Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Анита Буховски

media-libraryn0at4km4a84jamHzvVd

Зеленски: „Немаме сила да го вратиме Крим“ - ја призна и за членството во НАТО!

Украина има реалистичен пристап кон своето идно членство во НАТО и е свесна дека во моментот нема ниту доволно капацитети ниту широка меѓународна поддршка за враќање на Крим, но нејзиниот став за статусот на полуостровот останува непроменет. Ова го изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.Тој одговараше на прашање на Би-Би-Си во врска со изјавата на Доналд Трамп за „Политико“, во која Трамп тврдеше дека Зеленски во 2019 година од рускиот претседател Владимир Путин побарал враќање на Крим и членство на Украина во НАТО.Зеленски рече дека не ја исклучува можноста да имало разговори со партнерите во тој правец, но не потврди конкретни детали.„Ние сме реалисти; навистина сакаме да влеземе во НАТО. Според мене, тоа е праведно. Но сосема јасно знаеме дека Соединетите Американски Држави, како и уште неколку други земји, искрено кажано, во моментов не ја гледаат Украина во НАТО. А Русија, без сомнеж, никогаш не сака да нè види таму“, изјави Зеленски.Говорејќи за Крим, украинскиот претседател призна дека Украина засега нема доволна воена ниту политичка моќ да го врати полуостровот под своја контрола.„И денес, кога станува збор за Крим, немаме сила целосно да го вратиме нашиот украински полуостров Крим. Можеби тоа го кажав уште на првата средба и верувам дека бев во право“, рече тој.Зеленски истакна дека недостатокот на гарантирана поддршка не значи промена на основните украински принципи, меѓу кои и ставот за територијалниот интегритет на државата. Според него, прашањето за Крим и степенот на согласност во меѓународната дипломатија околу неговиот статус остануваат сложени.„И искрено, да, денес немаме сила за сето тоа. Немаме доволно поддршка за сето тоа. Но тоа го кажав уште на првата средба. Мислам дека можев да го потврдам и на последната средба со Путин“, додаде Зеленски.Украинскиот претседател исто така изјави дека е подготвен да се одржат избори, но нагласи дека нивната легитимност и спроведување зависат од безбедносните околности и измените во законодавството. Дополнително нагласи дека за организација на избори во услови на војна е неопходна поддршка од Соединетите Американски Држави, Европската Унија и украинскиот парламент.

Свет | пред 2 месеци

taravari-vredi-koalicija-h

Крилото на Таравари со поддршка за протестот за УЧК во Скопје, политичките реакции растат пред 13 декември

Силни политички реакции се отворија во пресрет на најавениот протест на 13 декември во Скопје во поддршка на поранешните водачи на Ослободителната војска на Косово, кои сè уште се наоѓаат во притвор во Хаг. Едното од трите крила на Алијансата за Албанците, предводено од Арбен Таравари, денеска соопшти дека целосно го поддржува протестот, оценувајќи го како „одбрана на вредностите на косовската ослободителна војна“.Од таборот на Таравари повикуваат на масовност и единство: сите Албанци, велат, без разлика на политичката определба, да се приклучат на настанот што треба да се одржи на плоштадот „Скендербег“ во Скопје. Според нив, протестот е момент за јасно и заедничко искажување на поддршка за „правдата и вистината за ослободителната војна, најчистиот чин на борба за слобода на албанскиот народ“.Организаторите, пак, информираат дека ги завршиле сите административни процедури со Град Скопје и дека очекуваат дозволата за одржување да биде официјално издадена. „Поднесовме две барања и ја плативме потребната комунална такса. Сега очекуваме формалната согласност, затоа што протестот е наше уставно право“, изјави Бујар Дардишта од Организацискиот совет.Протестот веќе доби принципиелна поддршка и од градоначалникот на Чаир и лидер на Демократско движење, Изет Меџити, кој оцени дека иницијативата е легитимен израз на став за хашките процеси. Како градоначалник на општината на чија територија треба да се одржи протестот, тој најави дека ќе даде согласност за негово организирање, но не прецизираше дали лично ќе присуствува.Во меѓувреме, премиерот Христијан Мицкоски упати критика кон иницијативата, оценувајќи дека најавата за протест од страна на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, е „погрешен потег“ и дека треба повторно да ја разгледа одлуката.Протестот, кој формално сè уште го чека последниот административен чекор, веќе предизвика значајни политички превирања, дополнително вжештувајќи ја сцената пред 13 декември.

Македонија | пред 2 месеци

media-library73pbbms5j3bm9ugWWcC

СДСМ со ново предупредување: По Албанија и Косово, Македонија е следна дестинација во мигрантските планови на западните земји

СДСМ и денеска отвори прашањето за мигрантските договори за кои, според опозициската партија, деновиве известуваат повеќе европски и светски медиуми. Утринава од партијата посочија дека информациите за „центри за враќање на мигранти“ се развиваат забрзано во регионот и дека Македонија, како што тврдат, може да биде следната дестинација.Според СДСМ, најновите анализи на меѓународните медиуми покажуваат дека неколку балкански држави веќе влегле во договори со западни земји. Косово, како што наведуваат, станало прва земја што прифати одбиени мигранти од Британија, додека Албанија се согласи на изградба на прифатни центри за мигранти од Италија.Во партиското соопштение се наведува и примерот на „Дојче веле“, кое пред пет дена информираше дека група од 40 мигранти била префрлена со воен брод во албанските центри, каде што – според германскиот медиум – ќе останат сè додека не бидат депортирани.СДСМ тврди дека, паралелно со овие случувања, британски медиуми објавиле дека Владата предводена од Христијан Мицкоски разговара за можно прифаќање мигранти од Британија во Македонија. Според тие објави, кои опозицијата ги цитира, наводно било спомнато финансирање од околу 20.000 фунти по мигрант, нивно вклучување на пазарот на труд – особено во градежништвото – како и можност за подолгорочно населување.Опозициската партија обвинува дека „ова е вистината“ и поставува прашање кој ја кажува реалната слика: светските медиуми или Владата. Според СДСМ, властите „ја кријат информацијата“, додека земјата се соочува со недостиг од средства во буџетот од околу една милијарда евра и, како што тврдат, со намера да се земе нов кредит до 6 милијарди евра „во замена за прифаќање мигранти“.„Граѓаните се против ваквите политики и велат НЕ за мигранти, НЕ за загрозување на безбедноста,“ наведуваат од СДСМ.

Македонија | пред 2 месеци

d_sos20151120017-e1542306005905-1024x578

Ристоска: Одбраната намерно го влече „Талир 2“ – нека се појави Груевски и нека признае вина

На денешното рочиште за предметот „Талир 2“, одбраната на поранешниот премиер Никола Груевски повторно влезе во судска конфронтација со обвинителката Ленче Ристоска. Адвокатот Сашко Христовски Липски, кој по службена должност го застапува Груевски, побара повторно испитување на сите 17 сведоци на Обвинителството, тврдејќи дека има нови прашања за нив.Според Ристоска, таквото барање нема правна основа и има за цел да го продолжи процесот, кој мора да заврши пред истекот на роковите за застарување. Предлогот на обвинителката сведочењата да се прочитаат наместо повторно да се повикуваат сведоците беше прифатен од судијката Даниела Алексовска-Стојановска.Меѓу сведоците чиј исказ ќе биде прочитан се високи партиски функционери – Александар Николовски, Ане Лашкоска, Антонио Милошоски, како и поранешните пратеници и министри Силвана Бонева, Владимир Пешевски и Билјана Бришкоска.Во судницата се случи и најострата размена на ставови помеѓу обвинителката и адвокатот на Груевски. Откако Липски изјави дека би сакал да постигне договор со обвинителството, Ристоска одговори со директна порака:„Нека дојде Груевски, нека признае вина.“Адвокатот инсистираше дека има „нови суштински елементи“ за кои сака повторно да ги испита сведоците:„Околностите за кои ќе се постават дополнителните прашања се различни од минатата судска расправа… Имаме нови околности за да ја докажеме невиноста на Груевски.“Судијката го праша кои се конкретните нови околности и зошто тие не биле поставени во претходниот процес, кога одбраната веќе имала можност да поставува вкрстени прашања на речиси сите сведоци.Ристоска од своја страна повтори дека се работи за тактика за одолговлекување:„Противењето е дадено во насока да се одолговлечи постапката и со оглед на роковите на застареност да се издејствува одлука што би значела избегнување одговорност за Груевски.“Обвинителката реагираше и на дел од прашањата што одбраната му ги поставуваше на вештото лице Снежана Филиповска – прашања кои не биле дел од вештачењето и кои судот ги одби по нејзин приговор.Во политичкиот дел од случајот, премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на последниот брифинг со новинарите повтори дека партискиот имот останува замрзнат поради двата процеса – „Талир 1“ и „Талир 2“.Тој изјави:„На власт сме година и половина, но имотот сè уште ни е замрзнат. Најверојатно судот чека предметот природно да застари, иако целосно е неправен.“Замрзнатиот имот, познат како „Белата палата“, и понатаму не смее да се продава, а евентуалната закупнина не смее да се користи и мора да оди на посебна сметка.Судењето за „Талир 2“, кое се однесува на изградбата на седиштето на партијата, трае веќе шест години. Првичната пресуда беше укината од Апелација поради измените во Кривичниот законик. Предметот застарува во август 2026 година. Во тек е и постапката за „Талир 1“, која се однесува на финансирањето на партијата.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryjifmen1b5iimcSc3g1L

(Видео) Политичари растураат пердуви и креираат лажна слика за Кочани, изразувам длабоко сочувство до семејствата на настраданите

Премиерот Христијан Мицкоски по завршувањето на седницата на Анкетната комисија за случајот во Кочани изјави дека опозицијата се обидувала да креира „лажна слика“ дека претставници на власта нема да се појават на расправата, но, како што рече, целата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ била присутна.„И покрај тоа што опозицијата се обидуваше да креира, како по обичај, лажна слика, да растура пердуви дека нема да се појавам јас и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за време на Анкетната расправа, видовте дека сите бевме присутни и Претседателката дојде исто така да биде дел од Анкетната расправа, претседателот на Собранието, јас лично“, изјави Мицкоски.Тој нагласи дека внимателно ги следеле дискусиите:„Тука бевме да слушаме, ги слушнавме ставовите од родителите, тие коишто земаа збор. Ги слушнавме, исто така, дискусиите на дел од организациите како ‘Супорт Кочани’, ‘Кој е следен’, и дел од дискусиите на некои од пратениците.“Мицкоски додаде дека „континуираните лаги на опозицијата“ не успеале да создадат поинаква слика во јавноста.„Сите тие лаги им се распрснуваат во рака како обична лага, а вистината е сосема поинаква“, рече премиерот.Тој повторно изрази сочувство до семејствата погодени од трагедијата:„Уште еднаш сакам да изразам сочувство до сите оние кои ги изгубија најмилите во овој трагичен настан, до оние кои се повредени од овој трагичен настан.“Мицкоски истакна дека државата ќе ја даде целата потребна поддршка:„Ние како држава ќе сториме сѐ што е во наша моќ да помогнеме на тие коишто се лекуваат, да ја дадеме сета онаа нега која е потребна, и се разбира, сочувствуваме со болката на сите оние семејства коишто ги загубија своите најмили.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynk8pson7ar6028PyoYZ

„Супорт Кочани“ на Анкетната комисија: Девет месеци сме без пауза, а вие барате еден час?

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“, која во изминатите девет месеци повеќепати обезбедуваше поддршка и логистика за семејствата на загинатите млади во пожарот во дискотеката „Пулс“, денеска присуствуваше на седницата на Постојаната анкетна комисија во Собранието. Седницата се одржува по претставка поднесена од родителите на жртвите, а на неа присуствуваат и државниот врв — претседателката Гордана Силјановска Давкова, премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на Собранието Африм Гаши.Во еден од најемотивните моменти на расправата, претставникот на „Супорт Кочани“, Иван Ивановски, реагираше на барањето за едночасовна пауза од страна на дел од пратениците.Во своето обраќање, кое го пренесуваме дословно, Ивановски рече:„Прво да ве прашам дали одморивте, како се викавте, Иванка, Ивона… не ве гледам, тука седеше, излезе ли? Како не ви е срам? Тука пред нас од Кочани вие се препукувате! Расправата уште не ни почнала, вие барате пауза од еден саат! А бе ние за еден саат цела веб-страница направивме од ‘Сапорт Кочани’ за да помогнеме! Знаете ли што значи еден саат?“Реакцијата следеше по кратката дебата во која пратеничката Иванка Василевска од ВМРО-ДПМНЕ им порача на родителите дека биле „злоупотребени и искористени“ од претседавачот на Комисијата, Димитар Апасиев, и ги покани да дојдат во нејзината канцеларија за време на можната пауза. Родителите ја одбија поканата, а Василевска ја напушти салата.Ивановски продолжи со критика за, како што рече, политизирање на процесот и обид за одолговлекување:„Стварно ќе кажам, ако ова е за некој само уште една политичка активност, тогаш подобро и да не учествувате. Ова одолговлекување ќе биде само опструкција на работата, а ние тука ќе бидеме тоа јавно да го кажеме, за тоа сме тука. Нема да дозволиме вакви работи. Пауза, ајде утре, ајде дискусии по еден саат ќе зборуваме?! Родителите девет месеци немаат спиено тука! Пауза ќе барате!? Ние девет месеци не сме направиле пауза, а волонтерски работиме! А вие сте платени тука. Нас на кондиција нема да не фатите, колку дена и да треба да биде, шо и да треба, ќе го направиме ова за Кочани! Родителите си стојат на ставот и ја сфаќаат поентата на расправата, дека ова е за јавноста да се дознае вистината, да не се шушка зад врати и дека не може да се изманипулира. И пак ќе повторам уште еднаш, ова не е прашање за политика, ова е прашање за животот во Кочани, тие што останавме ние во Кочани.Кога беа амбасадите ни кажаа дека од паралелка од 20 деца во Кочани 18 деца сакаат да се иселат од Кочани. Само ќе кажам дека ние сме последната генерација што може да сменат нешто и да знаете дека ние од ‘Сапорт Кочани’ нема да се откажеме и ќе се бориме до крај.“

Македонија | пред 2 месеци

media-library39p4goi9fas0cVgWCUr

Мајка на загинато дете во пожарот во „Пулс“ побара одговорност и од двајца актуелни функционери

На денешната седница на Анкетната комисија во Собранието, посветена на трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, збор зеде Марија Петрушова, мајка на една од жртвите. Таа пред пратениците и претставниците на институциите ја опиша борбата за расветлување на случајот како „борба за иднината на сите деца во државата“.Петрушова укажа дека трагедијата од 16 март, во која згаснаа млади животи, не може да се гледа одвоено од серијата институционални пропусти што, според неа, ја оставиле без заштита младата публика во клубот. Таа праша зошто одговорност не се бара и од актуелниот министер за економија и од раководството на Државниот пазарен инспекторат, институции кои, како што рече, имаат надлежности во делот на контрола на работата на угостителски објекти.Во обраќањето, Петрушова посочи дека во случајот се вклучени повеќе институции – од МВР, БЈБ и локалните полициски структури, до инспекциските служби, УЈП, ДЗСИ, општинските служби и приватната агенција за обезбедување „Рубикон“, кои имале обврска да обезбедат минимални стандарди на безбедност.„Секој граѓанин мора да се запраша – што се случува со нашите животи ако вакво нешто може да се повтори? Каде е безбедноста што државата треба да ја гарантира? Ние сме овде за да бараме правда. Не можеме да останеме безгрижни. Нашето барање е овој случај да се третира како сериозна повреда на човековите права, со посебен акцент на правото на живот. Она што го доживеавме претставува системска опасност за сите граѓани.Надлежност за случајот имаат МВР, БЈБ, СВР Штип, ОВР Кочани, инспекторката за економски криминал при ОВР Кочани, градоначалникот и општинските инспектори, ДПИ, Министерството за економија, УЈП, ДЗСИ, Агенцијата за обезбедување ‘Рубикон’ и низа други институции. Наместо да ги заштитат, системот ги остави нашите деца на немилост во објект кој работел незаконски и без соодветни безбедносни стандарди. Оваа трагедија е резултат на системски пропусти и негрижа.“Присутните членови на Комисијата по говорот најавија дека продолжуваат со собирање информации и документација за институционалното постапување пред и по пожарот во „Пулс“.

Македонија | пред 2 месеци

media-library339jf889plbr6HIwW4O

(Видео) Вербален судир на седницата за „Пулс“: Апасиев и Василевска во расправа околу надлежностите на Комисијата

На денешната седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, која се одржа во присуство на родителите на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, дојде до остри расправии меѓу дел од пратениците.Според текот на седницата, пратеничката од мнозинството Иванка Василевска и претседателот на Комисијата, проф. д-р Димитар Апасиев, размениле повеќе забелешки во врска со надлежностите и функцијата на телото.Апасиев ѝ реплицираше на Василевска, посочувајќи дека според Уставот Постојаната анкетна комисија има посебна улога во утврдување факти поврзани со слободите и правата на граѓаните, а не истражни овластувања.„Она што го прочитавте беше допис на Обвинителот во врска со вашата анкетна комисија, а не со Постојаната анкетна комисија, која е уставна категорија, гарантирана во членот 76“, рече Апасиев, нагласувајќи дека наодите на Комисијата може да послужат како основа за иницирање постапка за утврдување политичка одговорност на носители на јавни функции.Тој додаде дека ова тело има за цел да утврди што пропуштиле институциите и како тоа се одразило врз трагичните настани, меѓу кои и пожарот во „Пулс“, за кој родителите бараат институционална одговорност.Пратеничката од ВМРО–ДПМНЕ, Иванка Василевска, побара изземање на претседавачот Димитар Апасиев од водeњето на Комисијата, наведувајќи дека, според неа, постојат околности што ја доведуваат во прашање непристрасноста.Василевска во своето обраќање изрази сочувство кон семејствата на загинатите во трагедијата во дискотеката „Пулс“, нагласувајќи ја, како што рече, длабоката човечка и професионална одговорност да го посочи, според неа, проблематичното постапување на Комисијата.„Стојам денеска пред вас со длабока тага и искрено сочувство за оваа незамислива трагедија“, рече таа, истакнувајќи дека како професор по право и како пратеник чувствува должност да укаже на сериозноста на ситуацијата.Во продолжение, Василевска се обрати директно до претседавачот Апасиев, укажувајќи на член 10 од Законот за постапување по поднесоци и претставки:„Во членот 10 се забранува да се постапува по претставка каде веќе има судска постапка за истата работа, а колега Апасиев, вие како правник сте должен да го знаете ова“, рече таа, оценувајќи дека неговото постапување, како што наведе, „делува сомнително“.Таа додаде дека правните принципи налагаат изземање во ситуации кога постои сомнеж во непристрасност, особено во предмет со висока чувствителност и вклучена јавност.„Пратеникот Апасиев со неговите изјави и ставови го изгуби кредибилитетот да ја води денешната комисија“, изјави Василевска, нагласувајќи дека, според неа, правдата мора да ја водат лица кои не даваат однапред оцени за можната одговорност.Таа заклучи со барањето Апасиев да биде изземен од претседавање со Комисијата, со образложение дека „правдата не смее да биде водена од оние кои однапред ја негираат“.Седницата продолжи со обраќања на родителите, кои повторија дека очекуваат парламентарна поддршка за расветлување на околностите и за утврдување одговорност за трагедијата во Кочани.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryunlsjruv1a0r9ARI9GJ

Судир меѓу три возила во Скопје

На 08.12.2025 во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Ферид Бајрам“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.И.(32) од Скопје, патничко возило „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од У.Б.(36) с.Жубрино, кичевско и патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(56) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Т.П.(61) од Скопје, сопатник од возилото „цитроен“, додека со телесни повреди се здобиле возачот У.Б. и сопатничка од возилото „ауди“ Ф.Б.(32) од с.Жубарино, кичевско, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Општата болница Кичево. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryu9okj8sr8gqo3j8tK6Q

Стружанец приведен со 388 пиротехнички средства

На 08.12.2025 во 17:00 часот во струшкото село Долна Белица, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода А.М.(34) од истото село. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа 388 парчиња различни пиротехнички средства, кои нелегално ги поседувал. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryocgo6bg9mv5d5XR0VAL

Милјардерот Андреј Бабиш се враќа на власт: Чешка веднаш најави промена на политиката кон Украина

Чешката Република доби нов премиер по повеќемесечни политички преговори. Претседателот Петр Павел го именува Андреј Бабиш – влијателен бизнисмен и близок политички сојузник на унгарскиот премиер Виктор Орбан – со што е заокружен процесот на формирање влада.По назначувањето, Бабиш изјави дека Прага нема да продолжи да го финансира воениот пакет за Украина, нагласувајќи дека државата треба да се посвети на „сопствените економски приоритети“. Тој не прецизираше дали ќе биде запрен меѓународниот проект за набавка на муниција за Украина, кој го поддржува претседателот Павел, но најави дека е можно ограничување на извозот на чешко оружје и муниција кон Киев.Новата влада е составена од неговото движење АНО и две партии од крајната десница – Слобода и директна демократија и Партијата на возачите. Трите формации, познати по ставови против климатските политики на ЕУ и по залагање за неутрален или попустлив однос кон Русија, заедно контролираат 108 места во парламентот.Бабиш, кој има 71 година, се враќа на премиерската функција по четиригодишна пауза во која неговата реторика сè повеќе се приближуваше кон европските конзервативни и суверенистички блокови.За да го добие мандатот и да избегне правни пречки поврзани со сопственичката концентрација, тој го префрли својот конгломерат „Агроферт“ – кој обединува повеќе од 200 компании – во доверителна структура.Политичките аналитичари предупредуваат дека новата влада може да ја позиционира Чешка поблиску до групата на „суверенистички“ држави во Европа, предводени од Орбан во Унгарија и Роберт Фицо во Словачка.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryv8s5tehpfptl2XOTjMo

(Видео) Филипче најави петиција: Не за мигранти, Македонија не смее да стане периферија на Европа!

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денес ја најави првата сериозна граѓанска иницијатива против, како што наведе претседателот Венко Филипче, опасните и штетни политики на Владата на ВМРО-ДПМНЕ поврзани со можен прием на мигранти во земјата.Филипче истакна дека е време да се крене гласот на народот и најави покренување онлајн петиција како прв чекор за спречување на, како што го нарече, антидржавното и антинационално однесување на Владата.„Мора да кажеме одлучно не. Ги повикувам граѓаните да нè поддржат да нè подржат и да ни помогнат да го спречиме ова антидржавно и антинационално однесување на т.н. патриотска влада на ВМРО ДПМНЕ“, порача Филипче, прашувајќи дали цената за кредитот од 6 милијарди евра е токму прифаќање мигранти во Македонија, одлука што, според него, ќе ја плаќаат генерации во децениите што следат.Тој нагласи дека Македонија не смее да дозволи да стане периферија на Европа и предупреди дека доколку Владата го игнорира ова предупредување, ќе следат уште посилни чекори во интерес на заштита на државата, безбедноста и иднината на македонските граѓани.

Македонија | пред 2 месеци

media-library0upejgtaei40eQZHFVv

Општина Аеродром стартува со првата системска селекција на пластичен отпад во домаќинствата

Општина Аеродром ја воведува првата организирана селекција на пластичен отпад директно од домаќинствата, со што станува прва општина во државата која го воспоставува овој модел на управување со отпад.Проектот предвидува вкупно 600 домаќинства да бидат опфатени со новиот систем, а во првата фаза 50 домаќинства ќе добијат специјални канти за одделно собирање на пластика. Селектираниот отпад ќе го презема Јавното претпријатие за комунални дејности, кое ќе го предава на овластени компании за понатамошен третман.Од општината велат дека целта е намалување на количината мешан комунален отпад и поттикнување на поголема еколошка свест кај граѓаните. Проектот е дел од иницијативата Clean AirDrom, во рамки на која веќе е набавено и електрично товарно возило за еколошки транспорт.Со имплементацијата на системска селекција, Аеродром очекува подобрување на локалното управување со отпад и подобра заштита на животната средина.

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryq4c1m6th85u8acMWg6o

Нова линија на Aјџет: Од Скопје и од Сараево до Бодрум - лето 2026

Бодрум од следното лето повторно ќе биде поврзан со Сараево, а потоа и со Скопје, преку сезонските линии што „Изиџет“ ќе ги воведе во 2025 година, објави порталот „Екс ју авиејшн“.Летовите кон Сараево ќе почнат на 28 јуни и ќе се изведуваат еднаш неделно, секоја недела. Линијата кон Скопје ќе стартува нешто подоцна — на 2 јули, со по еден лет секој четврток.Компанијата и претходно ги опслужуваше овие релации, заедно со „Анадолуџет“: кон Скопје во периодот од 2022 до 2024 година, а кон Сараево од 2021 до 2014 година. Сега, двете дестинации повторно се враќаат во сезонското летно распоредување на авиопревозникот.

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryvcvvj1utob7f7vIZYcI

Левица ја повика власта да обезбеди кворум на седницата за „Пулс“

Пред денешната седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, партијата Левица јавно побара од пратениците од владејачкото мнозинство да присуствуваат и да овозможат одржување на расправата за трагедијата во Кочани, која се случи пред девет месеци.Од Левица потсетуваат дека во периодот по настанот Собранието не усвоило ниту една суштинска мерка во врска со случајот, поради што, како што велат, институциите имаат обврска да покажат „сериозност и одговорност“ кон семејствата и јавноста. Според партијата, досегашното одложување на расправата испратило порака на недоволна институционална чувствителност за последиците и прашањата што ги отвори трагедијата.Одржувањето на седницата зависи од присуството на членовите (или нивните заменици) на Комисијата од редовите на владејачкото мнозинство. Меѓу нив се: Александар Велјановски, Миле Лефков, Ангелинка Петкова, Петар Ристески, Бране Петрушевски, Рашела Мизрахи, Игор Здравковски, Фериде Хаџиу и Весна Бендевска.Левица смета дека присуството на пратениците е неопходно за Собранието да ја исполни својата надзорна улога и да се обезбеди транспарентен процес. Партијата предупреди дека евентуално ново одложување би било дочекано како продолжување на опструкциите и како сигнал дека институциите не покажуваат подготвеност да ја расчистат одговорноста за случајот.Од страна на владејачкото мнозинство засега нема официјална реакција во врска со барањето на Левица.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryiho10o6vj6m68OBE6oe

СДС ако има докази за незаконски постапки нека поднесе пријава до нивниот обвинител, Коцевски кој жилаво го брани Филипче од одговорност за милионски криминал

ВМРО–ДПМНЕ денеска реагираше на обвинувањата од СДС за наводни неправилности во јавни набавки, оценувајќи дека станува збор за „обиди за креирање скандали“ и „спинови“ со цел политички притисок. Од партијата тврдат дека постапките што се оспоруваат биле спроведени согласно Законот за јавни набавки и дека во двата случаи победиле компании со „најповолна понуда“.Од ВМРО–ДПМНЕ наведуваат дека лицата споменати од СДС „немаат сопственичка или друга врска со фирмите што учествувале на тендерите“, ниту пак, како што велат, имале допирни точки со самите процедури.Во реакцијата се обвинува СДС дека, наместо да поднесе докази доколку ги има, преку јавни настапи „генерира хистерија“ околу случаи за кои, според ВМРО–ДПМНЕ, нема основ. Дополнително, партијата истакнува дека СДС треба да се обрати до јавниот обвинител Љупчо Коцевски, кого го посочуваат како „надлежен да постапи доколку постојат индиции за незаконско постапување“.Во партиското соопштение се споменуваат и повеќе случаи во кои, според ВМРО–ДПМНЕ, не била обезбедена одговорност во периодот кога СДС била на власт – меѓу нив постапките за модуларните болници, набавките на вакцини и приватизацијата на стерилизацијата во здравствените установи.Партијата се осврнува и на обидите за поврзување на Ивица Томовски со фирма за хигиенски услуги, наведувајќи дека и тој и компанијата демантирале поврзаност. Од ВМРО–ДПМНЕ прашуваат дали истата компанија, која добивала тендери и во периоди кога СДС управувала со институциите, тогаш „работела под нивна надлежност“.Од СДС засега нема нова реакција на најновите обвинувања.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarysdlr1p41ebtq0rrb4Bz

(Видео) Аларм од МВР за пазниците

Без пиротехника за побезбедни празници!Министерството за внатрешни работи, апелира до граѓаните за време на Новогодишните празници максимално да се воздржат од употребата на пиротехнички средства. Петардите не се играчка, нивното користење е строго забрането, а празничното пукање со петарди може да биде исклучително опасно по животот и здравјето, оставајќи екстремно тешки последици кои можат да го запечатат животот на младиот човек. Петардите се опасни и штетни.Aктивностите на Министерството за внатрешни работи во борбата против пиротехниката се континуирани, со засилена динамика пред и околу празниците, имајќи го предвид сезонскиот предзнак на пиротехниката, сѐ со цел да ја зголемиме свесноста кај младите, но и кај нивните родители, укажувајќи дека петардите не се играчки, туку опасни средства кои можат да нанесат ненадоместливи и трајни последици по здравјето на младите.МВР презема и акциски контроли, со цел санкционирање на употребата на петарди и други пиротехнички средства и ги потсетува граѓаните за законските одредби во кои е санкционирана употребата на пиротехнички средства и нивната нелегална продажба.Така, Законот за прекршоци против јавниот ред и мир во член 31 предвидува глоба за оној кој неовластено употребува пиротехнички средства. Согласно Кривичниот законик, во член 396 е предвидено недозволеното изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, при што:(1) Тој кој што неовластено изработува, држи, продава, набавува или врши размена со огнено оружје, муниција или експлозивни материи, ќе се казни со затвор од три до десет години;(2) Ако предмет на делото од ставот 1 е поголемо количество на огнено оружје, муниција или експлозивни материи, или огнено оружје, муниција или експлозивни материи кои на граѓаните им се забранети, сторителот ќе се казни со најмалку пет години затвор.МВР во соработка со партнерите од невладините организации и други институции продолжува со активностите во оваа насока и уште еднаш апелираме да не се употребуваат пиротехнички средства.Апел и до родителите да не им купуваат пиротехника на своите деца затоа што тоа може да има трагични последици. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат законските прописи и да соработуваат со полицијата. Сите нарушувања на јавниот ред и мир да ги пријават во полициска станица или преку телефонските броеви 192 или 112.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryfbqp5paesgl17MyqZ1i

Британска министерка Купер: Русија против Западот и Украина користи ВИ и лажни вести

Странскии држави ги преплавуваат социјалните мрежи со видеозаписи манипулирани со вештачка интелигенција за да ја поткопаат западната поддршка за Украина, предупреди во вторникот британската министерка за внатрешни работи Ивет Купер. Таа повикува на меѓународна соработка во борбата против, како што го нарекува, „информациската војна“ која е овозможена со напредокот на технологијата, објави „Гардијан“.Ескалација на хибридните заканиБританското Министерство за надворешни работи веќе претходно предупреди дека руски агенции стојат зад широка дезинформациска мрежа позната како „Допелгангер“. Оваа мрежа, меѓу другото, ширела лажни гласини за здравствената состојба на принцезата од Велс и за западното финансирање на Израел. Сега официјални лица истакнуваат дека Русија користи фалсификувани документи и дипфејк-материјали за постигнување геополитички цели.„Низ Европа сведочиме на ескалација на хибридни закани – од физички до сајбер-напади – осмислени за да ја ослабнат критичната национална инфраструктура, да ги поткопаат нашите интереси и да ги нарушат демократиите, сето тоа во корист на злонамерни странски држави.“Говор во чувствителен моментНејзиниот говор, со кој се одбележува 100-годишнината од Локарнските договори потпишани по Првата светска војна, доаѓа во еден од најчувствителните моменти за војната во Украина. Додека Доналд Трамп повторно силно заговара мировен договор меѓу Русија и Украина, двете страни се борат за наклонетоста на Вашингтон.Американски и украински претставници ги поминаа изминатите денови во преговори без видлив напредок, што го поттикна Трамп да го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека не ги прочитал понудените предлози. Зеленски во понеделникот беше во Лондон, каде што премиерот Киер Стармер организираше разговори со францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц.Во исто време, Купер во Вашингтон се сретна со американскиот државен секретар Марко Рубио. Во пораката која очигледно е насочена кон Москва, таа ќе истакне дека технологијата го намалила прагот за влез во информациската војна.Технологијата како ново оружје„Пред сто години, ваквите злонамерни актери или државно спонзорирани нарушувачи можеби се потпирале на професионално фалсификувани документи или внимателно подметнати приказни за да го манипулираат јавното мислење. Но денешната технологија ги намалува пречките – што значи дека повеќе актери, со помалку вештини, можат да делуваат во име на режими во странство“, ќе порача Купер.„Можат да се мешаат во слободни и фер избори, така што западните интереси да ослабнат и да изгубат сојузници на светската сцена. Преплавувајќи ги социјалните мрежи со генеративна вештачка интелигенција и манипулирани видеа, постепено можат да ја поткопаат поддршката за нашите главни сојузници, како Украина, преку лаги што ја напаѓаат нашата колективна решителност да го поддржиме украинскиот отпор против незаконската руска инвазија.“Сеење општествен раздорМинистерката појасни дека дезинформациите не се користат само за директно поткопување на Украина, туку и за продлабочување на постојни општествени поделби околу теми како родовите прашања и миграцијата.„Овде не станува збор за легитимна расправа за спорни теми. Многу луѓе во Обединетото Кралство имаат силни ставови за миграцијата, родот и климата. Но тоа се наши дебати, а не игралиште за странски држави кои се обидуваат да сеат поделби за да ги унапредат сопствените интереси“, порача Купер.Како пример за такви кампањи, официјални лица го наведуваат создавањето лажни интернет-страници за време на изборите во Молдавија во септември. Овие страници изгледале како да ѝ припаѓаат на владејачката партија ПАС, а содржеле измислени политики, како зголемување на старосната граница за пензионирање и продолжување на воениот рок.

Свет | пред 2 месеци

crna-gora-policija

Безживотни тела на маж и жена пронајдени во заклучен стан во Никшиќ, двојно убиство во Црна Гора, се трага по сторителoт

Безживотните тела на маж и жена биле пронајдени во понеделникот навечер во стан во центарот на Никшиќ, а се сомнева дека станува збор за двојно убиство. Телата биле пронајдени во стан на улицата „Пека Павловиќ“ во центарот на градот. По сторителот се трага, објави „Тeлеграф“.„Полициските службеници од Регионалниот центар за безбедност, Никшиќ, вчера околу 19:20 часот биле известени од член на семејството дека лицето М. П. (74) не одговара на телефонските повици и дека два дена не успеале да воспостават контакт со него“, се наведува во соопштението. Како што информира полицијата, веднаш биле преземени мерки за лоцирање на М. П.Лоцирање на сторителот„Во согласност со законските овластувања, полициските службеници влегле во станот, каде што го затекле безживотното тело на М. П., како и телото на М. В. (41) со видливи повреди за кои се сомнева дека се нанесени со остар предмет, поточно нож. Изнајмениот стан го користела М. В.“, додава полицијата.„Со настанот веднаш бил запознаен обвинител од Вишото државно обвинителство во Подгорица, кој заедно со полициските службеници извршил увид на местото на настанот. Во текот на спроведените полициско-обвинителски активности, полицијата дошла до сознанија за идентитетот на сторителот на ова кривично дело и интензивно се работи на негово лоцирање и апсење“, се наведува понатаму.Како што додава полицијата, мотивот на тешкото кривично дело им е познат на надлежните. „Имајќи ја предвид тежината на делото, но и приватните околности поврзани со оштетените и сторителот, во оваа фаза од постапката не можеме да објавиме повеќе детали,“ соопшти полицијата.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryflle2iredo5hcvU6wBr

Соработници на Трамп вршеле притисок врз Зеленски да се откаже од територии за време на телефонски повик

Соединетите Американски Држави го засилиле притисокот врз украинскиот претседател Володимир Зеленски да прифати брз мировен план на претседателот Доналд Трамп, кој подразбира значајни територијални отстапки од Украина, изјавија за „Аксис“ двајца украински претставници.Според нив, од Киев се бара да се согласи на губење дел од територијата и други сериозни концесии, без да добие цврсти безбедносни гаранции.Украинската страна смета дека актуелниот американски предлог во клучни сегменти ѝ оди во прилог на Москва и дека Вашингтон врши многу посилен притисок врз Зеленски отколку врз рускиот претседател Владимир Путин. Американски претставник го негира ова, тврдејќи дека САД подеднакво притискале и врз Путин да ги намали своите барања.Во меѓувреме, Зеленски оваа недела разговара со повеќе европски лидери кои му порачуваат дека Украина не смее да попушти ниту пред Путин, ниту пред Трамп. Во фокусот на преговорите се две прашања: руското барање Украина да ја отстапи целата област Донбас, вклучувајќи ги и деловите што руските сили не ги контролираат, и украинското барање за силни безбедносни гаранции од САД за да се спречи нова руска агресија.Трамп: Зеленски не го прочитал нашиот планЕден украински претставник изјави дека американската понуда дополнително се влошила од перспектива на Киев по петчасовната средба во Кремљ минатата недела меѓу советниците на Трамп, Стив Виткоф и Џеред Кушнер и Владимир Путин. Според неговите зборови, Виткоф и Кушнер во двочасовниот телефонски разговор со Зеленски во саботата очекувале јасен и брз позитивен одговот на планот.„Стекнавме впечаток дека САД на различни начини се обидуваат да ни ја продадат руската желба да го преземе целиот Донбас, и дека Американците сакаат Зеленски веднаш да го прифати тоа за време на телефонскиот разговор,“ изјави украински претставник.Телефонскиот разговор уследил по три дена интензивни преговори во Мајами меѓу Виткоф, Кушнер и советниците на Зеленски. Иако, според американски и украински извори, имало одреден напредок, не бил постигнат пробив во делот на територијалните прашања и безбедносните гаранции.Трамп во неделата изјави дека украинската преговарачка екипа „го сака“ американскиот план и дека е „малку разочаран“ што Зеленски, според него, сè уште не го прочитал. Тој исто така тврдеше дека Русија е „задоволна“ од предлогот, иако руските претставници јавно нагласуваат дека имаат сериозни забелешки.Луѓе на Трамп го притискале Зеленски по телефон да го предаде ДонбасСпоред американски и украински извори, Зеленски за време на разговорот рекол дека американскиот предлог го добил само еден час порано и дека немал време да го прочита. Американски претставник наведе дека тоа е збунувачко, бидејќи ажурираната верзија била испратена ден претходно, додека украинската страна тврди дека дел од документите навистина пристигнале порано, но дека клучните делови биле доставени веднаш пред разговорот.Украински претставник рече дека новиот американски предлог содржи построги услови од претходните, особено во однос на територијата и контролата врз нуклеарната електрана Запорожје, и дека не нуди јасни одговори за безбедносните гаранции. „Постојат клучни територијални прашања за кои мора дополнително да се преговара: кој што контролира, кој каде останува, кој се повлекува и, доколку Украина се повлече од линијата, како ќе се гарантира дека Русија ќе го направи истото и нема да продолжи со борбите,“ рече тој.И покрај тоа, истите извори тврдат дека американската страна се однесувала како да очекува Зеленски едноставно да се согласи на сè за време на телефонскиот повик. Американски претставник возвратил дека актуелниот предлог во голем дел е обликуван и врз основа на украинските предлози и дека Кушнер и Виткоф вршеле притисок врз Путин да прифати дел од украинските барања.Зеленски му испраќа алтернативен план на ТрампАмерикански и украински претставници наведуваат дека Трамповата администрација наводно го толкувала состанокот на Зеленски во кабинетот на британскиот премиер како обид за одолговлекување на процесот. Украинската страна, пак, смета дека САД се обидуваат да го оддалечат Зеленски од европските партнери за полесно да вршат притисок врз него.„Зеленски не може да донесе толку драматични одлуки без да се консултира со клучните европски партнери,“ изјави украински претставник, додавајќи дека додека САД бараат брза одлука, европските лидери препорачуваат внимателност и трпение, што создава фрустрации во Белата куќа.Зеленски изјави дека Украина и европските држави во вторник ќе ѝ достават на САД ажуриран противпредлог. „Русија инсистира да се откажеме од територии. Ние тоа не го сакаме. Затоа и се бориме. Американците во моментов бараат компромис,“ рече тој.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryck5tuapi60soeNeWn4s

(Видео) Чекале со саати на Дојран и на Евзони! Протестите на грчките земјоделци предизвикаа километарски колони

Протестите на грчките земјоделци вчера предизвикаа сериозни застои на граничните премини „Евзони“ и „Дојран“. Поради блокадите што ги поставија земјоделците, со часови беше онеспособено нормалното одвивање на сообраќајот, а колоните возила чекаале до доцна во ноќта за да влезат во земјава.Според информациите, протестот на грчките земјоделци е дел од нивните континуирани барања за поголема поддршка од грчката влада, при што блокирањето на меѓународните премини повторно беше искористено како форма на притисок.

Свет | пред 2 месеци

Sobranie-zgrada

Комисијата за „Пулс“ закажана за денеска, можно е да нема кворум

Во Парламентот за денеска е најавено одржување на седницата на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓаните. Седницата е закажана по претставка од родителите на младите кои го загубија животот во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.Семејствата на жртвите очекуваат присуство од сите пратеници и претставници на институциите, предупредувајќи дека нема простор за нови одложувања. Тие посочуваат дека денешниот термин е единствената можност директно да се обратат пред Собранието.Опозицијата стравува дека, доколку пратениците од владејачкото мнозинство не се појават, ќе недостига кворум и седницата нема да може да се одржи.Иако претседателот на Собранието предложи одложување поради тековната расправа за буџетот, од „Левица“, каде што Апасиев претседава со Комисијата, остануваат на закажаниот датум и време.Паралелно со ова, Собранието веќе формираше и посебна анкетна комисија со задача да ги разгледа сите поголеми трагедии од последните години, меѓу кои се и настаните поврзани со пожарот во „Пулс“.

Македонија | пред 2 месеци

media-library4ep6e2j4uv433OQ7WwJ

САД ја објавија новата безбедносна стратегија, документ од 33 страници: Европа е во „ризик од исчезнување“, војната во Украина мора да престане

Соединетите Американски Држави ја презентираа новата Стратегија за национална безбедност, документ што, според „Фајненшл тајмс“, значително го менува односот на Вашингтон кон Европа и бара европските влади да ја преиспитаат досегашната политика.Во стратегијата се наведува дека дел од европските држави ја поткопуваат својата демократска структура и дека континентот се соочува со „длабока цивилизациска криза“ предизвикана од демографскиот пад и силните миграциски притисоци. Според американската анализа, европските институции премалку вложуваат во сопствената стабилност и безбедност.Еден од најконтроверзните делови на документот се однесува на војната во Украина: САД тврдат дека европските партнери „ја попречуваат“ американската иницијатива за прекин на огнот, иако – како што стои во стратегијата – „огромното мнозинство Европејци сакаат мир“. Вашингтон наведува дека брзото запирање на непријателствата би ги стабилизирало европските економии, би го ограничило ризикот од проширување на конфликтот и би овозможило рестартирање на стратешкиот баланс со Русија.Стратегијата беше објавена во момент кога претседателот Доналд Трамп вложува дипломатски напори за договор со Москва, иницијатива што Киев и повеќе европски престолнини ја оценуваат како неприфатлива и ризична.„Фајненшл тајмс“ пишува дека новиот документ предизвикал сериозна загриженост во европските кругови бидејќи укажува дека Вашингтон е подготвен да ја турка Украина кон територијални отстапки. На 33 страници се претставува и нова геополитичка филозофија во која доминацијата на САД во западната хемисфера повторно се дефинира како клучна национална цел, во духот на модернизирана „доктрина Монро“.Во стратегијата се оценува дека меѓу САД и европските сојузници се продлабочува идеолошки јаз, а Европа се опишува како континент што се бори со економски пад и „демографско исчезнување“.Вашингтон директно ја предизвикува Европската Унија да се дистанцира од политиките што, според американскиот документ, ја туркаат Европа кон системска слабост. Посебно внимание е посветено на растот на евроскептичните и крајнодесничарски партии, за кои стратегијата вели дека би можеле да донесат „нова европска политичка реалност“.Документот завршува со порака дека американската дипломатија мора да промовира „автентична демократија, слобода на изразување и отворено негување на националните идентитети“ – вредности за кои САД очекуваат европските партнери да покажат поголема решителност.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryt0vb9c1h1fssecfheQB

Уапсени возачи во Штип и Кочани под дејство на алкохол, кочанчанецот предизвикал и сообраќајна незгода

На 04.12.2025 во 01:56 часот на ул.„Маршал Тито“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода А.С.(38) од Штип. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „цитроен“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,93 промили алкохол во крвта.На 04.12.2025 во 08:20 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Џ.А.(41) од Кочани. Претходно, тој со возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во врата од двор на ул.„Шукри Шаин“ во Кочани, а по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,84 промили алкохол во крвта.По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryl2ltdphhtosqaDTSwh9

Мојсоска: Власта место да смислува изговори, да се појави во Собрание пред родителите од Кочани

Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, во гостување на ТВ 24 изјави дека Собранието има обврска да ја искористи својата надзорна улога преку анкетните комисии, особено во контекст на трагедијата во Кочани. Таа оцени дека иако во минатото анкетните комисии биле практично неуспешни и завршувале со различни заклучоци од страна на власта и опозицијата (како онаа за „Онкологија”), очекува поголем демократски капацитет овојпат бидејќи е редно време да се извлече лекција од колективните порази.Мојсоска нагласи дека системските пропусти кои довеле до трагедијата мора да бидат лоцирани, посочувајќи дека тие произлегуваат од законските решенија, правилниците и слично, како и начинот на нивно спроведување. „Собранието е тело кое врши надзор над извршната власт и не смееме да ја потцениме таа улога“, рече таа и потенцираше дека Собранието не смее постојано да се однесува како извршна власт на извршната власт.Таа потсети дека Левица уште пред неколку месеци, во три наврати, иницирала надзорна расправа, но обидите биле блокирани.Мојсоска потсети и дека девет месеци по трагедијата сè уште нема суштински законски измени. Како пример го наведе законот за угостителска дејност, за кој беа нотирани големи пропусти, меѓу нив и можноста дискотека да се отвори само со изјава дека се исполнуваат минималните стандарди. Таа додаде дека, иако од Владата најавија измени, и по девет месеци, тие сè уште не се доставени до Собранието.Оттука, Мојсоска потенцираше дека и една од главните поенти на овие комисии и расправи е потребата да се иницираат законски решенија коишто ќе превенираат идни трагедии.Во врска со претставката поднесена од родителите од Кочани, а по која претседателот на Постојаната анкетна комисија, Димитар Апасиев, закажа седница во вторник - Мојсоска истакна дека датумот за седницата е избран во координација со родителите, затоа што тој е единствениот ден кога не е закажано судско рочиште. Таа додаде дека се поканети и конечно ќе се обратат родителите, поканети се претставниците од власта и сите пратеници.Мојсоска оцени дека не постојат реални пречки за седницата да не се одржи, иако дел од пратениците од власта се повикуваат на почетокот на буџетската расправа. „Буџетската расправа трае пет дена, а минатата година Буџетот се донесе за еден ден. Имаме услови седницата да се одржи“, рече таа и додаде дека приоритет е барањето на родителите и јавноста. Мојсоска потенцираше дека не сака повторно да се случат „креативни обиди“ за спречување на одржувањето на седницата и можноста родителите да се обратат.Во однос на поканите до претседателката Горданa Сиљановска-Давкова и премиерот Христијан Мицкоски, Мојсоска рече дека засега немаат добиено потврда дека ќе присуствуваат.

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања