Ева Петковска

media-library8vbn0ij3kj5c0eZUVOM

Претседателката на Европската комисија порача: Стоиме покрај народот на Венецуела

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во саботата порача дека Европската унија стои покрај народот на Венецуела и ја поддржува мирната и демократска транзиција во земјата.„Стоиме покрај народот на Венецуела и поддржуваме мирна и демократска транзиција. Секое решение мора да ги почитува меѓународното право и Повелбата на ОН“, напиша фон дер Лајен на социјалната мрежа X. Таа додаде дека ЕУ внимателно ја следи ситуацијата и ги повика граѓаните на Унијата во Венецуела да се потпираат на целосна поддршка од европските институции.Оваа изјава следи по американската воена интервенција во Венецуела. Соединетите Американски Држави изведоа напади врз земјата, а претседателот Доналд Трамп соопшти дека претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, и неговата сопруга се уапсени и одведени надвор од државата.Нападот, кој беше од „големи размери“, го изведоа американските сили, а операцијата за апсење на Мадуро ја спроведе елитната специјална единица Delta Force. Ситуацијата во Венецуела останува кревка и неизвесна, додека меѓународната заедница ги следи развојот на настаните.

Свет | пред 1 месец

media-libraryqn1ah5r5483adoPs9qD

Мадуро се упатува кон строг федерален затвор – САД со сериозни безбедносни предизвици

Иако сè уште не е познато каде точно американските власти ќе го држат Николас Мадуро до почетокот на судскиот процес, обвиненијата против него се подигнати во Њујорк, што отвора можност тој да биде сместен во строго чуваниот Metropolitan Detention Center (MDC) во Бруклин.Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека Мадуро моментално се наоѓа на воениот брод USS Iwo Jima, кој плови кон Њујорк. Според американските медиуми, токму поднесувањето на обвиненијата во овој федерален округ овозможува негово задржување во еден од најобезбедените затвори во земјата.Metropolitan Detention Center е познат како објект во кој, пред да биде осуден на доживотен затвор, престојувал и озлогласениот водач на картелот Синалоа, Хоакин „Ел Чапо“ Гузман. Во истиот затвор привремено биле сместени и Шон „Диди“ Комбс, Гислејн Максвел, Р. Кели, како и Сем Бенкман-Фрид.Иако MDC е специјално опремен за притвореници со висок безбедносен ризик, тој денес е единствениот федерален поправен центар во Њујорк, откако Бирото за затвори го затвори комплексот на Менхетен по самоубиството на Џефри Епстин. Токму тој случај ја насочи јавноста кон сериозните проблеми во американскиот затворски систем.За сместувањето на Ел Чапо, кој претходно успеа да избега од затвор во Мексико, биле преземени исклучително строги безбедносни мерки. Во истиот објект бил притворен и Исмаел „Ел Мајо“ Замбада Гарсија, коосновач на картелот Синалоа.

Свет | пред 1 месец

media-librarym593sn23o06r1u56q36

(Видео) Американски воздушни напади врз Венецуела: Штети на база кај Каракас, прогласена вонредна состојба

Американски воздушни напади насочени кон Венецуела предизвикаа значителна штета на инфраструктурата и уништување на возила во воздушната база Ла Карлота, во близина на главниот град Каракас. Нападите ги изведоа американските сили во рамки на воена операција, потврди американскиот претседател Доналд Трамп.Преку својата социјална мрежа Truth Social, Трамп соопшти дека станува збор за напад „од големи размери“, тврдејќи дека претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, и неговата сопруга се заробени и со авион депортирани од земјата. Официјален Каракас засега не ги потврди овие наводи.Претходно, владата на Венецуела ги обвини Соединетите Американски Држави за напади врз цивилни и воени објекти во повеќе сојузни држави и прогласи национална вонредна состојба.Нападите доаѓаат по повеќемесечен притисок од САД врз Мадуро, кого Вашингтон го обвинува за вмешаност во трговија со дрога. Венецуелскиот лидер ги негираше обвинувањата и во повеќе наврати изрази подготвеност за разговори.Потпретседателката на Венецуела, Делси Родригез, изјави дека властите не знаат каде се наоѓа Мадуро и побара од претседателот Трамп „доказ дека претседателот Мадуро е жив“. Ситуацијата во земјата останува неизвесна, а меѓународната заедница внимателно ги следи случувањата.Видео материјал од: index. hr

Свет | пред 1 месец

media-library3t0ook5tb7i70eko00j

Мицкоски: Во март следува ново зголемување на платите во здравството и образованието

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за Вечер.мк истакна дека Владата останува цврсто посветена на подобрување на животниот стандард на граѓаните преку континуирано зголемување на платите и инвестиции во клучните сектори - образованието и здравството.Тој нагласи дека зголемувањето на платите во образованието и здравството се реализира согласно веќе потпишаните четиригодишни договори со репрезентативните синдикати.„Зголемувањето на платите во здравството и во образованието го правиме како резултат на договорите што веќе ги имаме потпишано со синдикатите, односно со репрезентативните синдикати, и тоа се договори за период од четири години, конкретно во образованието за 2025, 2026 и 2027, во зависност од од капацитетот на буџетот, усогласувањето, односно зголемувањето ќе биде меѓу 7,5% и 10%, а во 2028 меѓу 10% и 12,5%, што е четиригодишен договор потпишан со репрезентативните синдикати”, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за  за „Вечер.мк“.Мицкоски потсети дека во текот на оваа година зголемување на платите добија и припадниците на Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, што е јасен показател за системски пристап кон унапредување на платите во јавниот сектор.„Слична формула имаме и со репрезентативните синдикати во здравството; ќе потсетам дека оваа година и припадниците на Министерството за внатрешни работи добија зголемување на платите, како и припадниците во Министерството за одбрана, односно во армијата, и така натаму, така што апсолутно се грижиме за стандардот на граѓаните и на вработените во рамките на нашите можности и така ќе продолжиме и во иднина, а го фасилитираме и социјалниот дијалог помеѓу работниците и работодавачите”, истакна Мицкоски.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryqltofkkvhnas5Aj6QIP

Николоски: Покажавме како се чува националното единство, да се бориме за нашите интереси без да виткаме кичма

Покажавме дека возможно е да се владее на поинаков начин, да се носат одлуки, а истовремено да не се потклекнува пред никого и да ги зачуваме македонските национални интереси - истакна во интервју за ТВ Алфа, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.“Успеавме прв пат после децении газење да покажеме дека може да се чува македонското национално единство, дека можеме да се бориме за нашите интереси без да треба да виткаме кичма пред било кого. После долго време покажавме дека може и друга политика да се води, а не само политика на попуштање”, рече Николоски.Потпретседателот на Владата го прокоментира и моменталното однесување на опозицијата, каде според него владее целосна безидејност.“Опозицијата се наоѓа во една тотална безидејност, изгубеност и агресија. Знаете генерално агресивни се луѓе кои се слаби и луѓе кои што немаат ништо позади себе. Така што таква ситуација имаме сега, викаат и скокаат до првиот аргумент, а кога ќе го добијат тоа од наша страна, тогаш застанува се, но тоа е нивни проблем, нека си го решаваат внатре”, заклучи Николоски.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryvg3apg7ibvsj1d5GqU5

Мицкоски: Пензиите се зголемуваат, а сиромаштијата се намалува

„Ставот на Владата е јасен, нашиот чекор што го направивме можеме да го аргументираме, а потврда дека сме направиле добар чекор се и објавите на Државниот завод за статистика кои деновиве излегуваат и се коментираат во јавноста околу лаекенските индикатори, односно нивото на сиромаштија, џини-индексот, нерамномерната распределба на доходот. Тука имаме добра вест, а тоа е дека се намалува стапката на сиромаштија, ако во 2021 година била 23%, сега е 21,9 во 2024, а во 2023 била 22,2%. Џини-индексот, односно нееднаквата распределба на приходите, ако биле 30,3 во 2023, во 2024 е 29,1 и е најдобар во регионот, па и кога ја гледаме нееднаквата распределба на доходот дури е над европскиот просек“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за „Вечер.мк“.Мицкоски истакна дека одлуката на Владата за зголемување на пензиите ќе влијае позитивно врз намалувањето на стапката на сиромаштија со акцент на пензионерите и дополнително намалување на џини индексот.„И во 2024 година е овој индикатор, зголемувањето прво линеарно од 2.500 денари беше во ноември месец, што значи дека има мало или незначително влијание во овој параметар, а во 2025 веќе очекувам точно да се види дека нашата одлука за ваков тип на зголемување на пензијата ќе влијае многу позитивно врз намалувањето на стапката на сиромаштија со акцент на пензионерите и со дополнително намалување на џини-индексот, односно нееднаквата распределба на доходите, што за државата ќе значи многу бидејќи светските агенции го ценат кредитниот рејтинг на државата токму и врз основа на вакви параметри“, рече претседателот Мицкоски и додаде:„Така што мислам дека таа политика си го даде својот резултат и апсолутно стоиме позади исправноста на тие чекори. Постојат структури кои го предизвикаа Уставниот суд и ќе видиме како тоа ќе заврши, а јас не би сакал да ги коментирам одлуките на Уставниот суд“.

Македонија | пред 1 месец

media-librarycippd0svfb8bcOjtJ44

Мицкоски: За година и половина ги реализиравме сите цели, ја затекнавме државата со наследени проблеми, но воспоставивме одговорно и домаќинско управување

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски  истакна дека Владата во изминатата година и половина ги реализирала сите зацртани цели, а во многу сегменти направила и повеќе од првично планираното, како резултат на реалните и итни состојби со кои се соочила државата.„Немаше нешто што планиравме, очекувавме да го направиме, а не го направивме. Мислам дека направивме и повеќе од тоа што очекувавме”, истакна Мицкоски во интервју за „Вечер.мк“.Тој нагласи дека и по година и половина од преземањето на одговорноста, Владата се уште се соочува со непријатни изненадувања, кои во најголем дел се резултат на, како што посочи, седумгодишното неодговорно управување на СДС и ДУИ.„Секој ден излегува некое ново  непријатно изненадување кое е последица, би рекол, во најголем дел од седумгодишното управување со владата на СДСМ и ДУИ, но исто така има и објективни, во помал број, изненадувања кои не сум ги очекувал. Но најголемиот број непријатни изненадувања или работи кои не сум ги очекувал се навистина од тоа време“, потенцираше Мицкоски.Мицкоски додаде дека Владата работи посветено и одговорно, со цел целосна стабилизација на состојбите и надминување на наследените проблеми, притоа водејќи се исклучиво од државниот и јавниот интерес.„Така што навистина во овие година и половина можам да кажам, еве гордо, дека сите цели кои ги имавме како влада ги реализиравме и, поради изнудените чекори што мораше да ги правиме, направивме и многу работи кои не ги планиравме дека ќе ги завршиме во овие година и половина”, посочи Мицкоски.

Македонија | пред 1 месец

media-library27eh3srovpn02DZol8t

Трагичен епилог: Македонецот Стивен Ивановски е меѓу жртвите во пожарот во Кран-Монтана

Македонскиот државјанин Стивен Ивановски, кој исчезна за време на катастрофалниот пожар во барот „Ле Констелејшн“ во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, е меѓу загинатите, дознава „Скопје1“ од извори блиски до семејството. По неколкудневна неизвесност и потрага низ болниците во повеќе европски држави, ДНК-анализата потврдила дека Ивановски не успеал да се спаси од огнената стихија.Трагичната потврда доаѓа по денови надеж и исчекување, во кои семејството и пријателите веруваа дека постои можност Стивен да е хоспитализиран надвор од Швајцарија, откако во болниците во земјата не бил евидентиран. Неговите најблиски претходно информираа дека проверките биле проширени и во Франција и Италија, но без конкретни информации за неговата состојба.Од Министерството за надворешни работи претходно потврдија дека кај нив е пријавен случајот за исчезнат македонски државјанин по пожарот и дека амбасадата била во постојана комуникација со семејството, како и со швајцарските институции, додека траела идентификацијата на жртвите.Стивен Ивановски последен пат бил виден во новогодишната ноќ, во моментите кога избувнал пожарот во подрумскиот дел од барот, во кој животот го загубија десетици лица, а стотици беа повредени. Неговото исчезнување предизвика бран апели на социјалните мрежи, каде семејството и пријателите бараа каква било информација за неговата судбина.Во објавите беше наведено дека во моментот на трагедијата Стивен бил облечен во бели панталони и бел дуксер, а постоела можност со себе да ги имал и препознатливите очила за сонце што се гледаа на фотографиите што кружат на интернет. Беа споделени и телефонски броеви за контакт, со надеж дека некој ќе се јави со информација што ќе донесе олеснување.Во меѓувреме, швајцарските власти продолжуваат со идентификација на жртвите, процес кој оди бавно поради сериозноста на изгорениците. Болниците во кантонот Вале и натаму се под голем притисок, а локалните власти информираа дека медицински персонал се враќал на работа и за време на слободните денови, додека се разгледувала и можноста за ангажирање дополнителни специјалисти од странство.Со потврдата за смртта на Стивен Ивановски, трагедијата во Кран-Монтана доби и тешка македонска димензија, оставајќи семејство, пријатели и пошироката јавност во длабока тага.

Свет | пред 1 месец

media-library88540im8ne7m1fKx2La

Мадуро е тргнат од власт: Венецуела влегува во најнеизвесниот период во последните децении

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро е тргнат од власт, објави американскиот претседател Доналд Трамп, но засега останува целосно нејасно што ќе се случува понатаму во земјата и како ќе изгледа Венецуела по падот на режимот, анализира Би-Би-Си.Станува збор за најдиректната американска интервенција во Латинска Америка од 1989 година, кога САД ја нападнаа Панама и го соборија тогашниот воен лидер Мануел Нориега. Во Вашингтон, ваквиот развој на настаните многумина го доживуваат како голема победа, особено тврдото крило во администрацијата на Трамп, чии поединечни функционери со години отворено се залагаа за промена на режимот во Каракас.Соединетите Држави подолг период го обвинуваа Мадуро дека предводи криминална нарко-организација, обвинувања што венецуелскиот лидер постојано ги негираше. Воедно, Вашингтон не го признаваше како легитимен претседател по изборите во 2024 година, кои меѓународните набљудувачи и опозицијата ги оценија како нерегуларни и неправедни.Од друга страна, властите во Каракас со години ги обвинуваат САД дека нивната вистинска цел е преземање контрола врз венецуелските нафтени резерви, кои се сметаат за најголеми во светот.Кој ќе ја преземе власта?Клучната непознаница, според аналитичарите, не е ставот на Вашингтон, туку што ќе се случува внатре во самата Венецуела доколку Мадуро навистина е отстранет од власта. Поддржувачите на американската интервенција тврдат дека тоа би можело да го отвори патот за преземање на власта од опозицијата, предводена од добитничката на Нобеловата награда за мир Марија Корина Мачадо или од опозицискиот кандидат на изборите во 2024 година, Едмундо Гонзалес.Сепак, бројни аналитичари предупредуваат дека таков развој на настаните нема да биде ниту брз, ниту едноставен. Венецуелската војска и паравоените структури досега му останаа лојални на Мадуро, а дури и дел од неговите критичари стравуваа дека директна американска воена интервенција би можела дополнително да ја дестабилизира земјата.Можни сценаријаИнформациите за апсење или отстранување на Мадуро би можеле да предизвикаат немир и кај неговите најблиски сојузници, кои би се обиделе да ги зачуваат своите позиции во хаотичниот транзициски период.Според анализите, можни се три сценарија:– Војската и државниот апарат на Мадуро ја задржуваат контролата, што би довело до масовни протести;– Опозицијата ја презема власта со поддршка од САД, при што структурите на поранешниот режим се распаѓаат;– Борба за власт меѓу приврзаниците на Мадуро и опозицијата, проследена со долготрајни немири, насилство и можна дополнителна интервенција на САД.По падот на Мадуро, Венецуела влегува во најнеизвесниот период во последните неколку децении, со отворени прашања за трансферот на власта, безбедноста, улогата на војската и долгорочните последици од американската интервенција врз целиот регион.

Свет | пред 1 месец

media-librarybkav4ako1ovk8UHOvwE

Русија: Венецуела мора сама да одлучува за својата судбина

Руското Министерство за надворешни работи остро го осуди, како што го нарече, „чинот на вооружена агресија против Венецуела“ од страна на Соединетите Американски Држави, оценувајќи дека сите „изговори“ со кои се обидува да се оправдаат ваквите потези се „неодржливи“.Во официјалното соопштение, руската дипломатија изрази солидарност со венецуелскиот народ и поддршка за, како што наведува, насоката на боливарското раководство, насочена кон заштита на националните интереси и суверенитетот на земјата.„Идеолошките непријателства надвладеаја над деловниот прагматизам и подготвеноста за градење односи засновани на доверба и предвидливост“, се наведува во соопштението, со дополнување дека Латинска Америка мора да „остане зона на мир“.Москва повика на спречување на понатамошна ескалација и нагласи дека е неопходно изнаоѓање излез од кризата преку дијалог. „На Венецуела мора да ѝ се гарантира правото самостојно да одлучува за својата судбина, без какво било деструктивно, а особено воено мешање однадвор“, истакнува руското Министерство за надворешни работи.Во соопштението се наведува и дека руската амбасада во Каракас продолжува со редовно работење, додавајќи дека засега нема информации дека некој руски државјанин бил погоден од актуелните настани.

Свет | пред 1 месец

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-07-1250PM

Оџак предизвика пожар во Штип: мајка и ќерка завршија во болница

Две лица се пренесени на лекување во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје по пожар што избувнал во стан во Штип, информира Министерството за внатрешни работи.Како што соопшти МВР, на 2 јануари 2026 година во 15:01 часот во СВР Штип било пријавено дека околу 6 часот наутро настанал пожар на оџак во стан на улицата „9 Мај“, сопственост на С.А. (41) од Штип. Поради вдишување чад, неговата мајка Д.А. (65) и сестра му С.Д. (39), двете од Штип, биле пренесени во скопските клиники за укажување лекарска помош.Во пожарот бил зафатен и соседен стан, сопственост на Л.К. (61) од Штип. Интервенирала Територијалната противпожарна единица Штип, која го локализирала пожарот и спречила негово понатамошно ширење.За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип, а увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип. Се утврдуваат причините за избувнувањето на пожарот и висината на материјалната штета.

Македонија | пред 1 месец

media-library0c1d10tn5lbl6PRHVK6

Приведен жител на Стримница по закани со нож кон градоначалникот на Желино

Полициски службеници од Полициското одделение Групчин го лишија од слобода Ф.Б. (34) од тетовското село Стримница, по пријава дека се заканувал со остар предмет на градоначалникот на Општина Желино, соопшти Министерството за внатрешни работи.Како што информира МВР, на 2 јануари 2026 година во 17:45 часот, полицијата постапила по претходна пријава според која околу 10:00 часот истиот ден, во просториите на Општина Желино, осомничениот со остар предмет упатувал закани кон Б.С. (40) од селото Копачин Дол, кој ја извршува функцијата градоначалник на општината.По преземените мерки, Ф.Б. бил приведен и задржан во полициска станица. Од МВР наведуваат дека по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryi7u3pngd9sfe27C8Lrh

Осуденик од Штип со тешки повреди откако го натепале во кумановскиот затвор

Осуденик во Казнено-поправната установа Затвор К’шање во Куманово пријавил дека бил брутално физички нападнат од друг затвореник, при што се здобил со тешки телесни повреди, информира Министерството за внатрешни работи.Според пријавата поднесена на 2 јануари 2026 година во 11:30 часот во СВР Куманово, З.С. (54) од Штип навел дека инцидентот се случил на 11 декември 2025 година околу 14:00 часот, во просторија во рамки на затворот, каде во тој момент се наоѓал заедно со уште четири лица. Според неговото сведоштво, осуденикот Д.А. физички го нападнал, по што тој паднал на подот и ја изгубил свеста.Во пријавата се наведува дека нападите продолжиле и по губењето на свеста, а биле прекинати дури откако З.С. бил спроведен во Општата болница во Куманово. Таму, лекарите му констатирале тешки телесни повреди.Од Министерството за внатрешни работи соопштуваат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава против осомничениот.

Македонија | пред 1 месец

media-librarylrht6l3hhfbp4EWSPWh

Пукале од оружје на семејна веселба во Лажани, две лица приведени

Две лица од селото Лажани, општина Долнени, беа лишени од слобода откако за време на семејна веселба пукале од огнено оружје, соопшти Министерството за внатрешни работи.Настанот се случил на 2 јануари 2026 година околу 09:30 часот, кога полициски службеници од Полициското одделение Ропотово интервенирале во селото Лажани. Според официјалните информации, М.С. (36) управувал патничко возило „фиат хрома“ со прилепски регистарски ознаки, а С.Б. (29) управувал „мерцедес“ со германски национални ознаки. Двајцата биле дел од колона возила организирана по повод семејна прослава, при што од нивните возила биле испукани повеќе куршуми.При полициската интервенција, од М.С. бил одземен гасен пиштол марка „Reaty Eagle“ со 40 куршуми калибар 9 милиметри, додека од С.Б. бил одземен гасен пиштол марка „Walther“ со 12 куршуми од ист калибар.За случајот бил известен надлежен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот против двете лица ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Македонија | пред 1 месец

media-librarypinaq9vv1e5u3Ce2AG3

БМВ удрило во паркиран мерцедес, тројца повредени

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи во текот на ноќта на улицата „Илинденска“ во Гостивар, кога патничко возило удрило во паркиран автомобил.Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на 3 јануари 2026 година во 02:35 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека патничко возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Л.Б. (27) од селото Градец, општина Врапчиште, удрило во паркирано патничко возило „мерцедес“ со истите регистарски ознаки, сопственост на Е.С. (19) од селото Здуње, гостиварско.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот В.А. (27) од селото Градец, додека со телесни повреди биле повредени возачот Л.Б. и другиот сопатник Н.И. (37), исто така од селото Градец. Повредите биле констатирани во Медицинскиот центар во Гостивар.На местото на несреќата бил извршен увид од увидна екипа на ОВР Гостивар, а се преземаат мерки за целосно расчистување на причините и околностите под кои настанала сообраќајната незгода.

Македонија | пред 1 месец

brza-pomos-nokje-3

Сопружници загинаа по излетување со возило во Радика

Две лица го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи на регионалниот пат Маврови Анови – Дебар, кога патничко возило излетало од коловозот и паднало во реката Радика.Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 2 јануари 2026 година во 15:36 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека патничко возило „фолксваген бора“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.Ф. (56) од селото Видуше, општина Маврово и Ростуше, излетало од патот и завршило во коритото на реката Радика.Во несреќата, од здобиените тешки повреди, на самото место на настанот починале возачот А.Ф. и неговата сопатничка М.Ф. (56), исто така од селото Видуше. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.По насоки на надлежен јавен обвинител, возилото е задржано во полициска станица за вршење вонреден технички преглед, додека телата на починатите се предадени на обдукција со цел утврдување на точните причини за смртта. На местото на несреќата бил извршен увид од увидна екипа на ОВР Гостивар, а истрагата за околностите под кои дошло до трагичниот настан е во тек.

Македонија | пред 1 месец

media-library7tkepp4i073k0MElvVB

Мицкоски: Од новиот државен јавен обвинител очекувам немилосрдно да застане на страната на правдата

„Многу важно е што ние не сакавме да бидеме како дел од минатите влади, односно да се однесуваме насилнички и да менуваме обвинители, туку да му дадеме шанса на државниот јавен обвинител да се размавне и да покаже што знае. И еве после година и половина конечно отпочнуваме процес во кој стариот државен јавен обвинител, избран од мнозинството избран од СДС и ДУИ, заминува во минатото и е распишан конкурс за избор на нов државен јавен обвинител. Ги охрабрувам сите кои согласно закон исполнуваат услови да се пријават и очекувам да биде избран најдобриот, кој навистина ќе биде дел од овој трослоен систем на гонење на криминалот и корупцијата“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за „Вечер.мк“.Мицкоски посочи дека граѓаните во минатото биле сведоци на полициски акции проследени во медиуми, со многу спектакуларни упади.„Во минатото граѓаните беа сведоци на голем број полициски акции проследени во медиуми со многу естрада, галама и спектакуларни упади во домови и трговски објекти, а ние сакавме да бидеме антипод на таквиот начин на дејствување“, рече Мицкоски.Мицкоски на крај потенцираше дека од новиот државен јавен обвинител очекува немилосрдно да застане на страната на правдата.„Од новиот државен јавен обвинител очекувам немилосрдно да застане на страната на правдата, бидејќи само така сите кои работеле спротивно на закон ќе бидат санкционирани, имајќи предвид дека борбата против криминалот и корупцијата е тростепен процес кој вклучува истрага, обвинителен акт и судска постапка, при што обвинителот е само врската меѓу истрагата и судскиот процес. Тој треба да го избруси сето тоа и да види дали судиите ќе го прифатат и ќе отпочнат судски процес, бидејќи судиите прават оценка на обвинителниот акт“, посочи Мицкоски.

Македонија | пред 1 месец

media-library11umh2gfq8r73Sy6Z9x

УЈП се пофали со рекордна наплата во 2025, во буџетот се собрани над 4,4 милијарди евра

Управата за јавни приходи информира дека во 2025 година во државниот буџет се собрани 4 милијарди и 426 милиони евра од даноци и социјални придонеси. Ова според УЈП е 308,3 милиони евра повеќе во споредба со 2024 година.„Приходите од ДДВ се темелат на стабилен раст на наплатата на данокот платен за промет во земјата, при што во повеќе месеци е забележан пораст од 10 до 13 проценти во однос на истиот период минатата година. Кај данокот на добивка растот произлегува од аконтативното плаќање за 2025 година на повисока даночна основица, како и од зголемената наплата на задржан данок од дивиденди и други приходи исплатени кон странски основачи и партнери на компаниите, каде што е регистриран раст од над 30 проценти. Во делот на данокот на личен доход, најголемо учество има данокот на плати кој бележи стабилен месечен раст и вкупен пораст над 10 проценти, а висок раст е остварен и кај данокот на доходите од договорни услуги, земјоделство и самостојна дејност. Кај социјалните придонеси се собрани 2 милијарди и 92 милиони евра, што е 145,2 милиони евра повеќе од 2024 година, односно раст од 7,5 проценти”, соопштуваат од УЈП.Овие резултати, според УЈП се должат на засилената навремена наплата на обврските со заедничка одговорност на даночните обврзници, раното интервенирање и доследната примена на законските мерки.

Македонија | пред 1 месец

Screenshot-2024-01-08-at-09.56.05

Патот кон ХЕЦ Козјак затворен поради голомразица

Надлежните служби ја информираат јавноста дека патниот правец кон ХЕЦ Козјак е затворен за сообраќај поради појава на голомразица.Се апелира до возачите да бидат внимателно и да не се упатуваат кон овој правец сè додека не се подобрат условите за возење, за што ќе се информира навреме.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryknqhbcmgs0bmdtC9aO3

Експерт за пожарот во Кран-Монтана: Од каков материјал е изработена изолацијата ако пожарот се проширил толку брзо?

Во трагичниот пожар кој на новогодишната ноќ избувна во барот „Le Constellation“ во швајцарскиот ски-центар Кран-Монтана, животот го загубија 40 лица, а над 100 се повредени. Новите анализи на експерти укажуваат на сериозни пропусти во материјалите и безбедносните системи во објектот.Професорот Ед Галеа од Универзитетот Гринвич, специјалист за заштита од пожар, посочува дека сите жртви биле пронајдени во подрумскиот простор, што сугерира дека излезите за итни случаи не биле соодветно проодни.Галеа исто така го критикува материјалот на плафонот и неговата акустична изолација, кој, според него, можел да ја забрза експлозивната брзина на ширење на огнот: „Искрите од прскалките го запалиле материјалот на плафонот и пожарот се проширил многу, многу брзо. Се поставува прашањето – од каков материјал е изработена изолацијата и дали бил во согласност со протипожарните прописи.“Главната регионална обвинителка повтори дека случајот се третира како пожар и дека се исклучува можноста за напад, додека истрагата продолжува за да се утврдат сите околности кои довеле до трагедијата.

Свет | пред 1 месец

brza-pomos-nokje-3

Две лица загинаа во превртениот автомобил во реката Радика

Возачот и сопатникот од гостиварското село Видуше го загубија животот во несреќата со „Фолксваген Бора“ која попладнево падна во реката Радика, во близина на манастирот „Свети Јован Бигорски“.По насоки на јавен обвинител, возилото е задржано во полициската станица Гостивар за вонреден технички преглед, а телата на починатите се дадени за обдукција. Се преземаат мерки за утврдување на причините за несреќата.Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово–Дебар е во прекин поради извлекување на возилото.

Македонија | пред 1 месец

media-library7pnt6194l0qp2z9hswe

(Видео) „Може да ни се случи на сите“: Протест за казната за Фатон Љури

Стотина роднини и пријатели на осудениот моторџија Фатон Љури денеска одржаа протест пред Кривичниот суд, откако во понеделникот тој доби 11 години затвор. Љури беше осуден за смртта на 68-годишниот Југослав Николовски, кој беше прегазен во јули додека моторџијата возел мотор без дозвола и по пешачка патека кај „Паркот на франкофонијата“.Учесниците во протестот, дел од кои носеа маички со ангелски крилја и слика на човек зад решетки, а дел го криеја лицето со качулки, маршот го започнаа пеш од населбата Чаир. Тие носеа транспаренти со пораки како „Правда за Фатон Љури“, „Нема правда – нема мир“ и „Правда под притисок е неправда“, повикувајќи на „неселективно судење“.Протестантите алудираа дека Љури бил осуден поради својата етничка припадност и посочија на случаи со многу пониски казни за слични инциденти. „Зошто да се казни 24-годишен, млад дечко, кога не сакајќи се случило, утре може да се случи на сите? Имало пример и порано вакви случаи кои биле казнети со минимална казна, како случајот на Бобан Илиќ што го има убиено четиригодишното дете. До кога ќе биде оваа неправда кон нас во оваа држава?“, рече еден од учесниците.Од Кривичниот суд реагираа дека обвинетиот признал вина во присуство на адвокат, а судот одлучувал врз основа на доказите и во рамки на законските одредби. Судот потсети дека обвинетиот има право на жалба до Апелацискиот суд.„Изразувањето незадоволство преку јавни собири е легитимно право на секој граѓанин, но било каков обид за притисок не смее и нема да влијае врз независното судско одлучување. Судскиот систем предвидува правни механизми за незадоволните страни. Секоја странка што смета дека висината на изречената санкција не соодветствува со делото има право на жалба до повисокиот суд. Тоа е единствениот легален пат за преиспитување на една пресуда“, се наведува во соопштението на судот.Видео материјал од: Сител ТВ

Македонија | пред 1 месец

media-library14kjub26mlnb7sI9Tc1

(Видео) Семејството на двегодишното дете кое почина од метален фрагмент, обвинува за полициска бруталност

Двегодишното дете на семејството Аслани почина ноќта меѓу 31 декември и 1 јануари во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ по повреда во главата од метален фрагмент, додека семејството обвинува за полициска бруталност.Во повеќе видео-материјали емитувани денеска во живо, членовите на семејството покажуваат модрици од удари, за кои тврдат дека им ги нанесла полицијата. Таткото на детето, Муше Аслани, откри дека бил испитуван од полицијата дали му направил нешто на детето и дека полициските службеници ги тепале и други членови на семејството.„Мене ме малтретираа, не ме оставија да го видам синот. Малку ми ги поткршија рацете, а јас сум опериран на раката, ме оставија на ладно, „не ти е ништо“ ми велеа. Ме прашуваа да не сум му направил нешто“, изјави Аслани.Според неговите зборови, полицијата ги буткала присутните членови на семејството и сите биле однесени во полициска станица, иако немале оружје. Семјството преку видеото на „Рома Прес“ побара неселективна и итна правда и казнување на сторителот.Министерството за внатрешни работи објави дека двегодишното дете било донесено во Клиниката за трауматологија во многу тешка состојба со метален фрагмент во главата. Лекарски извори наведуваат дека проектилот бил од заталкан или одбиен куршум и со релативно мала сила влегол во главата на детето.Според полицискиот извештај, на 1 јануари во 00:58 часот, детето починало, а телото е дадено на обдукција по наредба на јавен обвинител. Полициските службеници извршиле службен разговор со мајката и таткото на детето и преземени се мерки за расчистување на случајот.МВР засега не излезе со официјален коментар за обвинувањата за полициска бруталност.Видео материјал од: Roma Press

Македонија | пред 1 месец

media-library685grc73v322a5sCNBW

Тошковски: МВР со посебен план за безбедност и сообраќај во Маврово за зимската туристичка сезона

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна посета на Полициското одделение Маврово, Полициското одделение Ростуше и Полициската станица за граничен надзор Жировница, при што се запозна со тековните активности, условите за работа и конкретните предизвици со кои се соочуваат полициските службеници на терен.„Во ПО Маврово ќе се изготви посебен план за претстојната зимска туристичка сезона, со цел овозможување подобар проток на сообраќајот, навремено управување со зголемениот број посетители и распоредување на соодветен број полициски службеници за одржување на јавниот ред и мир.“, потенцираше министерот Тошковски.При посетата на Полициското одделение Ростуше беше разгледана можноста за обука на полициски службеници за вршење увиди на сообраќајни незгоди, што ќе овозможи побрзо и поефикасно завршување на постапките на лице место. Оваа мерка ќе придонесе за намалување на времето на чекање, избегнување подолготрајни блокади на сообраќајниците и зголемување на функционалноста на системот, имајќи предвид дека досега овие увиди ги вршеа екипи од Гостивар.Во Полициската станица за граничен надзор Жировница беше отворено и прашањето за можност дел од просторот во рамки на станицата да биде отстапен на општината, со цел обезбедување паркинг простор за жителите, како практично и рационално решение во интерес на локалната заедница.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryh4spsbo1659r9wIfcFu

Клуни му возврати на Трамп по потсмевот за француското државјанство

Холивудскиот актер Џорџ Клуни остро реагираше на критиките од американскиот претседател Доналд Трамп, откако Трамп му се потсмеваше поради одлуката на Франција да му додели државјанство на славниот актер и на неговото семејство.Трамп го нарече 64-годишниот оскаровец и неговата сопруга Амал „двајцата најлоши политички прогнозери на сите времиња“, откако на почетокот на месецов им беа врачени француски пасоши. Семејството Клуни веќе со години живее на својот имот на југот од Франција, пишува „Гардијан“.На својата социјална мрежа Truth Social, Трамп – чија администрација поддржуваше антимиграциски партии во Европа – порача дека Франција е „добредојдена“ да ја прими ѕвездата на филмот „Ocean’s Eleven“, долгогодишен поддржувач на демократите и гласен критичар на претседателот.„Добри вести! Џорџ и Амал Клуни, двајцата најлоши политички прогнозери на сите времиња, официјално станаа државјани на Франција, која, за жал, се соочува со голем проблем со криминалот поради апсолутно ужасното справување со имиграцијата“, напиша Трамп.Тој додаде дека Клуни добил „повеќе публицитет за политика отколку за своите многубројни и целосно просечни филмови“, тврдејќи дека „воопшто не бил филмска ѕвезда“.Клуни му одговори преку „Hollywood Reporter“, осврнувајќи се и на американските избори закажани за 3 ноември: „Целосно се согласувам со актуелниот претседател. Мораме повторно да ја направиме Америка голема. Почнуваме во ноември.“Контроверзии во ФранцијаВеста за доделувањето француско државјанство на семејството Клуни доаѓа непосредно пред стапувањето во сила на построгите јазични услови за натурализација според новите имиграциски правила од 1 јануари. Слабото познавање на францускиот јазик од страна на Клуни предизвика критики дури и во редовите на владата на францускиот претседател Емануел Макрон.„Лично, го разбирам чувството на некои Французи за двојни стандарди. Мора да бидеме внимателни со пораката што ја испраќаме“, изјави за радио France Info Мари-Пјер Ведрен, помлада министерка за внатрешни работи.Министерот за внатрешни работи Лоран Нунец и Министерството за надворешни работи, пак, ја бранеа одлуката, повикувајќи се на Граѓанскиот законик, според кој француското државјанство може да се додели со натурализација на странци кои зборуваат француски, го побарале државјанството и со својот истакнат придонес влијаат врз меѓународниот углед и економските односи на Франција.Клуни и самиот призна дека францускиот јазик сè уште не му оди најдобро. „Ја сакам француската култура и вашиот јазик, иако и по 400 дена курсеви сè уште сум слаб“, изјави тој за радио RTL во декември – на англиски јазик. За разлика од него, неговата сопруга Амал, меѓународна адвокатка за човекови права, течно зборува француски.Официјалното објаснување од ПаризСемејството Клуни во 2021 година го купи имотот Domaine du Canadel, поранешно лозје во близина на провансалскиот град Брињол. Клуни изјави дека тоа е местото каде неговото семејство е „најсреќно“, пофалувајќи ги француските закони за приватност и можноста децата да ги расте далеку од Холивуд.Француското Министерство за надворешни работи соопшти дека доделувањето пасоши „ги исполнува условите пропишани со закон“ и дека постапката поминала низ „ригорозна процедура“, вклучувајќи безбедносни проверки и интервјуа за натурализација. Министерството додаде дека семејството Клуни со својот придонес го зголемува меѓународниот углед и културниот престиж на Франција.Во текот на 2024 година, француско државјанство добиле околу 48.800 лица. Очигледно, Клуни не е единствениот Холивудец што посакува француски пасош – режисерот Џим Џармуш објави дека и тој аплицира, велејќи дека сака „место каде може да побегне од Соединетите Американски Држави“, пренесе агенцијата Франс-прес.

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања