни.„По обидите фокусот да го префрлат на измислени вести, лажни обвиненија, пријави сè, само да се дефокусира јавноста од горчливиот проблем со мигрантите. По извлекувањето и избегнувањето премиерот на Мицкоски-до пролет, после пролет, ќе бидам премиер, нема да бидам премиер, на сите ни е јасно што се подготвува.Одговорот е јасен, мигранти во јуни во Македонија“, рече Филипче.На прес-конференцијата, тој предупреди дека премиерот Мицкоски го следи моделот на Вучиќ, односно прикривање на вистинските планови до по изборите.„По моделот на Вучиќ е „ќе има литиум, нема да има, сепак ќе има“ (без да каже: по изборите), Мицкоски сега со истата техника сака да го протне проектот „Мигранти за пари“.ВМРО-ДПМНЕ, поради свои лични интереси, ја издаде Македонија“, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryrrhqst77su7e3oSBiBj

Филипче предупредува за загрозени медиумски слободи по нападот врз новинарите на „Инфомакс“

На денешната прес-конференција претседателот на СДСМ, Венко Филипче, оцени дека синоќешниот инцидент со напад врз екипата на „Инфомакс“ претставува „сериозен удар врз медиумските слободи“ и го спореди со упадот во А1 телевизија во 2010 година. Нападот се случи додека траела програмата во живо, а според СДСМ, напаѓачот е поврзан со владејачката партија.Филипче оцени дека „повиците за насилство што доаѓале од претставници и симпатизери на власта“ создаваат атмосфера која, како што рече, резултирала со вакви инциденти. Од ВМРО-ДПМНЕ засега нема реакција на овие тврдења.Во фокусот на обраќањето беа и обвинувањата за наводен договор за прифаќање мигранти во Македонија. Филипче повтори дека СДСМ „неколку дена предупредува“ за договор што, според него, премиерот Христијан Мицкоски го постигнал со меѓународни партнери, но истакна дека од Владата „нема јасен одговор“ на тие прашања.Според него, нападот врз новинарите се случил во момент кога, како што тврди, се зголемува јавниот интерес за темата со мигрантите, а инцидентот го оцени како „обид за дефокусирање од проблемот“.Филипче ги повика медиумските здруженија да реагираат и да застанат во одбрана на слободата на говор и основните демократски принципи, потсетувајќи на „борбата за медиумски слободи од 2016 година“.Владата и ВМРО-ДПМНЕ засега не излегоа со став во врска со обвинувањата.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryh57kke7mmg81dqHWxoh

(Видео) Британската телевизија GBN за мигрантите: „Ќе ве стационираме во Северна Македонија, таму може да работите и да изградите живот“

Темата за мигрантите деновиве е во фокусот на македонската јавност. Во програма на британската телевизија Great Britain News беше емитувана дискусија во која новинари и гости зборуваа за можност мигранти, за кои Велика Британија нема правна основа да ги задржи или врати во нивните земји, да бидат пренасочени кон Северна Македонија како работна сила.Во студиото, новинарката Линда Доберли објасни дека Британија се соочува со ситуација во која ниту може да ги задржи овие лица, ниту да ги депортира, поради безбедносни ризици во земјите од кои доаѓаат.„Ние не можеме да ги држиме овде, велиме не можете да останете во Обединетото Кралство, но не можеме ниту да ги вратиме од каде што се дојдени. Затоа им велиме дека ќе бидат стационирани во Северна Македонија, каде што ќе можат да работат, каде што има потреба од работна сила и да изградат живот таму. Тоа не е скапо за нас, поскапо е да ги оставиме овде“, рече пратеникот, Бери ГардинерВо продолжение, пратеникот Бери Гардинер ја образложи тезата дека Македонија би можела да биде земја-домаќин за лица кои немаат право на престој во Британија, но не може да бидат вратени назад.„Шемата за Македонија е да ги праќаме луѓето за кои ќе одлучиме дека немаат правна основа да останат во Велика Британија. Но не можеме да ги вратиме, зашто таму каде што би ги вратиле е преопасно.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarya8894b8tpa6n0ad3YrS

Лефков објави документ: „Филипче планирал мигрантски центар во Бардовци“

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, на денешната прес-конференција изнесе низа обвинувања на адреса на поранешниот министер за здравство Венко Филипче, тврдејќи дека, како член на тогашната влада, учествувал во донесување одлука поврзана со подготвување документација за прифатен центар за мигранти во Бардовци.Лефков наведе дека станува збор за точка објавена во „Службен весник“ од 26 јануари 2018 година, каде што во планската документација е наведена: „Изработка на државно урбанистичко-планска документација за прифатен центар на странци за потребите на Секторот за гранични работи и миграции при МВР на КП бр. 35…“Според него, тоа покажувало дека Филипче „гласал со две раце“ и дека токму тој „работел на отворање мигрантски камп“ во периодот кога бил дел од Владата на Зоран Заев. Лефков оцени дека, како што рече, Филипче е „единствениот актуелен политичар кој сакал да донесе мигранти во Македонија“.Во продолжение на прес-конференцијата, Лефков изнесе политички критики кон Филипче и СДСМ, нарекувајќи ја темата за мигранти „измислена“ и оценувајќи дека се користи, како што рече, „за покривање на криминалите на поранешната влада“. Тој повтори дека „мигранти нема да има“ и побара од Филипче да ѝ се извини на јавноста.Во говорот, Лефков даде повеќе оценски изјави кон политичките опоненти, наведувајќи дека „предавничко-криминалниот двоец ќе биде декласиран“ и дека „страхот од борбата против корупцијата не може да се сокрие со измислени теми“.Тој ја заврши прес-конференцијата со став дека, според него, „сите лаги се распрснаа како меур од сапуница“.

Македонија | пред 2 месеци

media-library0des7vqsdbnkeijcY1R

Шилегов го оспори обвинението за Шефкет Хазари: „Со кои средства наводно предизвикал пожар?“

Денешното рочиште за пожарор во дискотеката „Пулс“ го стави во фокус обвинителниот акт, откако адвокатот Петре Шилегов, бранител на обвинетиот Шефкет Хазари од Министерството за економија, ја изнесе својата одбрана и го оспори товарот што му се припишува на неговиот клиент.Шилегов објасни дека одлучил да ги прочита делата што му се ставаат на товар на Хазари, нагласувајќи:„Долго размислував дали да одам со читање на кривичните дела и дека тоа мора да го сторам, затоа што, како што велам, правно поаналфабетски памфлет немам видено, бидејќи ова не заслужува да носи име обвинителен акт.“Тој додаде дека според обвинението, Хазари наводно бил свесен дека може да настане штетна последица и се согласил со нејзиното настанување:„Делото што се става на товар вели: Тој што со пожар, поплава, експлозија и јонизирачко зрачење, моторна пила, електрична или друга енергија или со друго општоопасно дејствие или средство, ќе предизвика значителна опасност за животот на луѓето или имотот, од поголеми размери, па се предвидува казната. Тоа е делото што според Обвинителството го сторил обвинетиот Хазири. Со кои средства? Лиценцата за угостителска дејност е изработена и обработена во Министерството за економија, а од Хазари била проверена,“ рече тој.Адвокатот посочи дека нема логична поврзаност меѓу административната работа на Хазари и пожарот што избувна многу години подоцна:„Нејасно е како може проверка на лиценца или давање согласност во интервал од 2013 до 2019 година да предизвика пожар на 16 март 2025 во дискотеката во Кочани.“

Македонија | пред 2 месеци

media-library62m7usajp8t27xIhbvI

(Видео) Станкоска: Дали со еден стан Орце го реши проблемот на жените жртви на насилство?!

Советничката од Левица во Град Скопје, Евгенија Станковска, остро реагира на предлог-одлуката за обезбедување простор за жртви на семејно насилство. Таа посочи дека со отстапување на единствен стан од 30 квадратни метри – за кој, како што вели, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски тврди дека е „сè што градот има на располагање“ – градската власт го претставува проблемот како решен.Станувa збор, нагласи Станкоска, за мал и единствен стан кој, според предлогот, треба да стане новиот простор за најранливите жени во градот.-Град Скопје нема извршено попис на сопствениот недвижен имот, не постои јасна евиденција што поседува градот, во каква состојба е имотот, колку објекти стојат празни, неискористени или пропаѓаат. А кога институцијата не знае што има, секогаш се прогласува дека „може“ само најмалку, на штета на најранливите, истакна Станкоска, советничката од Левица и укажа дека вакво „решение“ е симптом на подлабок системски хаос.Според неа понудениот стан не претставува решение за овој сериозен проблем, туку понижувачки и импровизиран обид да се создаде впечаток дека проблемот се решава. „Жртвите на семејно насилство не смеат да се третираат како ПР-позадина, туку како сериозна обврска која бара системски пристап и одговорно управување со градскиот имот.“Во своето обраќање посочи и дека секоја година во Македонија стотици жени пријавуваат семејно насилство, а земјата веќе брои повеќе случаи на фемицид кои остануваат како траен доказ за институционалниот неуспех да се спречи ескалацијата на насилството. „Во такви услови, Левица одамна предложи законски измени семејното насилство да се гони по службена должност, со што би се спречил притисокот врз жртвите да го повлекуваат пријавувањето и би се обезбедила проактивна државна заштита - но мнозинството во Собранието, предводено од ДПМНЕ, го одби овој предлог“, рече Станкоска и додаде дека токму ова одбивање е доказ дека властите не се подготвени за суштински мерки, туку остануваат на симболични гестови кои не ја менуваат реалноста на жените кои живеат под закана.

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryts907fngp8ap6KkQfmT

Агресивни и пијани навивачи правеле хаос во лет кон Македонија: еден приведен, десет вратени назад

Приведен навивач од Словачка, на 10 други не им беше дозволен влез во државата поради агресивно и недолично однесување во авион за време на лет и по слетувањетоНа 10.12.2025 околу 20:30 часот во СВР Скопје, од службите на Меѓународен аеродром Скопје и од Регионалниот центар за гранични работи Север е пријавено дека во воздухоплов кој пристигнал од Словачка, повеќе лица под дејство на алкохол, кои се дел од навивачка група, за време на летот и по слетувањето не ги почитувале правилата, агресивно се однесувале и ги вознемирувале останатите патници и екипажот.Полициски службеници веднаш пристигнале на местото и по преземени мерки го приведоа Л.Т.(38) од Словачка, а на 10 други лица, исто така, од Словачка, не им беше дозволен влез во државата од безбедносни причини. По целосно документирање на случајот, против Л.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 2 месеци

media-librarys3uid8k7c7v8aImXkiR

Станковиќ: Правдата мора да излезе на виделина, да се санкционираат  сите инволвирани во случајот со трагедијата во Пулс

Пратеникот од Коалицијата  предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Малиша Станковиќ, гостуваше во ТВ 24, порача дека институциите мора целосно да го завршат судскиот процес поврзан со трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој ја потресе јавноста, нагласувајќи дека власта нема намера да прикрива било кого и очекува одговорност за сите сторители.„Веќе гледаме дека се води судски спор којшто е активен во моментот, битно е граѓаните да знаат дека ние не сакаме да заштитиме никого, напротив сакаме секој сторител да одговара за стореното дело и кон тоа стоиме и се надевам дека ќе се смогнат сили пред се судската власт и ЈО да го истера случајот до крај а ние стоиме тука да им дадеме поддршка  на тие луѓе коишто за жал ги изгубија своите најмили, а со тоа и самата држава изгуби. Во моментот најбитно за нас како држава, како општество е сторителите да одговараат, односно сите кои се виновни да одговараат, навистина се обидуваме и преземаме се да направиме за дојдеме до правдата, нешто што го сакаат и оние кои останаа без своите најмили, без своите деца и ние како држава“, истакна Станковиќ и додаде:„Прва работа ние како власт не бегаме од ниту едно прашање и тоа го докажавме со самото тоа што и ние бевме иницијатори за покренување на иницијатива во Собранието. Ние сметавме во почетокот дека тоа ќе ги изложи овие луѓе коишто се најдиректно засегнати во дополнителни стресови и од таа морална гледна точка. Во оној момент кога разбравме дека тие самите сакаат да се обратат, ние постојано сме транспарентни и велиме сето она што мислите дека треба да го направиме ние сме отворени да го направиме и затоа ние ја потпишавме самите иницијатива не само за овој случај и за сите претходни случаи да се отворат и да се разгледаат во Собранието. Во ниту еден момент никој од власта не избегал од одговорност, од соочување или од поставување и отворање на одредени прашања“, рече Станковиќ.Станковиќ потсети дека уште на почетокот имало средби помеѓу родителите и министерот за внатрешни работи, Тошковски, со порака дека правдата мора да излезе на виделина Станковиќ повтори дека Владата останува доследна во ставот дека никој нема да биде заштитен.„Знаете дека и на самиот почетокот и министерот за внатрешни работи имаше средба со родителите, ние постојано сме во контакт не само со родителите, не само со одредена група на родители, со сите засегнати во однос на овој немил настан и ние даваме отворена поддршка на сите институции да дојде реално до правдата. Најбитно на сите ни е правдата да излезе на виделина, да се санкционираат сите на кој било начин инволвирани“, вели Станковиќ.

Македонија | пред 2 месеци

komunalna

„Комунална хигиена“ добива нови возила – Градот одвои 14 милиони денари

По години во кои скопските служби за одржување на јавната чистота функционираа со исцрпена и дотраена механизација, „Комунална хигиена“ влегува во фаза на значително обновување. Советот на Град Скопје донесе одлука да одвои 14 милиони денари за купување специјализирани комунални возила, со кои службата ќе може поефикасно да ја извршува својата работа низ градот.Покрај оваа финансиска поддршка, претпријатието ќе добие и две возила како донација од општествено-одговорни компании — чекор што, според градските власти, ја покажува довербата во процесот на модернизација.Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, преку објава на Фејсбук, порача дека решението на Советот го зацврстува концептот на рационално управување со буџетот:„Со ваквиот модел на набавка, градот заштедува и 2 милиони денари преку повратот на ДДВ, средства кои, доколку градот сам ги набавуваше возилата, ќе беа целосно потрошени. Уште поважно, веќе е почната постапката во соработка со Владата на Република Македонија и Светска банка, за набавка на повеќе од 20 нови специјализирани комунални возила. Ова значи модерна механизација, поголема ефикасност и подобра услуга за сите жители на Скопје. Набавката на нова опрема е инвестиција која се враќа веднаш.“Новите возила, кои се под гаранција, треба да стават крај на високите трошоци за сервисирање и одржување што ги создава старата механизација, дел од која е во употреба повеќе од дваесет години.

Скопје | пред 2 месеци

media-librarykphrar1nroeuaH34lzc

(Видео) Масовни протести во Бугарија: Стотици илјади граѓани бараат оставка од владата

Тензиите во Бугарија не стивнуваат. Синоќа центарот на Софија повторно беше преплавен со демонстранти, кои под слоганот „Оставка. Пеевски и Борисов надвор од власта“ исполнија целиот простор околу т.н. триаголник на власта. Според проценките, присутни биле десетици илјади граѓани — повеќе дури и од масовниот протест од 1 декември. Зад повикот стои опозициската коалиција Продолжување на промените – Демократска Бугарија.Само неколку часа пред протестот, бугарското собрание одржа долга и напната расправа за иницијативата за недоверба на владата, поднесена од ПП-ДБ. И покрај критиките насочени кон економската политика, уште во текот на дебатата стана јасно дека четирите парламентарни групи кои ја држат власта – ГЕРБ, БСП, ИТН и ДПС–Нов почеток, предводена од санкционираниот со американскиот закон „Магнитски“ Делјан Пеевски – ќе ја поддржат владата на Росен Жељасков и во четврток ќе гласаат против недовербата.Организаторите го отворија протестот со саркастичен коментар упатен кон Делјан Добрев: „Вети дека новиот буџет содржи сè што го бараат демонстрантите. Го разгледав – зборот ‘оставка’ го нема никаде.“ Веднаш по тоа, плоштадот одекна со скандирања „Оставка“Улиците околу владиниот триаголник беа буквално непроодни од масите што доаѓаа од правец на Софискиот универзитет. Дури и по повеќе од еден час од почетокот на собирот, нови толпи постојано пристигнуваа.Студентското здружение исто така даде свој глас. Неговиот претставник, Александар Танев, ги праша присутните дали навистина чувствуваат спокој додека „мафијата“ останува на власт. Тој потсети дека на најстариот универзитет во земјата веќе стои огромен транспарент: „Студентите против мафијата“. „Немаме историско време – мора да ја спасиме земјата“, предупреди Танев.Пратеникот Атанас Атанасов од ПП-ДБ им се обрати на демонстрантите, потсетувајќи дека комисијата веќе дебатирала за недовербата и дека гласањето следува в четврток. „Подарете и на Бугарија божиќен подарок – гласајте за недоверба“, порача тој. Атанасов додаде дека владејачката структура „арогантно ги злоупотребила регулаторите и ги поставила своите луѓе да служат на корупциските модели“.

Македонија | пред 2 месеци

media-library2mvnrjjjvcas2UKAsns

„Лукоил“ доби време до 17. јануари, компанијата мора да најде купувач!

По неколкунеделни шпекулации и неизвесност околу иднината на „Лукоил“ на меѓународните пазари, конечно стигна одлука. Министерството за финансии на САД ја продолжи лиценцата на компанијата до 17 јануари. Со ова продолжување, „Лукоил“ добива простор да ги финализира преговорите и да склучува условни договори за продажба на своите средства во странство.Одлуката е објавена преку Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC), која појаснува дека лиценцата овозможува и извршување трансакции неопходни за редовното работење, под услов секоја таква активност да биде претходно одобрена од OFAC.Според правилата утврдени во лиценцата, сите потенцијални купувачи мора да обезбедат преземање на најмалку 50 проценти од средствата на „Лукоил“ најдоцна до 17 јануари 2026 година. Договорите ќе добијат правна важност само со зелено светло од американските регулатори.Во документот детално е објаснет и поимот „условни договори“, кој ги опфаќа извршните и принципиелни договори, проформа фактурите, понудите што може да се прифатат — вклучувајќи понуди доставени во јавни тендери — како и меморандуми за разбирање и други договорни форми со слични правни обврски.Паралелно со ова, OFAC потсетува дека финансиски трансфери кон физички или правни лица во Русија остануваат недозволени.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryqb2elrbs0f9jcftZbUA

Одбраната на Сараќини: „Во 2012 година е издадена лиценца за сосема друг објект – обвинението е правно неосновано“

Одбраната на поранешниот министер за економија Ваљон Сараќини денеска пред Судот оцени дека обвинението за неговата наводна одговорност во случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ е поставено врз погрешни претпоставки и дека не се потпира на факти, туку на конструкција. Според бранителите, клучните околности околу локацијата, временскиот период и надлежностите на министерот биле целосно игнорирани при составување на обвинението.Адвокатот Даниел Георгиевски потсети дека лиценцата што ја издал министерството во 2012 година воопшто не се однесувала на локацијата каде подоцна функционирала дискотеката „Пулс“, туку на објект на сосема друга адреса.„Во 2012 година во Министерството за економија врз основа на барање е издадена лиценца за угостителска дејност кабаре кое се наоѓа на улицата Димитар Влахов бб во Кочани, која е сосема различна од адресата на дискотеката ‘Пулс’ која е на улица Крижевска во Кочани. Тоа ќе се презентира и во вештачењето. Се работи за две сосема различни локации и за различни правни лица“, рече Георгиевски.Тој додаде дека обвинението не нуди ниту правна ниту логичка врска меѓу издадената лиценца од 2012 година и трагедијата што се случи 13 години подоцна, во период кога објектот ниту имал активна лиценца, ниту бил под надлежност на министерот за економија.„Како е можно тогашниот министер, кој издава лиценца со рок на важност од една година да гарантира и да одговара за друг објект 13 години подоцна, во време кога објектот воопшто нема активна лиценца?“, праша Георгиевски, оценувајќи дека обвинението ја заобиколува законската рамка и ги проширува обврските на министерот надвор од неговите реални надлежности.Според него, Јавното обвинителство во воведниот говор „ја избегнало вистината“ и оставило погрешен впечаток кај јавноста за тоа кој е изворот на одговорноста.„Фрапира креативниот пристап на Јавното обвинителство во воведниот говор, скроен за задоволување на јавноста, при што се избегнати клучни факти,“ рече бранителот.Во однос на постапката за издавање на лиценците, Георгиевски нагласи дека министерот одлучува само врз основа на формално поднесена документација, а проверките на условите за работа се исклучиво во надлежност на Државниот пазарен инспекторат.Неговата колешка, адвокатката Татијана Поповски Буловски, посочи дека одбраната ќе покаже дека Сараќини нема никаква каузална врска со настанот.„Издавачот на лиценца, во овој случај Министерството за економија, не испитува исполнетост на материјални услови за добивање лиценца, туку испитува постоење на формални услови, односно дали е поднесена бараната документација,“ рече таа, додавајќи дека инспекторите се тие што се произнесуваат за фактичката состојба на терен.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryfgvh7b599obe7jNveCs

Петмина тешко повредени во три сообраќајни несреќи во Скопје и Штип

Во текот на изминатото деноноќие регистрирани се три тешки сообраќајни несреќи на подрачјата на Скопје и Штип, при што пет лица се здобиле со тешки телесни повреди.Првиот инцидент се случил вчера на улицата „Беласица“ во Скопје, кога патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски таблици се судрило со мотоцикл „јамаха“. Во несреќата тешко повреден е 41-годишниот мотоциклист од Скопје, кој бил пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“.Втората несреќа е забележана по полноќ на крстосницата меѓу улиците „Владимир Полежиноски“ и „Костурски Херои“ во Скопје, каде патничко возило „ауди“ удрило во велосипед управуван од 19-годишен државјанин на Турција со привремен престој во земјава. Велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди и бил хоспитализиран во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.Најтешки последици оставила несреќата на регионалниот пат Плачковица–Штип, кај селото Стар Караорман, каде патничко возило „форд“ управувано од 24-годишен Турчин излетало од коловозот. Тројца сопатници – на возраст од 18, 24 и 27 години, сите турски државјани со престој во Штип – се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени во Клиничката болница Штип.Во сите три случаи е извршен увид од увидни екипи на истражните служби, а полицијата работи на целосно расчистување на околностите под кои се случиле несреќите.

Македонија | пред 2 месеци

Screenshot-2025-05-15-at-14.37.45

Одбраната на Крешник Бектеши тврди дека дозволите за „Пулс“ биле издавани без негов потпис: „Факсимил, а не рачен потпис“

Во продолжението на судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“, одбраната на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши излезе со сериозни забелешки за начинoт на кој биле издавани лиценците за работа на објектот. Бранителот Еленко Миланов пред судот истакна дека Бектеши воопшто не ги потпишувал документите, тврдејќи дека сите дозволи во неговиот мандат биле издадени со факсимил.„Издадените лиценци во периодот од 2018 до 2022 година се издадени со факсимил на Крешник Бектеши. Ова значи дека не постои ниту еден потпис на лиценца од него. Најмалку за една од овие лиценци ќе докажеме дека е издадена на датум кога тој не се наоѓа во Република Македонија,“ рече Миланов, најавувајќи дека доказите ќе го поткрепат ова тврдење.Одбраната дополнително објасни дека во Министерството за економија имало овластени службени лица кои го користеле факсимилот во редовни постапки, а министерот не ги проверувал документите лично. Според Миланов, Бектеши неправедно се врзува со правниот тек на процесот: „Крешник Бектеши стои во ова како дел од каузалитет, но без конкретни дејствија.“Покрај тоа, адвокатот ја оспори тезата дека дискотеката не смеела да работи, наведувајќи дека законската регулатива ја дозволува угостителската дејност во деловни, а не само во станбени објекти.„Законот е дециден – угостителска дејност може да се врши во деловни објекти. Единственото ограничување за кабаре или дискотека е тоа да не биде во станбен објект. Овој објект не е станбен,“ додаде Миланов, упатувајќи дека формално-правните услови биле исполнети.Одбраната го насочи фокусот и кон Државниот пазарен инспекторат, нагласувајќи дека токму ДПИ е надлежната институција која проверува минимално-технички услови, а не Министерството за економија. „Министерството за економија нема ниту инспекциска служба, ниту овластување за надзор. ДПИ е тој што проверува дали се исполнети минимално-техничките услови,“ рече Миланов.Крешник Бектеши, кој ја водеше економијата од февруари 2018 до февруари 2022 година, се соочува со обвинение за „Тешки дела против општата сигурност“ во рамки на процесот за трагичниот пожар.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryrq604s19125u2ZquuXr

Во Демир Хисар набавувале делови од македонски народни носии за нелегален извоз: Тројца бугарски државјани под истрага

Основното јавно обвинителство во Битола отвори истрага против тројца државјани на Бугарија, со живеалиште во Пловдив, кои се сомничат дека незаконски тргувале со предмети што претставуваат македонско културно наследство. Станува збор за делови од традиционални народни носии, чиишто промет е строго забранет или ограничен согласно Законот за заштита на културното наследство.Според обвинителството, тројцата осомничени во текот на месецов делувале заеднички, организирано и во група во околината на Демир Хисар, каде што купувале елементи од носии со намера тие потоа да бидат пренесени во Бугарија. Целта била нелегален извоз на заштитени предмети, кои во правна смисла спаѓаат во добра под привремена заштита или културно наследство.На 9 декември полицијата ги затекнала како ги товараат собраните предмети во товарно возило и патнички автомобил, по што биле приведени и обезбедени доказите.Обвинителството ги товари за кривичното дело неовластена трговија со добра под привремена заштита, културно наследство и природна реткост, казниво по член 266-в од Кривичниот законик.Јавниот обвинител веќе достави предлог до судијата на претходна постапка тројцата осомничени да бидат задржани во притвор.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryskdbhqma00h0b5T86hS

Ако Филипче, Фрчкоски и Жерновски најдат макар еден мигрант, ќе се повлечам од политиката, порача Мицкоски!

„Граѓаните треба да знаат каква е состојбата, СДСМ нема тема, притисокот е голем за Венко Филипче од внатре и од надвор да си замине и сега наеднаш пи-ар тимот му вели, сега темата ќе бидат мигрантите, еве два таблоиди во Велика Британија објавија и сега ајде на оваа тема да се закачиме и да ја туркаме, мислејќи дека на тој начин политички ќе преживее и ќе собере луѓе околу себе“, вели претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.Мицкоски им порача на Венко Филипче, Фрчкоски и Жерновски дека е спремен да се повлече од политиката доколку најдат еден мигрант во Македонија, во спротивно како што рече тој да се извинат јавно.„Две тези имаше денешната прес-конференција. Првата се мигрантите, а втората недостасуваше во буџетот 1 милијарда евра, околу 60 милијарди денари и дека договорот со Велика Британија бил тие да ни ја покријат оваа дупка, а ние да прифатиме илегални мигранти. Од прилика ова беше. Но, ајде сега да видиме каква е суштината и вистината. Прво политички да му одговорам на раководството на СДСМ, бидејќи го спомна пролет, оставам простор до пролет Венко Филипче заедно со професорот Фрчкоски, со Андреј Жерновски, да бараат низ Македонија и да најадат мигрант кој што е дел од овој договор со Велика Британија, или било каков договор и ако најдат еден, јас трајно ја напуштам политиката. Во спротивно они да ми се извинат мене и на граѓаните, што шират паника без потреба. Мислам дека е фер, еве ова јас го давам како понуда. И ова ќе важи бесконечно, додека сум јас претседател на Владата“, рече Мицкоски и додаде: „Додека тие зборуваат за милијарди кои недостасуваат, веќе 10 милијарди во првите пет дена од декември влегоа во буџетот. И сега не се веќе 300 милијарди, се 310 милијарди денари приходи. Но, никој од нив не ја коментира расходната страна, бидејќи и приходната и расходната страна на Буџетот одат паралелно. Тие што следат економија и економистите знаат за што зборувам. За да ви фалат во буџетот и да треба вие тој буџетски дефицит да го покриете потребно е и расходите да бидат согласно планирањата. Нас расходите ни се помали, односно штедевме и во име на тоа, се случува сето ова кое што јас денес го зборувам. И приходите и расходите се пратат едни со други и на крај кога ќе ги споредите капиталните инвестиции и буџетскиот дефицит, тие горе доле ќе бидат исти. Што значи дека ние нема да се задолжиме да го зголемиме долгот. Напротив, до крајот на годината тој долг ќе биде помал, од оној кој што сме го имале. И еве втора работа ќе кажам, следната година треба да вратиме нешто повеќе од 2,2 милијарди евра. Ќе ги вратиме сите тие пари кои што тие претходно ги украдоа, и за Стабри и за марихуаните и за ред други скандали кои што ги имаа во минатото. Се надевам дека сега новиот обвинител и ослободеното обвинителство многу поефикасно и многу послободно ќе работат, отколку овој октруираниот којшто конечно заминува односно ќе замине од таму каде што е сега.“ Мицкоски посочи граѓаните да не се грижат, бидејќи нема да има мигранти. „На крај да заклучам да не се грижат граѓаните, нема мигранти, буџетот е во одлична кондиција. Македонија е позади Данска, која што има 3,9, заедно со Кипар со 3,8 проценти раст на БДП, инфлацијата е за 0,5 проценти помала на годишно ниво споредбено со минатата година и очекувам таа консолидација односно смирување да продолжи и во периодот кој што следи“, истакна Мицкоски.

Македонија | пред 2 месеци

media-library2bhr9llnj04heZYiCmq

Одбраната на поранешниот директор на ДЗС, Аднан Џаферовски: Обвинението за „Пулс“ е поставено на погрешна правна основа

На денешното рочиште за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, одбраната на поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Аднан Џаферовски, остро ја оспори правната конструкција на обвинението, тврдејќи дека обвинителството не го утврдило причинскиот контекст меѓу неговата функција и несреќата.Адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска оцени дека обвинението против нејзиниот клиент се темели на погрешен пристап и дека истрагата е водена со однапред определен резултат.Во своето обраќање пред судот, таа истакна:„Мојата единствена порака до вас денеска е дека јас и Аднан Џаферовски не сме ви непријатели. Ова обвинение вака конструирано ни става замка во која сите – ние, вие, судот, јавноста – мораме да се снаоѓаме во хаос кој не е создаден од факти, туку од погрешна правна рамка.Обвинителството меѓу обвинетите како Аднан не бара кривична одговорност, туку системска грижа. Не прибирале докази кои би оделе нанапред кон резултатот, туку од списокот се одело наназад. Непристрасна истрага дозволува доказите да водат кон резултатот, но овде резултатот е прво поставен, па после се барало како да се состави приказната. Тоа не е правна логика, тоа е попис претворен во обвинителен акт.“Јошевска посочи дека според одбраната, клучниот елемент за кој обвинението го поврзува Џаферовски со настанот е фактички и правно погрешно поставен:„Правниот објект кој изгоре во 2025 година во правна смисла не постоел во времето кога на функција бил Аднан Џаферовски. Објектот бил реконструиран, што значи дека е нов објект. Што точно требал да преземе Аднан Џаферовски од 2017 до 2020 година за да спречи пожар во објект кој изгорел во 2025 година, а настанал во 2024 година? Не можете да обвинете некого за пропуст, ако не можете да докажете што пропуштил.“Одбраната тврди дека директорот нема надлежности да следи нелегални градби, не учествува во изработка или оценување на планови и не може да наредува вонредни инспекции без официјални информации од други институции.Џаферовски, пак, во своето излагање нагласи дека трагедијата не смее да се користи за наметнување вина врз поединци без факти. Тој посочи дека неговата совест е „апсолутно чиста“ и дека верува дека доказната постапка ќе ја потврди неговата невиност.

Македонија | пред 2 месеци

oruzja

Голема полициска акција утрово во скопскиот регион, претреси на повеќе локации, запленето оружје

Во раните утрински часови МВР спроведе широка координирана операција на неколку точки во Скопје и околните села, насочена кон спречување недозволена трговија со оружје и откривање на организирани криминални активности.Според првичните, неофицијални информации, при претресите биле пронајдени автоматски пушки, пиштоли, значајна количина муниција од различен калибар, како и повеќе возила и мобилни телефони кои се одземени за форензичка обработка. Повеќе лица се приведени и префрлени на разговор во полициски станици, а оперативните активности продолжуваат и во текот на денот.Од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека ќе следи официјално соопштение со сите потврдени детали за акцијата.Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција исто така ја потврди информацијата.„Во текот на утрово полициски службеници под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК извршија претреси на повеќе локации во Арачиново, Ченто, Брест, Инџиково и Чаир поради основи на сомневање за сторени кривични дела поврзани со оружје и дрога.“

Скопје | пред 2 месеци

media-library37rvpbovcimf61SFSk9

Тригодишниот Сарвагја Синг Кушвав направи светско чудо, стана најмладиот шахист со официјален ФИДЕ-рејтинг

Шаховскиот свет доби ново чудо од дете – тригодишно момче од Индија успеа да влезе на рејтинг-листата на ФИДЕ, поставувајќи рекорд што досега се сметаше за непоимлив. Сарвагја Синг Кушвах стана најмладиот играч што некогаш добил официјален рејтинг, надминувајќи го претходниот рекорд на сонародникот Аниш Саркар.На официјалната листа за декември 2025 година дебитирал со брз рејтинг од 1572, а ФИДЕ објави фотографија на која се гледа момчето со медал во устата и три трофеи пред себе:„Со само 3 години, 7 месеци и 20 дена, Саравгја Синг Кушвав е најмладиот играч на рејтинг-листата за декември 2025 година, каде дебитира со брз рејтинг од 1572“, објави ФИДЕ.За да се добие официјален рејтинг, потребно е играчот да победи барем еден шахист кој веќе има рејтинг. Сарвагја отиде многу подалеку: победи тројца рејтинг-играчи на турнири во својот регион и пошироко низ Индија – резултат што голем број возрасни љубители на шахот го постигнуваат по месеци или години игра.Малиот шампион доаѓа од сојузната држава Мадја Прадеш и започнал да игра околу својата втора година, раскажува неговиот татко Сидарт Синг за „Индијан Експрес“. Момчето минува четири до пет часа на ден играјќи шах – дел во локален шаховски центар, дел онлајн.На турнирите во 2025 година Кушвав ги совладал возрасните шахисти:– Јогеш Намдев (20) – рејтинг 1696– Абхиџит Авашти (22) – рејтинг 1542– Шубхам Чорасија (29) – рејтинг 1559Претходниот рекорд го држеше Аниш Саркар, исто така индиски талент, кој минатата година доби рејтинг 1550 на возраст од 3 години, 8 месеци и 19 дена.

Магазин | пред 2 месеци

media-libraryrbj3ticnd6gs9Q8eA2v

Кина со најостра мерка против корупцијата: Погубен поранешниот директор на „Хуаронг“

Кина продолжува со крајно строгата политика против висока корупција, а најновиот случај е погубувањето на поранешниот генерален директор на државната финансиска корпорација „Хуаронг“, Бај Тјенхуи, во Тјенџин.Како што пренесува државната агенција „Синхуа“, смртната казна е извршена откако Врховниот народен суд ја потврдил пресудата, со која Бај беше осуден за примање мито во вредност поголема од 156 милиони долари. Според судските наоди, во периодот од 2014 до 2018 година тој користел службени позиции за да им обезбеди на одредени компании пристап до државни средства и поволни договори, во замена за пари и подароци.Бај првично беше осуден во мај 2024 година, со мерки што ја вклучуваа и конфискацијата на целиот имот, како и трајно одземање на политичките права. Неговата жалба беше одбиена во февруари 2025 година, што ја отвори патеката за конечната потврда од Врховниот суд. „Синхуа“ додава дека на Бај му било дозволено да се сретне со семејството непосредно пред извршувањето на казната.Овој случај е дел од пошироката антикорупциска стратегија на Пекинг, која последната деценија резултираше со низа строги пресуди во финансискиот сектор. Во 2021 година беше погубен и Лаи Сјаомин, поранешен претседател на истата корпорација „Хуаронг“, што тогаш предизвика големо меѓународно внимание.Западните медиуми оценуваат дека Кина сè почесто ја применува смртната казна како средство за демонстрација на морална строгост и политичка контрола во клучните економски сектори. Организациите за човекови права, пак, остануваат критични, укажувајќи дека земјата не објавува официјални податоци за бројот на погубувања.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryretpbucd202maFVi2fP

Спајиќ со порака до Вучиќ: „Ќе ве чекаме во ЕУ од 2028 година и навиваме да побрзате“

Премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, му одговори на предлогот на српскиот претседател Александар Вучиќ Западен Балкан заеднички да се приклучи кон Европската унија. Иако ја поддржа идејата за заедничка европска перспектива, Спајиќ порача дека Црна Гора очекува да биде подготвена за членство веќе во 2028 година.На социјалната мрежа Икс, Спајиќ напиша: „Се согласувам дека ЕУ треба да биде крајната дестинација за целиот Западен Балкан. Сепак, ние ќе ве чекаме таму од 2028 година и навиваме навистина да побрзате и да ги забрзате другите кандидати од регионот“.Изјавата следи по настапот на Вучиќ на панелот „Европска конкурентност во фрагментирана геополитичка средина“ на форумот Белтолкс во Белград, каде српскиот претседател образложи дека најдобрата опција за Унијата е истовремено членство на сите земји од регионот.„Ако прифатите една, две или три од нас, тогаш што ќе правиме со другите? Како ќе ги решиме сите отворени прашања?“, рече Вучиќ, најавувајќи дека идејата ќе ја изложи пред претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен и претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта.Според Вучиќ, заедничкиот прием би бил од придонес за стабилноста и на регионот и на Европа.

Свет | пред 2 месеци

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

„Мигранти нема да има во Македонија“ – ВМРО-ДПМНЕ со категоричен став!

ВМРО-ДПМНЕ и денеска категорично ги отфрли тврдењата на СДСМ дека во земјата се подготвуваат аранжмани за прифаќање мигранти, оценувајќи дека опозициската партија „секојдневно ја бомбардира јавноста со исти невистини“.Од владејачката партија реагираат дека СДСМ, „како расипана плоча“, повторува обвинувања кои веќе биле демантирани и од ВМРО-ДПМНЕ и од премиерот Христијан Мицкоски.„Секој ден исто – лажни вести, шпекулации и обиди да се создаде паника. СДСМ е без идеја, без програма и без аргументирана критика, па затоа повторува теми кои немаат врска со реалноста,“ порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.Во соопштението се нагласува дека ставот на владината коалиција е недвосмислен и непроменет: „Мигранти во Македонија нема да има.“Од партијата предупредуваат дека опозицијата, според нив, свесно шири дезинформации за да добие медиумско внимание во пресрет на клучни политички процеси.

Македонија | пред 2 месеци

saban-saliu-1515

Случајот „Пулс“ продолжува: Одбраната на министерот Шанбан Салиу ќе даде воведно излагање

Судската постапка за кочанската дискотека „Пулс“, трагедија во која животот го загубија 63 лица, а стотици беа повредени, продолжува со ново рочиште на кое треба да бидат дадени воведните зборови на одбраната на обвинетите поранешни раководители на Дирекцијата за заштита и спасување.На обвинителната листа се наоѓа и актуелниот министер без ресор Шабан Салиу, кој денес е задолжен за интеграција и за имплементација на Стратегијата за Ромите. Обвинението се однесува на времето кога тој раководел со Дирекцијата за заштита и спасување — период од 2008 до 2017 година.Покрај него, обвинети се и неговите наследници на функцијата:– Ајдан Џафероски (2017–2020),– Беким Мазуки (2020–2024),– Цветан Селман, кој беше именуван за директор во август годинава, но по трагедијата ја напушти функцијата и се врати на работа во Кочани.Во постапката е опфатен и инспектор од ДЗС, кому обвинението му припишува пропусти во надзорните постапки.По воведните зборови на одбраната на раководството на ДЗС, треба да следуваат воведни излагања на обвинетите претставници на Министерството за економија, по што судот ќе премине на разгледување на доказите.

Македонија | пред 2 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-44-4680PM

Анима Мунди: Судот денес ќе покаже дали ќе има казна за убиството на коњите во ЗОО Скопје

Граѓанската организација Анима Мунди денеска потсетува дека во Основниот кривичен суд продолжува постапката за случајот со убиените коњи во скопската зоолошка градина – случај што веќе подолго време ја вознемирува јавноста.Од организацијата нагласуваат дека судското рочиште претставува критичен момент: ќе се утврди дали институциите ќе повлечат јасна линија против насилството врз животните, или пак ќе дозволат трагедијата да се релативизира и потисне.Според нивните информации, дел од надлежните органи се обидуваат да избегнат одговорност со тоа што се повикуваат на ненадлежност. Анима Мунди предупредува дека ваквиот пристап би отворил простор за неказнивост и би претставувал сериозен удар врз правосудниот систем и етичките стандарди во општеството.Организацијата потсетува дека коњите, кои се наоѓале под формална институционална заштита, биле убиени на исклучително суров начин. Овој чин, велат тие, ја шокирал државата и ја открил ранливоста на животните под државна грижа.Анима Мунди бара судот да изрече најстроги санкции за сите лица што ќе се утврди дека биле инволвирани – како директни извршители, така и оние што со својата позиција, пропусти или премолчување придонеле злосторството да се случи. Потенцираат дека ниту поранешниот директор на ЗОО Скопје, ниту било кој член на раководството не смее да биде изземен од одговорност доколку се докаже вина.Организацијата ги охрабрува медиумите, граѓаните и другите здруженија будно да го следат судењето, истакнувајќи дека транспарентноста е клучна за да се спречи прикривање на случајот.„Оваа постапка е своевиден тест за државата – дали правдата навистина е еднаква за сите, или системот ќе продолжи да толерира насилство кога жртва е немо живо суштество“, порачуваат од Анима Мунди. Според нив, исходот од процесот ќе покаже дали општеството ја прифаќа бруталноста како нормална појава или ќе се спротивстави на неа со јасни санкции.

Скопје | пред 2 месеци

media-library99fnel8n13js4NNAqVt

Жерновски: Mигрантите ќе се движат слободно низ државата

Со примањето на мигрантите, владата ќе направи исклучително небезбедна држава.Веќе слушаме  детали дека ќе бидат платени дваесет илјади фунти по мигрант. 'Кои мигранти?’ Тоа се оние што Британија одбива да ги прими, а кој кај нас ќе се движат слободно“, рече Андреј Жерновски, член на ИО на СДСМ во дебатната емисија на Топ тема на Телма.Жерновски посочи дека според информациите од британските власти и медиуми, мигрантите нема да бидат сместени во кампови, туку ќе имаат право слободно да се движат низ државата и да користат работни места, што особено носи ризици поврзани со ваквата ситуација.„Не зборуваме за мигранти кои ќе бидат сместени во кампови и ќе ги чуваат чувари. Значи, тие ќе бидат тука меѓу нас, и ние ќе ги гледаме. Не сакам моите деца, нашите деца, да ги доживеат оние сцени што ги гледаме надвор , дивјаштва, грабежи, криминал. Тоа не сакам да го видам во нашата држава. Некој преговарал без да ги праша граѓаните, сам си зел право да разговара за тоа, и тоа сега излегува на површина. Бараме одговори, зошто ние како македонски граѓани да ја добиваме вистината преку медиуми од друга земја, а не од нашата влада, која преговара“, потенцираше Жерновски.Тој додаде дека прашањето за мигрантите е нешто на што веднаш треба да се реагира, затоа што кога ќе бидат веќе испорачани тука, нема назад.„Значи, или нема да има во Македонија шест милијарди евра, или нема да има мигранти , едното со другото не оди. Тоа е вистината што ја прашуваме уште од мај “, потенцираше Жерновски, додавајќи дека круцијалното прашање до власта е дали на Македонија, Британија би ѝ дала 6 милијарди евра без да прими ниту еден мигрант.

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања