Ева Петковска

media-libraryf4q6kot5rgua9ufciGe

Грчките земјоделци ги радикализираат протестите, четврток и петок 48 часовна блокада

Грчките земјоделци ги радикализираат чекорите, со цел остварување на нивните барања.Во четврток и петок ќе има 48 часовна блокада на целата национална патна мрежа, на споредните патишта и на клучните патни правци во Грција, како и на граничните премини, но веројатно само за камиони.Овие одлуки ги донесоа на повеќечасовниот состанок одржан денеска.Во овие два дена ќе има целосна блокада за минување на камионите на граничните премини, а автобусите и автомобилите ќе се сообраќаат непречено.Земјоделците веќе еден месец протестираат поради зголемените трошоци за производство и ниските цени за продажба на нивните производи, поради скандалот со европските земјоделски субвенции, како и исплата на субвенциите кои не ги добиле.Потоа бараат субвенционирана електрична енергија,ослободување од ДДВ, безцарински увоз од земји со кои ЕУ има трговски договори и итно удвојување на пензиите.

Свет | пред 1 месец

media-librarynfa4uqf4ail253FCePW

Постапка и мерки на претпазливост за скопјанка која со Мерцедес усмрти пешак во Волково

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Осомничената, 40 годишна скопјанка, на 3 јануари вечерта во Волково управувала автомобил Мерцедес, задржувајќи ист правец на движење, но без притоа да обрне доволно внимание на пешаците кои се наоѓаат на коловозот или кои започнале да чекорат по коловозот.Со предниот десен дел од возилото удрила во телото на пешакот Горан Иваноски кој се движел покрај десниот рабник вдолж коловозот, во истата насока пред автомобилот, иако бил должен како пешак да се движи по тротоарот. Од ударот пешакот се здобил со повреди од кои починал на лице место.Јавниот обвинител издаде повеќе наредби за вештачења со цел утврдување на сите околности на сообраќајната несреќа, а во меѓувреме за осомничената се предложени мерки на претпазливост и тоа забрана за напуштање на живеалиште и одземање на патната исправа.

Скопје | пред 1 месец

media-librarys03fe4ht40enf8nKEJk

Руските интереси под закана: реализацијата на планот на Трамп за Венецуела со висока цена за Москва

Планот на американскиот претседател Доналд Трамп САД да ја преземат контролата врз венецуеланската нафтена индустрија и да ги повикаат американските компании да учествуваат во нејзина обнова по апсењето на претседателот Николас Мадуро, најверојатно нема да има значително и непосредно влијание врз светските цени на нафтата, оценуваат аналитичари за Associated Press (AP).Венецуеланската нафтена индустрија е во исклучително лоша состојба поради долгогодишно запоставување, корупција и меѓународни санкции. Според експертите, ќе бидат потребни години и огромни инвестиции пред производството значително да се зголеми. Иако постојат проценки дека земјата релативно брзо би можела да ја удвои или дури утрои сегашната продукција од околу 1,1 милион барели дневно, враќањето на историските нивоа останува долгорочен процес.„Иако има извештаи дека американските воени акции не ја оштетиле нафтената инфраструктура, таа пропаѓа со години и ќе биде потребно време за да се обнови“, изјави Патрик Де Хан, главен нафтен аналитичар во GasBuddy.Политичката стабилност клучна за инвестицииАмериканските нафтени компании, сепак, не се подготвени за големи вложувања без јасна и стабилна политичка состојба. И покрај изјавите на Трамп дека САД ја преземаат контролата, ситуацијата во Венецуела останува неизвесна, со спротивставени ставови околу легитимитетот на новата власт.„Доколку се покаже дека САД успешно управуваат со земјата, може да се појави оптимизам дека американските енергетски компании релативно брзо ќе влезат и ќе ја ревитализираат индустријата“, вели Фил Флин, висок пазарен аналитичар во Price Futures Group. Според него, доколку Венецуела повторно стане голема нафтена сила, тоа долгорочно би можело да придонесе за пониски цени и да изврши дополнителен притисок врз Русија.Огромни резерви, но минимално производствоСпоред американската Управа за енергетски информации (EIA), Венецуела располага со најголеми докажани резерви на сурова нафта во светот – околу 303 милијарди барели, или 17 отсто од глобалните резерви. И покрај тоа, денес произведува помалку од еден процент од светската нафта.Chevron е единствената американска компанија со значајни операции во земјата, каде што произведува околу 250.000 барели дневно преку заеднички вложувања со државната PDVSA. Компанијата соопшти дека продолжува да работи во согласност со законите и дека приоритет ѝ е безбедноста на вработените.Историски товар и правни дилемиПроизводството во Венецуела драстично опадна од околу 3,5 милиони барели дневно во 1999 година, делумно поради национализацијата на индустријата во 2007 година, кога тогашниот претседател Уго Чавез ги истисна големите странски компании. Аналитичарите нагласуваат дека клучниот проблем не е наоѓањето нафта, туку довербата дека идната власт ќе ги почитува договорите.Дополнително, професорот по право на Универзитетот Колумбија, Метју Ваксман, предупредува дека преземањето контрола врз венецуелските ресурси отвора сериозни правни прашања за сопственоста на нафтата и почитувањето на меѓународното право.Потенцијално олеснување на притисокот врз РусијаВенецуелската тешка сурова нафта е клучна за производство на дизел, кој моментално недостига на светскиот пазар. Зголемувањето на производството би можело да им помогне на европските и американските рафинерии и да ја намали зависноста од руските енергенси. „Русија имаше корист од колапсот на венецуеланската нафтена индустрија, бидејќи Венецуела беше нејзин конкурент“, истакна Флин.Иако краткорочниот ефект врз цените се смета за минимален, аналитичарите предупредуваат дека долгорочните економски и геополитички последици од планот на Трамп би можеле значително да го променат глобалниот енергетски пазар.

Свет | пред 1 месец

cvetan-tripunovski

Трипуновски: Со мерки и проекти ги стимулираме младите да инвестираат во земјоделскиот сектор

„Еден од моите приоритети е како да внесеме нова сила и нова енергија во земјоделскиот процес, затоа што само на тој начин ќе обезбедиме предвидливост и одржливост во секторот. Покрај стимулациите и финансиските програми, еден од клучните приоритети е рентабилноста, бидејќи секој млад човек, без разлика дали сака да се занимава со земјоделство или со некоја друга дејност, секогаш гледа дали постои рентабилност. Затоа наш фокус е да обезбедиме рентабилност во земјоделскиот сектор“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски во емисијата „Аграр“.Тој појасни дека на сите јавни повици и објави, младите луѓе кои аплицираат без разлика дали станува збор за доделување земјоделско земјиште или за други видови грантови имаат предност.„На тој начин им даваме отворена врата и сигурност да го реализираат својот интерес“, нагласи министерот.Министерот Трипуновски посочи дека во новиот Закон за земјоделство и рурален развој е предвидена посебна мерка која ќе значи директна поддршка и враќање на младите луѓе кои ќе започнат сопствен земјоделски бизнис. Со донесувањето на законот ќе бидат обезбедени сериозни грантови со цел да се стимулираат младите да се вратат во руралните средини и активно да се вклучат во земјоделското производство.„Првите сигнали кои пристигнуваат по пласирањето на оваа идеја се навистина позитивни и за поздравување“, истакна министерот.„Мојата порака до земјоделците е да продолжат да бидат храбри и да произведуваат. Министерството и Владата ќе бидат тука, партнерски да работиме за одржување и унапредување на секторот. Се надевам на добро здравје, плодна година, поволни климатски услови и 2026 година која ќе биде уште поуспешна“, порача министерот Трипуновски.

Македонија | пред 1 месец

media-library63rv5a6pvferacc9uZB

Трипуновски: Зголемен е извозот на земјоделски производи за 5,5 проценти во 2025 споредбено со 2024 година

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во интервју за емисијата „Аграр“ истакна дека преку кампањата „Македонско најдобро“ се потенцира важноста на македонските производители на храна и се допринесува кон зголемување на производството на квалитетни земјоделски производи. Со кампањата ќе се поддржи домашната економија, ќе се зачуваат работните места, но истовремено ќе се зајакне и идентитетот.„Клучот го гледам во зголемувањето на квантитетот на земјоделското производство. Земјоделците ќе бидат задоволни бидејќи со поголема продадена количина по единица цена се остварува поголем приход. Ова не се однесува само на домашниот пазар, туку и на извозот на земјоделските производи“, појасни Трипуновски.Тој посочи дека согласно податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари–октомври 2025 година, во споредба со истиот период во 2024 година, извозот на земјоделски производи е зголемен за 5,5 проценти, што укажува на зголемено земјоделско производство во државата.„Во вториот и третиот квартал имаме сериозен раст во откупот и продажбата на земјоделски производи“, додаде тој.Министерот Трипуновски најави дека во наредниот период ќе се работи на мерки и политики со цел 2026 година да биде уште поуспешна од 2025 година, нагласувајќи дека македонскиот земјоделски производ е квалитетен и заслужува свое место на европските и светските полици.„Податоците за извозот се охрабрувачки и претставуваат дополнителен мотив да продолжиме со уште поголема посветеност“, заклучи министерот.

Македонија | пред 1 месец

media-library9nnmfbrltujk6LfcgSD

Мицкоски: Тутунот се откупува по највисока цена до сега и затоа сите се задоволни, се очекува околу 200 милиони евра да завршат кај тутунопроизводителите

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања се осврна на темата со откупот на тутунот. Тој посочи дека откупната цена е до сега највисока и затоа и откупувачите и тутунарите се задоволни.„Во моментов се откупени 23-24 милиони килограми тутун, а просечната цена е близу 420 денари, некаде околу 7 евра, што е највисока до сега. Гледате нема протести, нема блокади, нема ништо, туку напротив задоволни се и тутунопроизводителите и откупувачите. Кога на тоа ќе се додаде и субвенцијата тогаш доаѓаме до некои 500 денари по предаден килограм тутун. Тоа за мене е исклучително квалитетен род и би рекол исклучително квалитетен бизнис. На 24 милиони килограми, кога ќе ставиме 500 денари, добиваме околу 12 милијарди денари, околу 200 милиони евра ќе завршат кај тутунопроизводителите. И тоа е добро. Порано се откупуваа по 15-16 милиони килограми по цена од 120-130 денари, а денес е тоа 23-24 милиони килограми по цена од 420 денари по килограм, со субвенција 500. Навистина добра работа се прави“, изјави премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryipibince7lgabVPnhdH

Најмладата жртва во пожарот во Кран-Монтана е девојче од 14 години

Швајцарските власти досега успеаја да идентификуваат 24 жртви од катастрофалниот пожар во барот за време на новогодишната ноќ во монденскипт алпски центар Кран-Монтана.Најмлада жртва е 14 годишно девојче од Швајцарија, соопшти полицијата, која информираше дека многу од загинатите се малолетници, вклучувајќи Швајцарци и Италијанци, како и еден италијанско-емиратски државјанин. Во групата идентификувани се и 18-годишен Романец, 18-годишен Турчин и 39-годишен Французин.Во пожарот загинаа 40 лица а 119 се ранети.Меѓу 119 те повредени има повеќе од 70 Швајцарци, Французи, Италијанци, Срби и мал број припадници на други националности.Поради лекување на жртвите од пожарот во Кран-Монтана, кои претрпеа тешки изгореници, неколку швајцарски болници, вклучувајќи ја Универзитетската болница и Детската болница во Цирих, беа принудени да ги одложат другите планирани операции.

Свет | пред 1 месец

media-librarypinaq9vv1e5u3Ce2AG3

Во школски двор кај битолски малолетници пронајдени 48 пакувања со марихуана

Во двор на основно училиште во Битола, полициски службеници од СВР Битола синоќа во 20:40 часот лишиле од слобода двајца малолетници на возраст од 17 години, затоа што при преглед кај нив се пронајдени и одземени 48 пакувања со марихуана, соопшти Министерството за внатрешни работи.-При преземање на службените дејствија, полициските службеници биле физички нападнати од едниот малолетник, посочуваат од Министерството.Од МВР најавуваат дека по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryoj0e0n8hasp6dG6Kzlq

Две вработени во обложувалница во Струга лажеле дека се ограбени, парите си ги поделиле

Две вработени во обложувалница во Струга лажно пријавиле разбојништво ОВР Струга поднесе кривична пријава против Л.Д.(43) и Д.М.(48), двете од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „лажно пријавување кривично дело“ и „затајување“.Двете, вработени во спортска обложубвалница, по претходен меѓусебен договор, на 30.12.2025 во ОВР Струга пријавиле кривично дело „разбојништво“ односно дека во спортската обложувалница каде работеле, наводно влегло машко лице и со закана со пиштол им ги побарал парите од дневниот промет, по што избегал.

Македонија | пред 1 месец

media-librarydicmg5l8dfvvbugzqUW

Почина урбаната легенда и сопственик на „Балет“ – Зоки Панкер

Скопје остана без еден од своите најпознати урбани ликови – Зоки Панкер, сопственик на легендарните клубови „Балет“ и „Фолк“ и човек кој остави траен белег врз градската сцена.Неговото присуство, енергија и дух ги обликуваа ноќниот живот и културниот пулс на Скопје, а многумина велат дека градот повеќе нема да биде ист без него.Пријателите и обожавателите преку социјалните мрежи испраќаат последен поздрав, се сеќаваат на неговиот хумор, отвореност и незаменливиот придонес кон градската атмосфера.Зоки Панкер ќе остане запаметен како култен лик и дел од срцето на Скопје, личност чиј дух живее низ легендите за „Балет“ и „Фолк“.

Македонија | пред 1 месец

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-41-7350PM

МВР истражува пад на младо лице од куќа во Илинден: со тешки повреди лицето е во болница

Деветнаесетгодишно лице од Скопје се здобило со тешки телесни повреди по пад од трет кат од куќа на подрачјето на општина Илинден, информира Министерството за внатрешни работи.Според соопштението, на 3 јануари 2026 година во 20:02 часот во СВР Скопје било пријавено дека младото лице, кое било на гости во куќата заедно со својата мајка, паднало од висина. Од МВР наведуваат дека лицето имало здравствени проблеми.Повредениот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде лекарите констатирале тешки телесни повреди.Надлежните служби преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности под кои дошло до несреќата.

Македонија | пред 1 месец

media-librarypinaq9vv1e5u3Ce2AG3

Новогодишна прослава со опасни последици: заталкан куршум погодил куќа во Шуто Оризари

Заталкан куршум од огнено оружје оштетил прозорци и дел од ѕид на куќа во скопската општина Шуто Оризари за време на новогодишната прослава, информира Министерството за внатрешни работи.Според соопштението, на 3 јануари 2026 година во 11 часот, во СВР Скопје пријава поднел Џ.Л. (32) од Скопје, кој навел дека за време на славењето на Новата година на подрачјето на Шуто Оризари паднало заталкано зрно од огнено оружје и предизвикало материјална штета на неговиот дом.Полициски службеници од СВР Скопје излегле на терен и го подигнале зрното заради понатамошна постапка и вештачење. Од МВР соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на околностите под кои дошло до инцидентот.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryek957su51n7sdI3RENY

Двајца кавадарчани приведени за кражба на клупа од јавен простор

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кавадарци синоќа лишиле од слобода две лица осомничени за кражба на општинска клупа од јавен простор во градот.Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 3 јануари 2026 година околу 22 часот биле приведени Е.М. (23) и А.М. (26), двајцата од Кавадарци, по претходна пријава дека на улицата „Видое Смилевски Бато“ одзеле клупа во сопственост на Општина Кавадарци.По пријавата, полициските службеници извршиле преглед на патничко возило марка „форд“ со кавадаречки регистарски таблички, управувано од А.М., при што во возилото била пронајдена и одземена клупата.Двете лица биле спроведени во полициска станица, а одземениот предмет ќе биде вратен на сопственикот. По целосно документирање на настанот, против осомничените ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Македонија | пред 1 месец

kamala-h

Камала Харис за акцијата: Не станува збор ниту за дрога, ниту за демократија – станува збор за нафта

Поранешната потпретседателка на САД, Камала Харис, преку својот профил на социјалната мрежа X остро ја критикуваше американската интервенција во Венецуела, оценувајќи ја како незаконска, нерозмислена и штетна за интересите на САД.„Фактот дека Мадуро е брутален и нелегитимен диктатор не ја менува реалноста дека оваа акција е незаконска и нерозмислена. Веќе сме го гледале овој филм – војни за промена на режими или за нафта се прикажуваат како сила, а завршуваат со хаос, при што цената ја плаќаат американските семејства. Американскиот народ не го сака тоа и е уморен од измами“, напиша Харис.Таа нагласи дека интервенцијата не е поврзана со борба против дрога или за демократија, туку со „нафта и желбата на Доналд Трамп да игра улога на регионален моќник“. Според неа, ако на Трамп навистина му било важно, „не би помилувал осуден наркоторговец ниту би ја маргинализирал легитимната опозиција додека преговара со послушници на Мадуро“.Харис потенцираше дека акцијата ја изложува американската војска на ризик, троши милијарди долари, дестабилизира регион и не нуди правна основа, излезен план или конкретна корист за граѓаните во САД.Ова е најостра реакција од поранешниот американски функционер за случувањата во Венецуела, кои предизвикаа меѓународни реакции и критики.

Свет | пред 1 месец

media-librarylrht6l3hhfbp4EWSPWh

Скопјанка смртно прегази пешак во Волково

Пешак бил прегазен синоќа во скопско Волково, а полицијата уапсила жена која го управувала автомобилот. Како што информираат од Министарството за внатрешни работи, ноќеска после полноќ, во Волково полициски службеници ја лишиле од слобода 40-годишната М.С. од Скопје. Таа, претходниот ден околу 21 часот на улицата „100“ во Волково, со своето возило „мерцедес“ удрила во пешакот Г.И.(60) од Волково.Од здобиените повреди пешакот Г.И. починал на местото, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Од МВР информираат дека бил извршен увид од увидна екипа од СВР Скопје и по целосно документирање на случајот против возачот на автомобилот ќе биде поднесена пријава по член 300 од Кривичниот законик.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryvg3apg7ibvsj1d5GqU5

Мицкоски: Апсолутно стоиме зад потезите на САД за Венецуела, а тие што коментираат дека ова е преседан, молчеа за Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски прашан за позицијата на нашата држава во однос на приведувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро од страна на САД, рече:„Ние како Влада апсолутно стоиме до аргументите и потезите на нашиот стратешки партнер – Соединетите Американски Држави. Мене најмногу ме зaгрижува громогласната тишина на истите тие европски и светски земји во минатото кога меѓународното право се кршеше на грбот на Македонија и македонскиот народ.И како тогаш сите тие се оглувеа и никој од нив не го коментираше сето тоа. И како сега наеднаш, сите тие коментираат дали било тоа меѓународно право или не било меѓународно право итн., имајќи предвид дека познавам голем дел од тие што коментираат, а не се меѓународноправни експерти. Јас тоа би им го оставил на експертите по меѓународно право. Но, еднаш кога во животот ќе направите исклучок, тој потоа станува пракса и е прашање на време кога ќе се удри од вашиот грб”, рече Мицкоски.Мицкоски тврди дека преседанот бил направен уште кога се менуваше знамето на нашата држава за да биде земја членка на Обединетите нации, кога се менуваше Уставот, кога се менуваше уставното име, и кога се лажеа луѓето дека за рок од три-четири години ќе станеме земја членка на ЕУ.

Македонија | пред 1 месец

1694251431-Tan2023-09-0908281555_9-2048x1350-1

Северна Кореја: САД со соборувањето на Мадуро ја покажуваат бунтовничката и брутална природа

Северна Кореја остро ги осуди американските напади врз Венецуела и соборувањето на поранешниот претседател Николас Мадуро, оценувајќи ги како „најтежок облик на кршење на суверенитетот“, објави во неделата државната новинска агенција КЦНА, а пренесе Ројтерс.Во соопштението на портпаролот на севернокорејското Министерство за надворешни работи се наведува дека овој настан е уште еден доказ за, како што се наведува, „одметничката и брутална природа на Соединетите Американски Држави“.Осудата доаѓа истиот ден кога Пјонгјанг лансираше нови балистички проектили, токму во периодот кога јужнокорејскиот претседател ја започна својата државна посета на Кина, еден од клучните сојузници на Северна Кореја.Од Пјонгјанг дополнително порачаа дека актуелната состојба во Венецуела „предизвикува катастрофални последици за зачувувањето на идентитетот и структурата на регионалните и меѓународните односи“.

Свет | пред 1 месец

media-library4nigvcra2gqibbsrM3R

Плановите на Трамп за управување со Венецуела сè уште нејасни

Плановите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп за идното управување со Венецуела и понатаму остануваат неразјаснети. Трамп во саботата изјави дека Соединетите Американски Држави ќе управуваат со земјата сè додека не се обезбеди „безбедна, исправна и разумна транзиција“.Сепак, сè уште не е познато на кој начин САД би ја воделе Венецуела, ниту кои лица или институции би биле вклучени во тој процес. Трамп нагласи дека станува збор за „тимски напор“.Тој додаде дека американскиот државен секретар Марко Рубио разговарал со венецуелската потпретседателка Делси Родригез, која во меѓувреме беше именувана за привремена претседателка од Врховниот суд на Венецуела. Според Трамп, Родригез изразила подготвеност да стори сè што ќе побараат САД.Набргу потоа, Родригез се појави на државната телевизија во Венецуела, каде побара ослободување на Николас Мадуро, нагласувајќи дека тој е „единствениот легитимен претседател“ на земјата.Трамп исто така изјави дека не разговарал со лидерот на венецуелската опозиција Марија Корина Мачадо, за која оцени дека нема ниту доволна поддршка, ниту почит во земјата за да стане нејзин лидер.Мачадо претходно повика власта да ја преземе Едмундо Гонзалез, кого таа го поддржа и мобилизираше за време на претседателските избори во 2024 година. Резултатите од гласањето што ги објави нејзината партија сугерираат дека Гонзалез остварил убедлива победа.

Свет | пред 1 месец

media-library7donej5sva9k7GSNeLR

Мицкоски: Новата градинка во Сопиште е потврда дека се грижиме за најмладите, ќе следат и нови градинки во Скопје

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во текот на оваа година во Скопје ќе бидат пуштени во употреба уште неколку нови детски градинки, нагласувајќи дека Владата интензивно работи на зголемување на капацитетите за згрижување на децата.„Очекувам оваа година уште неколку вакви објекти да ги отвориме во Скопје. Работиме во таа насока и нашата цел е што повеќе вакви проекти да бидат реализирани во најкус можен рок“, изјави Мицкоски.Тој упати честитки до градоначалникот, Министерството за социјална политика, демографија и млади, како и до заменик-министерот, за, како што рече, посветената работа и ангажманот во рамки на расположливите можности на државата и локалната самоуправа.Премиерот изрази благодарност и до општинската администрација, советниците, како и до претходното раководство на Општина Сопиште, истакнувајќи дека ваквите проекти се резултат на заедничка и континуирана работа.„Како Влада и во иднина ќе ги поддржуваме сите проекти што се во интерес на граѓаните, а особено оние што се однесуваат на најмладите. Грижата за децата е наш врвен приоритет, а изградбата на вакви објекти е дел од таа стратегија“, потенцираше Мицкоски.Тој им се заблагодари и на медиумите за нивното присуство и информирање на јавноста за новите проекти кои се пуштаат во употреба.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryfpq0k6lqvbqbdy1v6DV

Затворен воздушниот сообраќај над Грција поради сериозен технички дефект

Слетувањата и полетувањата на авионите од утринава се невозможни на поголемиот дел од грчките аеродроми, откако целиот воздушен простор над Грција беше затворен поради сериозен технички проблем.Според информациите на грчките медиуми, веројатна причина за прекинот е дефект на комуникациските системи. По 9 часот наутро, на аеродромите низ целата земја биле пријавени сериозни нарушувања, објави весникот „Катимерини“.Првичните извештаи укажуваат дека техничкиот дефект, кој влијае врз радиофреквенциите, ја оневозможил комуникацијата меѓу контролорите на летање и пилотите, поради што безбедното одвивање на воздушниот сообраќај не е можно.Од грчките служби за воздушен сообраќај соопштија дека интензивно се работи на пронаоѓање решение, со цел проблемот да се отстрани и штетата да се санира во најкус можен рок.

Свет | пред 1 месец

media-libraryh2l8qr3cvol00pViS1j

Јанчев: Заеднички Бадников ручек за сите граѓани на Кавадарци на 6 јануари

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, преку објава на социјалните мрежи информираше дека и оваа година ќе се одржи традиционалниот Заеднички Бадников ручек, кој по петти пат ќе ги обедини граѓаните во празничен дух.Настанот ќе се одржи на 6 јануари (вторник), со почеток во 11:00 часот, на Градскиот плоштад во Кавадарци, каде што сите граѓани ќе имаат можност да споделат топол оброк и да ја почувствуваат бадниковата атмосфера на заедништво и солидарност.„Најубавите празници се оние што се споделуваат“, порача Јанчев, нагласувајќи дека целта на настанот е Бадник да се дочека заедно, со трпеза, дружење и насмевки.Заедничкиот Бадников ручек е во организација на Општина Кавадарци, во соработка со општествено одговорни компании. За подготовка на храната и празничното расположение ќе се погрижат шеф Горан Филипов и неговите колеги, реномирани професионални готвачи од Македонија.Од општината упатуваат отворена покана до сите граѓани да присуствуваат на настанот и заедно да го одбележат Бадник, испраќајќи порака дека Кавадарци обединува со хуманост.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryqq3voq8f19bp6MYnmDX

(Видео) Жителите на Каракас купуваат залихи по апсењето на Мадуро

По апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро од страна на САД, главниот град Каракас се соочува со зголемена напнатост и чувство на несигурност меѓу граѓаните. Веста, која ја објави американскиот претседател Доналд Трамп, предизвика бран реакции и страв од можните политички и безбедносни последици.Голем број жители излегоа на улиците за да се снабдат со основни прехранбени производи и лекови, стравувајќи од потенцијални прекини во снабдувањето и нови немири. Пред продавниците, пазарите и аптеките се формираа долги редици, а дел од граѓаните велат дека се подготвуваат да останат дома во наредните денови.Иако секојдневните активности не се целосно запрени, во повеќе делови од градот е забележливо засилено присуство на полицијата. На улиците се распоредени полициски возила и вооружени припадници на безбедносните сили, што дополнително ја нагласува сериозноста на состојбата и ја зголемува вознемиреноста кај населението. Според Еуроњуз, дел од граѓаните размислуваат и за заминување од земјата доколку кризата се продлабочи.

Свет | пред 1 месец

media-libraryd143n0lh9tmfa5C1yiL

Апасиев: Киднапирањето на Мадуро е брутално кршење на меѓународното право, зад нападот врз Венецуела стојат нафтата и минералите

Лидерот на Левица и пратеник во Собранието, Димитар Апасиев, остро реагираше на американската воена операција во Венецуела и апсењето на претседателот Николас Мадуро, оценувајќи го настанот како грубо кршење на меѓународното јавно право и чин надвор од здравиот разум.„Дивјаците од Запад киднапираа претседател на суверена држава и неговата жена, само за да докажат дека им се може“, напиша Апасиев на социјалните мрежи, оценувајќи дека станува збор за опасен преседан во меѓународните односи.Тој посочи дека интервенцијата не може да се оправда ниту правно, ниту морално, без разлика на политичките аргументи што ги користат САД и нивните сојузници. Според Апасиев, ваквите потези го уриваат целиот концепт на суверенитет и ја поткопуваат меѓународната правна рамка воспоставена по Втората светска војна.Во својата објава, Апасиев дополнително укажа и на економската димензија на интервенцијата, наведувајќи дека Венецуела е држава со речиси 30 милиони жители и со најголеми резерви на нафта и минерали во светот. Тој сугерира дека токму природните богатства се клучниот мотив зад воената акција, а не, како што се тврди, демократијата или безбедноста.Реакцијата на Апасиев доаѓа во контекст на спротивставени ставови во македонската јавност, откако официјални претставници на Владата ја поздравија акцијата на САД, додека дел од опозицијата и јавните интелектуалци предупредуваат дека ваквите интервенции отвораат опасна врата за легализирање на силата како средство за решавање на меѓународни спорови.

Свет | пред 1 месец

media-librarynfa4uqf4ail253FCePW

Двегодишниот Нагип е погребан: адвокатот објасни што се случуло ноќта кога детето било погодено во глава, но точната причина уште не се знае

Адвокатот Срџан Амет, правен застапник на семејството на двегодишното дете кое почина во новогодишната ноќ, јавно побара итна, темелна и транспарентна истрага за трагичниот настан, посочувајќи дека околностите под кои настапила смртта сè уште не се разјаснети, а семејството не добило конкретни одговори од надлежните институции.Според изјавата на Амет, на 31 декември, односно во раните часови на 1 јануари, околу 00:05 часот, семејството Арслани се наоѓало пред својот дом за да го проследи новогодишниот огномет. Домот се наоѓа во импровизирана населба во близина на топланата на БЕГ. Во еден момент, мајката забележала дека двегодишното дете Нагип е неподвижно и не реагира. По обидите на родителите да го разбудат, утврдиле дека детето не дише.Истовремено, било забележано повредување во пределот на главата, со видливи траги на крварење. Родителите, како што наведува адвокатот, немаат никакви сознанија како и кога настанала повредата, ниту претходно било забележано какво било опасно дејствие или инцидент што би укажувал на ризик по детето.Детето било итно пренесено во здравствена установа, каде медицинските лица ја констатирале смртта. Поради нејасните околности и видливата повреда на главата, телото било предадено на Институтот за судска медицина за вршење обдукција.Денес, двегодишниот Нагип бил погребан. На семејството, според адвокатот, им била доставена единствено потврда дека смртта е резултат на насилна смрт, без дополнителни наоди, образложение или информации за точната причина и начинот на настанување на повредата.Амет посочува дека во исто време остануваат отворени сериозни прашања, меѓу кои и зошто членови на потесното и поширокото семејство биле приведени и лишени од слобода, врз основа на кои индиции или докази се преземени такви мерки, како и зошто изготвувањето на детален обдукциски извештај е најавено во рок од три недели, иако станува збор за случај со малолетно дете и исклучително чувствителен предмет.Во име на семејството, адвокатот нагласува дека барањето за итна и целосна истрага е во интерес на вистината, правдата и заштитата на достоинството на починатото дете и неговите најблиски. Очекува надлежните органи да постапат професионално, законито и без одолговлекување, со цел целосно расветлување на трагичниот настан и утврдување на одговорност, доколку таква постои.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryfi9ck3q6mna1avIKWBh

Објавено обвинение против Мадуро и неговото семејство: „Испратил илјадници тони кокаин во САД“

Американското Министерство за правда објави нова, опсежна оптужница против претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, а сега обвинети се и неговата сопруга Силија Флорес и синот Николас Мадуро Герра. Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека Мадуро е на пат кон Њујорк, каде ќе се соочи со тешки обвиненија за „нарко-тероризам“.Според оптужницата, Мадуро и неговите сојузници го претвориле врвот на државата во жариште на корупција која се движи од трговија со дрога, користејќи ги институциите за лична корист. Американското правосудство тврди дека венецуелските власти со децении биле вклучени во масовен шверц на кокаин, што „ги полни џебовите на државните службеници и нивните семејства, додека истовремено помага на насилни нарко-терористи да дејствуваат без казна и да учествуваат во производство, заштита и транспорт на тони кокаин кон САД“.Оптужницата ја опишува улогата на Мадуро како главен организатор на системот, кој од почетокот на својата политичка кариера, прво како пратеник, потоа како министер за надворешни работи и на крај како претседател, овозможувал транспорт на дрога под заштита на државата, издавал дипломатски пасоши на нарко-дилери и овозможувал непречен проток на авиони и бродови со дрога.Според американските власти, Венецуела години наназад била клучна точка за трговија со кокаин, со годишен проток од 200 до 250 тони. Дрогата се пренесувала кон САД преку морски рути низ Карибите и воздушен пат од тајни и официјални аеродроми под контрола на корумпирани државни и воени службеници.Оптужницата посочува дека режимот на Мадуро соработувал со низа нарко-терористички групи, вклучувајќи колумбиски герилски единици FARC и ELN, мексикански картели како Синалоа и Зетас, како и венецуелската криминална мрежа Tren de Aragua. Во замена за финансиска, оружена и политичка поддршка, овие групи имале слобода на дејствување на територијата на Венецуела.Неговата сопруга Силија Флорес се товари дека примала мито и учествувала во организирањето на шверцот, додека синот Николас Мадуро Герра бил директно вклучен во испраќање пошиљки кокаин, вклучувајќи планови за транспорт во Њујорк и Мајами. Американското правосудство ги товари за нарко-тероризам, заговор за увоз на кокаин во САД и поседување тешко оружје, вклучувајќи автоматски пушки и експлозивни направи. Во оптужницата се бара и заплена на имотот стекнат преку трговија со дрога и оружје.САД веќе не го признаваат Мадуро како легитимен претседател на Венецуела, а оваа оптужница ја продлабочува меѓународната изолација на неговиот режим. Американските власти најавуваат дека ќе продолжат со прогон на сите одговорни, без разлика на нивната политичка позиција.

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања