Промени тема
За нас Контакт
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Ева Петковска

media-libraryfdcmovb3dfca83hQcQv

Претседателката учествуваше на Дипломатскиот хуманитарен базар

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска учествуваше на Дипломатскиот хуманитарен базар, кој под покровителство на амбасадорот на Република Австрија, Мартин Памер се одржа во Скопје по повод Светскиот ден на детето.„Годинава, во раскошот на меѓународната разноликост, Дипломатскиот добротворен базар повторно беше место каде што солидарноста ги поврзува културите. Уживав во културното шаренило: во масичките преполни со уметнички предмети по коишто се препознаваат државите, во уникатните производи, во вкусната храна, но најмногу, во насмеаните детски лица, веселите луѓе и убавата музика. Импресивно е кога празничната магија добива длабока човечка димензија”, напиша претседателката на Фејсбук.Дипломатски хуманитарен базар, кој привлече голем број посетители, имаше за цел собирање средства за подобрување на хигиенските услови во две основни училишта, за сите ученици, вклучително и децата со попреченост.Меѓу учесниците беа амбасадите на Австрија, Германија, Италија, Шпанија, Турција, Јапонија, Кина, Делегацијата на Европската Унија и Институтот „Конфучие“.

Македонија | пред 4 месеци

media-library2u7ppo15mp8c5QIiMrC

Жељазков: Бугарија останува на условот за уставни промени за преговори на Скопје со ЕУ

Буграскиот премиер Росен Жељазков во емисијата „Недела 150“ на БНР, изјавил дека бугарскиот парламент не поставува различни услови, туку инсистираат на почитување на договорените предуслови за Република Северна Македонија да започне преговори за членство во Европската Унија.„Бугарија не изразува никаков друг став освен ставот на Европскиот совет да ги вклучи промените во Уставот и да ги земе предвид сите одредби предвидени во протоколот, кои се дел од компромисниот предлог од 2022 година. Ние не поставуваме никакви различни услови од усвоениот предлог од 2022 година. Ако властите во Скопјe сакаат да бидат дел од ЕУ, тие мора да одат по овој пат, што е дел од ставот на самата Европска Унија кон Скопјe”, рекол бугарскиот премиер.На прашањето дали е можен дополнителен билатерален протокол меѓу Бугарија и Македонија, кој некако би дал гаранции на Скопјe дека нема да има повеќе пречки на европскиот пат, претседателот на Бугарската влада кажал дека не може да има поголема гаранција од едногласната одлука на Бугарското Народно Собрание.„На колегите од Скопјe треба да им биде јасно дека стоиме зад овој став, бидејќи е принципиелен. Нема да менуваме ништо во однос на претворање во билатерален спор, ниту во барање невидливи влијанија и интеракции со главните политички играчи низ целиот свет”, изјавил Жељазков.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryi3jf2rmth9944Z9v0SB

Со палки и солзавец нападнати петмина работници во средно училиште во Сарај

Петмина колеги, меѓу кои и 18-годишно момче, биле физички нападнати додека работеле во средното училиште во скопски Сарај.Нападот се случил синоќа околу 21:00 часот, а според пријавата во СВР Скопје, тројцата напаѓачи користеле и опасни средства за да се пресметаат со работниците.Полицијата работи на расчистување на случајот во кој се инволвирани жители на Сарај како напаѓачи и жители на Скопје како жртви.„На 29.11.2025 во 21:00 часот во СВР Скопје Ф.Љ.(24) од Скопје пријави дека во с.Сарај, скопско тој и неговите колеги А.Н.(18), Н.Љ.(26), А.Д.(36) и Р.С.(24) сите од Скопје кои претходно извршувале работни задачи како вработени во фирма во средно училиште физички биле нападнати од С.П.(41), Н.П.(47) и С.П.(37) сите од с.Сарај кои употребиле остар предмет и солзавец. Се преземаат мерки за расчистување на случајот”, соопшти МВР.

Македонија | пред 4 месеци

media-library3j784da4mmm6epYsOAt

Мемов: ПИОМ не бара зголемување на старосната граница за пензија

Директорот на Фондот за ПИОМ, Никола Мемов во неделното интервју на Радио Слободна Европа, смета дека линеарното зголемување на пензиите е исправно бидејќи цените подеднакво се покачени за сите.Во март пензионерите ќе добијат уште едно линеарно покачување од 1.000 денари. Сепак, овој модел е привремен.Според Мемов, веќе од септември планирано е враќање на старите законски одредби, со што пензиите повторно ќе се усогласуваат процентуално, според таканаречениот „швајцарски модел“.Мемов вели дека исплатата на пензиите ќе биде редовна.,,Во буџетот за 2026 година предвидени се околу 117 милијарди денари за исплата на пензии. Меѓутоа, предвидено е и исплата на здравственото осигурување на пензионерите, исто така и транзициските, практично трошоци кон пензиските друштва во вториот столб. За таа цел, за да биде системот заокружен и одржлив, Владата ќе обезбеди околу 62 милијарди денари, тоа е околу 1 милијарда евра, трансфери кон Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за обезбедување навреме исплата на пензиите, на здравственото осигурување на пензионерите и транзициските трошоци кон вториот столб”, рече Мемов.Директорот на Фондот отфрли какви било шпекулации за зголемување на старосната граница за пензионирање, уверувајќи дека за такво нешто не се размислува.

Македонија | пред 4 месеци

Dimce-Arsovski-27.06.2022

Арсовски го демантира СДСМ:Таму се уште владее заевизмот

Поранешниот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, преку својот Фејсбук профил остро ги демантираше наводите на СДСМ дека има каква било поврзаност со сопственикот на фирмата „Дигитал оне“, која добила милионски државни тендери.Вели дека единствената сличност со сопственикот Кристијан Арсовски е презимето, нагласувајќи дека ниту го познава човекот, ниту му е роднина по која било основа.„Иако во прашална форма, моето име и презиме беше споменато на пресот на СДСМ, тенденциозно со намера да ме вовлечат во нивни креатури и да ги манипулираат граѓаните и јавноста, па затоа јавно барам извинување од СДСМ, ако им остана малце достоинство“, напиша Арсовски.Тој додаде дека обидот да се поврзе со случајот е доказ дека во СДСМ „сеуште владее влијанието од заевизмот“.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryur1kgtvitc0kbzXo37G

Инцидент во Задар: Маскирани младинци напаѓаа и навредуваа лица од протестниот марш ,,Обединети против фашизмот”

Низ повеќе градови во Хрватска денес започнаа антифашистички маршеви во организација на иницијативата „Обединети против фашизмот“. Ова се организира со цел да се испрати јасна порака против растечкиот екстремизам и ревитализацијата на фашистичката реторика во јавниот простор. Маршот денес во 12 часот започна истовремено во Загреб, Риека, Пула и Задар. Во Задар, собирот беше најавен на Обала Кнеза Бранимира, но уште пред почетокот на протестот дојде до инцидент.На влезот кон Полуостровот се појави група маскирани млади луѓе облечени во црно.Групата скандирала песни и националистички пароли, меѓу кои „Зови, само зови“. Дел од нив носеле маици и обележја поврзани со ХОС, како и транспаренти со натписи: „Југославија е мртва“ и „1991. Хрватска ја нападнаа антифашистите“.Во еден момент, според објавените видеа, дошло до краткотрајно туркање и инцидент со интервентната полиција, која ги раздвоила двете групи на просторот околу Задарскиот Форум, каде што биле присутни и организираната антифашистичка колона и групата маскирани млади луѓе.На снимките се слушаат и дофрлања и навреди: „тифусари“ и „смрдливци“.

Свет | пред 4 месеци

media-library9n79ol04h7ug1DI0bfH

Нов инцидент во Белград: Маж избоден во „Чациленд“

Уште еден инцидент се случи во центарот на Белград, во близина на Народното собрание.Припадните на полициските интервентни единици кои го обезбедуваат „Чациленд“ пред Собранието на Србија, уапсиле маж, кој, според Министерството за внатрешни работи нападнал жител на оваа шаторска населба.27-годишниот Д.П. со нож го нападнал 37-годишниот М.Н.Досега во „Чациленд“, се случија повеќе насилни инциденти и физички пресметки.Повредениот М.Н. бил веднаш пренесен во Ургентниот центар, а полицијата го уапсила напаѓачот.Министерството соопшти дека нападот се води како дело на лесна телесна повреда, спротивно на првичните шпекулации на социјалните мрежи дека се работи за терористички напад.Како што пренесе Б92, институциите брзо ја демантирале таа информација.Српскиот претседател Александар Вучиќ реагираше на инцидентот.,,Граѓаните не треба да се плашат, државата ќе знае како да се справи со насилниците. Нема да дозволиме сценарија на уличен хаос. Институциите ќе реагираат строго на секој обид за нарушување на јавниот ред,“ изјави Вучиќ.

Свет | пред 4 месеци

vesna-janevska

Јаневска: Проблемот со незаслужените „петки“ е кај родителите кои им прават штета на децата

Родителите се главната причина за масовната појава на инсистирање на високи оценки без соодветно знаење, што прави огромна штета на децата и на општеството, вели министерката за образование и наука, Весна Јаневска.„Проблемот со петките во земјата е навистина сериозен и од моето долгогодишно искуство, веќе пет-шест години со контактите со наставниците, тој генерално се лоцира кај родителите”, изјави Јаневска.Таа најави промени во државната матура, каде се одвојува стручната од гимназиската матура, прилагодена на наставните планови, но со иста проодност кон факултетите.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryldu1vkc171t6dyp2yHM

Андоновска: Со одобрување на Заев, Филипче и Николовски се празнеле и препродавале стоковите резерви на црните пазари

Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ, денеска обвини дека во периодот од 2019 до 2021 година, во време на глобална криза, власта предводена од СДСМ не ги надополнувала стоковите резерви, туку, како што тврди, ги „празнела и препродавала“.Андоновска изјави дека околу 2.000 тони јачмен и пченица, во државна вредност од околу 800.000 евра, биле отпишани од залихите „по насока на Заев, Филипче и Николовски“, додека јавноста била уверувана дека ситуацијата е под контрола.Според неа, за да не се забележи кусокот, биле склучени два тендери со соседна држава за набавка на дополнителни 20.000 тони жито, со цел „пополнување на дупките во резервите“.„Со овие тендери очекувале да ги покријат недостатоците и јавноста да заборави што се случило“, изјави Андоновска, додавајќи дека 800.000 евра „завршиле во приватни џебови“, а отпишаните количини биле препродадени „на црн пазар во друга држава“.Таа оцени дека, наместо да се огради од одговорните, СДСМ „и понатаму ги штити своите функционери“, што, според неа, ќе доведе до „понатамошен пад на довербата и поддршката“ за партијата.

Македонија | пред 4 месеци

media-library3p8g5ol985516zJnxwH

(Видео) Украина нападна два руски танкери

Украински морнарички дронови нападнаа два руски танкери за нафта во Црното Море. Киев се обидува да изврши притисок врз Русија со напад врз празни бродови на пат кон товарење со нафта за странските пазари, напиша Би-Би-Си повикувајќи се на изјава од официјално лице.Се работи за танкерите „Каирос“ и „Вират“ кои работат под санкции. Тие биле на пат кон голем руски терминал за нафта во морето.Турција загрижена за нападот врз двата комерцијални брода.„Овие инциденти во нашата ексклузивна економска зона создадоа сериозни безбедносни ризици и претставуваат сериозни ризици за безбедноста на пловидбата, животите, имотот и животната средина во нашиот регион“, напиша на платформата Икс портпаролот на турското Министерство за надворешни работи, Ончу Кечели.

Свет | пред 4 месеци

media-library1ig6ivd10q93fZPZnGP

Дипломатски Добротворен Базар 2025 за Светскиот ден на детето

По повод Светскиот ден на детето, оваа недела ќе се одржи традиционалниот Дипломатски Добротворен Базар 2025, организиран од „Добредојде“ Macedonia Welcome Centre, под почесно покровителство на амбасадорот на Република Австрија, Н.Е. г-дин Мартин Памер. Настанот се одржува денес до 16:00 часот, во хотел „Мериот“ – Скопје.Ова годинешно издание го обединува дипломатскиот и културниот корпус во земјата со заедничка мисија: да се поддржат најранливите деца и да се создадат подобри услови во основните училишта. Средствата собрани преку продажба на производи и хуманитарната лотарија ќе бидат наменети за подобрување на хигиенските стандарди во две училишта, за сите деца, вклучително и оние со попреченост.Посетителите имаат можност да уживаат во автентични производи, ракотворби, гастрономија и културни елементи од различни земји. Програмата вклучува музички настапи на ученици, презентации од земјите учеснички, како и хуманитарна лотарија со награди обезбедени од дипломатските мисии и партнерите.Настанот е отворен за сите посетители, а влезот е бесплатен.

Македонија | пред 4 месеци

media-library2ctip5bldfkb33YrMx2

Србија денес гласа на локални избори во Неготин, Мионица и Сечањ

Денеска во Србија се одржуваат локални избори во Неготин, Мионица и Сечањ. Во Неготин и Мионица гласањето е редовно, додека жителите на малата банатска општина Сечањ излегуваат на вонредни избори. Сите три места се сметаат за упоришта на владејачката Српска напредна партија.Во споредба со локалните избори во Заечар и Косјериќ во јуни, атмосферата пред денешните избори е помирна, со помалку тензии и забележливо отсуство на големо внимание од јавноста. Избирачките места се отворени од 7:00 часот утрово, а гласањето ќе трае до 20:00 часот.Право на глас имаат над 56.000 граѓани во сите три општини.

Свет | пред 4 месеци

873x400-2-2-400x240-1

Просечната декемвриска пензија во Србија зголемена за 50 евра

Просечната пензија за декември во Србија ќе биде зголемена за 12,2 проценти и ќе изнесува околу 56.860 динари, односно 485 евра. Директорот на Српскиот фонд за пензиско и инвалидско осигурување (ПИО), Реља Огњеновиќ потенцираше дека ќе биде поголема за околу 6.000 динари.„Овој метод на прилагодување е најповолен за корисниците. Благодарение на растот на БДП од јули 2024 до јуни 2025 година, учеството на нето пензиите во БДП е помало од 10 проценти, а со примена на формулата за прилагодување од Законот за ПИО, се добива процент од 12,2 проценти“, истакна тој.Додаде дека фондот ги обезбедил парите за исплата на зголемени пензии со финансискиот план за 2026 година.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryo59qlu40gr063lLxtn8

Жељко Обрадовиќ замина од Партизан

Дефинитивно Жељко Обрадовиќ повеќе не е тренер на ККПартизан. Веста официјално ја објави клубот.„Поранешниот тренер на црно-белите остана доследен на својата одлука да не ја повлече оставката поради фактот што не се гледа себеси како работи со сегашниот тим, како и влијанието што секојдневната работа на ова ниво го има врз неговото здравје. На тренерот Обрадовиќ му беше дадена целосна и недвосмислена поддршка да продолжи со својата работа и да преземе сите потребни чекори за црно-белиот тим да ја надмине сегашната криза на играта и резултатите.По состанокот, а потоа и неколку дополнителни обиди од претседателот Остоја Мијаиловиќ и членовите на Извршниот одбор да го убедат Обрадовиќ да ја промени својата одлука“, се вели во соопштението.Партизан игра лошо оваа сезона во Евролигата, има скор од четири победи и девет порази и се наоѓа на 16-то место на табелата. Во моментов тимот има седум порази на последните осум натпревар.

Спорт | пред 4 месеци

media-libraryob6606bffif33entlDJ

(Видео) СДСМ: 9 милиони евра тендери за фирма со двајца вработени, отворена пред една година, крадењето мора да запре

Денес го отвораме првиот од серијата скандали за криминалот на Владата на Мицкоски, рече на прес конференција Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар на СДСМ.“Фирмата „Дигитал оне“, формирана на крај на август лани, со само двајца работници за една година има добиено тенеди од скоро 9 милиони евра, народни пари.И сите овие тендери се со владини и државни институции во период од мај 2025 до денес ноември 2025. Фирма без историја, без искуство, без портфолио – регистрирана за трговија со информатичка и комуникациска опрема добива речиси 9 милиони евра за само 6 месеци. Или по 1,5 милиони евра месечно. Основана е од извесен Кристијан Арсовски и има само двајца вработени. Да, добро слушнавте, 2 вработени, со речиси 9 милиони евра добиени пари од граѓаните. Од шест државни тендери, дури четири се со Генералниот секретаријат на Владата на Мицкоски. И тоа не било какви тендери туку милионски договори. Последниот договор е рамковна спогодба за софтверски лиценци за виртуелна платформа во вредност од 8 милиони евра. Ако ова не е класична шема за испумпување на парите на граѓаните преку фирми блиски до власта тогаш што е? И секако, едно од прашањата е дали Кристијан е во роднински врски со поранешниот портпарол на ДПМНЕ, Димса Арсовски? Повикуваме Јавното обвинителство, Финансиската полиција и ДКСК веднаш да регираат, да отворат истрага. Овој скандал има и други сомнителни аспекти за кои ќе продолжиме да говориме.Ова е истиот криминален систем, истата криминална шема на Никола Груевски кој 11 години ја ограбуваше Македонија и 2 милијарди евра се испумпаа од граѓаните, за што целата јавност слушна во бомбите. Мицкоски е само негов ученик и извршител. Предпредуваме, инситуциите да делуваат и да преземат мерки согласно законот, одговорност мора да има ќе има, кога тогаш. За сите Крадењето мора да престане, веднаш”, рече Димитријевиќ.

Македонија | пред 4 месеци

media-library7qgcqdanepmkf3p7SOB

Струмичани украле 160 вреќи компир од камион

Полицијата сомничи четири лица од Струмица дека ноќта меѓу 28 и 29 ноември од паркиран камион „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на К.С. од село Горна Речица, украле 160 вреќи со компир, соопштија од СВР Струмица.Во сопштението се наведува дека од слобода се лишени Ј.А.(40), М.А.(34) и Р.Д.(31), сите од Струмица.„Во просториите на СВР Струмица бил повикан и И.А.(38) од Струмица, кој исто така се сомничи дека заедно со Ј.А., М.А. и Р.Д. го сториле делото. Со сите лица се извршени службени разговори, истите го признале делото, по што од Ј.А. и М.А. биле одземени 160 вреќи со компир, кој ги одзеле при вршење на кражбата и истите се вратени на сопственикот. За настанот е запознаен јавен обвинител од ОЈО Струмица, а по документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава”, стои во соопштението.

Македонија | пред 4 месеци

Svajcarija

Швајцарците гласаат за воведување 50% данок на наследство за супербогатите

Швајцарија денес на референдум одлучува дали ќе воведат задолжителен граѓански сервис за сите млади лица и дали да одобрат нов данок на наследство за најбогатите.Предвидувањата од анкетите се дека двата предлога најверојатно ќе бидат одбиени.Првата иницијатива предлага обврска за сите граѓани да служат, или во војска, или во службите за помош при природни непогоди, но исто така и во сектори како образованието, здравството или социјалната работа.Владата го критикува овој предлог, бидејќи тоа би исклучило голем број на луѓе од работната сила и дека би било прескапо за финансирање, јавува ДПА.Вториот предлог има цел да воведе данок на наследство од 50 проценти на средства чија вредност надминува 50 милиони швајцарски франци (62 милиони долари).Според предлагачите, приходите би требало да се употребат за финансирање на „социјално праведни мерки за борба против климатската криза и потребното реструктуирање на економијата како целина“.Противниците изразуваат стравувања дека богатите би можеле да се преселат во други држави

Свет | пред 4 месеци

media-libraryngqb89nsepb68CSxOqc

Осум починати и 38 новозаболени со ХИВ/Сида годинава во Македонија

Во текот на 2025 година, во Македонија се регистрирани 38 новозабилени лица со ХИВ/СИДА, а осумм се починати, овие податоци се од извештајот на Институтот за јавно здравје, објавени по повод 1 декември, Светскиот ден на борба против СИДА.Бројот на случаи оваа година е за 25,5% помал во споредба со 2024 година, кога беа пријавени 51 случај.Поголемиот дел од новите случаи во 2025 година се жители на Скопје, додека останатите се јавуваат како изолирани случаи во 14 различни градови во земјата. Еден регистриран случај е на странски државјанин.„Осум лица починале од причини поврзани со СИДА. Од 38 нови случаи, 37 се мажи, а само 1 е жена. Просечната возраст на заразените е 35 години, со опсег од 23 до 64 години. 73,7% од случаите се во возрасната група од 20 до 39 години. Долгорочна преваленца. Северна Македонија се смета за земја со ниска преваленца на ХИВ. Вкупно 726 случаи на ХИВ/СИДА се регистрирани помеѓу 1987 и 2025 година. Сепак, има забележително зголемување во последните години – 32% од сите случаи се регистрирани само во последните пет години.Во истиот период, 138 лица починале од причини поврзани со СИДА, што претставува стапка на смртност од 18,2%.Антивирусната терапија значително го подобрила преживувањето на луѓето што живеат со ХИВ. Во последните 10 години, од 447 регистрирани случаи, само 33 завршиле со смрт, што е стапка на смртност од 7,4%.62,1% од случаите се мажи кои имале сексуални односи со мажи.Хетеросексуален пренос е регистриран во вкупно 229 случаи.ХИВ, сè уште голем глобален проблем со јавното здравјеХИВ останува еден од најголемите глобални предизвици за јавното здравје.Пренесувањето на вирусот продолжува да се случува во сите земји во светот”, стои во извештајот.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да расчисти со Филипче ако сака да биде релевантен политички субјект

ВМРО-ДПМНЕ во соопштение пишува за аферата со стоковите резерви со што според нив, се разобличуваат скандалите од времето кога СДС беше власт.„Отписот на 2000 тони пченица и јачмен од стоковите резерви, преку Трајан Димковски, тогашен заменик министер за земјоделство, па потоа истите количини најверојатно завршувале на црниот пазар во соседна држава, алудираат дека ова е организирана злоупотреба од страна на тогашната власт.И покрај укажувањата дека пченицата постоела и била употреблива, направен е записник што го тврди спротивното, т.е документ со контрадикции, кој сепак е прифатен на владина седница.Тоа значи дека Заев, Николовски и актуелниот претседател на СДС во опозиција, Венко Филипче, како дел од тогашната владина структура, формално легитимирале документ што не кореспондирал со фактичката состојба на терен.Ако СДС има намера да се реформира и да стане релевантен политички субјект во земјава, мора да покаже зрелост и да се огради од сите функционери на минатата власт.Тоа подразбира дистанца од Заев, Николовски, а и од Филипче, бидејќи тоа се фигури кои го спречуваат секој обид за вистински реформи во партијата”, пишува ВМРО-ДПМЕ.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryne8gi138amnsd7VSbZo

Исчезнатa инфлуенсеркa пронајденa задавена во Словенија: Делови од телото биле во куфер

Полицијата го пронајде телото на исчезнатата31-годишна австриска државјанка. Потрагата по исчезнатата инфлуенсерка Стефани Пипар (32) од Грац е со трагичен епилог. Нејзиното поранешно момче (31) призна дека ја убил и ја одведе полицијата до телото што го закопал во шумска област во Словенија, во околината на Марибор. Според признанието, тој ја задавил, го ставил нејзиното тело во куфер, а потоа ја закопал во шума во СловенијаВо последните денови, по неа се трагало во Австрија и Словенија.Главен осомничен во случајот со исчезнувањето на австриската државјанка е нејзиниот поранешен партнер, 31-годишен словенечки државјанин со постојан престој во Австрија. Тој бил уапсен на почетокот на минатата недела, а предаден на австриските судски органи на крајот од неделата, објави РТВ Словенија.Според австрискиот весник Кронен Цајтунг, осомничениот и дал на австриската полиција информации што ги довеле до телото во шумата по неколкучасовно испрашување. Според весникот, осомничениот наводно ја задавил својата поранешна партнерка, го ставил телото во куфер и го закопал во шума кај Мајшперк.Окружниот суд во Марибор ја одобрил екстрадицијата на 31-годишниот осомничен од Словенија до судските власти во Австрија, каде што во меѓувреме се притворени неговиот брат и очув.Дури по неколку часа испрашување, тој се расплакал и го признал убиството, според извештаите на австриските медиуми.

Свет | пред 4 месеци

ukraina-kiev-13

Еден загинат и 11 повредени во рускиот напад врз Киевската Област

Во руски напад во Киевската Област 55-годишна жена е убиена, а 11 лица се повредени, соопшти полицијата на киевскиот регион.Пријавено е дека се оштетени 25 повеќекатни згради и 106 куќи, како и 88 автомобили.Во областа Бровари повредени се три лица, а оштетени се 10 повеќекатни згради и 17 куќи, 42 возила, 20 гаражи, трговски центар и градинка.

Свет | пред 4 месеци

media-librarya3pl6lnt0fufcaHONbg

Најмалку четворица убиени на детска роденденска забава во Калифорнија

Во пукање на семејна детска роденденска прослава во Стоктон, во Централната долина на Калифорнија, има најмалки четворица загинати и 14 повредени, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Сан Хоакин. Осомничениот сè уште е во бегство.„Пукањето се случило во свечена сала зад Dairy Queen, каде што во моментот се одвивала семејна прослава”, изјави портпаролката на канцеларијата на шерифот, Хедер Брент, пренесува CNN.Малолетни и возрасни лица се пренесени веднаш во локалните болници.„Првичните индиции упатуваат на тоа дека можеби станува збор за целно изведен напад“, рече Брент.Канцеларијата на шерифот на округот Сан Хоакин ја води истрагата.

Свет | пред 4 месеци

bez-voda

Половина Скопје денес без вода

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека денес поради два одделни зафати на водоводната мрежа, повеќе скопски улици и населби ќе останат без вода или со намален притисок во снабдувањето.Од претпријатието соопштуваат дека поради уличен дефект од ф-400 мм на ул. Бутелска б.б, кај сервис „Топал“, во периодот од 11:00 часот па сè до негово отстранување, без вода ќе бидат корисниците на улиците Хо Ши Мин, Марко Крале, Призренска, Петар Манџуков, Александар Бујнов, Краишка, Коле Канински, како и корисниците на Бутелска – од крак 1 до крак 35 и од крак 2 до крак 14, на подрачјето на општина Бутел.Исто така, поради технички зафат на бул. Александар Македонски б.б, во периодот од 05:00 часот па до завршување на работите, без вода ќе останат корисниците на бул. Александар Македонски, улиците Палмиро Тољати и Маџари, жителите од населбата Методија Андонов – Ченто и село Сингелиќ, како и дел од корисниците на ул. 808 и бул. Киро Глигоров, на територија на општина Гази Баба.Намален притисок во водоснабдувањето, како што информира ЈП Водовод и канализација, ќе имаат и корисниците од населбата Автокоманда – ниска зона, како и од населбите Триангла и Хиподром, како и корисниците на ул. Перо Наков во близина на Кванташкиот пазар.

Скопје | пред 4 месеци

eksplozija

Повредените деца во експлозија во Нови Винодолски не се во критична состојба

Три деца се повредени во експлозија на непозната направа на отворен простор во областа на Нови Винодолски во Хрватска.Повредените деца се пренесени во Клиничкиот болнички центар Риека, но не се во критична состојба.Истрагата е во тек, а причината и околностите на настанот ќе бидат утврдени.Засега официјално не е познато дали станува збор за пиротехнички средства или за остатоци од експлозиви.Градоначалникот на Нови Винодолски, Томислав Цвитковиќ, за „Нови лист“ изјави дека не ги знае деталите за несреќата, дека полицијата не објавува што се случило.„Она што го знам е дека децата се примени во детската болница, тие се на детска хирургија, но за среќа сè помина добро со оглед на тоа како можеше да биде“, рече Цвитковиќ.

Свет | пред 4 месеци

ujp

УЈП нема одговор зошто третина од граѓаните не ги добија парите од скенираните сметки

Управата за јавни приходи нема одговор зошто голем дел од македонските граѓани не ги добија своите средства кои им следуваат од скенирањето на фискални сметки.Измина и последниот рок за исплата на средствата, а голем дел од граѓаните не ги добија своите средства.Ова е првпат од воведувањето на оваа мерка.Се работи за редовниот поврат на средства од ДДВ за последниот пресметковен период (јули, август и септември) кој треба веќе да е легнат на трансакциските сметки на граѓаните.

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања