Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Анита Буховски

media-libraryu735hh25ldna6ZCx9dk

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски волонтира на терен со Црвениот крст: Порака за солидарност и човечност

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес се приклучи на активностите по повод Светскиот ден на волонтерството, заедно со претседателот на Советот на Град Скопје, Даме Димитровски. Во соработка со Црвениот крст на Република Македонија–Црвен крст на Град Скопје, тие учествуваат во низа хуманитарни и социјални активности насочени кон поддршка на најранливите категории граѓани.Овој ден претставува силен потсетник за важноста од волонтерството и институционалната поддршка која таа благородна мисија ја заслужува. Во продолжение ја пренесуваме изјавата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски:Денес, на Светскиот ден на волонтерството, со гордост се приклучувам како волонтер во активностите на Црвениот крст. На 5 декември, целиот свет оддава признание на волонтерите, на сите оние кои несебично го даруваат своето време, енергија и добрина за да ги зајакнат нашите заедници.Овој ден е силен потсетник за важноста на волонтерството, но и повик до институциите и граѓаните да ги поддржат волонтерските организации и нивната хумана мисија. Токму затоа, денес заедно со претседателот на Советот на Град Скопје, Даме Димитровски, се приклучуваме на активностите организирани од Црвениот крст на Република Македонија - Црвен крст на Град Скопје.Заедно со група пратеници од Собранието на Република Македонија, ќе учествуваме во хуманитарни и социјални активности низ градот, посветени на оние кои најмногу имаат потреба од наша поддршка. Овој чекор е јасен показател за институционалната поддршка која волонтерството ја заслужува, една од темелните вредности на Црвениот крст и клучен двигател за создавање посилни, похумани и поотпорни заедници.Преку активности за поддршка на стари и изнемоштени лица, помош за ранливи категории како бездомните и лицата со попреченост, како и преку учество во хуманитарни иницијативи, испраќаме порака дека волонтерството е чест и привилегија. И оваа година, Град Скопје стои рамо до рамо со волонтерите како поддржувач, сојузник и активен учесник во создавањето на поодговорно, похумано и посолидарно општество.

Скопје | пред 2 месеци

416876087_10229161808062868_5647222288120258027_n

По критиките од Мицкоски, Ахмети со порака: „Горди и непоколебливи, ќе бидеме на плоштад“

Поддржувачи на поранешните команданти на Ослободителната војска на Косово најавија масовен протест во Скопје на 13 декември, на плоштадот „Скендербег“. Настанот, кој следи по протестите во Хаг, Приштина, Тирана и Стразбур, го организираат ветерани и здруженија што бараат „правда за обвинетите во Хаг“.Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, јавно ги повика граѓаните да се приклучат на протестот, наведувајќи дека, како што рече, „гласот за правдата мора да се слушне и во Скопје“. Во неговата објава Ахмети ја истакна поддршката за ОВК и порача дека „слободата не се обвинува, туку се брани“, алудирајќи на судскиот процес против косовските лидери.Според него, поддршката што доаѓала од Приштина и Тирана ќе продолжи и во Скопје, а протестот го нарече „дел од борбата за вистината“.Премиерот Христијан Мицкоски, кој претходно го повика Ахмети да се откаже од протестот, оцени дека ваквиот чекор ќе го изолира лидерот на ДУИ на политичката сцена. Тој тврдеше дека протестот е мотивиран од внатрепартиски пресметки пред конгресот на ДУИ и предупреди дека ваквите потези можат да создадат дополнителни тензии.Мицкоски изјави дека, според информациите што ги добива, на протестот би можеле да се приклучат групи од Косово и Албанија, како и неколку помали радикални структури од земјата. Тој додаде дека не очекува поддршка за протестот од коалициската групација „Вреди“, ниту пак позитивен сигнал од меѓународната заедница.Здружението на ветераните на ОНА, кое исто така најави учество, посочи дека протестот во Скопје ќе биде петтиот по ред собир за поддршка на обвинетите поранешни лидери на ОВК.Настанот е закажан за 13 декември во 13 часот, со најавен марш кон плоштадот „Скендербег“.

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryh4johjmsbii9c1d3GAh

Манасиевски со остар одговор до СДС: „Повикот за Ковеши е политичка иронија“

Валентин Манасиевски од ВМРО–ДПМНЕ денеска реагираше на изјавата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, кој побара европската обвинителка Лаура Ковеши да се ангажира во истражување на наводни злоупотреби со европски средства поврзани со опозициската партија.Манасиевски оцени дека е „најиронично“ токму Филипче и СДСМ да зборуваат за борба против криминал и корупција. Во обраќањето, тој наведе повеќе имиња од СДСМ за кои, според него, постојат прашања во врска со злоупотреби, додавајќи дека „главниот извор на криминал во државата“ се структури поврзани со таа партија.Во изјавата се наведува и дека реакциите на СДСМ, како што вели Манасиевски, се обид да се релативизираат сопствените слабости преку политички напади и префрлање вина. Тој оцени дека говорењето за антикорупциски тим од страна на СДСМ е „потценување на јавноста“ и „обид да се избрише сликата за корупцискиот багаж“ што, според него, е поврзан со поранешни и сегашни функционери на партијата.Манасиевски тврдеше и дека СДСМ нема кредибилитет да отвора прашања за корупцијата и дека повикувањето на Ковеши претставува „политичка манипулација“. Тој го опиша овој настап на СДСМ како „политичко харакири“ и порача дека, според него, граѓаните препознаваат кој има одговорност за коруптивните практики во државата.

Македонија | пред 2 месеци

media-library2b16fud8t5s24zCWYW8

Големото F1 финале: Тројца возачи за големата награда и адреналин до максимум

Формула 1 ни подари сезона каква ретко се гледа: тесни разлики, драматични престигнувања и дуел што целата планета го следи во живо. Битката на врвот е поинтензивна од кога и да е – дури тројца возачи влегуваат во последната трка со минимална разлика, а нивните тимови ги подготвуваат стратегиите.Атмосферата е наелектризирана. Бодовната разлика меѓу првите тројца на табелата, Ландо Норис (Мекларен), Макс Ферстапен (Ред бул) и Оскар Пјастри (Мекларен) , е само 25 поени. Кој ќе го подигне пехарот во Абу Даби?Токму затоа, финалето од F1 оваа година не е само трка – тоа е спектакл што не се пропушта.Powered by Velo* – за сите што сакаат да останат во ритамОваа сезона, низ градот владееше вистинска F1 еуфорија. Преку Velo караванот, низа кафулиња се претворија во мини фан-зони каде љубителите на трките заедно ги проследија возбудливите викенди. Од првиот свиок до последниот круг, се навиваше, се анализираше и се споделуваше адреналин.Особено внимание привлече F1 симулаторот – гостите имаа можност да го почувствуваат тркачкиот пулс во прво лице. Некои сфатија дека би можеле да бидат идни Формула 1 возачи, други дека сепак подобро им стои улогата на страствени навивачи.Но, едно е јасно: атмосферата секој пат беше полна — а Velo само ја засилуваше енергијата на оние што се секогаш во движење.За финалната трка, сите патишта водат кон Трибека. Локацијата се подготвува за последниот, можеби најинтензивниот F1 финиш во последниве 15 години. Таму ќе се гледаат стратегиите на тимовите во живо, ќе се слушаат реакциите на публиката при секое престигнување и ќе се создадат оние моменти што се раскажуваат цела зима.Ако досега не сте го почувствувале F1 духот со публика — ова е вистинскиот момент.Брзината и стилот се дел од истата приказна. А Velo* ја носи таа енергија — ненаметливо, природно, како придружник на луѓе што секогаш се во движење.Финалната трка е во недела, со почеток од 14 часот. Трибека е местото. Возбудата е загарантирана.Се гледаме на стартот!

Магазин | пред 2 месеци

electricity-meter-96863_1280

РКЕ со нови пониски тарифи: од јануари паѓаат мрежните трошоци во сметките за струја

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ) утврди пониски тарифи за повеќе мрежни услуги што влијаат врз крајната цена на електричната енергија. Со важност од 1 јануари 2026 година, трошокот за користење на електродистрибутивниот систем се намалува за 3,64 отсто, надоместокот за преносната мрежа на „МЕПСО“ се намалува за 2,67 отсто, а цената што ја наплатува „МЕМО“ се коригира надолу за 3,40 отсто.Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, објасни дека со оваа одлука се дефинирани сите параметри потребни за формирање на крајната цена на струјата – од набавната цена и количините, до услугите на операторите и покривањето на загубите.„Сега останува универзалниот снабдувач ‘ЕВН ХОУМ’, под надзор на РКЕ, да ги пресмета и да ги објави конечните блок-тарифи. Делот што го регулираме ние има влијание од околу 36 отсто во крајната цена“, истакна Бислимоски.Во сегашната структура, трошокот за користење на електродистрибутивната мрежа учествува со околу 33 отсто во крајната цена, надоместокот за преносната услуга со околу 4 отсто, а МЕМО има минимален удел од приближно 0,19 отсто.

Македонија | пред 2 месеци

media-library6g6o2bsl65fdeMaghCp

Нови „бомби“ на повидок: СДСМ тврди дека ВМРО–ДПМНЕ е во паника од Лаура Ковеши

СДСМ тврди дека ВМРО–ДПМНЕ се наоѓа во состојба на паника поради активностите на европската обвинителка Лаура Ковеши и најавите за нови материјали што партијата ги нарекува „бомби“. Во реакцијата, СДСМ наведува дека опозициската партија стравува од можни правни последици и дека, како што велат, ваквата „нервозна комуникација“ се должи на притисокот што го создаваат истрагите за корупција.Според СДСМ, постојаните соопштенија, онлајн објави и политички напади што доаѓаат од ВМРО–ДПМНЕ се доказ за „внатрешна вознемиреност“. Партијата наведува дека опозицијата се служи со лажни анкети, засилена кампања на социјалните мрежи и „конструкции и спинови“, што СДСМ ги толкува како обид да се одвлече вниманието од темите поврзани со корупцијата и можните истраги.Во соопштението се споменува и поранешниот премиер Никола Груевски, за кого СДСМ тврди дека води Фејсбук-кампања „бидејќи како бегалец нема друг начин политички да дејствува“. Партијата оценува дека политичкиот модел што го поврзува со Груевски „повеќе не функционира“, нагласувајќи дека граѓаните, како што велат, веќе препознаваат пропагандни постапки.СДСМ ги отфрла и обвинувањата дека користи вештачка интелигенција при составување на соопштенија, коментирајќи дека таквите тврдења го омаловажуваат технолошкиот напредок и младата генерација, додека, според нив, вистинскиот проблем е „усовршениот систем на грабеж и корупција“ што го припишуваат на опозицијата.Во продолжение, партијата наведува дека ВМРО–ДПМНЕ не избегнува избори, туку „затвор“, алудирајќи на можноста за кривична одговорност. СДСМ тврди дека политичките одлуки во ВМРО–ДПМНЕ зависат од странски влијанија, при што посочуваат дека избори се распишуваат „само кога од надвор ќе биде побарано“.Во завршниот дел од соопштението, СДСМ тврди дека ВМРО–ДПМНЕ е загрижена поради можните материјали што ќе бидат објавени и поради работењето на европската обвинителка Ковеши. Партијата најавува нови „бомби“, укажувајќи дека, како што истакнуваат, ова е „само почеток“ и дека одбројувањето започнало.СДСМ ја завршува реакцијата со порака дека граѓаните се обединети „против корупцијата“ и дека нивната иницијатива, наречена „АКТ“, продолжува со засилен интензитет.

Македонија | пред 2 месеци

makron

Макрон: Единството меѓу Европа и САД е клучно за мирот во Украина

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека единството меѓу Европа и САД е пресудно за поддршката на Украина, нагласувајќи дека „нема недоверба“ меѓу партнерите.„Единството на Американците и Европејците во однос на Украина е од суштинско значење. И повторувам: мораме да дејствуваме заедно“, изјави Макрон пред новинарите за време на неговата посета на Кина.„САД имаат потреба од Европа за мировните напори“„Ги поздравуваме и ги поддржуваме мировните иницијативи на САД. Соединетите Американски Држави имаат потреба од европска улога во водењето на тие процеси“, додаде тој.Германскиот магазин Der Spiegel вчера објави наводи од доверлив транскрипт, во кој, според списанието, францускиот претседател и германскиот канцелар Фридрих Мерц изразиле сериозна скепса во однос на напорите на американската администрација и нејзините претставници да постигнат договор за мир меѓу Украина и Русија.Според Der Spiegel, Макрон во понеделникот, за време на телефонски разговор со европските лидери и украинскиот претседател Володимир Зеленски, предупредил на ризикот од можност САД да ја изневерат Украина во делот на територијалните прашања без да понудат јасни безбедносни гаранции. Тој повикал и на засилување на „притисокот врз руската економија“.

Свет | пред 2 месеци

media-library6g6o2bsl65fdeMaghCp

(Видео) Филипче: Ако Италија се справи со Коза Ностра, Македонија ќе се справи со мафијата на ВМРО-ДПМНЕ!

„Борбата против корупцијата станува најважниот фронт во кој СДСМ продолжува заедно со граѓаните, одлучно и без компромиси“, порача на денешната прес конференција претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче кој најави нов фронт за борба против криминалот на актуелната власт.„Ова е нов фронт,  фронт заедно со граѓаните, во борба против корупцијата на оваа криминална и ненародна власт,“ истакна Филипче.Тој најави дека СДСМ ќе побара поддршка и од институциите кои со децении биле симбол на бескомпромисна борба против мафијата, споредувајќи го криминалот на ВМРО-ДПМНЕ со оној на италијанската Коза Ностра.„Ќе поднесеме иницијатива до антикорупциските институции во Италија, кои со години и децении се бореа против најорганизираната европска мафија – Коза Ностра. Кога тие успеаја да се справат со Коза Ностра, можеме и ние во тука да се справиме со мафијата на ВМРО-ДПМНЕ,“ нагласи претседателот на СДСМ.Претседателот Филипче порача дека е крајно време да се расчисти со сите корупциски шеми што ја разоруваат државата.„Превенцијата не успеа. Корупцијата ескалираше и мора да се истражи сè. Крадењето мора да престане. Секој што крадел ќе одговара,“ додаде тој.Претседателот на СДСМ на прес конференцијата најави и нови откритија кои ќе ја разобличат криминалната мрежа на актуелната власт.„Ги спремивме новите бомби 2.0. Најавувам дека утре следува нова. Нов скандал, нова корупциска шема поврзана со членови на владејачката гарнитура. За сè имаме докази, имаме документи и ќе ги презентираме пред јавноста,“ изјави Филипче.Тој потенцираше дека ова е долга, но неопходна битка, и дека СДСМ нема да застане.„Борбата продолжува, почитувани граѓани. Работата не е завршена,“ децидно порача Филипче.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryj44cbi10h7g40MkDyBx

(Видео) Голема дупка на еден од најубавите облакодери во „Грозни-Сити“ по напад со дрон

На еден од највисоките објекти во чеченската престолнина денес се појави огромна дупка, откако украински дрон го погоди комплексот „Грозни-Сити“. Утринската експлозија оштети повеќе катови од познатиот облакодер, еден од најпрепознатливите симболи на модерниот изглед на градот.Информациите за ударот најпрво се појавија на Телеграм-канали, а подоцна беа потврдени и од украинската мониторинг група „Ексиленова плус“, како и од рускиот провладин портал „Ридовка“.Снимките што кружат на социјалните мрежи прикажуваат дел од фасадата разнесена на висина од околу 28-миот кат, при што се гледа значително структурно оштетување.Иако нападот предизвика силна јавна реакција, чеченските власти сè уште немаат издадено официјално соопштение или проценка на штетата.

Свет | пред 2 месеци

media-library2mvnrjjjvcas2UKAsns

САД ја продолжија лиценцата за „Лукоил“ – Србија добива гаранции дека пумпите ќе работат

Американската Канцеларија за контрола на странски средства (ОФАК) ја продолжи делумната лиценца за руската компанија „Лукоил“, овозможувајќи ѝ да ги извршува одредени меѓународни операции до 29 април 2026 година. Одлуката привлекува големо внимание во регионот затоа што директно влијае врз работата на бензинските станици на „Лукоил“ во повеќе земји, меѓу кои и Србија.Според ОФАК, целта на продолжувањето на лиценцата е да се избегнат негативни последици по потрошувачите и снабдувачите кои вршат редовни трансакции со малопродажните пумпи. Иако тие можат да продолжат со работа, приходите не смеат да бидат префрлувани во Русија, која од 2022 година е под санкции на САД и Европската Унија.Американски медиуми јавуваат дека прашањето дали лиценцата важи и за пумпите во Србија е испратено до ОФАК, како и до белградското претставништво на „Лукоил“. Српскиот претседател Александар Вучиќ, пак, изјави дека компанијата ќе може непречено да продолжи со малопродажба. Тој потсети дека „Лукоил“ има 112 пумпи и два магацини во Србија и увезува околу 100.000 тони нафтени деривати годишно.„Добра вест е што лиценцата е продолжена. Пумпите ќе работат со увезени нафтени производи“, изјави Вучиќ за телевизијата „Пинк“, додавајќи дека станиците се рамномерно распоредени низ земјата, а само девет отсто се во Белград.Одлуката на ОФАК доаѓа во период на интензивни дипломатски и енергетски активности. Во неделата, претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, престојуваше во Москва на разговори со Владимир Путин за можните механизми за запирање на војната во Украина.Во меѓувреме, пазарната иднина на меѓународните средства на „Лукоил“ останува неизвесна. „Гунвор“, еден од најголемите трговци со нафта, се повлече од планот за нивно купување откако Вашингтон се спротивстави на договорот, оценувајќи ја компанијата како премногу зависна од Кремљ. Според извори на „Ројтерс“, унгарскиот „МОЛ“ покажал интерес за преземање на рафинерии и бензински станици на „Лукоил“ во Европа, како и удели во производни капацитети во Казахстан и Азербејџан. Дополнително, интерес било најавено и за рускиот удел во „Нафтената индустрија на Србија“.Меѓународната подружница на „Лукоил“, со седиште во Виена, контролира рафинерии во Европа, како и удели во нафтени полиња во Ирак, Мексико, Казахстан и Узбекистан.Белата куќа, Министерството за финансии на САД и „МОЛ“ не одговорија на барањата за коментар.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryne7f5n55tnt74suXy30

(Видео) Моди го прегрна Путин, но гестот предизвика итна реакција од Кремљ

Необична сцена се случи на аеродромот во Њу Делхи веднаш по пристигнувањето на рускиот претседател Владимир Путин во Индија. Индискиот премиер Нарендра Моди го дочека рускиот лидер со топла прегратка – гест што изненади многумина, но и ја натера Москва да реагира веднаш по церемонијата.Моди се приближи до Путин веднаш штом рускиот претседател стапна на црвениот тепих и без претходна најавена координација му подаде рака, по што следеше прегратка која, според индиските медиуми, не била дел од утврдениот дипломатски протокол. Телохранителите на Путин биле затекнати, бидејќи не биле предупредени за промена во сценариото, пишува „Хиндустан тајмс“.Кремљ подоцна потврди дека ситуацијата била неочекувана за руската страна, но дека прегратката не предизвикала безбедносен ризик. Инцидентот, сепак, отвори дискусија околу строгите правила што важат при официјални пречекувања на високи државници.По церемонијата, Путин учествуваше на руско-индискиот бизнис форум и даде интервју за „Индија тудеј“, каде што зборуваше за соработката меѓу Русија, Индија и Кина, нагласувајќи ја важноста на тристраните односи во актуелниот геополитички контекст.

Свет | пред 2 месеци

media-librarypr5q3897ehvm2VGRnEg

СДСМ за премиерот Мицкоски: „Мали Вучко“ го следи моделот на Вучиќ

СДСМ обвини дека најавите на лидерот на ВМРО–ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за можни избори се дел од, како што велат, „усогласени политички чекори“ со власта во Србија. Од партијата потсетуваат дека претседателот Александар Вучиќ истиот ден зборувал за избори, а неколку часа подоцна слични пораки стигнале и од Мицкоски.Во соопштението се тврдеше дека Мицкоски го следи политичкиот модел на Вучиќ, особено во делот на најави за избори по реконструкција на владата — процес што македонската влада го започна вчера. Од СДСМ оценуваат дека овој политички пристап е веќе виден „во повеќе земји од регионот“.Паралелно, партијата ги поврзува случувањата со изборните процеси што напролет ја очекуваат Унгарија и можните избори во Србија. Во соопштението се наведува дека протестите во Унгарија, Словачка и Србија се последица на корупциски скандали и дека дел од тие случаи, според нив, имаат регионални импликации и политички поврзаности.СДСМ потсетува и на истрагите и обвиненијата поврзани со реконструкцијата на Железничката станица во Нови Сад, како и на обвинувањата што американскиот претседател Доналд Трамп ги упати за вмешаност на белградска ИТ-фирма во изборите во САД. Сето тоа, според партијата, го отсликува „регионалниот политички контекст“ што може да влијае и врз Северна Македонија.Од СДСМ тврдат дека доколку Србија оди на избори напролет, Македонија би можела да се соочи со сличен развој на настаните, особено, како што велат, поради зависноста на политичките актери во земјава од исходите во соседството.

Македонија | пред 2 месеци

Rumen-Radev-e1517838891722

Радев: Интеграција на Македонија во ЕУ поскоро, но не на сметка на правата на бугарската заедница во земјата

Претседателот на Бугарија, Румен Радев оствари средба со претставници на организациите на бугарската заедница во Македонија од Битола, Охрид, Скопје, Прилеп, Кавадарци и Кочани, соопшти прес-службата на шефот на бугарската држава.Тој изјавил дека вклучувањето на Бугарите во Уставот на Македонија значително ќе го забрза патот на земјата кон Европската Унија и се надева, како што рекол, нашиот југозападен сосед ќе го стори тоа што е можно поскоро за да ги отвори вратите за преговори за полноправно членство.„Должност на секоја демократска држава е ефикасно да ги заштити правата на сите свои граѓани и да го гарантира нивното право на самоопределување. Сите се надеваме дека интеграцијата на Македонија ќе се случи што е можно поскоро, но тоа не може да биде на сметка на правата на бугарската заедница во земјата“, нагласил бугарскиот претседател.Радев изразил надеж дека македонските власти ќе го спроведат европскиот компромис од 2022 година што е можно поскоро и ќе ги вклучат Бугарите во нивниот устав.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygpm27e33qqpb5wiutvS

(Видео) Хаос во пакистанскиот парламент – магаре се појави среде седница и за кратко ја прекина работата на пратениците

Необична сцена во пакистанскиот Сенат: за време на седница во парламентот втрча магаре, трчајќи меѓу клупите и предизвикувајќи шок и смеа кај сенаторите. Настанот за кратко ја прекина работата на домот, а видеото од инцидентот брзо стана вирално на платформата Х.

Свет | пред 2 месеци

media-library4n6q59purqebfn13iQu

(Видео) „Бајрон“ поплави делови од Грција, училиштата денеска остануваат затворени

Бурата „Бајрон“, ги опустоши источните и јужните делови на Грција. Според наводите на „Катимерини, автопатот Атина – Коринт утрово беше затворен во еден дел поради свлечишта и насобрана вода.Обилните дождови доведоа до поплавување и на други патишта, додека дрвја паднаа во неколку области.Грчките власти донесоа одлука училиштата денеска да останат затворени.Одлучуваме врз основа на научни податоци и не преземаме никакви ризици“, изјави регионалниот гувернер на Атика, Никос Хардалијас, пренесува Катимерини.Тој рече дека одлуката за затворање на сите јавни и приватни, основни и средни училишта е донесена по консултација со цивилната заштита и Министерството за образование.Во областа источен Мани и општина Евротас, издадени се предупредувања поради лизгање на земјиштето и обилни врнежи од дожд, додека на делот од националниот пат Спарта – Гитео, сообраќајот е целосно во прекин, откако патот е поплавен на повеќе места, а сообраќајот е привремено пренасочен преку заобиколни патишта.

Свет | пред 2 месеци

Screenshot-2025-02-03-at-22.31.48

По Миле Тодоров се трагаше со месеци, сега неговата сестра објави дека е починат!

Случајот со 28-годишниот Миле Тодоров од Неготино кој исчезна во јануари годинава и по кого семејството и полицијата трагаше подолго време има тажна завршница. Неговата сестра Марија објави дека е починат:„ЛЕТАЈ СО АНГЕЛИТЕ, МИЛО НАШЕ.Нашите срца ќе останат празни без твојот глас, љубов, добрина, насмевка... Болната е голема, но спомените за тебе ќе останат вечни во нашите срцаПочивај во мир и спокој. Погребот ќе се изврши на 05.12 (петок) од 12 до 13 часот“.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryj3q8c2hbucfk7y2PjNu

Ешерихија коли во прехрамбен намаз – АХВ ја казни „Ванила фуд“ по труењето на 40 деца во „Димо Хаџи Димов“

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) изрече парични санкции за операторот со храна „Ванила фуд“, откако вонредните контроли во скопското училиште „Димо Хаџи Димов“ и во уште осум основни училишта открија повеќе сериозни неправилности, меѓу кои и присуство на ешерихија коли во намаз што се користел во исхраната на учениците.По земените мостри од храна и брисеви од работни површини, АХВ констатира дека примерокот од мусаката послужена во училиштето не ги исполнувал микробиолошките критериуми и содржел бактерии од групата ентеробактерии. На една од мострите намаз бил детектиран и ешерихија коли, поради што веднаш е наредено намазот да се отстрани од употреба. Од тестираните брисеви два биле позитивни, но без присуство на патогени бактерии.За утврдените пропусти, „Ванила фуд“ е казнета со две парични казни – 600 евра за операторот и 300 евра за одговорното лице. Дополнително, поради непоседување сертификат за хигиенски курс и недостаток на технички услови (вклучително и недостаток на топла вода во две училишни кујни), изречена е уште една казна во висина од 650 евра.АХВ соопшти дека кујната во „Димо Хаџи Димов“ останува затворена додека не пристигнат новите лабораториски резултати по нареденото генерално чистење и дезинфекција. Земени се нови брисеви од опремата и работните површини, а вработените се испратени на вонредни санитарни прегледи.Контролите се интензивирани откако на 26 ноември најмалку 40 ученици од одделенска настава се пожалија на болки во стомакот и други симптоми по консумирање на храна во училиштето. Првичните анализи покажаа грам-негативни бактерии во мусаката, а фекални бактерии биле пронајдени и на три чешми во училиштето.АХВ официјално ги доби резултатите од сите вонредни инспекциски контроли во деветте училишта во Општина Карпош каде оператор е „Ванила фуд“, и најави дека ќе продолжи со засилен надзор сè додека не се обезбеди целосна безбедност на храната што им се сервира на учениците.

Скопје | пред 2 месеци

media-library035ta02k7b10eDltSrU

Одбраната за Захариев:„ Лазар ги спасуваше децата од пожарот, тој е херој“

На денешното рочиште за трагедијата во „Пулс“ во Идризово, адвокатот Зоран Зафировски го претстави случајот на обвинетиот Лазар Захариев, припадник на приватната агенција за обезбедување „Рубикон“, како пример на човек кој во кобната ноќ направил сè што можел за да спаси животи. Според одбраната, Захариев не е причинител на трагедијата, туку човек што се борел во хаосот за да извлече што повеќе млади на безбедно.Инсистирајќи дека обвинението погрешно го претставува неговото учество, Зафировски наведе дека Захариев воопшто не бил дел од обезбедувањето кое контролира влез, туку дошол дури откако пиротехниката веќе била внесена во дискотеката. Тој бил ангажиран на патрола на повеќе локации, а не како стационарно обезбедување во „Пулс“. Дополнително, таа вечер не носел рефлектирачки елек бидејќи никој не го информирал дека ќе се одржува концерт.Во своето обраќање, адвокатот ја нагласи и херојската страна на неговото делување:„Тој е херој во моите очи. Им го проверувал пулсот, се обидувал да ги реанимира и подигнал две врати кои биле паднати врз луѓето… Сето ова го направил откако и самиот бил натрупан со луѓе.“Одбраната најави дека ќе повика повеќе од 20 млади лица кои ќе сведочат дека токму Лазар им помогнал да излезат живи од објектот.Обвинителството го товари Захариев дека не го спречил внесувањето пиротехника, а истовремено, на страница 40, го наведува како оштетен, со констатација дека во пожарот се здобил со инхалациона повреда.Самото ова, според одбраната, покажува дека Захариев бил внатре во објектот како спасувач, а не како човек што дозволил прекршок.Захариев накратко и видно потресен се обрати пред судот:„Криво ми е што на кобниот ден не можев да спасам повеќе луѓе.“Захариев е обвинет за кривичното дело „Тешки дела против општата сигурност“, исто како и другите обвинети во делот што се однесува на пропусти поврзани со безбедносните стандарди во дискотеката.

Македонија | пред 2 месеци

zagadeno-skopje

Град Скопје со препораки за зимата и најавени засилени контроли против загадувањето

Во пресрет на зимската сезона и очекуваните епизоди на зголемено загадување, Град Скопје упати нов сет препораки до граѓаните и најави интензивирани инспекциски контроли за спречување на штетни емисии и нелегално согорување отпад.Ве известуваме дека Секторот за заштита на животната средина како надлежен сектор во врска со предлагањето мерки и активности за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух, согласно со акционите планови за воздух а во пресрет на зимската сезона и на очекуваните епизоди со зголемено загадување на воздухот, ги предлага следниве препораки:- редовно чистење на оџаците од домовите и одржување на грејните тела;- за затоплување на домовите да не се користат отпадни материјали, прегорено машинско масло, лакирани и обоени отпадоци од дрво, стиропор, ПЕТ амбалажа, гуми или каков бил синтетички материјал;- да се користи суво и чисто дрво за затоплување, без примеси од земја и отпадоци;- печките на дрво да се користат и одржуваат според упатствата на производителот;- редовен сервис на котли, печки и клима уреди за ефикасно согорување и помалку емисии на штетни материи.Градот Скопје ги известува граѓаните дека во периодот што е пред нас ќе следат засилени инспекциски контроли на сите постројки кои поседуваат елаборати за заштита на животната средина или Б-интегрирани еколошки дозволи, а особено внимание ќе се посвети на откривање и спречување на спалувањето отпад.

Скопје | пред 2 месеци

kostadinov

Костадинов: „Проектот со електричните автобуси е законски спроведен – целосно ги отфрлам обвиненијата“

Поранешниот градоначалник на Струмица, Кoстадин Костадинов, по поднесената кривична пријава ги отфрли, како што вели, во целост наводите за сомнение за сторено кривично дело во врска со јавната набавка на електричните автобуси во Струмица.Проектот од стратешко значење за општина Струмица од кој, денес во пракса сите жители на општината имаат јасни економски, еколошки и сообраќајни бенефити, процедурално е инициран од Општината, изгласан на Советот на Општина Струмица, со јасни насоки за формирање Јавно Сообраќајно Претпријатие, спроведување на јавна набавка за автобуси и имплементација на проектот.Верувам дека сите овие чекори се спроведени според важечките закони. Истовремено, сакам да потенцирам дека лично јас, а се надевам и сите наведени лица за кои што постои сомневање дека сториле кривично дело, стоиме на располагање на сите надлежни органи и институции со цел да им биде елаборирано и појаснето на каков начин е спроведен овој проект кој денес беспрекорно функционира во пракса.Политички коментар не би сакал да давам, пишува Костадинов на ФБ.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryomvpl4gba7jh96dABqd

Адвокатот на Камбери тврди: „Телефоните не се негови“ – затворот возвраќа дека никој не признал сопственост

Адвокатот Насер Рауфи денеска пред судот изјави дека 13-те мобилни телефони и лаптопот, за кои на претходното рочиште беше соопштено дека биле пронајдени во ќелијата на обвинетиот Џеваир Камбери, не му припаѓаат на неговиот клиент. Според него, „вистинскиот сопственик“ се пријавил сам.„Го молам судот да ја провери информацијата во затворот,“ изјави Рауфи, наведувајќи дека тоа може лесно да се утврди преку управата со притворското одделение.Од затворот појаснуваат дека во ќелијата на Камбери престојуваат тројца притвореници, дека ниту еден од нив – ниту пак некое друго лице – не признал сопственост над уредите, поради што сите телефони и лаптопот се заведени како заеднички имот на тројцата, што значи и на Камбери.По интерната проверка, управата истакна дека не може да изрече дисциплински мерки без одлука на судот, па доколку судијката наложи санкција, затворот ќе ја спроведе.На претходното рочиште судијката Диана Груевска-Илиевска посочи дека поседување телефони во притвор е сериозен прекршок, но овојпат Камбери доби само опомена. Таа најави дека во иднина ваквите прекршоци ќе бидат санкционирани.Џеваир Камбери е поранешен службеник во Министерството за економија и е единствениот меѓу 35-те обвинети кој, покрај тешките дела против општата сигурност, се товари и за примање поткуп и за изготвување фалсификувани службени исправи.Според обвинението, примил 226.000 денари (над 3.600 евра) за да обезбеди незаконска дозвола за работа на дискотеката „Пулс“.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarycpkqik9doup57lZORsb

Кривична пријава против Костадин Костадинов: Тој и уште пет лица направиле злоупотреба на постапка за јавна набавка за електрични автобуси во Струмица

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против К.К.(35) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сторил кривичното дело „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“, против Д.П.С.(61) од Струмица, К.Б.(37) од Богданци, Л.Ј.(63) од село Ново Село, струмичко и Л.Ѓ.(62) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „несовесно работење во службата“ и против Г.П.(58) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека помогнал во извршувањето на кривичните дела „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“ и „несовесно работење во службата“.Пријавениот К.К., во својство на поранешен градоначалник на општина Струмица, ги повредил правилата на постапката за јавна набавка на електрични автобуси за потребите на ЈСП „Струмица-Транспорт“ од Струмица со ангажирање на пријавениот Г.П. како одговорно лице задолжено за одговори на технички прашања, учество во техничката евалуација на понудите, надзор над имплементацијата и целосна реализација на договорот, иако тој не ги поседувал потребните стручни квалификации и потребната лиценца А за надзор од областа на електротехниката издадена од Комората за овластени архитекти и овластени инженери. Исто така, пријавениот К.К. свесно ги повредил и прописите на постапката за јавна набавка преку договарање со Г.П. на тој начин што во тендерската документација биле наведени спецификации кои недвосмислено и речиси идентично одговарале токму на спецификациите на набавените електрични автобуси.Пријавениот Д.П.С., во својство на директор на ЈСП „Струмица-Транспорт“, постапил несовесно и пропуштил должен надзор над целокупната постапка и имплементација на јавната набавка, при што на 12.03.2024 го потпишал Договорот за јавна набавка на 10 нови електрични автобуси преку финансиски лизинг, во која постапка учествувало лице кое ги немало потребните стручни квалификации и потребната лиценца за надзор од областа на електротехниката.Пријавената К.Б., во својство на претседател на комисијата за јавни набавки при ЈСП „Струмица-Транспорт“, заедно со пријавените Л.Ј. и Л.Ѓ., во својство на членови на комисијата за јавни набавки, во тендерската документација за отворената постапка за јавна набавка на електрични автобуси за јавен превоз преку финансиски лизинг за потребите на ЈСП „Струмица-Транспорт“, како одговорно лице задолжено за следење на реализацијата на договорот го определиле пријавениот Г.П., кој бил носител само на лиценца Б за надзор од областа на електротехниката, не бил квалификуван за тие работни задачи во предметната јавна набавка, немал ниту право да одговара на технички прашања, да учествува во техничката евалуацијата на понудите, да врши надзор над имплементацијата и целосната реализација на договорот.Со наведените дејствија биле набавени 10 електрични автобуси за износ од 429.933.595 денари со што е причинета материјална штета од поголеми размери, а со отсуството на лице со неопходните стручни квалификации и со потребната лиценца А за надзор од областа на електротехниката доведени се во прашање реалната вредност, квалитетот, безбедноста и веродостојноста на техничките спецификации на набавените електрични автобуси.

Македонија | пред 2 месеци

nikola-gruevski-45

СДСМ за Груевски: Своите „машки“ комплекси и кризата на средни години ги лекува со фарбање коса, филери и ботокс

Никола Груевски, некогашниот „голем“ премиер на Македонија, човекот што така „мајсторски“ ја зави земјата во црнило, ја остави во безнадежност и сонуваше за изолација само за себе и за својата клика. Парадоксално, нели?, прашуваат од СДСМ во денешното соопштение.„Денес, тој гениј сместен удобно во срцето на Европската Унија, токму таму каде што никогаш не сакаше да ја однесе Македонија. Како ли само дише европски воздух без да се задуши од иронија?Овој морален мал човек (иако се покажа дека има идеална големина за во гепек, додека бегаше преку граница), во секоја смисла на зборот, сега дели мудрости откако побегна од правдата.Човекот кој прислушкуваше 20.000 граѓани, апсеше, купуваше Мерцедес од 650.000 евра (народни пари нормално) и очила за сонце од 30.000 евра (за подобро да ја види сопствената корупција).Човекот кој изнесе 2 милијарди од земјата (а сега вели не бил сигурен дали биле 2 или 7 милијарди, очигледно многу пари за броење), веројатно за да си го финансира сонот во азил.Тоа е истиот тој Груевски чијшто најблизок круг го сочинуваат: министерка за внатрешни работи што возела украден автомобил, ни помалку ни повеќе од Дејвид Бекам, министри што закупувале цели катови во луксузни хотели, и се занимаваат со криминал.Херој?Никако. Повеќе личи на Мики Маус, Дизни јунак од цртан филм кој држи лекции на другите.Наместо да седи во Идризово и да пишува мемоари со наслов „Како ја ограбив Македонија“ (би бил бестселер), тој од својот будимпештански луксуз произведува Будимпештански бајки за деца, измислени приказни од чиста досада.Своите „машки“ комплекси и кризата на средни години ги лекува со фарбање коса, филери и ботокс како телевизиска ѕвезда од сапунска серија, во криза.Тоа е Никола – нашиот „beauty influencer“ и трендсетер!И покрај активното пишување бајки и белетристика, тој стигнува, како некогаш, насекаде – дури и да ја води својата партија од далечина. Активно учествува во кампањата на ВМРО-ДПМНЕ, плукајќи по луѓе со измислени Дубаи сказни за деца, против оние што донесоа слобода за Македонија.И го остави малиот Мицко да го продолжува неговиот славен пат. Зошто самиот да го работи валканиот дел од работата кога некој друг може наместо него, и тоа од далечина?Никола, наш црн Грујо, биди барем еднаш во животот маж и дојди во Скопје. Ќе ти приредиме убав пречек. Ќе има многу луѓе, ротации, протокол, лисици, сè на највисоко ниво, баш како што сакаш.Смееш ли?Или, можеби, си се навикнал на унгарски гулаш па не ти одговара македонско тваче гравче”, стои во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryj6vi8s9mk6kv7Qen62N

Екс-градоначалникот Ратко Димитровски во судницата во Идризово: „Реагирав уште во 2012, но институциите молчеа“

На денешното рочиште за трагедијата во дискотеката „Пулс“, поранешниот градоначалник на Кочани, Ратко Димитровски, ја отфрли вината. Во своето воведно обраќање тој рече дека е шокиран што по повеќе од една деценија се наоѓа на обвинителна клупа и дека, како што рече, „не може некој невин да го носи товарот наместо вистинскиот одговорен“.Во судницата ја даде следнава изјава, која ја пренесуваме дословно:„Изненаден сум. Никогаш, ама никогаш не би помислил дека ќе застанам на обвинителна клупа за функција што сум ја вршел пред 13 години. Не постојат заменски обвинети. Не може некој невин да одговара за друг.“Тврди дека предупредил уште пред отворањето на „Пулс“Димитровски пред судот откри дека во октомври 2012 година, уште пред дискотеката официјално да почне со работа, испратил допис до Министерството за економија барајќи информации за дозволата на објектот.„Кога дознав дека ќе се отвора дискотека, на 19.10.2012 година се обратив до Министерството: ’Ве молиме да не информирате дали му е издадена или ќе му биде издадена дозвола за тој објект‘. Јас сум единствен во Македонија кој го направил тоа, иако сум немал надлежност. На тој допис до денес немам добиено одговор,“ изјави тој.Тој дополнително наведе дека на 5 ноември 2012 година општината официјално го информирала сопственикот Дејан Јованов дека парцелите во близина на објектот не можат да се користат како паркинг, бидејќи тоа не е предвидено со важечкиот ДУП.„Не смее да се изостават оние што требало да бидат обвинети“Екс-градоначалникот истакна дека во целиот процес има пропусти и дека, според него, дел од одговорните лица не се опфатени со обвинението.„Каква правда може да се очекува ако се изостави и само еден човек кој требало да биде обвинет, а се обвинуваат луѓе кои не се виновни?“ рече Димитровски пред присутните роднини на жртвите и судскиот совет.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryorpd6vig4530eVzWlni

Одбраната тврди дека трагедијата во „Пулс“ не е последица на градежни пропусти – продолжија воведните излагања во судот

На денешното рочиште за случајот „Пулс“ одбраната на општинските градежни инспектори ја оспори тезата на обвинителството дека нивното непостапување придонело за катастрофата во која загинаа 63 млади животи. Бранителите на обвинетите објаснија дека „причината за трагедијата не произлегува од конструктивни недостатоци на објектот“, туку од други фактори кои не се во надлежност на градежните инспектори. Сите обвинети инспектори уште на почетокот упатија сочувство до семејствата на загинатите.Адвокат Зоран Зафировски, бранител на седмообвинетиот Огњен Георгиев, истакна дека делото за кое се гони неговиот клиент е веќе во постапка на застарување. Тој нагласи дека одбраната ќе докаже дека објектот не страдал од градежни недостатоци што би можеле да бидат предмет на инспекциска контрола.Според него, сите промени во објектот биле реновирања изведени од сопственикот без да поднесе пријава, што автоматски го ограничувало просторот за постапување на инспекторот. „Инспекциски надзор не може да се спроведе ако нема поднесок, налог или иницирана постапка,“ потенцираше Зафировски.Другите инспектори тврдат дека ниту знаеле за кабарето ниту имале надлежностБранителот на Љупчо Стаменков, адвокат Јован Танчев, истакна дека неговиот клиент во последните години работел во Скопје и „не можел ни да знае дека во објектот се одвива кабаретска дејност“. Според него, во целиот период додека Стаменков бил вработен во Општина Кочани, „немало ниедна поднесена пријава што би барала инспекторите да излезат на терен“.Адвокатите сметаат дека обвинителниот акт е „правно неконзистентен“, дека погрешно се применува материјалното право и дека нема докази кои би ја потврдиле вината.Одбраната на Николчо Коцев: немал налог, немал пријава, немал надлежностЗа деветтообвинетиот Николчо Коцев, повторно адвокат Зоран Зафировски објасни дека Коцев никогаш не добил ниту известување, ниту налог, ниту службена пријава за контрола на објектот. Тој потсети дека објектот е граден пред повеќе од 30 години, кога Коцев не бил ни службено лице, а за периодот што се опфаќа со обвинението е изведена само една градежна активност што не претставува промена на намената.Коцев, обраќајќи им се на семејствата на жртвите, рече:„– Таа вечер јас бев во болницата и до доцна во ноќта помагав. Тоа не е момент што можам да го заборавам и го носам со мене. А, денеска сум обвинет за нешто што не сум го сторил и никогаш не било во моја надлежност.“Тој додаде дека работел исклучиво во рамките на законските овластувања и очекува судот „да ја препознае разликата меѓу виновник и жртва на системска слабост“.

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања