Ева Петковска

media-librarypinaq9vv1e5u3Ce2AG3

Автомобил излета во реката Радика кај Бигорскиот манастир

Сообраќајна незгода е пријавена денеска во 15:48 часот, кога преку дежурниот центар Е-112 Охрид било известено дека патничко моторно возило излетало од коловозот и завршило во реката Радика, во близина на манастирот „Св. Јован Бигорски“.По пријавата, Регионалниот центар за управување со кризи Тетово стапил во телефонски контакт со лицето што го пријавило настанот, кое информирало дека возилото се движело со поголема брзина, изгубило контрола, неколкупати се лизгало и се превртело, по што паднало во реката Радика, на делницата по манастирот.За несреќата веднаш биле известени полициските службеници од Полициската станица Ростуше, кои ја потврдиле информацијата и излегле на местото на настанот. На терен се наоѓа и командирот на ПС Ростуше заедно со полициска екипа.Истовремено, била известена и Територијалната противпожарна единица Гостивар, од каде е испратена екипа со две противпожарни возила и четворица пожарникари, како и екипа на Итната медицинска помош од Ростуше.Надлежните служби се на терен и преземаат активности за расчистување на местото и утврдување на сите околности поврзани со сообраќајната незгода. Засега нема официјални информации од МВР за несреќата и за жртвите.

Македонија | пред 1 месец

zagaduvanje

Домаќинствата и сообраќајот главни извори на загадување

Инспекциските контроли во Цементарницата „Титан – Усје“ во текот на 2025 година не утврдиле неправилности во однос на аерозагадувањето, соопшти директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска. Извршени биле два редовни и четири вонредни надзори, вклучително и ненајавени контроли со инспектори од повеќе институции.Гиновска истакна дека фабриката редовно доставува извештаи за емисиите, а инспекциите продолжуваат на секои 15 дена. Таа нагласи дека иако индустријата загадува, според експертски анализи најголемо влијание врз квалитетот на воздухот во Скопје имаат домаќинствата, потоа сообраќајот, а индустријата е на трето место.Од Управата за животна средина информираа дека „Титан – Усје“ има важечка А-интегрирана еколошка дозвола до 2027 година и дека не постојат законски услови таа да биде одземена. Институциите најавија продолжување на засилените контроли за заштита на амбиентниот воздух.

Скопје | пред 1 месец

media-library8l685ses09k72lcPnAw

Идентификација на жртвите од пожарот во швајцарски бар: анализи на ДНК, отпечатоци и лични предмети

На прес-конференцијата за пожарот во швајцарски бар се обрати и шефот на криминалистичката полиција на кантонот Вале, Пјер-Антоан Ленжен.Тој изјави дека специјализирани судски вештаци, стоматолози и полицајци работат на идентификација на жртвите.Во рамки на таа постапка се анализираат отпечатоци од прсти, лични предмети, облека и примероци од ДНК, истакна Ленжен.Околу 50 лица повредени во пожарот во скијачкиот центар се префрлени или ќе бидат префрлени во болници во други европски земји заради специјализиран третман, им изјави на новинарите Матијас Рејнард.„Околу 50 повредени се пренесени или ќе бидат пренесени во европски земји, во специјализирани центри за лекување изгореници“, рече тој.Тој додаде дека имало комуникација со францускиот министер за здравство и дека трансферите на пациентите веќе започнале кон болници во Франција.Рејнард исто така изјави дека швајцарските здравствени власти добиле понуда за помош во згрижувањето на повредените пациенти и од Италија, па дел од пациентите ќе бидат префрлени на северот на Италија.

Свет | пред 1 месец

media-library65d7i3vghbbh0CsW5DR

„Барот имал повеќе излези, но гостите во паника не ги пронашле“

Истражителите кои работат на случајот со пожарот во барот се фокусираа на прскалките како можен причинител на трагедијата. Главната обвинителка на Вале, Беатрис Пилу, потврди дека тие сега се „главната насока на истрагата“. Таа ги опиша како роденденски свеќички за торти што може да се купат во која било продавница, додавајќи дека е во тек истрага дали нивната употреба во затворени простории била дозволена.Стефан Ганзер, шеф на безбедноста во Вале, изјави дека, спротивно на некои медиумски написи, барот немал пријавени безбедносни недостатоци и бил опремен со повеќе излези за итни случаи. Сепак, се чини дека гостите во паника не успеале да ги пронајдат, па речиси сите се упатиле кон главниот влез. „Повеќето луѓе не го пронашле патот до излезите за итни случаи“, потврди Ганзер.На прашањето на новинарите дали ширењето на огнот го поттикнала пената на таванот на објектот, обвинителката Пилу одговори дека и тоа е предмет на истрага. „Ќе се утврдува дали оваа пена била наменета за безбедност, дали била во согласност со прописите и дали е причина за пожарот или не“, изјави таа, нагласувајќи дека сè уште е прерано да се носат заклучоци дали материјалот бил во согласност со прописите.Сопствениците испрашани, истрагата продолжуваОбвинителката исто така потврди дека сопственици на барот се францускиот пар Жак и Џесика Морети. Таа додаде дека точниот број на лица кои во моментот на пожарот се наоѓале во барот сè уште не е официјално потврден. Пилу упати апел до јавноста: „Ве молам, не шпекулирајте.“

Свет | пред 1 месец

nikoloski

Николоски: Македонски експерти работат на стабилизација на свлечиштата и косините на автопатот Охрид-Кичево, вистински инженерски потфат

Преку изградба на така наречени градежни галерии, целосно ќе го стабилизираме земјиштето на клучните сегменти од изградбата на автопатот Кичево-Охрид. Станува збор за голем градежен и иновативен зафат од 14 галерии, нешто што го нема во целиот регион, истакна во интервју за ТВ Алфа, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, зборувајќи за еден од клучните инфраструктурни проекти во државата.“Станува збор за најтешкиот дел од автопатот. Се работи во планина, со земјиште кое што за жал се движи цело време и тешко се стабилизира бидејќи е хетерогено и има многу вода. Вториот проблем е што станува збор за височини од 900 до 1.200 метри надморска висина и единствениот начин тоа да се реши се со овој иновативен метод кој што го воведовме со изградба на галерии за стабилизација на земјиштето. Станува збор за два вида на проекти, едниот е со видливи галерии, а вториот кај селото Ботун со внатрешна стабилизација на земјиштето или ќе се влегува внатре од 12 до 16 метри во земјата, нешто што е направено и дизајнирано од македонски експерти и ќе биде изведено од македонски компании”-рече Николоски.Како причина што доведе ова автопатско решение да се гради толку долго, Николоски го наведе лошото планирање во минатото, потенцирајќи дека тоа и дополнителното стопирање на проектот од претходните власти.

Македонија | пред 1 месец

aleksandar-nikoloski

Николоски: Имaме големи планови Македонска пошта да стане доминантна на пазарот, започнавме со инвестиции во средства и опрема

Ja консолидиравме Македонскa поштa, државна компанија каде вработените молеа да земат плата со претходната Влада. Сега не само што успеавме да не испуштиме од работа вработени, туку платите и сите законски права на вработените се исплаќаат редовно, истакна во гостувањето за ТВ Алфа, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, кој најави и осовременување на Македонски Пошти со 100 нови возила.“ Некоректно е приватните пошти да го земаат целиот пазар, а Пошта да го носи товарот. Кога ќе ги видите приходите, со 75% од пазарот пошта има приход од некаде 11 милиони евра, додека приватните пошти со 25% од пазарот, имаат некаде 18 милиони евра. Тоа мора да го корегираме, ќе донираме 100 комби возила, од кои 90 помали и 10 поголеми. Понатаму тука е нов софтвер, со што се обидуваме пошта да ја ставиме во една добра позиција и со законски измени ќе помогнеме компанијата дополнително да расте”- истакна НиколоскиТој најави реструктуирање на државните пошти, план кој ќе се реализира во периодот што следи.“Претходната Влада на СДСМ сакаше да ја продаде и на таков начин да го реши проблемот. Знаете дека двајца Генерални секретари се или под истрага, или се осудени, за тоа што го правеле поврзано со пошта. Јас и тогаш кажав, дека додека сум министер нема да се испуштаат луѓе од работа и никој не е испуштен од работа, иако имаше барања и од ЕУ за нешто такво. Јас реков дека ќе стигнеме до рационализација и намалување на трошоците, но преку подобрување на работењето и зголемување на профитабилноста” -рече вицепремиерот Николоски

Македонија | пред 1 месец

media-library27eh3srovpn02DZol8t

Македонец исчезнат во пожарот во Швајцарија

Семејството и пријателите на младиот Стивен Ивановски упатуваат итен апел до јавноста за помош, откако тој исчезнал за време на пожарот што избувна на 31 декември во барот „Ле Констелејшн“ (La Constellation) во познатиот зимски туристички центар Кран-Монтана, Швајцарија.Според информациите објавени од неговите најблиски на социјалните мрежи, Стивен последен пат бил виден во кобната ноќ на пожарот. Во моментот на исчезнувањето бил облечен во бели панталони и бел дуксер, како што може да се види и на фотографиите што се споделуваат во апелите. Постојат информации дека можеби кај себе ги имал и специфичните очила за сонце што ги носи на сликите.Семејството моли сите кои можеби го виделе Стивен или имаат каква било информација за него, како и оние што знаат дали бил примен во некоја од болниците во Женева или Цирих, веднаш да се јават на следните телефонски броеви:076 415 0868076 385 7165078 229 5745„Братучед ми е исчезнат во пожар вчера во Швајцарија. Ако некој го има видено, нека нè контактира“, стои во апелот објавен на македонски јазик.Семејството и пријателите се надеваат дека со помош на јавноста ќе добијат каква било информација што би помогнала во пронаоѓањето на Стивен.

Македонија | пред 1 месец

media-library8l685ses09k72lcPnAw

(Видео) Новогодишен хорор во Кран-Монтана: Пожар во бар однесе околу 40 животи, над 100 повредени

Голема трагедија го потресе швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана на новогодишната ноќ, кога разорен пожар во популарен бар усмрти околу 40 лица, а приближно стотина беа повредени.Според потврдени информации, пожарот избувнал околу 1:30 часот по полноќ, а првичните сомнежи укажуваат дека бил предизвикан од пиротехнички средства. Очевидци наведуваат дека пиротехниката била поставена на шишиња со пијалоци, по што пламенот го зафатил таванот на објектот.Еден од сведоците, 19-годишниот Мелко, изјавил дека пожарот се проширил за само неколку секунди, создавајќи хаос и паника меѓу стотиците посетители. Поради тоа што главниот дел од барот се наоѓал во подрум, до кој се пристапува преку скали, евакуацијата била исклучително тешка, а во обидот за бегство дошло и до стампедо кон излезот.Домарот на соседната зграда и неговата сопруга сведочат за драматичните сцени по избувнувањето на пожарот. „Нè разбудија вресоци. Луѓето врескаа, имаше густ црн чад и ужасна миризба. Брзата помош и пожарникарите пристигнаа многу брзо. Станарите во паника ја напуштија зградата, стравувајќи дека пожарот ќе се прошири. Многумина побараа засолниште кај нас, им направивме кафе и останавме со нив до раните утрински часови“, изјавил тој.Надлежните служби спроведуваат официјална истрага за утврдување на точната причина за пожарот, додека швајцарската јавност е во шок од една од најтешките трагедии што ја погоди земјата во новогодишната ноќ.

Свет | пред 1 месец

media-librarydr22s7pdt1nhcivXS3v

Дарио Ивановски со нов македонски рекорд на престижната трка во Мадрид

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски ја заврши 2025 година со извонреден успех, поставувајќи нов национален рекорд на 10 километри на пат. Ивановски настапи на реномираната трка „Сан Силвестре Валекана“ во Мадрид, Шпанија, која традиционално се одржува во последниот ден од годината, неколку часа пред влезот во новата 2026 година.Македонскиот репрезентативец ја истрча трката за 29 минути, резултат што му донесе 17. место во исклучително силна меѓународна конкуренција, но и нов државен рекорд на оваа делница. Настапот во Мадрид уште еднаш ја потврди неговата одлична форма и континуираниот напредок на меѓународната сцена.Овој успех доаѓа по уште една забележителна година за Ивановски, во која тој триумфираше и на Скопскиот маратон, зацврстувајќи ја својата позиција како водечки атлетичар во македонскиот спорт.

Македонија | пред 1 месец

media-library7v30g9ljqc8gfOkKAyK

Утре е Свети Игнат: Народните верувања велат – каков ќе биде 2 јануари, таква ќе биде и целата година

Утре, на 2 јануари, во народниот календар се одбележува празникот Свети Игнат, ден кој, според верувањата, има особено значење за тоа како ќе се одвива годината што следи. Се смета дека од овој ден започнува постепено да се зголемува денот, симболично носејќи нова животна енергија и надеж.Според народните преданија, сè што човек ќе го прави или што ќе му се случува на Свети Игнат ќе биде знак за текот на целата година. Оттука и верувањето дека каков ќе биде 2 јануари – таква ќе биде и годината пред нас.Посебно внимание, според обичаите, се обрнува на првиот човек што ќе влезе во домот. Ако тоа е млад, весел и позитивен човек, се верува дека носи среќа, бериќет и радост. Доколку, пак, прв влезе постара личност, народот верувал дека годината нема да биде поволна.Затоа се советува овој ден да помине во добро расположение, без кавги и нервози, со позитивни мисли и убави дела. Народот верува дека треба да се прави само она што човек би сакал да го следи во текот на целата година – мир, насмевки и спокојство.Како дел од традицијата, се препорачува и пред спиење да се прочита неколку страници од добра книга, со желба, како што велат старите, „умно да тргне годината“. Свети Игнат е и потсетник да не се заборават блиските, да се искаже благодарност и љубов и денот да се исполни со мир и добрина.Во народното верување, 2 јануари е симбол на убав почеток и надеж за спокојна и среќна година.

Македонија | пред 1 месец

media-library2r7pcperl3go6mkrvpu

Ѓорѓиевски: Евгенија е првото новородено бебе во Скопје во 2026 година

Малата Евгенија Камчева е првото бебе родено во Скопје во новата 2026 година, соопшти Орце Ѓорѓиевски, нагласувајќи дека нејзиното раѓање претставува силен симбол на надеж и нов почеток за градот.Како што информира, Евгенија се родила точно на полноќ, во моментот кога новата година ги „отворила своите врати“, носејќи радост и оптимизам кај скопјани.„Нов живот, нова надеж и убав симбол за почеток исполнет со радост и вера во иднината“, порача Ѓорѓиевски, посакувајќи ѝ на Евгенија да расте жива и здрава, среќна со своите родители и со живот исполнет со љубов, достоинство и можности.Тој истакна и дека обврска на општеството е да создаде услови во кои секое дете ќе може да сонува, да напредува и да верува, нагласувајќи дека секое новородено дете е заедничка надеж и одговорност.„Нека оваа година биде плодна и бериќетна, година на нови животи, насмевки и радост“, порача Ѓорѓиевски, упатувајќи искрени честитки до мајката Емилија и добредојде до малата Евгенија, како „најубавиот почеток на новата година“.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryhi8jc9bg7ruua7n5C3R

Ѓорѓиевски: „Вечерва покажавме како се сака Скопје“

Орце Ѓорѓиевски со емотивна порака им ја честиташе Новата година на скопјани, упатувајќи благодарност за, како што наведе, сплотеноста и љубовта кон градот.„Ти се поклонувам, Скопје! Среќна Нова година, мој народе. Да сте здрави, живи и секогаш да останеме вака сплотени“, напиша Ѓорѓиевски во својата објава.Тој истакна дека прославата е доказ за заедништвото и грижата кон градот, потенцирајќи дека токму ваквите моменти ја покажуваат вистинската љубов кон Скопје.„Вечерва покажавме како се сака градот убав. Ви благодарам од срце“, порача Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 1 месец

media-library9qtl8cmd9p0pbGgXmz6

(Видео) Смртоносна експлозија во Кран Монтана, најмалку 10 загинати

Најмалку десетина лица загинале во експлозија и пожар што избувнаа ноќта во бар во познатиот швајцарски ски-центар Кран Монтана, на прослава на Новата година.Има и повредени лица. Локалните медиуми пак објавија дека бројот на загинати може да биде и поголем.Според полицијата Полицијата, исто така, потврди дека инцидентот не се третира како терористички напад, а болниците се преполни со пациенти со изгореници.Експлозијата се случила околу 1:30 часот по локално време во барот Le Constellation, а причината според Би-Би-Си сè уште не е позната.

Свет | пред 1 месец

media-libraryis2bpv777bde8RkN4Pt

Кипар од денеска го презема претседавањето со Европската унија

Од денес, во наредните шест месеци, Кипар, го презеде ротирачкото претседателство со Советот на ЕУ од Данска.Кипарскиот претседател Никос Христодулидес објави дека приоритетите на претседателството ќе бидат зајакнување на стратешката автономија на ЕУ, почнувајќи од одбраната и безбедноста до енергијата, конкурентноста, миграцијата, достапното домување, како и приближувањето на Унијата кон Блискиот Исток и Источниот Медитеран.Клучни приоритети на претседателствотоПриоритетите вклучуваат и континуирана поддршка за Украина, договор за седумгодишниот буџет на ЕУ за периодот 2028-2034 година и проширување.Кипар ќе го извршува својот шестмесечен мандат на чело на ЕУ дисциплинирано и посветено, но и со „различен начин на размислување“, изјави кипарскиот министер за надворешни работи Константинос Комбос, објави британски Гардијан.„Веруваме дека малите земји во овие ситуации имаат многу да понудат“, изјави Комбос за британскиот весник.

Свет | пред 1 месец

814680-vnimavajte-evn-isprati-visoki-smetki-za-struja-1024x696-1

Новогодишна честитка, струјата поскапе

Од денеска поскапува струјата, од 2,45 отсто во првиот блок до 3,84 проценти во четвртиот блок..Од 1 јануари 2026 година цената на струјата ќе биде повисока за 2,45 отсто во првиот блок, за 2,87 отсто во вториот блок, за 3,32 отсто во третиот и за 3,84 проценти во четвртиот блок, додека евтината тарифа ќе се покачи за 2,5 отсто.Засега останува евтината дневна тарифа во истиот временски тајминг, односно од 13:00 до 15:00 часот.

Македонија | пред 1 месец

bebe

Точно на полноќ во Скопје се роди девојче, првото бебе во Новата година

Во Скопје, точно на полноќ, на 1 јануари 2026 година, на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје се роди првото бебе во новата година.Првото новороденче во 2026 е девојче, кое на свет дојде само неколку секунди по влегувањето во новата година, носејќи радост и надеж за нејзиното семејство и медицинскиот тим.Од Клиниката за гинекологија информираат дека и мајката и бебето се во добра здравствена состојба.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryteaipaj5jh296zoIrYK

Мицкоски заедно со граѓаните на плоштад „Македонија“, на дочек на Новата година

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, синоќа заедно со граѓаните, ја дочека Новата 2026 година на плоштадот „Македонија“ во Скопје.Премиерот на социјалните мрежи објави порака со која им посака здравје, разбирање и успеси на сите граѓани, нагласувајќи ја важноста од заедништво и позитивна енергија во Новата година.„Заедно со нашиот народ на плоштадот Македонија да ја дочекаме Новата година. Да посакам добро здравје, разбирање и успеси за секој еден човек на нашата Македонија. Среќна Нова година!“, напиша Мицкоски.На дочекот на плоштадот, премиерот беше заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓоргиевски.

Македонија | пред 1 месец

media-library7jsr3f97rtqs4J56MHR

Четиринаесет години од смртта на Киро Глигоров

Денеска, 1 јануари, се навршуваат 14 години од смртта на првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров.Глигоров почина на 1 јануари 2012 година во Скопје во својот дом на 94 годишна возраст.Роден е на 3 мај 1917 година во Штип и има активна улога во процесот на осамостојување на државата и нејзиното меѓународно признавање.Во 1991 година Глигоров успеа по мирен пат да ја осамостои Македонија од дотогашната Социјалистичка Федеративна Република Југославија во која самиот Глигоров извршуваше високи државни функции.На 3 октомври 1995 година преживеа атентат со автомобил-бомба поставен на улицата „Македонија“ во непосредна близина на хотелот „Бристол“. По неколкумесечното лекување, на 10 јануари 1996 година Глигоров се врати на својата претседателска должност.Добитник е на бројни домашни и меѓународни награди и признанија.

Македонија | пред 1 месец

ladno_toplomer_termometar_sneg_3454-678x381-1

Студено на почетокот на Новата година

Првиот ден во Новата година времето во Македонија е ведро и многу студено, со температури кои на некои места се спуштаат и до минус 13 степени.Во текот на денот времето ќе биде претежно сончево, со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Максималните дневни температури ќе се движат од минус 1 до 6 степени.Во Скопје утрото е студено, со минимална температура до минус 8 степени, а преку денот ќе преовладува сончево време со умерен јужен ветер. Максималната температура во главниот град ќе достигне околу 3 степени.Во наредните денови времето ќе биде студено, а петок се очекува променливо облачно време со минимални температури под нулата насекаде низ земјата. Во западните делови ќе има повремени врнежи од снег.Потоа следува период на постепено затоплување, со променлива облачност и повремени локални врнежи од дожд, додека на планините врнежите ќе бидат од снег.

Македонија | пред 1 месец

plata-evra

Бугарите од денеска плаќаат во евра

Бугарија од денеска 1 јануари 2026 година го усвои еврото како своја платежна валута.Иако еврото е официјална во употреба, следува преоден период. До 31 јануари ќе може да се плаќа и во левови, но трговците ќе мора кусурот да го враќаат исклучиво во евра.Ова е голем исчекор и пресвртница за земјата, за историјата на еврото и за ЕУ како целина.Ова следи по период на интензивни подготовки и напори од страна на Бугарија за исполнување на сите потребни барања, соопшти Европската комисија.Еврото ќе донесе практични придобивки за бугарските граѓани и бизниси. Ќе го олесни патувањето и живеењето во странство, ќе ја зголеми транспарентноста и конкурентноста на пазарот и ќе ја олесни трговијата. Банкнотите и монетите во еврото, исто така, ќе станат опиплив симбол на слободите, придобивките и можностите што ЕУ им ги нуди на своите граѓани за сите Бугари.Комисијата целосно ја поддржа Бугарија во нејзиниот процес на приклучување кон еврото. Со пристапувањето на Бугарија, како 21 земја-членка на ЕУ и повеќе од 357 милиони граѓани на ЕУ ќе ја делат единствената валута на ЕУ и единствениот пазар.Јавната поддршка за еврото во ЕУ и еврозоната останува многу силна, при што големо мнозинство граѓани на ЕУ веруваат дека еврото е добра работа за ЕУ ​​како целина и за нивната земја, како што покажува најновиот Евробарометар.

Свет | пред 1 месец

media-library4qm8clatrgv23aZ2hQ2

2026 нека биде година во која ќе бидеме подобри отколку што бевме

Нека Новата 2026 година не дојде само како нов број во календарот, туку како можност да оставиме зад себе сè што нè изморило, нè поделило или нè направило помалку луѓе. Нека биде година во која ќе научиме повторно да слушаме, да разбираме и да се поддржуваме – и како поединци, и како заедница.Посакуваме 2026 да донесе повеќе мир во секој дом, повеќе сигурност во секој чекор и повеќе надеж во секоја одлука. Да имаме здравје што не се зема здраво за готово, храброст да се соочиме со предизвиците и мудрост да препознаеме што навистина вреди.Нека новата година биде помалку бучна со ветувања, а погласна со дела. Помалку тешка со разочарувања, а побогата со мали, човечки радости. Да ни биде година на достоинство, чесност и напредок – личен и заеднички.Среќна и мирна Нова 2026 година.Со надеж дека ќе биде подобра од сите претходни – затоа што ние ќе ја направиме таква.

Македонија | пред 1 месец

media-library695l9qmg2kg08skNv5l

Зошто одбројуваме до Нова година: современ ритуал што создава чувство на заедништво

Одбројувањето од десет до нула во пресрет на доаѓањето на Новата година, иако често се доживува како древна традиција, всушност е релативно нов обичај, вели професорот по културно наследство на Универзитетот во Антверпен, Марк Јакобс.Во изјава за белгиското државно Радио 1, Јакобс објаснува дека со векови луѓето одбројувале денови, но одбројувањето секунди до полноќ е појава која се развила дури во 50-тите или 60-тите години на минатиот век, паралелно со подемот на масовните медиуми.Според него, токму радиото и телевизијата овозможиле луѓето истовремено да одбројуваат, создавајќи заеднички, колективен момент. Значајна улога во ширењето на овој ритуал имале и преносите од „Тајмс Сквер“ во Њујорк, каде што традиционално на полноќ се спушта голема топка – симбол кој прераснал во меѓународен знак за дочекот на Новата година.Јакобс посочува дека одбројувањето претставува класичен обред на премин – симболично збогување со старата и влегување во новата година. Во тие неколку секунди, нагласува тој, границите привремено исчезнуваат, луѓето се чувствуваат рамноправни, улогите се менуваат, а бучавата и спонтаноста стануваат дозволени.Професорот потсетува дека во минатото колективното одбројување било речиси невозможно, бидејќи часовниците често не биле точни, а секундите немале големо значење. Дури со синхронизацијата на времето и развојот на медиумите станало можно милиони луѓе да бројат заедно до истиот момент.Тој исто така нагласува дека 1 јануари не отсекогаш бил почеток на новата година. Во различни историски периоди, годината започнувала на различни датуми – од март, преку Велигден, па сè до Велики петок. Обид за воспоставување ред направил Јулиј Цезар во 46 година п.н.е., со воведувањето на Јулијанскиот календар и 1 јануари како официјален почеток на годината.И покрај тоа, желбата за прослава, според Јакобс, постоела отсекогаш. Уште од 19 век се бележат собири со храна, бучава и славење околу полноќ, слично како и кај другите големи празници. Таа потреба за заедништво и денес е силно присутна, особено за време на Божиќните и новогодишните празници, кога прославите често траат со недели.Целта на сите овие ритуали, заклучува професорот, е чувството на поврзаност меѓу луѓето – чувство кое, барем накратко, ги надминува времето и границите.

Магазин | пред 1 месец

media-librarysj62mecqggk34OqdZ4I

Граѓаните ќе паркираат бесплатно во Центар за време на новогодишните и божиќните празници

Паркирањето во Општина Центар за време на новогодишните и божиќните празници ќе биде бесплатно за сите граѓани, информираат од ЈП Паркинзи на Општина Центар (ЈП ПОЦ).На 1 јануари 2026 година (четврток), сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе бидат без наплата. Редовната наплата за паркирање, како и издавањето договори во Дирекцијата на претпријатието, ќе продолжи на 2 јануари 2026 година (петок), согласно вообичаеното работно време.Бесплатно паркирање е најавено и за време на божиќните празници. На 6 јануари (вторник) и 7 јануари (среда), сите паркиралишта под надлежност на ЈП ПОЦ ќе бидат без наплата за граѓаните. Редовната наплата и административните услуги ќе продолжат на 8 јануари 2026 година (четврток).Од претпријатието информираат дека депото на „Пајак“ службата ќе работи непрекинато, 24 часа дневно, и за време на празниците. Воедно, затворените паркиралишта „Дилајла“, со автоматска наплата, и „Трготекстил“ ќе функционираат според редовниот режим на наплата.Од ЈП Паркинзи на Општина Центар им посакаа на граѓаните среќни новогодишни и божиќни празници.

Скопје | пред 1 месец

evro

Бугарија од 1 јануари 2026 го воведува еврото

Од 1 јануари 2026 година, Бугарија официјално го воведува еврото како законско средство за плаќање, со што националната валута – левот, заминува во историјата. Поради техничката транзиција кон новата валута, надлежните институции предупредија на привремени прекини во банкарските и платните системи за време на новогодишната ноќ.Како што е најавено, банкарските системи ќе бидат технички ресетирани во периодот меѓу 31 декември и 1 јануари. Во тој временски интервал, плаќањата со платежни картички нема да бидат можни, ПОС терминалите во продавниците и рестораните ќе бидат привремено надвор од функција, а банкоматите нема да издаваат готовина ниту ќе прифаќаат картички.Прекинот во работењето се очекува да трае од околу 21 часот на 31 декември до приближно еден и пол час по полноќ, по што системите постепено ќе бидат повторно активирани, овојпат со новата валута – евро. Поради тоа, граѓаните и туристите се повикуваат навремено да обезбедат доволна количина готовина.Официјалниот курс на конверзија е утврден на 1 евро за 1,95 лева. Со приклучувањето кон Еврозоната, Бугарија станува 21-ва членка на монетарната унија и добива право на учество во Советот на гувернери на Европската централна банка, со што директно ќе учествува во креирањето на монетарната политика на Еврозоната.

Свет | пред 1 месец

media-library0l4m5l65fkof9agvlfX

(Видео) Сиднеј ја дочека 2026 година со спектакуларен огномет и засилени безбедносни мерки

Сиднеј денеска влезе во новата 2026 година со традиционален, величествен огномет, но под строги безбедносни мерки, само две недели по трагичниот вооружен напад на еврејска прослава на плажата Бонди, во кој загинаа 15 лица.Во 23 часот по локално време, организаторите одржаа минута молк во чест на жртвите. Мостот Харбор беше осветлен во бела боја, а на неговите пилони беше проектирана менора – симбол на јудаизмот. Градоначалничката на Сиднеј, Кловер Мур, изјави дека по трагичниот крај на годината за градот, новогодишниот дочек треба да биде можност граѓаните да се обединат и со надеж да ја дочекаат мирната и среќна 2026 година.Нападот се случи на 14 декември за време на прославата на Ханука, кога вооружени напаѓачи – татко и син – убија 15 луѓе. Станува збор за најтешкото масовно убиство во Австралија во речиси три децении, кое ја шокираше јавноста и ги засили стравувањата од пораст на антисемитизмот во земјата.Поради безбедносни причини, традиционалните празнични прослави на плажата Бонди годинава беа значително поскромни, а неколку новогодишни настани беа откажани. За време на главниот дочек, на кој обично присуствуваат повеќе од еден милион луѓе, во градот беа распоредени околу 3.000 полицајци, дел од нив и со автоматско оружје.Премиерот на Нов Јужен Велс, Крис Минс, порача дека општеството мора да покаже пркос пред ваквите злосторства и да испрати јасна порака дека тероризмот нема да ги заплаши граѓаните, ниту ќе го промени начинот на живот во градот.

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања